парма Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/parma/ За подобро да се разбереме Sat, 12 Feb 2022 17:25:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png парма Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/parma/ 32 32 Пандев даде гол, направи пресврт и го напушти теренот поради повреда https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/pandev-dade-gol-napravi-presvrt-i-go-napushti-terenot-poradi-povreda/ Sat, 12 Feb 2022 17:25:03 +0000 https://republika.mk/?p=457641

Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев, го постигна својот прв гол како играч на Парма. Пандев попладнево во дуелот со Порденоне од 22. коло во Серија Б, во игра влезе на почетокот од второто полувреме и по само десет минути поминати на теренот постигна гол за во тој момент изедначување на резултатот на 1:1.

Сепак, Македонецот не го дочека крајот на мечот. Тој поради повреда во 71.минута мораше да го напушти теренот.

Парма забележа победа со 4:1 и си ги зголеми шансите за освојување на најмалку 8 место кое носи учество во плејофот за пласман во Серија А.

Во моментов Парма е на 11. место со 28 бода, четири помалку од зоната која носи разигрување.

The post Пандев даде гол, направи пресврт и го напушти теренот поради повреда appeared first on Република.

]]>

Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев, го постигна својот прв гол како играч на Парма. Пандев попладнево во дуелот со Порденоне од 22. коло во Серија Б, во игра влезе на почетокот од второто полувреме и по само десет минути поминати на теренот постигна гол за во тој момент изедначување на резултатот на 1:1. Сепак, Македонецот не го дочека крајот на мечот. Тој поради повреда во 71.минута мораше да го напушти теренот. Парма забележа победа со 4:1 и си ги зголеми шансите за освојување на најмалку 8 место кое носи учество во плејофот за пласман во Серија А. Во моментов Парма е на 11. место со 28 бода, четири помалку од зоната која носи разигрување.

The post Пандев даде гол, направи пресврт и го напушти теренот поради повреда appeared first on Република.

]]>
Пандев: Во Парма има историја, сакам да го вратам тимот каде што заслужува да биде! https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/pandev-vo-parma-ima-istorija-sakam-da-go-vratam-timot-kade-shto-zasluzuva-da-bide/ Wed, 09 Feb 2022 18:25:09 +0000 https://republika.mk/?p=456409

Поранешниот македонски репрезентативец Горан Пандев на крајот на зимскиот преоден рок ја напушти Џенова и се пресели во Парма, која се натпреварува во Серија Б, а сега даде интервју за клупскиот сајт.

Пандев вели дека неговата намера е да ѝ помогне на Парма во борбата за враќање на местото на кое што припаѓа, а тоа е Серија А.

„Прекрасно чувство. Мило ми е што сум тука. Ова е одличен и важен тим во италијанскиот фудбал. Се надевам дека ќе ја вратам Парма каде што заслужува да биде. Парма има богата историја, многу шампиони играа за овој клуб. Од секогаш ми се допаѓаше тимот, дури и кога играв против нив“, вели Пандев.

Македонскиот фудбалер бил пријатно пречекан и од новите соиграчи во Парма, каде што владее убава атмосфера, како што открива Пандев.

„Искрено, изненаден сум од моите соиграчи. Има прекрасна атмосфера во тимот. Ова се одлични луѓе, тие се подготвени да направат сè. Тренираме и поминавме многу време на теренот. Го следиме нашиот тренер и се надеваме дека ќе се вратиме на победнички патеки“, кажа македонскиот фудбалер.

The post Пандев: Во Парма има историја, сакам да го вратам тимот каде што заслужува да биде! appeared first on Република.

]]>

Поранешниот македонски репрезентативец Горан Пандев на крајот на зимскиот преоден рок ја напушти Џенова и се пресели во Парма, која се натпреварува во Серија Б, а сега даде интервју за клупскиот сајт. Пандев вели дека неговата намера е да ѝ помогне на Парма во борбата за враќање на местото на кое што припаѓа, а тоа е Серија А.
„Прекрасно чувство. Мило ми е што сум тука. Ова е одличен и важен тим во италијанскиот фудбал. Се надевам дека ќе ја вратам Парма каде што заслужува да биде. Парма има богата историја, многу шампиони играа за овој клуб. Од секогаш ми се допаѓаше тимот, дури и кога играв против нив“, вели Пандев.
Македонскиот фудбалер бил пријатно пречекан и од новите соиграчи во Парма, каде што владее убава атмосфера, како што открива Пандев.
„Искрено, изненаден сум од моите соиграчи. Има прекрасна атмосфера во тимот. Ова се одлични луѓе, тие се подготвени да направат сè. Тренираме и поминавме многу време на теренот. Го следиме нашиот тренер и се надеваме дека ќе се вратиме на победнички патеки“, кажа македонскиот фудбалер.

