парична казна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/parichna-kazna/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Nov 2024 12:23:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png парична казна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/parichna-kazna/ 32 32 ДСЗИ ја казни со 5.200 евра Клиниката за детски болести бидејќи на ноќно дежурство прегледуваат специјализнати во име на дежурни лекари специјалисти https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/dszi-ja-kazni-so-5-200-evra-klinikata-za-detski-bolesti-bidejki-na-nokno-dezhurstvo-pregleduvaat-spetsijaliznati-vo-ime-na-dezhurni-lekari-spetsijalisti/ Wed, 20 Nov 2024 12:22:23 +0000 https://republika.mk/?p=839915

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска извршил инспекциски надзор на Детската клиника во Скопје, а откако биле откриени недостатоци, најавен е прекршочен платен налог.

Како што попладнево информираат од ДСЗИ, на денешниот контролен инспекциски надзор во Универзитетската клиника за детски болести, по изминати рокови за постапување по наложени мерки со издадено решение, констатирано било дека не е постапено во целост по решението.

Од вкупно 14 доктори специјализанти кои исполнуваат услов за добивање на времена лиценца од Лекарска комора на Македонија и времени факсимили за работа, само за двајца има обезбедени времени лиценци за работа и не е поднесено барање до министер за здравство за обезбедување времени факсимили за работа на Клиниката. Во ноќна смена во дежурна амбуланта, на Клиниката работат доктори специјализанти без времени факсимили за работа и доктори кои не исполнуваат услов постар специјализант. На Клиниката, од вкупно вработени 45 доктори специјалисти, дежураат само по тројца докотори, притоа ниту еден од нив не дежура во амбуланта на Клиниката, а прегледите во дежурна амбуланта се вршат од страна на специјализанти, кои издаваат медицинска документација во име на дежурните доктори специјалисти, а некогаш и документација и без потпис и печат, се наведува во соопштението на ДСЗИ.

Од страна на установата, а во однос на издаденото решение, постапено било само во делот на внесување на личните податоци и медицинските податоци на пациентите - за извршените здравствени услуги, во интегрираниот здравствен информатички систем „Мој термин“.

Врз основа на наведеното, а согласно член 31 став 1 и 3 ќе биде издаден прекршочен платен налог со предлог за порамнување и тоа: на правното лице ЈЗУ УК за детски болести - Скопје со глоба во износ од 4.000 евра во денарска противвредност и на одговорното лице во правното лице со глоба во износ од 30 отсто од одмерената глоба за правното лице односно во износ од 1.200 евра во денарска противвредност, појаснуваат од Инспекторатот.

Доколку сторителот на прекршокот е согласен на постапката за порамнување и глобите ги плати во рок од осум дена од денот на добивање на платниот налог, како што додаваат, уплаќа половина од погоренаведените износи - 2.000 евра во денари противвредност за правното лице и 600 евра во денари противвредност за одговорното лице, а за уплатата треба да достави доказ до Инспекторот.

Доколку сторителот не е согласен да ја прифати постапката за порамнување или не ги плати изречените глоби, инспекторот е должен да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен суд, истакнуваат од ДСЗИ.

The post ДСЗИ ја казни со 5.200 евра Клиниката за детски болести бидејќи на ноќно дежурство прегледуваат специјализнати во име на дежурни лекари специјалисти appeared first on Република.

]]>

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска извршил инспекциски надзор на Детската клиника во Скопје, а откако биле откриени недостатоци, најавен е прекршочен платен налог. Како што попладнево информираат од ДСЗИ, на денешниот контролен инспекциски надзор во Универзитетската клиника за детски болести, по изминати рокови за постапување по наложени мерки со издадено решение, констатирано било дека не е постапено во целост по решението.
Од вкупно 14 доктори специјализанти кои исполнуваат услов за добивање на времена лиценца од Лекарска комора на Македонија и времени факсимили за работа, само за двајца има обезбедени времени лиценци за работа и не е поднесено барање до министер за здравство за обезбедување времени факсимили за работа на Клиниката. Во ноќна смена во дежурна амбуланта, на Клиниката работат доктори специјализанти без времени факсимили за работа и доктори кои не исполнуваат услов постар специјализант. На Клиниката, од вкупно вработени 45 доктори специјалисти, дежураат само по тројца докотори, притоа ниту еден од нив не дежура во амбуланта на Клиниката, а прегледите во дежурна амбуланта се вршат од страна на специјализанти, кои издаваат медицинска документација во име на дежурните доктори специјалисти, а некогаш и документација и без потпис и печат, се наведува во соопштението на ДСЗИ.
Од страна на установата, а во однос на издаденото решение, постапено било само во делот на внесување на личните податоци и медицинските податоци на пациентите - за извршените здравствени услуги, во интегрираниот здравствен информатички систем „Мој термин“.
Врз основа на наведеното, а согласно член 31 став 1 и 3 ќе биде издаден прекршочен платен налог со предлог за порамнување и тоа: на правното лице ЈЗУ УК за детски болести - Скопје со глоба во износ од 4.000 евра во денарска противвредност и на одговорното лице во правното лице со глоба во износ од 30 отсто од одмерената глоба за правното лице односно во износ од 1.200 евра во денарска противвредност, појаснуваат од Инспекторатот.
Доколку сторителот на прекршокот е согласен на постапката за порамнување и глобите ги плати во рок од осум дена од денот на добивање на платниот налог, како што додаваат, уплаќа половина од погоренаведените износи - 2.000 евра во денари противвредност за правното лице и 600 евра во денари противвредност за одговорното лице, а за уплатата треба да достави доказ до Инспекторот.
Доколку сторителот не е согласен да ја прифати постапката за порамнување или не ги плати изречените глоби, инспекторот е должен да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен суд, истакнуваат од ДСЗИ.

