партнер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/partner/ За подобро да се разбереме Fri, 27 Sep 2024 07:55:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png партнер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/partner/ 32 32 Мицкоски: Унгарија не е само наш партнер, туку и пример за тоа како една држава може успешно да го балансира националниот суверенитет со глобалната интеграција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ungarija-ne-e-samo-nash-partner-tuku-i-primer-za-toa-kako-edna-drzhava-mozhe-uspeshno-da-go-balansira-natsionalniot-suverenitet-so-globalnata-integratsija/ Fri, 27 Sep 2024 07:28:26 +0000 https://republika.mk/?p=820045

Премиерот на македонската влада, Христијан Мицкоски во Охрид е домаќин на Виктор Орбан, претседател на Владата на Унгарија кој е во посета на Македонија со делегација од неговиот кабинет. Средбата, како што вели Мицкоски, била плодна и пријателска, а Македонија во Унгарија гледа партнер во европската сцена и пример за тоа како една држава може успешно да го балансира националниот суверенитет со глобалната интеграција.

Историјата сведочи за нашиот заеднички стремеж кон мир, просперитет и соработка. Унгарија во минатото беше еден од првите наши партнери кој ги препозна македонските стремежи за независност и суверенитет. Со години наназад, политичките и економските врски меѓу нашите држави се продлабочуваат, а денешните средби само го потврдуваат нашето стратешко сојузништво.
Унгарија не е само наш партнер во европската сцена, туку и пример за тоа како една држава може успешно да го балансира националниот суверенитет со глобалната интеграција, објави Мицкоски во статус на Фејсбук.

The post Мицкоски: Унгарија не е само наш партнер, туку и пример за тоа како една држава може успешно да го балансира националниот суверенитет со глобалната интеграција appeared first on Република.

]]>

Премиерот на македонската влада, Христијан Мицкоски во Охрид е домаќин на Виктор Орбан, претседател на Владата на Унгарија кој е во посета на Македонија со делегација од неговиот кабинет. Средбата, како што вели Мицкоски, била плодна и пријателска, а Македонија во Унгарија гледа партнер во европската сцена и пример за тоа како една држава може успешно да го балансира националниот суверенитет со глобалната интеграција.
Историјата сведочи за нашиот заеднички стремеж кон мир, просперитет и соработка. Унгарија во минатото беше еден од првите наши партнери кој ги препозна македонските стремежи за независност и суверенитет. Со години наназад, политичките и економските врски меѓу нашите држави се продлабочуваат, а денешните средби само го потврдуваат нашето стратешко сојузништво. Унгарија не е само наш партнер во европската сцена, туку и пример за тоа како една држава може успешно да го балансира националниот суверенитет со глобалната интеграција, објави Мицкоски во статус на Фејсбук.

The post Мицкоски: Унгарија не е само наш партнер, туку и пример за тоа како една држава може успешно да го балансира националниот суверенитет со глобалната интеграција appeared first on Република.

]]>
Две жени пријавиле дека биле натепани од партнерот, односно сопругот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dve-zheni-prijavile-deka-bile-natepani-od-partnerot-odnosno-soprugot/ Sun, 25 Aug 2024 16:11:16 +0000 https://republika.mk/?p=810065

Две жени вчера пријавиле дека биле физички нападнати од нивните сопруг и партнер, а од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Едниот случај е во Скопје, каде што 53-годишна жена пријавила дека вчера во домот на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот сопруг М.И. Додека, другиот во Прилеп, каде што 33-годишна жена пријавила дека на 19. месецов околу 21 часот била физички нападната од нејзиниот партнер А.В. кој исто така ѝ се заканувал со остар предмет.

Дополнително, Од МВР информираат дека вчера во СВР Струмица М.Г.(38) од село Василево пријавил дека околу 21 часот бил физички нападнат од неговиот сосед Д.Р. и неговата сопруга, а претходно му оштетиле и стакло од неговиот дом. И за овој случај се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

The post Две жени пријавиле дека биле натепани од партнерот, односно сопругот appeared first on Република.