The post Пандев: Во Парма има историја, сакам да го вратам тимот каде што заслужува да биде! appeared first on Република.

]]>
Пандев дебитираше за Парма https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/pandev-debitirashe-za-parma/ Sat, 05 Feb 2022 18:48:38 +0000 https://republika.mk/?p=454600

Горан Пандев денеска дебитираше во својот нов клуб Парма и тоа со реми без голови на незгодното гостување кај Беневенто.

Македонскиот интернационалец го одигра цело второ полувреме, но Парма не постигна гол исто како и противникот, иако и двете екипи имаа по еден поништен гол поради офсајд во првиот дел.

Пандев имаше еден сериозен обид и тоа во судиското надополнување, но неговиот удар од петнаесетина метри заврши над голот на Беневенто.

Со денешното реми, Беневенто остана на четвртото место, додека Парма падна на тринаесеттата позиција, со шеснаесет бода помалку од лидерот Лече.

The post Пандев дебитираше за Парма appeared first on Република.

]]>

Горан Пандев денеска дебитираше во својот нов клуб Парма и тоа со реми без голови на незгодното гостување кај Беневенто. Македонскиот интернационалец го одигра цело второ полувреме, но Парма не постигна гол исто како и противникот, иако и двете екипи имаа по еден поништен гол поради офсајд во првиот дел. Пандев имаше еден сериозен обид и тоа во судиското надополнување, но неговиот удар од петнаесетина метри заврши над голот на Беневенто. Со денешното реми, Беневенто остана на четвртото место, додека Парма падна на тринаесеттата позиција, со шеснаесет бода помалку од лидерот Лече.

The post Пандев дебитираше за Парма appeared first on Република.

]]>
Горан Пандев нов играч на Парма https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/goran-pandev-nov-igrach-na-parma/ Mon, 31 Jan 2022 20:54:24 +0000 https://republika.mk/?p=452159

Неколку часа пред завршувањето на јануарскиот преоден рок, рекордерот според бројот на настапи и постигнати голови во македонскиот фудбалски дрес Горан Пандев неочекувано ја смени клупската средина и потпиша за италијанскиот второлигаш Парма.

Пандев (38) потпиша договор со Парма до крајот на сезоната и со тоа стави крај на шестгодишниот престој во редовите на калчолигашот Џенова, кому му претстои тешка битка за опстанок во прволигашкото друштво.

Соиграч на Пандев во Парма ќе му биде легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон, кој ја почетокот на оваа сезона се врати во клубот во кој ја почна кариерата.

Пандев, кој од порано најави дека ја игра последната сезона во својата кариера, ја напушта Серија А со импозантни бројки зад своето име и вкупно 493 одиграни натпревари, од дебито во сезоната 2003/04, со што е трет на вечната листа зад Фабио Канаваро (515) и Самир Хандановиќ (537).

 

The post Горан Пандев нов играч на Парма appeared first on Република.

]]>

Неколку часа пред завршувањето на јануарскиот преоден рок, рекордерот според бројот на настапи и постигнати голови во македонскиот фудбалски дрес Горан Пандев неочекувано ја смени клупската средина и потпиша за италијанскиот второлигаш Парма. Пандев (38) потпиша договор со Парма до крајот на сезоната и со тоа стави крај на шестгодишниот престој во редовите на калчолигашот Џенова, кому му претстои тешка битка за опстанок во прволигашкото друштво. Соиграч на Пандев во Парма ќе му биде легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон, кој ја почетокот на оваа сезона се врати во клубот во кој ја почна кариерата. Пандев, кој од порано најави дека ја игра последната сезона во својата кариера, ја напушта Серија А со импозантни бројки зад своето име и вкупно 493 одиграни натпревари, од дебито во сезоната 2003/04, со што е трет на вечната листа зад Фабио Канаваро (515) и Самир Хандановиќ (537).  

The post Горан Пандев нов играч на Парма appeared first on Република.

]]>