паркинг за велосипеди Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/parking-za-velosipedi/ За подобро да се разбереме Wed, 25 Jan 2023 07:30:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png паркинг за велосипеди Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/parking-za-velosipedi/ 32 32 Општините да воведат задолжителен паркинг за велосипеди, бара Градот https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/opshtinite-da-vovedat-zadolzhitelen-parking-za-velosipedi-bara-gradot/ Wed, 25 Jan 2023 07:30:31 +0000 https://republika.mk/?p=600677

Скопските општини да донесат одлука со која од инвеститорите ќе се бара на парцелите за новите објекти да предвидат задолжителен паркинг за велосипеди. Доколку нема предвидено ваков паркинг, тогаш да не издаваат дозвола за градба.

Ваков предлог до општините во Градот Скопје испратила градоначалничката Данела Арсовска, а со цел, како што вели, да се стимулира употребата на еколошки превоз, да се намали сообраќајниот метеж и загадувањето на воздухот.

„Одлука која би се донела на општинско ниво е важна со цел инвеститорите на нови станбени и деловни објекти во рамки на градежната парцелата да предвидат и соодветни паркинг простори за велосипеди. Со ваква одлука со која би се задолжиле инвеститорите кои поднесуваат барање согласно Законот за градење да обезбедат паркинзи за велосипеди секаде каде има простор и можност за истите да се постават, значително ќе се придонесе за подобрување на инфраструктурата и стимулирање на зголемено користење на велосипедите“, вели Арсовска додавајќи дека со одлуката би се наложил и минималниот број на паркинг места што ќе треба да ги обезбедат велосипедистите.

Исто така, таа предлага со евентуалната одлука што би ја донеле скопските општини, да се предвиди дека паркинзите ќе бидат заштите од кражба и атмосферски влијание.

Покрај за новите, Арсовска предлага општините да побараат и од веќе изградените станбени и деловни згради, да се изградат вакви паркинг-места.

„Се препорачува со одлука на советот на секоја од општините да се предвиди, за веќе изградените станбени и деловни објекти да ја уредат и усогласат инфраструктурата и опремата за паркинг за велосипеди во соодветен рок утврден со донесената одлука“, вели градоначалничката.

The post Општините да воведат задолжителен паркинг за велосипеди, бара Градот appeared first on Република.

]]>

Скопските општини да донесат одлука со која од инвеститорите ќе се бара на парцелите за новите објекти да предвидат задолжителен паркинг за велосипеди. Доколку нема предвидено ваков паркинг, тогаш да не издаваат дозвола за градба. Ваков предлог до општините во Градот Скопје испратила градоначалничката Данела Арсовска, а со цел, како што вели, да се стимулира употребата на еколошки превоз, да се намали сообраќајниот метеж и загадувањето на воздухот. „Одлука која би се донела на општинско ниво е важна со цел инвеститорите на нови станбени и деловни објекти во рамки на градежната парцелата да предвидат и соодветни паркинг простори за велосипеди. Со ваква одлука со која би се задолжиле инвеститорите кои поднесуваат барање согласно Законот за градење да обезбедат паркинзи за велосипеди секаде каде има простор и можност за истите да се постават, значително ќе се придонесе за подобрување на инфраструктурата и стимулирање на зголемено користење на велосипедите“, вели Арсовска додавајќи дека со одлуката би се наложил и минималниот број на паркинг места што ќе треба да ги обезбедат велосипедистите. Исто така, таа предлага со евентуалната одлука што би ја донеле скопските општини, да се предвиди дека паркинзите ќе бидат заштите од кражба и атмосферски влијание. Покрај за новите, Арсовска предлага општините да побараат и од веќе изградените станбени и деловни згради, да се изградат вакви паркинг-места. „Се препорачува со одлука на советот на секоја од општините да се предвиди, за веќе изградените станбени и деловни објекти да ја уредат и усогласат инфраструктурата и опремата за паркинг за велосипеди во соодветен рок утврден со донесената одлука“, вели градоначалничката.

The post Општините да воведат задолжителен паркинг за велосипеди, бара Градот appeared first on Република.

]]>
Станбените, деловните и сите јавни објекти во Центар мора да имаат паркинзи за велосипеди https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/stanbenite-delovnite-i-site-javni-objekti-vo-centar-mora-da-imaat-parkinzi-za-velosipedi/ Wed, 06 Apr 2022 08:45:19 +0000 https://republika.mk/?p=483923

Паркинзи за велосипеди кај сите нови станбени, деловни и јавни објекти во рамки на градежна парцела треба да планираат инвеститорите, според одлуката на  8. седница на Советот на Општина Центар, која беше изгласана денеска. Општина Центар ги задолжува инвеститорите кои поднесуваат барање согласно Законот за градење да обезбедат паркинзи за велосипеди секаде каде има простор и можност истите да се постават. Исто така, Општина Центар овозможува поставување на паркинзи за велосипеди и кај сите постојни станбени, деловни и други јавни објекти кои имаат простор за нивно поставување.

Уредувањето и обезбедувањето на овие паркинзи за велосипеди во рамки на една градежна парцела треба да е правопропорционално на бројот на станбени единици и бројот на паркинг места за моторни возила предвидени и содржани во објектот кој е предмет на барањето, согласно Законот за градење, како и на веќе изградените станбени и други објекти кои не се предвидени за домување на територијата на Општина Центар.

