партиски вработувања Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/partiski-vrabotuvanja/ За подобро да се разбереме Sat, 12 Oct 2024 07:32:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png партиски вработувања Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/partiski-vrabotuvanja/ 32 32 Нема ни каде да седнат ама Мерко предизборно вработува 73 лица, Струга со дупло повеќе администрација од Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nema-ni-kade-da-sednat-ama-merko-predizborno-vrabotuva-73-litsa-struga-so-duplo-poveke-administratsija-od-bitola/ Sat, 12 Oct 2024 07:55:48 +0000 https://republika.mk/?p=825763

Седумдесет и три нови лица планира да вработи Рамиз Мерко во 2025 година, додека од постоечките вработени во општинската админстрација, само 8 треба да заминат во пензија. Со тоа бројката на вработени ќе достигне 280.

Се поставува прашање дали во Општина Струга има толкав број на столици и толкав број на маси каде би работеле сите тие вработени. Со новите вработувања мислиме дека ќе се зголеми јавниот долг на Општина Струга, дури и мегаломански, а граѓаните услугите ќе ги добиваат како порано со голема тешкотија, или воопшто не .Поради „огромната работа“ општината не може ниту да го преведе официјалниот материјал на албански јазик, рече Лулзим Насуфи од Алијанса за Албанците.

Насуфи се сомнева дека предвидените вработувања имаат политичка позадина, и се во функција на локалните избори, кои треба да се одржат токму наредната година.

Од ВМРО ДПМНЕ велат декa Општина Струга и без вака предимензионираниот план за вработување, е превработена. Додаваат дека не смее да се дозволи општинската администрација наместо професионалци да ја водат партиски послушници.

Струшката администрација е дупло побројна од општина Битола. Општина Струга брои 280 вработени, а Општина Битола 140 вработени. Ваквите нереални проектирања се затоа што струшкиот градоначалник својата функција ја разбира единствено како начин да вработи што е можно поголем број партиски војници и во очи локалните избори догодина да има што е можно подобра стартна позиција, наместо да се грижи за потребите на сите граѓани кои мака мачат со водоснабдувањето, чистотата, патната инфраструктура, депонијата, велат од ВМРО ДПМНЕ – Струга.

Планот за вработување на Мерко доби зелено светло од страна на мнозинството во советот на ДУИ и СДСМ.

Како што пренесува „Алсат“, помеѓу предвидените вработувања има и позиции, како на пример, соработник за соработка со јавноста и медиумите, соработник за развој и унапредување на угостителството, помлад соработник за спортски и рекреативни активности на лица со посебни потреби,соработник за одржување и подршка на портал,помлад соработник за унапредување на занатечиството и туризмот и што ли уште не. За сите овие места, треба да се одвојат милионски суми за исплата на плати и придонеси на годишно ниво.

The post Нема ни каде да седнат ама Мерко предизборно вработува 73 лица, Струга со дупло повеќе администрација од Битола appeared first on Република.

]]>

Седумдесет и три нови лица планира да вработи Рамиз Мерко во 2025 година, додека од постоечките вработени во општинската админстрација, само 8 треба да заминат во пензија. Со тоа бројката на вработени ќе достигне 280.
Се поставува прашање дали во Општина Струга има толкав број на столици и толкав број на маси каде би работеле сите тие вработени. Со новите вработувања мислиме дека ќе се зголеми јавниот долг на Општина Струга, дури и мегаломански, а граѓаните услугите ќе ги добиваат како порано со голема тешкотија, или воопшто не .Поради „огромната работа“ општината не може ниту да го преведе официјалниот материјал на албански јазик, рече Лулзим Насуфи од Алијанса за Албанците.
Насуфи се сомнева дека предвидените вработувања имаат политичка позадина, и се во функција на локалните избори, кои треба да се одржат токму наредната година. Од ВМРО ДПМНЕ велат декa Општина Струга и без вака предимензионираниот план за вработување, е превработена. Додаваат дека не смее да се дозволи општинската администрација наместо професионалци да ја водат партиски послушници.
Струшката администрација е дупло побројна од општина Битола. Општина Струга брои 280 вработени, а Општина Битола 140 вработени. Ваквите нереални проектирања се затоа што струшкиот градоначалник својата функција ја разбира единствено како начин да вработи што е можно поголем број партиски војници и во очи локалните избори догодина да има што е можно подобра стартна позиција, наместо да се грижи за потребите на сите граѓани кои мака мачат со водоснабдувањето, чистотата, патната инфраструктура, депонијата, велат од ВМРО ДПМНЕ – Струга.
Планот за вработување на Мерко доби зелено светло од страна на мнозинството во советот на ДУИ и СДСМ. Како што пренесува „Алсат“, помеѓу предвидените вработувања има и позиции, како на пример, соработник за соработка со јавноста и медиумите, соработник за развој и унапредување на угостителството, помлад соработник за спортски и рекреативни активности на лица со посебни потреби,соработник за одржување и подршка на портал,помлад соработник за унапредување на занатечиството и туризмот и што ли уште не. За сите овие места, треба да се одвојат милионски суми за исплата на плати и придонеси на годишно ниво.

The post Нема ни каде да седнат ама Мерко предизборно вработува 73 лица, Струга со дупло повеќе администрација од Битола appeared first on Република.

]]>
Јаневска: Никој не води сметка што ќе работат предизборно вработените по партиска и роднинска линија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-nikoj-ne-vodi-smetka-shto-ke-rabotat-predizborno-vrabotenite-po-partiska-i-rodninska-linija/ Fri, 09 Feb 2024 12:33:43 +0000 https://republika.mk/?p=742214

Министерството за образование и наука, како и многу други институции си ги следи неразумните, девастирачки насоки на Владата, вели професорката Весна Јаневска, потсетувајќи дека и во МОН се вработуваат луѓе, а и набрзина се унапредуваат, се разбира по партиска и роднинска линија.

Сопругите и сопрузите, не се роднини, ама и тие не се исклучени.
Веројатно е потребно МОН да се пренатрупа со лојани луѓе на партиите, кои и поткупот во вид на помош на учениците нема да можат да го реализираат. Поентата е дека огромен број од учениците, за кои училиштата беа претворени во социјални служби, не ја добиваат помошта веќе трет месец.
Што ќе работат нововработените и дали само ќе “клатат врата и примаат плата“ никој не води сметка, битно е пред избори само да се вдомат што повеќе по критериум партија и непотизам, предупредува таа.

The post Јаневска: Никој не води сметка што ќе работат предизборно вработените по партиска и роднинска линија appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука, како и многу други институции си ги следи неразумните, девастирачки насоки на Владата, вели професорката Весна Јаневска, потсетувајќи дека и во МОН се вработуваат луѓе, а и набрзина се унапредуваат, се разбира по партиска и роднинска линија.
Сопругите и сопрузите, не се роднини, ама и тие не се исклучени. Веројатно е потребно МОН да се пренатрупа со лојани луѓе на партиите, кои и поткупот во вид на помош на учениците нема да можат да го реализираат. Поентата е дека огромен број од учениците, за кои училиштата беа претворени во социјални служби, не ја добиваат помошта веќе трет месец. Што ќе работат нововработените и дали само ќе “клатат врата и примаат плата“ никој не води сметка, битно е пред избори само да се вдомат што повеќе по критериум партија и непотизам, предупредува таа.

The post Јаневска: Никој не води сметка што ќе работат предизборно вработените по партиска и роднинска линија appeared first on Република.

]]>
Николовски нервозен кон новинарите зошто го прашаа за роднините вработени во М-НАВ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikolovski-nervozen-kon-novinarite-zoshto-go-prashaa-za-rodninite-vraboteni-vo-m-nav/ Tue, 16 Jan 2024 10:50:17 +0000 https://republika.mk/?p=733548

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска уште еднаш повтори дека нема никаква врска со вработувањата на неговите чичко и внук во М-НАВ. Тој изрази жалење што медиумите, како што рече, наместо да се интересираат за темите од земјоделството кое е основа на македонската економија, се обидуваат директно да шират лаги и невистини.

Одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Договорот со шпанската фирма „Глобалтек“ за поставување фотоволтаици на вода, Николовски напомена дека државава треба да ги отвори вратите за младите стручни кадри, а не да им испраќа порака дека не се добредојдени тука.

