Парада на гордоста Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/parada-na-gordosta/ За подобро да се разбереме Sat, 22 Jun 2024 08:15:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Парада на гордоста Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/parada-na-gordosta/ 32 32 Како одговор на скопската, во Битола „Вистинска парада на гордоста“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/kako-odgovor-na-skopskata-vo-bitola-vistinska-parada-na-gordosta/ Sat, 22 Jun 2024 08:27:15 +0000 https://republika.mk/?p=789699

Како одговор на Парадата на гордоста во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија, која во Скопје се одржува по петти пат, во Битола граѓаните по третпат ќе маршираат на настанот „Вистинска парада на гордоста“.

Како што велат организаторите, начелата по кои се водат се:

-Дом
-Семејство
-Родители-МАЈКА и ТАТКО
-Деца

Начела дадени од Бога и начела по кои треба да ги воспитуваме нашите деца и идните наши генераци после нас во духот на нашата ПРАВОСЛАВНА ХРИСТИЈАНСКА вероисповед 🙏
ВЕ ОЧЕКУВАМЕ СИТЕ ЗАЕДНО СО ВАШИТЕ НАЈБЛИСКИ ДА СЕ СОБЕРИМЕ НА ПЛОШТАДОТ МАГНОЛИЈА КАДЕ СИТЕ ЗАЕДНО СО ЕДЕН МАРШ НИЗ ШИРОК СОКАК ДА СЕ УПАТИМЕ ДО ПАРКОТ,КАДЕ ЌЕ СЕ ОДРЖАТ НЕКОЛКУ КРАТКИ ОБРАЌАЊА ЗА МОТИВИТЕ НА ОРГАНИЗИРАЊЕТО НА ВАКВАТА ПАРАДА, се вели во најавата на настанот.

Настанот почнува денеска од 20 часот на плоштадот Магнолија во Битола.

The post Како одговор на скопската, во Битола „Вистинска парада на гордоста“ appeared first on Република.

]]>

Како одговор на Парадата на гордоста во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија, која во Скопје се одржува по петти пат, во Битола граѓаните по третпат ќе маршираат на настанот „Вистинска парада на гордоста“. Како што велат организаторите, начелата по кои се водат се: -Дом -Семејство -Родители-МАЈКА и ТАТКО -Деца
Начела дадени од Бога и начела по кои треба да ги воспитуваме нашите деца и идните наши генераци после нас во духот на нашата ПРАВОСЛАВНА ХРИСТИЈАНСКА вероисповед 🙏 ВЕ ОЧЕКУВАМЕ СИТЕ ЗАЕДНО СО ВАШИТЕ НАЈБЛИСКИ ДА СЕ СОБЕРИМЕ НА ПЛОШТАДОТ МАГНОЛИЈА КАДЕ СИТЕ ЗАЕДНО СО ЕДЕН МАРШ НИЗ ШИРОК СОКАК ДА СЕ УПАТИМЕ ДО ПАРКОТ,КАДЕ ЌЕ СЕ ОДРЖАТ НЕКОЛКУ КРАТКИ ОБРАЌАЊА ЗА МОТИВИТЕ НА ОРГАНИЗИРАЊЕТО НА ВАКВАТА ПАРАДА, се вели во најавата на настанот.
Настанот почнува денеска од 20 часот на плоштадот Магнолија во Битола.  

The post Како одговор на скопската, во Битола „Вистинска парада на гордоста“ appeared first on Република.

]]>
Посебен режим на сообраќај во Скопје поради „Парадата на гордоста“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/poseben-rezhim-na-soobrakaj-vo-skopje-poradi-paradata-na-gordosta/ Sat, 22 Jun 2024 07:07:17 +0000 https://republika.mk/?p=789666

Во централното градско подрачје во Скопје, денеска од 15:00 часот, ќе има посебен режим на сообраќај поради „Парадата на гордоста“.

Денеска во 17:00 часот ќе се одржи настанот „Парада на гордоста“ во централното градско подрачје во Скопје. Од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, почнувајќи од 15:00 часот, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, соопшти МВР.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот. 

The post Посебен режим на сообраќај во Скопје поради „Парадата на гордоста“ appeared first on Република.

