парламентарни избори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/parlamentarni-izbori/ За подобро да се разбереме Sun, 27 Oct 2024 08:14:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png парламентарни избори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/parlamentarni-izbori/ 32 32 Предвремени парламентарни избори во Јапонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/predvremeni-parlamentarni-izbori-vo-japonija/ Sun, 27 Oct 2024 08:14:43 +0000 https://republika.mk/?p=831344

Јапонските гласачи денеска на предвремени парламентарни избори одлучуваат за судбината на владата на премиерот Шигеру Ишиба, а аналитичарите сметаат дека гласачите ќе ја казнат владејачката коалиција поради скандалот со јавните финансии и инфлацијата што може да стави крај на децениската доминација на Либерално-демократската партија (ЛДП) на Ишиба.

Според анкетите, ЛДП и нејзиниот долгогодишен партнер Комеито, во време кога Јапонија се бори со зголемените животни трошоци и се позаострените односи со соседна Кина, ќе претрпат тежок пораз на денешните избори и коалицијата би можела да го загуби парламентарното мнозинство.

Губењето на мнозинството во Долниот дом ќе го принуди Ишиба, кој е на власт само еден месец, да преговара за поделба на власта со помалите партии, што би донело неизвесност за некои политички агенди, иако ниту една анкета не предвидува дека ЛДП ќе биде исклучена од власт.

Ако, по изборите, Ишиба биде принуден да избере партнери кои се залагаат за задржување на каматните стапки блиску до нула, политичките превирања би можеле да го потресат пазарот и да претставуваат предизвик за Банката на Јапонија, која сака постепено да ги зголемува каматните стапки, пренесуваат агенциите.

The post Предвремени парламентарни избори во Јапонија appeared first on Република.

]]>

Јапонските гласачи денеска на предвремени парламентарни избори одлучуваат за судбината на владата на премиерот Шигеру Ишиба, а аналитичарите сметаат дека гласачите ќе ја казнат владејачката коалиција поради скандалот со јавните финансии и инфлацијата што може да стави крај на децениската доминација на Либерално-демократската партија (ЛДП) на Ишиба. Според анкетите, ЛДП и нејзиниот долгогодишен партнер Комеито, во време кога Јапонија се бори со зголемените животни трошоци и се позаострените односи со соседна Кина, ќе претрпат тежок пораз на денешните избори и коалицијата би можела да го загуби парламентарното мнозинство. Губењето на мнозинството во Долниот дом ќе го принуди Ишиба, кој е на власт само еден месец, да преговара за поделба на власта со помалите партии, што би донело неизвесност за некои политички агенди, иако ниту една анкета не предвидува дека ЛДП ќе биде исклучена од власт. Ако, по изборите, Ишиба биде принуден да избере партнери кои се залагаат за задржување на каматните стапки блиску до нула, политичките превирања би можеле да го потресат пазарот и да претставуваат предизвик за Банката на Јапонија, која сака постепено да ги зголемува каматните стапки, пренесуваат агенциите.

The post Предвремени парламентарни избори во Јапонија appeared first on Република.

]]>
Првични резултати од парламентарните избори во Австрија, Партијата на слободата во водство https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/prvichni-rezultati-od-parlamentarnite-izbori-vo-avstrija-partijata-na-slobodata-vo-vodstvo/ Sun, 29 Sep 2024 15:54:42 +0000 https://republika.mk/?p=820777

Само неколку минути по затворањето на гласачките места во Виена, Министерството за внатрешни работи ги објави првите прогнозирани резултати, според кои на прво место е Австриската партија на слободата, со 29,1 отсто, најдобар резултат во нејзината историја.

Резултатот е за 13 проценти подобар од резултатот во 2019 година.

Владејачката Австриска народна партија е на второ место со 26,3 отсто, што е загуба од 11,1 отсто. Австриската социјалдемократска партија губи 0,1 отсто и го забележа најнискиот резултат досега (20,9 отсто).

НЕОС моментално е на четвртото место со 8,8 отсто, постигнат е плус 0,7 процент, Зелените загубија 5,3 отсто и се на петтото место со 8,6 отсто.

Право на учество на изборите за Националниот совет - Долниот дом на австрискиот Парламент имаа 6.346.059 австриски граѓани на возраст над 16 години.

The post Првични резултати од парламентарните избори во Австрија, Партијата на слободата во водство appeared first on Република.

]]>

Само неколку минути по затворањето на гласачките места во Виена, Министерството за внатрешни работи ги објави првите прогнозирани резултати, според кои на прво место е Австриската партија на слободата, со 29,1 отсто, најдобар резултат во нејзината историја. Резултатот е за 13 проценти подобар од резултатот во 2019 година. Владејачката Австриска народна партија е на второ место со 26,3 отсто, што е загуба од 11,1 отсто. Австриската социјалдемократска партија губи 0,1 отсто и го забележа најнискиот резултат досега (20,9 отсто). НЕОС моментално е на четвртото место со 8,8 отсто, постигнат е плус 0,7 процент, Зелените загубија 5,3 отсто и се на петтото место со 8,6 отсто. Право на учество на изборите за Националниот совет - Долниот дом на австрискиот Парламент имаа 6.346.059 австриски граѓани на возраст над 16 години.

The post Првични резултати од парламентарните избори во Австрија, Партијата на слободата во водство appeared first on Република.

]]>
Парламентарните избори во Австрија ќе се одржат на 29 септември https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/parlamentarnite-izbori-vo-avstrija-ke-se-odrzhat-na-29-septemvri/ Wed, 12 Jun 2024 11:07:36 +0000 https://republika.mk/?p=786900

Австриската Влада денеска соопшти дека парламентарните избори во таа земја ќе се одржат на 29 септември.

Ова доаѓа по тесната победа на екстремно десничарската Партија на слободата над конзервативната Народна партија на канцеларот Карл Нехамер на изборите за Европскиот парламент на кои партиите на цврстата десница постигнаа голем успех.

На изборите за Европскиот парламент Партијата на слободата освои 25,4 отсто од гласовите, а Народната партија 24,5 отсто поддршка.

The post Парламентарните избори во Австрија ќе се одржат на 29 септември appeared first on Република.

]]>

Австриската Влада денеска соопшти дека парламентарните избори во таа земја ќе се одржат на 29 септември. Ова доаѓа по тесната победа на екстремно десничарската Партија на слободата над конзервативната Народна партија на канцеларот Карл Нехамер на изборите за Европскиот парламент на кои партиите на цврстата десница постигнаа голем успех. На изборите за Европскиот парламент Партијата на слободата освои 25,4 отсто од гласовите, а Народната партија 24,5 отсто поддршка.

The post Парламентарните избори во Австрија ќе се одржат на 29 септември appeared first on Република.

]]>
Максим Димитриевски им даде гол на Ковачевски и Спасовски во Куманово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/maksim-dimitrievski-im-dade-gol-na-kovachevski-i-spasovski-vo-kumanovo/ Thu, 09 May 2024 13:33:18 +0000 https://republika.mk/?p=776398

Максим Димитриевски и неговата ЗНАМ ги победија Оливер Спасовски и владејачката партија во заминување, СДСМ. Во Куманово, местото од каде доаѓаат и Димитриевски и Спасовски, ЗНАМ освои 10.612 гласа, а СДСМ 7.144 гласа. Носител на листата која освои околу 3 500 гласа е Даниел Стојчевски, додека пак носител на листата на колаицијата За европска иднина беше токму Оливер Спасовски.

На ниво на цела втора изборна единица, СДСМ освои само 2.397 гласа повеќе од ЗНАМ. Од Куманово потекнува и лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Но се чини популарноста и угледот на Максим Димитриевски се на повисоко ниво. Во вотората изборна единица партијата на Ковачевски освои 18.631 гласа, додека пак партијата на Димитриевски 16.234. Тие 2.397 гласа не им донесоа на СДСМ повеќе пратенички места. И едните и другите освоија по две фотелји во собраниската сала. СДСМ обезбеди место за Оливер Спасовски и Фатмир Битиќи, а ЗНАМ за Даниел Стојчевски и Даниела Белимова.

https://republika.mk/vesti/makedonija/debakl-na-oliver-spasovski-osvoi-samo-2-pratenichki-mesta/

|

The post Максим Димитриевски им даде гол на Ковачевски и Спасовски во Куманово appeared first on Република.

]]>

Максим Димитриевски и неговата ЗНАМ ги победија Оливер Спасовски и владејачката партија во заминување, СДСМ. Во Куманово, местото од каде доаѓаат и Димитриевски и Спасовски, ЗНАМ освои 10.612 гласа, а СДСМ 7.144 гласа. Носител на листата која освои околу 3 500 гласа е Даниел Стојчевски, додека пак носител на листата на колаицијата За европска иднина беше токму Оливер Спасовски. На ниво на цела втора изборна единица, СДСМ освои само 2.397 гласа повеќе од ЗНАМ. Од Куманово потекнува и лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Но се чини популарноста и угледот на Максим Димитриевски се на повисоко ниво. Во вотората изборна единица партијата на Ковачевски освои 18.631 гласа, додека пак партијата на Димитриевски 16.234. Тие 2.397 гласа не им донесоа на СДСМ повеќе пратенички места. И едните и другите освоија по две фотелји во собраниската сала. СДСМ обезбеди место за Оливер Спасовски и Фатмир Битиќи, а ЗНАМ за Даниел Стојчевски и Даниела Белимова. https://republika.mk/vesti/makedonija/debakl-na-oliver-spasovski-osvoi-samo-2-pratenichki-mesta/ |

The post Максим Димитриевски им даде гол на Ковачевски и Спасовски во Куманово appeared first on Република.

]]>
Спасовски: СДСМ може и знае како од Република Cеверна Македонија да изгради европска држава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-sdsm-mozhe-i-znae-kako-od-republika-ceverna-makedonija-da-izgradi-evropska-drzhava/ Mon, 06 May 2024 16:31:33 +0000 https://republika.mk/?p=774754

Носителот на листа на кандидати за пратеници од ИЕ2, предводена од СДСМ и коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, на социјалните мрежи ја сподели понудата на парламентарните изборите 2024 година.

