парови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/parovi/ За подобро да се разбереме Wed, 09 Oct 2024 11:17:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png парови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/parovi/ 32 32 Драмски театар со претставата „Парови“ на фестивалот „Отело“ во Гостивар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dramski-teatar-so-pretstavata-parovi-na-festivalot-otelo-vo-gostivar/ Wed, 09 Oct 2024 11:17:15 +0000 https://republika.mk/?p=824619

Ансамблот на Драмски театар Скопје со претставата „Парови“ во режија на Ивана Ангеловска вечерва настапува на „Меѓународниот театарски фестивал Отело“ во Гостивар. Претставата „Парови“ ќе се игра на големата сцена на Центарот за култура АСНОМ во 20 часот.

Фестивалот „Отело“ во Гостивар се организира со поддршка на Министерството за култура и туризам и Општина Гостивар.

Во рамките на осмото издание на фестивалот ќе бидат изведени шест претстави на театри од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Грција и Косово.

Претставата „Парови“ досега е играна седум пати на сцената „Ристо Стефановски“ во Драмски театар Скопје. Премиерата беше во мај годинава и вечерашново гостување е нејзина прва изведба надвор од матичната сцена. Улогите ги играат актерите на Драмски театар Скопје: Трајанка Илиева - Вељиќ, Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Димитрија Доксевски, Јасмина Василева, Стефан Вујисиќ, Ивана Павлаковиќ, Ања Митиќ, Лазар Христов и Нина Елзесер. Уметничкиот дел на претставата го предводат режисерката Ивана Ангеловска и авторката Ана Ристоска - Трпеноска.

Сценограф на претставата е Костантин Трпеноски, изборот на костимите е на костимографите Раде Василев и Ратка Џамбазовска Коцев.

Организаторите ја информираат публиката дека влезот е слободен за сите шест претстави на „Меѓународниот театарски фестивал Отело“.

The post Драмски театар со претставата „Парови“ на фестивалот „Отело“ во Гостивар appeared first on Република.

]]>

Ансамблот на Драмски театар Скопје со претставата „Парови“ во режија на Ивана Ангеловска вечерва настапува на „Меѓународниот театарски фестивал Отело“ во Гостивар. Претставата „Парови“ ќе се игра на големата сцена на Центарот за култура АСНОМ во 20 часот. Фестивалот „Отело“ во Гостивар се организира со поддршка на Министерството за култура и туризам и Општина Гостивар. Во рамките на осмото издание на фестивалот ќе бидат изведени шест претстави на театри од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Грција и Косово. Претставата „Парови“ досега е играна седум пати на сцената „Ристо Стефановски“ во Драмски театар Скопје. Премиерата беше во мај годинава и вечерашново гостување е нејзина прва изведба надвор од матичната сцена. Улогите ги играат актерите на Драмски театар Скопје: Трајанка Илиева - Вељиќ, Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Димитрија Доксевски, Јасмина Василева, Стефан Вујисиќ, Ивана Павлаковиќ, Ања Митиќ, Лазар Христов и Нина Елзесер. Уметничкиот дел на претставата го предводат режисерката Ивана Ангеловска и авторката Ана Ристоска - Трпеноска. Сценограф на претставата е Костантин Трпеноски, изборот на костимите е на костимографите Раде Василев и Ратка Џамбазовска Коцев. Организаторите ја информираат публиката дека влезот е слободен за сите шест претстави на „Меѓународниот театарски фестивал Отело“.

The post Драмски театар со претставата „Парови“ на фестивалот „Отело“ во Гостивар appeared first on Република.

]]>
„Парови“ – драма за двојки кои ги поврзува потребата за љубов и немоќта да ги променат работите https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/parovi-drama-za-dvojki-koi-gi-povrzuva-potrebata-za-lubov-i-nemokta-da-gi-promenat-rabotite/ Sun, 19 May 2024 16:55:26 +0000 https://republika.mk/?p=779886

Пет пара со огромна потреба за љубов, страст, нежност, но и немоќ да ја сменат состојбата е приказната во претставата „Парови“ која синоќа, на 18 мај, на сцената „Ристо Стефановски“ во Драмски театар беше премиерно прикажана.

