Парламентарното собрание на Советот на Европа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/parlamentarnoto-sobranie-na-sovetot-na-evropa/ За подобро да се разбереме Sat, 15 Oct 2022 15:31:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Парламентарното собрание на Советот на Европа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/parlamentarnoto-sobranie-na-sovetot-na-evropa/ 32 32 Парламентарното собрание на Советот на Европа привремено ќе се пресели во Европскиот парламент https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/parlamentarnoto-sobranie-na-sovetot-na-evropa-privremeno-kje-se-preseli-vo-evropskiot-parlament/ Sat, 15 Oct 2022 15:31:18 +0000 https://republika.mk/?p=561501

Парламентарното собрание на Советот на Европа ќе се пресели привремено, од следниот април, во зградата на Европскиот парламент, од другата страна на каналот на Рајна, јави дописникот на МИА.

На хемициклот на Советот на Европа, во Палатата на Европа инаугуриран од Валери Жискар Д’Естен во 1977 година, му треба дотерување-подмладување. Нема да биде допрена структурата од махагониј, ниту трибината и клупите на кои поминаа 45 години од историјата на Европа, туку ќе се прави надградба на стандардите за пристапност, нова електрична и преведувачка опрема…

Градежните работи беа планирани за 2018 година, но политичко-буџетските тешкотии го принудија Советот да ги одложи. Русија, суспендирана од Собранието поради анексијата на Крим, како одмазда престана да придонесува во буџетот на Советот. Дупката во фондот беше оправдување за напуштањето на одредени проекти и реновирањето на хемициклот ја плати цената.

Со пет години доцнење, обновата конечно ќе се реализира, поради што Парламентарното собрание на Советот на Европа привремено се сели во Европскиот парламент, кој, пак, до изградбата на неговата зграда во 1999 година, се состануваше токму во хемициклот на Советот на Европа.

The post Парламентарното собрание на Советот на Европа привремено ќе се пресели во Европскиот парламент appeared first on Република.

]]>

Парламентарното собрание на Советот на Европа ќе се пресели привремено, од следниот април, во зградата на Европскиот парламент, од другата страна на каналот на Рајна, јави дописникот на МИА. На хемициклот на Советот на Европа, во Палатата на Европа инаугуриран од Валери Жискар Д’Естен во 1977 година, му треба дотерување-подмладување. Нема да биде допрена структурата од махагониј, ниту трибината и клупите на кои поминаа 45 години од историјата на Европа, туку ќе се прави надградба на стандардите за пристапност, нова електрична и преведувачка опрема… Градежните работи беа планирани за 2018 година, но политичко-буџетските тешкотии го принудија Советот да ги одложи. Русија, суспендирана од Собранието поради анексијата на Крим, како одмазда престана да придонесува во буџетот на Советот. Дупката во фондот беше оправдување за напуштањето на одредени проекти и реновирањето на хемициклот ја плати цената. Со пет години доцнење, обновата конечно ќе се реализира, поради што Парламентарното собрание на Советот на Европа привремено се сели во Европскиот парламент, кој, пак, до изградбата на неговата зграда во 1999 година, се состануваше токму во хемициклот на Советот на Европа.

The post Парламентарното собрание на Советот на Европа привремено ќе се пресели во Европскиот парламент appeared first on Република.

]]>