The post ДСЗИ ја казни со 5.200 евра Клиниката за детски болести бидејќи на ноќно дежурство прегледуваат специјализнати во име на дежурни лекари специјалисти appeared first on Република.

]]>
Министерството за внатрешни работи на Грција и европратеничка парично казнети за проток на лични податоци на Грците од дијаспората https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ministerstvoto-za-vnatreshni-raboti-na-grtsija-i-evropratenichka-parichno-kazneti-za-protok-na-lichni-podatotsi-na-grtsite-od-dijasporata/ Tue, 28 May 2024 15:37:47 +0000 https://republika.mk/?p=782480

За случајот со масовните мејлови со предизборен материјал што Грците кои живеат во странство, без нивна согласност, ги добиле од европратеничката на Нова демократија Ана Мисел Асимакопулу, Управата за заштита на лични податоци на Грција ги казни Министерството за внатрешни работи со 400.000 евра и европратеничката со 40.000 евра, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Управата соопштија дека по големиот број добиени пријави за мејлови испратени на почетокот на јануари под наслов „100 дена пред европските избори“ од европратеничката Ана Мисел Асимакопулу, случајот бил истражен и констатирано дека податоците на гласачите од странство пријавени за изборите во јуни 2023 година, за кои е надлежно МВР, биле изнесени вон Министерството, со што било прекршена доверливоста на податоците и изречена казната.

Европратеничката од Нова демократија, која е казнета до 40.000 евра, го прекршила основниот принцип на законитост, објективност и транспарентност на обработката на податоци.

На средината на март откако беше откриен случајот со масовни мејлови со предизборен материјал што Грците кои живеат во странство ги добиле од европратеничката на Нова демократија Ана Мисел Асимакопулу, без притоа да постои нивна согласност за споделување на личните податоци, генералниот секретар во Министерство за внатрешни работи на Грција си поднесе оставка, а Асимакопулу соопшти дека нема да се кандидира на евроизборите во јуни

The post Министерството за внатрешни работи на Грција и европратеничка парично казнети за проток на лични податоци на Грците од дијаспората appeared first on Република.

]]>

За случајот со масовните мејлови со предизборен материјал што Грците кои живеат во странство, без нивна согласност, ги добиле од европратеничката на Нова демократија Ана Мисел Асимакопулу, Управата за заштита на лични податоци на Грција ги казни Министерството за внатрешни работи со 400.000 евра и европратеничката со 40.000 евра, јави дописничката на МИА од Атина. Од Управата соопштија дека по големиот број добиени пријави за мејлови испратени на почетокот на јануари под наслов „100 дена пред европските избори“ од европратеничката Ана Мисел Асимакопулу, случајот бил истражен и констатирано дека податоците на гласачите од странство пријавени за изборите во јуни 2023 година, за кои е надлежно МВР, биле изнесени вон Министерството, со што било прекршена доверливоста на податоците и изречена казната. Европратеничката од Нова демократија, која е казнета до 40.000 евра, го прекршила основниот принцип на законитост, објективност и транспарентност на обработката на податоци. На средината на март откако беше откриен случајот со масовни мејлови со предизборен материјал што Грците кои живеат во странство ги добиле од европратеничката на Нова демократија Ана Мисел Асимакопулу, без притоа да постои нивна согласност за споделување на личните податоци, генералниот секретар во Министерство за внатрешни работи на Грција си поднесе оставка, а Асимакопулу соопшти дека нема да се кандидира на евроизборите во јуни

The post Министерството за внатрешни работи на Грција и европратеничка парично казнети за проток на лични податоци на Грците од дијаспората appeared first on Република.

]]>