Општина Центар наложува минималниот потребен број на паркинг места за велосипеди кај новите и реновирани станбени згради со повеќе од три паркинг места за моторни возила да е две паркинг места за велосипеди за секоја станбена единица.

Минимално потребниот број на паркинг места за велосипеди кај нови и реновирани објекти кои не се предвидени за домување со повеќе од пет паркинг места за моторни возила да е едно паркинг место за велосипед за секое паркинг место за моторно возило.

Општина Центар информира дека од вкупниот број паркинг места за велосипеди, минимум 50%, треба да бидат заштитени од кражба и атмосферски влијанија, предвидени во приземјето или на првото подземно ниво на објектот, во документациите кои се дел од постапките за издавање одобрение согласно Законот за градење.

Одредбите од оваа одлука се применуваат во постапките од Законот за градење, при што веќе изградените деловни објекти треба да ја уредат и усогласат инфраструктурата и опремата за паркинг за велосипеди во рок од две години од стапувањето на сила на оваа одлука, додека имателите на други објекти, кои не се предвидени за домување и кои имаат паркинг простор со повеќе од пет паркинг места за моторни возила, треба да ја уредат и усогласат инфраструктурата и опремата за паркинг за велосипеди во рок од една година од стапувањето на сила на одлуката.

Општина Центар преку уредувањето на паркинг за велосипеди во рамки на една градежна парцела има за цел да обезбеди простор наменет за паркирање и чување велосипеди на имателите и корисниците на објектите како и да стимулира поголема употреба на еколошки превозни средства. Преку оваа одлука ќе се овозможи намален метеж во сообраќајот, но и намалена загаденост на воздухот од користење на моторни возила.

Инаку, оваа нова мерка произлезе од барањата на Здружението за урбан велосипедизам „НаТочак“, за кои градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски поднесе иницијатива до општинскиот Совет, по што истата беше прифатена.

Општина Центар е отворена за соработка и со сите други граѓански здруженија кои имаат проекти важни за граѓаните. Исто така, општината продолжува да ги застапува интересите на граѓаните преку реализирање на мерки кои се во согласност со нивните потреби.

The post Станбените, деловните и сите јавни објекти во Центар мора да имаат паркинзи за велосипеди appeared first on Република.

]]>

Паркинзи за велосипеди кај сите нови станбени, деловни и јавни објекти во рамки на градежна парцела треба да планираат инвеститорите, според одлуката на  8. седница на Советот на Општина Центар, која беше изгласана денеска. Општина Центар ги задолжува инвеститорите кои поднесуваат барање согласно Законот за градење да обезбедат паркинзи за велосипеди секаде каде има простор и можност истите да се постават. Исто така, Општина Центар овозможува поставување на паркинзи за велосипеди и кај сите постојни станбени, деловни и други јавни објекти кои имаат простор за нивно поставување. Уредувањето и обезбедувањето на овие паркинзи за велосипеди во рамки на една градежна парцела треба да е правопропорционално на бројот на станбени единици и бројот на паркинг места за моторни возила предвидени и содржани во објектот кој е предмет на барањето, согласно Законот за градење, како и на веќе изградените станбени и други објекти кои не се предвидени за домување на територијата на Општина Центар. Општина Центар наложува минималниот потребен број на паркинг места за велосипеди кај новите и реновирани станбени згради со повеќе од три паркинг места за моторни возила да е две паркинг места за велосипеди за секоја станбена единица. Минимално потребниот број на паркинг места за велосипеди кај нови и реновирани објекти кои не се предвидени за домување со повеќе од пет паркинг места за моторни возила да е едно паркинг место за велосипед за секое паркинг место за моторно возило. Општина Центар информира дека од вкупниот број паркинг места за велосипеди, минимум 50%, треба да бидат заштитени од кражба и атмосферски влијанија, предвидени во приземјето или на првото подземно ниво на објектот, во документациите кои се дел од постапките за издавање одобрение согласно Законот за градење. Одредбите од оваа одлука се применуваат во постапките од Законот за градење, при што веќе изградените деловни објекти треба да ја уредат и усогласат инфраструктурата и опремата за паркинг за велосипеди во рок од две години од стапувањето на сила на оваа одлука, додека имателите на други објекти, кои не се предвидени за домување и кои имаат паркинг простор со повеќе од пет паркинг места за моторни возила, треба да ја уредат и усогласат инфраструктурата и опремата за паркинг за велосипеди во рок од една година од стапувањето на сила на одлуката. Општина Центар преку уредувањето на паркинг за велосипеди во рамки на една градежна парцела има за цел да обезбеди простор наменет за паркирање и чување велосипеди на имателите и корисниците на објектите како и да стимулира поголема употреба на еколошки превозни средства. Преку оваа одлука ќе се овозможи намален метеж во сообраќајот, но и намалена загаденост на воздухот од користење на моторни возила. Инаку, оваа нова мерка произлезе од барањата на Здружението за урбан велосипедизам „НаТочак“, за кои градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски поднесе иницијатива до општинскиот Совет, по што истата беше прифатена. Општина Центар е отворена за соработка и со сите други граѓански здруженија кои имаат проекти важни за граѓаните. Исто така, општината продолжува да ги застапува интересите на граѓаните преку реализирање на мерки кои се во согласност со нивните потреби.

The post Станбените, деловните и сите јавни објекти во Центар мора да имаат паркинзи за велосипеди appeared first on Република.

]]>