парно греење Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/parno-greenje/ За подобро да се разбереме Tue, 15 Oct 2024 06:04:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png парно греење Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/parno-greenje/ 32 32 Проверете ги радијаторите, почнува грејната сезона https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/proverete-gi-radijatorite-pochnuva-grejnata-sezona/ Tue, 15 Oct 2024 06:04:01 +0000 https://republika.mk/?p=826846

Од денеска почнува грејната сезона за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје што ќе трае до 15 април 2025 година, со можност за продолжување уште 15 дена во зависност од надворешните температури.

Од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) велат дека за време на грејната сезона снабдувачот е должен да обезбеди греење од 6:00 до 22:00 часот. Сепак, на почетокот на грејната сезона доколку има високи надворешни дневни температури,  испораката на топлинска енергија ќе се прекинува, а доколку температурите се спуштат под 15 степени Целзиусови испораката ќе продолжи.

Од ЕСМ, пак, вчера информираа дека на барање на општина Карпош испораката на топлинска енергија за основните училишта во општината ќе почне од 1 ноември.

Пред почетокот на грејната сезона, како што посочија, во 117 објекти сè уште не се обезбедени потребните услови за испорака на топлинска енергија, од кои 25 објекти имаат прекин на довод на електрична енергија во топлинската станица, во 23 објекти, екипите на операторот на дистрибутивниот систем немаат пристап до топлинската станица, а 69 објекти се оневозможени да добијат испорака на топлина од системот за централно греење поради дефект во внатрешната инсталација на објектот.

-Потрошувачите и заедниците на сопственици се замолуваат што побрзо да ги отстранат дефектите на внатрешните грејни инсталации и да обезбедат непречен пристап до топлинските станици, како и континуирано напојување со електрична енергија. Ова вклучува плаќање на сметките за електрична енергија за топлинските станици и одржување на функционална електрична инсталација. Потрошувачите можат да проверат дали нивниот објект е на листата на моментално затворени објекти кои немаат услови за испорака на топлинска енергија. Оваа листа е достапна на линкот Затворени објекти – ЕСМ Снабдување (https://esm-snabduvanje.mk/?page_id=1348), истакнаа вчера од АД ЕСМ.

За информации, пријави на дефекти или известувања за завршени интервенции, како што кажаа, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100.

На топловодната мрежа на ЕСМ се приклучени 63 000 потрошувачи, од кои 61 000 се снабдуваат преку новоформираните фирми на ЕСМ за Производство, Дистрибуција и Снабдување, додека 2000 потрошувачи се снабдуваат преку подружницата ЕСМ Енергетика.

The post Проверете ги радијаторите, почнува грејната сезона appeared first on Република.

]]>

Од денеска почнува грејната сезона за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје што ќе трае до 15 април 2025 година, со можност за продолжување уште 15 дена во зависност од надворешните температури. Од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) велат дека за време на грејната сезона снабдувачот е должен да обезбеди греење од 6:00 до 22:00 часот. Сепак, на почетокот на грејната сезона доколку има високи надворешни дневни температури,  испораката на топлинска енергија ќе се прекинува, а доколку температурите се спуштат под 15 степени Целзиусови испораката ќе продолжи.   Од ЕСМ, пак, вчера информираа дека на барање на општина Карпош испораката на топлинска енергија за основните училишта во општината ќе почне од 1 ноември. Пред почетокот на грејната сезона, како што посочија, во 117 објекти сè уште не се обезбедени потребните услови за испорака на топлинска енергија, од кои 25 објекти имаат прекин на довод на електрична енергија во топлинската станица, во 23 објекти, екипите на операторот на дистрибутивниот систем немаат пристап до топлинската станица, а 69 објекти се оневозможени да добијат испорака на топлина од системот за централно греење поради дефект во внатрешната инсталација на објектот.
-Потрошувачите и заедниците на сопственици се замолуваат што побрзо да ги отстранат дефектите на внатрешните грејни инсталации и да обезбедат непречен пристап до топлинските станици, како и континуирано напојување со електрична енергија. Ова вклучува плаќање на сметките за електрична енергија за топлинските станици и одржување на функционална електрична инсталација. Потрошувачите можат да проверат дали нивниот објект е на листата на моментално затворени објекти кои немаат услови за испорака на топлинска енергија. Оваа листа е достапна на линкот Затворени објекти – ЕСМ Снабдување (https://esm-snabduvanje.mk/?page_id=1348), истакнаа вчера од АД ЕСМ.
За информации, пријави на дефекти или известувања за завршени интервенции, како што кажаа, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100. На топловодната мрежа на ЕСМ се приклучени 63 000 потрошувачи, од кои 61 000 се снабдуваат преку новоформираните фирми на ЕСМ за Производство, Дистрибуција и Снабдување, додека 2000 потрошувачи се снабдуваат преку подружницата ЕСМ Енергетика.

The post Проверете ги радијаторите, почнува грејната сезона appeared first on Република.

]]>
Денеска ќе знаеме колку ќе поскапи парното https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/deneska-ke-znaeme-kolku-ke-poskapi-parnoto/ Mon, 29 Jul 2024 06:45:55 +0000 https://republika.mk/?p=801192

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска на прес-конференција треба да ја соопшти цената на парното. Од РКЕ за МИА велат дека претходно се очекува да биде одржана седницата на која ќе се донесе одлуката.

РКЕ потврди и дека најголем дел од компаниите побарале зголемување на цената до 50 отсто, додека дел од нив се и со барање за намалување, како ЕСМ производство и ЕСМ Енергетика.

-Клучно е да се напомене дека просечната цена на гасот е значјано пониска оваа година во споредба со претходната, но од друга страна, субвенции од оваа грејна сезона нема да има. Анализите се во тек. Се очекува одржување на главната седница денеска, каде одлуката ќе се донесе. Инаку, над 90 отсто скопјани добиваат парно од државната ЕСМ која обединува три фирми-ќерки со снабдување, производство и дистрибуција, а тука се и топланата „Скопје Север“ и Енергетика, истакнуваат од РКЕ.

Грејната сезона почнува на 15 октомври и трае до 15 април. На системот за парно греење во Скопје се приклучени 63 000 домаќинства. Од нив, 58 000 се на системот на ЕСМ или поранешен БЕГ, 1 900 се на железарското парно, а 400 домаќинства се на Топлификација Север

The post Денеска ќе знаеме колку ќе поскапи парното appeared first on Република.

]]>

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска на прес-конференција треба да ја соопшти цената на парното. Од РКЕ за МИА велат дека претходно се очекува да биде одржана седницата на која ќе се донесе одлуката. РКЕ потврди и дека најголем дел од компаниите побарале зголемување на цената до 50 отсто, додека дел од нив се и со барање за намалување, како ЕСМ производство и ЕСМ Енергетика.
-Клучно е да се напомене дека просечната цена на гасот е значјано пониска оваа година во споредба со претходната, но од друга страна, субвенции од оваа грејна сезона нема да има. Анализите се во тек. Се очекува одржување на главната седница денеска, каде одлуката ќе се донесе. Инаку, над 90 отсто скопјани добиваат парно од државната ЕСМ која обединува три фирми-ќерки со снабдување, производство и дистрибуција, а тука се и топланата „Скопје Север“ и Енергетика, истакнуваат од РКЕ.
Грејната сезона почнува на 15 октомври и трае до 15 април. На системот за парно греење во Скопје се приклучени 63 000 домаќинства. Од нив, 58 000 се на системот на ЕСМ или поранешен БЕГ, 1 900 се на железарското парно, а 400 домаќинства се на Топлификација Север

The post Денеска ќе знаеме колку ќе поскапи парното appeared first on Република.

]]>
Дали Бислимовски најавува зголемување на цената на парното во Скопје од следниот месец? https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/dali-bislimovski-najavuva-zgolemuvane-na-tsenata-na-parnoto-vo-skopje-od-sledniot-mesets/ Tue, 24 Oct 2023 15:57:19 +0000 https://republika.mk/?p=694625

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) до крајот на месецов ќе донесе одлука за цената на парното греење во Скопје што ќе важи од следниот месец, потврди за МИА претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

-Одржавме состанок со трите државни компании на ЕСМ за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија кои реферираа како се одвива стартот на грејната сезона и кои се предизвиците со кои се соочуваат во овие изминати 10 дена. Иако е факт дека температурите се потопли од очекуваните, сепак во секоја грејна сезона постојат слаби точки кои се од техничка природа, а дел од нив се и поради човечки фактор, односно не се платени сметките за потрошена струја од страна на советите на зградите. Но, тоа се традиционални проблеми кои се случуваат и кои треба од година во година да се намалуваат преку зголемување на  свесноста  и кај операторот и кај потрошувачите, изјави Бислимоски за МИА.

Нагласи дека претходно БЕГ, а сега и ЕСМ дистрибуција на топлина се соочи со специфична ситуација да не им биде дозволено на екипите да користат дел од инфраструктурата со која со топлинска енергија се снабдуваат одредени корисници на Водно.

-За тоа има соодветни правни постапки. Сепак, во моментов проблемот е решен и снабдувањето се одвива непречено, рече Бислимоски.

Како што нагласи, на терен веќе се започнати активности за поставување на топловодот под мостот „Беласица“ во Скопје што беше опожарен, со што, како што кажа, се исполнуваат предусловите кои РКЕ ги бара четири месеци – да се почне на терен со реална санација на цевките од ЕСМ со дозвола од Градот Скопје.