Утре ќе се одржи „Парадата на гордоста“, во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/utre-ke-se-odrzhi-paradata-na-gordosta-vo-skopje-ke-ima-poseben-rezhim-na-soobrakaj/ Fri, 21 Jun 2024 11:24:43 +0000 https://republika.mk/?p=789535

Утре од 15:00 часот во централното градско подрачје во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај поради одржување на „Парадата на гордоста“.

Утре во 17:00 часот ќе се одржи настанот „Парада на гордоста“ во централното градско подрачје во Скопје. Од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, почнувајќи од 15:00 часот, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, соопшти МВР.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

The post Утре ќе се одржи „Парадата на гордоста“, во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај appeared first on Република.

Илјадници учесници на Парадата на гордоста во Ерусалим, на чело со семејствата на заложниците заточени во Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/iljadnitsi-uchesnitsi-na-paradata-na-gordosta-vo-erusalim-na-chelo-so-semejstvata-na-zalozhnitsite-zatocheni-vo-gaza/ Thu, 30 May 2024 19:14:18 +0000 https://republika.mk/?p=783307

Илјадници луѓе денеска се собраа на Парадата на гордоста во Ерусалим, која ја предводеа роднините на заложниците заточени во Појасот Газа.

Учесниците на Парадата на гордоста скандираа „Сите тие, сега!“, повикувајќи на договор за заложниците со кој би се ослободиле сите што беа киднапирани од палестинските екстремисти за време на терористичкиот напад на 7 октомври врз јужен Израел.

На чело на колоната бил поставен транспарент со натпис на англиски јазик „Born to be free“ (Роден да биде салободен).

Лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид им се обрати на насобраните пред почетокот на парадата, велејќи дека дошол да ги потсети дека „љубовта, надежта и гордоста ќе победат“.

- Ниту една група никогаш не ги освоила своите права без борба, ниту жените, ниту црнците, ниту Евреите, ниту ЛГБТ луѓето, додаде Лапид.

Пред колоната да тргне кон Паркот на независноста, пристигнал ултрадесничарот Итамар Бен Гвир, министер за национална безбедност, кој бил пречекан со извици на негодување. Бен Гвир им рече на новинарите дека дошол да види „дали се одржува јавниот ред“.

Парадата на гордоста во Тел Авив, која привлекува многу повеќе учесници од странство, годинава нема да се одржи поради војната во Појасот Газа.

The post Илјадници учесници на Парадата на гордоста во Ерусалим, на чело со семејствата на заложниците заточени во Газа appeared first on Република.

]]>

Илјадници луѓе денеска се собраа на Парадата на гордоста во Ерусалим, која ја предводеа роднините на заложниците заточени во Појасот Газа. Учесниците на Парадата на гордоста скандираа „Сите тие, сега!“, повикувајќи на договор за заложниците со кој би се ослободиле сите што беа киднапирани од палестинските екстремисти за време на терористичкиот напад на 7 октомври врз јужен Израел. На чело на колоната бил поставен транспарент со натпис на англиски јазик „Born to be free“ (Роден да биде салободен). Лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид им се обрати на насобраните пред почетокот на парадата, велејќи дека дошол да ги потсети дека „љубовта, надежта и гордоста ќе победат“.
- Ниту една група никогаш не ги освоила своите права без борба, ниту жените, ниту црнците, ниту Евреите, ниту ЛГБТ луѓето, додаде Лапид.
Пред колоната да тргне кон Паркот на независноста, пристигнал ултрадесничарот Итамар Бен Гвир, министер за национална безбедност, кој бил пречекан со извици на негодување. Бен Гвир им рече на новинарите дека дошол да види „дали се одржува јавниот ред“. Парадата на гордоста во Тел Авив, која привлекува многу повеќе учесници од странство, годинава нема да се одржи поради војната во Појасот Газа.

The post Илјадници учесници на Парадата на гордоста во Ерусалим, на чело со семејствата на заложниците заточени во Газа appeared first on Република.