]]>

Две жени вчера пријавиле дека биле физички нападнати од нивните сопруг и партнер, а од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите. Едниот случај е во Скопје, каде што 53-годишна жена пријавила дека вчера во домот на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот сопруг М.И. Додека, другиот во Прилеп, каде што 33-годишна жена пријавила дека на 19. месецов околу 21 часот била физички нападната од нејзиниот партнер А.В. кој исто така ѝ се заканувал со остар предмет. Дополнително, Од МВР информираат дека вчера во СВР Струмица М.Г.(38) од село Василево пријавил дека околу 21 часот бил физички нападнат од неговиот сосед Д.Р. и неговата сопруга, а претходно му оштетиле и стакло од неговиот дом. И за овој случај се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

The post Две жени пријавиле дека биле натепани од партнерот, односно сопругот appeared first on Република.

]]>
По неговите сексистички коментари: Италијанската премиерка Мелони се раздели од својот партнер https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/po-negovite-seksistichki-komentari-italijanskata-premierka-meloni-se-razdeli-od-svojot-partner/ Fri, 20 Oct 2023 08:30:27 +0000 https://republika.mk/?p=693138

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска соопшти дека се разделила од новинарот Андреа Џамбруно, со кого беше во долгогодишна врска, откако тој се најде на удар на критики во последните недели поради сексистички коментари дадени во етер.

Мојата 10-годишна врска со Андреа Џамбурно завршува тука, напиша Мелони на Фејсбук.

Нашите патишта се разминуваат веќе некое време и време е да го признаеме тоа, додаде таа.

Од долгогодишната врска тие ја имаат седумгодишна ќерка.

Џамбурно е домаќин на информативна програма емитувана од Медиасет, дел од медиумска група во сопственост на наследниците на покојниот Силвио Берлускони, поранешен премиер и сојузник на Мелони. Во текот на летото тој предизвика бура во италијанската јавност со изјава во која сугерираше дека жените можат да избегнат силување доколку останат трезни.

Ако одите да танцувате, имате целосно право да се опиете, но ако избегнете опивање и онесвестување, можеби ќе избегнете проблеми, рече тогаш Џамбруно

The post По неговите сексистички коментари: Италијанската премиерка Мелони се раздели од својот партнер appeared first on Република.

]]>

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска соопшти дека се разделила од новинарот Андреа Џамбруно, со кого беше во долгогодишна врска, откако тој се најде на удар на критики во последните недели поради сексистички коментари дадени во етер. Мојата 10-годишна врска со Андреа Џамбурно завршува тука, напиша Мелони на Фејсбук. Нашите патишта се разминуваат веќе некое време и време е да го признаеме тоа, додаде таа. Од долгогодишната врска тие ја имаат седумгодишна ќерка. Џамбурно е домаќин на информативна програма емитувана од Медиасет, дел од медиумска група во сопственост на наследниците на покојниот Силвио Берлускони, поранешен премиер и сојузник на Мелони. Во текот на летото тој предизвика бура во италијанската јавност со изјава во која сугерираше дека жените можат да избегнат силување доколку останат трезни. Ако одите да танцувате, имате целосно право да се опиете, но ако избегнете опивање и онесвестување, можеби ќе избегнете проблеми, рече тогаш Џамбруно

The post По неговите сексистички коментари: Италијанската премиерка Мелони се раздели од својот партнер appeared first on Република.

]]>
Повредениот во пукањето во Чаир, бил бизнис партнер на висок функционер на МВР? https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/povredeniot-vo-pukaneto-vo-chair-bil-biznis-partner-na-visok-funktsioner-na-mvr/ Thu, 08 Jun 2023 20:23:13 +0000 https://republika.mk/?p=649376

На 08.06.2023 во 02.12 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје било пријавено дека кај нив со повреда од огнено оружје бил донесен В.А.(40) од Скопје, информира МВР.

Како што информираат оттаму, по преземени мерки било утврдено дека на ул.„Крсте Асенов“ во населба Чаир едно лице од пиштол пукало кон В.А., а на местото биле пронајдени две чаури.

Ранетиот во престрелката во Чаир, според неофицијални информации, бил бизнис партнер на висок функционер од МВР. Се погласни се шпекулациите дека партнерот на владиниот функционер настрадал токму поради парнерството.