-Со тоа РКЕ сега ќе отпочне со пресметките за нова цена на парното што ќе стартува да важи од ноември. Финалната одлука ќе биде донесена кон крајот на месецов, потенцира Бислимоски.

The post Дали Бислимовски најавува зголемување на цената на парното во Скопје од следниот месец? appeared first on Република.

]]>

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) до крајот на месецов ќе донесе одлука за цената на парното греење во Скопје што ќе важи од следниот месец, потврди за МИА претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.
-Одржавме состанок со трите државни компании на ЕСМ за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија кои реферираа како се одвива стартот на грејната сезона и кои се предизвиците со кои се соочуваат во овие изминати 10 дена. Иако е факт дека температурите се потопли од очекуваните, сепак во секоја грејна сезона постојат слаби точки кои се од техничка природа, а дел од нив се и поради човечки фактор, односно не се платени сметките за потрошена струја од страна на советите на зградите. Но, тоа се традиционални проблеми кои се случуваат и кои треба од година во година да се намалуваат преку зголемување на  свесноста  и кај операторот и кај потрошувачите, изјави Бислимоски за МИА.
Нагласи дека претходно БЕГ, а сега и ЕСМ дистрибуција на топлина се соочи со специфична ситуација да не им биде дозволено на екипите да користат дел од инфраструктурата со која со топлинска енергија се снабдуваат одредени корисници на Водно.
-За тоа има соодветни правни постапки. Сепак, во моментов проблемот е решен и снабдувањето се одвива непречено, рече Бислимоски.
Како што нагласи, на терен веќе се започнати активности за поставување на топловодот под мостот „Беласица“ во Скопје што беше опожарен, со што, како што кажа, се исполнуваат предусловите кои РКЕ ги бара четири месеци – да се почне на терен со реална санација на цевките од ЕСМ со дозвола од Градот Скопје. -Со тоа РКЕ сега ќе отпочне со пресметките за нова цена на парното што ќе стартува да важи од ноември. Финалната одлука ќе биде донесена кон крајот на месецов, потенцира Бислимоски.

The post Дали Бислимовски најавува зголемување на цената на парното во Скопје од следниот месец? appeared first on Република.

]]>
ЕСМ: Започнува новата грејна сезона 2023/2024, граѓаните ќе се разбудат со топли радијатори https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/esm-zapochnuva-novata-grejna-sezona-2023-2024-graganite-ke-se-razbudat-so-topli-radijatori/ Sat, 14 Oct 2023 10:03:28 +0000 https://republika.mk/?p=691120

Од утре, 15-ти октомври, започнува грејната сезона 2023/2024 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје со кој управува ЕСМ, информираат од компанијата.

Во тек на грејната сезона, испораката на топлинска енергија ќе се врши од 6-22 часот по строго утврдени правила и дијаграми. Според овие правила, на почетокот од грејната сезона во месеците октомври и првата половина на ноември кога надворешните временски услови се променливи, снабдувањето со топлинска енергија на потрошувачите зависи од надворешните температури и од атмосферските услови во различни периоди од денот. При одредени атмосферски услови во периодите на високи надворешни дневни температури, се прекинува испораката на топлинска енергија.

Компаниите формирани од страна на акционерското друштвото АД ЕСМ, како и подружницата Енергетика се подготвени за сигурно, безбедно и континуирано производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија во претстојната грејна сезона за потрошувачите на подрачјето на дел од градот Скопје. Од вкупно 63.000 потрошувачи (домаќинства, деловни објекти и институции), 61.000 се снабдуваат преку новоформираните фирми на ЕСМ за Производство, Дистрибуција и Снабдување, додека 2.000 потрошувачи се снабдуваат преку подружницата ЕСМ-Енергетика.

Производните капацитети во двата системи и дистрибутивните мрежи се спремни за почеток на претстојната грејна сезона. Санирани се сите дефекти на дистрибутивната мрежа кои беа лоцирани во текот на летниот ремонтен период, извршени се ладните проби во дистрибутивниот систем како и редовните проверки на подстаниците и на нивната функционалност.

Додека траат активностите за поставувањето на новите цевки на мостот Беласица ќе се користи алтернативниот вод на железничкиот мост кој има капацитет да се врши континуирана испорака на топлинска енергија до потрошувачите вклучувајќи ги и количините кои ќе ги испорачува ТЕ-ТО.

Повторно апелираме до потрошувачите и “Управителите” односно “Заедниците на сопственици” да ги отстранат дефектите на внатрешната грејна инсталација во најкус можен рок и истото веднаш да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи, да овозможат непречен пристап на екипите на компанијата до топлинската станица, како и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација).

Соработката од страна на потрошувачите е во интерес на сите страни за да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на топлинската енергија.

За информации или пријави на дефекти и завршени интервенции, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи.

За потрошувачите на ЕСМ Снабдување со топлина

Центар за грижа на потрошувачи (24/7): 02 3076 200 и 075 400 100

За потрошувачите на ЕСМ- Енергетика

Дефекти и протекување (24/7): 071 313 405
Центар за грижа на корисници (пон-петок,07.00–19.00): 02 3104 816
Рекламации за квалитет на греење (пон-петок, 07.00-19.00): 02 3104 872

The post ЕСМ: Започнува новата грејна сезона 2023/2024, граѓаните ќе се разбудат со топли радијатори appeared first on Република.

]]>

Од утре, 15-ти октомври, започнува грејната сезона 2023/2024 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје со кој управува ЕСМ, информираат од компанијата. Во тек на грејната сезона, испораката на топлинска енергија ќе се врши од 6-22 часот по строго утврдени правила и дијаграми. Според овие правила, на почетокот од грејната сезона во месеците октомври и првата половина на ноември кога надворешните временски услови се променливи, снабдувањето со топлинска енергија на потрошувачите зависи од надворешните температури и од атмосферските услови во различни периоди од денот. При одредени атмосферски услови во периодите на високи надворешни дневни температури, се прекинува испораката на топлинска енергија. Компаниите формирани од страна на акционерското друштвото АД ЕСМ, како и подружницата Енергетика се подготвени за сигурно, безбедно и континуирано производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија во претстојната грејна сезона за потрошувачите на подрачјето на дел од градот Скопје. Од вкупно 63.000 потрошувачи (домаќинства, деловни објекти и институции), 61.000 се снабдуваат преку новоформираните фирми на ЕСМ за Производство, Дистрибуција и Снабдување, додека 2.000 потрошувачи се снабдуваат преку подружницата ЕСМ-Енергетика. Производните капацитети во двата системи и дистрибутивните мрежи се спремни за почеток на претстојната грејна сезона. Санирани се сите дефекти на дистрибутивната мрежа кои беа лоцирани во текот на летниот ремонтен период, извршени се ладните проби во дистрибутивниот систем како и редовните проверки на подстаниците и на нивната функционалност. Додека траат активностите за поставувањето на новите цевки на мостот Беласица ќе се користи алтернативниот вод на железничкиот мост кој има капацитет да се врши континуирана испорака на топлинска енергија до потрошувачите вклучувајќи ги и количините кои ќе ги испорачува ТЕ-ТО. Повторно апелираме до потрошувачите и “Управителите” односно “Заедниците на сопственици” да ги отстранат дефектите на внатрешната грејна инсталација во најкус можен рок и истото веднаш да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи, да овозможат непречен пристап на екипите на компанијата до топлинската станица, како и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација). Соработката од страна на потрошувачите е во интерес на сите страни за да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на топлинската енергија. За информации или пријави на дефекти и завршени интервенции, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи. За потрошувачите на ЕСМ Снабдување со топлина Центар за грижа на потрошувачи (24/7): 02 3076 200 и 075 400 100 За потрошувачите на ЕСМ- Енергетика Дефекти и протекување (24/7): 071 313 405 Центар за грижа на корисници (пон-петок,07.00–19.00): 02 3104 816 Рекламации за квалитет на греење (пон-петок, 07.00-19.00): 02 3104 872

The post ЕСМ: Започнува новата грејна сезона 2023/2024, граѓаните ќе се разбудат со топли радијатори appeared first on Република.

]]>
Граѓани протестираа кај Автокоманда против новите услови во системот на греење https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gragani-protestiraa-kaj-avtokomanda-protiv-novite-uslovi-vo-sistemot-na-greene/ Thu, 02 Feb 2023 17:50:53 +0000 https://republika.mk/?p=604018

Граѓани попладнево протестираа кај кружниот тек од Автокоманда поради тоа што според новите промени во системот на греење ќе имаат парно греење од 6 до 22 часот, а не како досега 24 часа.

Протестот траеше од 16 до 18 часот, а од Министерството за внатрешни работи информираа дека протестот бил најавен и дека во овој временски период е спроведен изменет сообраќаен режим.

АД ЕСМ денеска соопшти дека спроведува промени во системот на греење со цел стандардизирање и воедначување на греењето, односно исти услови за сите 62.000 потрошувачи.