]]>
Ердоган не дозволи да се одржи Парадата на гордоста во Истанбул https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/erdogan-ne-dozvoli-da-se-odrzhi-paradata-na-gordosta-vo-istanbul/ Sun, 25 Jun 2023 18:32:14 +0000 https://republika.mk/?p=655024

Турската полиција уапси демонстранти од ЛГБТ+ заедницата во Истанбул кои денеска се обидоа да одржат Парада на гордоста и покрај забраната на властите, објави турското издание „Дувар“, не прецизирајќи го бројот на уапсени.

Во рамките на денешниот 21. Прајд во Истанбул, полициски екипи со бариери ги блокираа сите улици кои водат кон булеварот Истиклал и централниот плоштад Таксим, а запрени се и услугите на метрото и жичницата.

Активисти на ЛГБТ+ заедницата прочитаа соопштение во паркот Мустак, по што планираа марш до Таксим, но полицијата ги спречи, пренесува БТА.

„Има една работа што забораваат оние кои сакаат да ни забранат сè, дури и чајанки - ние секогаш сме биле тука“, се вели во соопштението. „Денес сме тука и покрај сите ваши забрани и покрај вас. Гласно изјавуваме дека нашата борба нема да се вклопи во една парада или една недела, дека секој наш марш е марш на честа“, изјавија активистите.

Многу настани планирани да се одржат во рамките на месецот на гордоста на ЛГБТ+ заедницата беа забранети низ земјава, потсетува „Дувар“. Минатата недела, градоначалникот на Истанбул, Давут Ѓул, објави дека маршевите на Неделата на гордоста се забранети, велејќи дека „никогаш нема да бидат дозволени групи кои демонстрираат без дозвола“.

Парадите на гордоста се забранети во Истанбул од 2014 година, кога на ваква поворка во метрополата се собраа 100.000 луѓе. Властите ги образложија своите забрани во изминатите години со безбедносни причини или тоа што Недела на гордоста што се совпаѓа со муслимански верски празник.

Настаните на Неделата на гордоста посветени на ЛГБТ+ луѓето и нивните права во Турција се организираат од 1994 година.

The post Ердоган не дозволи да се одржи Парадата на гордоста во Истанбул appeared first on Република.

]]>

Турската полиција уапси демонстранти од ЛГБТ+ заедницата во Истанбул кои денеска се обидоа да одржат Парада на гордоста и покрај забраната на властите, објави турското издание „Дувар“, не прецизирајќи го бројот на уапсени. Во рамките на денешниот 21. Прајд во Истанбул, полициски екипи со бариери ги блокираа сите улици кои водат кон булеварот Истиклал и централниот плоштад Таксим, а запрени се и услугите на метрото и жичницата. Активисти на ЛГБТ+ заедницата прочитаа соопштение во паркот Мустак, по што планираа марш до Таксим, но полицијата ги спречи, пренесува БТА.
„Има една работа што забораваат оние кои сакаат да ни забранат сè, дури и чајанки - ние секогаш сме биле тука“, се вели во соопштението. „Денес сме тука и покрај сите ваши забрани и покрај вас. Гласно изјавуваме дека нашата борба нема да се вклопи во една парада или една недела, дека секој наш марш е марш на честа“, изјавија активистите.
Многу настани планирани да се одржат во рамките на месецот на гордоста на ЛГБТ+ заедницата беа забранети низ земјава, потсетува „Дувар“. Минатата недела, градоначалникот на Истанбул, Давут Ѓул, објави дека маршевите на Неделата на гордоста се забранети, велејќи дека „никогаш нема да бидат дозволени групи кои демонстрираат без дозвола“. Парадите на гордоста се забранети во Истанбул од 2014 година, кога на ваква поворка во метрополата се собраа 100.000 луѓе. Властите ги образложија своите забрани во изминатите години со безбедносни причини или тоа што Недела на гордоста што се совпаѓа со муслимански верски празник. Настаните на Неделата на гордоста посветени на ЛГБТ+ луѓето и нивните права во Турција се организираат од 1994 година.

The post Ердоган не дозволи да се одржи Парадата на гордоста во Истанбул appeared first on Република.

