парични надоместоци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/parichni-nadomestotsi/ За подобро да се разбереме Sun, 30 Jun 2024 09:52:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png парични надоместоци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/parichni-nadomestotsi/ 32 32 Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-utre-ke-se-isplaka-neisplatenata-finansiska-poddrshka-za-osnovtsi-i-srednoshkoltsi/ Sun, 30 Jun 2024 09:52:19 +0000 https://republika.mk/?p=792055

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека од понеделник ќе почнат да се исплаќаат паричните надоместоци по основ на антикризната мерка за поддршка на семејствата на основци и средношколци.

Како што соопштија од МОН, на првиот работен ден од мандатот, министерката за образование и наука Весна Јаневска ги задолжила надлежните сектори да направат детален преглед на нереализираните финансиски обврски по секој еден ученик чие семејство ги исполнува условите и има поднесено апликација за остварување на ова право.

Врз основа на доставениот извештај, направан е план со динамика на исплата којa почнува од утре.

Наместо краткорочни неквалитетни решенија, учениците и нивните семејства заслужуваат вистинска и континуирана системска поддршка за олеснување на воспитно – образовниот процес и за надминување на предизвиците со кои секојдневно се соочуваат последните неколку години. Со доаѓањето на новата Влада, младите ќе бидат во фокусот на политиките, а квалитетот на образованието и можностите за реализација на личниот потенцијал во границите на својата земја, плански и континуирано ќе се зголемуваат, велат од МОН.

The post Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека од понеделник ќе почнат да се исплаќаат паричните надоместоци по основ на антикризната мерка за поддршка на семејствата на основци и средношколци. Како што соопштија од МОН, на првиот работен ден од мандатот, министерката за образование и наука Весна Јаневска ги задолжила надлежните сектори да направат детален преглед на нереализираните финансиски обврски по секој еден ученик чие семејство ги исполнува условите и има поднесено апликација за остварување на ова право. Врз основа на доставениот извештај, направан е план со динамика на исплата којa почнува од утре.