парична помош Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/parichna-pomosh/ За подобро да се разбереме Tue, 13 Jun 2023 12:46:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png парична помош Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/parichna-pomosh/ 32 32 Еднократна парична помош за секое прваче во Аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ednokratna-parichna-pomosh-za-sekoe-prvache-vo-aerodrom/ Tue, 13 Jun 2023 12:46:16 +0000 https://republika.mk/?p=650898

Општина Аеродром и оваа година ќе доделува еднократна парична помош од 3.500 денари за семејствата чие дете е прваче во едно од основните училишта на територијата на општината.

Рокот за пријавување е од 15 јуни до 29 септември 2023 година.

Родителите на првачињата потребно е до архивата на Општината да поднесат потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2023/2024 година, заверена од основно училиште од територијата на општина Аеродром или основно училиште со ресурсен центар, фотокопија на извод од Матичната книга на родените за првачето, како и на увид лична карта или патна исправа на барателот.

 

The post Еднократна парична помош за секое прваче во Аеродром appeared first on Република.

]]>

Општина Аеродром и оваа година ќе доделува еднократна парична помош од 3.500 денари за семејствата чие дете е прваче во едно од основните училишта на територијата на општината. Рокот за пријавување е од 15 јуни до 29 септември 2023 година. Родителите на првачињата потребно е до архивата на Општината да поднесат потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2023/2024 година, заверена од основно училиште од територијата на општина Аеродром или основно училиште со ресурсен центар, фотокопија на извод од Матичната книга на родените за првачето, како и на увид лична карта или патна исправа на барателот.  

The post Еднократна парична помош за секое прваче во Аеродром appeared first on Република.

]]>
Започнува исплатата на финансиската помош за ранливите категории граѓани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zapochnuva-isplatata-na-finansiskata-pomosh-za-ranlivite-kategorii-gragjani/ Sun, 11 Dec 2022 13:54:01 +0000 https://republika.mk/?p=584306

Владата предводена од СДСМ никого не остава сам во време на светска економска и енергетска криза.

Започнува исплатата на финансиската помош за ранливите категории граѓани, за што пари се обебзедени од вториот пакет антикризни мерки што го реализира Владата предводена од СДСМ.

Финансиска поддршка за пензионерите веќе започнува со исплатата на пензијата за месец декември.

Пензионерите со најниски пензии, односно пензии до 11.525 денари,  месечно добиваат по 1.500 денари, за период од четири месеци, додека, пензионерите со пензии од 11.526 денари од 14.000 денари, добиваат  помош од 750 денари месечно, за период од четири месеци.

Веќе утре ќе се исплати  паричната помош за корисниците  на правото на социјална сигурност на стари лица, корисниците  на посебен додаток, на  правото на надоместок заради попреченост, надоместокот за  попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост, како и самохраните родители кои добиваат гарантирана минимална помош.

Овие граѓани четири месеци ќе добијат финансиската поддршка од 3.000 денари месечно.

Корисниците на надоместокот за телесно оштетување исто така добиваат по 750 денари месечно, за период од четири месеци.

Во среда ќе биде исплатена и паричната помош за невработени лица - корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок, од страна на Агенцијата за вработување на Република Македонија.

И овие лица исто така  ќе добијат финансиска поддршка од 3.000 денари месечно, за период од четири месеци.

На веб страниците на Министерството за труд и социјална политика, на Фондот за пензиско осигурување, како и на Агенцијата за вработување, секој ќе може да се провери дали е на списокот за добивање на финансиска поддршка и доколку не се пронајде, а сепак ги исполнува условите, може да поднесе приговор до Министерството.

СДСМ и во време на најголема економска криза останува посветена на поддршка на граѓаните во справувањето со последиците, за никој да не биде изоставен.

The post Започнува исплатата на финансиската помош за ранливите категории граѓани appeared first on Република.

]]>

Владата предводена од СДСМ никого не остава сам во време на светска економска и енергетска криза. Започнува исплатата на финансиската помош за ранливите категории граѓани, за што пари се обебзедени од вториот пакет антикризни мерки што го реализира Владата предводена од СДСМ. Финансиска поддршка за пензионерите веќе започнува со исплатата на пензијата за месец декември. Пензионерите со најниски пензии, односно пензии до 11.525 денари,  месечно добиваат по 1.500 денари, за период од четири месеци, додека, пензионерите со пензии од 11.526 денари од 14.000 денари, добиваат  помош од 750 денари месечно, за период од четири месеци. Веќе утре ќе се исплати  паричната помош за корисниците  на правото на социјална сигурност на стари лица, корисниците  на посебен додаток, на  правото на надоместок заради попреченост, надоместокот за  попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост, како и самохраните родители кои добиваат гарантирана минимална помош. Овие граѓани четири месеци ќе добијат финансиската поддршка од 3.000 денари месечно. Корисниците на надоместокот за телесно оштетување исто така добиваат по 750 денари месечно, за период од четири месеци. Во среда ќе биде исплатена и паричната помош за невработени лица - корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок, од страна на Агенцијата за вработување на Република Македонија. И овие лица исто така  ќе добијат финансиска поддршка од 3.000 денари месечно, за период од четири месеци. На веб страниците на Министерството за труд и социјална политика, на Фондот за пензиско осигурување, како и на Агенцијата за вработување, секој ќе може да се провери дали е на списокот за добивање на финансиска поддршка и доколку не се пронајде, а сепак ги исполнува условите, може да поднесе приговор до Министерството. СДСМ и во време на најголема економска криза останува посветена на поддршка на граѓаните во справувањето со последиците, за никој да не биде изоставен.

