партенон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/partenon/ За подобро да се разбереме Tue, 28 Nov 2023 10:33:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png партенон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/partenon/ 32 32 Британија не и ги враќа на Грција скулптурите од Акропол https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/britanija-ne-i-gi-vraka-na-grtsija-skulpturite-od-akropol/ Tue, 28 Nov 2023 10:33:18 +0000 https://republika.mk/?p=717069

Британскиот премиер Риши Сунак одлучи да ја откаже средбата со својот грчки колега Киријакос Мицотакис бидејќи се налутил на својот грчки колега кој рекол дека Британците мора да ги вратат скулптурите од Партенон во Атина.

Мицотакис за време на појавувањето на британскиот јавен сервис рече дека Елгинските мермери, познати и како Партенон мермери, кои се наоѓаат во Британскиот музеј, мора да бидат вратени.

Мицотакис посочи дека официјален Лондон треба да ги врати скулптурите од Партенон, кои моментално се наоѓаат во Британскиот музеј. Овој спор меѓу двете земји е резултат на долгогодишното контроверзно прашање за враќање на оригиналните делови од Партенон на Грција.

Елгинските мермери, познати и како Партенон мермери, се збирка на класични грчки мермерни скулптури создадени под надзор на архитектот и скулптор Фидијас и неговите помошници. Овие оригинални делови од Партенон и други свети и церемонијални градби биле изградени на Акропол во Атина во 5 век п.н.е. Нивното присуство во Британскиот музеј предизвика поделени мислења и контроверзии кои траат со децении.

Станува збор за старогрчки богатства кои биле однесени во Лондон на почетокот на 19 век, откако биле купени од британскиот дипломат Лорд Елгин.

The post Британија не и ги враќа на Грција скулптурите од Акропол appeared first on Република.

]]>

Британскиот премиер Риши Сунак одлучи да ја откаже средбата со својот грчки колега Киријакос Мицотакис бидејќи се налутил на својот грчки колега кој рекол дека Британците мора да ги вратат скулптурите од Партенон во Атина. Мицотакис за време на појавувањето на британскиот јавен сервис рече дека Елгинските мермери, познати и како Партенон мермери, кои се наоѓаат во Британскиот музеј, мора да бидат вратени. Мицотакис посочи дека официјален Лондон треба да ги врати скулптурите од Партенон, кои моментално се наоѓаат во Британскиот музеј. Овој спор меѓу двете земји е резултат на долгогодишното контроверзно прашање за враќање на оригиналните делови од Партенон на Грција. Елгинските мермери, познати и како Партенон мермери, се збирка на класични грчки мермерни скулптури создадени под надзор на архитектот и скулптор Фидијас и неговите помошници. Овие оригинални делови од Партенон и други свети и церемонијални градби биле изградени на Акропол во Атина во 5 век п.н.е. Нивното присуство во Британскиот музеј предизвика поделени мислења и контроверзии кои траат со децении. Станува збор за старогрчки богатства кои биле однесени во Лондон на почетокот на 19 век, откако биле купени од британскиот дипломат Лорд Елгин.

The post Британија не и ги враќа на Грција скулптурите од Акропол appeared first on Република.

]]>
Видео од групен секс на Акропол ја згрози Грција: Ова е нечуено, таков разврат немало 2.500 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/video-od-grupen-seks-na-akropol-ja-zgrozi-grcija-ova-e-nechueno-takov-razvrat-nemalo-2-500-godini/ Sat, 25 Jun 2022 09:56:36 +0000 https://republika.mk/?p=519554

Откако група мажи организирале групен секс во мал храм во комплексот Акропол во Атина, а потоа се снимале за време на чинот, грчките власти одлучија да постават камери за надзор на Партенон, пишува „Тајмс“.

Тоа беше развратен, ужасно развратен чин. Тоа е најсрамниот напад на светоста на местото - вели за весникот Јоанис Маврикопулос, шеф на обезбедувањето на Акропол.

Грчката министерка за култура, Лина Мендони, вели дека на терен ќе биде поставен безбедносен систем составен од 150 камери и контролна соба.

Одлуката за поставување безбедносен систем е донесена во екот на туристичката сезона, додека десетици илјади луѓе секојдневно го посетуваат Акропол, чувани од 100 обезбедувачи.

Претставници на Министерството за култура одбиваат да дадат детали за безбедносниот систем, но велат дека тој е финансиран од фондацијата формирана од Аристотел Оназис, покојниот поморски тајкун.

Тоа е важен чекор во вистинската насока. Мора прво да инвестираме во заштитата на нашето културно наследство. Вистинската заштита на наследството е знак на цивилизација - додава Маврикопулос за „Тајмс“, повикувајќи ги властите „да преземат слична заштита низ целата земја“.

The post Видео од групен секс на Акропол ја згрози Грција: Ова е нечуено, таков разврат немало 2.500 години appeared first on Република.

]]>

Откако група мажи организирале групен секс во мал храм во комплексот Акропол во Атина, а потоа се снимале за време на чинот, грчките власти одлучија да постават камери за надзор на Партенон, пишува „Тајмс“.
Тоа беше развратен, ужасно развратен чин. Тоа е најсрамниот напад на светоста на местото - вели за весникот Јоанис Маврикопулос, шеф на обезбедувањето на Акропол.
Грчката министерка за култура, Лина Мендони, вели дека на терен ќе биде поставен безбедносен систем составен од 150 камери и контролна соба. Одлуката за поставување безбедносен систем е донесена во екот на туристичката сезона, додека десетици илјади луѓе секојдневно го посетуваат Акропол, чувани од 100 обезбедувачи. Претставници на Министерството за култура одбиваат да дадат детали за безбедносниот систем, но велат дека тој е финансиран од фондацијата формирана од Аристотел Оназис, покојниот поморски тајкун.
Тоа е важен чекор во вистинската насока. Мора прво да инвестираме во заштитата на нашето културно наследство. Вистинската заштита на наследството е знак на цивилизација - додава Маврикопулос за „Тајмс“, повикувајќи ги властите „да преземат слична заштита низ целата земја“.

The post Видео од групен секс на Акропол ја згрози Грција: Ова е нечуено, таков разврат немало 2.500 години appeared first on Република.

]]>