партизан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/partizan/ За подобро да се разбереме Tue, 24 Sep 2024 15:10:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png партизан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/partizan/ 32 32 Тренерот на Партизан поднесе оставка по поразот од Црвена ѕвезда https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/trenerot-na-partizan-podnese-ostavka-po-porazot-od-tsrvena-zvezda/ Tue, 24 Sep 2024 16:05:55 +0000 https://republika.mk/?p=819341

Тренерот на фудбалскиот клуб Партизан, Александар Станојевиќ, поднесе оставка, ден по поразот во „вечното“ белградско дерби против Црвена ѕвезда, јавија денеска српските медиуми.

Како што објави Телеграф, Станојевиќ ги информирал челниците на клубот и спортскиот сектор, кои денеска ќе разговараат за неговата одлука.

Партизан синоќа на домашен терен загуби од Црвена ѕвезда со 0:4, во 174. „вечно“ дерби.

Станојевиќ во јуни го презеде тимот со кој не успеа да се пласира во групната фаза од европските натпреварувања, а црно-белите во моментов се деветти во табелата во српската Суперлига со 11 бодови од седум натпревари.

Незадоволна група навивачи на Партизан синоќа го повикаа Станојевиќ да поднесе оставка, а тренерот се здоби со расекотини на лицето кога хулиганите по натпреварот ги искршиле прозорците во соблекувалната на стадионот.

The post Тренерот на Партизан поднесе оставка по поразот од Црвена ѕвезда appeared first on Република.

]]>

Тренерот на фудбалскиот клуб Партизан, Александар Станојевиќ, поднесе оставка, ден по поразот во „вечното“ белградско дерби против Црвена ѕвезда, јавија денеска српските медиуми. Како што објави Телеграф, Станојевиќ ги информирал челниците на клубот и спортскиот сектор, кои денеска ќе разговараат за неговата одлука. Партизан синоќа на домашен терен загуби од Црвена ѕвезда со 0:4, во 174. „вечно“ дерби. Станојевиќ во јуни го презеде тимот со кој не успеа да се пласира во групната фаза од европските натпреварувања, а црно-белите во моментов се деветти во табелата во српската Суперлига со 11 бодови од седум натпревари. Незадоволна група навивачи на Партизан синоќа го повикаа Станојевиќ да поднесе оставка, а тренерот се здоби со расекотини на лицето кога хулиганите по натпреварот ги искршиле прозорците во соблекувалната на стадионот.

The post Тренерот на Партизан поднесе оставка по поразот од Црвена ѕвезда appeared first on Република.

]]>
Покер голови: „Нивата“ на Партизан среќна за Звезда https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/poker-golovi-nivata-na-partizan-srekna-za-zvezda/ Mon, 23 Sep 2024 18:59:17 +0000 https://republika.mk/?p=819105

Црвена Звезда го демолираше Партизан (0-4) во вечното дерби.Потполна доминација на гостите кои покажаа зошто се дел од Лигата на шампионите. Партизан е во најголема криза од постоењето. Можеби работите на овој меч ќе беа подруги доколку не беше досуден пенал за Звезда при резултат 0-0.

Првично судијата досуди корнер но по интервенција на вар собата ја промени одлуката.

Мечот се играше на лош терен откако синоќа навивачи на Партизан го ископаа.

The post Покер голови: „Нивата“ на Партизан среќна за Звезда appeared first on Република.

]]>

Црвена Звезда го демолираше Партизан (0-4) во вечното дерби.Потполна доминација на гостите кои покажаа зошто се дел од Лигата на шампионите. Партизан е во најголема криза од постоењето. Можеби работите на овој меч ќе беа подруги доколку не беше досуден пенал за Звезда при резултат 0-0. Првично судијата досуди корнер но по интервенција на вар собата ја промени одлуката. Мечот се играше на лош терен откако синоќа навивачи на Партизан го ископаа.

The post Покер голови: „Нивата“ на Партизан среќна за Звезда appeared first on Република.

]]>
Tеренот ораница: Почна најголемото балканско дерби https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/terenot-oranitsa-pochna-najgolemoto-balkansko-derbi/ Mon, 23 Sep 2024 17:33:33 +0000 https://republika.mk/?p=819087

Фудбалерите на Партизан и на Црвена звезда го започнаа 174-то вечно дерби со жешка увертира, бидејќи теренот на црно-белиот стадион беше уништен поради вандалски чин.

Одигрувањето  беше под знак прашалник, бидејќи во ноќта меѓу саботата и неделата хулигани упаднаа на стадионот, ја уништија тревната површина. Непознати сторители упаднале на теренот среде ноќ и издлабиле длабока линија низ целото поле.

The post Tеренот ораница: Почна најголемото балканско дерби appeared first on Република.

