паштета Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pashteta/ За подобро да се разбереме Fri, 20 Oct 2023 09:37:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png паштета Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pashteta/ 32 32 Хрватска ја повлече од продажба паштетата на познат производител од Словенија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/hrvatska-ja-povleche-od-prodazhba-pashtetata-na-poznat-proizvoditel-od-slovenija/ Fri, 20 Oct 2023 09:37:07 +0000 https://republika.mk/?p=693196

Државниот инспекторат во Хрватска најави повлекување од продажба на паштети од познат словенски производител.

Причината за отповикувањето е поради неозначената соја во производот, објави во четвртокот Хрватската агенција за земјоделство и храна (ХАПИХ).

Паштета од пилешки џигер 100 гр која се повлекува од пазарот има ЛОТ: 12024908811 Производител на паштета од пилешки џигер е Perutnina Ptuj d.d. од Птуј, Словенија.

Со оглед на тоа што алергенот од соја не е означен на производот, производот може да претставува ризик по здравјето на потрошувачите кои се чувствителни на него, додека луѓето кои не се алергични сè уште можат да го користат без ограничувања, според HAPIH.

Производот не е во согласност со Регулативата на ЕУ за утврдување на општите принципи и услови на законот за храна, воспоставување процедури во областа на безбедноста на храната и обезбедување информации за храната.

„Бараме да го вратите производот Паштета од пилешки црн дроб 100 g со рок на траење од 24.10.2023 година и соодветниот ЛОТ во продавницата каде што сте го купиле“, наведува производителот.

Известувањето се однесува исклучиво на производот со наведените податоци, додава HAPIH.

The post Хрватска ја повлече од продажба паштетата на познат производител од Словенија appeared first on Република.

]]>

Државниот инспекторат во Хрватска најави повлекување од продажба на паштети од познат словенски производител. Причината за отповикувањето е поради неозначената соја во производот, објави во четвртокот Хрватската агенција за земјоделство и храна (ХАПИХ). Паштета од пилешки џигер 100 гр која се повлекува од пазарот има ЛОТ: 12024908811 Производител на паштета од пилешки џигер е Perutnina Ptuj d.d. од Птуј, Словенија. Со оглед на тоа што алергенот од соја не е означен на производот, производот може да претставува ризик по здравјето на потрошувачите кои се чувствителни на него, додека луѓето кои не се алергични сè уште можат да го користат без ограничувања, според HAPIH. Производот не е во согласност со Регулативата на ЕУ за утврдување на општите принципи и услови на законот за храна, воспоставување процедури во областа на безбедноста на храната и обезбедување информации за храната. „Бараме да го вратите производот Паштета од пилешки црн дроб 100 g со рок на траење од 24.10.2023 година и соодветниот ЛОТ во продавницата каде што сте го купиле“, наведува производителот. Известувањето се однесува исклучиво на производот со наведените податоци, додава HAPIH.

The post Хрватска ја повлече од продажба паштетата на познат производител од Словенија appeared first on Република.

]]>
Охриѓанка тужи маркет зашто ѝ продал паштета со изминат рок додека била бремена https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ohriganka-tuzhi-market-zashto-prodal-pashteta-so-izminat-rok-dodeka-bila-bremena/ Thu, 10 Aug 2023 09:31:24 +0000 https://republika.mk/?p=670672

Дваесет и тригодишна жена од Охрид тужи маркет за продажба на храна зашто претрпела болка и страв откако конзумирала паштета со истечен рок која ја купила во маркетот додека била бремена во 35-тата недела. Во март минатата година, жената била на пазарење во маркетот заедно со сопругот при што купила паштета која подоцна ја изела. По одредено време почувствувала симптоми на гадење и нагон на повраќање, па откако ја побарала обвивката од паштетата забележала дека таа била со поминат рок, пренесува Слободен печат.

Наредниот ден сопругот на жената го пријавил случајот во Агенцијата за храна која извршила вонреден инспекциски надзор во маркетот и со решение му било наложено да ги поништи производите, добил парична казна и констатирано било дека постапил по решението и ги уништил паштетите.