Според него, некому веројатно му смета Македонците успешни надвор од државата, да се вратат тука.

Не коментирам дали нечија фирма е семејна, ваква или онаква. Тоа не е моја работа. Моја работа е да работам чесно, стручно, искрено, отчетно и професионално. Платен сум да се грижам за македонското земјоделство, да работам во интерес на земјоделците и медиумите треба да обрнат поголемо внимание на тоа. Уште еднаш ќе повторам, чичко ми е вработен во М-НАВ уште пред да се родам, а внукот е школуван 20 години надвор од државата, во Јапонија, Кина и Словенија. Знате за каков кадар станува збор? За највисокот стручен кадар. Чичко ми работел во М-НАВ уште пред 40 - 50 години, зарем мислите дека некој што не е роден може да влијае на некој што стручно се усовршувал и се вработил пред 1983 година? И тоа ви е најбитната тема? Зошто не бевте на брифингот кога го заокружувавме сработеното во земјдоелството за 2023 година? Не е убаво да праќате порака дека квалитетот не треба да се цени. Треба да ги отвориме вратите, секој да има еднакви шанси, а јас не сум влијаел. Имаше и постапка во ДКСК која е комплетно затворена. Вие може да проверите низ сите инстиуции каква била постаpката и дали станува збор за некој што не е квалификуван или школуван и дали доаѓа во областа што треба, истакна Николовски.

Според него, земјава треба да има професионална администрација и да му обезбеди шанса на секого.

Од што се незадоволни младите? Од тоа што немаат шанса, а јас имам докажано дека вработените во мојот Кабинет како вицепремиер за борба проитв корупција ниту ги имам бирано, ниту имам влијаено, туку ги запознав дента кога завршија сите постапки и со тоа дадовме пример дека може да се стави крај на непотизам, партиски влијанија и партизација. И во МЗШВ ја отворивме вратата за студенти, за 50 млади за кои немам никакво влијание, ниту знам кои се и како се. Важно е дека се стручни и професионални, одработија најдобро и на новиот модел и на новата реформа. За разлика до овој наратив, се борам секој млад човек да остане тука, а не да го демотивираме и да пратиме порака: „тука не бива - бегајте“. Жалам што наместо да се интересирате за темите од делот на земјоделството, се обидувате директно да ширите невистини и лаги. Имавме брифинг за новинарите и жалам што во годината на над 100 проекти тие не се промовираа, напомена министерот.

The post Николовски нервозен кон новинарите зошто го прашаа за роднините вработени во М-НАВ appeared first on Република.

]]>

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска уште еднаш повтори дека нема никаква врска со вработувањата на неговите чичко и внук во М-НАВ. Тој изрази жалење што медиумите, како што рече, наместо да се интересираат за темите од земјоделството кое е основа на македонската економија, се обидуваат директно да шират лаги и невистини. Одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Договорот со шпанската фирма „Глобалтек“ за поставување фотоволтаици на вода, Николовски напомена дека државава треба да ги отвори вратите за младите стручни кадри, а не да им испраќа порака дека не се добредојдени тука. Според него, некому веројатно му смета Македонците успешни надвор од државата, да се вратат тука.
Не коментирам дали нечија фирма е семејна, ваква или онаква. Тоа не е моја работа. Моја работа е да работам чесно, стручно, искрено, отчетно и професионално. Платен сум да се грижам за македонското земјоделство, да работам во интерес на земјоделците и медиумите треба да обрнат поголемо внимание на тоа. Уште еднаш ќе повторам, чичко ми е вработен во М-НАВ уште пред да се родам, а внукот е школуван 20 години надвор од државата, во Јапонија, Кина и Словенија. Знате за каков кадар станува збор? За највисокот стручен кадар. Чичко ми работел во М-НАВ уште пред 40 - 50 години, зарем мислите дека некој што не е роден може да влијае на некој што стручно се усовршувал и се вработил пред 1983 година? И тоа ви е најбитната тема? Зошто не бевте на брифингот кога го заокружувавме сработеното во земјдоелството за 2023 година? Не е убаво да праќате порака дека квалитетот не треба да се цени. Треба да ги отвориме вратите, секој да има еднакви шанси, а јас не сум влијаел. Имаше и постапка во ДКСК која е комплетно затворена. Вие може да проверите низ сите инстиуции каква била постаpката и дали станува збор за некој што не е квалификуван или школуван и дали доаѓа во областа што треба, истакна Николовски.
Според него, земјава треба да има професионална администрација и да му обезбеди шанса на секого.
Од што се незадоволни младите? Од тоа што немаат шанса, а јас имам докажано дека вработените во мојот Кабинет како вицепремиер за борба проитв корупција ниту ги имам бирано, ниту имам влијаено, туку ги запознав дента кога завршија сите постапки и со тоа дадовме пример дека може да се стави крај на непотизам, партиски влијанија и партизација. И во МЗШВ ја отворивме вратата за студенти, за 50 млади за кои немам никакво влијание, ниту знам кои се и како се. Важно е дека се стручни и професионални, одработија најдобро и на новиот модел и на новата реформа. За разлика до овој наратив, се борам секој млад човек да остане тука, а не да го демотивираме и да пратиме порака: „тука не бива - бегајте“. Жалам што наместо да се интересирате за темите од делот на земјоделството, се обидувате директно да ширите невистини и лаги. Имавме брифинг за новинарите и жалам што во годината на над 100 проекти тие не се промовираа, напомена министерот.

The post Николовски нервозен кон новинарите зошто го прашаа за роднините вработени во М-НАВ appeared first on Република.

]]>
Сестрата на Османи, снаата на Груби, внукот на Николовски – кој сè е вработен во М-НАВ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sestrata-na-osmani-snaata-na-grubi-vnukot-na-nikolovski-koj-se-e-vraboten-vo-m-nav/ Mon, 15 Jan 2024 09:10:21 +0000 https://republika.mk/?p=733143

Сестрата на министерот за надворешни работи Бујар Османи (ДУИ), снаата на вицепремиерот Артан Груби (ДУИ) и внукот на министерот за земјоделие Љупчо Николовски (СДСМ) се само дел од вработените во Македонската навијација, открива КОД по упадот во контролата на летање и „кошкањето“ на вработените.

Според премиерот Димитар Ковачевски оваа институција се претворила во семејна фирма каде се вработувале роднини и до трето колено. Во неговите зборови, меѓудругото, се пронајде и претседателот на Синдикатот на контролорите на летање Александар Тасевски, кој тогаш му порача на Ковачевски дека треба повеќе да се заинтересира за оние партиски вработувања каде кандидатите се примаат без конкурси, без квалификации, без знаење, кои ништо не работат или воопшто не доаѓаат на работа, а редовно земаат плата.

https://republika.mk/vesti/makedonija/tasevski-slobodno-neka-napravat-revizija-na-site-moi-litsentsi-kako-i-site-bev-prinuden-da-gi-pominam-site-obuki-i-kursevi/

Но, вчера КОД објави дека меѓу вработените во М-НАВ има и роднини на многу функционери и политичари. Меѓу вработените се и снаата и синот на поранешниот пратеник на ДУИ Ејуп Алими, внукот на советникот на директорот во М-НАВ Беким Незири (сега осомничен за упадот во контролата на летање), а извори на КОД тврдат дека е вработен и внук на заменик-министерот за внатрешни работи Назим Буши.

Роднините на Николовски и на Незири се вработени како помошници контролори, а во оперативниот дел работи и сестрата на министерот Бујар Османи. Останатите роднини работат во администрацијата на М-НАВ.

The post Сестрата на Османи, снаата на Груби, внукот на Николовски – кој сè е вработен во М-НАВ appeared first on Република.