-Промените, нагласуваат од АД ЕСМ, значат дека одреден број потрошувачи приклучени на ЕСМ Енергетика сега ќе добиваат греење од 6 до 22 часот, како што се снабдува целиот град, и со средна дневна температура во просториите од 20 до 21 степен, како што е пропишано во мрежните правила одобрени од Регулаторната комисија. Овие потрошувачи на Енергетика досега добиваа парно греење 24 часа. Од 1 февруари, 2.000 потрошувачи од Енергетика, од вкупно 4.000, се префрлени на мрежата на ЕСМ Снабдување (главната градска мрежа на која се снабдува Скопје), додека за другите 2.000 кои остануваат на Енергетика во следниот период ќе се направат технички подготовки од следната грејна сезона да добиваат греење, како и останатиот дел од градот. По воведената промена, сметките во населба Автокоманда нема да се покачуваат како што се појавија шпекулации, а сметките на училиштата, градинките, деловните објекти и други институции и ќе се намалат до 45 проценти, информираа од АД ЕСМ.

Причината за воведените промени, велат од компанијата, е тоа што ЕСМ Енергетика ќе ги стави надвор од употреба старите парни котли кои немаат техничка можност за дневно гаснење и затоа греењето било испорачувано 24 часа со енормна потрошувачка на гас.

Извор: МИА

The post Граѓани протестираа кај Автокоманда против новите услови во системот на греење appeared first on Република.

]]>

Граѓани попладнево протестираа кај кружниот тек од Автокоманда поради тоа што според новите промени во системот на греење ќе имаат парно греење од 6 до 22 часот, а не како досега 24 часа. Протестот траеше од 16 до 18 часот, а од Министерството за внатрешни работи информираа дека протестот бил најавен и дека во овој временски период е спроведен изменет сообраќаен режим. АД ЕСМ денеска соопшти дека спроведува промени во системот на греење со цел стандардизирање и воедначување на греењето, односно исти услови за сите 62.000 потрошувачи. -Промените, нагласуваат од АД ЕСМ, значат дека одреден број потрошувачи приклучени на ЕСМ Енергетика сега ќе добиваат греење од 6 до 22 часот, како што се снабдува целиот град, и со средна дневна температура во просториите од 20 до 21 степен, како што е пропишано во мрежните правила одобрени од Регулаторната комисија. Овие потрошувачи на Енергетика досега добиваа парно греење 24 часа. Од 1 февруари, 2.000 потрошувачи од Енергетика, од вкупно 4.000, се префрлени на мрежата на ЕСМ Снабдување (главната градска мрежа на која се снабдува Скопје), додека за другите 2.000 кои остануваат на Енергетика во следниот период ќе се направат технички подготовки од следната грејна сезона да добиваат греење, како и останатиот дел од градот. По воведената промена, сметките во населба Автокоманда нема да се покачуваат како што се појавија шпекулации, а сметките на училиштата, градинките, деловните објекти и други институции и ќе се намалат до 45 проценти, информираа од АД ЕСМ. Причината за воведените промени, велат од компанијата, е тоа што ЕСМ Енергетика ќе ги стави надвор од употреба старите парни котли кои немаат техничка можност за дневно гаснење и затоа греењето било испорачувано 24 часа со енормна потрошувачка на гас.
Извор: МИА

The post Граѓани протестираа кај Автокоманда против новите услови во системот на греење appeared first on Република.

]]>
И градоначалникот на протест во Автокоманда: Не може владата да менува без да ги праша жителите! https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/i-gradonachalnikot-na-protest-vo-avtokomanda-ne-mozhe-vladata-da-menuva-bez-da-gi-prasha-zhitelite/ Wed, 01 Feb 2023 18:10:33 +0000 https://republika.mk/?p=603527

Барањата на граѓаните на Автокоманда се и мои барања, потенцираше градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски, кој на повик на граѓаните се приклучи на граѓанскиот протест на жителите на Автокоманда, кои бараат да се вратат на старото греење откако без да бидат прашани беа приклучени на друга опција.

Не може Владата и АД Енергетика да го променат снабдувачот со топлинска енергија во Автокоманда без да ги прашаат корисниците‼️
Очекувам да се прифатат барањата на граѓаните и АД Енергетика повторно да биде снабдувач за домаќинствата во Автокоманда‼️, порача тој.

The post И градоначалникот на протест во Автокоманда: Не може владата да менува без да ги праша жителите! appeared first on Република.

]]>

Барањата на граѓаните на Автокоманда се и мои барања, потенцираше градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски, кој на повик на граѓаните се приклучи на граѓанскиот протест на жителите на Автокоманда, кои бараат да се вратат на старото греење откако без да бидат прашани беа приклучени на друга опција.
Не може Владата и АД Енергетика да го променат снабдувачот со топлинска енергија во Автокоманда без да ги прашаат корисниците‼️ Очекувам да се прифатат барањата на граѓаните и АД Енергетика повторно да биде снабдувач за домаќинствата во Автокоманда‼️, порача тој.

The post И градоначалникот на протест во Автокоманда: Не може владата да менува без да ги праша жителите! appeared first on Република.

]]>
Скопјани ќе имаат парно цела зима, уверува Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/skopjani-kje-imaat-parno-cela-zima-uveruva-vladata/ Fri, 04 Nov 2022 12:43:34 +0000 https://republika.mk/?p=569565

Владата на денешната 99-та седница донесе одлука за преземање мерка за финансиска поддршка со засметување на разликата на цена на топлинската енергија на вршителите на енергетските дејности на пазарот на топлинска енергија, за потрошената топлинска енергија од страна на потрошувачите од категоријата домаќинства, во услови на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија.

Оваа одлука за новата грејна сезона, како што велат од владината прес-служба, практично значи продолжување на субвенционирањето од страна на Владата во делот на сметките за топлинска енергија на домаќинствата, со цел заштита на домаќинствата од повисока цена на топлинска енергија, како што беше случај и досега.

-Мерката за финансиската поддршка е предвидено да се реализира согласно меѓусебните права и обврски утврдени со склучени договори помеѓу Акционерското друштво за производство на електрична енергија ЕСМ, во државна сопственост, Скопје и носителите на лиценца за снабдување со топлинска енергија на подрачјето на градот Скопје. Мерката се однесува на временскиот период од денот на влегувањето во сила на оваа одлука – до истекот на рокот на утврденото постоење кризната состојба во снабдувањето со топлинска енергија, соопшти Владата.

Во Скопје околу 60 илјади домаќинства се приклучени на системот за централно греење на кој грејната сезона трае од 15 октомври до  30 април

The post Скопјани ќе имаат парно цела зима, уверува Владата appeared first on Република.

]]>

Владата на денешната 99-та седница донесе одлука за преземање мерка за финансиска поддршка со засметување на разликата на цена на топлинската енергија на вршителите на енергетските дејности на пазарот на топлинска енергија, за потрошената топлинска енергија од страна на потрошувачите од категоријата домаќинства, во услови на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија. Оваа одлука за новата грејна сезона, како што велат од владината прес-служба, практично значи продолжување на субвенционирањето од страна на Владата во делот на сметките за топлинска енергија на домаќинствата, со цел заштита на домаќинствата од повисока цена на топлинска енергија, како што беше случај и досега. -Мерката за финансиската поддршка е предвидено да се реализира согласно меѓусебните права и обврски утврдени со склучени договори помеѓу Акционерското друштво за производство на електрична енергија ЕСМ, во државна сопственост, Скопје и носителите на лиценца за снабдување со топлинска енергија на подрачјето на градот Скопје. Мерката се однесува на временскиот период од денот на влегувањето во сила на оваа одлука – до истекот на рокот на утврденото постоење кризната состојба во снабдувањето со топлинска енергија, соопшти Владата. Во Скопје околу 60 илјади домаќинства се приклучени на системот за централно греење на кој грејната сезона трае од 15 октомври до  30 април

The post Скопјани ќе имаат парно цела зима, уверува Владата appeared first on Република.

]]>
Од 1 ноември ќе има топлинска енергија, склучен е договор, уверува Бектеши https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/od-1-noemvri-kje-ima-toplinska-energija-skluchen-e-dogovor-uveruva-bekteshi/ Sun, 30 Oct 2022 15:08:48 +0000 https://republika.mk/?p=567455

И од 1 ноември граѓаните ќе имаат топлинска енергија, уверува министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој на денешната прес-конференција во Владата соопшти дека е склучен договор од страна на ЕСМ за набавка на природен гас за топланите, а за подетелни информации упати на ЕСМ.

Склучен е договор од страна на ЕСМ за набавка на природен гас. Ќе работи дополнително и ТЕТО која ќе покрива 60-70 проценти од потребите на топлинската енергија. Пропаднаа во вода кажувањата на одредени енергетски екссперти дека требаше уште пред два-три месеца да направиме договори кога цената на природниот гас беше од 3000 до 4000 евра за нормален метар кубен, изјави Бектеши, додавајќи дека цените по е направена набавката на природен гас се двојно пониски од овие што ги кажувале експертите.

The post Од 1 ноември ќе има топлинска енергија, склучен е договор, уверува Бектеши appeared first on Република.

]]>

И од 1 ноември граѓаните ќе имаат топлинска енергија, уверува министерот за економија Крешник Бектеши. Тој на денешната прес-конференција во Владата соопшти дека е склучен договор од страна на ЕСМ за набавка на природен гас за топланите, а за подетелни информации упати на ЕСМ.
Склучен е договор од страна на ЕСМ за набавка на природен гас. Ќе работи дополнително и ТЕТО која ќе покрива 60-70 проценти од потребите на топлинската енергија. Пропаднаа во вода кажувањата на одредени енергетски екссперти дека требаше уште пред два-три месеца да направиме договори кога цената на природниот гас беше од 3000 до 4000 евра за нормален метар кубен, изјави Бектеши, додавајќи дека цените по е направена набавката на природен гас се двојно пониски од овие што ги кажувале експертите.

