парламентарното мнозинство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/parlamentarnoto-mnozinstvo/ За подобро да се разбереме Wed, 18 Jan 2023 09:37:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png парламентарното мнозинство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/parlamentarnoto-mnozinstvo/ 32 32 Демократски сојуз бара да се прекинат активностите за проширување на парламентарното мнозинство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/demokratski-sojuz-bara-da-se-prekinat-aktivnostite-za-proshiruvane-na-parlamentarnoto-mnozinstvo/ Wed, 18 Jan 2023 09:37:43 +0000 https://republika.mk/?p=598192

Демократскиот сојуз (ДС) смета дека идејата за зголемување на парламентарното мнозинство, дополнително ќе го засили незадоволството кај граѓаните, дека ќе се заострат меѓуетничките тензии и сериозно ќе се нарушат уставните принципи за соодветна и правична застапеност на етничките заедници во власта.

-Инаку, и со сегашната композиција на Владата, прекршени се основните решенија од Охридскиот рамковен договор, како и нормите “Бадентер” и “Балансер”, произлезени од истиот. Доколку сакаме функционални институции, приоритетни услови за раководни функции во власта, мора да бидат стручноста, професионалноста, личниот интегритет и отпорноста од партиски и криминални влијанија.

Партизацијата и етничкиот клуч, ги блокираа и ги криминализираа институциите. Ставот на Демократскиот сојуз е наместо сегашните преговори за приклучување на Алијанса во власта, СДСМ, а особено ДУИ, итно да ги консолидираат внатрепартиските состојби за да се продолжи со реформите, посебно во правосудниот систем и да се отпочне со силна и неселективна борба против корупцијата, велат од ДС преку соопштение.

Според нив, во скрининг процесот да се вклучат сите креативни потенцијали, а Парламентот континуирано да биде информиран.

Наместо граѓаните и партиите да се делат на поддржувачи и противници на ЕУ и да се најавуваат некакви нови сојузи, да се подвиткаат ракавите и да се работи на конкретни проекти, а не на сеење магла и продавање демагогија.

Незадоволството, загриженоста и разочараноста од вкупните состојби во државата секојдневно се зголемуваат, поради што неопходни се промени, но и јакнење на одговорноста. Граѓаните очекуваат единство и сплотеност, како и заштита на стратешките и националните интереси, стои во соопштението од партијата на Павле Трајанов.

 

The post Демократски сојуз бара да се прекинат активностите за проширување на парламентарното мнозинство appeared first on Република.

]]>

Демократскиот сојуз (ДС) смета дека идејата за зголемување на парламентарното мнозинство, дополнително ќе го засили незадоволството кај граѓаните, дека ќе се заострат меѓуетничките тензии и сериозно ќе се нарушат уставните принципи за соодветна и правична застапеност на етничките заедници во власта.
-Инаку, и со сегашната композиција на Владата, прекршени се основните решенија од Охридскиот рамковен договор, како и нормите “Бадентер” и “Балансер”, произлезени од истиот. Доколку сакаме функционални институции, приоритетни услови за раководни функции во власта, мора да бидат стручноста, професионалноста, личниот интегритет и отпорноста од партиски и криминални влијанија. Партизацијата и етничкиот клуч, ги блокираа и ги криминализираа институциите. Ставот на Демократскиот сојуз е наместо сегашните преговори за приклучување на Алијанса во власта, СДСМ, а особено ДУИ, итно да ги консолидираат внатрепартиските состојби за да се продолжи со реформите, посебно во правосудниот систем и да се отпочне со силна и неселективна борба против корупцијата, велат од ДС преку соопштение.
Според нив, во скрининг процесот да се вклучат сите креативни потенцијали, а Парламентот континуирано да биде информиран.
Наместо граѓаните и партиите да се делат на поддржувачи и противници на ЕУ и да се најавуваат некакви нови сојузи, да се подвиткаат ракавите и да се работи на конкретни проекти, а не на сеење магла и продавање демагогија. Незадоволството, загриженоста и разочараноста од вкупните состојби во државата секојдневно се зголемуваат, поради што неопходни се промени, но и јакнење на одговорноста. Граѓаните очекуваат единство и сплотеност, како и заштита на стратешките и националните интереси, стои во соопштението од партијата на Павле Трајанов.
 

The post Демократски сојуз бара да се прекинат активностите за проширување на парламентарното мнозинство appeared first on Република.

]]>