СДСМ има конкретна, издржана и остварлива Програма за следниот мандат во којшто ќе ги завршиме преговорите со ЕУ, за до 2030 година да го осигураме полноправното членство. Минималната и просечната плата и пензиите досега ги донесовме на историски највисоко ниво. Ветивме просечна плата од 500 евра, а не само што го исполнивме тоа, туку успеавме да го надминеме ова ветување и просечната плата достигна 650 евра. За речиси три пати ја зголемивме минималната плата, којашто сега изнесува 22.500 денари. Минималната и просечната пензија се зголемени за 50 проценти. Во наредните четири години просечната плата ќе достигне рекордни 1.100 евра, а минималната плата ќе биде 600 евра. Во наредниот мандат минималната пензија ќе биде 20.000 денари, а просечната пензија 30.000 денари. Ќе продолжиме со силната поддршка на домашните компании. Порано, домашните компании беа поддржани со 0 денари. Ние поддржавме над 919 компании со над 100 милиони евра, што значеше поттик на 500 милиони евра нови инвестиции во домашната економија. Во следниот мандат ќе има нови 180 милиони евра директна поддршка за домашните компании, плус 3,5 милијарди евра капитални инвестиции и плус 750 милиони евра поддршка за земјоделството. И ако во претходниот мандат ја намаливме невработеноста на 12,6%, во наредниот мандат најавуваме дека за првпат во историјата на Македонија, ќе постигнеме едноцифрена невработеност од 7 проценти. Младите дополнително ќе ги поддржиме да бидат достоинствено платени на пазарот на трудот. Во следниот мандат предвидовме по 200 евра за прво вработување за млади до 26 години, во првите 12 месеци. Ќе воведеме и данок на личен доход од 0% за бизнисите што исплатуваат минимална плата, за да им помогнеме на малите фирми, а со тоа ќе ги поддржиме и граѓаните со најниски примања. Го подготвуваме најголемиот и најамбициозен план во независна Македонија за модернизација на инфраструктурата во целата држава со инвестиции од над 2,7 милијарди евра. Предвидуваме изградба на 194 километри нови автопатишта и реконструкција на 950 километри патишта до 2028 година. Следуваат дополнителни перспективи и за македонското земјоделство. Проектиравме рекордно производство на храна во износ од една и пол милијарда евра, извозот на прехранбени производи да достигне 1,25 милиони евра, финансиска поддршка за земјоделците во висина од 1,35 милијарди евра. Младите сакаат и имаат право да растат, да се образуваат, да живеат родната земја, во држава со европски вредности и стандарди, со висок животен стандард, со модерно образование, со современо здравство, во чиста животна средина. Сите сакаме и можеме да живеемо во прогресивна држава и во солидарно општество, со еднакви права и одговорности за секој граѓанин. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија може и знае како од Република Cеверна Македонија да изгради таква европска држава, да ја поставиме меѓу развиениот европски свет, затоа што целта за европска Македонија ја темелиме на реална Програма за развој.

Сите заедно на 8ми мај заокружуваме број 1 – нема откажување од иднината!, напиша Спасовски на Фејсбук.

The post Спасовски: СДСМ може и знае како од Република Cеверна Македонија да изгради европска држава appeared first on Република.

]]>

Носителот на листа на кандидати за пратеници од ИЕ2, предводена од СДСМ и коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, на социјалните мрежи ја сподели понудата на парламентарните изборите 2024 година.
СДСМ има конкретна, издржана и остварлива Програма за следниот мандат во којшто ќе ги завршиме преговорите со ЕУ, за до 2030 година да го осигураме полноправното членство. Минималната и просечната плата и пензиите досега ги донесовме на историски највисоко ниво. Ветивме просечна плата од 500 евра, а не само што го исполнивме тоа, туку успеавме да го надминеме ова ветување и просечната плата достигна 650 евра. За речиси три пати ја зголемивме минималната плата, којашто сега изнесува 22.500 денари. Минималната и просечната пензија се зголемени за 50 проценти. Во наредните четири години просечната плата ќе достигне рекордни 1.100 евра, а минималната плата ќе биде 600 евра. Во наредниот мандат минималната пензија ќе биде 20.000 денари, а просечната пензија 30.000 денари. Ќе продолжиме со силната поддршка на домашните компании. Порано, домашните компании беа поддржани со 0 денари. Ние поддржавме над 919 компании со над 100 милиони евра, што значеше поттик на 500 милиони евра нови инвестиции во домашната економија. Во следниот мандат ќе има нови 180 милиони евра директна поддршка за домашните компании, плус 3,5 милијарди евра капитални инвестиции и плус 750 милиони евра поддршка за земјоделството. И ако во претходниот мандат ја намаливме невработеноста на 12,6%, во наредниот мандат најавуваме дека за првпат во историјата на Македонија, ќе постигнеме едноцифрена невработеност од 7 проценти. Младите дополнително ќе ги поддржиме да бидат достоинствено платени на пазарот на трудот. Во следниот мандат предвидовме по 200 евра за прво вработување за млади до 26 години, во првите 12 месеци. Ќе воведеме и данок на личен доход од 0% за бизнисите што исплатуваат минимална плата, за да им помогнеме на малите фирми, а со тоа ќе ги поддржиме и граѓаните со најниски примања. Го подготвуваме најголемиот и најамбициозен план во независна Македонија за модернизација на инфраструктурата во целата држава со инвестиции од над 2,7 милијарди евра. Предвидуваме изградба на 194 километри нови автопатишта и реконструкција на 950 километри патишта до 2028 година. Следуваат дополнителни перспективи и за македонското земјоделство. Проектиравме рекордно производство на храна во износ од една и пол милијарда евра, извозот на прехранбени производи да достигне 1,25 милиони евра, финансиска поддршка за земјоделците во висина од 1,35 милијарди евра. Младите сакаат и имаат право да растат, да се образуваат, да живеат родната земја, во држава со европски вредности и стандарди, со висок животен стандард, со модерно образование, со современо здравство, во чиста животна средина. Сите сакаме и можеме да живеемо во прогресивна држава и во солидарно општество, со еднакви права и одговорности за секој граѓанин. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија може и знае како од Република Cеверна Македонија да изгради таква европска држава, да ја поставиме меѓу развиениот европски свет, затоа што целта за европска Македонија ја темелиме на реална Програма за развој. Сите заедно на 8ми мај заокружуваме број 1 – нема откажување од иднината!, напиша Спасовски на Фејсбук.

The post Спасовски: СДСМ може и знае како од Република Cеверна Македонија да изгради европска држава appeared first on Република.

]]>
Апасиев: Она што го очекуваме на овие избори е да не може да се формира влада без Левица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/apasiev-ona-shto-go-ochekuvame-na-ovie-izbori-e-da-ne-mozhe-da-se-formira-vlada-bez-levitsa/ Mon, 06 May 2024 14:14:07 +0000 https://republika.mk/?p=774728

Она што го очекуваме на овие избори е да не може да се формира влада без Левица. Ова го истакна денеска Димитар Апасиев, претседателот на Левица и носител на кандидатската листа за пратеници од оваа партија во Првата изборна единица.

Во изјава за медиумите дадена пред почетокот на завршниот митинг во Скопје, Аапсиев ги повика граѓаните масовно да излезат на избори во среда.

Ние ја понудивме нашата македонска платформа и очекуваме идниот мандатар на ниво на таа платформа, да почне преговори. Апелираме до гласачите масовно да излезат и да гласаат на овие двојни избори. Очекуваме солидна бројка, дуплирање на резултатот од претседателските избори и освојување на прва пратеничка група на Левица од осум до 12 мандати, зависно од излезноста. Очекуваме машки фајт и битка внатре во Собранието, за македонските национални интереси, подвлече Аапсиев, изразувајќи благодарност до сите активисти, волонтери, на сите кои дале придонес во изминатиот период.

The post Апасиев: Она што го очекуваме на овие избори е да не може да се формира влада без Левица appeared first on Република.

]]>

Она што го очекуваме на овие избори е да не може да се формира влада без Левица. Ова го истакна денеска Димитар Апасиев, претседателот на Левица и носител на кандидатската листа за пратеници од оваа партија во Првата изборна единица. Во изјава за медиумите дадена пред почетокот на завршниот митинг во Скопје, Аапсиев ги повика граѓаните масовно да излезат на избори во среда.
Ние ја понудивме нашата македонска платформа и очекуваме идниот мандатар на ниво на таа платформа, да почне преговори. Апелираме до гласачите масовно да излезат и да гласаат на овие двојни избори. Очекуваме солидна бројка, дуплирање на резултатот од претседателските избори и освојување на прва пратеничка група на Левица од осум до 12 мандати, зависно од излезноста. Очекуваме машки фајт и битка внатре во Собранието, за македонските национални интереси, подвлече Аапсиев, изразувајќи благодарност до сите активисти, волонтери, на сите кои дале придонес во изминатиот период.

The post Апасиев: Она што го очекуваме на овие избори е да не може да се формира влада без Левица appeared first on Република.

]]>
Санела Шкријељ: Во центарот на Реформската агенда за Планот за раст се луѓето, тие се најважни https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sanela-shkrijel-vo-tsentarot-na-reformskata-agenda-za-planot-za-rast-se-lugeto-tie-se-najvazhni/ Sat, 04 May 2024 17:09:40 +0000 https://republika.mk/?p=774255

„Во центарот на нашата реформска агенда, а всушност и во претходна и сегашна програма која ја нудиме се луѓето. Затоа што луѓето се најважни и нивните знаења и вештини. Нема раст, развој без луѓе кои ги имаат потребните знаења и вештини за да се овозможи тој раст и развој“, истакна пратеничката и поранешна заменичка министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ, во дебатата на подкастот посветен на Планот за раст и за придобивките од него на економски план и на планот на јакнењето на човечкиот капитал во земјата, заедно со вицепремиерот задолжен за европски прашања и секретар за меѓународна соработка на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ и со вицепремиерот задолжен за економски прашања и кандидат за пратеник, Фатмир Битиќи.

Санела Шкријељ потенцираше дека Планот за раст е најсериозниот инструмент на ЕУ за да го донесеме европскиот стандард дома.

„Важна е крајната цел, членството во ЕУ, но и низ самиот процес на пристапни преговори да си обезбедиме подобар квалитет на живот за сите нас тука. Ова е навистина многу важен инструмент кој значи не само техничка поддршка, туку низ реформите обезбедуваме подобар квалитет за живот за нашите граѓани дома проследени со значајна и дополнителна финансиска поддршка“, посочи Шкријељ.

Таа ја нагласи поентата дека поддршката од Планот за раст е врзана за конкретни реформи, како што е реформата на основното и средното образование и дигитализацијата.

„Дигитализацијата е навистина клучен сегмент. Дигитализацијата на услугите коишто се однесуваат на бизнис секторот се една работа, но ќе се навратам на областите кои се поврзани со човечкиот капитал како што е образованието, здравството и социјалната заштита и грижа. Тука навистина има огромен простор. Фокусот мора да биде и со тоа го започнавме развојот на дигитални вештини кај децата, но и кај наставниците. Децата на некој начин растат во тој свет веќе и се соочуваме со ситуации кога нивните познавања на тие дигитални вештини се понапредни од оние на наставниците и на тоа навистина мора да работиме“, рече Санела Шкријељ.