Бремената охриѓанка пак, поради конзумирањето на паштетата со истечен рок, морала да оди во амбуланта и во Охридската болница од страв да не му се случи нешто на плодот и затоа што ѝ било лошо – имала болки во стомакот и гадење, грчеви, па морала да прими инфузија и терапија против гадење додека била во блажена состојба. Инаку, голем дел од терапиите кои што се даваат за третирање на состојби на иритација после конзумирање на храна за бремените жени се недостапни и не смее да ги примаат. Десет дена по конзумирањето на паштетата со поминат рок, жената предвремено се породила, еден месец порано од терминот во кој се очекувало да биде породувањето.

Жената барала 4.000 евра надомест за нематеријална штета за болката и стравот, но првостепениот суд ѝ го одбил побарувањето па предметот заврши на Апелација во Битола. Апелацискиот суд во Битола утврди дека првостепениот суд погрешно го применил материјалното право зашто во конкретниот случај девојката не бара пари за предвременото породување, туку за болката и стравот кои ги трпела поради конзумацијата на паштетата со изминат рок.

„Нејасен и неразбирлив е заклучокот на првостепениот суд за непостоење вина од страна на маркетот, во ситуација кога со супервештачење е утврдено дека тужителката после јадење на паштетата со поминат рок трпела болка со грчеви во стомакот проследено со гадење, а исто така после конзумирањето на паштетата со поминат рок кај неа се појавил страв односно загриженост, секундарен страв од причина што била во 35-тата недела од бременоста“, пишува во пресудата на Апелација со која предметот се враќа на повторно судење.

Всушност, првостепениот суд го ослободил маркетот од плаќање отштета, затоа што јадењето на паштетата со поминат рок не придонело за предвременото породување на младата мајка, но судот не ценел дали има причинско-последична врска меѓу конзумирањето на паштетата и физичките болки, стравот и душевните болки кои ги претрпела како резултат на тоа конзумирање.

The post Охриѓанка тужи маркет зашто ѝ продал паштета со изминат рок додека била бремена appeared first on Република.

]]>

Дваесет и тригодишна жена од Охрид тужи маркет за продажба на храна зашто претрпела болка и страв откако конзумирала паштета со истечен рок која ја купила во маркетот додека била бремена во 35-тата недела. Во март минатата година, жената била на пазарење во маркетот заедно со сопругот при што купила паштета која подоцна ја изела. По одредено време почувствувала симптоми на гадење и нагон на повраќање, па откако ја побарала обвивката од паштетата забележала дека таа била со поминат рок, пренесува Слободен печат. Наредниот ден сопругот на жената го пријавил случајот во Агенцијата за храна која извршила вонреден инспекциски надзор во маркетот и со решение му било наложено да ги поништи производите, добил парична казна и констатирано било дека постапил по решението и ги уништил паштетите. Бремената охриѓанка пак, поради конзумирањето на паштетата со истечен рок, морала да оди во амбуланта и во Охридската болница од страв да не му се случи нешто на плодот и затоа што ѝ било лошо – имала болки во стомакот и гадење, грчеви, па морала да прими инфузија и терапија против гадење додека била во блажена состојба. Инаку, голем дел од терапиите кои што се даваат за третирање на состојби на иритација после конзумирање на храна за бремените жени се недостапни и не смее да ги примаат. Десет дена по конзумирањето на паштетата со поминат рок, жената предвремено се породила, еден месец порано од терминот во кој се очекувало да биде породувањето. Жената барала 4.000 евра надомест за нематеријална штета за болката и стравот, но првостепениот суд ѝ го одбил побарувањето па предметот заврши на Апелација во Битола. Апелацискиот суд во Битола утврди дека првостепениот суд погрешно го применил материјалното право зашто во конкретниот случај девојката не бара пари за предвременото породување, туку за болката и стравот кои ги трпела поради конзумацијата на паштетата со изминат рок. „Нејасен и неразбирлив е заклучокот на првостепениот суд за непостоење вина од страна на маркетот, во ситуација кога со супервештачење е утврдено дека тужителката после јадење на паштетата со поминат рок трпела болка со грчеви во стомакот проследено со гадење, а исто така после конзумирањето на паштетата со поминат рок кај неа се појавил страв односно загриженост, секундарен страв од причина што била во 35-тата недела од бременоста“, пишува во пресудата на Апелација со која предметот се враќа на повторно судење. Всушност, првостепениот суд го ослободил маркетот од плаќање отштета, затоа што јадењето на паштетата со поминат рок не придонело за предвременото породување на младата мајка, но судот не ценел дали има причинско-последична врска меѓу конзумирањето на паштетата и физичките болки, стравот и душевните болки кои ги претрпела како резултат на тоа конзумирање.