The post Од 1 ноември ќе има топлинска енергија, склучен е договор, уверува Бектеши appeared first on Република.

]]>
Корсиниците на парното од ЕЛЕМ Енергетика за недела-две се очекува да добијат субвенционирани сметки https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/korsinicite-na-parnoto-od-elem-energetika-za-nedela-dve-se-ochekuva-da-dobijat-subvencionirani-smetki/ Thu, 20 Oct 2022 13:16:21 +0000 https://republika.mk/?p=563619

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски денеска соопшти дека корсиниците на парното од ЕЛЕМ Енергетика во наредниот период ќе ги добијат сметките за плаќање.

Како што информира Ковачевски, ЕСМ очекува да биде прифатено субвенционирањето на тие сметки, а постапката е во тек.

Корсиниците на парното од ЕЛЕМ Енергетика, во делот на Гази Баба, ќе ги добијат сметките. Се уште немаше одлука од Влада за субвенционирање. Ние имаме испратено информација до Владата, таа веќе е во процедура и очекуваме да се прифати субвенционирањето на тие сметки, односно на тие граѓани. Во наредниот период граѓаните ќе ги добијат сметките за плаќање на парното. Ако ги испорачавме вака, сега, сметките ќе беа повеќекратно повисоки и ќе се создадеше непријатна ситуација. Очекуваме оваа или наредната недела да имаме сметки со цени кои ги признава и прифаќа Регулаторната комисија за енергетика, рече Ковачевски.

Субвенциите, потврди, не се исплатени.

Сега ќе бидат пресметани со новите цени сметките на граѓаните. Во делот на исплатата имаме отворено наменска сметка за топлинска енергија. На таа сметка во јануари или февруари имаме добиено околу 360 милиони денари и со Владаа ќе направиме порамнување. Дополнително сега имаме добиено уште 1,1 милијарда денари за топлинската енергија во Скопје, за проработување на трите нови ДОО-ели на АД ЕСМ за набавка на гасот за октомври и за следните набавки кои следуваат наредната недела, напомена Ковачевски.

The post Корсиниците на парното од ЕЛЕМ Енергетика за недела-две се очекува да добијат субвенционирани сметки appeared first on Република.

]]>

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски денеска соопшти дека корсиниците на парното од ЕЛЕМ Енергетика во наредниот период ќе ги добијат сметките за плаќање. Како што информира Ковачевски, ЕСМ очекува да биде прифатено субвенционирањето на тие сметки, а постапката е во тек.
Корсиниците на парното од ЕЛЕМ Енергетика, во делот на Гази Баба, ќе ги добијат сметките. Се уште немаше одлука од Влада за субвенционирање. Ние имаме испратено информација до Владата, таа веќе е во процедура и очекуваме да се прифати субвенционирањето на тие сметки, односно на тие граѓани. Во наредниот период граѓаните ќе ги добијат сметките за плаќање на парното. Ако ги испорачавме вака, сега, сметките ќе беа повеќекратно повисоки и ќе се создадеше непријатна ситуација. Очекуваме оваа или наредната недела да имаме сметки со цени кои ги признава и прифаќа Регулаторната комисија за енергетика, рече Ковачевски.
Субвенциите, потврди, не се исплатени.
Сега ќе бидат пресметани со новите цени сметките на граѓаните. Во делот на исплатата имаме отворено наменска сметка за топлинска енергија. На таа сметка во јануари или февруари имаме добиено околу 360 милиони денари и со Владаа ќе направиме порамнување. Дополнително сега имаме добиено уште 1,1 милијарда денари за топлинската енергија во Скопје, за проработување на трите нови ДОО-ели на АД ЕСМ за набавка на гасот за октомври и за следните набавки кои следуваат наредната недела, напомена Ковачевски.

The post Корсиниците на парното од ЕЛЕМ Енергетика за недела-две се очекува да добијат субвенционирани сметки appeared first on Република.

]]>
Лоба бесна: Од 4500 до 5000 денари плаќаме парно секој месец, а парно нема!! https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/loba-besna-od-4500-do-5000-denari-plakjame-parno-sekoj-mesec-a-parno-nema/ Thu, 20 Oct 2022 07:26:11 +0000 https://republika.mk/?p=563380

Пејачката Викторија Лоба е бесна што иако плаќа високи сметки за парно греење, во нејзиниот дом е ладно. Вели од година во година ситуацијата со парното се влошила.

Од 4500 до 5000 денари плаќаме парно секој месец а парно нема!!?? Се грееме со клима дома, срамота е ова СРАМОТА!!! Секоја зима е слабо парното во центар, додека оваа зима изгледа воопшно нема ни да има. А ако не платиш сметка низ нос ќе ти ги извадат парите со тужби со се, пишува Лоба.

The post Лоба бесна: Од 4500 до 5000 денари плаќаме парно секој месец, а парно нема!! appeared first on Република.

ЕСМ ја презема и топланата Скопје Север https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/esm-ja-prezema-i-toplanata-skopje-sever/ Wed, 19 Oct 2022 15:19:33 +0000 https://republika.mk/?p=563216

На 94-та владина седница е најдено решение за затоплување и на граѓаните од Скопје Север. Владата jа разгледа и усвои Информацијата за реализација на Договорот за деловно-техничка соработка со Друштвото за снабдување со пареа и топла вода Скопје Север АД Скопје, доставена од АД за производство на електрична енергија „Електрани на Македонија“, во државна сопственост, Скопје.

„Со донесените заклучоците од Владата, се овозможува решение за снабдување со топлинска енергија и на граѓаните корисници на услугите на Скопје Север АД, преку прифаќање на предлогот од АД ЕСМ - Скопје за начинот на премостување на отворените прашања помеѓу Скопје Север АД Скопје и АД „Електрани на Македонија“ – Скопје. Владата го задолжи Акционерското друштво за производство на електрична енергија „Електрани на Македонија“, во државна сопственост, Скопје, да склучи Договор за деловно-техничка соработка за грејната сезона 2022/2023 година со Друштво за снабдување со пареа и топла вода Скопје Север АД Скопје, во којшто ќе се регулираат сите права и обврски на Скопје Север АД Скопје“, велат од Владата.

Со потпишувањето на Договорот за грејна сезона 2022/2023 година, не се исклучува обврската за исполнување на правата и обврските по веќе склучениот Договорот за деловно-техничка соработка. Задолжено е Друштвото за снабдување со пареа и топла вода Скопје Север АД Скопје, со потпишувањето на Договорот за грејна сезона 2022/2023 година, да ги исполни сите права и обврски од веќе потпишаниот Договор за деловно-техничка соработка, од 21.01.2022 година, со АД ЕЛЕМ - Скопје.

The post ЕСМ ја презема и топланата Скопје Север appeared first on Република.

Новите договори за парно ќе се праќаат и по пошта и ќе се постават на веб страницата на АД ЕСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/novite-dogovori-za-parno-kje-se-prakjaat-i-po-poshta-i-kje-se-postavat-na-veb-stranicata-na-ad-esm/ Tue, 18 Oct 2022 13:28:15 +0000 https://republika.mk/?p=562571

ЕСМ Снабдување подготвува поедноставување на постапката за склучување нови договори за парно греење во Скопје и нагласува дека новите начини ќе бидат достапни во следните денови, за што јавноста ќе биде навремено известена.

-Потрошувачите ќе имаат можност сами да го пополнат образецот на договорот за снабдување со топлинска енергија, кој ќе биде прикачен на веб страницата на АД ЕСМ и во два примерока да го предадат во еден од пунктовите на ЕСМ снабдување, со приложување на увид документ за лична идентификација и една фактура (или копија) од претходниот снабдувач. По заверка на договорот, од страна на ЕСМ снабдување, ќе им биде доставен по пошта на адреса на потрошувачот, наведена во договорот, соопшти ЕСМ.

ЕСМ снабдување, се вели во соопштението, во наредниот период ќе го достави образецот на договорот за снабдување со топлинска енергија во поштенското сандаче во објектите каде се испорачува топлинска енергија, а потрошувачите ќе треба да го пополнат во два примерока и да го предадат во еден од пунктовите на ЕСМ снабдување, со документ за лична идентификација на увид и една фактура (или копија) од претходниот снабдувач. По заверка на договорот, од страна на ЕСМ снабдување ќе им биде доставен по пошта на адреса на потрошувачот, наведена во договорот.

-Со новите начини ќе се намали времето на задржување на потрошувачите во пунктовите, со оглед на тоа што документот ќе биде веќе пополнет од нивна страна. ЕСМ снабдување ќе воспостави и директни контакти со корисниците кои од лични причини не можат да ги напуштат своите домови, ќе им излезе во пресрет и ќе им овозможи договорот да го склучат во нивниот дом. Тековно ќе се изнаоѓаат решенија и за други корисници, кои во следниот период ќе бидат отсутни и за нив ќе се определи посебен термин за склучување на договорот, согласно нивните можности, потенцираат од ЕСМ.

Нагласуваат дека заклучно со денеска во 11:00 часот склучени се 950 договори за снабдување со топлинска енергија со потрошувачите, во пунктовите на ЕСМ снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје.

Снабдувачот со топлина апелира до граѓаните да продолжат да пристапуваат кон пунктовите и непосредно да ја регулираат својата правна обврска во однос на испораката на топлина до нивните домови и објекти

The post Новите договори за парно ќе се праќаат и по пошта и ќе се постават на веб страницата на АД ЕСМ appeared first on Република.