Жељко Обрадовиќ казнет со четири меча по финалната серија против Црвена звезда https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/zhelko-obradovik-kaznet-so-chetiri-mecha-po-finalnata-serija-protiv-tsrvena-zvezda/ Tue, 11 Jun 2024 16:15:41 +0000 https://republika.mk/?p=786643

Тренерот на кошаркарскиот клуб Партизан, Жељко Обрадовиќ и менаџерот на тимот на „гробарите“, Лука Вулиќиќ се суспендирани на четири натпревари по инцидентите во вториот натпревар од финалната серија во српското кошаркарско првенство.

Серијата не заврши на спортски начин, бидејќи на Црвена звезда и беше доделена официјална победа од 20:0 и официјална шампионска титула поради навредливите скандирања од навивачите на Партизан.

Поради оваа суспензија, екипата на Партизан во следната сезона нема да може да се потпре на Обрадовиќ за своите потенцијални натпревари во полуфиналето и финалето на шампионатот.

Поради обврските во Јадранската лига, „црно-белите“, не играат во првенството во регуларниот дел и во битката за титулата се приклучуваат од плеј-офот.

The post Жељко Обрадовиќ казнет со четири меча по финалната серија против Црвена звезда appeared first on Република.

]]>

Тренерот на кошаркарскиот клуб Партизан, Жељко Обрадовиќ и менаџерот на тимот на „гробарите“, Лука Вулиќиќ се суспендирани на четири натпревари по инцидентите во вториот натпревар од финалната серија во српското кошаркарско првенство. Серијата не заврши на спортски начин, бидејќи на Црвена звезда и беше доделена официјална победа од 20:0 и официјална шампионска титула поради навредливите скандирања од навивачите на Партизан. Поради оваа суспензија, екипата на Партизан во следната сезона нема да може да се потпре на Обрадовиќ за своите потенцијални натпревари во полуфиналето и финалето на шампионатот. Поради обврските во Јадранската лига, „црно-белите“, не играат во првенството во регуларниот дел и во битката за титулата се приклучуваат од плеј-офот.

The post Жељко Обрадовиќ казнет со четири меча по финалната серија против Црвена звезда appeared first on Република.

]]>
Звезда и Партизан одиграа нерешено https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/zvezda-i-partizan-odigraa-neresheno/ Sat, 09 Mar 2024 18:52:27 +0000 https://republika.mk/?p=753107

Фудбалерите на Црвена звезда и Партизан освоија по бод во 172. „вечно дерби“, кое по голема борба заврши 2:2 (1:1).

Головите за домашните ги постигнаа Урош Спајиќ во 44. и Шериф Ендијаје во 69. минута, додека за црно-белите Матеус Салдања во последната минута од првиот дел и Алдо Калулу во 49. минута, додека Ксандер Северина доби црвен картон во 75. минута

Од освоениот бод секако позадоволни се гостите од Хумска, кои се уште имаат бод предност пред вечниот ривал.

The post Звезда и Партизан одиграа нерешено appeared first on Република.

]]>

Фудбалерите на Црвена звезда и Партизан освоија по бод во 172. „вечно дерби“, кое по голема борба заврши 2:2 (1:1). Головите за домашните ги постигнаа Урош Спајиќ во 44. и Шериф Ендијаје во 69. минута, додека за црно-белите Матеус Салдања во последната минута од првиот дел и Алдо Калулу во 49. минута, додека Ксандер Северина доби црвен картон во 75. минута Од освоениот бод секако позадоволни се гостите од Хумска, кои се уште имаат бод предност пред вечниот ривал.

The post Звезда и Партизан одиграа нерешено appeared first on Република.

]]>
Со секири и палки нападнати навивачи на Партизан пред „Штарк арената“ https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/so-sekiri-i-palki-napadnati-navivachi-na-partizan-pred-shtark-arenata/ Sun, 28 Jan 2024 10:47:42 +0000 https://republika.mk/?p=737705

По натпреварот од 23. коло во Евролигата меѓу кошаркарите на Партизан и Жалгирис, пред најголемата српска сала биле нападнати голем број на навивачи.

Засега непознати напаѓачи со палки и фантомки ги тепале навивачите кои излегувале од „Штарк Арената“.

https://twitter.com/Fangioo23/status/1751021945317904486?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1751021945317904486%7Ctwgr%5Eee339c4c51fdb1c4e571884ce0a238a27ee41872%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsitel.com.mk%2Fso-sekiri-i-palki-napadnati-navivachi-na-partizan-pred-shtark-arena-video

На натпреварот присуствуваа 20.000 навивачи, но не се знае каде била полицијата по завршувањето на големиот собир. Присутните во паника бегале на сите страни и настанало стампедо.

https://twitter.com/Fangioo23/status/1751019441528177042?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1751019441528177042%7Ctwgr%5Eee339c4c51fdb1c4e571884ce0a238a27ee41872%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsitel.com.mk%2Fso-sekiri-i-palki-napadnati-navivachi-na-partizan-pred-shtark-arena-video

Луѓето на социјалните мрежи се сомневаат дека напаѓачите се навивачи на Црвена звезда, а нападот бил одговор на инциденти кои се случувале во минатото.

The post Со секири и палки нападнати навивачи на Партизан пред „Штарк арената“ appeared first on Република.