The post Охриѓанка тужи маркет зашто ѝ продал паштета со изминат рок додека била бремена appeared first on Република.

]]>
СПМ до Спасовски: Со конзерва грав во 3 наутро не се создава задоволна полиција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spm-do-spasovski-so-konzerva-grav-vo-3-nautro-ne-se-sozdava-zadovolna-policija/ Sun, 17 Apr 2022 14:42:06 +0000 https://republika.mk/?p=489590

Реакција од Синдикатот на полицијата во Македонија до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, насловена „Со конзерва грав во 03 наутро не се создава задоволна полиција“, која ви ја пренесуваме во целост:

Некои од нас, кои беа во средното полициско училиште, се сеќаваат на Др. Ѓоко Този, тогашен директор на ЦОКБОС. Тој имаше една навика, многупати да дојде на ручек во кујната и да руча заедно со нас. Тогаш како деца, не ни беше важно, но гледајќи од денешна преспектива, човекот беше навистина човек и со таа негова навика ни даваше на значење, а и тоа дека никој не е повеќе од некој туку дека сме сите исти како луѓе, не дели само искуството и образованието.

Гледајќи што денес се случува со нашиот најголем старешина(читај Министер) и неговите единствени привезоци, таа теорија на Др. Този изгледа одамна не важи.

Гледајќи можност за тендер, а со тоа и да спречат исплата на средствата за храна за ноќна смена, си измислија правилник со кој одредуваат некаква достава на исхрана. Ама каква? Најверојатно не е за луѓе бидејќи нормален човек не јаде грав во 3 часот наутро и тоа од конзерва, па и на улица. Не јаде леб од пред 15 дена. А уште помалку храна за да се затруе. А што е и многу интересно, полицаецот треба да си носи прибор за јадење и плинско, небаре е некаде на преживување, а не во урбана средина.

Но да го прашаме прво Министерот:

Дали министре и вие би пробале од таа храна, дали и вие би поделиле оброк со нас, на улица во 3 наутро? Да знаете само колку е вкусен оброкот во друштво на улица, бидејќи со правилник, со телеграми ни забранивте да јадеме како луѓе.

Дали министре и вие со вашиот привезок имате конзерва грав за јадење во вашето бесплатно мени во МВР? ИЛИ ЛЕБ ОД ПРЕД 15 ДЕНА? ИЛИ ПАШТЕТА СО СОМНИТЕЛНО ПОТЕКЛО И ИЗМИНАТ РОК? ИЛИ ПАК ШИШЕ ВОДА КОЕ ЌЕ ГО ДОБИЕТЕ САМО АКО ГО СОБЕРЕ ВО КАМИОНОТ ЗА ПРЕВОЗ???

А можеби и ручате во влада каде има зготвена храна и мени поефтино и од приготвено дома???

Реалноста е сурова во овој случај и се покажува на тоталната негрижа Ваша и полтронството на МПС со самото тоа што одобриле и се потпишале да се донесе овој правилник.

А замислете ја и дискриминацијата што колегите муслимани ни "лифкаат" на гравот со колбас додека јадат само пилешки паштети. Како за нив да нема грав со говедски колбас, ама тој изгледа е малку поскап, па паштетата е идеално решение.

