парно грење Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/parno-grenje/ За подобро да се разбереме Sun, 13 Nov 2022 19:51:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png парно грење Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/parno-grenje/ 32 32 Сметките за парно за октомври ќе задоцнат, новите договори чекајте ги по пошта https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/smetkite-za-parno-za-oktomvri-kje-zadocnat-novite-dogovori-chekajte-gi-poshta/ Sun, 13 Nov 2022 13:28:25 +0000 https://republika.mk/?p=573266

ЕСМ Снабдување со топлина ги известува потрошувачите дека интензивно работи на подготовка на сметките за топлинска енергија за октомври и дека тие ќе стасаат со мало задоцнување, во однос на датумот кога претходно вообичаено ги добивале поради потребните технички подготовки за нивна изработка и ќе имаат соодветен рок за плаќање.

Во рамки на подготовките на фактурите се одвиваат и подготовки на постапката за префрлање на податоците на потрошувачите, со што тие ќе се префрлат од претходниот снабдувач со топлинска енергија на сегашниот, ЕСМ Снабдување, во законски определена процедура согласно Законот за заштита на личните податоци. Од претходниот Снабдувач со топлинска енергија ќе се преземе целокупната база на податоци потребна за изработка на фактурите, вклучително и личните податоци на потрошувачите на централниот систем за греење, како и сопствениците на станови и деловни простории лоцирани на подрачјето на општините каде ЕСМ Снабдување има лиценца, се наведува во соопштението на ЕСМ Снабдување.

Преземањето на целокупната база на податоци вклучително и личните податоци за потрошувачите произлегува од нужноста за обезбедување континуитет во вршењето на дејноста.

Сакаме да напоменеме дека независно од постапката за преземање на податоците, секој потрошувач потребно е да склучи Договор за снабдување со топлинска енергија заради регулирање на потрошувачкиот однос со снабдувачот, а тоа е утврдено во Правилата за снабдување со топлинска енергија. Потенцираме дека не е правно возможно преземање на договори со претходниот снабдувач, односно потребно е да се склучат нови договори. Досега, во ЕСМ Снабдување склучени се 11 200 договори за снабдување со топлинска енергија со потрошувачите. Времето на задржување на потрошувачите во пунктовите е значајно намалено откако електронскиот образец на ​Договорот за снабдување со топлинска енергија е поставен на веб страницата на АД ЕСМ и на официјалните канали на социјалните мрежи, со оглед на тоа што документот сега се предава веќе пополнет од нивна страна, се нагласува во соопштението.

Во следниот период ЕСМ Снабдување, по достава на фактурите за топлинска енергија, до потрошувачите кои сѐ уште не потпишале договор ќе го достави образецот на Договорот за снабдување со топлинска енергија  на нивната адреса, по што тие ќе треба да го предадат потпишан од нивна страна во пунктовите на ЕСМ Снабдување.

Компанијата ветува дека ќе им овозможи на граѓаните соодветен временски период за да ја регулираат обврската, и во тој период греењето непрекинато ќе се испорачува.

Потрошувачите кои имаат склучено договор за наплата на фактурите за топлинска енергија преку траен налог, од матичната банка ќе добијат инструкции за постапување.

Оние кои плаќаат преку електронско банкарство, во зачуваните шаблони односно ПП налози за плаќање ќе биде потребно да ја проверат и ако има потреба и да извршат промена на жиро-сметката од претходниот Снабдувач и да ја внесат таа на ЕСМ Снабдување која ќе им биде доставена со фактурите.

Фактурите за потрошувачите на ЕСМ Енер на РСМ за надоместување на разликата на цената на топлинската енергија, веќе се дистрибуираат за август и за септември и ќе имаат соодветен рок за плаќање.

The post Сметките за парно за октомври ќе задоцнат, новите договори чекајте ги по пошта appeared first on Република.

]]>

ЕСМ Снабдување со топлина ги известува потрошувачите дека интензивно работи на подготовка на сметките за топлинска енергија за октомври и дека тие ќе стасаат со мало задоцнување, во однос на датумот кога претходно вообичаено ги добивале поради потребните технички подготовки за нивна изработка и ќе имаат соодветен рок за плаќање.