]]>

По натпреварот од 23. коло во Евролигата меѓу кошаркарите на Партизан и Жалгирис, пред најголемата српска сала биле нападнати голем број на навивачи. Засега непознати напаѓачи со палки и фантомки ги тепале навивачите кои излегувале од „Штарк Арената“. https://twitter.com/Fangioo23/status/1751021945317904486?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1751021945317904486%7Ctwgr%5Eee339c4c51fdb1c4e571884ce0a238a27ee41872%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsitel.com.mk%2Fso-sekiri-i-palki-napadnati-navivachi-na-partizan-pred-shtark-arena-video На натпреварот присуствуваа 20.000 навивачи, но не се знае каде била полицијата по завршувањето на големиот собир. Присутните во паника бегале на сите страни и настанало стампедо. https://twitter.com/Fangioo23/status/1751019441528177042?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1751019441528177042%7Ctwgr%5Eee339c4c51fdb1c4e571884ce0a238a27ee41872%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsitel.com.mk%2Fso-sekiri-i-palki-napadnati-navivachi-na-partizan-pred-shtark-arena-video Луѓето на социјалните мрежи се сомневаат дека напаѓачите се навивачи на Црвена звезда, а нападот бил одговор на инциденти кои се случувале во минатото.

The post Со секири и палки нападнати навивачи на Партизан пред „Штарк арената“ appeared first on Република.

]]>
Српските навивачи изразија солидарност со убиените руски цивили: Белгород, ние сме со тебе! https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/srpskite-navivachi-izrazija-solidarnost-so-ubienite-ruski-tsivili-belgorod-nie-sme-so-tebe/ Fri, 05 Jan 2024 08:25:26 +0000 https://republika.mk/?p=729836

„Белгород, ние сме со тебе“, е пораката што ја испратија српските навивачи како поддршка за жителите на рускиот град Белгород, кој во очи на Нова година беше гранатиран од украинските сили.

Транспарентот со поддршка за Белгород српските навивачи го истакнаа за време на кошаркарскиот натпревар Црвена звезда - Партизан.

Во нападот на центарот на градот, загинаа најмалку 24, а ранети беа над 100 цивили, меѓу кои имаше и десетици деца.

https://republika.mk/vesti/svet/granatirani-novogodishen-panagur-i-prepolno-lizgalishte-vo-krvav-ukrainski-napad-vrz-belgorod-zaginaa-14-a-povredeni-se-stotina-tsivili/

The post Српските навивачи изразија солидарност со убиените руски цивили: Белгород, ние сме со тебе! appeared first on Република.

]]>

„Белгород, ние сме со тебе“, е пораката што ја испратија српските навивачи како поддршка за жителите на рускиот град Белгород, кој во очи на Нова година беше гранатиран од украинските сили. Транспарентот со поддршка за Белгород српските навивачи го истакнаа за време на кошаркарскиот натпревар Црвена звезда - Партизан. Во нападот на центарот на градот, загинаа најмалку 24, а ранети беа над 100 цивили, меѓу кои имаше и десетици деца. https://republika.mk/vesti/svet/granatirani-novogodishen-panagur-i-prepolno-lizgalishte-vo-krvav-ukrainski-napad-vrz-belgorod-zaginaa-14-a-povredeni-se-stotina-tsivili/

The post Српските навивачи изразија солидарност со убиените руски цивили: Белгород, ние сме со тебе! appeared first on Република.

]]>
Партизан експресно ги распродаде билетите за третиот натпревар против Реал Мадрид https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/partizan-ekspresno-gi-rasprodade-biletite-za-tretiot-natprevar-protiv-real-madrid/ Thu, 27 Apr 2023 20:52:24 +0000 https://republika.mk/?p=634806

За помалку од пет часа продадени се сите билети за третиот натпревар од четвртфиналната пресметка во кошаркарската Евролига меѓу Партизан и Реал Мадрид, соопшти белградскиот клуб.

Цената на влезниците се движеше од 3.5 до 500 евра.

Партизан во првиот натпревар триумфираше на гостувањето во Мадрид со 89-87, а вториот натпревар е на програмата вечерва во шпанската престолнина со почеток во 20:45 часот.

Третиот натпревар ќе се игра на 2 мај во Белград.

Четвртфиналната серија се игра до три победи.

The post Партизан експресно ги распродаде билетите за третиот натпревар против Реал Мадрид appeared first on Република.

]]>

За помалку од пет часа продадени се сите билети за третиот натпревар од четвртфиналната пресметка во кошаркарската Евролига меѓу Партизан и Реал Мадрид, соопшти белградскиот клуб. Цената на влезниците се движеше од 3.5 до 500 евра. Партизан во првиот натпревар триумфираше на гостувањето во Мадрид со 89-87, а вториот натпревар е на програмата вечерва во шпанската престолнина со почеток во 20:45 часот. Третиот натпревар ќе се игра на 2 мај во Белград. Четвртфиналната серија се игра до три победи.

The post Партизан експресно ги распродаде билетите за третиот натпревар против Реал Мадрид appeared first on Република.