Пукањето во бизнис партнерот на високиот функционер во МВР е предупредување токму до владиниот претставник. Со пукање во неговиот партнер се испраќа порака до него која тој мора да ја сфати сериозно - коментираат лица кои се блиски до двајцата бизнис партнери.

The post Повредениот во пукањето во Чаир, бил бизнис партнер на висок функционер на МВР? appeared first on Република.

]]>

На 08.06.2023 во 02.12 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје било пријавено дека кај нив со повреда од огнено оружје бил донесен В.А.(40) од Скопје, информира МВР. Како што информираат оттаму, по преземени мерки било утврдено дека на ул.„Крсте Асенов“ во населба Чаир едно лице од пиштол пукало кон В.А., а на местото биле пронајдени две чаури. Ранетиот во престрелката во Чаир, според неофицијални информации, бил бизнис партнер на висок функционер од МВР. Се погласни се шпекулациите дека партнерот на владиниот функционер настрадал токму поради парнерството. Пукањето во бизнис партнерот на високиот функционер во МВР е предупредување токму до владиниот претставник. Со пукање во неговиот партнер се испраќа порака до него која тој мора да ја сфати сериозно - коментираат лица кои се блиски до двајцата бизнис партнери.

The post Повредениот во пукањето во Чаир, бил бизнис партнер на висок функционер на МВР? appeared first on Република.

]]>
Какви мажи привлекувате според вашиот хороскопски знак? https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/kakvi-mazhi-privlekuvate-spored-vashiot-horoskopski-znak/ Sun, 08 Jan 2023 18:32:19 +0000 https://republika.mk/?p=594676

Без разлика дали сте во врска или сакате да најдете партнер, во вас има нешто посебно што според астролозите е запишано во ѕвездите. Какви мажи привлекувате?

Овен
Оваа „крута“ дама е магнет за мажи кои копнеат по возбуда и интензивни патувања. Зависниците од авантури и патувања сигурно ќе ги привлече девојка родена во знакот Овен, а таа покрај себе обожава да има партнер кој негува слични желби за заедно да постигнат совршено уживање во врската.

Бик
Бикот знае што значи да сакаш некого и да му веруваш, а себе целосно ѝ се предавате на саканата личност. Мажите кои бараат опуштени, доверливи жени сигурно ќе полудат по вас.

Близнаци
Дволичноста е показател за мажот дека го очекуваат разни возбудувања, а токму такви и вие привлекувате. Мажите кои вие ги привлекувате често се импулсивни и подготвени за нови искуства. Тие го следат срцето и токму затоа ве пронашле вас.

Рак
Сензуален, длабок и чувствителен знак кој знае што значи да се биде поврзан со некого. Раковите едноставно не се грижат за парите и за изгледот. Колку сте почувствителни, толку сте попривлечни за нив. Мажите кои стануваат опседнати со вас се оние кои бараат љубов.

Лав
Лавиците може да привлечат кога ќе посакаат. Зрачат и со самодоверба и со убавина, дури и кога се најобично облечени – во тренерка или во пижами. Тие се игриви, самоуверени и привлечни, неодоливи за мажите кои бараат самоуверени жени.

Девица
Девиците се прогласени за најскромниот и најпримерниот знак кога се во прашање емоциите, поради што најчесто не привлекуваат чувствителни мажи. Девицата нема време за емотивни дискусии. Ако некој маж полудел по вас, можете да верувате дека тоа е поради вашата убавина, интелигенција и прекрасна душа.

Терезија
Овој знак знае што значи да се биде способен да се балансира. Природно е да привлекувате мажи кои бараат стабилност и мир. Ним им треба некој кој ќе го види светот од нивна гледна точка, од нивен агол и ќе ја разбере нивната перспектива.

Скорпија
Секоја Скорпија има силна страст за животот, но според нивните услови. Некои ќе изгорат на тој пламен, но оние што ве разбираат ќе стасат навреме и ќе останат. Мажите коишто ги привлекувате тежнеат кон чиста страст.

Стрелец
Овој знак има моќ каква што ретко кој ја поседува, а тоа е смислата за хумор. Знаете како да ги насмеете луѓето. Тој хумор што го забележувате на сите страни, таа ваша карактеристика е нешто што неверојатно ги привлекува мажите.