]]>

Сестрата на министерот за надворешни работи Бујар Османи (ДУИ), снаата на вицепремиерот Артан Груби (ДУИ) и внукот на министерот за земјоделие Љупчо Николовски (СДСМ) се само дел од вработените во Македонската навијација, открива КОД по упадот во контролата на летање и „кошкањето“ на вработените. Според премиерот Димитар Ковачевски оваа институција се претворила во семејна фирма каде се вработувале роднини и до трето колено. Во неговите зборови, меѓудругото, се пронајде и претседателот на Синдикатот на контролорите на летање Александар Тасевски, кој тогаш му порача на Ковачевски дека треба повеќе да се заинтересира за оние партиски вработувања каде кандидатите се примаат без конкурси, без квалификации, без знаење, кои ништо не работат или воопшто не доаѓаат на работа, а редовно земаат плата. https://republika.mk/vesti/makedonija/tasevski-slobodno-neka-napravat-revizija-na-site-moi-litsentsi-kako-i-site-bev-prinuden-da-gi-pominam-site-obuki-i-kursevi/ Но, вчера КОД објави дека меѓу вработените во М-НАВ има и роднини на многу функционери и политичари. Меѓу вработените се и снаата и синот на поранешниот пратеник на ДУИ Ејуп Алими, внукот на советникот на директорот во М-НАВ Беким Незири (сега осомничен за упадот во контролата на летање), а извори на КОД тврдат дека е вработен и внук на заменик-министерот за внатрешни работи Назим Буши. Роднините на Николовски и на Незири се вработени како помошници контролори, а во оперативниот дел работи и сестрата на министерот Бујар Османи. Останатите роднини работат во администрацијата на М-НАВ.

The post Сестрата на Османи, снаата на Груби, внукот на Николовски – кој сè е вработен во М-НАВ appeared first on Република.

]]>
За вработување во државно најважна е партиската книшка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-vrabotuvane-vo-drzhavno-najvazhna-e-partiskata-knishka/ Sun, 02 Apr 2023 18:31:10 +0000 https://republika.mk/?p=626356

Партиската припадност е клучна за вработување во јавниот сектор, сметаат мнозинството граѓани во најновата анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според неа, 41,3% од граѓаните сметаат дека при вработување во јавната администрација најважна е партиската припадност. 26,5% сметаат дека вработувањата одат според критериуми во кои најважни се професионалниот капацитет и квалификациите додека 21,6% се на ставот дека при вработувањето, клучни се роднинските и пријателските врски.

Новите огласи за вработување пред избори, според три четвртини од граѓаните или точно 75,2% се предизборна манипулација додека само 8,3% сметаат дека станува збор за реална потреба.

И тука Македонците и етничките Албанци имаат прилично спротивставени ставови. Додека 84,9% Македонци сметаат дека огласите за вработување пред избори се само изборна манипулација, ваков став делат близу двојно помалку етнички Албанци или 46,7%. Меѓу нив, 20,1% сметаат дека огласите за вработување пред избори се реална потреба, став кој го делат само 4,2% Македонци.

Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена од 28 февруари до 3 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1107 испитаници.

The post За вработување во државно најважна е партиската книшка appeared first on Република.

]]>

Партиската припадност е клучна за вработување во јавниот сектор, сметаат мнозинството граѓани во најновата анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според неа, 41,3% од граѓаните сметаат дека при вработување во јавната администрација најважна е партиската припадност. 26,5% сметаат дека вработувањата одат според критериуми во кои најважни се професионалниот капацитет и квалификациите додека 21,6% се на ставот дека при вработувањето, клучни се роднинските и пријателските врски. Новите огласи за вработување пред избори, според три четвртини од граѓаните или точно 75,2% се предизборна манипулација додека само 8,3% сметаат дека станува збор за реална потреба. И тука Македонците и етничките Албанци имаат прилично спротивставени ставови. Додека 84,9% Македонци сметаат дека огласите за вработување пред избори се само изборна манипулација, ваков став делат близу двојно помалку етнички Албанци или 46,7%. Меѓу нив, 20,1% сметаат дека огласите за вработување пред избори се реална потреба, став кој го делат само 4,2% Македонци. Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена од 28 февруари до 3 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1107 испитаници.

The post За вработување во државно најважна е партиската книшка appeared first on Република.

]]>
Николовска од СДСМ: Партиско влијание во администрацијата нема или е минимално https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikolovska-od-sdsm-partisko-vlijanie-vo-administratsijata-nema-ili-e-minimalno/ Sun, 02 Apr 2023 16:36:38 +0000 https://republika.mk/?p=626328

Партиското влијание врз јавната администрација или воопшто го нема или е минимално, смета пратеничката на СДСМ, Фаница Николовска.

Јас сум убедена дека партиското влијание и сега или воопшто го нема или е минимално. Доказ за тоа се огласите што ги објавува Агенцијата за администрација, работни места не се пополнуваат, доколку има партијата влијание ќе најде начин да ги пополни работните места. Ако ги видите одлуките за избор, ќе видите колку лица, ние сме мала држава посебно ние кои доаѓаме о градовите од внатрешноста на државата се знаеме ќе видите колку лица што немаат допир со ниедна политичка партија или пак се можеби поблиски до опозицијата наоѓаат место во јавната администрација и се вработуваат. Со тек на време и лидерите на политичките партии, мислам дека ќе се смени климата, и во таа насока мислам дека се движиме, само треба да ја направиме администрацијата попривлечна за искусен кадар и попрофесионален кадар, рече Николовска во денешната емисија „Детектор“.

The post Николовска од СДСМ: Партиско влијание во администрацијата нема или е минимално appeared first on Република.

Петрушевски: Искусни медицински сестри од болницата во Куманово набркани на улица за на нивно место да се вработат кадри на ДУИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrushevski-iskusni-meditsinski-sestri-od-bolnitsata-vo-kumanovo-nabrkani-na-ulitsa-za-na-nivno-mesto-da-se-vrabotat-kadri-na-dui/ Mon, 20 Mar 2023 10:51:39 +0000 https://republika.mk/?p=621520

Пратеникот од ВМРО - ДПМНЕ, Бране Петрушевски, обвини дека во Здравствен дом Куманово на распишаниот оглас за вработување на медицински сестри вработени се само партиски кадри на ДУИ. Директорот на Здравствен дом, Фарук Алили, вели дека информацијата не е точна и дека вработувањата оделе преку Министерството за здравство и дека тој не можел да влијае врз оценките и знаењата на сестрите. Здравствениот дом неодамна распишал оглас за вработување на десет сестри на неопределено.

-Локалните СДС и ДУИ се договориле шест вработувања да бидат нови од ДУИ, а четири од СДС, кои веќе четири години работеле таму по договор. Директорот, поставен од ДУИ си ги вработува сите десет од ДУИ, според мои извори, со поделени десет веќе решени тестови на тестирање, затоа што сметал дека сите десет вработени треба да се Албанки. По овој настан, претседателот на ОО на СДС, Тушевски доблесно си дал оставка, а пратеникот Костовски се крие и никаде го нема. Сега нови и неискусни медицински сестри ќе ги вакцинираат децата и ќе вршат домашна посета, додека искусните ќе седат дома без работа, само затоа што не се од ДУИ, напиша пратеникот Петрушевски.

Тој ги повика институциите да го испитаат случајот, да го поништат огласот и да се вработат стручни и искусни сестри.

Директорот на Здравствен дом, Алили вели дека како функционер се залага за вработувања на стручни, не на партиски кадри. Тој кажа дека побарале вработување на 26 лица, но биле одобрени само десет и потенцираше дека тестовите ги подготвува Министерството за здравство, а ги контролира тричлена стручна комисија чиј претседател е Македонец.

-Не се вистините овие информации, пратеникот шпекулира. По нашето барање за вработување до ресорното Министерството кое после праќа на финансии одобрени ни се десет. Ниту една не е член на ДУИ, дури и од мојата партија реагираа дека не се вработени членки. Јас не можам да кажам ништо за тестовите, си има стручна комисија која ги разгледува и оценува. Автоматски се рангираат кандидатите, согласно оценките од средно образование и знаењата покажани на тестирањето. Како јас да интервенирам кои се од ДУИ, кои од друга партија. Исклучиво се залагам за вработувања на стручни кадри, никако партиски, нам проблем ни е недостиг на сестри, вели Алиу.

Тој додава дека не се набркани Македонки, туку три медицински сестри Албанки. Според него недозволиво е во ова време да се игра на карта на национализам, но не негира дека десетте вработени се Албанки. Тој нагласи дека најголем дел од раководителите се Македонци.

-Пратеникот наместо да дојде да поразговара да праша што е потребно шири деизнформации и и прави етнички тензии, вели Алиу.