]]>
Маричиќ, Тренчевска, Костадиновска Стојчевска, Морачнин дадоа поддршка на Парадата на гордоста https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/marichik-trenchevska-kostadinovska-stojchevska-morachnin-dadoa-poddrshka-na-paradata-na-gordosta/ Sat, 24 Jun 2023 19:13:01 +0000 https://republika.mk/?p=654793

Во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија под мотото „Гласни и горди“ во Скопје се одржува овогодишното издание на Скопје Прајд.

Учесниците се собраа во Паркот Жена во центарот на градот, а потоа по поздравните говори Парадата на гордоста продолжи со марш по скопските улици.

Парадата е проследена со музика, но и е под силно полициско обезбедување. Улиците во централното градско подрачје се затворени за сообраќај.

Заедно со учесниците на Парадата се и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерките за труд и социјална политика Јована Тренчевска и за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, пратеничката Маја Морачнин и други лица од јавниот и општествениот живот.

Лила Милиќ, трансродово лице пред почетокот на маршот изјави дека Скопје Прајд калп и другите паради на гордоста се празници на љубовта, ден на видливоста на маргинализираните, но и повод за славење на жилавоста борбата за еднаквост.

Таа додаде дека на светско ниво, трансродовите жени се изложени на убиство од омраза. Од 2008 година во светот се евидентирани 4.039 убиства.

Како што посочи, многу сме далеку од демократско општеството, иако уште се убедуваме во тоа. Според Милиќ, многу случаи остануваат непријавени или непрепознаени како такви. Во нашата држава, додаде, уште немаме документирано случено убиство иницирано од омраза кон ЛГБТ популацијата.

Мајка на лице со различна сексуална ориентација изјави дека важно е родителите да разберат дека нивните деца имаат бројни квалитети и вредности и оти ја заслужуваат нивната безрезервна поддршка, внимание, грижа, посветеност без оглед на нивната сексуална ориентација и родов идентитет.

-Сексуална ориентација и родов идентитет не е избор на нашите деца, тие не избираат да бидат различни, но различни се само по својата сексуална ориентација, рече таа.

Настанот ќе заврши со културно-забавна програма на стадионот на Армијата во Градскиот парк.

The post Маричиќ, Тренчевска, Костадиновска Стојчевска, Морачнин дадоа поддршка на Парадата на гордоста appeared first on Република.

]]>

Во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија под мотото „Гласни и горди“ во Скопје се одржува овогодишното издание на Скопје Прајд. Учесниците се собраа во Паркот Жена во центарот на градот, а потоа по поздравните говори Парадата на гордоста продолжи со марш по скопските улици. Парадата е проследена со музика, но и е под силно полициско обезбедување. Улиците во централното градско подрачје се затворени за сообраќај. Заедно со учесниците на Парадата се и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерките за труд и социјална политика Јована Тренчевска и за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, пратеничката Маја Морачнин и други лица од јавниот и општествениот живот. Лила Милиќ, трансродово лице пред почетокот на маршот изјави дека Скопје Прајд калп и другите паради на гордоста се празници на љубовта, ден на видливоста на маргинализираните, но и повод за славење на жилавоста борбата за еднаквост. Таа додаде дека на светско ниво, трансродовите жени се изложени на убиство од омраза. Од 2008 година во светот се евидентирани 4.039 убиства. Како што посочи, многу сме далеку од демократско општеството, иако уште се убедуваме во тоа. Според Милиќ, многу случаи остануваат непријавени или непрепознаени како такви. Во нашата држава, додаде, уште немаме документирано случено убиство иницирано од омраза кон ЛГБТ популацијата. Мајка на лице со различна сексуална ориентација изјави дека важно е родителите да разберат дека нивните деца имаат бројни квалитети и вредности и оти ја заслужуваат нивната безрезервна поддршка, внимание, грижа, посветеност без оглед на нивната сексуална ориентација и родов идентитет.
-Сексуална ориентација и родов идентитет не е избор на нашите деца, тие не избираат да бидат различни, но различни се само по својата сексуална ориентација, рече таа.
Настанот ќе заврши со културно-забавна програма на стадионот на Армијата во Градскиот парк.

The post Маричиќ, Тренчевска, Костадиновска Стојчевска, Морачнин дадоа поддршка на Парадата на гордоста appeared first on Република.