Јарец
Знакот од кој, веројатно се чувате, е Јарец. Човек кој е целосно несигурен во себе целосно ќе се предаде на заштитата на оној со којшто е во врска. Сега кога го кажавме тоа, да напоменеме дека ќе освоите маж кој стои цврсто на земја и не бара помош туку партнер кој ќе му биде поддршка.

Водолија
Мажот кој се вљубува во жена Водолија често бара партнерка која ќе ги поттикне она „сексапилното, заводливото“ во него. Со оглед на тоа тие што се слободни по природа, ретко судат за туѓото однесување… Затоа, мажот којшто ќе ве посака вас сигурно ќе бара прифаќање. Водолиите често се вљубуваат во мажи кои сакаат партнерот да го поттикне најдоброто од нив.

Риба
Знакот кој негува длабоки мисли веројатно и во вас ќе препознае нешто посебно. Мажите кои се во потрага по самите себе, кои бараат длабочина, и емотивна и духовна, ќе полудат по овој знак.

Извор: Убавина и здравје

The post Какви мажи привлекувате според вашиот хороскопски знак? appeared first on Република.

]]>

Без разлика дали сте во врска или сакате да најдете партнер, во вас има нешто посебно што според астролозите е запишано во ѕвездите. Какви мажи привлекувате? Овен Оваа „крута“ дама е магнет за мажи кои копнеат по возбуда и интензивни патувања. Зависниците од авантури и патувања сигурно ќе ги привлече девојка родена во знакот Овен, а таа покрај себе обожава да има партнер кој негува слични желби за заедно да постигнат совршено уживање во врската. Бик Бикот знае што значи да сакаш некого и да му веруваш, а себе целосно ѝ се предавате на саканата личност. Мажите кои бараат опуштени, доверливи жени сигурно ќе полудат по вас. Близнаци Дволичноста е показател за мажот дека го очекуваат разни возбудувања, а токму такви и вие привлекувате. Мажите кои вие ги привлекувате често се импулсивни и подготвени за нови искуства. Тие го следат срцето и токму затоа ве пронашле вас. Рак Сензуален, длабок и чувствителен знак кој знае што значи да се биде поврзан со некого. Раковите едноставно не се грижат за парите и за изгледот. Колку сте почувствителни, толку сте попривлечни за нив. Мажите кои стануваат опседнати со вас се оние кои бараат љубов. Лав Лавиците може да привлечат кога ќе посакаат. Зрачат и со самодоверба и со убавина, дури и кога се најобично облечени – во тренерка или во пижами. Тие се игриви, самоуверени и привлечни, неодоливи за мажите кои бараат самоуверени жени. Девица Девиците се прогласени за најскромниот и најпримерниот знак кога се во прашање емоциите, поради што најчесто не привлекуваат чувствителни мажи. Девицата нема време за емотивни дискусии. Ако некој маж полудел по вас, можете да верувате дека тоа е поради вашата убавина, интелигенција и прекрасна душа. Терезија Овој знак знае што значи да се биде способен да се балансира. Природно е да привлекувате мажи кои бараат стабилност и мир. Ним им треба некој кој ќе го види светот од нивна гледна точка, од нивен агол и ќе ја разбере нивната перспектива. Скорпија Секоја Скорпија има силна страст за животот, но според нивните услови. Некои ќе изгорат на тој пламен, но оние што ве разбираат ќе стасат навреме и ќе останат. Мажите коишто ги привлекувате тежнеат кон чиста страст. Стрелец Овој знак има моќ каква што ретко кој ја поседува, а тоа е смислата за хумор. Знаете како да ги насмеете луѓето. Тој хумор што го забележувате на сите страни, таа ваша карактеристика е нешто што неверојатно ги привлекува мажите. Јарец Знакот од кој, веројатно се чувате, е Јарец. Човек кој е целосно несигурен во себе целосно ќе се предаде на заштитата на оној со којшто е во врска. Сега кога го кажавме тоа, да напоменеме дека ќе освоите маж кој стои цврсто на земја и не бара помош туку партнер кој ќе му биде поддршка. Водолија Мажот кој се вљубува во жена Водолија често бара партнерка која ќе ги поттикне она „сексапилното, заводливото“ во него. Со оглед на тоа тие што се слободни по природа, ретко судат за туѓото однесување… Затоа, мажот којшто ќе ве посака вас сигурно ќе бара прифаќање. Водолиите често се вљубуваат во мажи кои сакаат партнерот да го поттикне најдоброто од нив. Риба Знакот кој негува длабоки мисли веројатно и во вас ќе препознае нешто посебно. Мажите кои се во потрага по самите себе, кои бараат длабочина, и емотивна и духовна, ќе полудат по овој знак.
Извор: Убавина и здравје

