партизани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/partizani/ За подобро да се разбереме Sat, 21 Sep 2024 11:15:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png партизани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/partizani/ 32 32 Одбележани 80 години од загинувањето на 17 тетовски партизани во мавровското село Беличица и стрелањето на двајца во Тетово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/odbelezhani-80-godini-od-zaginuvaneto-na-17-tetovski-partizani-vo-mavrovskoto-selo-belichitsa-i-strelaneto-na-dvajtsa-vo-tetovo/ Sat, 21 Sep 2024 11:15:18 +0000 https://republika.mk/?p=818462

Во Тетово денеска беше одбележана 80-годишнината од настаните во 1944 година кога загинале и се убиени 19 тетовски партизани. Седумнаесет од нив се убиени во злосторството во мавровското село Беличица, а двајца партизани Андреа Христоски – Шварц и Младен Симоски – Требош, кои биле заробени два дена подоцна, на 21 септември, се стрелани во дворот од црквата „Свети Никола“ во Тетово.

Одбележувањето денеска се одржа во дворот од црквата „Свети Никола“ во Тетово каде се наоѓа и нивното спомен-обележје, пред кое секоја година се оддава почит на жртвите дадени за ослободување од фашистичката окупација. Денес беше извршена и панихида.

Еве и денеска, на овој ден на Мала Богородица, 21 септември 2024, се собравме како другите минати години, да се потсетиме и да им одададеме почит на Младен Симоски-Требош и Андреа Христовски- Шварц, борци на Третиот Тетовски партизаиски одред, кои на овој датум беа стрелани од страна на балистите на ова место. Сретен Тофилоски, кој имаше девет прострелни рани добиени во село Беличица, беше ослободен од тогашниот командант на балистите со зборовите: „Овој ѓаур куршум не го тепа. Да се однесе на лечење, па да се докрајчи после, посочи во пригодното обраќање и историски час, Јовица Тофиловски.

Тој потсети и на случувањата од 19 септември 1944 година во село Беличица, Гостиварско.

Борците на Третиот тетовски партизански одред, направија се што беше во нивна моќ за да го одбранат селото од фашистичко-балистичкото насилство. И повеќе од тоа. Се жртвуваа себе си. Ги дадоа своите млади животи спротиставувајќи му се на далеку помногубројниот и подобро вооружен непријател повеќе од шестчасовна борба. И покрај тоа тие им нанеле големи загуби. На бојното поле останаа и животите кои ги положија храбрите момчиња. Тројца партизани беа ранети, а четворица заробени. На боиштето еден покрај друг лежеа работник, земјоделец ученик, Македонец, Албанец, Србин, двајца браќа, нивната сестра, неразделни другари од детството и соученици од тетовските училишта, посочи во пригодното обраќање Јовица Тофиловски.

Организаторите од Сојузот на борци на Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија и граѓаните продолжувачи од Тетово со порака, граѓаните повеќе да ги почитуваат жртвите дадени од македонскиот народ во Втората светска  војна.

Иако се бореа и ги дадоа својот живот за слободата на нашата држава, мислам дека во целост не ја исполнивме нивната цел, нивната оставнина да си ја чуваме нашата држава со сите наши нишани што ги имавме. Поготово, во Тетово во нашиот град, немаме никаква соработка со Општината Тетово. За ниедно чествување, за ниеден празник не ни се излезени во пресрет и остава една горчина за сите нас кои сме следбеници на залогот што го оставија починатите. Би сакала младите, учениците, настојуваме како Општинска организација на Сојуз на борци сите празници кои ни се оставени во аманет да ги испочитуваме и сограѓаните наши да бидат присустни во што е можно поголем број, истакна Лилјана Симовска, претседател на тетовската општинска организација на Сојузот на борците.

Во 1944 година животите ги загубија народните херои Тодор Циповски-Мерџан и Ѓоце Сгојчевски-Амбарче, како и Христо Антевски, Александар Здравковски, Трпе Јовановски-Мишка, Александар Јовановски-Журчин, Борче Кочовски, Љубомир Момировски, Пано Симоски, Саво Тасевски, Благоја Тоскоски-Тоска, сите од Тетово. Загинат е и Мурат Бафтијари од Вејце, двајцата браќа и сестра Драгомир, Љубомир и Љубица Стефановиќ, Боро Вулиќ, Владимир Јањиќ, Михаило Рајчевиќ и Андреа Стојановиќ сите од Брвеница. Во Беличица се убиени и 17 жителите, меѓу кои жени и деца.

The post Одбележани 80 години од загинувањето на 17 тетовски партизани во мавровското село Беличица и стрелањето на двајца во Тетово appeared first on Република.