Борба за доминација, его, токсични машко-женски односи, партнери на кои им е поважен професионалниот успех и социјалниот статус, партнери што посакуваат никогаш да не се сретнеле, се изневеруваат, бракови што станале рутина, партнери кои имаат различни очекувања, доживуваат разочарувања и се комични во нивната немоќ.

Ова е праизведба на текстот на авторката Ана Ристоска Трпеноска, режијата е на Ивана Ангеловска.

[caption id="attachment_779888" align="alignnone" width="700"] Фото: Драмски театар[/caption]

Текстот прикажува неколку парови партнери во различни ситуации и фази од нивните животи.

Сценограф на претставата е Костантин Трпеноски, изборот на костимите е на костимографите Раде Василев и Ратка Џамбазовска Коцев, композитор на музиката е Ади Имери, дизајнот на постерот е на Дамјан Момировски, а фотограф е Стефан Самандов.

Во претставата играат: Ирена Ристиќ, Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Димитрија Доксевски, Јасмина Василева, Стефан Вујисиќ, Ивана Павлаковиќ, Ања Митиќ, Лазар Христов и Нина Елзесер.

[caption id="attachment_779889" align="alignnone" width="700"] фото: Драмски театар[/caption]

Ристоска-Трпеноска во драмскиот текст го поставува прашањето: „Постои ли вистински успешна врска, совршен брак или партнерите се стремат да постигнат невозможен концепт, нешто што е конструкт на општеството?“

Со „Парови“ сакав да напишам драма за партнери заглавени во трагикомичното секојдневие на заедничкиот живот. Мене секогаш повеќе ме интересира да го прикажам тоа што не се гледа, да пишувам за осаменоста и за проблемите со кои партнерите се соочуваат, но ги чуваат меѓу четири ѕида, кажа пред премиерата Ристоска - Трепноска.

Следната изведба на „Парови“ е на 30 мај, на сцената „Ристо Стефановски“ во 20 часот.

The post „Парови“ – драма за двојки кои ги поврзува потребата за љубов и немоќта да ги променат работите appeared first on Република.

]]>

Пет пара со огромна потреба за љубов, страст, нежност, но и немоќ да ја сменат состојбата е приказната во претставата „Парови“ која синоќа, на 18 мај, на сцената „Ристо Стефановски“ во Драмски театар беше премиерно прикажана. Борба за доминација, его, токсични машко-женски односи, партнери на кои им е поважен професионалниот успех и социјалниот статус, партнери што посакуваат никогаш да не се сретнеле, се изневеруваат, бракови што станале рутина, партнери кои имаат различни очекувања, доживуваат разочарувања и се комични во нивната немоќ. Ова е праизведба на текстот на авторката Ана Ристоска Трпеноска, режијата е на Ивана Ангеловска. [caption id="attachment_779888" align="alignnone" width="700"] Фото: Драмски театар[/caption] Текстот прикажува неколку парови партнери во различни ситуации и фази од нивните животи. Сценограф на претставата е Костантин Трпеноски, изборот на костимите е на костимографите Раде Василев и Ратка Џамбазовска Коцев, композитор на музиката е Ади Имери, дизајнот на постерот е на Дамјан Момировски, а фотограф е Стефан Самандов. Во претставата играат: Ирена Ристиќ, Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Димитрија Доксевски, Јасмина Василева, Стефан Вујисиќ, Ивана Павлаковиќ, Ања Митиќ, Лазар Христов и Нина Елзесер. [caption id="attachment_779889" align="alignnone" width="700"] фото: Драмски театар[/caption] Ристоска-Трпеноска во драмскиот текст го поставува прашањето: „Постои ли вистински успешна врска, совршен брак или партнерите се стремат да постигнат невозможен концепт, нешто што е конструкт на општеството?“
Со „Парови“ сакав да напишам драма за партнери заглавени во трагикомичното секојдневие на заедничкиот живот. Мене секогаш повеќе ме интересира да го прикажам тоа што не се гледа, да пишувам за осаменоста и за проблемите со кои партнерите се соочуваат, но ги чуваат меѓу четири ѕида, кажа пред премиерата Ристоска - Трепноска.
Следната изведба на „Парови“ е на 30 мај, на сцената „Ристо Стефановски“ во 20 часот.