The post Какви мажи привлекувате според вашиот хороскопски знак? appeared first on Република.

]]>
Протече приватна фотка на Анџелка со новиот партнер: Славела роденден со најдобриот пријател на поранешниот маж https://arhiva3.republika.mk/scena/film/proteche-privatna-fotka-na-andzelka-so-noviot-partner-slavela-rodenden-so-najdobriot-prijatel-na-poraneshniot-maz/ Sun, 25 Dec 2022 10:49:05 +0000 https://republika.mk/?p=589666

Анџелка Прпиќ во октомври го прославила 38 роденден, а на интимната прослава во еден белградски ресторан, бил и нејзиниот сегашен партнер, М.Ж.

Актерката инаку чека бебе со најдобриот пријател на својот поранешен сопруг Дарио, на кого Припиќ требало да му биде кум на венчавката со сега веќе поранешната партнерка.

https://republika.mk/scena/estrada/angjelka-prpikj-trudna-so-najdobriot-drugar-na-poraneshniot-soprug/

The post Протече приватна фотка на Анџелка со новиот партнер: Славела роденден со најдобриот пријател на поранешниот маж appeared first on Република.

]]>

Анџелка Прпиќ во октомври го прославила 38 роденден, а на интимната прослава во еден белградски ресторан, бил и нејзиниот сегашен партнер, М.Ж. Актерката инаку чека бебе со најдобриот пријател на својот поранешен сопруг Дарио, на кого Припиќ требало да му биде кум на венчавката со сега веќе поранешната партнерка. https://republika.mk/scena/estrada/angjelka-prpikj-trudna-so-najdobriot-drugar-na-poraneshniot-soprug/

The post Протече приватна фотка на Анџелка со новиот партнер: Славела роденден со најдобриот пријател на поранешниот маж appeared first on Република.

]]>
Девојка од Штип со нож го расекла партнерот кој ја тепал https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/devojka-od-shtip-so-noz-go-rasekla-partnerot-koj-ja-tepal/ Sun, 23 Oct 2022 18:49:43 +0000 https://republika.mk/?p=564754

21-годишна девојка од Штип е уапсена откако со нож го нападнала и го повредила својот вонбрачен партнер, кој претходно физички ја нападнал нејзе, соопшти МВР.

На 23.10.2022 во 03.40 часот во Штип од полициски службеници од СВР Штип е приведена А.С.(21) од Штип, затоа што околу 00.10 часот во Штип, по вербална расправија, откако била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер С.Б.(25), со остар предмет го нападнала и го повредила. Тој бил пренесен за укажување на лекарска помош во Клиничка болница Штип“, се вели во полициското соопштение.

Во координација со Јавен обвинител, по комплетно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

The post Девојка од Штип со нож го расекла партнерот кој ја тепал appeared first on Република.

]]>

21-годишна девојка од Штип е уапсена откако со нож го нападнала и го повредила својот вонбрачен партнер, кој претходно физички ја нападнал нејзе, соопшти МВР.
На 23.10.2022 во 03.40 часот во Штип од полициски службеници од СВР Штип е приведена А.С.(21) од Штип, затоа што околу 00.10 часот во Штип, по вербална расправија, откако била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер С.Б.(25), со остар предмет го нападнала и го повредила. Тој бил пренесен за укажување на лекарска помош во Клиничка болница Штип“, се вели во полициското соопштение.
Во координација со Јавен обвинител, по комплетно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.  

The post Девојка од Штип со нож го расекла партнерот кој ја тепал appeared first on Република.

]]>