Кога се во врска, многу луѓе до тој степен се грижат за партнерот што во еден момент таквиот однос преминува во контролирање, односно повеќе наликува на грижа на родител за дете.
ТПостои тенка граница што треба да се премине за да се развие ваков однос, а ова се пет ситуации кои покажуваат дека во врската се однесувате повеќе како родител, а помалку како партнер.
Притоа, мора да се истакне дека вината за ваквата поставеност на работите во врската често лежи во партнерот бидејќи влече навики и шема на однесување од детството кога за него сѐ правела мама.
Расправањето и карањето се составен дел на секоја врска. Но важно е успешно да ги решите. Ако завршат безуспешно, само ќе чувствувате лутина и гнев. Сетете се само како изгледаа вашите караници со родителите додека бевте деца. Караниците со партнерот треба да бидат, всушност, спротивни на тие со родителите бидејќи вашите улоги се рамноправни.
Да го следите партнерот во чекор и да чистите зад него навистина нема смисла. Дали станува збор за трошки храна или за купишта облека на подот, партнерот треба да биде свесен дека е тој оној што треба да расчисти зад себе. За посреќна врска доволно е само рамноправно да ги поделите домашните обврски.
Нормално е дека вашиот партнер сакате да го видите во најдобро светло и дека сакате да браните некои негови одлуки, но постојаната потреба за создавање изговори и барањето оправдувања за неговото лошо однесување кое трае веќе подолго време, нема да ја направи вашата врска поуспешна. Нема потреба за мајчинска заштита, туку поттикнете го својот партнер да ја прифати одговорноста за своето однесување.
Некои луѓе едноставно имаат контролирачки способности. Но ако го контролирате секој сегмент од врската и немате доверба во својот партнер, тогаш настанува проблем. Важно е двата партнери да ја сфатат состојбата во врската и да сакаат да се променат затоа што ако не му допуштате на партнерот да донесе некои одлуки, тоа може многу лошо да влијае на вашиот однос и на вашата иднина.
Никој не сака приговарање без престан, а посебно личноста што мора постојано тоа да го слуша. Можеби ви се чини дека тоа е единствен начин да допрете до партнерот кој се однесува како дете, но конструктивниот разговор меѓу две возрасни лица и тоа како е можен ако се потрудите и двајцата.
The post Пет показатели дека кон партнерот во врската се однесувате како мајка, а не како партнерка appeared first on Република.
]]>The post Пет показатели дека кон партнерот во врската се однесувате како мајка, а не како партнерка appeared first on Република.
]]>