The post „Парови“ – драма за двојки кои ги поврзува потребата за љубов и немоќта да ги променат работите appeared first on Република.

]]>
В сабота во Драмски театар празведба на „Парови“ од Ана Ристоска Трпеноска во режија на Ивана Ангеловска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/v-sabota-vo-dramski-teatar-prazvedba-na-parovi-od-ana-ristoska-trpenoska-vo-rezhija-na-ivana-angelovska/ Fri, 17 May 2024 11:54:17 +0000 https://republika.mk/?p=779167

В сабота, на 18 мај, во Драмски театар Скопје во 20 часот, на сцената „Ристо Стефановски“ ќе се одигра праизведбата на „Парови“ од авторката Ана Ристоска Трпеноска во режија на Ивана Ангеловска.

Со текстот од македонската авторка Ристоска Трпеноска Драмски театар ја продолжува традиција да им дава простор на домашните автори, кажа денеска на прес-конференцијата директорката на Драмски Викторија Рангелова Петровска.

Рангелова Петровска потсети дека во последните децении Драмски театар на театарската сцена ги поставува исклучиво дела на млади македонски драмски авторки како Жанина Мирчевска („Ждрело“), Благица Секуловска („Безљубни“), Миа Николовска („Така зборуваше Гертруда“) како и адаптации и драматизации испишани од жени драматурзи, работени по прозни дела на македонски авторки како што е случајот со „Мојот маж од Румена Бужаровска.

Праизведбите и соработката на Драмски театар во последниве години не е тенденциозно условена во соработка со жени автори, таа е природно поставена. Не занам дали ви е познато но последните генерации на школувани драматурзи се исклучиво жени. Женскиот драмски ракопис е доминантен, кажа Рангелова Петровска.

На прес конференцијата за претставата говореше режисерката Ивана Ангеловска, авторката Ана Ристоска-Трпеноскаи и дел од актерската екипа.

Ристовска Трпеноска кажа дека текстот е за пет дисфункционани парови и нивната потреба за љубов и немоќ да ги сменат работите.

Со „Парови“ сакав да напишам драма за партнери заглавени во трагикомичното секојдневие на заедничкиот живот. Мене секогаш повеќе ме интересира да го прикажам тоа што не се гледа, да пишувам за осаменоста и за проблемите со кои партнерите се соочуваат, но ги чуваат меѓу четири ѕида. Борба за доминација, его, токсични машко-женски односи, партнери на кои им е поважен професионалниот успех и социјалниот статус, партнери што посакуваат никогаш да не се сретнеле, се изневеруваат, бракови што станале рутина, партнери кои имаат различни очекувања, доживуваат разочарувања и се комични во нивната немоќ, кажа авторката Ристоска - Трпеноска.

Сценограф на претставата е Костантин Трпеноски, изборот на костимите се на костимографите Раде Василев и Ратка Џамбазовска Коцев, дизајнот на постер е изработен од Дамјан Момировски, а фотограф е Стефан Стамандов.

Улогите ги толкуваат: Ирена Ристиќ, Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Димитрија Доксевски, Јасмина Василева, Стефан Вујисиќ, Ивана Павлаковиќ, Ања Митиќ, Лазар Христов и Нина Елзесер.

 

The post В сабота во Драмски театар празведба на „Парови“ од Ана Ристоска Трпеноска во режија на Ивана Ангеловска appeared first on Република.