Тој ги повика медиумите, инспекциите да го истражат случајот и кажа дека и сега аплицирале за вработување, бидејќи имаат недостиг на кадар за нови 16 вработувања. а

The post Петрушевски: Искусни медицински сестри од болницата во Куманово набркани на улица за на нивно место да се вработат кадри на ДУИ appeared first on Република.

]]>

Пратеникот од ВМРО - ДПМНЕ, Бране Петрушевски, обвини дека во Здравствен дом Куманово на распишаниот оглас за вработување на медицински сестри вработени се само партиски кадри на ДУИ. Директорот на Здравствен дом, Фарук Алили, вели дека информацијата не е точна и дека вработувањата оделе преку Министерството за здравство и дека тој не можел да влијае врз оценките и знаењата на сестрите. Здравствениот дом неодамна распишал оглас за вработување на десет сестри на неопределено.
-Локалните СДС и ДУИ се договориле шест вработувања да бидат нови од ДУИ, а четири од СДС, кои веќе четири години работеле таму по договор. Директорот, поставен од ДУИ си ги вработува сите десет од ДУИ, според мои извори, со поделени десет веќе решени тестови на тестирање, затоа што сметал дека сите десет вработени треба да се Албанки. По овој настан, претседателот на ОО на СДС, Тушевски доблесно си дал оставка, а пратеникот Костовски се крие и никаде го нема. Сега нови и неискусни медицински сестри ќе ги вакцинираат децата и ќе вршат домашна посета, додека искусните ќе седат дома без работа, само затоа што не се од ДУИ, напиша пратеникот Петрушевски.
Тој ги повика институциите да го испитаат случајот, да го поништат огласот и да се вработат стручни и искусни сестри. Директорот на Здравствен дом, Алили вели дека како функционер се залага за вработувања на стручни, не на партиски кадри. Тој кажа дека побарале вработување на 26 лица, но биле одобрени само десет и потенцираше дека тестовите ги подготвува Министерството за здравство, а ги контролира тричлена стручна комисија чиј претседател е Македонец.
-Не се вистините овие информации, пратеникот шпекулира. По нашето барање за вработување до ресорното Министерството кое после праќа на финансии одобрени ни се десет. Ниту една не е член на ДУИ, дури и од мојата партија реагираа дека не се вработени членки. Јас не можам да кажам ништо за тестовите, си има стручна комисија која ги разгледува и оценува. Автоматски се рангираат кандидатите, согласно оценките од средно образование и знаењата покажани на тестирањето. Како јас да интервенирам кои се од ДУИ, кои од друга партија. Исклучиво се залагам за вработувања на стручни кадри, никако партиски, нам проблем ни е недостиг на сестри, вели Алиу.
Тој додава дека не се набркани Македонки, туку три медицински сестри Албанки. Според него недозволиво е во ова време да се игра на карта на национализам, но не негира дека десетте вработени се Албанки. Тој нагласи дека најголем дел од раководителите се Македонци.
-Пратеникот наместо да дојде да поразговара да праша што е потребно шири деизнформации и и прави етнички тензии, вели Алиу.
Тој ги повика медиумите, инспекциите да го истражат случајот и кажа дека и сега аплицирале за вработување, бидејќи имаат недостиг на кадар за нови 16 вработувања. а

The post Петрушевски: Искусни медицински сестри од болницата во Куманово набркани на улица за на нивно место да се вработат кадри на ДУИ appeared first on Република.

]]>
Ниту бадентеризација, ниту балансеризација, ниту дуизација, само квалитетот како критериум при вработување може да ја води Македонија напред https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nitu-badenterizatsija-nitu-balanserizatsija-nitu-duizatsija-samo-kvalitetot-kako-kriterium-pri-vrabotuvane-mozhe-da-ja-vodi-makedonija-napred/ Thu, 26 Jan 2023 13:57:36 +0000 https://republika.mk/?p=601319

Само квалитетот може да ја води Македонија напред, или само лица вработени по основа на квалитет, рече Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ при денешната посета на насеба Драчево во општината Кисела Вода одговарајќи на новинарско прашање за информациите за вработувања по основ на партиска припаднoст што е причина младите да ја напуштаат земјата.

Одговорот мој ќе го поделам во два дела. Првиот дел ќе ви одговарам како универзитетски професор и педагог кој секој ден комуницира со тие млади луѓе на Универзитетот. И вториот дел од мојот одговор ќе биде, како што вие рековте, како претседател на најголемата политичка партија во Македонија. Често пати на настаните зборувам дека огромно мнозинство од моите студенти би рекол 8 од 10 после дипломирањето одлучуваат да ја напуштат Македонија токму поради овие причини кои ги наведовте, а има и други. Но овие се оние кои се многу важни. Токму затоа што немаме меритократија, поради таа партизација, бадентеризација и балансеризација, наместо по квалитет, и во здравството се вработува по балансер и бадинтер и има уште еден критериум, а тоа е дуизација. И навистина како професор можам да кажам дека тоа мора да застане и сите да застанеме против тоа, и да останеме доследни на меритократија. Јас можам да влијаам кај градоначалниците кои се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски.

Вториот дел, додаде Мицкоски, јас како човек доколку добијам можност да ја водам владата можам да ви ветам дека мерит системот ќе биде основа.

Квалитетот треба да ја води Македонија напред, а не балансерот или бадинтерот или партиската книшка. Само со мерит сиситемот можеме да одиме напред, заклучи Мицкоски.

The post Ниту бадентеризација, ниту балансеризација, ниту дуизација, само квалитетот како критериум при вработување може да ја води Македонија напред appeared first on Република.

Золви, снаи, другари на политичари: Сали унапредил 14 Албанци и 3 Македонци во Здравство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zolvi-snai-drugari-na-politichari-sali-unapredil-14-albantsi-i-3-makedontsi-vo-zdravstvo/ Wed, 18 Jan 2023 15:49:53 +0000 https://republika.mk/?p=598445

Дури 14 од унапредените вработени во здравството од страна на министерот Беким Сали се Албанци, а само три лица се Македонци и тоа снаа, золва и друго блиско лице на еден поранешен министер за здравство.

На списокот нема Турчин, Ром, Бошњак, Србин, Влав или од некое лице од друга заедница.

Како што објави „Експрес“, една е золва на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, другата е снаа за брат на Гордана Трајкова Мајнова кадар на СДСМ од времето на министерот Владо Димов, како и лице кое е кадар на Никола Тодоров, сега близок на СДСМ.

Целиот список на унапредени во македонскто здравство, со образложенија, може да го отворите ТУКА.

The post Золви, снаи, другари на политичари: Сали унапредил 14 Албанци и 3 Македонци во Здравство appeared first on Република.

]]>

Дури 14 од унапредените вработени во здравството од страна на министерот Беким Сали се Албанци, а само три лица се Македонци и тоа снаа, золва и друго блиско лице на еден поранешен министер за здравство. На списокот нема Турчин, Ром, Бошњак, Србин, Влав или од некое лице од друга заедница. Како што објави „Експрес“, една е золва на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, другата е снаа за брат на Гордана Трајкова Мајнова кадар на СДСМ од времето на министерот Владо Димов, како и лице кое е кадар на Никола Тодоров, сега близок на СДСМ.
Целиот список на унапредени во македонскто здравство, со образложенија, може да го отворите ТУКА.

The post Золви, снаи, другари на политичари: Сали унапредил 14 Албанци и 3 Македонци во Здравство appeared first on Република.

]]>
Премиерот одговори кога ќе престанат партиските вработувања https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/premierot-odgovori-koga-ke-prestanat-partiskite-vrabotuvana/ Mon, 16 Jan 2023 13:11:19 +0000 https://republika.mk/?p=597532

Нашата законска регулатива овозможува меритократија и вработување  на оние кои се најдобри. Сите треба да го спроведуваат законот и процедурите и тоа е единствен начин најдобрите да бидат ангажирани, а секаде каде има злоупотреби да бидат пријавени до надлежните органи, порача премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата одговарајќи на прашање кога ќе престане принципот на партиски вработувања.

Премиерот нагласи дека луѓето кои тој ги ангажирал не се членови на политичка партија, а, како што рече, се работи за советници кои имаат поголемо искуство од неговото.