Таа посочи дека во Реформската агенда на Македонија врзана за Планот за раст на ЕУ има и проекти за инфраструктурно опремување на училиштата и за дигитализација на процесите во јавната администрација.

„Како што го поставивме системот на социјална заштита на цврсти темели, така треба да продолжиме во таа насока и во другите сфери кои можат да го зајакнат човечкиот капитал. ЕУ бара испорачување на некои стандарди и ние истото го сакаме. Да испорачаме реформи за да добиеме поголема финансиска поддршка“, истакна пратеничката и поранешна заменичка министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ, во дебатата на подкастот посветен на Планот за раст и за придобивките од него на економски план и на планот на јакнењето на човечкиот капитал во земјата.

The post Санела Шкријељ: Во центарот на Реформската агенда за Планот за раст се луѓето, тие се најважни appeared first on Република.

]]>

„Во центарот на нашата реформска агенда, а всушност и во претходна и сегашна програма која ја нудиме се луѓето. Затоа што луѓето се најважни и нивните знаења и вештини. Нема раст, развој без луѓе кои ги имаат потребните знаења и вештини за да се овозможи тој раст и развој“, истакна пратеничката и поранешна заменичка министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ, во дебатата на подкастот посветен на Планот за раст и за придобивките од него на економски план и на планот на јакнењето на човечкиот капитал во земјата, заедно со вицепремиерот задолжен за европски прашања и секретар за меѓународна соработка на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ и со вицепремиерот задолжен за економски прашања и кандидат за пратеник, Фатмир Битиќи.
Санела Шкријељ потенцираше дека Планот за раст е најсериозниот инструмент на ЕУ за да го донесеме европскиот стандард дома.
„Важна е крајната цел, членството во ЕУ, но и низ самиот процес на пристапни преговори да си обезбедиме подобар квалитет на живот за сите нас тука. Ова е навистина многу важен инструмент кој значи не само техничка поддршка, туку низ реформите обезбедуваме подобар квалитет за живот за нашите граѓани дома проследени со значајна и дополнителна финансиска поддршка“, посочи Шкријељ.
Таа ја нагласи поентата дека поддршката од Планот за раст е врзана за конкретни реформи, како што е реформата на основното и средното образование и дигитализацијата.
„Дигитализацијата е навистина клучен сегмент. Дигитализацијата на услугите коишто се однесуваат на бизнис секторот се една работа, но ќе се навратам на областите кои се поврзани со човечкиот капитал како што е образованието, здравството и социјалната заштита и грижа. Тука навистина има огромен простор. Фокусот мора да биде и со тоа го започнавме развојот на дигитални вештини кај децата, но и кај наставниците. Децата на некој начин растат во тој свет веќе и се соочуваме со ситуации кога нивните познавања на тие дигитални вештини се понапредни од оние на наставниците и на тоа навистина мора да работиме“, рече Санела Шкријељ.
Таа посочи дека во Реформската агенда на Македонија врзана за Планот за раст на ЕУ има и проекти за инфраструктурно опремување на училиштата и за дигитализација на процесите во јавната администрација.
„Како што го поставивме системот на социјална заштита на цврсти темели, така треба да продолжиме во таа насока и во другите сфери кои можат да го зајакнат човечкиот капитал. ЕУ бара испорачување на некои стандарди и ние истото го сакаме. Да испорачаме реформи за да добиеме поголема финансиска поддршка“, истакна пратеничката и поранешна заменичка министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ, во дебатата на подкастот посветен на Планот за раст и за придобивките од него на економски план и на планот на јакнењето на човечкиот капитал во земјата.

The post Санела Шкријељ: Во центарот на Реформската агенда за Планот за раст се луѓето, тие се најважни appeared first on Република.

]]>
Завршува рокот за поднесување листи за пратеници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zavrshuva-rokot-za-podnesuvane-listi-za-pratenitsi/ Tue, 02 Apr 2024 06:24:26 +0000 https://republika.mk/?p=761097

Најдоцна до полноќ политичките партии и коалициите треба да ги достават листите за пратеници до Државната изборна комисија (ДИК) за изборите закажани на 8 мај. Ако ДИК утврди дека листата е поднесена во определениот рок и е составена во согласност со одредбите на Изборниот законик, поднесената листа ќе ја потврди со решение веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа. Денеска исто така ДИК треба да го заклучи Избирачкиот список и за претседателските (24 април) и за парламентарните избори.

Како што е наведено во Роковникот за парламентарните избори, ДИК по приемот на листата на кандидати, утврдува дали таа е поднесена во утврдениот рок и составена во согласност со одредбите на Изборниот законик и проверува дали кандидатите за пратеници ги исполнуваат условите предвидени во Уставот и член 7 став 2, 3 и 4 од Изборниот законик. Проверката се прави преку податоците во соодветните регистри и евиденции на надлежните институции. Институциите кои ги поседуваат податоците за исполнетост на условите се должни да ги достават во електронска форма на комисијата во рок од 24 часа од приемот на барањето без никаков надомест.

ДИК врши проверка на листите веднаш односно најдоцна во рок од 24 часа од приемот на листата.

ДИК доставува барање до институциите кои ги поседуваат податоците за исполнетост на условите веднаш односно најдоцна на 03 април - 24 часа од приемот на листата. Институциите кои ги поседуваат податоците за исполнетост на условите, податоците ги доставуваат до ДИК, во електронска форма во рок од 24 часа од приемот на барањето.

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 57-ма седница го усвои финансискиот план за распределба на средства за изборите за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше, Општина Центар Жуп

Ако се утврди дека во листата има одделни неправилности, ДИК ќе го повика овластениот претставник на подносителот на листата да ги отстрани неправилностите во рок од 48 часа од приемот на известувањето на комисијата за неправилностите. Ако ДИК утврди дека констатираните неправилности или пропусти, подносителите на листата ги отстраниле во законскиот рок, поднесената листа ќе ја потврди со решение.

Во случај на неправилности од членот 67 став (2) од Изборниот законик, подносителот на листата може да го замени предложениот кандидат што не ги исполнува условите со нов кандидат во истиот рок од 48 часа и за истиот е должен самиот да ги обезбеди предвидените докази за исполнување на условите.

Ако ДИК утврди дека листата е поднесена ненавремено, односно по истекот на рокот определен со овој роковник, поднесената листа ќе ја отфрли со решение во рок од 24 часа од приемот на листата.

Доколку ДИК утврди дека констатираните неправилности или пропусти, подносителот на листата не ги отстранил во рокот од 48 часа, поднесената листа ќе ја отфрли со решение најдоцна во рок од 24 часа, сметајќи од истекот на рокот за отстранување на неправилностите.

Подносителите на листи или кандидатура можат преку своите овластени претставници да поднесат писмено барање за повлекување на листата односно кандидатурата во рок од 48 часа од донесување на решението за потврдување на конечните листи од согласно членот 67 став (5) од Изборниот законик. Кога се работи за повлекување на кандидатската листа истата единствено може да се повлече во целост.

Редоследот на кандидати во листата на кандидати, ДИК го утврдува со ждрепка која треба да се одржи најдоцна на 13 април и тој број е ист во сите изборни единици. Во изборната единица каде нема да има свој претставник, соодветниот број на подносителот на листата ќе биде изоставен и на негово место ќе биде напишан редниот број на наредниот носител без оставање на празно место.

Собранието вчера, во рамки на 150. седница, го донесе Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, со кој се допрецизираат одредбите за определување на редниот број на гласачкото ливче за двата изборни процеси, односно политичките парти кои предложиле или поддржале кандидат за претседател на државата да можат да ги задржат извлечените редни броеви и за парламентарните избори за поедноставна презентација пред граѓаните.

Другите политички партии кои ќе учествуваат на парламентарните избори, пак, дополнително по пат на жрепка ќе извлечат редни броеви под кои ќе настапат на изборите.

ДИК, за активностите што ќе ги преземе во согласност со Изборниот законик, задолжително претходно ги известува овластените претставници на подносителите на листи.

Изборната кампања за парламентарните избори ќе започне на 18 април и неколку дена ќе се поклопи со кампањата за избор на претседател, која завршува на 22 април, а гласњето е на 24 април.

Од денеска до 11 март на полноќ граѓаните ќе можат да направат увид во Избирачкиот список преку апликацијата на веб-страницата на Државната изборна комисија www.sec.mk и во нивните подрачни к

ДИК денеска треба да го заклучи Избирачкиот список и за претседателските и за парламентарните избори. Се очекува членовите да одржат седница и да информираат колку избирачи се запишани во Избирачкиот список за изборите. Се очекува бројката да биде различна имајќи го предвид бројот на лицата кои ќе станат полнолетни во периодот од 24 април до 8 мај.

The post Завршува рокот за поднесување листи за пратеници appeared first on Република.

