параолимпијада Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/paraolimpijada/ За подобро да се разбереме Sat, 31 Aug 2024 16:41:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png параолимпијада Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/paraolimpijada/ 32 32 Наковска-Бикова го освои осмото место во Париз во воздушен пиштол https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/nakovska-bikova-go-osvoi-osmoto-mesto-vo-pariz-vo-vozdushen-pishtol/ Sat, 31 Aug 2024 16:41:32 +0000 https://republika.mk/?p=811837

Оливера Наковска Бикова го освои 8-то место во дисциплината П2-Воздушен пиштол-жени 10м. на параолимписките игри во Париз.

Претходно, во квалификациите на оваа дисциплина, Оливера го освои петтото место со резултат од 558 кругови и се пласира меѓу најдобрите 8 спортистки кои борбите ги продолжуваат во финале. Таа всушност квалификациите ги заврши како шестопласирана, меѓутоа иранката Шахи беше дисквалификувана од судиите по извршена контрола на оружје, нејзиниот пиштол не држеше минимум пропишана тежина на опалување (>500 грама).

За жал, во финалето, работите не течеа според планираното и очекуваното и на крај таа после 12 истрели прва го напушти финалето освојувајќи го 8-то место во конечен пласман во оваа дисциплина.

Ова се шести по ред параолимписки игри на кои настапува Наковска Бикова (од Атина 2004 до денес), и на секоја од нив таа влегуваше во финале.

За два дена, на 02.09.2024 година, Наковска Бикова ќе настапи во квалификациите на дисциплината П3- Спорт пиштол 25м.

The post Наковска-Бикова го освои осмото место во Париз во воздушен пиштол appeared first on Република.

]]>

Оливера Наковска Бикова го освои 8-то место во дисциплината П2-Воздушен пиштол-жени 10м. на параолимписките игри во Париз. Претходно, во квалификациите на оваа дисциплина, Оливера го освои петтото место со резултат од 558 кругови и се пласира меѓу најдобрите 8 спортистки кои борбите ги продолжуваат во финале. Таа всушност квалификациите ги заврши како шестопласирана, меѓутоа иранката Шахи беше дисквалификувана од судиите по извршена контрола на оружје, нејзиниот пиштол не држеше минимум пропишана тежина на опалување (>500 грама). За жал, во финалето, работите не течеа според планираното и очекуваното и на крај таа после 12 истрели прва го напушти финалето освојувајќи го 8-то место во конечен пласман во оваа дисциплина. Ова се шести по ред параолимписки игри на кои настапува Наковска Бикова (од Атина 2004 до денес), и на секоја од нив таа влегуваше во финале. За два дена, на 02.09.2024 година, Наковска Бикова ќе настапи во квалификациите на дисциплината П3- Спорт пиштол 25м.

The post Наковска-Бикова го освои осмото место во Париз во воздушен пиштол appeared first on Република.

]]>
Претседателката Сиљановска Давкова го предаде државното знаме на македонската параолимпијка Оливера Наковска Бикова во пресрет на параолимпијадата во Париз https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/pretsedatelkata-silanovska-davkova-go-predade-drzhavnoto-zname-na-makedonskata-paraolimpijka-olivera-nakovska-bikova-vo-presret-na-paraolimpijadata-vo-pariz/ Wed, 14 Aug 2024 10:39:26 +0000 https://republika.mk/?p=806442

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими македонската параолимпијка, Оливера Наковска Бикова и тимот што ќе ја придружува на претстојните Параолимписки игри, од 28 август до 8 септември, во Париз.

 

На средбата со Наковска Бикова, која е единствена македонска спортистка на Параолимписките игри, претседателката Сиљановска Давкова беше запозната со подготовките, предизвиците и очекуваните резултати во трите стрелачки дисциплини во кои таа ќе се натпреварува.

 

Врачувајќи го државното знаме, што нашата спортистка ќе го развее на Параолимписките игри, претседателката Сиљановска Давкова, се осврна на извонредно значајните спортски достигнувања на македонските параолимпијци, кога Бранимир Јовановски донесе злато на игрите во Барселона во 1992, Оливера Наковска Бикова златен медал во 2012 година во Лондон, а Ванчо Каранфилов сребрен медал од олимписките игри во Атина во 2004 година.

 

Во таа насока, претседателката Сиљановска Давкова изрази уверување дека и покрај нашето скромно учество, со само еден натпреварувач на параолимпијадата, македонската спортистка ќе оствари успеси што ќе бидат национална гордост.