]]>
Белградски Партизан и Црвена звезда добија пет милиони евра помош од државата https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/belgradski-partizan-i-tsrvena-zvezda-dobija-pet-milioni-evra-pomosh-od-drzhavata/ Tue, 04 Apr 2023 13:19:43 +0000 https://republika.mk/?p=627166

Црвена звезда и Партизан, двата најголеми и најтрофејни фудбалски клуба во Србија од државата добиле внупно пет милиони евра помош пишуваат медиумите во таа земја.

Според српските медиуми, финансиската инјекција од државата за клубовите е да бидат финансиски ликвидни и да добијат УЕФА лиценца за натпреварување. Посредник за финансиската помош била Фудбалската федерација на Србија.

Постоеше можност Партизан да добие забрана за настап во Европа, но и да му бидат одземени бодови по налог на ФИФА затоа што „црно-белите“ не ги подмируваат своите долгови навремено. Со оваа државна помош завршуваат главните проблеми за Црвена звезда и Партизан.

The post Белградски Партизан и Црвена звезда добија пет милиони евра помош од државата appeared first on Република.

]]>

Црвена звезда и Партизан, двата најголеми и најтрофејни фудбалски клуба во Србија од државата добиле внупно пет милиони евра помош пишуваат медиумите во таа земја. Според српските медиуми, финансиската инјекција од државата за клубовите е да бидат финансиски ликвидни и да добијат УЕФА лиценца за натпреварување. Посредник за финансиската помош била Фудбалската федерација на Србија. Постоеше можност Партизан да добие забрана за настап во Европа, но и да му бидат одземени бодови по налог на ФИФА затоа што „црно-белите“ не ги подмируваат своите долгови навремено. Со оваа државна помош завршуваат главните проблеми за Црвена звезда и Партизан.  

The post Белградски Партизан и Црвена звезда добија пет милиони евра помош од државата appeared first on Република.

]]>
Навивачи на Партизан претепаа Молдавци среде Белград https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/navivachi-na-partizan-pretepaa-moldavtsi-srede-belgrad/ Thu, 23 Feb 2023 12:04:01 +0000 https://republika.mk/?p=612303

Срамни сцени се случија во Белград пред мечот Партизан-Шериф во Конференциската лига
Во Кишињев немаше публика, а сега се очекува трибините во Хумска да бидат исполнети со навивачи. А токму денеска црно-белите хулигани решија да се пресметаат со Молдавците кои беа во Белград! Тие се судрија со навивачите на Шериф на паркингот пред супермаркет на булеварот Ослобоѓења.

Четворица приврзаници на молдавскиот клуб имаат повреди, а двајца завршија на ВМА.

The post Навивачи на Партизан претепаа Молдавци среде Белград appeared first on Република.

]]>

Срамни сцени се случија во Белград пред мечот Партизан-Шериф во Конференциската лига Во Кишињев немаше публика, а сега се очекува трибините во Хумска да бидат исполнети со навивачи. А токму денеска црно-белите хулигани решија да се пресметаат со Молдавците кои беа во Белград! Тие се судрија со навивачите на Шериф на паркингот пред супермаркет на булеварот Ослобоѓења. Четворица приврзаници на молдавскиот клуб имаат повреди, а двајца завршија на ВМА.

The post Навивачи на Партизан претепаа Молдавци среде Белград appeared first on Република.

]]>
Дали Османи како претседавач на ОБСЕ ќе реагира? На навивачите на Партизан претседателката на Молдавија не им дозволува влез https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/dali-osmani-kako-pretsedavach-na-obse-ke-reagira-na-navivachite-na-partizan-pretsedatelkata-na-moldavija-ne-im-dozvoluva-vlez/ Tue, 14 Feb 2023 13:42:11 +0000 https://republika.mk/?p=608922

На навивачите на Партизан им е забранет влез во Молдавија од безбедносни причини. Ова е на барање на претседателката на земјата Маја Санду,  која  ги обвини граѓаните на Србија дека можат со субверзивни акции да предизвикаат немири во нејзината земја.

– Рускиот план за преземање субверзивни акции на територијата на нашата земја не е нов. Минатата есен имаше обиди за дестабилизација, но не успеаја да ги постигнат своите цели благодарение на интервенцијата на нашите безбедносни и јавни институции.За следниот период се планирани акции со вклучување на саботери со воена обука, камуфлирани во цивилна облека, кои ќе вршат насилни акции, ќе напаѓаат државни објекти и ќе земаат заложници. Промената на власта во Кишињев би била изнудена преку насилни акции, маскирани како протести на таканаречената опозиција. На пример, материјалите содржат упатства за влез во Молдавија за државјани на Руската Федерација, Белорусија, Србија и Црна Гора. Ве уверувам дека државните институции работат на тоа да спречат вакви предизвици и да ја држат ситуацијата под контрола.

Поради оваа изјава на Маја Санду во која без аргументи и факти ги обвини граѓаните на Србија, на навивачите на Партизан им е забранет влез во Молдавија.

