паркови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/parkovi/ За подобро да се разбереме Fri, 16 Feb 2024 09:26:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png паркови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/parkovi/ 32 32 Австралиските власти затворија неколку паркови во Сиднеј откако е откриен азбест https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/avstraliskite-vlasti-zatvorija-nekolku-parkovi-vo-sidnej-otkako-e-otkrien-azbest/ Fri, 16 Feb 2024 09:26:59 +0000 https://republika.mk/?p=744742

Австралиските власти денеска затворија неколку паркови во Сиднеј, откако на неколку локации во градот беше откриен азбест.

Градскиот совет на Сиднеј соопшти дека ќе почне со проверка на 33 паркови за да утврди дали се загадени со азбест и додаде дека тестирањето ќе трае неколку недели.

Околу 700 ученици во јавно училиште во југозападен Сиднеј ќе бидат преместени неколку недели откако беше пронајден азбест во кампусот на училиштето.

Инспекции се вршат во уште седум училишта, а наодите се очекуваат подоцна денеска, соопштија властите.

Парадата на ЛГБТ Марди Грас во Сиднеј, закажана за в недела, која вообичаено привлекува десетици илјади луѓе, е откажана откако околу местото на одржување беа пронајдени траги од азбест.

Освен на една локација, типот на откриениот азбест е врзан азбест кој претставува мал ризик за здравјето на луѓето и животната средина, соопшти Управата за заштита на животната средина (ЕПА).

Владата на австралиската држава Нов Јужен Велс формираше работна група за да обезбеди повеќе ресурси и персонал за поддршка на ЕПА.

Австралиската министерка за животна средина Пени Шарп рече дека тоа е најголемата кривична истрага во врска со животната средина последните децении.

Азбест првпат беше пронајден во јануари на игралиште во западниот дел на Сиднеј, подоцна откриен на неколку локации во близина на парк изграден над подземен пат, а досега е пронајден на околу 20 локации во градот.

Азбестот се користи од крајот на 19 век за зајакнување на цементот и како материјал отпорен на оган, но истражувањата покажаа дека дишењето во азбестните влакна може да предизвика воспаление и рак на белите дробови.

Употребата на азбест сега е забранета во поголемиот дел од светот.

The post Австралиските власти затворија неколку паркови во Сиднеј откако е откриен азбест appeared first on Република.

]]>

Австралиските власти денеска затворија неколку паркови во Сиднеј, откако на неколку локации во градот беше откриен азбест. Градскиот совет на Сиднеј соопшти дека ќе почне со проверка на 33 паркови за да утврди дали се загадени со азбест и додаде дека тестирањето ќе трае неколку недели. Околу 700 ученици во јавно училиште во југозападен Сиднеј ќе бидат преместени неколку недели откако беше пронајден азбест во кампусот на училиштето. Инспекции се вршат во уште седум училишта, а наодите се очекуваат подоцна денеска, соопштија властите. Парадата на ЛГБТ Марди Грас во Сиднеј, закажана за в недела, која вообичаено привлекува десетици илјади луѓе, е откажана откако околу местото на одржување беа пронајдени траги од азбест. Освен на една локација, типот на откриениот азбест е врзан азбест кој претставува мал ризик за здравјето на луѓето и животната средина, соопшти Управата за заштита на животната средина (ЕПА). Владата на австралиската држава Нов Јужен Велс формираше работна група за да обезбеди повеќе ресурси и персонал за поддршка на ЕПА. Австралиската министерка за животна средина Пени Шарп рече дека тоа е најголемата кривична истрага во врска со животната средина последните децении. Азбест првпат беше пронајден во јануари на игралиште во западниот дел на Сиднеј, подоцна откриен на неколку локации во близина на парк изграден над подземен пат, а досега е пронајден на околу 20 локации во градот. Азбестот се користи од крајот на 19 век за зајакнување на цементот и како материјал отпорен на оган, но истражувањата покажаа дека дишењето во азбестните влакна може да предизвика воспаление и рак на белите дробови. Употребата на азбест сега е забранета во поголемиот дел од светот.

The post Австралиските власти затворија неколку паркови во Сиднеј откако е откриен азбест appeared first on Република.

]]>
Живеењето во близина на паркови го забавува биолошкото стареење за 2,5 години https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/zhiveeneto-vo-blizina-na-parkovi-go-zabavuva-bioloshkoto-stareene-za-2-5-godini/ Thu, 29 Jun 2023 10:53:51 +0000 https://republika.mk/?p=656377

Градските паркови и зелените површини помагаат да се победи топлината, да се зајакне биолошката разновидност и да се забави биолошкото стареење. Луѓето кои имаат пристап до зелените површини во просек се за 2,5 години биолошки помлади од другите, се наведува во студија објавена во „Сајанс адвенсис“ (Science Advances).

- Живеењето во близина на повеќе зеленило може да ви помогне да изгледате помладо од вашата реална возраст, изјави авторката на студијата и постдокторски соработник на Медицинскиот факултет Фајнберг на Универзитетот Нортвестерн, Кјезу Ким.

