партиципација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/participacija/ За подобро да се разбереме Thu, 01 Feb 2024 13:45:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png партиципација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/participacija/ 32 32 Најавите за покачување на сумите за партиципација ги разгневија студентите, најавуваат протести https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/najavite-za-pokachuvane-na-sumite-za-partitsipatsija-gi-razgnevija-studentite-najavuvaat-protesti/ Thu, 01 Feb 2024 13:45:09 +0000 https://republika.mk/?p=739422

Најавите за покачување на сумите за партиципација ги разгневија студентите. Повеќе студентски организации излегоа со остри реакции, а некои дури се заканија и со протести. Ректоратот на УКИМ побарал став од факултетите за покачување на партиципациите, но одлука уште нема.

На факултетите на најголемиот државен Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ каде студирањето законски треба да биде бесплатно, се разгледува предлогот за зголемување на партиципацијата. Во моментот студентите плаќаат по 100 евра од семестар, а во приватна квота по 200 евра семестар. Најавите се дека оваа сума ќе се зголеми двојно.

За најголем дел од студентите какво било покачување на партиципациите би било неприфатливо.

извор: Радио Слободна Европа

The post Најавите за покачување на сумите за партиципација ги разгневија студентите, најавуваат протести appeared first on Република.

]]>

Најавите за покачување на сумите за партиципација ги разгневија студентите. Повеќе студентски организации излегоа со остри реакции, а некои дури се заканија и со протести. Ректоратот на УКИМ побарал став од факултетите за покачување на партиципациите, но одлука уште нема.
На факултетите на најголемиот државен Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ каде студирањето законски треба да биде бесплатно, се разгледува предлогот за зголемување на партиципацијата. Во моментот студентите плаќаат по 100 евра од семестар, а во приватна квота по 200 евра семестар. Најавите се дека оваа сума ќе се зголеми двојно. За најголем дел од студентите какво било покачување на партиципациите би било неприфатливо. извор: Радио Слободна Европа

The post Најавите за покачување на сумите за партиципација ги разгневија студентите, најавуваат протести appeared first on Република.

]]>
МОН: Нема покачување на партиципацијата за студирање на државните факултети https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-nema-pokachuvane-na-partitsipatsijata-za-studirane-na-drzhavnite-fakulteti/ Mon, 29 Jan 2024 11:23:31 +0000 https://republika.mk/?p=738102

Министерството за образование и наука (МОН) реагира на натписите во дел од медиумите во кои се посочува дека на иницијатива на министерството и Владата, двојно ќе се зголемува партиципацијата за студирање на државните високообразовни установи на сите три циклуси на студии.

Се работи за невистинита информација и затоа апелираме студентите да бидат спокојни, бидејќи и натаму ќе ги плаќаат истите износи за државната и за квотата со кофинансирање кои важат во моментов, велат од МОН.

Оттаму додаваат дека во комуникација со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, добиле информација дека ректоратот побарал мислење од факултетите и единиците во состав, за тоа дали износите кои во моментов се плаќаат се оправдани или можеби треба да претрпат одредени корекции.

Но, тоа е интерно инициран процес, велат од МОН.

Министерството за образование и наука го почитува принципот на инклузивност при креирањето на политиките и носењето на одлуките, така што ги уверуваме студентите дека ниту една одлука која го засега нивниот образовен процес нема да биде донесена без да бидат вклучени организациите кои ги застапуваат идните академски граѓани. Износите на партиципација остануваат идентични како и досега, додаваат од МОН.

The post МОН: Нема покачување на партиципацијата за студирање на државните факултети appeared first on Република.