Затоа 12 црно-бели симпатизери, од кои четири жени, се уште се приведени на аеродромот во Кишињев, во одделот за депортација.

The post Дали Османи како претседавач на ОБСЕ ќе реагира? На навивачите на Партизан претседателката на Молдавија не им дозволува влез appeared first on Република.

]]>

На навивачите на Партизан им е забранет влез во Молдавија од безбедносни причини. Ова е на барање на претседателката на земјата Маја Санду,  која  ги обвини граѓаните на Србија дека можат со субверзивни акции да предизвикаат немири во нејзината земја.
– Рускиот план за преземање субверзивни акции на територијата на нашата земја не е нов. Минатата есен имаше обиди за дестабилизација, но не успеаја да ги постигнат своите цели благодарение на интервенцијата на нашите безбедносни и јавни институции.За следниот период се планирани акции со вклучување на саботери со воена обука, камуфлирани во цивилна облека, кои ќе вршат насилни акции, ќе напаѓаат државни објекти и ќе земаат заложници. Промената на власта во Кишињев би била изнудена преку насилни акции, маскирани како протести на таканаречената опозиција. На пример, материјалите содржат упатства за влез во Молдавија за државјани на Руската Федерација, Белорусија, Србија и Црна Гора. Ве уверувам дека државните институции работат на тоа да спречат вакви предизвици и да ја држат ситуацијата под контрола.
Поради оваа изјава на Маја Санду во која без аргументи и факти ги обвини граѓаните на Србија, на навивачите на Партизан им е забранет влез во Молдавија. Затоа 12 црно-бели симпатизери, од кои четири жени, се уште се приведени на аеродромот во Кишињев, во одделот за депортација.

The post Дали Османи како претседавач на ОБСЕ ќе реагира? На навивачите на Партизан претседателката на Молдавија не им дозволува влез appeared first on Република.

]]>
Вардар со многу мака го победи Партизан https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/vardar-so-mnogu-maka-go-pobedi-partizan/ Wed, 01 Feb 2023 18:34:18 +0000 https://republika.mk/?p=603531

Ракометарите на Вардар со многу мака дојдоа до првата победа во Сеха лигата. Совладан е Партизан, но потешко од очекувањата (31-26). Сепак, можеби треба да се навикнуваме дека ова не е оној стар Вардар што мелеше во регионалната и во Лигата на шампиони.

Целиот меч се играше гол за гол, во неколку наврати гостите и изедначија, но голманот Томовски со неколку интервенции ја чуваше предноста.

Она што е за поздравување е што публиката се врати во „Јане Сандански“ ѝ е желна за врвен ракомет.

Следниот меч Вардар го игра повторно на домашен терен против Татран на 10 февруари.

The post Вардар со многу мака го победи Партизан appeared first on Република.

]]>

Ракометарите на Вардар со многу мака дојдоа до првата победа во Сеха лигата. Совладан е Партизан, но потешко од очекувањата (31-26). Сепак, можеби треба да се навикнуваме дека ова не е оној стар Вардар што мелеше во регионалната и во Лигата на шампиони. Целиот меч се играше гол за гол, во неколку наврати гостите и изедначија, но голманот Томовски со неколку интервенции ја чуваше предноста. Она што е за поздравување е што публиката се врати во „Јане Сандански“ ѝ е желна за врвен ракомет. Следниот меч Вардар го игра повторно на домашен терен против Татран на 10 февруари.

The post Вардар со многу мака го победи Партизан appeared first on Република.

]]>
Легендарниот фудбалер и тренер на Партизан загинал во сообраќајна несреќа https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/legendarniot-fudbaler-i-trener-na-partizan-zaginal-vo-soobrakjajna-nesrekja/ Thu, 08 Dec 2022 13:38:07 +0000 https://republika.mk/?p=583256

Во сообраќајна несреќа што се случила на патот Рума-Јарак, загинал Миодраг Јешиќ, поранешен фудбалер и тренер на ФК Партизан.

Јешиќ бил возач на автомобил „цитроен“ кога од засега непознати причини преминал во спротивната лента и директно удрил во камион со приколка, дознава „Блиц“.

Според информациите со кои располагаат српските медиуми, Јешиќ починал на лице место, додека возачот на товарниот камион се здобил со полесни повреди.

Јешиќ имаше 64 години. Освен во Партизан, настапуваше и во турските Алтај и Трабзонспор, а има и осум настапи за репрезентацијата на Југославија.

The post Легендарниот фудбалер и тренер на Партизан загинал во сообраќајна несреќа appeared first on Република.

]]>

Во сообраќајна несреќа што се случила на патот Рума-Јарак, загинал Миодраг Јешиќ, поранешен фудбалер и тренер на ФК Партизан. Јешиќ бил возач на автомобил „цитроен“ кога од засега непознати причини преминал во спротивната лента и директно удрил во камион со приколка, дознава „Блиц“. Според информациите со кои располагаат српските медиуми, Јешиќ починал на лице место, додека возачот на товарниот камион се здобил со полесни повреди. Јешиќ имаше 64 години. Освен во Партизан, настапуваше и во турските Алтај и Трабзонспор, а има и осум настапи за репрезентацијата на Југославија.

