Паразит Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/parazit/ За подобро да се разбереме Wed, 03 Apr 2024 07:31:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Паразит Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/parazit/ 32 32 Великаните на Браќа Манаки во Кинотека: Вечерва „Паразит“ во чест на кинематограферот Хонг Кјунг-Пјо, добитник на Златна Камера 300 во 2018 година https://arhiva3.republika.mk/scena/film/velikanite-na-braka-manaki-vo-kinoteka-vecherva-parazit-vo-chest-na-kinematograferot-hong-kjung-pjo-dobitnik-na-zlatna-kamera-300-vo-2018-godina/ Wed, 03 Apr 2024 07:31:49 +0000 https://republika.mk/?p=761529

Tретиот месец од ретроспективата ВЕЛИКАНИТЕ НА БРАЌА МАНАКИ започнува со добитникот на Оскар за најдобар филм (и на уште три Оскари) во 2020 година, ПАРАЗИТ на Бонг Џун Хо.

Кинематографер е кореанецот ХОНГ КЈУНГ-ПЈО, добитник на Златна Камера 300 во 2018 година за кинематограферската работа на филмот „Б’рнинг“.

3 АПРИЛ (СРЕДА) 20:00ч
ЛАУРЕАТИТЕ НА МАНАКИ
ПАРАЗИТ
(Parasite)
Игран филм, Јужна Кореа
2019, 132 мин., колор, ДЦП
Режија: Бонг Јун Хо (Bong Joon-ho)
Сценарио: Bong Joon-ho, Хан Јин Вон (Bong Joon-ho, Han Jin-won )
Улоги: Сонг Канг Хо, Ли Сан Кјун, Чо Јео Јеонг, Чои Ву Шик (Song Kang-ho, Lee Sun-kyun, Cho Yeo-jeong, Choi Woo-shik)

Приказната го следи сиромашното семејство Ким од ниската класа и обидите на неговите членови да ги надминат класните ограничувања и достигнат височините на богатите. По една среќна околност, синот наоѓа работа како учител по англиски на ќерка од богатото семејство Парк, кое живее во една раскошна куќа во модернистички стил. По синот, и останатите од семејството Ким се инфилтрираат во богатото семејство Парк, работејќи разни домашни помошнички работи во куќата. Фасцинирани од животот во луксуз и богатство, тие максимално се обидуваат да го искористат семејството Парк, сè додека не се најдат во небрано после еден неочекуван инцидент.
ПАРАЗИТ е еден од најзборуваните и најнаградувани филмови последниве 10 години. Во 2019 година, филмот ја освои „Златната палма“ на Канскиот филмски фестивал, како првиот јужнокорејски филм што се закитил со оваа награда а воедно е и добитник на четири оскари, меѓу кои и оскарот за најдобар филм, со што стана првиот филм од неанглиско говорно подрачје што го освоил Оскар за најдобар филм и го зацементира Бонг Џунг Хо како еден од најдобрите современи режисери.
Во ПАРАЗИТ Бонг Џунг Хо ја третира неговата омилена тема, класната борба и нееднаквоста во современото општество. Филмот се регистрира на многу нивоа. Според зборовите на режисерот, тоа е „комедија без кловнови и трагедија без негативци“. Започнува како комедија на интриги, се развива во мелодрама и завршува како црна комедија со трагично хорор крешчендо. Врз фонот на сите овие жанровски референци е острата општествена сатира и ироничен коментар кој никогаш не се чувствува како дидактичка порака. Впрочем, и насловот на филмот е ироничен и ја одразува комплексноста на овие класни односи. Сигурно дека семејството Ким се паразити, бидејќи тие ја преземаат куќата на богатите Парк. Но богатите Паркови се исто така паразити, користејќи платена помош за пополнување и одржување на емотивните улоги и обврски кои тие не можат или не сакат да ги прават.
Директор на фотографија на филмот е корејскиот кинематографер Кјонг-Пјо Хонг, еден од највидните претставници на средната генерација јужнокорејски кинематографери, кој освен по соработката со Бонг Џунг Хо е познат и по „Шампион“, „Братството на војната“, „Мајка“, „Прогонувачи“, „Лелекање“. Во 2018 ја добива наградата „Златна камера 300“ за филмот „Горење“.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

The post Великаните на Браќа Манаки во Кинотека: Вечерва „Паразит“ во чест на кинематограферот Хонг Кјунг-Пјо, добитник на Златна Камера 300 во 2018 година appeared first on Република.