]]>

Најдоцна до полноќ политичките партии и коалициите треба да ги достават листите за пратеници до Државната изборна комисија (ДИК) за изборите закажани на 8 мај. Ако ДИК утврди дека листата е поднесена во определениот рок и е составена во согласност со одредбите на Изборниот законик, поднесената листа ќе ја потврди со решение веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа. Денеска исто така ДИК треба да го заклучи Избирачкиот список и за претседателските (24 април) и за парламентарните избори. Како што е наведено во Роковникот за парламентарните избори, ДИК по приемот на листата на кандидати, утврдува дали таа е поднесена во утврдениот рок и составена во согласност со одредбите на Изборниот законик и проверува дали кандидатите за пратеници ги исполнуваат условите предвидени во Уставот и член 7 став 2, 3 и 4 од Изборниот законик. Проверката се прави преку податоците во соодветните регистри и евиденции на надлежните институции. Институциите кои ги поседуваат податоците за исполнетост на условите се должни да ги достават во електронска форма на комисијата во рок од 24 часа од приемот на барањето без никаков надомест. ДИК врши проверка на листите веднаш односно најдоцна во рок од 24 часа од приемот на листата. ДИК доставува барање до институциите кои ги поседуваат податоците за исполнетост на условите веднаш односно најдоцна на 03 април - 24 часа од приемот на листата. Институциите кои ги поседуваат податоците за исполнетост на условите, податоците ги доставуваат до ДИК, во електронска форма во рок од 24 часа од приемот на барањето. Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 57-ма седница го усвои финансискиот план за распределба на средства за изборите за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше, Општина Центар Жуп Ако се утврди дека во листата има одделни неправилности, ДИК ќе го повика овластениот претставник на подносителот на листата да ги отстрани неправилностите во рок од 48 часа од приемот на известувањето на комисијата за неправилностите. Ако ДИК утврди дека констатираните неправилности или пропусти, подносителите на листата ги отстраниле во законскиот рок, поднесената листа ќе ја потврди со решение. Во случај на неправилности од членот 67 став (2) од Изборниот законик, подносителот на листата може да го замени предложениот кандидат што не ги исполнува условите со нов кандидат во истиот рок од 48 часа и за истиот е должен самиот да ги обезбеди предвидените докази за исполнување на условите. Ако ДИК утврди дека листата е поднесена ненавремено, односно по истекот на рокот определен со овој роковник, поднесената листа ќе ја отфрли со решение во рок од 24 часа од приемот на листата. Доколку ДИК утврди дека констатираните неправилности или пропусти, подносителот на листата не ги отстранил во рокот од 48 часа, поднесената листа ќе ја отфрли со решение најдоцна во рок од 24 часа, сметајќи од истекот на рокот за отстранување на неправилностите. Подносителите на листи или кандидатура можат преку своите овластени претставници да поднесат писмено барање за повлекување на листата односно кандидатурата во рок од 48 часа од донесување на решението за потврдување на конечните листи од согласно членот 67 став (5) од Изборниот законик. Кога се работи за повлекување на кандидатската листа истата единствено може да се повлече во целост. Редоследот на кандидати во листата на кандидати, ДИК го утврдува со ждрепка која треба да се одржи најдоцна на 13 април и тој број е ист во сите изборни единици. Во изборната единица каде нема да има свој претставник, соодветниот број на подносителот на листата ќе биде изоставен и на негово место ќе биде напишан редниот број на наредниот носител без оставање на празно место. Собранието вчера, во рамки на 150. седница, го донесе Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, со кој се допрецизираат одредбите за определување на редниот број на гласачкото ливче за двата изборни процеси, односно политичките парти кои предложиле или поддржале кандидат за претседател на државата да можат да ги задржат извлечените редни броеви и за парламентарните избори за поедноставна презентација пред граѓаните. Другите политички партии кои ќе учествуваат на парламентарните избори, пак, дополнително по пат на жрепка ќе извлечат редни броеви под кои ќе настапат на изборите. ДИК, за активностите што ќе ги преземе во согласност со Изборниот законик, задолжително претходно ги известува овластените претставници на подносителите на листи. Изборната кампања за парламентарните избори ќе започне на 18 април и неколку дена ќе се поклопи со кампањата за избор на претседател, која завршува на 22 април, а гласњето е на 24 април. Од денеска до 11 март на полноќ граѓаните ќе можат да направат увид во Избирачкиот список преку апликацијата на веб-страницата на Државната изборна комисија www.sec.mk и во нивните подрачни к ДИК денеска треба да го заклучи Избирачкиот список и за претседателските и за парламентарните избори. Се очекува членовите да одржат седница и да информираат колку избирачи се запишани во Избирачкиот список за изборите. Се очекува бројката да биде различна имајќи го предвид бројот на лицата кои ќе станат полнолетни во периодот од 24 април до 8 мај.

The post Завршува рокот за поднесување листи за пратеници appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршен и Централен комитет ќе ги потврдува листите за пратеници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-na-sednitsi-na-izvrshen-i-tsentralen-komitet-ke-gi-potvrduva-listite-za-pratenitsi/ Thu, 28 Mar 2024 11:53:50 +0000 https://republika.mk/?p=759748

ВМРО-ДПМНЕ вечер на седници на Извршниот и Централниот комитет на партијата ќе ги потврди листите за пратеници за претстојните парламентарни избори, по што, се очекува, тие ќе бидат објавени во јавноста.

Носителите на листите се веќе познати во јавноста. Во ИЕ 1 носител ќе биде лидерот на партијата Христијан Мицкоски, во Втората Владо Мисајловски, во Третата Драган Ковачки, во Четвртата Александар Николовски, во Петата Ѓоргија Сајкоски и во Шестата Дафина Стојановска.

Според информации на МИА, на листите ќе се најдат најголемиот број од актуелните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

ВМРО-ДПМНЕ се очекува викендов да одржи конвенција за промоција на кандидатите за пратеници.

Учесниците на изборите односно политичките партии и коалициите најдоцна до 2 април треба да ги достават листите за пратеници до Државната изборна комисија, која треба да ги потврди. Изборите се на 8 мај. На 24 април ќе се одржат претседателските избори.

 

The post ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршен и Централен комитет ќе ги потврдува листите за пратеници appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ вечер на седници на Извршниот и Централниот комитет на партијата ќе ги потврди листите за пратеници за претстојните парламентарни избори, по што, се очекува, тие ќе бидат објавени во јавноста. Носителите на листите се веќе познати во јавноста. Во ИЕ 1 носител ќе биде лидерот на партијата Христијан Мицкоски, во Втората Владо Мисајловски, во Третата Драган Ковачки, во Четвртата Александар Николовски, во Петата Ѓоргија Сајкоски и во Шестата Дафина Стојановска. Според информации на МИА, на листите ќе се најдат најголемиот број од актуелните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. ВМРО-ДПМНЕ се очекува викендов да одржи конвенција за промоција на кандидатите за пратеници. Учесниците на изборите односно политичките партии и коалициите најдоцна до 2 април треба да ги достават листите за пратеници до Државната изборна комисија, која треба да ги потврди. Изборите се на 8 мај. На 24 април ќе се одржат претседателските избори.  

The post ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршен и Централен комитет ќе ги потврдува листите за пратеници appeared first on Република.

]]>
Ќе победи ли десничарскиот блок: Предвремени парламентарни избори во Португалија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ke-pobedi-li-desnicharskiot-blok-predvremeni-parlamentarni-izbori-vo-portugalija/ Sun, 10 Mar 2024 08:21:12 +0000 https://republika.mk/?p=753196

Во Португалија денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори на кои 10,8 милиони Португалци ќе одлучат во кој правец ќе се движи земјата понатаму.

Според бриселскиот портал „Политико“, тоа што е сигурно е дека лидерот на социјалистите, Антонио Кошта ќе се повлече од премиерската функција.

Предвремените избори се резултат на ненадејната оставка на Кошта по истрагата за влијанието минатата есен, што значи дека неговото име нема да се најде на гласачкото ливче за првпат по девет години.

Се очекува пораз на владејачките социјалисти, но јасен победник нема да има, јави ДПА.

Речиси сите анкети предвидуваат тесна победа на централно-десничарската коалиција Демократски сојуз над Социјалистичката партија (СП).

Двајцата водечки кандидати, Педро Нуно Сантос од СП и Луис Монтенегро од Демократскиот сојуз, најверојатно ќе треба да се потпрат на склучените договори со помалите партии за да формираат влада.

Анкетите покажуваат дека блоковите формирани од десничарските и левичарските партии се речиси рамноправни и дека екстремно десничарската партија „Чега“ би можела да биде победник.

Ова се последните парламентарни избори во Европската Унија пред изборите за Европскиот парламент во јуни следната година.

The post Ќе победи ли десничарскиот блок: Предвремени парламентарни избори во Португалија appeared first on Република.

]]>

Во Португалија денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори на кои 10,8 милиони Португалци ќе одлучат во кој правец ќе се движи земјата понатаму. Според бриселскиот портал „Политико“, тоа што е сигурно е дека лидерот на социјалистите, Антонио Кошта ќе се повлече од премиерската функција. Предвремените избори се резултат на ненадејната оставка на Кошта по истрагата за влијанието минатата есен, што значи дека неговото име нема да се најде на гласачкото ливче за првпат по девет години. Се очекува пораз на владејачките социјалисти, но јасен победник нема да има, јави ДПА. Речиси сите анкети предвидуваат тесна победа на централно-десничарската коалиција Демократски сојуз над Социјалистичката партија (СП). Двајцата водечки кандидати, Педро Нуно Сантос од СП и Луис Монтенегро од Демократскиот сојуз, најверојатно ќе треба да се потпрат на склучените договори со помалите партии за да формираат влада. Анкетите покажуваат дека блоковите формирани од десничарските и левичарските партии се речиси рамноправни и дека екстремно десничарската партија „Чега“ би можела да биде победник. Ова се последните парламентарни избори во Европската Унија пред изборите за Европскиот парламент во јуни следната година.

The post Ќе победи ли десничарскиот блок: Предвремени парламентарни избори во Португалија appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ ќе биде апсолутен победник на изборите, ќе има двојно повеќе пратеници од СДСМ, но недоволно за сам да формира влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-ke-bide-apsoluten-pobednik-na-izborite-ke-ima-dvojno-poveke-pratenitsi-od-sdsm-no-nedovolno-za-sam-da-formira-vlada/ Tue, 20 Feb 2024 20:53:42 +0000 https://republika.mk/?p=746322

ВМРО-ДПМНЕ ќе освои апсолутно мнозинство на парламентарнмите избори закажани за 8 мај, но не доволно за партијата да може сама да формира влада. Вакво нешто покажуваат резултатите од анкетата изработена од Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС), презентирани во емисијата „Објектив“ на МРТ1.

На прашањето „За која партија ќе гласате на претстојните избори?“ на ниво на цела Македонија, резултатите се 21,8% за ВМРО-ДПМНЕ, 11,7% за СДСМ, 6,2% за ДУИ, 4,6% за Европскиот сојуз за промени (ЕСП), 3,2% за Левица, 2,7% за движењето ЗНАМ, 2,2% за Алијанса за Албанците.

18,2% од испитаниците одговориле дека не би гласале за ниту една партија, 16,6% не сакале да дадат одговор, 1,3% ќе гласаат за друга партија, а 11,4% не знаат или немаат одговор.

Врз основа на овие резултати и резултатите по изборни единици кои беа објавени изминатите емисии направена е симулација на освоени пратенички места согласно донтовиот модел. Преточено во бројки, резултатите од анкетата предвидуваат дека ВМРО-ДПМНЕ во новиот парламентарен состав ќе има од 52 до 54 пратеници. Втора политичка сила во парламентот ќе биде СДСМ, со бројка што ќе се движи меѓу 26 и 30 пратеници, додека за третото место ќе претендираат ДУИ, која ќе има 14 или 15 пратеници, како и ЕСП на кого ќе му припаднат 10 до 12 пратеници.

Место во новото Собрание ќе има и за Левица (5-6 пратеници), ЗНАМ (4-6 пратеници) и Алијанса за Албанците која може да очекува три пратеника.