The post Легендарниот фудбалер и тренер на Партизан загинал во сообраќајна несреќа appeared first on Република.

]]>
Стадионот на Партизан бил бункер за производство на марихуана и спид https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/stadionot-na-partizan-bil-bunker-za-proizvodstvo-na-marihuana-i-spid/ Wed, 09 Nov 2022 08:20:17 +0000 https://republika.mk/?p=571716

Сведокот соработник Срѓан Лалиќ на судењето зборуваше како е формиран кланот Вељко Беливук и за дрогата што „се свртела .“ Тој наведе дека стадионот на Партизан служел како место за правење „спид“, кој потоа кланот ги растурал.

Стадионот бил  бункер каде се тргувало со марихуана но дрогата таму кратко се задржувала.

Еднаш учествував во придружба на 40 килограми кокаин што Радоје ги испрати на стадионот-додаде Лалиќ

The post Стадионот на Партизан бил бункер за производство на марихуана и спид appeared first on Република.

]]>

Сведокот соработник Срѓан Лалиќ на судењето зборуваше како е формиран кланот Вељко Беливук и за дрогата што „се свртела .“ Тој наведе дека стадионот на Партизан служел како место за правење „спид“, кој потоа кланот ги растурал. Стадионот бил  бункер каде се тргувало со марихуана но дрогата таму кратко се задржувала.
Еднаш учествував во придружба на 40 килограми кокаин што Радоје ги испрати на стадионот-додаде Лалиќ

The post Стадионот на Партизан бил бункер за производство на марихуана и спид appeared first on Република.

]]>
„Ауфидерзен“: Партизан е хит во Европа, го исфрлија Келн https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/aufidrezen-partizan-e-hit-vo-evropa-go-isfrlija-keln/ Thu, 13 Oct 2022 19:51:57 +0000 https://republika.mk/?p=560830

Фудбалерите на Партизан го победија тимот на Келн со 2:0 на стадионот во улицата Хумска, во четвртото коло од групата Д на Конференциската лига.

Домашната екипа ја оствари втората последователна победа во Конференциската лига со головите на Фусени Диабате во 15. минута и Рикардо Гомеш во 52. минута.

Партизан е на првото место во групата Д со осум бодови, Ница е втора со пет бода и натпревар помалку, Келн има четири, додека Словачко има еден бод од три меча.Навивачите на црно-белите беа презадоволни и гостите беа испратени со извици „ауфидерзен“.

The post „Ауфидерзен“: Партизан е хит во Европа, го исфрлија Келн appeared first on Република.

]]>

Фудбалерите на Партизан го победија тимот на Келн со 2:0 на стадионот во улицата Хумска, во четвртото коло од групата Д на Конференциската лига. Домашната екипа ја оствари втората последователна победа во Конференциската лига со головите на Фусени Диабате во 15. минута и Рикардо Гомеш во 52. минута. Партизан е на првото место во групата Д со осум бодови, Ница е втора со пет бода и натпревар помалку, Келн има четири, додека Словачко има еден бод од три меча.Навивачите на црно-белите беа презадоволни и гостите беа испратени со извици „ауфидерзен“.  

The post „Ауфидерзен“: Партизан е хит во Европа, го исфрлија Келн appeared first on Република.

]]>
Претседателот на KK Партизан: Ние сме единствениот клуб во светот каде кошаркарскиот тим е попопуларен од фудбалскиот https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/pretsedatelot-na-kk-partizan-nie-sme-edinstveniot-klub-vo-svetot-kade-kosharkarskiot-tim-e-popopularen-od-fudbalskiot/ Sun, 14 Aug 2022 18:29:23 +0000 https://republika.mk/?p=540307

Претседателот на Партизан, Остоја Михајловиќ очекува зголемено внимание за тимот во првата сезона во Евролигата по 2014 година.

Мислам дека сме единствената кошаркарска екипа во светот која е дел од спортски клуб и има поголема публика од фудбалскиот тим. Сакам да достигнеме рекордна посетеност оваа сезона. Нашата цел е да продадеме над 10.000 сезонски билети. Верувам дека ќе успееме да го направиме ова и да го надминеме рекордот во Евролигата - изјави Михајловиќ.

Партизан доби шанса да игра во Евролигата, откако руските екипи добија забрана за настап поради актуелната ситуација со Украина.

The post Претседателот на KK Партизан: Ние сме единствениот клуб во светот каде кошаркарскиот тим е попопуларен од фудбалскиот appeared first on Република.

Навивачите на Партизан прво се степаа меѓу себе, па ги натераа играчите да ги соблечат дресовите бидејќи не ги заслужуваат https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/navivachite-na-partizan-prvo-se-stepaa-megju-sebe-pa-gi-nateraa-igrachite-da-gi-soblechat-dresovite-bidejkji-ne-gi-zasluzuvaat/ Fri, 12 Aug 2022 08:31:19 +0000 https://republika.mk/?p=539395

Опасно беше на трибините и на теренот на стадионот на Партизан. „Гробарите“ поделени меѓу себе се степаа на јужната трибина.