Нека е и правилник Министре, ама барем овој пат да не третиравте како луѓе а не како стока, барем храна да ни се поделеше што барем ќе може да се јаде и нема да не затруе.

И ова е можеби премногу што бараме, нели? Нити ви било нити ќе ви биде гајле за твојата ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА. Затоа што таа е само во главите Ваши, ЈА НЕМА ВО РЕАЛНОСТА.

Ова е уште еден доказ за тоа!!!

The post СПМ до Спасовски: Со конзерва грав во 3 наутро не се создава задоволна полиција appeared first on Република.

]]>

Реакција од Синдикатот на полицијата во Македонија до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, насловена „Со конзерва грав во 03 наутро не се создава задоволна полиција“, која ви ја пренесуваме во целост: Некои од нас, кои беа во средното полициско училиште, се сеќаваат на Др. Ѓоко Този, тогашен директор на ЦОКБОС. Тој имаше една навика, многупати да дојде на ручек во кујната и да руча заедно со нас. Тогаш како деца, не ни беше важно, но гледајќи од денешна преспектива, човекот беше навистина човек и со таа негова навика ни даваше на значење, а и тоа дека никој не е повеќе од некој туку дека сме сите исти како луѓе, не дели само искуството и образованието. Гледајќи што денес се случува со нашиот најголем старешина(читај Министер) и неговите единствени привезоци, таа теорија на Др. Този изгледа одамна не важи. Гледајќи можност за тендер, а со тоа и да спречат исплата на средствата за храна за ноќна смена, си измислија правилник со кој одредуваат некаква достава на исхрана. Ама каква? Најверојатно не е за луѓе бидејќи нормален човек не јаде грав во 3 часот наутро и тоа од конзерва, па и на улица. Не јаде леб од пред 15 дена. А уште помалку храна за да се затруе. А што е и многу интересно, полицаецот треба да си носи прибор за јадење и плинско, небаре е некаде на преживување, а не во урбана средина. Но да го прашаме прво Министерот: Дали министре и вие би пробале од таа храна, дали и вие би поделиле оброк со нас, на улица во 3 наутро? Да знаете само колку е вкусен оброкот во друштво на улица, бидејќи со правилник, со телеграми ни забранивте да јадеме како луѓе. Дали министре и вие со вашиот привезок имате конзерва грав за јадење во вашето бесплатно мени во МВР? ИЛИ ЛЕБ ОД ПРЕД 15 ДЕНА? ИЛИ ПАШТЕТА СО СОМНИТЕЛНО ПОТЕКЛО И ИЗМИНАТ РОК? ИЛИ ПАК ШИШЕ ВОДА КОЕ ЌЕ ГО ДОБИЕТЕ САМО АКО ГО СОБЕРЕ ВО КАМИОНОТ ЗА ПРЕВОЗ??? А можеби и ручате во влада каде има зготвена храна и мени поефтино и од приготвено дома??? Реалноста е сурова во овој случај и се покажува на тоталната негрижа Ваша и полтронството на МПС со самото тоа што одобриле и се потпишале да се донесе овој правилник. А замислете ја и дискриминацијата што колегите муслимани ни "лифкаат" на гравот со колбас додека јадат само пилешки паштети. Како за нив да нема грав со говедски колбас, ама тој изгледа е малку поскап, па паштетата е идеално решение. Нека е и правилник Министре, ама барем овој пат да не третиравте како луѓе а не како стока, барем храна да ни се поделеше што барем ќе може да се јаде и нема да не затруе. И ова е можеби премногу што бараме, нели? Нити ви било нити ќе ви биде гајле за твојата ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА. Затоа што таа е само во главите Ваши, ЈА НЕМА ВО РЕАЛНОСТА. Ова е уште еден доказ за тоа!!!

The post СПМ до Спасовски: Со конзерва грав во 3 наутро не се создава задоволна полиција appeared first on Република.

]]>