Благодарение на ангажирање на такви советници пред се мислам на советниците во делот на економијата, даночната политика, енергетските политики итн. ние сме држава која на најдобар можен начин се справи со енегретската и економската криза. Денес не зборуваме ниту за недостиг на струја, ниту за покачена цена на струја, бидејќи ја намаливме, не зборуваме за недостиг на храна, а знаете дека имавме недостиг на брашно, кога стапи оваа Влада не зборуваме за недостиг на рафинирано масло за јадење и веќе зборуваме за намалени цени на основни прехрамбени производи. Тоа е резултат кога ќе ангажирате експерти да ви помагаат во работата и јас секогаш сум се придржувал на тоа, потенцира премиерот.

The post Премиерот одговори кога ќе престанат партиските вработувања appeared first on Република.

]]>

Нашата законска регулатива овозможува меритократија и вработување  на оние кои се најдобри. Сите треба да го спроведуваат законот и процедурите и тоа е единствен начин најдобрите да бидат ангажирани, а секаде каде има злоупотреби да бидат пријавени до надлежните органи, порача премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата одговарајќи на прашање кога ќе престане принципот на партиски вработувања. Премиерот нагласи дека луѓето кои тој ги ангажирал не се членови на политичка партија, а, како што рече, се работи за советници кои имаат поголемо искуство од неговото.
Благодарение на ангажирање на такви советници пред се мислам на советниците во делот на економијата, даночната политика, енергетските политики итн. ние сме држава која на најдобар можен начин се справи со енегретската и економската криза. Денес не зборуваме ниту за недостиг на струја, ниту за покачена цена на струја, бидејќи ја намаливме, не зборуваме за недостиг на храна, а знаете дека имавме недостиг на брашно, кога стапи оваа Влада не зборуваме за недостиг на рафинирано масло за јадење и веќе зборуваме за намалени цени на основни прехрамбени производи. Тоа е резултат кога ќе ангажирате експерти да ви помагаат во работата и јас секогаш сум се придржувал на тоа, потенцира премиерот.

The post Премиерот одговори кога ќе престанат партиските вработувања appeared first on Република.

]]>
Се најде државна работа и за сопругата на Бектеши https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-najde-drzhavna-rabota-i-za-soprugata-na-bekteshi/ Thu, 29 Dec 2022 13:03:33 +0000 https://republika.mk/?p=591476

Улка Каба Бектеши, сопруга на министерот за економија од ДУИ Крешник Бектеши се вработила во владина институција, тврдат владини извори за expres.mk кои овој случај на непотизам го приложуваат како доказ за погрешното владеење на крилото на Груби и Османи во ДУИ и владата.

Вработувањето на Улка Каба Бектеши се случува на два дена пред Нова година со цел во предновогодишната атмосфера да се скрие скандалот во кој сопругата на министерот за економија добива државна плата затоа што не може да најде работа во реалната економија за која Бектеши вели дека цвета.

Пред околу две години и сестрата на Бектеши се вработи во државна фирма но тогаш министерот тврдеше дека тој не интервенирал.

https://republika.mk/vesti/makedonija/bekteshi-nema-da-ponudi-ostavka-kje-platel-kazna-za-vrabotuvanjeto-na-negovata-sestra/

The post Се најде државна работа и за сопругата на Бектеши appeared first on Република.

]]>

Улка Каба Бектеши, сопруга на министерот за економија од ДУИ Крешник Бектеши се вработила во владина институција, тврдат владини извори за expres.mk кои овој случај на непотизам го приложуваат како доказ за погрешното владеење на крилото на Груби и Османи во ДУИ и владата. Вработувањето на Улка Каба Бектеши се случува на два дена пред Нова година со цел во предновогодишната атмосфера да се скрие скандалот во кој сопругата на министерот за економија добива државна плата затоа што не може да најде работа во реалната економија за која Бектеши вели дека цвета. Пред околу две години и сестрата на Бектеши се вработи во државна фирма но тогаш министерот тврдеше дека тој не интервенирал. https://republika.mk/vesti/makedonija/bekteshi-nema-da-ponudi-ostavka-kje-platel-kazna-za-vrabotuvanjeto-na-negovata-sestra/

The post Се најде државна работа и за сопругата на Бектеши appeared first on Република.

]]>
Во CV има само две години искуство и сопруга пратеничка од СДСМ – како од пумпаш се станува началник во СВР Тетово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-cv-ima-samo-dve-godini-iskustvo-i-sopruga-pratenichka-od-sdsm-kako-od-pumpash-se-stanuva-nachalnik-vo-svr-tetovo/ Fri, 16 Dec 2022 08:18:13 +0000 https://republika.mk/?p=586295

Сериозна епидемија на непотизам во СВР Тетово, алармираат од Левица, објавувајќи дека сопругот на пратеничката од СДСМ Фаница Николовска, Јованче Николовски со само 2 години работно искуство е назначен за началник на ОКРА во СВР Тетово од страна на Оливер Спасовски.

Имено за таа позиција, втора по хирархија во СВР Тетово, е потребно 6 години работно искуство!
Но, дотичната пратеничка си го вработи својот сопруг според "сите протоколи за вработување во рамките на законските прописи".
Јованче со своето долгогодишно искуство како обичен пумпаш, стана началник во СВР Тетово. Со среќа!
Обвинувате други за непотизам а за својот не одговарате!, потенцираат од Левица.

The post Во CV има само две години искуство и сопруга пратеничка од СДСМ – како од пумпаш се станува началник во СВР Тетово appeared first on Република.

]]>

Сериозна епидемија на непотизам во СВР Тетово, алармираат од Левица, објавувајќи дека сопругот на пратеничката од СДСМ Фаница Николовска, Јованче Николовски со само 2 години работно искуство е назначен за началник на ОКРА во СВР Тетово од страна на Оливер Спасовски.
Имено за таа позиција, втора по хирархија во СВР Тетово, е потребно 6 години работно искуство! Но, дотичната пратеничка си го вработи својот сопруг според "сите протоколи за вработување во рамките на законските прописи". Јованче со своето долгогодишно искуство како обичен пумпаш, стана началник во СВР Тетово. Со среќа! Обвинувате други за непотизам а за својот не одговарате!, потенцираат од Левица.

The post Во CV има само две години искуство и сопруга пратеничка од СДСМ – како од пумпаш се станува началник во СВР Тетово appeared first on Република.

]]>
Конечно работа и за филолозите: Договорите со здравствени установи во ФЗО ќе ги контролира книжевник, кадрово ќе води филолог https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/konechno-rabota-i-za-filolozite-dogovorite-so-zdravstveni-ustanovi-vo-fzo-kje-gi-kontrolira-knizevnik-kadrovo-kje-vodi-filolog/ Tue, 01 Nov 2022 14:41:38 +0000 https://republika.mk/?p=568369

Додека само Здравствениот дом Скопје има поднесено барање за 300 вработувања од кои 200 доктори и 100 медицински сестри, Фондот за здрватсвено осигурување објави оглас за вработување на 53 административци.

И можеби се би било во ред доколку недостигаат лица за да се изврши работата соодветно и навремено, но за одредени работни места се бара несоодветно образование.

Колку за илустрација, за работното место соработник за пресметување на надомест за боледување се бара личност со завршен Филозофски факултет, за местото соработник за надомест на лекови треба да има завршено Факултет за стоматологија, за работното место соработник за договори со здравствени установи се бара лице со Факултет за книжевност – филологија, се бара и стручен соработник за управување со човечки ресурси кој исто така треба да биде филолог, односно јазичар, се бара и книговодител со средно или вишо и слично.

Ова е се, само не е соодветна регрутација на кадри. Во период кога нема медицински персонал поради заминување од земјава за што прилина се ниските плати, лоши услови за работа, се вработуваат администратици и тоа со сосема несоодветно образование, коментираат правници кои работат на систематизации во државните установи.

Неспорно е дека има квалитетни луѓе во администрацијата, велат тие, но се додека се објавуваат несоодветни огласи и се бараат несоодветни лица ништо не се прави.

Вака ниту граѓаните добиваат соодветна услуга, ниту институциите, едноставно системот не функционира, констатираат упатените.

The post Конечно работа и за филолозите: Договорите со здравствени установи во ФЗО ќе ги контролира книжевник, кадрово ќе води филолог appeared first on Република.