По мечот ги построија играчите и ги натераа да ги соблечат дресовите бидејќи не ги заслужувале поради елиминацијата од АЕК Ларнака во квалификациите за Конференциската лига.

View this post on Instagram

A post shared by Sportal.rs (@sportal_srbija)

The post Навивачите на Партизан прво се степаа меѓу себе, па ги натераа играчите да ги соблечат дресовите бидејќи не ги заслужуваат appeared first on Република.

]]>

Опасно беше на трибините и на теренот на стадионот на Партизан. „Гробарите“ поделени меѓу себе се степаа на јужната трибина. По мечот ги построија играчите и ги натераа да ги соблечат дресовите бидејќи не ги заслужувале поради елиминацијата од АЕК Ларнака во квалификациите за Конференциската лига.    
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Sportal.rs (@sportal_srbija)

The post Навивачите на Партизан прво се степаа меѓу себе, па ги натераа играчите да ги соблечат дресовите бидејќи не ги заслужуваат appeared first on Република.

]]>
Некогашниот ЈНА го гази времето: Стадионот на Партизан се распаѓа https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/nekogashniot-jna-go-gazi-vremeto-stadionot-na-partizan-se-raspagja/ Mon, 01 Aug 2022 13:21:52 +0000 https://republika.mk/?p=535753

Стадионот на Партизан е во фаза на распаѓање. На некогашниот стадион на ЈНА на секој чекор се забележуваат пукнатини, како и помали или поголеми оштетувања.

Секако, ова не е ништо чудно за објект стар преку 70 години, но очигледно е дека долги години никој не се занимава со стадионот и неговото одржување.

Шетајќи околу него имате огромно чувство дека сте во пост-апокалиптичен филм.

Рѓосани столбови од семафор, ѓубре и трева... Навистина е поразително што стадионот на еден од најголемите клубови на Балканот кој има многу навивачи во Македонија.

The post Некогашниот ЈНА го гази времето: Стадионот на Партизан се распаѓа appeared first on Република.

]]>

Стадионот на Партизан е во фаза на распаѓање. На некогашниот стадион на ЈНА на секој чекор се забележуваат пукнатини, како и помали или поголеми оштетувања. Секако, ова не е ништо чудно за објект стар преку 70 години, но очигледно е дека долги години никој не се занимава со стадионот и неговото одржување. Шетајќи околу него имате огромно чувство дека сте во пост-апокалиптичен филм. Рѓосани столбови од семафор, ѓубре и трева... Навистина е поразително што стадионот на еден од најголемите клубови на Балканот кој има многу навивачи во Македонија.

The post Некогашниот ЈНА го гази времето: Стадионот на Партизан се распаѓа appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Со реконструкција на салата „Партизан“ инвестираме во капитални објекти како трајна вредност за општеството https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/kovachevski-so-rekonstrukcija-na-salata-partizan-investirame-vo-kapitalni-objekti-kako-trajna-vrednost-za-opshtestvoto/ Thu, 21 Apr 2022 12:13:42 +0000 https://republika.mk/?p=491753

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, денеска направија увид на отпочнатите градежни работи за целосна реконструкција на спортската сала „Наум Наумовски-Борче“, која меѓу карпошани, но и ширум државата е позната под името „Партизан“.

Со севкупната обнова го враќаме првичниот сјај и функционалност на оваа спортска сала која е гордост за Карпош и за која се врзани дел од најубавите спомени на голем број скопјани. Токму тука се родија и афирмираа плејада спортисти од различни спортски дисциплини. Како Влада која сериозен дел од својот фокус го определува за младите и спортот, а водени од важноста која ја има овој објект, преку Агенцијата за млади и спорт инвестираме 69,5 милиони денари државни средства, за да може „Партизан“ да биде целосно современо и функционално уредено спортско игралиште. За да го вратиме некогашниот дух на спортски ентузијазам и да создадеме уште едно место за спортски активности на младите и на сите граѓани, истакна премиерот Ковачевски во својата изјава на настанот.

Премиерот Ковачевски истакна дека Владата, дури и во услови на светска економска криза е посветена на градење капитални објекти кои се со трајна вредност за општеството.

Инвестираме во објекти кои се од капитално значење и вредност за државата, младите и спортот. И во услови на светска економска криза не запираме да градиме капацитети со кои го подобруваме животот на граѓаните и ги поттикнуваме на спортување и рекреација, кои се важни за менталното и физичкото здравје. Вложуваме по план во секоја општина и населено место во државата, создавајќи општество со еднакви можности за сите, рече премиерот Ковачевски.

Ковачевски дополни дека Владата и Агенцијата за млади и спорт, континуирано вложуваат и создаваат услови за непречено спроведување на активностите на спортските федерации, клубовите и индивидуалните спортисти како што е мерката „Ваучер во спортот“, со која државата ги пренасочува дел од парите од данокот на добивка во македонскиот спорт.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Наумче Мојсовски во својата изјава истакна дека денеска сите заедно сведочиме на возобновување на еден многу значаен објект во македонскиот спорт, „Наум Наумовски – Борче“, или како што скопјани се сеќаваат - салата „Партизан“.