Зајкова: Укинување на партиципација за основните лекарства на пензионерите, зашто секој е важен https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zajkova-ukinuvane-na-partitsipatsija-za-osnovnite-lekarstva-na-penzionerite-zashto-sekoj-e-vazhen/ Thu, 31 Aug 2023 11:38:34 +0000 https://republika.mk/?p=677600

Активното стареење е клуч за квалитетно ментално и физичко здравје, а социјалната сигурност и благосостојбата на заедницата кај повозрасното население во Македонија е еден од главните приоритети на либерално-демократските иницијативи. Специјализирани центри на заедницата за постарите граѓани е една од мерките кои денеска ги презентираше претседателката на Либерално Демократската партија Моника Зајкова придружувана од претседателот на општинската организација при ЛДП Аеродром Андреј Крстевски на средбата со пензионерите во Дом за стари лица Аеродром.

- Укинување на партиципацијата за основи лекови за пензионерите , продолжување на мерките за справување со енергетската криза и обезбедување помош за секој пензионер со ниска пензија. Потребно континуирано одржување на старечките домовите, подобрување на безбедноста како и полесен пристап до граѓанските услуги за пензионерите. Следејќи го моделот на канадскиот додаток за гарантиран приход (ГИС) пензионерите со навршени 65 години и со годишен приход под 200.000 денари во годината да имаат гарантиран приход, а финансиите ќе се обезбедат преку 1% зголемување на даноците за луксузни стоки и 0,5% распределба од националниот буџет. Средствата ќе се распределат преку користење на постојната инфраструктура за дистрибуција на пензиите за ефикасна испорака на бенефиции, рече Зајкова појаснувајќи ги дел од иницијативите на ЛДП.

Канадската програма за старосна безбедност (ОАС) е основна заштитна мрежа за постарите лица. Таа обезбедува скромна месечна исплата на постари лица постари од 65 години.

- Посветена на принципите на демократија, слобода и социјална правда, Либерално-Демократската партија отсекогаш била во првите редови на политиките кои имаат за цел да ја подобрат благосостојбата на сите нејзини граѓани. Здравствени прегледи, едукативни курсеви и социјални активности би се финансирале преку јавно-приватно партнерство и распределба од 0,2% од националниот буџет, врз основа на слични успешни иницијативи во Канада и Велика Британија, додаде претседателката Зајкова.

The post Зајкова: Укинување на партиципација за основните лекарства на пензионерите, зашто секој е важен appeared first on Република.

]]>

Активното стареење е клуч за квалитетно ментално и физичко здравје, а социјалната сигурност и благосостојбата на заедницата кај повозрасното население во Македонија е еден од главните приоритети на либерално-демократските иницијативи. Специјализирани центри на заедницата за постарите граѓани е една од мерките кои денеска ги презентираше претседателката на Либерално Демократската партија Моника Зајкова придружувана од претседателот на општинската организација при ЛДП Аеродром Андреј Крстевски на средбата со пензионерите во Дом за стари лица Аеродром. - Укинување на партиципацијата за основи лекови за пензионерите , продолжување на мерките за справување со енергетската криза и обезбедување помош за секој пензионер со ниска пензија. Потребно континуирано одржување на старечките домовите, подобрување на безбедноста како и полесен пристап до граѓанските услуги за пензионерите. Следејќи го моделот на канадскиот додаток за гарантиран приход (ГИС) пензионерите со навршени 65 години и со годишен приход под 200.000 денари во годината да имаат гарантиран приход, а финансиите ќе се обезбедат преку 1% зголемување на даноците за луксузни стоки и 0,5% распределба од националниот буџет. Средствата ќе се распределат преку користење на постојната инфраструктура за дистрибуција на пензиите за ефикасна испорака на бенефиции, рече Зајкова појаснувајќи ги дел од иницијативите на ЛДП. Канадската програма за старосна безбедност (ОАС) е основна заштитна мрежа за постарите лица. Таа обезбедува скромна месечна исплата на постари лица постари од 65 години. - Посветена на принципите на демократија, слобода и социјална правда, Либерално-Демократската партија отсекогаш била во првите редови на политиките кои имаат за цел да ја подобрат благосостојбата на сите нејзини граѓани. Здравствени прегледи, едукативни курсеви и социјални активности би се финансирале преку јавно-приватно партнерство и распределба од 0,2% од националниот буџет, врз основа на слични успешни иницијативи во Канада и Велика Британија, додаде претседателката Зајкова.