Во рамки на подготовките на фактурите се одвиваат и подготовки на постапката за префрлање на податоците на потрошувачите, со што тие ќе се префрлат од претходниот снабдувач со топлинска енергија на сегашниот, ЕСМ Снабдување, во законски определена процедура согласно Законот за заштита на личните податоци. Од претходниот Снабдувач со топлинска енергија ќе се преземе целокупната база на податоци потребна за изработка на фактурите, вклучително и личните податоци на потрошувачите на централниот систем за греење, како и сопствениците на станови и деловни простории лоцирани на подрачјето на општините каде ЕСМ Снабдување има лиценца, се наведува во соопштението на ЕСМ Снабдување.

Преземањето на целокупната база на податоци вклучително и личните податоци за потрошувачите произлегува од нужноста за обезбедување континуитет во вршењето на дејноста.

Сакаме да напоменеме дека независно од постапката за преземање на податоците, секој потрошувач потребно е да склучи Договор за снабдување со топлинска енергија заради регулирање на потрошувачкиот однос со снабдувачот, а тоа е утврдено во Правилата за снабдување со топлинска енергија. Потенцираме дека не е правно возможно преземање на договори со претходниот снабдувач, односно потребно е да се склучат нови договори. Досега, во ЕСМ Снабдување склучени се 11 200 договори за снабдување со топлинска енергија со потрошувачите. Времето на задржување на потрошувачите во пунктовите е значајно намалено откако електронскиот образец на ​Договорот за снабдување со топлинска енергија е поставен на веб страницата на АД ЕСМ и на официјалните канали на социјалните мрежи, со оглед на тоа што документот сега се предава веќе пополнет од нивна страна, се нагласува во соопштението.

Во следниот период ЕСМ Снабдување, по достава на фактурите за топлинска енергија, до потрошувачите кои сѐ уште не потпишале договор ќе го достави образецот на Договорот за снабдување со топлинска енергија  на нивната адреса, по што тие ќе треба да го предадат потпишан од нивна страна во пунктовите на ЕСМ Снабдување. Компанијата ветува дека ќе им овозможи на граѓаните соодветен временски период за да ја регулираат обврската, и во тој период греењето непрекинато ќе се испорачува. Потрошувачите кои имаат склучено договор за наплата на фактурите за топлинска енергија преку траен налог, од матичната банка ќе добијат инструкции за постапување. Оние кои плаќаат преку електронско банкарство, во зачуваните шаблони односно ПП налози за плаќање ќе биде потребно да ја проверат и ако има потреба и да извршат промена на жиро-сметката од претходниот Снабдувач и да ја внесат таа на ЕСМ Снабдување која ќе им биде доставена со фактурите.

Фактурите за потрошувачите на ЕСМ Енер на РСМ за надоместување на разликата на цената на топлинската енергија, веќе се дистрибуираат за август и за септември и ќе имаат соодветен рок за плаќање.

The post Сметките за парно за октомври ќе задоцнат, новите договори чекајте ги по пошта appeared first on Република.

]]>
Eве на кои пунктови можете да потпишете нов договор за парно греење https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/eve-na-koi-punktovi-mozete-da-potpishete-nov-dogovor-za-parno-greenje/ Mon, 17 Oct 2022 09:36:00 +0000 https://republika.mk/?p=561978

ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје денеска соопшти дека новите договори за парно греење може да се потпишат на три пункта во Скопје со работно време од понеделник до петок од 08 до 18 часот и сабота од 9 до 13:30 часот: пункт Центар, на ул.„Кочо Рацин“ бр.33 кај Олимписки базен, пункт Исток, на ул. „Јане Сандански“ бр.49 во населба Аеродром и пункт Запад на улица „Лондонска“ бр.8 во населба Тафталиџе.

Новиот носител на лиценца издадена од Регулаторната комисија за енергетика, кој има обврска да ги снабдува потрошувачите со топлинска енергија во согласност со лиценцата, Законот за енергетика и актите кои ги носи РКЕ воедно порачува дека испораката на топлина нема да биде прекината

Заради регулирање на потрошувачкиот однос на снабдувачот со потрошувачите утврден во Правилата за снабдување со топлинска енергија, потребно е да се склучи договор за снабдување со топлинска енергија.