]]>

Во Тетово денеска беше одбележана 80-годишнината од настаните во 1944 година кога загинале и се убиени 19 тетовски партизани. Седумнаесет од нив се убиени во злосторството во мавровското село Беличица, а двајца партизани Андреа Христоски – Шварц и Младен Симоски – Требош, кои биле заробени два дена подоцна, на 21 септември, се стрелани во дворот од црквата „Свети Никола“ во Тетово. Одбележувањето денеска се одржа во дворот од црквата „Свети Никола“ во Тетово каде се наоѓа и нивното спомен-обележје, пред кое секоја година се оддава почит на жртвите дадени за ослободување од фашистичката окупација. Денес беше извршена и панихида.
Еве и денеска, на овој ден на Мала Богородица, 21 септември 2024, се собравме како другите минати години, да се потсетиме и да им одададеме почит на Младен Симоски-Требош и Андреа Христовски- Шварц, борци на Третиот Тетовски партизаиски одред, кои на овој датум беа стрелани од страна на балистите на ова место. Сретен Тофилоски, кој имаше девет прострелни рани добиени во село Беличица, беше ослободен од тогашниот командант на балистите со зборовите: „Овој ѓаур куршум не го тепа. Да се однесе на лечење, па да се докрајчи после, посочи во пригодното обраќање и историски час, Јовица Тофиловски.
Тој потсети и на случувањата од 19 септември 1944 година во село Беличица, Гостиварско.
Борците на Третиот тетовски партизански одред, направија се што беше во нивна моќ за да го одбранат селото од фашистичко-балистичкото насилство. И повеќе од тоа. Се жртвуваа себе си. Ги дадоа своите млади животи спротиставувајќи му се на далеку помногубројниот и подобро вооружен непријател повеќе од шестчасовна борба. И покрај тоа тие им нанеле големи загуби. На бојното поле останаа и животите кои ги положија храбрите момчиња. Тројца партизани беа ранети, а четворица заробени. На боиштето еден покрај друг лежеа работник, земјоделец ученик, Македонец, Албанец, Србин, двајца браќа, нивната сестра, неразделни другари од детството и соученици од тетовските училишта, посочи во пригодното обраќање Јовица Тофиловски.
Организаторите од Сојузот на борци на Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија и граѓаните продолжувачи од Тетово со порака, граѓаните повеќе да ги почитуваат жртвите дадени од македонскиот народ во Втората светска  војна.
Иако се бореа и ги дадоа својот живот за слободата на нашата држава, мислам дека во целост не ја исполнивме нивната цел, нивната оставнина да си ја чуваме нашата држава со сите наши нишани што ги имавме. Поготово, во Тетово во нашиот град, немаме никаква соработка со Општината Тетово. За ниедно чествување, за ниеден празник не ни се излезени во пресрет и остава една горчина за сите нас кои сме следбеници на залогот што го оставија починатите. Би сакала младите, учениците, настојуваме како Општинска организација на Сојуз на борци сите празници кои ни се оставени во аманет да ги испочитуваме и сограѓаните наши да бидат присустни во што е можно поголем број, истакна Лилјана Симовска, претседател на тетовската општинска организација на Сојузот на борците.
Во 1944 година животите ги загубија народните херои Тодор Циповски-Мерџан и Ѓоце Сгојчевски-Амбарче, како и Христо Антевски, Александар Здравковски, Трпе Јовановски-Мишка, Александар Јовановски-Журчин, Борче Кочовски, Љубомир Момировски, Пано Симоски, Саво Тасевски, Благоја Тоскоски-Тоска, сите од Тетово. Загинат е и Мурат Бафтијари од Вејце, двајцата браќа и сестра Драгомир, Љубомир и Љубица Стефановиќ, Боро Вулиќ, Владимир Јањиќ, Михаило Рајчевиќ и Андреа Стојановиќ сите од Брвеница. Во Беличица се убиени и 17 жителите, меѓу кои жени и деца.

The post Одбележани 80 години од загинувањето на 17 тетовски партизани во мавровското село Беличица и стрелањето на двајца во Тетово appeared first on Република.

]]>
„Хоќеш Солун, ево ти га…“: По список на Колишевски стрелани се 1.200 македонски партизани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/hokjesh-solun-evo-ti-ga-po-spisok-na-kolishevski-strelani-se-1-200-makedonski-partizani/ Fri, 07 Jan 2022 21:51:48 +0000 https://republika.mk/?p=441828

На денешен ден се одбележуваат 74 години од еден најтрагичните настани во историјата на Македонија, останат во сеќавањата и пишаните документи како Крвавото Коледе.

На 7 јануари 1945 година, првиот ден на Божиќ, по список составен од Лазар Колишевски во Вардарска Македонија, без судење и пресуда, се убиени 1.200 луѓе.

На 26 декември 1944 година, неколку дена пред Божиќ 1945 година во касарните во Скопје и Штип се побуниле неколку илјади војници и над 100 офицери. Тие не биле согласни со дојдената заповед од Белград да заминат на фронт во заштита на Србија. Ја изјасниле својата желба војската да се насочи кон Солун, за да се ослободат сонародниците од Егејска Македонија.