Гледано според изборни единици, во ИЕ 1, ВМРО-ДПМНЕ ќе освои девет пратеници, додека СДСМ ќе има четири или пет. Свои претставници во Собрабието од ИЕ 1 ќе имаат и ДУИ (3), по еден или двајца ќе имаат Левица и ЕСП, а еден пратеник ќе има ЗНАМ.

ВМРО-ДПМНЕ ќе има најмногу пратеници и во ИЕ 2, а таа бројка ќе биде осум. Двојно помалку места во Собранието ќе има за СДСМ, ДУИ ќе има тројца, по двајца пратеници ќе имаат ЕСП и ЗНАМ, додека еден пратеник ќе биде од Левица.

Во ИЕ 3, ВМРО-ДПМНЕ ќе освои 12 или 13 пратенички места. На СДСМ ќе му припаднат пет или шест, а по еден пратеник од оваа изборна единица ќе имаат Левица и ЗНАМ.

ВМРО-ДПМНЕ убедливо води и во ИЕ4, од каде ќе има 12 членови на Собранието. СДСМ ќе добие шест или седум пратеници, еден пратеник ќе има Левица, а шанси за еден пратеник има и ЗНАМ.

И во ИЕ 5, водството е на страната на ВМРО-ДПМНЕ, која ќе има осум или девет пратеници. Шест пратенички места ќе има за СДСМ, две или три за ДУИ, додека по едно место ќе имаат Левица и Алијанса за Албанците. Шанси за едно пратеничко место во ИЕ 5 има и за ЕСП.

Во ИЕ 6 ќе се бие изедначена битка меѓу ДУИ, за која се очекуваат седум, како и ЕСП која би имала шест или седум пратенички места. ВМРО-ДПМНЕ ќе освои три, Алијанса две, а СДСМ ќе има едно или две места во Парламентот од оваа изборна единица.

Анкетата е спроведена е телефонски, во периодот јануари/февруари годинава на 6.021 испитаник. Маргината на грешка на резултатите од анкетата е +/- 3%.

 

The post ВМРО-ДПМНЕ ќе биде апсолутен победник на изборите, ќе има двојно повеќе пратеници од СДСМ, но недоволно за сам да формира влада appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ ќе освои апсолутно мнозинство на парламентарнмите избори закажани за 8 мај, но не доволно за партијата да може сама да формира влада. Вакво нешто покажуваат резултатите од анкетата изработена од Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС), презентирани во емисијата „Објектив“ на МРТ1. На прашањето „За која партија ќе гласате на претстојните избори?“ на ниво на цела Македонија, резултатите се 21,8% за ВМРО-ДПМНЕ, 11,7% за СДСМ, 6,2% за ДУИ, 4,6% за Европскиот сојуз за промени (ЕСП), 3,2% за Левица, 2,7% за движењето ЗНАМ, 2,2% за Алијанса за Албанците. 18,2% од испитаниците одговориле дека не би гласале за ниту една партија, 16,6% не сакале да дадат одговор, 1,3% ќе гласаат за друга партија, а 11,4% не знаат или немаат одговор. Врз основа на овие резултати и резултатите по изборни единици кои беа објавени изминатите емисии направена е симулација на освоени пратенички места согласно донтовиот модел. Преточено во бројки, резултатите од анкетата предвидуваат дека ВМРО-ДПМНЕ во новиот парламентарен состав ќе има од 52 до 54 пратеници. Втора политичка сила во парламентот ќе биде СДСМ, со бројка што ќе се движи меѓу 26 и 30 пратеници, додека за третото место ќе претендираат ДУИ, која ќе има 14 или 15 пратеници, како и ЕСП на кого ќе му припаднат 10 до 12 пратеници. Место во новото Собрание ќе има и за Левица (5-6 пратеници), ЗНАМ (4-6 пратеници) и Алијанса за Албанците која може да очекува три пратеника. Гледано според изборни единици, во ИЕ 1, ВМРО-ДПМНЕ ќе освои девет пратеници, додека СДСМ ќе има четири или пет. Свои претставници во Собрабието од ИЕ 1 ќе имаат и ДУИ (3), по еден или двајца ќе имаат Левица и ЕСП, а еден пратеник ќе има ЗНАМ. ВМРО-ДПМНЕ ќе има најмногу пратеници и во ИЕ 2, а таа бројка ќе биде осум. Двојно помалку места во Собранието ќе има за СДСМ, ДУИ ќе има тројца, по двајца пратеници ќе имаат ЕСП и ЗНАМ, додека еден пратеник ќе биде од Левица. Во ИЕ 3, ВМРО-ДПМНЕ ќе освои 12 или 13 пратенички места. На СДСМ ќе му припаднат пет или шест, а по еден пратеник од оваа изборна единица ќе имаат Левица и ЗНАМ. ВМРО-ДПМНЕ убедливо води и во ИЕ4, од каде ќе има 12 членови на Собранието. СДСМ ќе добие шест или седум пратеници, еден пратеник ќе има Левица, а шанси за еден пратеник има и ЗНАМ. И во ИЕ 5, водството е на страната на ВМРО-ДПМНЕ, која ќе има осум или девет пратеници. Шест пратенички места ќе има за СДСМ, две или три за ДУИ, додека по едно место ќе имаат Левица и Алијанса за Албанците. Шанси за едно пратеничко место во ИЕ 5 има и за ЕСП. Во ИЕ 6 ќе се бие изедначена битка меѓу ДУИ, за која се очекуваат седум, како и ЕСП која би имала шест или седум пратенички места. ВМРО-ДПМНЕ ќе освои три, Алијанса две, а СДСМ ќе има едно или две места во Парламентот од оваа изборна единица. Анкетата е спроведена е телефонски, во периодот јануари/февруари годинава на 6.021 испитаник. Маргината на грешка на резултатите од анкетата е +/- 3%.  

The post ВМРО-ДПМНЕ ќе биде апсолутен победник на изборите, ќе има двојно повеќе пратеници од СДСМ, но недоволно за сам да формира влада appeared first on Република.

]]>
Пендаровски најави претседателски и парламентарни избори во ист ден https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-najavi-pretsedatelski-i-parlamentarni-izbori-vo-ist-den/ Sat, 18 Nov 2023 19:47:09 +0000 https://republika.mk/?p=703010

Ставовите на власта и на опозицијата се приближуваат во однос на изборите и можно е наскоро да се договорат за одржување на изборите во ист временски период, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски.

Мислам дека ставовите на власта и на опозицијата се приближуваат и веројатно наредните денови ќе имаме и официјална објава дека е постигнат договор за одржување на парламентарните и на претседателските избори во ист временски период – изјави Пендаровски, одговарајќи на прашањето дали власта и опозицијата ќе се договорот околу датумот и дали според него претседателските и парламентарните избори ќе бидат заедно или одвоено.

За неговото кандидирање за втор мандат на идните претседателски избори, Пендаровски рече дека е премногу рано да каже нешто околу тоа и дека за тоа ќе размислува после Нова година.

The post Пендаровски најави претседателски и парламентарни избори во ист ден appeared first on Република.

]]>

Ставовите на власта и на опозицијата се приближуваат во однос на изборите и можно е наскоро да се договорат за одржување на изборите во ист временски период, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски.
Мислам дека ставовите на власта и на опозицијата се приближуваат и веројатно наредните денови ќе имаме и официјална објава дека е постигнат договор за одржување на парламентарните и на претседателските избори во ист временски период – изјави Пендаровски, одговарајќи на прашањето дали власта и опозицијата ќе се договорот околу датумот и дали според него претседателските и парламентарните избори ќе бидат заедно или одвоено.
За неговото кандидирање за втор мандат на идните претседателски избори, Пендаровски рече дека е премногу рано да каже нешто околу тоа и дека за тоа ќе размислува после Нова година.

The post Пендаровски најави претседателски и парламентарни избори во ист ден appeared first on Република.

]]>
Демократски сојуз: Има мнозинство за претседателски и предвремени парламентарни избори во ист ден https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/demokratski-sojuz-ima-mnozinstvo-za-pretsedatelski-i-predvremeni-parlamentarni-izbori-vo-ist-den/ Wed, 15 Nov 2023 10:40:22 +0000 https://republika.mk/?p=701775

Демократскиот сојуз смета дека во Собранието има мнозинство пратеници кои можат да донесат одлука за распуштање на Парламентот, со што ќе се создадат услови за одржување на вториот круг претседателски и парламентарни избори во ист ден.

Од 13 март 2024 година почнуваат уставните и законските рокови за одржување претседателски избори, при што парламентарните партии кои можат да формираат мнозинство за распуштање на Парламентот треба да го утврдат изборниот тајминг.

По катастрофалниот Извештај на Европската Комисија и колапсот на владините институции, дуизацијата и криминализацијата на државата, сосема е извесно дека Владата нема легитимитет и натаму да владее. Натамошното опстојување на Владата под водство на ДУИ го загрозува единството и националните интереси на Македонија.

Ја поздравуваме најавата на Алијансата на Албанците дека не сака и натаму да биде „патерица на ДУИ“ и се приклучува на определбата на опозиционите партии за што е можно побрзо паѓање на актуелната Влада и организирање избори.

Се покажа дека ДУИ и СДСМ ниту се за ЕУ, ниту за реформи, туку со манипулациите за уставни измени купуваа време за да владеат.

Со измените на Кривичниот законик го урнисаа правниот поредок и обезбедија амнестија на сите оние што досега го направија грабежот на граѓаните кој се проценува на над 10 милијарди евра во последните дваесетина години.

За да има одговорност и коренити реформи мора да има промени.

Само чесни кадри со знаење и државничко искуство можат да воспостават систем на владеење на правото, да ги заштитат националните интереси и да отворат перспективи за развој.

 

The post Демократски сојуз: Има мнозинство за претседателски и предвремени парламентарни избори во ист ден appeared first on Република.

]]>

Демократскиот сојуз смета дека во Собранието има мнозинство пратеници кои можат да донесат одлука за распуштање на Парламентот, со што ќе се создадат услови за одржување на вториот круг претседателски и парламентарни избори во ист ден. Од 13 март 2024 година почнуваат уставните и законските рокови за одржување претседателски избори, при што парламентарните партии кои можат да формираат мнозинство за распуштање на Парламентот треба да го утврдат изборниот тајминг. По катастрофалниот Извештај на Европската Комисија и колапсот на владините институции, дуизацијата и криминализацијата на државата, сосема е извесно дека Владата нема легитимитет и натаму да владее. Натамошното опстојување на Владата под водство на ДУИ го загрозува единството и националните интереси на Македонија. Ја поздравуваме најавата на Алијансата на Албанците дека не сака и натаму да биде „патерица на ДУИ“ и се приклучува на определбата на опозиционите партии за што е можно побрзо паѓање на актуелната Влада и организирање избори. Се покажа дека ДУИ и СДСМ ниту се за ЕУ, ниту за реформи, туку со манипулациите за уставни измени купуваа време за да владеат. Со измените на Кривичниот законик го урнисаа правниот поредок и обезбедија амнестија на сите оние што досега го направија грабежот на граѓаните кој се проценува на над 10 милијарди евра во последните дваесетина години. За да има одговорност и коренити реформи мора да има промени. Само чесни кадри со знаење и државничко искуство можат да воспостават систем на владеење на правото, да ги заштитат националните интереси и да отворат перспективи за развој.  