Се верува дека причините за подмладувањето се поголемата физичка активност и социјалните интеракции, но не е јасно дали парковите навистина го забавиле стареењето на клеточно ниво.

Во студијата се испитувани хемиските модификации на ДНК познати како метилации. Претходната работа покажа дека така наречените „епигенетски часовници“ засновани на метилација на ДНК можат да бидат добар предиктор за здравствени состојби како што се кардиоваскуларни болести и рак и за когнитивната функција и попрецизен начин за мерење на возраста од календарските години.

При истражувањето набљудувани се повеќе од 900 белци и афроамериканци од Балтимор, Чикаго, Минеаполис и Оукленд во период од 20 години односно од 1986 до 2006 година.

Студијата покажува дека луѓето чии домови биле опкружени со 30 отсто зеленило во радиус од пет километри, во просек биле 2,5 години биолошки помлади во споредба со оние чии домови биле опкружени со 20 отсто зеленило. Афроамериканците со поголем пристап до зелените површини биле само една година помлади биолошки, додека белците биле три години помлади.

Други фактори, како што се стресот, квалитетот на околните зелени површини и друга социјална поддршка, може да влијаат на степенот на благосостојба на зелените површини во однос на биолошкото стареење, посочи Ким, објаснувајќи дека разликите бараат дополнителни истражувања.

 

The post Живеењето во близина на паркови го забавува биолошкото стареење за 2,5 години appeared first on Република.

]]>

Градските паркови и зелените површини помагаат да се победи топлината, да се зајакне биолошката разновидност и да се забави биолошкото стареење. Луѓето кои имаат пристап до зелените површини во просек се за 2,5 години биолошки помлади од другите, се наведува во студија објавена во „Сајанс адвенсис“ (Science Advances). - Живеењето во близина на повеќе зеленило може да ви помогне да изгледате помладо од вашата реална возраст, изјави авторката на студијата и постдокторски соработник на Медицинскиот факултет Фајнберг на Универзитетот Нортвестерн, Кјезу Ким. Се верува дека причините за подмладувањето се поголемата физичка активност и социјалните интеракции, но не е јасно дали парковите навистина го забавиле стареењето на клеточно ниво. Во студијата се испитувани хемиските модификации на ДНК познати како метилации. Претходната работа покажа дека така наречените „епигенетски часовници“ засновани на метилација на ДНК можат да бидат добар предиктор за здравствени состојби како што се кардиоваскуларни болести и рак и за когнитивната функција и попрецизен начин за мерење на возраста од календарските години. При истражувањето набљудувани се повеќе од 900 белци и афроамериканци од Балтимор, Чикаго, Минеаполис и Оукленд во период од 20 години односно од 1986 до 2006 година. Студијата покажува дека луѓето чии домови биле опкружени со 30 отсто зеленило во радиус од пет километри, во просек биле 2,5 години биолошки помлади во споредба со оние чии домови биле опкружени со 20 отсто зеленило. Афроамериканците со поголем пристап до зелените површини биле само една година помлади биолошки, додека белците биле три години помлади. Други фактори, како што се стресот, квалитетот на околните зелени површини и друга социјална поддршка, може да влијаат на степенот на благосостојба на зелените површини во однос на биолошкото стареење, посочи Ким, објаснувајќи дека разликите бараат дополнителни истражувања.  

The post Живеењето во близина на паркови го забавува биолошкото стареење за 2,5 години appeared first on Република.

]]>
Град Скопје ќе додели средства за сите 10 скопски општини за нови паркови и зеленило https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/grad-skopje-kje-dodeli-sredstva-za-site-10-skopski-opshtini-za-novi-parkovi-i-zelenilo/ Thu, 24 Feb 2022 14:29:00 +0000 https://republika.mk/?p=463243

Советот на Град Скопје на денешната седница донесе повеќе одлуки за меѓуопштинска соработка со скопските општини. Со првата одлука, предвидено е Град Скопје да издвои средства за 10те скопски општини за реконструкција и хортикултурно уредување на постојните зелени парковски површини, како и садење нови садници и цвеќе.

Од овие средства ќе се реализираат голем број на заеднички проекти со општините со кои ќе зголеми зеленилото во градот Скопје.

Советиците на денешната седница донесоа и две одлуки за воспоставување на меѓуопштинска соработка со општината Кисела Вода, првата за изградба на атмосферска, додека втората за изградба на фекална канализација.

Со првата одлука е предвидено целосно финансирање на изградбата на атмосферска канализација по дел од улиците Димо Хаџи Димов и Божидар Аџија – крак 2.

Со втората одлука, Град Скопје ќе ја финансира изградбата на фекалната канализација во населбата Градинар. Општина Кисела Вода во проектот ќе учествува преку финансирање на изработка на Урбанистички и Основен проект за линиски инфраструктурни градби на дел од булеварот Борис Трајковски за фекална канализација во населба Градинар.