Култната сала „Партизан“, заслужува да блесне, да го добие потребното внимание, а карпошани и сите скопјани да си ја вратат и својата гордост, но и среќата дека овде ќе се одиграат уште многу натпревари во кои сите ќе уживаме, нагласи директорот на АМС Наумче Мојсовски.

The post Ковачевски: Со реконструкција на салата „Партизан“ инвестираме во капитални објекти како трајна вредност за општеството appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, денеска направија увид на отпочнатите градежни работи за целосна реконструкција на спортската сала „Наум Наумовски-Борче“, која меѓу карпошани, но и ширум државата е позната под името „Партизан“.
Со севкупната обнова го враќаме првичниот сјај и функционалност на оваа спортска сала која е гордост за Карпош и за која се врзани дел од најубавите спомени на голем број скопјани. Токму тука се родија и афирмираа плејада спортисти од различни спортски дисциплини. Како Влада која сериозен дел од својот фокус го определува за младите и спортот, а водени од важноста која ја има овој објект, преку Агенцијата за млади и спорт инвестираме 69,5 милиони денари државни средства, за да може „Партизан“ да биде целосно современо и функционално уредено спортско игралиште. За да го вратиме некогашниот дух на спортски ентузијазам и да создадеме уште едно место за спортски активности на младите и на сите граѓани, истакна премиерот Ковачевски во својата изјава на настанот.
Премиерот Ковачевски истакна дека Владата, дури и во услови на светска економска криза е посветена на градење капитални објекти кои се со трајна вредност за општеството.
Инвестираме во објекти кои се од капитално значење и вредност за државата, младите и спортот. И во услови на светска економска криза не запираме да градиме капацитети со кои го подобруваме животот на граѓаните и ги поттикнуваме на спортување и рекреација, кои се важни за менталното и физичкото здравје. Вложуваме по план во секоја општина и населено место во државата, создавајќи општество со еднакви можности за сите, рече премиерот Ковачевски.
Ковачевски дополни дека Владата и Агенцијата за млади и спорт, континуирано вложуваат и создаваат услови за непречено спроведување на активностите на спортските федерации, клубовите и индивидуалните спортисти како што е мерката „Ваучер во спортот“, со која државата ги пренасочува дел од парите од данокот на добивка во македонскиот спорт. Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Наумче Мојсовски во својата изјава истакна дека денеска сите заедно сведочиме на возобновување на еден многу значаен објект во македонскиот спорт, „Наум Наумовски – Борче“, или како што скопјани се сеќаваат - салата „Партизан“.
Култната сала „Партизан“, заслужува да блесне, да го добие потребното внимание, а карпошани и сите скопјани да си ја вратат и својата гордост, но и среќата дека овде ќе се одиграат уште многу натпревари во кои сите ќе уживаме, нагласи директорот на АМС Наумче Мојсовски.

The post Ковачевски: Со реконструкција на салата „Партизан“ инвестираме во капитални објекти како трајна вредност за општеството appeared first on Република.

]]>
Ова се најзгодните навивачки на Партизан https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/ova-se-najzgodnite-navivachki-na-partizan/ Wed, 13 Apr 2022 18:55:48 +0000 https://republika.mk/?p=487946

Ривалството меѓу Црвена Звезда и Партизан не е само на теренот туку и на трибините.Црно-белите ги имаат едни од најзгодните навивачи.Меѓу нив има спортистки, пејачки, водителки.

Водителката Марија Килибарда е една од најжешките навивачи на секој натпревар.Таа е и семејно врзана бидејќи таткото на нејзиното момче е дел од управата на клубот.

Уште една водителка Рада Раденовиќ важи за голем фан и секоја недела со својот син.

Олга Даниловиќ е најнадежната српска тенисерка и голем навивач на Партизан.Како и не би била кога нејзиниот татко е кошаркарска легенда.

Во навичката група е и актерката Нина Јанковиќ која на секој меч плени во својата убаина на трибините.

The post Ова се најзгодните навивачки на Партизан appeared first on Република.

]]>

Ривалството меѓу Црвена Звезда и Партизан не е само на теренот туку и на трибините.Црно-белите ги имаат едни од најзгодните навивачи.Меѓу нив има спортистки, пејачки, водителки. Водителката Марија Килибарда е една од најжешките навивачи на секој натпревар.Таа е и семејно врзана бидејќи таткото на нејзиното момче е дел од управата на клубот. Уште една водителка Рада Раденовиќ важи за голем фан и секоја недела со својот син. Олга Даниловиќ е најнадежната српска тенисерка и голем навивач на Партизан.Како и не би била кога нејзиниот татко е кошаркарска легенда. Во навичката група е и актерката Нина Јанковиќ која на секој меч плени во својата убаина на трибините.  

The post Ова се најзгодните навивачки на Партизан appeared first on Република.

]]>