The post Демократски сојуз: Има мнозинство за претседателски и предвремени парламентарни избори во ист ден appeared first on Република.

]]>
Вучиќ распиша парламентарни избори за 17 декември https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-raspisha-parlamentarni-izbori-za-17-dekemvri/ Wed, 01 Nov 2023 09:26:10 +0000 https://republika.mk/?p=696967

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска го распушти српскиот Парламент и распиша парламентарни избори за 17 декември.

„Почитувани граѓани на Република Србија. Врз основа на член 109 ставови 1 и 5 од Уставот на Република Србија и член 21 став 1 од Законот за претседателот на Републиката, врз основа на образложен предлог на Владата од 30 октомври 2023 година донесувам указ за распуштање на Народното собрание на Република Србија“, рече Вучиќ.

Вучиќ изјави дека распишува избори за пратеници за 17 декември 2023 година.

The post Вучиќ распиша парламентарни избори за 17 декември appeared first on Република.

]]>

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска го распушти српскиот Парламент и распиша парламентарни избори за 17 декември.
„Почитувани граѓани на Република Србија. Врз основа на член 109 ставови 1 и 5 од Уставот на Република Србија и член 21 став 1 од Законот за претседателот на Републиката, врз основа на образложен предлог на Владата од 30 октомври 2023 година донесувам указ за распуштање на Народното собрание на Република Србија“, рече Вучиќ.
Вучиќ изјави дека распишува избори за пратеници за 17 декември 2023 година.

The post Вучиќ распиша парламентарни избори за 17 декември appeared first on Република.

]]>
Предверемени не сакаат, навремени не даваат! https://arhiva3.republika.mk/kolumni/predveremeni-ne-sakaat-navremeni-ne-davaat/ Wed, 25 Oct 2023 12:08:55 +0000 https://republika.mk/?p=694917

Петар Поп-Арсов

Тешко се живее со влада која нема поддршка од народот!

Уште потешко се функционира со влада која е свесна за својот одамна изминат рок на траење. Тешко се излегува на крај со влада која како давеник повлекува кон дното се што ќе допре и фати, во надеж дека можеби сепак ќе се спаси. Навистина тежок ќе биде периодот кој следи, период на недефинирана конфигурација на македонската политичка сцена. Период кога оние кои што се во заминување, во своите раце сѐ уште ги имаат сите алатки на власта, силата и моќта. Алатки кои произлегуваат од демократскиот израз на граѓаните, од вољата на народот.

А, народот веќе не ги сака! Ниту ги сака, ниту ги поддржува!

Тоа е тоа што ќе биде тешко. Периодот на политички вакум кој што ќе го живееме до изборите. Период на анархија, безредие, грабалаштина и целосно отсуство на лидерство во највисоките државни институции. Во Собранието, владата и она што го нарекуваме претседател. Период кога ќе гледаме бескрупулозни криминали од секаков тип за да се зграби и дограби сѐ што останало неограбено.

Ќе гледаме нови епизоди од типот на скандалите кои се случуваа на Онкологија, Судскиот совет, здравство, образование и многу други. Еве веќе гледаме и пукање по трговски центри, убиства и терор. Ќе гледаме донесување на нови закони со европско знаменце. Ќе гледаме и извештаи на ЕУ за назадувањето на Македонија. Извештаи спакувани во дипломатски речник, но ќе гледаме и досега невидени критики без ракавици, како што беа минатонеделните критиките кон македонската влада упатени од холандскиот амбасадор. Ќе нѐ прозиваат за тоа како ги трошиме европските пари, или кажано со речникот на амбасадорот Дирк Јан Коп, парите на европските даночни обврзници.

Навистина имаме сериозен проблем кога во услови на перманентна кампања и месење на македонскиот политички пластелин за спроведување на уставните измени, со цел исполнување на обврските преземени од Ковачевски за внесување на Бугарите во Уставот, еден амбасадор, на една сериозна ЕУ земја, ќе ти каже „дека си тапа“. Имаме сериозем проблем кога Холандија, која во исто време ја доживуваме и како ЕУ портпарол и адвокат на веќе излезената Велика Британија, ќе ти каже „доста ги трошевте парите на нашите граѓани кои ви ги даваме да спроведете реформи и да создадете систем“.

Како да го толкуваме овој „испад“ на амбасадорот Коп? Како порака или аргумент дека оваа власт нема ништо суштински сторено во однос на приближувањето на Македонија кон ЕУ?! Како доказ дека уставните измени нема ништо да подобрат во однос на македонскиот напредок кон ЕУ?! Како нов момент во кој амбасадорот Коп се промовира себеси во најголемиот противник на уставните измени. Се промовира како таков од проста причина што јасно кажа дека проблемот лежи во суштината, во реформите, во борбата против корупцијата и криминалот, во критериумите од Копенхаген, а не само во уставните измени кои се претворија во одлична алатка за политички манипулации, дефокус од супстанцијалните прашања и постојано пролонгирање на опстанокот на оваа власт со одамна поминат рок. Зошто би правеле уставни измени кога европските критериуми се запоставени и нема да има напредок во процесот?!

Така некако се доживува и разбира тесктот на пораката упатена од Коп. А, зарем нема поголем доказ дека со оваа власт сме на кривиот пат од тоа кога во исто време и народот и Европа ти велат дека си забегал?!

Нема!

Предверемени не сакаат, навремени не даваат!

Воопшто не се засегнати од фактот, кој според сите релевантни статистики вели дека земјава се соочува со најголема инфлација во споредба со земјите од регионот. Тука сме лидери! Не се засегнати ниту од податокот дека јавниот долг, гледано во апсолутни бројки, постојано и постојано расте. Не се засегнати ниту од тоа што економскиот раст на државата е незначителен, занемарлив и најмал во регионални рамки. Не би го отеретувале текстов со бројки, статистички податоци, табели и графикони. Бројките и податоците ги чувствуваме на сопствената кожа, а за нив говорат дури и нивните кадри, довчерашни креатори на економските политики на оваа власт. Да, токму нивните експерти алармираат дека до крајот на годината ќе потонеме во сиромаштија и дека голем процент од македонските граѓани ќе живеат на работ на егзистенцијата.

И пак бегаат од избори. Нѐ носат во политички вакум. Ескивираат на секаков можен начин. Калкулираат, комбинираат, се бројат и пребројуваат. А, математиката не им излегува. Народот е од другата страна. Народот им е најголемата опозиција.

Како да се победи народот?

Тоа е клучното прашање кое што во моментов ја мачи оваа власт. Како да се разбие и подели народната волја? Како да се раситни народна волја, која како колективна свест бара спас, решение и во моментов се групира и окрупнува во една и околу една точка.

Борбата ќе биде точката да остане една!

Сите други форми во вид на запирки, две точки, три точки, загради, прашалници и останати интерпукциски знаци ќе бидат штетни за оваа држава и овој народ. Сите поделби, натегања и надмудрувања во редовите на противниците на оваа власт ќе бидат погубни, не толку за политичките субјекти колку што ќе бидат погубни за народот и државата. Народот и државата ќе бидат најголемите губитници од секоја форма на поделби кај сите оние кои себеси се декларираат како противници и опозиција на оваа власт. Одговорноста пред народот, но и пред судот на историјата, за чекорите кои што ќе се изодат во периодот на политички вакум кој следи, ќе биде огромна, одлучувачка.

Само колективната свест на овој народ може да биде решение за предизвиците пред кои ќе биде исправен. Обединетата колективна свест може да биде посилна од сите комбинаторики, прелети и предавства, посилна од секоја форма на политички инженеринг. Само доколку е концентрирана во една точка може да стави крај и да стави точка на антимакедонското, антиевропското и антинародното владеење на оваа власт!

The post Предверемени не сакаат, навремени не даваат! appeared first on Република.