-За таа цел потрошувачите на чии име се води парното греење во домот/објектот, потребно е да се обратат во пунктовите на ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје, каде во куса постапка ќе им биде приложен на потпис Договор со новиот снабдувач, кон кого ќе ја имаат обврската за плаќање на услугата. Договорот е ист како и досега, и е одобрен од Регулаторната комисија за енергетика. За склучување на договорот  потребно е да се понесе документ за лична идентификација и фактура (или копија) за топлинска енергија од претходниот снабдувач, информираат од ЕСМ.

Оттаму исткнуваат дека корисниците можат веднаш да пристапат кон пунктовите со цел склучување на договорите. Напоменуваат дека ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје ќе им овозможи на граѓаните соодветен временски период за регулирање на обврската, и доколку од различни причини корисниците не успеат да склучат нов договор до крајот на месецот, греењето непрекинато ќе се испорачува и во ниеден момент испораката нема да биде загрозена.

Корисниците кои нема да ги склучат договорите по овој повик, ќе бидат контактирани  од снабдувачот ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје, со цел да се изнајде термин соодветен за потрошувачите за склучување на договорот, со оглед на тоа што одредени корисници може да бидат отсутни во следниот период, или од различни лични, здравствени и други причини да не можат да се јават на пунктовите.

-ЕСМ Снабдување ќе воспостави директни контакти, додека за корисниците кои не можат да ги напуштат своите домови ќе им излезе во пресрет и ќе им овозможи Договорот да го склучат во нивниот дом. Поради повеќе прашања пристигнати до Службата за грижа на корисници ги информираат корисниците дека не е правно возможно преземање на постоечките договори со претходниот снабдувач, односно е единствено можно да се склучат нови договори, информира ЕСМ и најавува дека новиот снабдувач во следниот период ќе воспостави и сопствен систем за он лајн наплата

The post Eве на кои пунктови можете да потпишете нов договор за парно греење appeared first on Република.

]]>

ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје денеска соопшти дека новите договори за парно греење може да се потпишат на три пункта во Скопје со работно време од понеделник до петок од 08 до 18 часот и сабота од 9 до 13:30 часот: пункт Центар, на ул.„Кочо Рацин“ бр.33 кај Олимписки базен, пункт Исток, на ул. „Јане Сандански“ бр.49 во населба Аеродром и пункт Запад на улица „Лондонска“ бр.8 во населба Тафталиџе. Новиот носител на лиценца издадена од Регулаторната комисија за енергетика, кој има обврска да ги снабдува потрошувачите со топлинска енергија во согласност со лиценцата, Законот за енергетика и актите кои ги носи РКЕ воедно порачува дека испораката на топлина нема да биде прекината Заради регулирање на потрошувачкиот однос на снабдувачот со потрошувачите утврден во Правилата за снабдување со топлинска енергија, потребно е да се склучи договор за снабдување со топлинска енергија. -За таа цел потрошувачите на чии име се води парното греење во домот/објектот, потребно е да се обратат во пунктовите на ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје, каде во куса постапка ќе им биде приложен на потпис Договор со новиот снабдувач, кон кого ќе ја имаат обврската за плаќање на услугата. Договорот е ист како и досега, и е одобрен од Регулаторната комисија за енергетика. За склучување на договорот  потребно е да се понесе документ за лична идентификација и фактура (или копија) за топлинска енергија од претходниот снабдувач, информираат од ЕСМ. Оттаму исткнуваат дека корисниците можат веднаш да пристапат кон пунктовите со цел склучување на договорите. Напоменуваат дека ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје ќе им овозможи на граѓаните соодветен временски период за регулирање на обврската, и доколку од различни причини корисниците не успеат да склучат нов договор до крајот на месецот, греењето непрекинато ќе се испорачува и во ниеден момент испораката нема да биде загрозена. Корисниците кои нема да ги склучат договорите по овој повик, ќе бидат контактирани  од снабдувачот ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје, со цел да се изнајде термин соодветен за потрошувачите за склучување на договорот, со оглед на тоа што одредени корисници може да бидат отсутни во следниот период, или од различни лични, здравствени и други причини да не можат да се јават на пунктовите.