The post Зајкова: Укинување на партиципација за основните лекарства на пензионерите, зашто секој е важен appeared first on Република.

]]>
18 пациенти со вградена механичка потпора на срце бараат ослободување од партиципација за здравствените услуги https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/18-pacienti-so-vgradena-mehanichka-potpora-na-srce-baraat-osloboduvanje-od-participacija-za-zdravstvenite-uslugi/ Tue, 22 Mar 2022 22:33:56 +0000 https://republika.mk/?p=476894

Пациентите со вградена механичка циркулаторна потпора на срце бараат да бидат ослободени од плаќање партиципација за здравствените услуги.

Од националното здружение „Храбро срце“ во писмото испратено до премиерот, Владата и до Министерството за здравство бараат укинување на партиципацијата за оваа категорија на граѓани поради зголемените трошоци за патување до Скопје.

Самиот пораст на цените на горивата е енормно зголемен материјален трошок за нас кои претежно сме од внатрешноста на државата, а нашите редовни прегледи сме приморани да ги правиме во главниот град (Скопје) каде што единствено во државава има клиники за наша превенција и лекување. По порастот на трошоците за живот, за нас, пациентите со механичка циркулаторна потпора на срце (пумпа) навистина ќе ни биде големо олеснување доколку веднаш го остварите вашето ветување за ослободување од плаќање надомест за користење на сите здравствени услуги за нашата ранлива категорија на луѓе, се вели во писмото.

Од здружението тврдат дека им било дадено ветување оти на 1 јануари годинава ќе биде укинато плаќањето партиципација.

Напоменуваме дека сме вкупно 15-18 пациенти на ниво на држава и таа бројка е речиси непроменета со години наназад со оглед на морталитетот и новооперираните пациенти со инплантирана механичка потпора (пумпа) на срце, што значи дека не е голем товар за буџетот, а средства може да се пренаменат од оние кои се планирани за ослободување од плаќање партиципација при користење на здравствените услуги на карводарителите во државава, велат од здружението „Храбро срце“.

The post 18 пациенти со вградена механичка потпора на срце бараат ослободување од партиципација за здравствените услуги appeared first on Република.

]]>

Пациентите со вградена механичка циркулаторна потпора на срце бараат да бидат ослободени од плаќање партиципација за здравствените услуги. Од националното здружение „Храбро срце“ во писмото испратено до премиерот, Владата и до Министерството за здравство бараат укинување на партиципацијата за оваа категорија на граѓани поради зголемените трошоци за патување до Скопје.
Самиот пораст на цените на горивата е енормно зголемен материјален трошок за нас кои претежно сме од внатрешноста на државата, а нашите редовни прегледи сме приморани да ги правиме во главниот град (Скопје) каде што единствено во државава има клиники за наша превенција и лекување. По порастот на трошоците за живот, за нас, пациентите со механичка циркулаторна потпора на срце (пумпа) навистина ќе ни биде големо олеснување доколку веднаш го остварите вашето ветување за ослободување од плаќање надомест за користење на сите здравствени услуги за нашата ранлива категорија на луѓе, се вели во писмото.
Од здружението тврдат дека им било дадено ветување оти на 1 јануари годинава ќе биде укинато плаќањето партиципација.
Напоменуваме дека сме вкупно 15-18 пациенти на ниво на држава и таа бројка е речиси непроменета со години наназад со оглед на морталитетот и новооперираните пациенти со инплантирана механичка потпора (пумпа) на срце, што значи дека не е голем товар за буџетот, а средства може да се пренаменат од оние кои се планирани за ослободување од плаќање партиципација при користење на здравствените услуги на карводарителите во државава, велат од здружението „Храбро срце“.

The post 18 пациенти со вградена механичка потпора на срце бараат ослободување од партиципација за здравствените услуги appeared first on Република.