]]>
Парада на гордоста во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/parada-na-gordosta-vo-skopje/ Sat, 24 Jun 2023 07:07:52 +0000 https://republika.mk/?p=654587

Во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија под мотото „Гласни и горди“ денеска во Скопје ќе се одржи овогодишното издание на Скопје Прајд.

Почетната точка на Парадата на гордоста ќе биде во паркот „Жена-борец“, каде во 17 часот ќе започне собирањето на учесниците. Во 19 часот, по кратките поздравни говори, ќе започне протестниот марш по скопските улици.

Настанот ќе заврши со културно-забавна програма на стадионот на Армијата во Градскиот парк.

The post Парада на гордоста во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија под мотото „Гласни и горди“ денеска во Скопје ќе се одржи овогодишното издание на Скопје Прајд. Почетната точка на Парадата на гордоста ќе биде во паркот „Жена-борец“, каде во 17 часот ќе започне собирањето на учесниците. Во 19 часот, по кратките поздравни говори, ќе започне протестниот марш по скопските улици. Настанот ќе заврши со културно-забавна програма на стадионот на Армијата во Градскиот парк.

The post Парада на гордоста во Скопје appeared first on Република.

]]>
На 24 јуни во Скопје ќе се одржи Парада на гордоста https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-24-juni-vo-skopje-ke-se-odrzhi-parada-na-gordosta/ Sun, 04 Jun 2023 11:43:53 +0000 https://republika.mk/?p=645944

Под мотото „Горди и гласни“ годинава на 24 јуни ќе се одржи „Парадата на гордоста“, на прес-конференција најавија претставници од Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.

Почетната точка ќе биде во паркот „Жена-борец“, каде што во 17 часот ќе почне собирањето на учесниците, а во 19 часот по кратки поздравни говори, ќе почне протестниот марш по скопските улици според истата рута како и минатите години. Маршот ќе заврши со културно-музичката програма на стадионот на АРМ во Градскиот парк.

Како што изјавија на прес-конференцијата, напредокот на полето на правата на ЛГБТ+ луѓето не е изедначен, ниту пак е доволен, а постојано е соочен со напади од сили кои се противат на универзалните човекови права. Организаторите додаваат дека токму затоа, „Прајдот“ останува важна форма на протест на ЛГБТ+ заедницата против стигмата, предрасудите и насилството.

Во ваква непријателска средина кога говорот на омраза и насилствата се во пораст, а хомофобијата и трансфобијата стануваат доминанта позиција на носителите на моќ, да се биде Горд и Гласен претставува отпор и протест против системот кој угнетува. ЛГБТИ заедницата минала низ многу тешки периоди, ќе минеме и низ овој само со исправена глава, горди и гласни во остварувањето на нашата визија за свет на еднаквост и просперитет“, изјави Ирена Цветковиќ.

Новините во програмата на „Скопје Прајд“ ги соопшти Кочо Андоновски, кој истакна дека парадата се отвора како платформа за многу други каузи.

Се отвараме за други групи кои сакаат својата порака да ја пренесат на јавноста. Тие беа присутни и во изминатите години, но тоа не беше организирано и некако се губеа сите тие пораки и транспаренти, така што оваа година ги повикуваме сите оние кои имаат свои кампањи, различни активности и сакаат да бидат препознаени со своите пораки и свои обележја да ни се јават, изјави Андоновски.

Според организаторите, „Скопје Прајд 2023“ ќе понуди богата културно-забавна програма, со музички настапи во живо, настапи на дрег кралици од земјата и регионот и Диџеј сетови.

The post На 24 јуни во Скопје ќе се одржи Парада на гордоста appeared first on Република.