The post Град Скопје ќе додели средства за сите 10 скопски општини за нови паркови и зеленило appeared first on Република.

]]>

Советот на Град Скопје на денешната седница донесе повеќе одлуки за меѓуопштинска соработка со скопските општини. Со првата одлука, предвидено е Град Скопје да издвои средства за 10те скопски општини за реконструкција и хортикултурно уредување на постојните зелени парковски површини, како и садење нови садници и цвеќе. Од овие средства ќе се реализираат голем број на заеднички проекти со општините со кои ќе зголеми зеленилото во градот Скопје. Советиците на денешната седница донесоа и две одлуки за воспоставување на меѓуопштинска соработка со општината Кисела Вода, првата за изградба на атмосферска, додека втората за изградба на фекална канализација. Со првата одлука е предвидено целосно финансирање на изградбата на атмосферска канализација по дел од улиците Димо Хаџи Димов и Божидар Аџија – крак 2. Со втората одлука, Град Скопје ќе ја финансира изградбата на фекалната канализација во населбата Градинар. Општина Кисела Вода во проектот ќе учествува преку финансирање на изработка на Урбанистички и Основен проект за линиски инфраструктурни градби на дел од булеварот Борис Трајковски за фекална канализација во населба Градинар.

The post Град Скопје ќе додели средства за сите 10 скопски општини за нови паркови и зеленило appeared first on Република.

]]>
Арсовска: Почнуваме со проекти како што е мега паркот во Ѓорче Петров со кој ќе се зголеми зеленилото во градот Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/arsovska-pochnuvame-so-proekti-kako-shto-e-mega-parkot-vo-gjorche-petrov-so-koj-kje-se-zgolemi-zeleniloto-vo-gradot-skopje/ Fri, 04 Feb 2022 11:00:17 +0000 https://republika.mk/?p=454053

Првиот зелен мега парк предвиден со програмата на Град Скопје ќе се отпочне како проект во општина Ѓорче Петров, информираат од Град Скопје.

Мега паркот ќе се протега на просторот каде постоеше долгодишната дива депонија, која во изминатиот период е целосно расчистен во соработка со општината Ѓорче Петров.

Почнуваме со проекти како што е мега паркот во Ѓорче Петров со кој ќе се зголеми зеленилото во градот Скопје. Тој е на потег каде постоеше огромна дива депонија од над 10 илјади м2 која што беше истакнувана како проблем на жителите од градот долги години. Заедно во соработка со градоначалникот на општина Ѓорче Петров успеавме да ја исчистиме, а сега сме во процес, за на тој потег да има еден навистина прекрасен голем мега парк со дополнителни содржини нешто по урнекот сега што го гледаме во градскиот парк. Ќе биде место кое ќе биде, центарот на движење со содржини за релаксација на граѓаните од тој дел на градот, истакна градоначалничката Данела Арсовска во емисијата „Заспиј ако можеш“.

Мега паркот во Ѓорче Петров е дел од проектот од предизборната програма на градоначалничката Арсовска за уредување „5 нови мега паркови во Скопје“. Овие паркови ќе придонесат за значително зголемување на градското зеленило, а скопјани добиваат нови зелени површини за релаксација.

The post Арсовска: Почнуваме со проекти како што е мега паркот во Ѓорче Петров со кој ќе се зголеми зеленилото во градот Скопје appeared first on Република.

]]>

Првиот зелен мега парк предвиден со програмата на Град Скопје ќе се отпочне како проект во општина Ѓорче Петров, информираат од Град Скопје.

Мега паркот ќе се протега на просторот каде постоеше долгодишната дива депонија, која во изминатиот период е целосно расчистен во соработка со општината Ѓорче Петров.

Почнуваме со проекти како што е мега паркот во Ѓорче Петров со кој ќе се зголеми зеленилото во градот Скопје. Тој е на потег каде постоеше огромна дива депонија од над 10 илјади м2 која што беше истакнувана како проблем на жителите од градот долги години. Заедно во соработка со градоначалникот на општина Ѓорче Петров успеавме да ја исчистиме, а сега сме во процес, за на тој потег да има еден навистина прекрасен голем мега парк со дополнителни содржини нешто по урнекот сега што го гледаме во градскиот парк. Ќе биде место кое ќе биде, центарот на движење со содржини за релаксација на граѓаните од тој дел на градот, истакна градоначалничката Данела Арсовска во емисијата „Заспиј ако можеш“.

Мега паркот во Ѓорче Петров е дел од проектот од предизборната програма на градоначалничката Арсовска за уредување „5 нови мега паркови во Скопје“. Овие паркови ќе придонесат за значително зголемување на градското зеленило, а скопјани добиваат нови зелени површини за релаксација.

The post Арсовска: Почнуваме со проекти како што е мега паркот во Ѓорче Петров со кој ќе се зголеми зеленилото во градот Скопје appeared first on Република.

]]>