Пратениците на Тито, Светозар Вукмановиќ – Темпо, Лазар Колишевски и ген. Михајло Апостолски одлучуваат, дека сега е моментот за пресметка со приврзаниците на т.н. „бугарски окупатор“. Тие ги собираат околу себе српските офицери и им кажуваат дека побунениците се „бугараши“, „ванчомихајловисти“, „вмровци“ и „фашисти“. Генералот Апостолски ги примамува побунетите офицери во Офицерскиот клуб во Скопје „за да разговараат за ова прашање“.

Таму веднаш ги разоружуваат, апсат и ги затвораат во занданите на старата турска тврдина Кале. По кратко испрашување, водено лично од Темпо само за неколку часа се стрелани над 70 офицери.

Пред испрашувањето Темпо на секој му велел: „Хоќеш Солун, ево ти га…“.

Војниците кои веќе се прибрале во касарните почувствувале дека со нивните офицери нешто се случува и околу 1000 од нив повторно се насочуваат кон центарот на Скопје. Таму се пресретнати од добро забарикадирани српски партизани, кои против нив почнуваат безмилосна автоматска стрелба. Убиените на плоштадот се околу 100, над 900 се уапсени и затворени во Скопско кале.

Таму се чуваат повеќе од еден месец без леб, вода и ќебиња. Речиси сите умираат од глад и студ. На 6-ти спрема 7 јануари 1945 година почнало масовно истребување на градоначалници, свештеници, учители, обични селани низ цела Македонија. Тие биле бележани како „бугараши“ и „помагачи на бугарскиот фашистички окупатор“ и биле убивани без суд и пресуда. Се употребувал штотуку изгласаниот закон за „Заштита на македонската чест“.

За време на југословенските репресии во 1945 година само во Охридско и Преспанско биле убиени околу 23.000 Македонци, а дополнително уште околу 130.000 биле иселени, прогонувани и испраќани во концентрационите логови на Титова Југославија. Голем број се убиени крај Охридското и Преспанското Езеро, на планината Галичица, во близина на селото Отешево, а телата на убиените се фрлени во Преспанското Езеро.

The post „Хоќеш Солун, ево ти га…“: По список на Колишевски стрелани се 1.200 македонски партизани appeared first on Република.

]]>

На денешен ден се одбележуваат 74 години од еден најтрагичните настани во историјата на Македонија, останат во сеќавањата и пишаните документи како Крвавото Коледе. На 7 јануари 1945 година, првиот ден на Божиќ, по список составен од Лазар Колишевски во Вардарска Македонија, без судење и пресуда, се убиени 1.200 луѓе. На 26 декември 1944 година, неколку дена пред Божиќ 1945 година во касарните во Скопје и Штип се побуниле неколку илјади војници и над 100 офицери. Тие не биле согласни со дојдената заповед од Белград да заминат на фронт во заштита на Србија. Ја изјасниле својата желба војската да се насочи кон Солун, за да се ослободат сонародниците од Егејска Македонија. Пратениците на Тито, Светозар Вукмановиќ – Темпо, Лазар Колишевски и ген. Михајло Апостолски одлучуваат, дека сега е моментот за пресметка со приврзаниците на т.н. „бугарски окупатор“. Тие ги собираат околу себе српските офицери и им кажуваат дека побунениците се „бугараши“, „ванчомихајловисти“, „вмровци“ и „фашисти“. Генералот Апостолски ги примамува побунетите офицери во Офицерскиот клуб во Скопје „за да разговараат за ова прашање“. Таму веднаш ги разоружуваат, апсат и ги затвораат во занданите на старата турска тврдина Кале. По кратко испрашување, водено лично од Темпо само за неколку часа се стрелани над 70 офицери. Пред испрашувањето Темпо на секој му велел: „Хоќеш Солун, ево ти га…“. Војниците кои веќе се прибрале во касарните почувствувале дека со нивните офицери нешто се случува и околу 1000 од нив повторно се насочуваат кон центарот на Скопје. Таму се пресретнати од добро забарикадирани српски партизани, кои против нив почнуваат безмилосна автоматска стрелба. Убиените на плоштадот се околу 100, над 900 се уапсени и затворени во Скопско кале. Таму се чуваат повеќе од еден месец без леб, вода и ќебиња. Речиси сите умираат од глад и студ. На 6-ти спрема 7 јануари 1945 година почнало масовно истребување на градоначалници, свештеници, учители, обични селани низ цела Македонија. Тие биле бележани како „бугараши“ и „помагачи на бугарскиот фашистички окупатор“ и биле убивани без суд и пресуда. Се употребувал штотуку изгласаниот закон за „Заштита на македонската чест“. За време на југословенските репресии во 1945 година само во Охридско и Преспанско биле убиени околу 23.000 Македонци, а дополнително уште околу 130.000 биле иселени, прогонувани и испраќани во концентрационите логови на Титова Југославија. Голем број се убиени крај Охридското и Преспанското Езеро, на планината Галичица, во близина на селото Отешево, а телата на убиените се фрлени во Преспанското Езеро.

The post „Хоќеш Солун, ево ти га…“: По список на Колишевски стрелани се 1.200 македонски партизани appeared first on Република.

]]>