]]>

Додека само Здравствениот дом Скопје има поднесено барање за 300 вработувања од кои 200 доктори и 100 медицински сестри, Фондот за здрватсвено осигурување објави оглас за вработување на 53 административци. И можеби се би било во ред доколку недостигаат лица за да се изврши работата соодветно и навремено, но за одредени работни места се бара несоодветно образование. Колку за илустрација, за работното место соработник за пресметување на надомест за боледување се бара личност со завршен Филозофски факултет, за местото соработник за надомест на лекови треба да има завршено Факултет за стоматологија, за работното место соработник за договори со здравствени установи се бара лице со Факултет за книжевност – филологија, се бара и стручен соработник за управување со човечки ресурси кој исто така треба да биде филолог, односно јазичар, се бара и книговодител со средно или вишо и слично.
Ова е се, само не е соодветна регрутација на кадри. Во период кога нема медицински персонал поради заминување од земјава за што прилина се ниските плати, лоши услови за работа, се вработуваат администратици и тоа со сосема несоодветно образование, коментираат правници кои работат на систематизации во државните установи.
Неспорно е дека има квалитетни луѓе во администрацијата, велат тие, но се додека се објавуваат несоодветни огласи и се бараат несоодветни лица ништо не се прави.
Вака ниту граѓаните добиваат соодветна услуга, ниту институциите, едноставно системот не функционира, констатираат упатените.

The post Конечно работа и за филолозите: Договорите со здравствени установи во ФЗО ќе ги контролира книжевник, кадрово ќе води филолог appeared first on Република.

]]>
Партиски вработувања во Фондот за пензиско осигурување: Братучедот и професорот по физичко го советуваат директорот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/partiski-vrabotuvanja-vo-fondot-za-penzisko-osiguruvanje-bratuchedot-i-profesorot-po-fizichko-go-sovetuvaat-direktorot/ Fri, 21 Oct 2022 18:17:30 +0000 https://republika.mk/?p=564170

Во редакцијата на ТВ Клан стигнал анонимен олик во кој имало документи за вработувања во Фондот за пензиско осигурување.

Како што обајснува новинарот Фуркан Салиу, документите и тоа што е напишано во нив, потврдуваат дека директорот, Дритан беџети, вработил неколку лица само затоа што се негови сопартијци, а не затоа што Фондот има потреба од нивните услуги.

The post Партиски вработувања во Фондот за пензиско осигурување: Братучедот и професорот по физичко го советуваат директорот appeared first on Република.

]]>

Во редакцијата на ТВ Клан стигнал анонимен олик во кој имало документи за вработувања во Фондот за пензиско осигурување. Како што обајснува новинарот Фуркан Салиу, документите и тоа што е напишано во нив, потврдуваат дека директорот, Дритан беџети, вработил неколку лица само затоа што се негови сопартијци, а не затоа што Фондот има потреба од нивните услуги.    

The post Партиски вработувања во Фондот за пензиско осигурување: Братучедот и професорот по физичко го советуваат директорот appeared first on Република.

]]>
Наставничката Костурски од СДСМ вработена во АЕК како информатички техничар, пред вистински информатичар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nastavnichkata-kosturski-od-sdsm-vrabotena-vo-aek-kako-informatichki-tehnichar-pred-vistinski-informatichar/ Wed, 07 Sep 2022 08:48:50 +0000 https://republika.mk/?p=548186

Честитки за госпоѓа Емилија Костурски, член на ЦО на СДСМ од Битола, за новото вработување во АЕК, за нето плата од 55.000 денари. Можеби како наставничка на возраст од 56 години не била задоволна од платата во медицинското училиште, или можеби директорот на АЕК (Јетон Акику, ДУИ) проценил дека Емилија Костурски е најдобриот стручњак во Битола без кој институцијата нема да може да напредува, пишува пратеникот Антонио Милошоски за новиот пример на партиски вработувања во АЕК.

Интересно е што на августовскиот оглас во АЕК конкурирале г-а Костурски (завршен електро факултет) и еден помлад 35 годишен човек со завршен информатички факултет. Но, иако во огласот се бара соработник за информатички технолигии, сепак АЕК ја избира Емилија Костурски, што остава сомнеж дека конкурсот е наместен. Интересно е што на интервјуто во Агенцијата за администрација информатичарот добива 35 поени, а госпоѓата од СДСМ ги добива сите 40 поени, ни поен помалку од максимумот. Браво. Изгледа дека госпоѓа Костурски навистина е талент по информатички технолигии, само хејтерите би рекле дека огласот во АЕК е наместен за неа, а тоа што таа беше советничка и заменик градоначалник на Битола од СДСМ веројатно е чиста случајност. Сепак, решението на АЕК е обжалено и во следниот период останува да се види дали 35 годишниот дипломиран информатичар ќе успее да докаже дека неговата стручност е побитна од клиентелизмот на госпоѓата Костурски?, прашува Милошоски.

The post Наставничката Костурски од СДСМ вработена во АЕК како информатички техничар, пред вистински информатичар appeared first on Република.

Која мајка изгубила син градоначалник, ќе си го најде вдомен во МВР https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/koja-majka-izgubila-sin-gradonachalnik-kje-si-go-najde-vdomen-vo-mvr/ Thu, 09 Jun 2022 10:48:29 +0000 https://republika.mk/?p=513106

Социјалдемократскиот сојуз и Оливер Спасовски, бесрамно, без никаква претходна квалификација, голем дел од поранешните градоначалници ги вработи во МВР, обвини на денешната прес-конференција пратеникот Драган Ковачки, потенцирајќи дека Спасовски директно врши партизација на полицијата, што ќе допринесе уште повеќе министерството за внатрешни работи наместо да биде гарант за законите и безбедноста на граѓаните, да биде извор на криминалот и корупцијата.

По губењето на изборите во министерството за внатрешни работи поранешните градоначалници Борис Георгиевски од Гази Баба, Сашо Јанковски од Вевчани, Благој Илиев од Конче, Горан Крстев - Грга од Чешиново Облешево, сите градоначалници од СДСМ кои што ја загубија трката за втор мандат беа вработени. Исто така Драги Тренчовски од Пехчево и Аднан Џаферовски, поразени кандидати од СДСМ за градоначалници, се дел од оние со коишто се врши брутална партизација на полицијата.

Тие по изборите експресно се вработени во полиција на позиции од виш полициски советник за стратешко планирање како што е случајот со Џаферовски, до самостоен инспектор, Илиев од Конче, Јанкоски од Вевчани е пак самостоен инспектор во Охрид. Борис Георгиевски, од градоначалник во Гази Баба, Спасовски директно го вработува како главен инспектор за идентификација на ДНК!, објави Ковачки.

Дополнително, потенцира Ковачки, се поставува прашањето кога и како овие лица го имаат поминато законски предвидениот тест за интегритет.

Ако на оваа листа ги додадеме Сунчица Алексовска во БЈБ, Емилија Александрова, началник на АНБ во Берово, Дафина Гешковска Виш инспектор во АНБ, Прилеп, како и Славјанка Петровска и Славица Грковска, сега министерки, а до вчера директно вработени во МВР, јасно е дека МВР и полицијата служи за вдомување на партиски членови без соодветни квалификации на високи позиции, рече тој.

Потенцираше дека со ова се кршат сите правила, закони и меѓународни препораки.

Ова е спротивно на препораките на ГРЕКО со кои директно се дадоа насоки за МВР и полицијата да се департизира.

Ако на ова се додадат и промените со кои на министерот му се дозволува да унапредува по три места одеднаш станува јасно дека во МВР се поттикнува корупција и е класичен пример за партизација на институциите, вели Ковачки.

Ова ли е теркот, прашува тој, и за пополна на МВР со огласот за 600 нови вработувања?

МВР со Спасовски, СДСМ и ДУИ во служба на партиските потреби е во центарот на скандалите со кои полициски началници се фатени во транспорт на дрога, убиство за кое прво се велеше дека не е убиство, кражба на оружје и муниција од сопствените магацини, нерасчистени престрелки и што ли уште не.

Почитувани ова е премногу, МВР мора да биде гарант на сигурноста на граѓаните, а не да биде партиска испостава на СДСМ. Премногу е, потребни се итни избори. Приклучете се на протестот на 18-ти јуни, пред Владата во 20 часот, повика Ковачки.

https://youtu.be/d7b8ROcbXT8

The post Која мајка изгубила син градоначалник, ќе си го најде вдомен во МВР appeared first on Република.