]]>

ЕСМ Снабдување подготвува поедноставување на постапката за склучување нови договори за парно греење во Скопје и нагласува дека новите начини ќе бидат достапни во следните денови, за што јавноста ќе биде навремено известена. -Потрошувачите ќе имаат можност сами да го пополнат образецот на договорот за снабдување со топлинска енергија, кој ќе биде прикачен на веб страницата на АД ЕСМ и во два примерока да го предадат во еден од пунктовите на ЕСМ снабдување, со приложување на увид документ за лична идентификација и една фактура (или копија) од претходниот снабдувач. По заверка на договорот, од страна на ЕСМ снабдување, ќе им биде доставен по пошта на адреса на потрошувачот, наведена во договорот, соопшти ЕСМ. ЕСМ снабдување, се вели во соопштението, во наредниот период ќе го достави образецот на договорот за снабдување со топлинска енергија во поштенското сандаче во објектите каде се испорачува топлинска енергија, а потрошувачите ќе треба да го пополнат во два примерока и да го предадат во еден од пунктовите на ЕСМ снабдување, со документ за лична идентификација на увид и една фактура (или копија) од претходниот снабдувач. По заверка на договорот, од страна на ЕСМ снабдување ќе им биде доставен по пошта на адреса на потрошувачот, наведена во договорот. -Со новите начини ќе се намали времето на задржување на потрошувачите во пунктовите, со оглед на тоа што документот ќе биде веќе пополнет од нивна страна. ЕСМ снабдување ќе воспостави и директни контакти со корисниците кои од лични причини не можат да ги напуштат своите домови, ќе им излезе во пресрет и ќе им овозможи договорот да го склучат во нивниот дом. Тековно ќе се изнаоѓаат решенија и за други корисници, кои во следниот период ќе бидат отсутни и за нив ќе се определи посебен термин за склучување на договорот, согласно нивните можности, потенцираат од ЕСМ. Нагласуваат дека заклучно со денеска во 11:00 часот склучени се 950 договори за снабдување со топлинска енергија со потрошувачите, во пунктовите на ЕСМ снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје. Снабдувачот со топлина апелира до граѓаните да продолжат да пристапуваат кон пунктовите и непосредно да ја регулираат својата правна обврска во однос на испораката на топлина до нивните домови и објекти

The post Новите договори за парно ќе се праќаат и по пошта и ќе се постават на веб страницата на АД ЕСМ appeared first on Република.

]]>
Претседателе Пендаровски имате ли греење во Вила Водно или и вие солидарно мрзнете со скопјани?! https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/pretsedatele-pendarovski-imate-li-greenje-vo-vila-vodno-ili-i-vie-solidarno-mrznete-so-skopjani/ Mon, 17 Oct 2022 19:25:39 +0000 https://republika.mk/?p=562254

Има ли топли радијатори во Вила Водно на македонскиот претседател Стево Пендаровски? Иако грејната сезона започна, радијаторите се ладни. Единствено во раните утрински часови има млаки радијатори и тука завршува греењето за скопјани.

-Наутро има млаки радијатори. Преку ден веќе тие се ладни. Очекував дека барем навечер ќе има повторно парно, бар два часа, но остана се само добра надеж. Имам бебе дома, морам да пуштам греење, особено за бањање. Еве преку ден не мора да има парно, има сонце, не се ниски температурите, но барем во вечерните часови да имаме греење. Да штетиме струја, а од друга страна мораме да пуштаме клими и греалки за да се стоплиме - коментира скопјанка која живее во централното градско подрачје.

Граѓаните прашуваат дали и кај претседателот Пендаровски радијаторите се ладни цел ден. Тој на почетокот на октомври даде ветување дека ќе го исклучи парното во Вила Водно доколку граѓаните немаат греење. Прашан дали вила „Водно“ ќе се грее на парно од 15 октомври, Пендаровски рече дека ако има греење за сите останати граѓани во Скопје, тогаш и вила „Водно“ ќе се грее на ист начин.

– Ако нема за останатите во Скопје, ние ќе го исклучиме греењето. Нема да имаме никаква привилегија во таа смисла, ви гарантирам, рече Пендаровски.

Дали претседателот Пендаровски ги исклучи вентилите и ги остави ладни радијаторите во Вила Водно?!

The post Претседателе Пендаровски имате ли греење во Вила Водно или и вие солидарно мрзнете со скопјани?! appeared first on Република.

Бислимоски: Парно греење има, ама нема оти е топло https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bislimoski-parno-greenje-ima-ama-nema-oti-e-toplo/ Mon, 17 Oct 2022 12:04:18 +0000 https://republika.mk/?p=562069

Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимоски за „Студио 10“ рече дека минати се времињата кога еден стан со парно се загревал со температура од 24 степени целзиусови и нагоре.

Навечер ќе има парно, сигурно тоа го следат од ЕСМ и ако е температурата под 15 степени, верувам дека ЕСМ ќе ги затопли радијаторите и во ноќните часови, но треба да се штеди за да имаме доволно средства и да не се прави притисок на цената. Знам дека постои одреднео незадоволство, но да се покажеме солидарни и да не очекуваме грејна сезона со 24-25 степени целзиусови во некои станови. Да потсетам дека побогати земји температурата ја намалија на 18 и 19 степени. Ние како РКЕ не се одлучивме да ги намалуваме тие гранични температури, рече Бислимоски.

Бислимовски вели дека во моментов цената на природниот гас, од кој се претвора топлинска енергија, е 1.500 евра за нормален метар кубен и е двојно помала од пикот од 3.000 евра за нормален метар кубен, што се покажало како добар потег на Владата да чека и да не закупува однапред гас за топланите.

Да купевме во јули и август ќе платевме 3.000 евра, сега е 1.500 долари. Калкулиравме дека греењето ќе немаше никаква логика. Ќе требаше да се платат дополнителни 180 до 200 милиони евра на грбот на потрошувачите, наведе Бислимоски.

The post Бислимоски: Парно греење има, ама нема оти е топло appeared first on Република.

Радијаторите во Скопје трет ден млаки кон ладни https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/radijatorite-vo-skopje-tret-den-mlaki-kon-ladni/ Mon, 17 Oct 2022 06:13:48 +0000 https://republika.mk/?p=561847

Веќе трет ден скопјани се будат со ладни радијатори.Така е и денеска кога парното греење е пуштено на минимум и голем дел од граѓаните се прашуваат зошто е тоа така.

Но, од новиот добавувач со енергија не милат така, Оттаму велат дека нема дефекти во топланите и дистрибутивната мрежа за парно греење во Скопје и тие се 100 отсто функционални.

Се интервенира по повици на граѓани за дефекти во домовите или на потстаниците во зградите, но тоа, како што велат од АД ЕСМ, е вообичаено на почетокот на грејната сезона.

Од денеска корисниците на централното греење ќе треба да потпишат нови договори со ЕСМ Снабдување ДООЕЛ Скопје.

Од ЕСМ уверуваат дека засега нема проблем во производството и испорачувањето на топлинската енергија и оти ќе има доволно енергенси за целата грејна сезона. Директорката за производство од АД ЕСМ Александра Маројевиќ вчера информираше дека во првите два дена од стартот на грејната сезона пријавени се околу 600 дефекти од корисници на топлинска енергија, а најголем број се однесуваат на истекување од внатрешни инсталации.

– Овие дефекти не можат да се предвидат од наша страна, ниту од страна на корисниците. Во таков случај нашите екипи ја прекинуваат испораката на топлинска енергија во тие потстаници сè додека кај корисниците не се отстранат дефектите од истекувањето, појасни Маројевиќ.

Најчести причини за студени радијатори се дефекти во топлински потстаници, како и најразлични затнувања на радијаторите, затнување на воздух, запуштен прочистувач, откажување на пумпи итн.

Приоритет на сервисните екипи на терен имаат рекламациите за течење, со оглед дека тие можат да предизвикаат материјална штета во домовите. Сите останати рекламации за немање греење, односно студени радијатори се извршуваат од сервисните служби на терен по редослед „прв јавен, прв услужен“.

Во однос на испораката на топлинската енергија во попладневните часови, таа посочи дека во изминатите два дена греење немало зашто надворешните температури биле високи.

– Млаките радијатори во овој период и во наредниот не се дефект, туку се рационална испорака на топлинска енергија согласно правилата, со цел во објектите да се исполни 20+1 степен Целзиусов. Како ќе паѓаат надворешните температури, така и обемот на испорачана топлинска енергија низ грејните тела ќе се зголемува, појасни Маројевиќ.

Во однос на енергенсите, информира дека АД ЕСМ и државата работат на обезбедување природен гас по поволни цени, а ако во тоа не се успее, алтернативно решение ќе биде користењето на дизел гориво, кое е достапно на пазарот и навремено ќе биде обезбедено. На располагање се државните резерви во однос на основните енергенси и граѓаните треба да бидат спокојни во поглед на парното греење во Скопје.

The post Радијаторите во Скопје трет ден млаки кон ладни appeared first on Република.