]]>

В сабота, на 18 мај, во Драмски театар Скопје во 20 часот, на сцената „Ристо Стефановски“ ќе се одигра праизведбата на „Парови“ од авторката Ана Ристоска Трпеноска во режија на Ивана Ангеловска.
Со текстот од македонската авторка Ристоска Трпеноска Драмски театар ја продолжува традиција да им дава простор на домашните автори, кажа денеска на прес-конференцијата директорката на Драмски Викторија Рангелова Петровска.
Рангелова Петровска потсети дека во последните децении Драмски театар на театарската сцена ги поставува исклучиво дела на млади македонски драмски авторки како Жанина Мирчевска („Ждрело“), Благица Секуловска („Безљубни“), Миа Николовска („Така зборуваше Гертруда“) како и адаптации и драматизации испишани од жени драматурзи, работени по прозни дела на македонски авторки како што е случајот со „Мојот маж од Румена Бужаровска.
Праизведбите и соработката на Драмски театар во последниве години не е тенденциозно условена во соработка со жени автори, таа е природно поставена. Не занам дали ви е познато но последните генерации на школувани драматурзи се исклучиво жени. Женскиот драмски ракопис е доминантен, кажа Рангелова Петровска.
На прес конференцијата за претставата говореше режисерката Ивана Ангеловска, авторката Ана Ристоска-Трпеноскаи и дел од актерската екипа. Ристовска Трпеноска кажа дека текстот е за пет дисфункционани парови и нивната потреба за љубов и немоќ да ги сменат работите.
Со „Парови“ сакав да напишам драма за партнери заглавени во трагикомичното секојдневие на заедничкиот живот. Мене секогаш повеќе ме интересира да го прикажам тоа што не се гледа, да пишувам за осаменоста и за проблемите со кои партнерите се соочуваат, но ги чуваат меѓу четири ѕида. Борба за доминација, его, токсични машко-женски односи, партнери на кои им е поважен професионалниот успех и социјалниот статус, партнери што посакуваат никогаш да не се сретнеле, се изневеруваат, бракови што станале рутина, партнери кои имаат различни очекувања, доживуваат разочарувања и се комични во нивната немоќ, кажа авторката Ристоска - Трпеноска.
Сценограф на претставата е Костантин Трпеноски, изборот на костимите се на костимографите Раде Василев и Ратка Џамбазовска Коцев, дизајнот на постер е изработен од Дамјан Момировски, а фотограф е Стефан Стамандов. Улогите ги толкуваат: Ирена Ристиќ, Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Димитрија Доксевски, Јасмина Василева, Стефан Вујисиќ, Ивана Павлаковиќ, Ања Митиќ, Лазар Христов и Нина Елзесер.  

The post В сабота во Драмски театар празведба на „Парови“ од Ана Ристоска Трпеноска во режија на Ивана Ангеловска appeared first on Република.

]]>
Премиера на „Парови“ во Драмски театар в сабота https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-parovi-vo-dramski-teatar-v-sabota/ Tue, 14 May 2024 10:07:39 +0000 https://republika.mk/?p=777901

В сабота, на 18 мај, на сцената „Ристо Стефановски“ во Драмски театар Скопје премиерно ќе се одигра претставата „Парови“  во режија на Ивана Ангеловска.

Претставата „Парови“ е работена по текст на авторката Ана Ристоска Трпеноска.

Улогите ги толкуваат: Ирена Ристиќ, Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Димитрија Доксевски, Јасмина Василева, Стефан Вујисиќ, Ивана Павлаковиќ, Ања Митиќ, Лазар Христов и Нина Елзесер.

Сценограф на претставата е Костантин Трпеноски, изборот на костимите се на костимографите Раде Василев и Ратка Џамбазовска Коцев, дизајнот на постер е изработен од Дамјан Момировски, а фотограф е Стефан Стамандов.

 

The post Премиера на „Парови“ во Драмски театар в сабота appeared first on Република.

]]>

В сабота, на 18 мај, на сцената „Ристо Стефановски“ во Драмски театар Скопје премиерно ќе се одигра претставата „Парови“  во режија на Ивана Ангеловска. Претставата „Парови“ е работена по текст на авторката Ана Ристоска Трпеноска. Улогите ги толкуваат: Ирена Ристиќ, Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Димитрија Доксевски, Јасмина Василева, Стефан Вујисиќ, Ивана Павлаковиќ, Ања Митиќ, Лазар Христов и Нина Елзесер. Сценограф на претставата е Костантин Трпеноски, изборот на костимите се на костимографите Раде Василев и Ратка Џамбазовска Коцев, дизајнот на постер е изработен од Дамјан Момировски, а фотограф е Стефан Стамандов.  

The post Премиера на „Парови“ во Драмски театар в сабота appeared first on Република.

]]>