]]>

Социјалдемократскиот сојуз и Оливер Спасовски, бесрамно, без никаква претходна квалификација, голем дел од поранешните градоначалници ги вработи во МВР, обвини на денешната прес-конференција пратеникот Драган Ковачки, потенцирајќи дека Спасовски директно врши партизација на полицијата, што ќе допринесе уште повеќе министерството за внатрешни работи наместо да биде гарант за законите и безбедноста на граѓаните, да биде извор на криминалот и корупцијата.
По губењето на изборите во министерството за внатрешни работи поранешните градоначалници Борис Георгиевски од Гази Баба, Сашо Јанковски од Вевчани, Благој Илиев од Конче, Горан Крстев - Грга од Чешиново Облешево, сите градоначалници од СДСМ кои што ја загубија трката за втор мандат беа вработени. Исто така Драги Тренчовски од Пехчево и Аднан Џаферовски, поразени кандидати од СДСМ за градоначалници, се дел од оние со коишто се врши брутална партизација на полицијата. Тие по изборите експресно се вработени во полиција на позиции од виш полициски советник за стратешко планирање како што е случајот со Џаферовски, до самостоен инспектор, Илиев од Конче, Јанкоски од Вевчани е пак самостоен инспектор во Охрид. Борис Георгиевски, од градоначалник во Гази Баба, Спасовски директно го вработува како главен инспектор за идентификација на ДНК!, објави Ковачки.
Дополнително, потенцира Ковачки, се поставува прашањето кога и како овие лица го имаат поминато законски предвидениот тест за интегритет.
Ако на оваа листа ги додадеме Сунчица Алексовска во БЈБ, Емилија Александрова, началник на АНБ во Берово, Дафина Гешковска Виш инспектор во АНБ, Прилеп, како и Славјанка Петровска и Славица Грковска, сега министерки, а до вчера директно вработени во МВР, јасно е дека МВР и полицијата служи за вдомување на партиски членови без соодветни квалификации на високи позиции, рече тој.
Потенцираше дека со ова се кршат сите правила, закони и меѓународни препораки.
Ова е спротивно на препораките на ГРЕКО со кои директно се дадоа насоки за МВР и полицијата да се департизира. Ако на ова се додадат и промените со кои на министерот му се дозволува да унапредува по три места одеднаш станува јасно дека во МВР се поттикнува корупција и е класичен пример за партизација на институциите, вели Ковачки.
Ова ли е теркот, прашува тој, и за пополна на МВР со огласот за 600 нови вработувања?
МВР со Спасовски, СДСМ и ДУИ во служба на партиските потреби е во центарот на скандалите со кои полициски началници се фатени во транспорт на дрога, убиство за кое прво се велеше дека не е убиство, кражба на оружје и муниција од сопствените магацини, нерасчистени престрелки и што ли уште не. Почитувани ова е премногу, МВР мора да биде гарант на сигурноста на граѓаните, а не да биде партиска испостава на СДСМ. Премногу е, потребни се итни избори. Приклучете се на протестот на 18-ти јуни, пред Владата во 20 часот, повика Ковачки.
https://youtu.be/d7b8ROcbXT8

The post Која мајка изгубила син градоначалник, ќе си го најде вдомен во МВР appeared first on Република.

]]>
Изборна година – полна администрација: Од 175 партиски вработувања во ЈСП, автобусите нема кој да ги вози https://arhiva3.republika.mk/vesti/izborna-godina-polna-administracija-od-175-partiski-vrabotuvanja-vo-jsp-avtobusite-nema-koj-da-gi-vozi/ Wed, 20 Apr 2022 15:42:03 +0000 https://republika.mk/?p=491314

Галески: Не е само скандалот со продажба на градската куќа, ЈСП оставено со загуба од 205 милиони денари минатата година

Една од оставштините кои што ни ги остави претходната администрација беше продажбата на нова административна зграда по цена која е далеку помала од реалната. А друга оставштина  која што ни ја остави се загубите на претпријатијата во градот Скопје и тоа многу лесно може да се види од годишната сметка на Јавното сообраќајно претпријатие за 2021 година, вели Галески советник во Советот на Град Скопје на денешната седница.

Галески потенцираше дека ЈСП бележи загуби од 205 милиони денари, како и дека претпријатието земало и кредит за кое што годишно според извештајот треба да плаќа околу 2 милиони евра, а доспеаните обврски се 310 милиони денари.

ЈСП бележи загуба од 205 милиони денари, ете толку домаќински се работело. Од извештајот може да се  забележи зголемување на ставката за трошоци на суровини и материјали од цели 107 милиони денари, или милион и 700 илјади евра при намален приход. Значи предминатата година биле 248 милиони, а во 2021 година тоа се 356 милиони денари. Добро е да се знае за што се потрошени овие пари и зошто е зголемена сумата од цели милион и 700 евра. Како тоа да не било доволно претпријатието земало и кредит за коj годишно треба да плаќа околу 2 милиони евра, а доспеаните обврски се 310 милиони денари, истакна тој.

Галески додаде дека голем дел од превозните средства кои што ги користи претпријатието се вон употреба и праша зошто овие возила се оставени во таква состојба со оглед на тоа дека во извештајот стои дека се инвестирани инвестирани пари, нагласувајќи дека претходната градска управа со ваква лоша финансиска состојба објавила оглас за вработување на 175 нови вработувања во претпријатие за административен кадар, но не и за возачи на автобуси за кои како што рече се дефицитарни.

Според извештајот исто така може да се забележи дека голем дел од превозните средства кои што ги користи претпријатието се вон употреба и прашање е зошто при толку многу потрошени пари овие возила биле оставени во таква состојба. И ако некој има дилеми зошто претпријатието има загуби од 205 милиони денари, добар одговор може да даде и настанот пред една година токму во оваа сала, кога тогашната градска управа предложи план за вработување во ЈСП кои што предвидуваше 175 нови вработувања. Значи 175 нови вработувања, а загуба од 205 милиони денари, и тогаш ние укажувавме на тоа дека претпријатието финансиски се истоштува, а одговорот беше дека има солиден план за консолидација на претпријатието. Епа еве го гледаме тој солиден план, 175 вработувања за една година, а загуби од 205 милиони денари. Во истата година за привремени  вработувања согласно извештајот се дадени дополнителни 4 милиони и 720 илјади денари или 76.000 евра, а претпријатието ангажирало и приватен преведувач бидејќи не можело да користи сопствени ресурси и за тоа се дадени некаде околу 472 илјади денари, дециден е тој.

Галески  рече дека ја поздравува одлуката на градската управа и градоначалничката за намалување на цената на автобускиот билет, посочувајќи дека ваквите долгови не смеат да паднат на грбот на скопјани.

И сега сигурно образложението би било па ЈСП постојано се храни со субвенции од градот, па таа практика мора да се промени. Инаку за потенцирање овие 175 нови вработувања согласно планот кој што минатата година го усвои претпријатието не се предвидени за дефицитариот кадар за возачи на автобуси, туку се предвидени вработувања за друг административен кадар и можеме да претпоставиме за што станувало збор со оглед на тоа дека мината година беше изборна година. И се разбира дека ваквите долгови не смеат да паднат на грбот на скопјани и во таа насока ја поздравувам иницијативата на оваа градска управа и на градоначалничката да се намали цената на билетот и да се најде друг начин за финансиски да се консолидира ова претпријатие, заклучи Галески.

The post Изборна година – полна администрација: Од 175 партиски вработувања во ЈСП, автобусите нема кој да ги вози appeared first on Република.