]]>

Веќе трет ден скопјани се будат со ладни радијатори.Така е и денеска кога парното греење е пуштено на минимум и голем дел од граѓаните се прашуваат зошто е тоа така. Но, од новиот добавувач со енергија не милат така, Оттаму велат дека нема дефекти во топланите и дистрибутивната мрежа за парно греење во Скопје и тие се 100 отсто функционални.
Се интервенира по повици на граѓани за дефекти во домовите или на потстаниците во зградите, но тоа, како што велат од АД ЕСМ, е вообичаено на почетокот на грејната сезона.
Од денеска корисниците на централното греење ќе треба да потпишат нови договори со ЕСМ Снабдување ДООЕЛ Скопје. Од ЕСМ уверуваат дека засега нема проблем во производството и испорачувањето на топлинската енергија и оти ќе има доволно енергенси за целата грејна сезона. Директорката за производство од АД ЕСМ Александра Маројевиќ вчера информираше дека во првите два дена од стартот на грејната сезона пријавени се околу 600 дефекти од корисници на топлинска енергија, а најголем број се однесуваат на истекување од внатрешни инсталации. – Овие дефекти не можат да се предвидат од наша страна, ниту од страна на корисниците. Во таков случај нашите екипи ја прекинуваат испораката на топлинска енергија во тие потстаници сè додека кај корисниците не се отстранат дефектите од истекувањето, појасни Маројевиќ. Најчести причини за студени радијатори се дефекти во топлински потстаници, како и најразлични затнувања на радијаторите, затнување на воздух, запуштен прочистувач, откажување на пумпи итн. Приоритет на сервисните екипи на терен имаат рекламациите за течење, со оглед дека тие можат да предизвикаат материјална штета во домовите. Сите останати рекламации за немање греење, односно студени радијатори се извршуваат од сервисните служби на терен по редослед „прв јавен, прв услужен“. Во однос на испораката на топлинската енергија во попладневните часови, таа посочи дека во изминатите два дена греење немало зашто надворешните температури биле високи. – Млаките радијатори во овој период и во наредниот не се дефект, туку се рационална испорака на топлинска енергија согласно правилата, со цел во објектите да се исполни 20+1 степен Целзиусов. Како ќе паѓаат надворешните температури, така и обемот на испорачана топлинска енергија низ грејните тела ќе се зголемува, појасни Маројевиќ. Во однос на енергенсите, информира дека АД ЕСМ и државата работат на обезбедување природен гас по поволни цени, а ако во тоа не се успее, алтернативно решение ќе биде користењето на дизел гориво, кое е достапно на пазарот и навремено ќе биде обезбедено. На располагање се државните резерви во однос на основните енергенси и граѓаните треба да бидат спокојни во поглед на парното греење во Скопје.

The post Радијаторите во Скопје трет ден млаки кон ладни appeared first on Република.

]]>
ЕСМ: Во 105 објекти не се обезбедени потребните услови за испорака на топлинска енергија https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/esm-vo-105-objekti-ne-se-obezbedeni-potrebnite-uslovi-za-isporaka-na-toplinska-energija/ Thu, 13 Oct 2022 11:07:27 +0000 https://republika.mk/?p=560487

EСМ Снабдување со топлина преку соопштение апелира потрошувачите, заедниците на сопственици и управителите да ги обезбедат потребните услови за непречена испорака на топлинска енергија во објектите по почетокот на грејната сезона.

Соработката од страна на потрошувачите и заедниците на сопственици, посочуваат од компанијата, е во интерес на сите страни за да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на топлинската енергија. Во моментов во околу 105 објекти (што претставува околу 3,7 отсто од вкупниот број на мерни места) сè уште не се обезбедени бараните услови, односно имаат дефекти во внатрешната грејна инсталација, оневозможен е пристап на екипите на компанијата до топлинските станици или немаат електрична енергија во топлинските станици.

Со цел испораката на топлинска енергија од системот за централно греење да се одвива непречено и навремено, апелираме до потрошувачите, управителите односно „заедниците на сопственици” да ги отстранат дефектите на внатрешната грејна инсталација во најкус можен рок и истото веднаш да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи, да овозможат непречен пристап на екипите на компанијата до топлинската станица, да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација). Одржувањето на внатрешната грејна инсталација согласно важечките законски и подзаконски акти е одговорност на потрошувачите, остакнуваат од ЕСМ.

Потенцираат дека потрошувачите пред да пријават дефект или рекламација во Центрот за грижа на потрошувачи, да проверат дали нивниот објект се наоѓа на списокот затворени објекти кај кои не се испорачува топлинска енергија и доколку објектот за кој бараат информација не е на списокот на затворени објекти, потрошувачите може да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи за да биде евидентиран нивниот објект.

За информации или пријави на дефекти и завршени интервенции, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви:

За потрошувачите на ЕСМ Снабдување со топлина Дооел Скопје на подрачјето на дел од градот Скопје и тоа: Општина Аеродром, дел од Општина Гази Баба, Општина Ѓорче Петров, Општина Карпош, Општина Кисела Вода, Општина Центар и Општина Чаир.

Центар за грижа на потрошувачи (24/7): 02 3076 200 и 075 400 100

За потрошувачите на Енергетика – Оддел за топлинска енергија на подрачјето на дел од градот Скопје и тоа: дел од Општина Гази Баба Дефекти и протекување (24/7): 071 313 405 Центар за грижа на корисници (пон-петок,07.00–19.00): 02 3104 816 Рекламации за квалитет на греење (пон-петок, 07.00-19.00): 02 3104 872. Соработката од страна на потрошувачите е во интерес на сите страни за да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на топлинската енергија, информираат од ЕСМ Снабдување со топлина.

The post ЕСМ: Во 105 објекти не се обезбедени потребните услови за испорака на топлинска енергија appeared first on Република.

]]>

EСМ Снабдување со топлина преку соопштение апелира потрошувачите, заедниците на сопственици и управителите да ги обезбедат потребните услови за непречена испорака на топлинска енергија во објектите по почетокот на грејната сезона. Соработката од страна на потрошувачите и заедниците на сопственици, посочуваат од компанијата, е во интерес на сите страни за да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на топлинската енергија. Во моментов во околу 105 објекти (што претставува околу 3,7 отсто од вкупниот број на мерни места) сè уште не се обезбедени бараните услови, односно имаат дефекти во внатрешната грејна инсталација, оневозможен е пристап на екипите на компанијата до топлинските станици или немаат електрична енергија во топлинските станици. Со цел испораката на топлинска енергија од системот за централно греење да се одвива непречено и навремено, апелираме до потрошувачите, управителите односно „заедниците на сопственици” да ги отстранат дефектите на внатрешната грејна инсталација во најкус можен рок и истото веднаш да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи, да овозможат непречен пристап на екипите на компанијата до топлинската станица, да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација). Одржувањето на внатрешната грејна инсталација согласно важечките законски и подзаконски акти е одговорност на потрошувачите, остакнуваат од ЕСМ. Потенцираат дека потрошувачите пред да пријават дефект или рекламација во Центрот за грижа на потрошувачи, да проверат дали нивниот објект се наоѓа на списокот затворени објекти кај кои не се испорачува топлинска енергија и доколку објектот за кој бараат информација не е на списокот на затворени објекти, потрошувачите може да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи за да биде евидентиран нивниот објект. За информации или пријави на дефекти и завршени интервенции, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви: За потрошувачите на ЕСМ Снабдување со топлина Дооел Скопје на подрачјето на дел од градот Скопје и тоа: Општина Аеродром, дел од Општина Гази Баба, Општина Ѓорче Петров, Општина Карпош, Општина Кисела Вода, Општина Центар и Општина Чаир. Центар за грижа на потрошувачи (24/7): 02 3076 200 и 075 400 100 За потрошувачите на Енергетика – Оддел за топлинска енергија на подрачјето на дел од градот Скопје и тоа: дел од Општина Гази Баба Дефекти и протекување (24/7): 071 313 405 Центар за грижа на корисници (пон-петок,07.00–19.00): 02 3104 816 Рекламации за квалитет на греење (пон-петок, 07.00-19.00): 02 3104 872. Соработката од страна на потрошувачите е во интерес на сите страни за да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на топлинската енергија, информираат од ЕСМ Снабдување со топлина.

The post ЕСМ: Во 105 објекти не се обезбедени потребните услови за испорака на топлинска енергија appeared first on Република.

]]>
Владата одобри средства за непречено снабдување со топлинска енергија на Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-odobri-sredstva-za-neprecheno-snabduvanje-so-toplinska-energija-na-skopje/ Wed, 28 Sep 2022 06:36:59 +0000 https://republika.mk/?p=554536

Владата на вчерашната седница донесе одлука за одобрување 1,1 милијарда денари на АД „Електрани на Македонија“ (ЕСМ) за набавка на енергенси, ликвидно работење и континуирано снабдување со топлинската енергија на потрошувачите на Град Скопје во текот на претстојната грејна сезона.

Владата уверува дека има многу јасен план за справување со енергетската криза, преку ставање во функција на сите енергетски капацитети – оспособување на Блок 3 во РЕК Битола и ставање во функција на ТЕЦ Осломеј. Од вчера во функција е ставен првиот котел на ТЕЦ Неготино, со производство на електрична енергија со моќност од 60 мегавати, а тимови на експерти веќе работат на пуштање и на вториот котел.

Во меѓу време, денеска, шести ден, ќе продолжи дебатата во собраниската Комисија за одбрана и безбедност за предлог-одлуките за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на целата територија на државата, заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија, како и за постоење на кризна состојба на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија.

По завршувањето на расправата во матичната собраниска Комисија, пратениците на пленарна седница ќе треба да гласаат за продолжување за уште половина година на кризната состојба во енергетиката, што е во сила со одлука на Владата од 1 септември.