 

Претседателката изрази задоволство од континуираната и посветена заложба на параолимпијците, не само во достоинственото претставување на државата на најпрестижниот спортски настан, туку и во надминувањето на препреките и стереотипите. Во тој контекст ја нагласи потребата македонското општество, институции и поединци активно да придонесуваат во насока на подобрувањето на условите за нашите сограѓани со попреченост.

The post Претседателката Сиљановска Давкова го предаде државното знаме на македонската параолимпијка Оливера Наковска Бикова во пресрет на параолимпијадата во Париз appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими македонската параолимпијка, Оливера Наковска Бикова и тимот што ќе ја придружува на претстојните Параолимписки игри, од 28 август до 8 септември, во Париз.   На средбата со Наковска Бикова, која е единствена македонска спортистка на Параолимписките игри, претседателката Сиљановска Давкова беше запозната со подготовките, предизвиците и очекуваните резултати во трите стрелачки дисциплини во кои таа ќе се натпреварува.   Врачувајќи го државното знаме, што нашата спортистка ќе го развее на Параолимписките игри, претседателката Сиљановска Давкова, се осврна на извонредно значајните спортски достигнувања на македонските параолимпијци, кога Бранимир Јовановски донесе злато на игрите во Барселона во 1992, Оливера Наковска Бикова златен медал во 2012 година во Лондон, а Ванчо Каранфилов сребрен медал од олимписките игри во Атина во 2004 година.   Во таа насока, претседателката Сиљановска Давкова изрази уверување дека и покрај нашето скромно учество, со само еден натпреварувач на параолимпијадата, македонската спортистка ќе оствари успеси што ќе бидат национална гордост.   Претседателката изрази задоволство од континуираната и посветена заложба на параолимпијците, не само во достоинственото претставување на државата на најпрестижниот спортски настан, туку и во надминувањето на препреките и стереотипите. Во тој контекст ја нагласи потребата македонското општество, институции и поединци активно да придонесуваат во насока на подобрувањето на условите за нашите сограѓани со попреченост.

The post Претседателката Сиљановска Давкова го предаде државното знаме на македонската параолимпијка Оливера Наковска Бикова во пресрет на параолимпијадата во Париз appeared first on Република.

]]>
Македонската параолимпијка Оливера Наковска Бикова ќе биде единствениот македонски спортист на претстојните Параолимписки игри во Париз https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskata-paraolimpijka-olivera-nakovska-bikova-ke-bide-edinstveniot-makedonski-sportist-na-pretstojnite-paraolimpiski-igri-vo-pariz/ Tue, 13 Aug 2024 12:05:21 +0000 https://republika.mk/?p=806163

Македонската параолимпијка, Оливера Наковска Бикова, ќе биде единствениот македонски спортист на претстојните Параолимписки игри во Париз, кои ќе се одржат од 28 август до 9 септември.

Наковска Бикова успешно ги заврши подготовките и нејзините резултати се во нагорна линија. Следат завршни подготовки пред заминување за Париз заради темпирање на формата. Оливера ќе настапи во три стрелачки дисциплини: на 31 август, 2 и 4 септември.

49-годишната битолчанка е параолимписки победник од Лондон 2012 година.

Иако нашиот Параолимписки комитет аплицираше за бипартитна карта за Александар Јовановски, комисијата не му ја додели.

The post Македонската параолимпијка Оливера Наковска Бикова ќе биде единствениот македонски спортист на претстојните Параолимписки игри во Париз appeared first on Република.

]]>

Македонската параолимпијка, Оливера Наковска Бикова, ќе биде единствениот македонски спортист на претстојните Параолимписки игри во Париз, кои ќе се одржат од 28 август до 9 септември. Наковска Бикова успешно ги заврши подготовките и нејзините резултати се во нагорна линија. Следат завршни подготовки пред заминување за Париз заради темпирање на формата. Оливера ќе настапи во три стрелачки дисциплини: на 31 август, 2 и 4 септември. 49-годишната битолчанка е параолимписки победник од Лондон 2012 година. Иако нашиот Параолимписки комитет аплицираше за бипартитна карта за Александар Јовановски, комисијата не му ја додели.

The post Македонската параолимпијка Оливера Наковска Бикова ќе биде единствениот македонски спортист на претстојните Параолимписки игри во Париз appeared first on Република.

]]>