]]>

Петар Поп-Арсов

Тешко се живее со влада која нема поддршка од народот! Уште потешко се функционира со влада која е свесна за својот одамна изминат рок на траење. Тешко се излегува на крај со влада која како давеник повлекува кон дното се што ќе допре и фати, во надеж дека можеби сепак ќе се спаси. Навистина тежок ќе биде периодот кој следи, период на недефинирана конфигурација на македонската политичка сцена. Период кога оние кои што се во заминување, во своите раце сѐ уште ги имаат сите алатки на власта, силата и моќта. Алатки кои произлегуваат од демократскиот израз на граѓаните, од вољата на народот. А, народот веќе не ги сака! Ниту ги сака, ниту ги поддржува! Тоа е тоа што ќе биде тешко. Периодот на политички вакум кој што ќе го живееме до изборите. Период на анархија, безредие, грабалаштина и целосно отсуство на лидерство во највисоките државни институции. Во Собранието, владата и она што го нарекуваме претседател. Период кога ќе гледаме бескрупулозни криминали од секаков тип за да се зграби и дограби сѐ што останало неограбено. Ќе гледаме нови епизоди од типот на скандалите кои се случуваа на Онкологија, Судскиот совет, здравство, образование и многу други. Еве веќе гледаме и пукање по трговски центри, убиства и терор. Ќе гледаме донесување на нови закони со европско знаменце. Ќе гледаме и извештаи на ЕУ за назадувањето на Македонија. Извештаи спакувани во дипломатски речник, но ќе гледаме и досега невидени критики без ракавици, како што беа минатонеделните критиките кон македонската влада упатени од холандскиот амбасадор. Ќе нѐ прозиваат за тоа како ги трошиме европските пари, или кажано со речникот на амбасадорот Дирк Јан Коп, парите на европските даночни обврзници. Навистина имаме сериозен проблем кога во услови на перманентна кампања и месење на македонскиот политички пластелин за спроведување на уставните измени, со цел исполнување на обврските преземени од Ковачевски за внесување на Бугарите во Уставот, еден амбасадор, на една сериозна ЕУ земја, ќе ти каже „дека си тапа“. Имаме сериозем проблем кога Холандија, која во исто време ја доживуваме и како ЕУ портпарол и адвокат на веќе излезената Велика Британија, ќе ти каже „доста ги трошевте парите на нашите граѓани кои ви ги даваме да спроведете реформи и да создадете систем“. Како да го толкуваме овој „испад“ на амбасадорот Коп? Како порака или аргумент дека оваа власт нема ништо суштински сторено во однос на приближувањето на Македонија кон ЕУ?! Како доказ дека уставните измени нема ништо да подобрат во однос на македонскиот напредок кон ЕУ?! Како нов момент во кој амбасадорот Коп се промовира себеси во најголемиот противник на уставните измени. Се промовира како таков од проста причина што јасно кажа дека проблемот лежи во суштината, во реформите, во борбата против корупцијата и криминалот, во критериумите од Копенхаген, а не само во уставните измени кои се претворија во одлична алатка за политички манипулации, дефокус од супстанцијалните прашања и постојано пролонгирање на опстанокот на оваа власт со одамна поминат рок. Зошто би правеле уставни измени кога европските критериуми се запоставени и нема да има напредок во процесот?! Така некако се доживува и разбира тесктот на пораката упатена од Коп. А, зарем нема поголем доказ дека со оваа власт сме на кривиот пат од тоа кога во исто време и народот и Европа ти велат дека си забегал?! Нема! Предверемени не сакаат, навремени не даваат! Воопшто не се засегнати од фактот, кој според сите релевантни статистики вели дека земјава се соочува со најголема инфлација во споредба со земјите од регионот. Тука сме лидери! Не се засегнати ниту од податокот дека јавниот долг, гледано во апсолутни бројки, постојано и постојано расте. Не се засегнати ниту од тоа што економскиот раст на државата е незначителен, занемарлив и најмал во регионални рамки. Не би го отеретувале текстов со бројки, статистички податоци, табели и графикони. Бројките и податоците ги чувствуваме на сопствената кожа, а за нив говорат дури и нивните кадри, довчерашни креатори на економските политики на оваа власт. Да, токму нивните експерти алармираат дека до крајот на годината ќе потонеме во сиромаштија и дека голем процент од македонските граѓани ќе живеат на работ на егзистенцијата. И пак бегаат од избори. Нѐ носат во политички вакум. Ескивираат на секаков можен начин. Калкулираат, комбинираат, се бројат и пребројуваат. А, математиката не им излегува. Народот е од другата страна. Народот им е најголемата опозиција. Како да се победи народот? Тоа е клучното прашање кое што во моментов ја мачи оваа власт. Како да се разбие и подели народната волја? Како да се раситни народна волја, која како колективна свест бара спас, решение и во моментов се групира и окрупнува во една и околу една точка. Борбата ќе биде точката да остане една! Сите други форми во вид на запирки, две точки, три точки, загради, прашалници и останати интерпукциски знаци ќе бидат штетни за оваа држава и овој народ. Сите поделби, натегања и надмудрувања во редовите на противниците на оваа власт ќе бидат погубни, не толку за политичките субјекти колку што ќе бидат погубни за народот и државата. Народот и државата ќе бидат најголемите губитници од секоја форма на поделби кај сите оние кои себеси се декларираат како противници и опозиција на оваа власт. Одговорноста пред народот, но и пред судот на историјата, за чекорите кои што ќе се изодат во периодот на политички вакум кој следи, ќе биде огромна, одлучувачка. Само колективната свест на овој народ може да биде решение за предизвиците пред кои ќе биде исправен. Обединетата колективна свест може да биде посилна од сите комбинаторики, прелети и предавства, посилна од секоја форма на политички инженеринг. Само доколку е концентрирана во една точка може да стави крај и да стави точка на антимакедонското, антиевропското и антинародното владеење на оваа власт!

The post Предверемени не сакаат, навремени не даваат! appeared first on Република.

]]>
Во Кувајт втори парламентарни избори за девет месеци https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-kuvajt-vtori-parlamentarni-izbori-za-devet-mesetsi/ Tue, 06 Jun 2023 12:52:55 +0000 https://republika.mk/?p=648478

Во Кувајт денеска се одржуваат втори парламентарни избори во последните девет месеци во обид да се реши тешката политичка криза поради која Парламентот постојано се распушта и реконструира, што ги попречува економските реформи.

Несогласувањата меѓу назначената влада на земјата-членка на ОПЕК и избраниот парламент ги спречија фискалните реформи, вклучително и усвојувањето на законот за долгот кој му дозволува на Кувајт да пристапи до меѓународните пазари и да се справи со неговата голема зависност од нафта.

Последните избори во Кувајт беа во септември 2022 година, кога победија кандидатите на опозицијата.

Гласањето одржано во 2022 година беше поништено во март, а Парламентот беше повторно воспоставен со составот од 2020 година. Во мај тој Парламент повторно се распушти за нови избори.

Кувајт забранува политички партии и кандидати да се кандидираат како независни, но неговиот законодавен дом има поголемо влијание од сличните тела во другите монархии во Персискиот залив, вклучително и моќта да донесува и блокира закони, да испрашува министри и да поднесува предлози за недоверба.

Бројот на кандидати кои се натпреваруваат за 50 избрани позиции падна на 207, од 305 во 2022 година, најмал број кандидати од седумдесеттите. Емирот назначува до 15 други членови на Националното собрание.

The post Во Кувајт втори парламентарни избори за девет месеци appeared first on Република.

]]>

Во Кувајт денеска се одржуваат втори парламентарни избори во последните девет месеци во обид да се реши тешката политичка криза поради која Парламентот постојано се распушта и реконструира, што ги попречува економските реформи. Несогласувањата меѓу назначената влада на земјата-членка на ОПЕК и избраниот парламент ги спречија фискалните реформи, вклучително и усвојувањето на законот за долгот кој му дозволува на Кувајт да пристапи до меѓународните пазари и да се справи со неговата голема зависност од нафта. Последните избори во Кувајт беа во септември 2022 година, кога победија кандидатите на опозицијата. Гласањето одржано во 2022 година беше поништено во март, а Парламентот беше повторно воспоставен со составот од 2020 година. Во мај тој Парламент повторно се распушти за нови избори. Кувајт забранува политички партии и кандидати да се кандидираат како независни, но неговиот законодавен дом има поголемо влијание од сличните тела во другите монархии во Персискиот залив, вклучително и моќта да донесува и блокира закони, да испрашува министри и да поднесува предлози за недоверба. Бројот на кандидати кои се натпреваруваат за 50 избрани позиции падна на 207, од 305 во 2022 година, најмал број кандидати од седумдесеттите. Емирот назначува до 15 други членови на Националното собрание.

The post Во Кувајт втори парламентарни избори за девет месеци appeared first on Република.

]]>
Изборите во Грција во мај https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/izborite-vo-grtsija-vo-maj/ Wed, 22 Mar 2023 08:22:45 +0000 https://republika.mk/?p=622289

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис најави дека општите избори ќе се одржат во мај.

Четиригодишниот мандат на конзервативната влада истекува во јули, но се очекуваше Мицотакис да распише избори на почетокот на април.

Анкетите на јавното мислење покажуваат дека водството на партијата Нова демократија на Мицотакис пред левичарската опозициска партија Сириза се намалува по железничката несреќа на 28 февруари. Несреќата, во која директно се судрија патнички и товарен воз, однесе животи на 57 лица, предизвика гнев кај јавноста и масовни протести поради лошата безбедност на железницата.

„Можам со сигурност да ви кажам дека изборите ќе се одржат во мај“, рече премиерот Мицотакис во своето прво интервју за ТВ Алфа по катастрофалната несреќа кај Лариса, административниот центар на грчката провинција Тесалија. Мицотакис рече дека му било тешко да оди на местото на несреќата, но не размислува да поднесе оставка. Тој изрази уверување дека неговата формација ќе победи на изборите.

The post Изборите во Грција во мај appeared first on Република.

]]>

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис најави дека општите избори ќе се одржат во мај.

Четиригодишниот мандат на конзервативната влада истекува во јули, но се очекуваше Мицотакис да распише избори на почетокот на април.

Анкетите на јавното мислење покажуваат дека водството на партијата Нова демократија на Мицотакис пред левичарската опозициска партија Сириза се намалува по железничката несреќа на 28 февруари. Несреќата, во која директно се судрија патнички и товарен воз, однесе животи на 57 лица, предизвика гнев кај јавноста и масовни протести поради лошата безбедност на железницата.

„Можам со сигурност да ви кажам дека изборите ќе се одржат во мај“, рече премиерот Мицотакис во своето прво интервју за ТВ Алфа по катастрофалната несреќа кај Лариса, административниот центар на грчката провинција Тесалија. Мицотакис рече дека му било тешко да оди на местото на несреќата, но не размислува да поднесе оставка. Тој изрази уверување дека неговата формација ќе победи на изборите.

The post Изборите во Грција во мај appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Прашањето за предвремените избори е затворено, парламентарните избори ќе бидат во редовниот термин https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-prashaneto-za-predvremenite-izbori-e-zatvoreno-parlamentarnite-izbori-ke-bidat-vo-redovniot-termin/ Thu, 16 Mar 2023 16:31:39 +0000 https://republika.mk/?p=620404

Прашањето за предвремените парламентарни избори кое Мицкоски го најавуваше во декември, па го презакажа за јануари, па за средината на февруари е затворено – изборите ќе бидат во редовниот термин, потврди денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Мицкоски, посочи, тврдеше дека има парламентарно мнозинство од 61 пратеник, на крај се покажа дека оваа Влада има зголемено парламентарно мнозинство со нејзината реконструкција од 65 пратеници со што е затворено прашањето на предвремени парламентарни избори.

-Изборите како што кажав уште од првиот ден ќе бидат во нивниот редовен термин, бидејќи јас не ги менувам ставовите за разлика од некого. Прво ќе има претседателски избори на кои ќе победи кандидатот предложен од коалицијата предводена од СДСМ, а потоа и парламентарни избори на кои повторно оваа коалиција ќе формира проевропска влада во Македонија, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

На опозицијата и порача да се посвети повеќе на работа во општините, наместо, како што рече, само да повторуваат – предвремени избори.

Во однос за барањето за премиер Албанец на 100 дена пред изборите рече дека не е ништо ново и дека тоа беше објавено во 2020 година на прес-конференција после изборите на која присуствуваа тогашниот мандатар Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети на која се формираше коалициската влада.