The post Започнува исплатата на финансиската помош за ранливите категории граѓани appeared first on Република.

]]>
100 семејства во Центар добија по 7.000 денари парична помош за новороденчиња https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/100-semejstva-vo-centar-dobija-po-7-000-denari-parichna-pomosh-za-novorodenchinja/ Fri, 16 Sep 2022 12:26:10 +0000 https://republika.mk/?p=551407

Општина Центар започна со исплата на парична помош за новороденчиња. Денеска градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски во Паркот на Франкофонијата на 100 семејства од Центар кои имаат новороденче лично им ги врачи решенијата во висина од 7.000 денари.

На мое задоволство денеска овде во Паркот на Франкофонијата ги доделуваме решенијата за еднократна парична помош за најмладите Центарци. Покрај овие средства, новите родители добиваат и пакет производи и услуги од општествено одговорните компании Еурофарм, ПЗУ Жан Митрев, Реплек, Геопром, Хип, Веледа за што би сакал да им упатам искрена благодарност. Со подарувањето педијатриски услуги и сет производи општествено одговорните компании покажуваат дека се силно фокусирани на своите потрошувачи. Тоа е навистина за поздрав, истакна Герасимовски.

Еднократната парична помош за новите родители кои редовно ги доделува општина Центар се во рамки на проектот на општината за доделување првична помош и поддршка на родителите, жители на Општина Центар. Во Паркот на Франкофонијата градоначалникот Герасимовски на родителите на најмладите сограѓани во општината им посака добро здравје и среќно и безгрижно детство, а на родителите успешно родителство и хармонични моменти во семејството.
Општина Центар ќе продолжи да реализира проекти од областа на детската заштита и да се грижи за најмладите во општината.

 

The post 100 семејства во Центар добија по 7.000 денари парична помош за новороденчиња appeared first on Република.

]]>

Општина Центар започна со исплата на парична помош за новороденчиња. Денеска градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски во Паркот на Франкофонијата на 100 семејства од Центар кои имаат новороденче лично им ги врачи решенијата во висина од 7.000 денари.
На мое задоволство денеска овде во Паркот на Франкофонијата ги доделуваме решенијата за еднократна парична помош за најмладите Центарци. Покрај овие средства, новите родители добиваат и пакет производи и услуги од општествено одговорните компании Еурофарм, ПЗУ Жан Митрев, Реплек, Геопром, Хип, Веледа за што би сакал да им упатам искрена благодарност. Со подарувањето педијатриски услуги и сет производи општествено одговорните компании покажуваат дека се силно фокусирани на своите потрошувачи. Тоа е навистина за поздрав, истакна Герасимовски.
Еднократната парична помош за новите родители кои редовно ги доделува општина Центар се во рамки на проектот на општината за доделување првична помош и поддршка на родителите, жители на Општина Центар. Во Паркот на Франкофонијата градоначалникот Герасимовски на родителите на најмладите сограѓани во општината им посака добро здравје и среќно и безгрижно детство, а на родителите успешно родителство и хармонични моменти во семејството. Општина Центар ќе продолжи да реализира проекти од областа на детската заштита и да се грижи за најмладите во општината.  

The post 100 семејства во Центар добија по 7.000 денари парична помош за новороденчиња appeared first on Република.

]]>
МТСП: Корисниците на гарантирана минимална помош ќе остварат паричен додаток за покривање на дел од трошоците за енергенси во домаќинството од октомври до март https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mtsp-korisnicite-na-garantirana-minimalna-pomosh-kje-ostvarat-parichen-dodatok-za-pokrivanje-na-del-od-troshocite-za-energensi-vo-domakjinstvoto-od-oktomvri-do-mart/ Fri, 05 Aug 2022 10:06:59 +0000 https://republika.mk/?p=537059

Министерството за труд и социјална политика, преку прилагодување на прописите од областа на социјалната заштита, обезбеди олеснет пристап до остварување на правото на гарантирана минимална помош и остварување на паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството и за месеците од април до септември за време на вонредни околности, односно за времетраењето на пандемијата со КОВИД 19.

 

Министерството за труд и социјална политика, со оглед дека вонредните околности со пандемијата од КОВИД 19 се завршени, ги известува граѓаните дека олеснетиот пристап до правото на гарантирана минимална помош престанува да важи и корисниците на гарантирана минимална помош ќе остварат паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството за месеците од октомври до март, согласно Законот за социјалната заштита, сметано од 30.06.2022 година.   ​

The post МТСП: Корисниците на гарантирана минимална помош ќе остварат паричен додаток за покривање на дел од трошоците за енергенси во домаќинството од октомври до март appeared first on Република.

]]>

Министерството за труд и социјална политика, преку прилагодување на прописите од областа на социјалната заштита, обезбеди олеснет пристап до остварување на правото на гарантирана минимална помош и остварување на паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството и за месеците од април до септември за време на вонредни околности, односно за времетраењето на пандемијата со КОВИД 19.   Министерството за труд и социјална политика, со оглед дека вонредните околности со пандемијата од КОВИД 19 се завршени, ги известува граѓаните дека олеснетиот пристап до правото на гарантирана минимална помош престанува да важи и корисниците на гарантирана минимална помош ќе остварат паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството за месеците од октомври до март, согласно Законот за социјалната заштита, сметано од 30.06.2022 година.   ​

The post МТСП: Корисниците на гарантирана минимална помош ќе остварат паричен додаток за покривање на дел од трошоците за енергенси во домаќинството од октомври до март appeared first on Република.

]]>