]]>
Влада: Лицата со попреченост се ослободени од партиципација за студирање https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlada-licata-so-poprechenost-se-oslobodeni-od-participacija-za-studiranje/ Fri, 18 Mar 2022 11:26:20 +0000 https://republika.mk/?p=474898

На иницијатива на Националното координативно тело за спроведување на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, Владата на Македонија донесе Уредба за правата на лицата со попреченост и други лица да бидат ослободени од партиципација за студирање.

Со оваа уредба Владата овозможи сите лица со попреченост запишани на прв, втор и трет циклус на студии на јавните високообразовни установи, да бидат ослободени од партиципација.

Оваа Уредба им овозможува на лицата со попреченост да ги остварат сопствените потенцијали и личен развој на еднаква основа со сите други граѓани да бидат вклучени во високообразовните процеси, а за образовните институции е поттик да ги прилагодат условите и програмите за образование за овие наши сограѓани.

На тој начин лицата со попреченост развиваат компетенции согласно сопствените преференци и стануваат конкурентни на пазарот на трудот.

Со оваа Уредба освен сите лица со попреченост, од партиципација за студирање се ослободуваат и лицата со статус на деца без родители и родителска грижа, невработените родители на деца и лицата со статус воени инвалиди.

За остварување на ова право, подносителот доставува барање со наод и мислење од Службата за функционална проценка на деца и млади при ЈЗУ Здравствен Дом-Скопје по основите на Меѓународната класификација на функционалноста (МКФ), како нов модел произлезен од реформата што ја спроведе Националното координативно тело за спроведување на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, со која се исклучува досегашниот медицински модел на категоризирање наспроти проценка на функционалните можности и капацитети на лицата со попреченост.

Согласно чл. 24 од Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост сите лица со попреченост имаат право на образование без исклучување и дискриминација со цел за максимален развој на човековиот потенцијал.

До донесувањето на оваа Уредба, право на ослободување на партиципација имаа само некои категории на лица со попреченост, што практично ги ставаше останатите во подредена позиција.

The post Влада: Лицата со попреченост се ослободени од партиципација за студирање appeared first on Република.

]]>

На иницијатива на Националното координативно тело за спроведување на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, Владата на Македонија донесе Уредба за правата на лицата со попреченост и други лица да бидат ослободени од партиципација за студирање. Со оваа уредба Владата овозможи сите лица со попреченост запишани на прв, втор и трет циклус на студии на јавните високообразовни установи, да бидат ослободени од партиципација. Оваа Уредба им овозможува на лицата со попреченост да ги остварат сопствените потенцијали и личен развој на еднаква основа со сите други граѓани да бидат вклучени во високообразовните процеси, а за образовните институции е поттик да ги прилагодат условите и програмите за образование за овие наши сограѓани. На тој начин лицата со попреченост развиваат компетенции согласно сопствените преференци и стануваат конкурентни на пазарот на трудот. Со оваа Уредба освен сите лица со попреченост, од партиципација за студирање се ослободуваат и лицата со статус на деца без родители и родителска грижа, невработените родители на деца и лицата со статус воени инвалиди. За остварување на ова право, подносителот доставува барање со наод и мислење од Службата за функционална проценка на деца и млади при ЈЗУ Здравствен Дом-Скопје по основите на Меѓународната класификација на функционалноста (МКФ), како нов модел произлезен од реформата што ја спроведе Националното координативно тело за спроведување на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, со која се исклучува досегашниот медицински модел на категоризирање наспроти проценка на функционалните можности и капацитети на лицата со попреченост. Согласно чл. 24 од Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост сите лица со попреченост имаат право на образование без исклучување и дискриминација со цел за максимален развој на човековиот потенцијал. До донесувањето на оваа Уредба, право на ослободување на партиципација имаа само некои категории на лица со попреченост, што практично ги ставаше останатите во подредена позиција.  

The post Влада: Лицата со попреченост се ослободени од партиципација за студирање appeared first on Република.

]]>