-Така ќе биде и на изборите во 2024 година кога СДСМ повторно ќе победи на изборите заедно со својата коалиција и кога повторно ќе се формира проевропска влада во Македонија на чело со мандатар предложен од СДСМ. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ коалициските договори ги почитува. Премиерот кој ќе обавува техничка улога ќе се случи кон крајот на следната година, односно во последните 100 дена од мандатот на оваа Влада и уверени сме дека на изборите кои ќе се одржат идната година ние ќе ја добиеме поддршката од граѓаните и повторно премиерот ќе биде од редовите на СДСМ, потенцира Ковачевски.

Техничкиот премиер, како што истакна, има мандат само да ги спроведе изборите во текот на предизборниот период.

-Воопшто немам проблем да има технички премиер Албанец или припадник на било која друга етничка заедница што живее во државата, бидејќи сметам дека етничка припадност не е професија. Секој кој што е професионален може да ја води Владата, особено во услови на технички мандат на владата кога единствено треба да се спроведат избори. Не се согласувам лично со концептот на Пржинска влада кој е договорен во услови кога бевме заробена држава и сметам дека земја членка на НАТО која преговара со ЕУ и претседава со ОБСЕ не треба да има таков тип на влада пред изборите, рече Ковачевски.

Не би ги коментирал, додаде, интерните кампањи кои ги прави ДУИ, бидејќи тие се наоѓаат во процес на своја внатрешна политичка кампања во која излегуваат и креативни слогани за кои сметам дека се дел од политичката кампања која не се однесува на процесите на функционирањето на Владата во целина.

The post Ковачевски: Прашањето за предвремените избори е затворено, парламентарните избори ќе бидат во редовниот термин appeared first on Република.

]]>

Прашањето за предвремените парламентарни избори кое Мицкоски го најавуваше во декември, па го презакажа за јануари, па за средината на февруари е затворено – изборите ќе бидат во редовниот термин, потврди денеска премиерот Димитар Ковачевски. Мицкоски, посочи, тврдеше дека има парламентарно мнозинство од 61 пратеник, на крај се покажа дека оваа Влада има зголемено парламентарно мнозинство со нејзината реконструкција од 65 пратеници со што е затворено прашањето на предвремени парламентарни избори.
-Изборите како што кажав уште од првиот ден ќе бидат во нивниот редовен термин, бидејќи јас не ги менувам ставовите за разлика од некого. Прво ќе има претседателски избори на кои ќе победи кандидатот предложен од коалицијата предводена од СДСМ, а потоа и парламентарни избори на кои повторно оваа коалиција ќе формира проевропска влада во Македонија, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.
На опозицијата и порача да се посвети повеќе на работа во општините, наместо, како што рече, само да повторуваат – предвремени избори. Во однос за барањето за премиер Албанец на 100 дена пред изборите рече дека не е ништо ново и дека тоа беше објавено во 2020 година на прес-конференција после изборите на која присуствуваа тогашниот мандатар Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети на која се формираше коалициската влада.
-Така ќе биде и на изборите во 2024 година кога СДСМ повторно ќе победи на изборите заедно со својата коалиција и кога повторно ќе се формира проевропска влада во Македонија на чело со мандатар предложен од СДСМ. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ коалициските договори ги почитува. Премиерот кој ќе обавува техничка улога ќе се случи кон крајот на следната година, односно во последните 100 дена од мандатот на оваа Влада и уверени сме дека на изборите кои ќе се одржат идната година ние ќе ја добиеме поддршката од граѓаните и повторно премиерот ќе биде од редовите на СДСМ, потенцира Ковачевски.
Техничкиот премиер, како што истакна, има мандат само да ги спроведе изборите во текот на предизборниот период.
-Воопшто немам проблем да има технички премиер Албанец или припадник на било која друга етничка заедница што живее во државата, бидејќи сметам дека етничка припадност не е професија. Секој кој што е професионален може да ја води Владата, особено во услови на технички мандат на владата кога единствено треба да се спроведат избори. Не се согласувам лично со концептот на Пржинска влада кој е договорен во услови кога бевме заробена држава и сметам дека земја членка на НАТО која преговара со ЕУ и претседава со ОБСЕ не треба да има таков тип на влада пред изборите, рече Ковачевски.
Не би ги коментирал, додаде, интерните кампањи кои ги прави ДУИ, бидејќи тие се наоѓаат во процес на своја внатрешна политичка кампања во која излегуваат и креативни слогани за кои сметам дека се дел од политичката кампања која не се однесува на процесите на функционирањето на Владата во целина.

The post Ковачевски: Прашањето за предвремените избори е затворено, парламентарните избори ќе бидат во редовниот термин appeared first on Република.

]]>
Претседателски и парламентарни избори во Турција на 14 мај https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pretsedatelski-i-parlamentarni-izbori-vo-turtsija-na-14-maj/ Sun, 05 Feb 2023 19:52:19 +0000 https://republika.mk/?p=605109

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека изборите во Турција ќе се одржат на 14 мај, еден месец порано од планираното.

Кабинетот на претседателот денеска објави видео на кое Ердоган го објавува датумот на изборите за време на состанокот со младите гласачи во северозападната провинција Бурса, објави Ројтерс.

Благодарен сум на Бога што ќе чекориме рамо до рамо со вас, нашата младина која првпат гласа, на изборите што ќе се одржат на 14 мај, порача Ердоган.

Анкетите на јавното мислење покажуваат дека парламентарните и претседателските избори ќе претставуваат најголем тест за Ердоган во последните 20 години.

Првично беа закажани за 18 јуни, но Ердоган претходно сигнализираше дека гласањето може да се помести.

The post Претседателски и парламентарни избори во Турција на 14 мај appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека изборите во Турција ќе се одржат на 14 мај, еден месец порано од планираното. Кабинетот на претседателот денеска објави видео на кое Ердоган го објавува датумот на изборите за време на состанокот со младите гласачи во северозападната провинција Бурса, објави Ројтерс.
Благодарен сум на Бога што ќе чекориме рамо до рамо со вас, нашата младина која првпат гласа, на изборите што ќе се одржат на 14 мај, порача Ердоган.
Анкетите на јавното мислење покажуваат дека парламентарните и претседателските избори ќе претставуваат најголем тест за Ердоган во последните 20 години. Првично беа закажани за 18 јуни, но Ердоган претходно сигнализираше дека гласањето може да се помести.

The post Претседателски и парламентарни избори во Турција на 14 мај appeared first on Република.

]]>
Власта не планира да ги спои претседателските и парламентарните избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-ne-planira-da-gi-spoi-pretsedatelskite-i-parlamentarnite-izbori/ Wed, 21 Dec 2022 12:18:18 +0000 https://republika.mk/?p=588388

Не е планирана реконструкција на Владата. Сега е период кога се подготвуваме за идната година. Интензивно ги презентираме буџетите на секое министерство поединечно, изјави премиерот Димитар Ковачевски. Повторно дециден дека предремени парламентарни избори ќе нема.

-Владата функционира во еден полн капацитети за да се справи со сите предизвици кои ги има државата, а верувајте ми дека ова е мандат 11 месеци веќе којшто е исполнет веќе со големи предизвици со какви што досега не се соочувала ниту една влада, на еконономски, на енергетски план и ајде да кажеме на планот на обезбедување, на непречено функционирање на сите институции со оглед на хибридните закани којшто доаѓаат а кои се резултат на војната која што се води во Украина, рече Ковачевски.

Премиерот Ковачевски, кој е и претседател на СДСМ, запрашан дали трибините што ги организираше неговата партија се вовед во предвремени избори кажа дека парламентарни избори ќе има заедно со претседателските во 2024 година.

– Јас сум човек којшто се држи до своите ставови и не менувам ставови како други политичари и избори ќе има во 2024 година, прво претседателски, а потоа парламентарни избори. И самата анкета (ИРИ) ви покажува дека граѓаните се определни за европска иднина на државата, бидејќи доколку се погледнат внимателно процентите на партиите кои се за европска Македонија и зачленување во ЕУ и партиите кои што се за блокирање на тој процес  на партиите кои се за европска Македонија и зачленување во ЕУ и партиите кои се за блокирање на тој процес, тогаш пак се гледа разлика и можете уште сега да го видите резултатот дека во 2024 ќе имаме претседател на држава којшто е за зачленување на Македонија во ЕУ, а таков можеме да предложиме само ние СДСМ нормално со коалиционите партнери, рече Ковачевски.

Премиерот е убеден во 2024 година повторно ќе има Влада која што исто така ќе биде предводена од СДСМ и коалиционите партнери кои се за продолжување на европскиот пат на државата и зачленување до 2030 година во ЕУ.

The post Власта не планира да ги спои претседателските и парламентарните избори appeared first on Република.

]]>

Не е планирана реконструкција на Владата. Сега е период кога се подготвуваме за идната година. Интензивно ги презентираме буџетите на секое министерство поединечно, изјави премиерот Димитар Ковачевски. Повторно дециден дека предремени парламентарни избори ќе нема.
-Владата функционира во еден полн капацитети за да се справи со сите предизвици кои ги има државата, а верувајте ми дека ова е мандат 11 месеци веќе којшто е исполнет веќе со големи предизвици со какви што досега не се соочувала ниту една влада, на еконономски, на енергетски план и ајде да кажеме на планот на обезбедување, на непречено функционирање на сите институции со оглед на хибридните закани којшто доаѓаат а кои се резултат на војната која што се води во Украина, рече Ковачевски.
Премиерот Ковачевски, кој е и претседател на СДСМ, запрашан дали трибините што ги организираше неговата партија се вовед во предвремени избори кажа дека парламентарни избори ќе има заедно со претседателските во 2024 година.
– Јас сум човек којшто се држи до своите ставови и не менувам ставови како други политичари и избори ќе има во 2024 година, прво претседателски, а потоа парламентарни избори. И самата анкета (ИРИ) ви покажува дека граѓаните се определни за европска иднина на државата, бидејќи доколку се погледнат внимателно процентите на партиите кои се за европска Македонија и зачленување во ЕУ и партиите кои што се за блокирање на тој процес  на партиите кои се за европска Македонија и зачленување во ЕУ и партиите кои се за блокирање на тој процес, тогаш пак се гледа разлика и можете уште сега да го видите резултатот дека во 2024 ќе имаме претседател на држава којшто е за зачленување на Македонија во ЕУ, а таков можеме да предложиме само ние СДСМ нормално со коалиционите партнери, рече Ковачевски.
Премиерот е убеден во 2024 година повторно ќе има Влада која што исто така ќе биде предводена од СДСМ и коалиционите партнери кои се за продолжување на европскиот пат на државата и зачленување до 2030 година во ЕУ.

The post Власта не планира да ги спои претседателските и парламентарните избори appeared first on Република.

]]>