Според премиерот Димитар Ковачевски, постојано се разговара за најсоодветно снабдување со енергија со повеќе земји, меѓу кои и со Србија, Бугарија и Турција.

–  Со Србија имаме разговори кои веќе ги водиме. Со Бугарија имаме разговори, но таму е малку посложена ситуацијата, бидејќи во моментов нема Парламент, а нивното законодавство е прилично ограничено во однос на продавање вишоци на електрична енергија со директни договори и тоа мора да го прават преку берза. Со Турција, исто така, сметам дека сме на добар пат да обезбедиме пат за енергија, изјави вчера Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања.

За финансирањето на активностите за справување со енергетската криза веќе е обезбедена финансиска конструкција со билатерални кредитори, а во скоро време премиерот очекува да завршат и преговорите со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Се разговара и со некои финансиски побогати држави од Блискиот Исток. За обезбедување ликвидни финансиски средства за ЕСМ е обезбеден кредит од ЕБОР, а премиерот и вчера упати апел до пратениците од опозицијата, како што рече, што побрзо и без никакви уцени, да се одобри.

Во однос на парното греење во Скопје, Ковачевски упати дека има два дела – затоплување на градот од нов оператор, за што ЕСМ веќе има добиено лиценци и второ, обезбедување гас за работа на ТЕ-ТО.

–  Тоа се разговара на повеќе нивоа и со повеќе држави, со оглед на енормно високите цени на природниот гас, заради војната во Украина. Штом ќе бидат договорени и изнајдени најсоодветните извори на снабдување на гас, ќе бидат информирани и граѓаните, изјави вчера Ковачевски.

Доверителските односи меѓу ЕСМ, БЕГ или друг провајдер на услуги, според премиерот, ќе бидат решени согласно Законот за трговски друштва и облигациски односи.

Порака до граѓаните да бидат спокојни и оти ќе има топлинска енергија вчера повторно упати и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, според кого, веќе е обезбеден и гас.

– ЕСМ и „Адора“ влегуваат во преговори кои мора да се согласно сите законски прописи и процедури. Се што е возможно ќе се направи. Ние велиме дека топлинска енергија за граѓаните секако ќе има и тие треба да бидат спокојни. Да, обезбеден е и гас. Кој е изворот е најмалку важно, важно е да има гас, рече Битиќи, одговарајќи на новинарски прашања.

Во однос на ставот на БЕГ, кој ја изгуби лиценцата за топлинска енергија, дека нема обврска да испорачува парно греење во новата грејна сезона, Битиќи рече дека Одлуката на РКЕ и членот три е јасен и дециден, како и дека е дојдено време „да читаат и да толкуваат тие што треба тоа го знаат“.

– Граѓаните само треба малку повеќе да веруваат. Како што во јануари обезбедивме топлинска енергија кога бевме оставени на цедило, така и сега топлинска енергија за граѓаните на Скопје ќе има. Независно дали е ЕСМ или БЕГ, граѓаните ќе добијат топлинска енергија. Бидејќи од однесување на приватниот партнер не сум задоволен, би сакал тоа да го направи ЕСМ, истакна вицепремиерот и уште еднаш порача дека од законот никој не може да се огради.

Во меѓувреме, министерот за економија Крешник Бектеши, осврнувајќи се на владините мерки за енергетската криза, најави дека угостителите и хотелиерите ќе добијат поддршка, а рудниците, казината, банките и сличните такви дејности нема да бидат поддржани.

Бектеши повтори дека ќе им се помогне и на најранливите категории граѓани, а ќе се донесат и соодветни мерки во делот на замрзнувањето на цените и на маржите.

И вицепремиерот Битиќи потврди дека бизнисот ќе биде помогнат директно, но само оние сектори кои навистина имаат потреба од тоа.

– Сум кажал дека поддршка од Владата ќе добиваат оние стопанственици кои покажуваат дека навистина штедат и оние кои навистина имаат потреба од поддршка. Не верувам дека имаат потреба од поддршка некои компании кои лани имале профит од над 30 милион евра, кои имаат минерални суровини и кои користат јавни добра од сите граѓани. Тие податоци ги имаме и мерките се прават, изјави Битиќи.

Тој информираше дека одредени хотели и угостителски објекти се на регулираниот пазар и имаат загарантирана цена на струјата до 31 декември, а за оние што се на слободниот пазар Владата до крајот на оваа недела ќе излезе со конкретни предлози за да ги намалат трошоците за електричната енергија.

И ресорните министри во областите труд и социјална политика и здравство тврдат дека во овие ресори ќе нема проблеми со недостиг на електрична енергија.

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска е децидна дека греење во градинките ќе има.

– Не треба да се плашат ниту родителите, ниту општините дека може да се доведе во случај да нема парно во градинките. Парно ќе има и за граѓаните и за градинките, бидејќи Владата е одговорна, се грижиме за граѓаните и ја менаџираме енергетската криза, изјави Тренчевска.

Како што посочи, градинките не се на индустриска струја, па со тоа, како што истакна, немаат големи сметки, а голем дел од нив се енергетски ефикасни, со што заштедуваат електрична енергија.

The post Владата одобри средства за непречено снабдување со топлинска енергија на Скопје appeared first on Република.

]]>

Владата на вчерашната седница донесе одлука за одобрување 1,1 милијарда денари на АД „Електрани на Македонија“ (ЕСМ) за набавка на енергенси, ликвидно работење и континуирано снабдување со топлинската енергија на потрошувачите на Град Скопје во текот на претстојната грејна сезона. Владата уверува дека има многу јасен план за справување со енергетската криза, преку ставање во функција на сите енергетски капацитети – оспособување на Блок 3 во РЕК Битола и ставање во функција на ТЕЦ Осломеј. Од вчера во функција е ставен првиот котел на ТЕЦ Неготино, со производство на електрична енергија со моќност од 60 мегавати, а тимови на експерти веќе работат на пуштање и на вториот котел. Во меѓу време, денеска, шести ден, ќе продолжи дебатата во собраниската Комисија за одбрана и безбедност за предлог-одлуките за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на целата територија на државата, заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија, како и за постоење на кризна состојба на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија. По завршувањето на расправата во матичната собраниска Комисија, пратениците на пленарна седница ќе треба да гласаат за продолжување за уште половина година на кризната состојба во енергетиката, што е во сила со одлука на Владата од 1 септември. Според премиерот Димитар Ковачевски, постојано се разговара за најсоодветно снабдување со енергија со повеќе земји, меѓу кои и со Србија, Бугарија и Турција.
–  Со Србија имаме разговори кои веќе ги водиме. Со Бугарија имаме разговори, но таму е малку посложена ситуацијата, бидејќи во моментов нема Парламент, а нивното законодавство е прилично ограничено во однос на продавање вишоци на електрична енергија со директни договори и тоа мора да го прават преку берза. Со Турција, исто така, сметам дека сме на добар пат да обезбедиме пат за енергија, изјави вчера Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања.
За финансирањето на активностите за справување со енергетската криза веќе е обезбедена финансиска конструкција со билатерални кредитори, а во скоро време премиерот очекува да завршат и преговорите со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Се разговара и со некои финансиски побогати држави од Блискиот Исток. За обезбедување ликвидни финансиски средства за ЕСМ е обезбеден кредит од ЕБОР, а премиерот и вчера упати апел до пратениците од опозицијата, како што рече, што побрзо и без никакви уцени, да се одобри. Во однос на парното греење во Скопје, Ковачевски упати дека има два дела – затоплување на градот од нов оператор, за што ЕСМ веќе има добиено лиценци и второ, обезбедување гас за работа на ТЕ-ТО.
–  Тоа се разговара на повеќе нивоа и со повеќе држави, со оглед на енормно високите цени на природниот гас, заради војната во Украина. Штом ќе бидат договорени и изнајдени најсоодветните извори на снабдување на гас, ќе бидат информирани и граѓаните, изјави вчера Ковачевски.
Доверителските односи меѓу ЕСМ, БЕГ или друг провајдер на услуги, според премиерот, ќе бидат решени согласно Законот за трговски друштва и облигациски односи. Порака до граѓаните да бидат спокојни и оти ќе има топлинска енергија вчера повторно упати и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, според кого, веќе е обезбеден и гас.
– ЕСМ и „Адора“ влегуваат во преговори кои мора да се согласно сите законски прописи и процедури. Се што е возможно ќе се направи. Ние велиме дека топлинска енергија за граѓаните секако ќе има и тие треба да бидат спокојни. Да, обезбеден е и гас. Кој е изворот е најмалку важно, важно е да има гас, рече Битиќи, одговарајќи на новинарски прашања.
Во однос на ставот на БЕГ, кој ја изгуби лиценцата за топлинска енергија, дека нема обврска да испорачува парно греење во новата грејна сезона, Битиќи рече дека Одлуката на РКЕ и членот три е јасен и дециден, како и дека е дојдено време „да читаат и да толкуваат тие што треба тоа го знаат“.
– Граѓаните само треба малку повеќе да веруваат. Како што во јануари обезбедивме топлинска енергија кога бевме оставени на цедило, така и сега топлинска енергија за граѓаните на Скопје ќе има. Независно дали е ЕСМ или БЕГ, граѓаните ќе добијат топлинска енергија. Бидејќи од однесување на приватниот партнер не сум задоволен, би сакал тоа да го направи ЕСМ, истакна вицепремиерот и уште еднаш порача дека од законот никој не може да се огради.
Во меѓувреме, министерот за економија Крешник Бектеши, осврнувајќи се на владините мерки за енергетската криза, најави дека угостителите и хотелиерите ќе добијат поддршка, а рудниците, казината, банките и сличните такви дејности нема да бидат поддржани. Бектеши повтори дека ќе им се помогне и на најранливите категории граѓани, а ќе се донесат и соодветни мерки во делот на замрзнувањето на цените и на маржите. И вицепремиерот Битиќи потврди дека бизнисот ќе биде помогнат директно, но само оние сектори кои навистина имаат потреба од тоа.
– Сум кажал дека поддршка од Владата ќе добиваат оние стопанственици кои покажуваат дека навистина штедат и оние кои навистина имаат потреба од поддршка. Не верувам дека имаат потреба од поддршка некои компании кои лани имале профит од над 30 милион евра, кои имаат минерални суровини и кои користат јавни добра од сите граѓани. Тие податоци ги имаме и мерките се прават, изјави Битиќи.
Тој информираше дека одредени хотели и угостителски објекти се на регулираниот пазар и имаат загарантирана цена на струјата до 31 декември, а за оние што се на слободниот пазар Владата до крајот на оваа недела ќе излезе со конкретни предлози за да ги намалат трошоците за електричната енергија. И ресорните министри во областите труд и социјална политика и здравство тврдат дека во овие ресори ќе нема проблеми со недостиг на електрична енергија. Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска е децидна дека греење во градинките ќе има.
– Не треба да се плашат ниту родителите, ниту општините дека може да се доведе во случај да нема парно во градинките. Парно ќе има и за граѓаните и за градинките, бидејќи Владата е одговорна, се грижиме за граѓаните и ја менаџираме енергетската криза, изјави Тренчевска.
Како што посочи, градинките не се на индустриска струја, па со тоа, како што истакна, немаат големи сметки, а голем дел од нив се енергетски ефикасни, со што заштедуваат електрична енергија.