]]>

Tретиот месец од ретроспективата ВЕЛИКАНИТЕ НА БРАЌА МАНАКИ започнува со добитникот на Оскар за најдобар филм (и на уште три Оскари) во 2020 година, ПАРАЗИТ на Бонг Џун Хо.

Кинематографер е кореанецот ХОНГ КЈУНГ-ПЈО, добитник на Златна Камера 300 во 2018 година за кинематограферската работа на филмот „Б’рнинг“.
3 АПРИЛ (СРЕДА) 20:00ч ЛАУРЕАТИТЕ НА МАНАКИ ПАРАЗИТ (Parasite) Игран филм, Јужна Кореа 2019, 132 мин., колор, ДЦП Режија: Бонг Јун Хо (Bong Joon-ho) Сценарио: Bong Joon-ho, Хан Јин Вон (Bong Joon-ho, Han Jin-won ) Улоги: Сонг Канг Хо, Ли Сан Кјун, Чо Јео Јеонг, Чои Ву Шик (Song Kang-ho, Lee Sun-kyun, Cho Yeo-jeong, Choi Woo-shik) Приказната го следи сиромашното семејство Ким од ниската класа и обидите на неговите членови да ги надминат класните ограничувања и достигнат височините на богатите. По една среќна околност, синот наоѓа работа како учител по англиски на ќерка од богатото семејство Парк, кое живее во една раскошна куќа во модернистички стил. По синот, и останатите од семејството Ким се инфилтрираат во богатото семејство Парк, работејќи разни домашни помошнички работи во куќата. Фасцинирани од животот во луксуз и богатство, тие максимално се обидуваат да го искористат семејството Парк, сè додека не се најдат во небрано после еден неочекуван инцидент. ПАРАЗИТ е еден од најзборуваните и најнаградувани филмови последниве 10 години. Во 2019 година, филмот ја освои „Златната палма“ на Канскиот филмски фестивал, како првиот јужнокорејски филм што се закитил со оваа награда а воедно е и добитник на четири оскари, меѓу кои и оскарот за најдобар филм, со што стана првиот филм од неанглиско говорно подрачје што го освоил Оскар за најдобар филм и го зацементира Бонг Џунг Хо како еден од најдобрите современи режисери. Во ПАРАЗИТ Бонг Џунг Хо ја третира неговата омилена тема, класната борба и нееднаквоста во современото општество. Филмот се регистрира на многу нивоа. Според зборовите на режисерот, тоа е „комедија без кловнови и трагедија без негативци“. Започнува како комедија на интриги, се развива во мелодрама и завршува како црна комедија со трагично хорор крешчендо. Врз фонот на сите овие жанровски референци е острата општествена сатира и ироничен коментар кој никогаш не се чувствува како дидактичка порака. Впрочем, и насловот на филмот е ироничен и ја одразува комплексноста на овие класни односи. Сигурно дека семејството Ким се паразити, бидејќи тие ја преземаат куќата на богатите Парк. Но богатите Паркови се исто така паразити, користејќи платена помош за пополнување и одржување на емотивните улоги и обврски кои тие не можат или не сакат да ги прават. Директор на фотографија на филмот е корејскиот кинематографер Кјонг-Пјо Хонг, еден од највидните претставници на средната генерација јужнокорејски кинематографери, кој освен по соработката со Бонг Џунг Хо е познат и по „Шампион“, „Братството на војната“, „Мајка“, „Прогонувачи“, „Лелекање“. Во 2018 ја добива наградата „Златна камера 300“ за филмот „Горење“. Возрасна категорија: 16 години Влезница: 150 денари

The post Великаните на Браќа Манаки во Кинотека: Вечерва „Паразит“ во чест на кинематограферот Хонг Кјунг-Пјо, добитник на Златна Камера 300 во 2018 година appeared first on Република.

]]>
Актерот Ли Сун-кјун пронајден мртов во автомобил https://arhiva3.republika.mk/scena/film/akterot-li-sun-kjun-pronajden-mrtov-vo-avtomobil/ Wed, 27 Dec 2023 09:00:48 +0000 https://republika.mk/?p=727005

Ли Сун-кјун, јужнокорејски глумец можеби најпознат по улогата во „оскаровскиот“ филм „Паразит“, е пронајден мртов во автомобил во Сеул денеска, соопштија властите.

Полицијата и службениците за брза помош првично го пронашле Ли во, како што се наведува - несвесна состојба во возило паркирано во северниот дел на главниот град на Јужна Кореја. Надлежните власти подоцна потврдија дека тој е мртов. Сѐ ова, по неколку недели интензивна полициска истрага за наводна злоупотреба на дрога од страна на глумецот.