]]>

Галески: Не е само скандалот со продажба на градската куќа, ЈСП оставено со загуба од 205 милиони денари минатата година Една од оставштините кои што ни ги остави претходната администрација беше продажбата на нова административна зграда по цена која е далеку помала од реалната. А друга оставштина  која што ни ја остави се загубите на претпријатијата во градот Скопје и тоа многу лесно може да се види од годишната сметка на Јавното сообраќајно претпријатие за 2021 година, вели Галески советник во Советот на Град Скопје на денешната седница. Галески потенцираше дека ЈСП бележи загуби од 205 милиони денари, како и дека претпријатието земало и кредит за кое што годишно според извештајот треба да плаќа околу 2 милиони евра, а доспеаните обврски се 310 милиони денари.
ЈСП бележи загуба од 205 милиони денари, ете толку домаќински се работело. Од извештајот може да се  забележи зголемување на ставката за трошоци на суровини и материјали од цели 107 милиони денари, или милион и 700 илјади евра при намален приход. Значи предминатата година биле 248 милиони, а во 2021 година тоа се 356 милиони денари. Добро е да се знае за што се потрошени овие пари и зошто е зголемена сумата од цели милион и 700 евра. Како тоа да не било доволно претпријатието земало и кредит за коj годишно треба да плаќа околу 2 милиони евра, а доспеаните обврски се 310 милиони денари, истакна тој.
Галески додаде дека голем дел од превозните средства кои што ги користи претпријатието се вон употреба и праша зошто овие возила се оставени во таква состојба со оглед на тоа дека во извештајот стои дека се инвестирани инвестирани пари, нагласувајќи дека претходната градска управа со ваква лоша финансиска состојба објавила оглас за вработување на 175 нови вработувања во претпријатие за административен кадар, но не и за возачи на автобуси за кои како што рече се дефицитарни.
Според извештајот исто така може да се забележи дека голем дел од превозните средства кои што ги користи претпријатието се вон употреба и прашање е зошто при толку многу потрошени пари овие возила биле оставени во таква состојба. И ако некој има дилеми зошто претпријатието има загуби од 205 милиони денари, добар одговор може да даде и настанот пред една година токму во оваа сала, кога тогашната градска управа предложи план за вработување во ЈСП кои што предвидуваше 175 нови вработувања. Значи 175 нови вработувања, а загуба од 205 милиони денари, и тогаш ние укажувавме на тоа дека претпријатието финансиски се истоштува, а одговорот беше дека има солиден план за консолидација на претпријатието. Епа еве го гледаме тој солиден план, 175 вработувања за една година, а загуби од 205 милиони денари. Во истата година за привремени  вработувања согласно извештајот се дадени дополнителни 4 милиони и 720 илјади денари или 76.000 евра, а претпријатието ангажирало и приватен преведувач бидејќи не можело да користи сопствени ресурси и за тоа се дадени некаде околу 472 илјади денари, дециден е тој.
Галески  рече дека ја поздравува одлуката на градската управа и градоначалничката за намалување на цената на автобускиот билет, посочувајќи дека ваквите долгови не смеат да паднат на грбот на скопјани.
И сега сигурно образложението би било па ЈСП постојано се храни со субвенции од градот, па таа практика мора да се промени. Инаку за потенцирање овие 175 нови вработувања согласно планот кој што минатата година го усвои претпријатието не се предвидени за дефицитариот кадар за возачи на автобуси, туку се предвидени вработувања за друг административен кадар и можеме да претпоставиме за што станувало збор со оглед на тоа дека мината година беше изборна година. И се разбира дека ваквите долгови не смеат да паднат на грбот на скопјани и во таа насока ја поздравувам иницијативата на оваа градска управа и на градоначалничката да се намали цената на билетот и да се најде друг начин за финансиски да се консолидира ова претпријатие, заклучи Галески.

The post Изборна година – полна администрација: Од 175 партиски вработувања во ЈСП, автобусите нема кој да ги вози appeared first on Република.

]]>
Арсовска: Пред локалните избори во град Скопје се вработиле скоро 100 луѓе https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/arsovska-pred-lokalnite-izbori-vo-grad-skopje-se-vrabotile-skoro-100-lugje/ Fri, 01 Apr 2022 20:23:19 +0000 https://republika.mk/?p=482132

Стотина нови административци биле вработени непосредно пред изборите, информира вечерва скопската градоначалничка Данела Арсовска. Во гостување на ТВ Шења Арсовска ги демнатира невистините на власта дека дека ќе бидат потрошени средства на партиски вработувања.

Претпоставувам дека мислеле на нешто што тие планирале да го направат, но сега не се во можност бидејќи ги изгубија изборите. Неопходно е во градот и во јавните претпријатија да се консолидираат процесите. Ние гледаме дека тие ја зголемиле бројката на вработени за 100 нови, а услугите коишто им се нуделе на граѓаните не биле ништо поквалитетни. Напротив, трошеле пари на кафеани, на непродуктивни трошоци и сега повеќе за тие намени не се трошат парите на граѓаните, изјави градоначалничката на Град Скопје.

Арсовска истакна дека се во тек ревизии на работењето на градот  и на јавните претпријатија во изминатите години и фактичката состојба укажува на сериозни проблеми, истакнувајќи дека претпријатијата се финансиски девастирани.

Сериозни ревизии се во тек, за дел имаме конкретни информации и за истите отпочнавме со информирање на јавноста. Во моментов ги сумираме дел од забелешките коишто ги добивме, но ќе покренуваме и соодветни постапки за нотирани злоупотреби на службената должност и овластувања и се што се правело, а не било во интерес на граѓаните. Има основани сомненија, ја известуваме јавноста и понатаму се доставуваат до надлежните институции коишто би требало да постапат, за истото да не се повторува и во иднина, вели Арсовска.

The post Арсовска: Пред локалните избори во град Скопје се вработиле скоро 100 луѓе appeared first on Република.

Груби си вработил роднина во министерството со кое раководи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grubi-si-vrabotil-rodnina-vo-ministerstvoto-so-koe-rakovodi/ Tue, 29 Mar 2022 07:12:24 +0000 https://republika.mk/?p=480116

Артан Груби го приватизира ,инистерството, наместо по компетенции вработува роднини!?, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Со одлука на Груби од 21.03.2022 година на работно место самостоен референт за стратешко планирање, креирање на политики и следење, во Одделение за стратешко планирање, креирање на политики и следење е вработен Сезар Груби. Ова е директен непотизам, и во спротивност со Законот за спречување на корупција. Во министерството каде Артан Груби е министер, со негов потпис, се вработува неговиот роднина? ДКСК веднаш да го испита случајот и да се поништи одлуката за вработување. Груби, е синоним за тоа како врвот на ДУИ ги злоупотребува институциите за вработување на своите блиски луѓе. И додека граѓаните се соочуваат со егзистенцијални проблеми, со високи сметки за струја и парно, со покачени цени на горивата и основните животни намирници СДСМ и ДУИ работат за свој личен интерес, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Груби си вработил роднина во министерството со кое раководи appeared first on Република.

За 4 години СДСМ создал 24000 работни места во приватниот и 30.000 во јавниот сектор, вели Мицкоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/za-4-godini-sdsm-sozdal-24000-rabotni-mesta-vo-privatniot-i-30-000-vo-javniot-sektor-veli-mickoski/ Thu, 10 Mar 2022 23:08:15 +0000 https://republika.mk/?p=471008

Во вечерашната емисија на Алфа Телевизија претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека СДСМ го зголемила бројот на вработувања во државната управа за 30 илјади повеќе, додека ВМРО-ДПМНЕ го намали за 26 илјади.

„Успехот на тие економски политики се гледа во креирањето на нови работни места, БДП и јавниот долг, менаџирањето. Во тие 10 години таа влада, на ВМРО-ДПМНЕ да креира околу 180 илјади работни места во приватниот сектор. Значи 18 илјади нови работни места, во приватниот сектор годишно. Оваа Влада што требаше живот да донесе најпрвин на Зоран Заев, а сега и на Димитар Ковачевски, во овие четири години 18,19,20 ,21 успеала да креира во приватниот сектор само 24 илјади работни места , или 6 000, или три пати помалку од претходната Влада и внимавајте имаше две сериозни кризи како што беше должничко доверителската и финансиска што по сите параметри беа многу посилни отколку ковид пандемијата. Внимавајте имаат креирано околу 30 илјади работни места во јавниот сектор, нели велеа ќе ја намалуваат администрацијата.“ нагласи Мицкоски.

Претседателот на ВМРО- ДПМНЕ истакна дека СДСМ вработила 30 илјади партиски војници во јавниот сектор.

„Во овие четири години тие вработиле 30 илјади партиски војници во јавниот сектор. И само 24 илјади во приватниот сектор. Односно три пати помалку одколку претходните со 180 илјади работни места, односно 18 илјади просечно годишно“ заклучи Мицкоски.

The post За 4 години СДСМ создал 24000 работни места во приватниот и 30.000 во јавниот сектор, вели Мицкоски appeared first on Република.