The post Владата одобри средства за непречено снабдување со топлинска енергија на Скопје appeared first on Република.

]]>
Решението за парното во Скопје ставено на чекање https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/reshenieto-za-parnoto-vo-skopje-staveno-na-chekanje/ Tue, 27 Sep 2022 10:59:39 +0000 https://republika.mk/?p=554767

Владата има 19 дена да најде решение како ќе ги стопли жителите на Скопје, откако БЕГ кажа дека нема намера да го снабдува градот со топлинска енергија. Со оглед дека темепратурите паѓаат, парно греење можеби ќе треба да има уште од 1 октомври односно за четири денови. Премиерот Димитар Ковачевски кажа дека прашањето уште не е решено и се бара решение. Се разговара со фирмата „Адора“ која ги има топланите во нејзина сопственост и не сака да ги даде под кирија, туку да ги продаде бидејќи ѝ создавале загуби.

„Во Скопје, има два дела. Знаете дека БЕГ одби да го затоплува Скопје, Градот одби да се занимава со таа комунална услуга и затоа државата мораше да донесе одлуки кои ќе значат преземање на затоплувањето на градот од друг оператор. Тоа е ЕСМ. ЕСМ има лиценца за управување. Топланите се во приватна сопственост, се разговара, ќе има решение“, кажа Ковачевски.

Тој посочува дека се работи и на тоа да нема поскапување на услугите за парно греење.

„Јас оваа година кога станав премиер, во јануари немаше парно греење. И првиот работен ден ми беше да се обезбеди затоплување на Градот Скопје. Сега работиме на снабдување на топлинска енергија на Градот Скопје. И тоа по цени, соодветни за граѓаните. Државата ги субвенционира цените на парното греење. Сите можеа да се уверат по сметките кои беа сторнирани. Цената на гасот е 10 пати зголемена од почетокот на годината. Тоа што ни е обврска, тоа го правиме. Разговарам за снабдување со енергенси“, додава Ковачевски.

The post Решението за парното во Скопје ставено на чекање appeared first on Република.

Власта одбила да нарача и да плати гас од „Макпетрол“ за октомври https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vlasta-odbila-da-naracha-i-da-plati-gas-od-makpetrol-za-oktomvri/ Tue, 27 Sep 2022 08:29:01 +0000 https://republika.mk/?p=554564

ЕСМ, кое всушност го презеде управувањето со БЕГ за снабдување на топлинска енергија, не ги нарачало потребните количини на гас од компанијата „Макпетрол“ за следниот месец, односно за октомври оваа година, пишува Фактор.

Откако „Макпетрол“ пред извесен период испрати допис до ЕСМ, во кој ги известува дека компанијата врз основа на годишнот договор со „Гаспром“ може да ги обезбеди потребните количини и за сите свои клиенти, како и за топлните Исток и Запад, со тоа што количините за наредниот месец треба да се платат до 20 претходниот месец, од ЕСМ му одговориле на „Макпетрол“ дека нив нема да им бидат потребни споменатите количини. Практично, тој одговор значел и дека Владата нема да ги плати потребните средства, што требаше да се случи до 20 овој месец, за да се набават потребните количини на енергенсот за следниот месец, односно октомври.

Целиот текст овде.

The post Власта одбила да нарача и да плати гас од „Макпетрол“ за октомври appeared first on Република.

]]>

ЕСМ, кое всушност го презеде управувањето со БЕГ за снабдување на топлинска енергија, не ги нарачало потребните количини на гас од компанијата „Макпетрол“ за следниот месец, односно за октомври оваа година, пишува Фактор. Откако „Макпетрол“ пред извесен период испрати допис до ЕСМ, во кој ги известува дека компанијата врз основа на годишнот договор со „Гаспром“ може да ги обезбеди потребните количини и за сите свои клиенти, како и за топлните Исток и Запад, со тоа што количините за наредниот месец треба да се платат до 20 претходниот месец, од ЕСМ му одговориле на „Макпетрол“ дека нив нема да им бидат потребни споменатите количини. Практично, тој одговор значел и дека Владата нема да ги плати потребните средства, што требаше да се случи до 20 овој месец, за да се набават потребните количини на енергенсот за следниот месец, односно октомври. Целиот текст овде.

The post Власта одбила да нарача и да плати гас од „Макпетрол“ за октомври appeared first on Република.

]]>
Влада: Граѓаните на Град Скопје ќе имаат парно – согласно Законот за енергетика загарантирана е јавната дејност да се врши во целост без прекин https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vlada-gragjanite-na-grad-skopje-kje-imaat-parno-soglasno-zakonot-za-energetika-zagarantirana-e-javnata-dejnost-da-se-vrshi-vo-celost-bez-prekin/ Mon, 26 Sep 2022 13:25:34 +0000 https://republika.mk/?p=554349

Владата на Република Македонија континуирано презема мерки за да обезбеди сигурно и стабилно снабдување со топлинска енергија за граѓаните на Скопје. Во овој момент се финализираат преговорите за регулирано производство на топлинска енергија, врз основа на претходно донесената одлука на Владата за избор на вршители на енергетски дејности, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија. Штом завршат истите, јавноста ќе биде навремено известена.

Граѓаните на Град Скопје ќе имаат парно, и согласно Законот за енергетика загарантирана е јавната дејност да се врши во целост без прекин.

Владата заедно со ресорните институции постојано работи на обезбедување на потребните ресурси за производство на топлинска енергија по најповолни цени се со цел домаќинствата да имаат помали трошоци. Конкретно, се бара најдоброто решение за обезбедување на најниска цена на гас или мазут со цел да се спречи ценовен шок и да не поскапи парното.

И оваа година како и минатата, Владата согласно законските можности прави максимални напори да обезбеди непречено снабдување на топлинска енергија за граѓаните на Скопје.

Во изминатиот период владиниот економски тим и ресорите енергетика имаа повеќе регионални средби и состаноци, со цел обезбедување на потребните енергенси во услови на најголемата светска криза која ја памтиме во поновата историја.

The post Влада: Граѓаните на Град Скопје ќе имаат парно – согласно Законот за енергетика загарантирана е јавната дејност да се врши во целост без прекин appeared first on Република.

]]>

Владата на Република Македонија континуирано презема мерки за да обезбеди сигурно и стабилно снабдување со топлинска енергија за граѓаните на Скопје. Во овој момент се финализираат преговорите за регулирано производство на топлинска енергија, врз основа на претходно донесената одлука на Владата за избор на вршители на енергетски дејности, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија. Штом завршат истите, јавноста ќе биде навремено известена. Граѓаните на Град Скопје ќе имаат парно, и согласно Законот за енергетика загарантирана е јавната дејност да се врши во целост без прекин. Владата заедно со ресорните институции постојано работи на обезбедување на потребните ресурси за производство на топлинска енергија по најповолни цени се со цел домаќинствата да имаат помали трошоци. Конкретно, се бара најдоброто решение за обезбедување на најниска цена на гас или мазут со цел да се спречи ценовен шок и да не поскапи парното. И оваа година како и минатата, Владата согласно законските можности прави максимални напори да обезбеди непречено снабдување на топлинска енергија за граѓаните на Скопје. Во изминатиот период владиниот економски тим и ресорите енергетика имаа повеќе регионални средби и состаноци, со цел обезбедување на потребните енергенси во услови на најголемата светска криза која ја памтиме во поновата историја.

The post Влада: Граѓаните на Град Скопје ќе имаат парно – согласно Законот за енергетика загарантирана е јавната дејност да се врши во целост без прекин appeared first on Република.

]]>