Ли (48) глумеше во „Паразит“, којшто освои „Оскар“ за најдобар филм и три други категории во 2020 година. Ли се појави и во 46 други филмски и ТВ-проекти. Годинава е актуелен со филмовите „Убиствена романса“, „Сон“, „Проект: Тишина“, како и ТВ-сериите „Одмазда“ и „Законски пари“.

The post Актерот Ли Сун-кјун пронајден мртов во автомобил appeared first on Република.

]]>

Ли Сун-кјун, јужнокорејски глумец можеби најпознат по улогата во „оскаровскиот“ филм „Паразит“, е пронајден мртов во автомобил во Сеул денеска, соопштија властите. Полицијата и службениците за брза помош првично го пронашле Ли во, како што се наведува - несвесна состојба во возило паркирано во северниот дел на главниот град на Јужна Кореја. Надлежните власти подоцна потврдија дека тој е мртов. Сѐ ова, по неколку недели интензивна полициска истрага за наводна злоупотреба на дрога од страна на глумецот. Ли (48) глумеше во „Паразит“, којшто освои „Оскар“ за најдобар филм и три други категории во 2020 година. Ли се појави и во 46 други филмски и ТВ-проекти. Годинава е актуелен со филмовите „Убиствена романса“, „Сон“, „Проект: Тишина“, како и ТВ-сериите „Одмазда“ и „Законски пари“.

The post Актерот Ли Сун-кјун пронајден мртов во автомобил appeared first on Република.

]]>
Паразит што јадел трева бил главниот виновник за ужасниот терен на Арената „Тодор Проески“ https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/parazit-shto-jadel-treva-bil-glavniot-vinovnik-za-uzhasniot-teren-na-arenata-todor-proeski/ Sat, 23 Sep 2023 11:35:36 +0000 https://republika.mk/?p=684371

Главен виновник за ужасниот терен на Арената „Тодор Проески“ во Скопје е паразит што јадел трева, објавува порталот „360 степени“.

Најдобрите македонски фудбалери пред две недели во одличен меч одиграа нерешно, 1-1 со Италија, на домашен терен, во меч од квалификациите за ЕП 2024, но во европската јавност наместо за успехот на жолто-црвените повеќе се пишуваше за условите на Aрената „Тодор Проески“.

Од Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор (АДИССДП), под чии ингеренции е арената во Скопје, за „360 степени“ велат дека главен виновник за сето ова е – паразит што јадел трева.

Проблем од овој тип не беа регистрирани во претходниот период, односно пред натпреварот со Украина. Теренот на стадионот беше позитивно оценет од страна на УЕФА. По извесен период, кон крајот на јуни, констатирано е дека тревата е заболена од болеста 'Питиум' (растителен паразит)“. Од страна на нашите стручни служби веднаш беше пристапено кон третирање на болеста и ново просејување со семиња и прихрана. Квалитетот на теренот беше доведен до задоволително ниво, поради што УЕФА даде зелено светло за одржување на натпреварот со Италија“, изјавија меѓу другото од АДИССДП.

Целата сторија може да ја прочитате ТУКА.

The post Паразит што јадел трева бил главниот виновник за ужасниот терен на Арената „Тодор Проески“ appeared first on Република.

]]>

Главен виновник за ужасниот терен на Арената „Тодор Проески“ во Скопје е паразит што јадел трева, објавува порталот „360 степени“. Најдобрите македонски фудбалери пред две недели во одличен меч одиграа нерешно, 1-1 со Италија, на домашен терен, во меч од квалификациите за ЕП 2024, но во европската јавност наместо за успехот на жолто-црвените повеќе се пишуваше за условите на Aрената „Тодор Проески“. Од Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор (АДИССДП), под чии ингеренции е арената во Скопје, за „360 степени“ велат дека главен виновник за сето ова е – паразит што јадел трева.
Проблем од овој тип не беа регистрирани во претходниот период, односно пред натпреварот со Украина. Теренот на стадионот беше позитивно оценет од страна на УЕФА. По извесен период, кон крајот на јуни, констатирано е дека тревата е заболена од болеста 'Питиум' (растителен паразит)“. Од страна на нашите стручни служби веднаш беше пристапено кон третирање на болеста и ново просејување со семиња и прихрана. Квалитетот на теренот беше доведен до задоволително ниво, поради што УЕФА даде зелено светло за одржување на натпреварот со Италија“, изјавија меѓу другото од АДИССДП.
Целата сторија може да ја прочитате ТУКА.

The post Паразит што јадел трева бил главниот виновник за ужасниот терен на Арената „Тодор Проески“ appeared first on Република.

]]>