]]>

Под мотото „Горди и гласни“ годинава на 24 јуни ќе се одржи „Парадата на гордоста“, на прес-конференција најавија претставници од Националната мрежа против хомофобија и трансфобија. Почетната точка ќе биде во паркот „Жена-борец“, каде што во 17 часот ќе почне собирањето на учесниците, а во 19 часот по кратки поздравни говори, ќе почне протестниот марш по скопските улици според истата рута како и минатите години. Маршот ќе заврши со културно-музичката програма на стадионот на АРМ во Градскиот парк. Како што изјавија на прес-конференцијата, напредокот на полето на правата на ЛГБТ+ луѓето не е изедначен, ниту пак е доволен, а постојано е соочен со напади од сили кои се противат на универзалните човекови права. Организаторите додаваат дека токму затоа, „Прајдот“ останува важна форма на протест на ЛГБТ+ заедницата против стигмата, предрасудите и насилството.
Во ваква непријателска средина кога говорот на омраза и насилствата се во пораст, а хомофобијата и трансфобијата стануваат доминанта позиција на носителите на моќ, да се биде Горд и Гласен претставува отпор и протест против системот кој угнетува. ЛГБТИ заедницата минала низ многу тешки периоди, ќе минеме и низ овој само со исправена глава, горди и гласни во остварувањето на нашата визија за свет на еднаквост и просперитет“, изјави Ирена Цветковиќ.
Новините во програмата на „Скопје Прајд“ ги соопшти Кочо Андоновски, кој истакна дека парадата се отвора како платформа за многу други каузи.
Се отвараме за други групи кои сакаат својата порака да ја пренесат на јавноста. Тие беа присутни и во изминатите години, но тоа не беше организирано и некако се губеа сите тие пораки и транспаренти, така што оваа година ги повикуваме сите оние кои имаат свои кампањи, различни активности и сакаат да бидат препознаени со своите пораки и свои обележја да ни се јават, изјави Андоновски.
Според организаторите, „Скопје Прајд 2023“ ќе понуди богата културно-забавна програма, со музички настапи во живо, настапи на дрег кралици од земјата и регионот и Диџеј сетови.

The post На 24 јуни во Скопје ќе се одржи Парада на гордоста appeared first on Република.

]]>
Парада на гордоста ќе има во Белград и покрај забраната https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/parada-na-gordosta-kje-ima-vo-belgrad-i-pokraj-zabranata/ Sat, 17 Sep 2022 11:11:20 +0000 https://republika.mk/?p=551692

Парада на гордоста ќе има во Белград и покрај забраната. Соопштението доаѓа откако Управниот суд соопшти дека ја одбиле нивната жалба против одлуката за забрана на Парадата на гордоста.

Ако му се верува на министерот за внатрешни работи и на пресудата на Управниот суд со која се отфрли жалбата на организаторот, прошетката на EuroPride е забранета од ова министерство. Но, ние како активисти го користиме нашето демократско право на граѓанска непослушност и протест пред Уставниот суд, од каде заедно ќе одиме до Паркот на гордоста (стадион Ташмајдан) – најавија организаторите.

Исто така, тие истакнаа дека веруваат дека „како граѓани на оваа земја ќе бидат безбедни, иако го користат своето демократско право на протести“.

За овој собир беше информирано МВР. По протестот ќе се собереме на стадионот Ташмајдан каде програмата ќе се одржи според првичниот план. Сметаме дека денешниот ден е од историско значење за ЛГБТИ+ заедницата во Србија и регионот – велат во соопштението.

The post Парада на гордоста ќе има во Белград и покрај забраната appeared first on Република.

]]>

Парада на гордоста ќе има во Белград и покрај забраната. Соопштението доаѓа откако Управниот суд соопшти дека ја одбиле нивната жалба против одлуката за забрана на Парадата на гордоста. Ако му се верува на министерот за внатрешни работи и на пресудата на Управниот суд со која се отфрли жалбата на организаторот, прошетката на EuroPride е забранета од ова министерство. Но, ние како активисти го користиме нашето демократско право на граѓанска непослушност и протест пред Уставниот суд, од каде заедно ќе одиме до Паркот на гордоста (стадион Ташмајдан) – најавија организаторите. Исто така, тие истакнаа дека веруваат дека „како граѓани на оваа земја ќе бидат безбедни, иако го користат своето демократско право на протести“. За овој собир беше информирано МВР. По протестот ќе се собереме на стадионот Ташмајдан каде програмата ќе се одржи според првичниот план. Сметаме дека денешниот ден е од историско значење за ЛГБТИ+ заедницата во Србија и регионот – велат во соопштението.

The post Парада на гордоста ќе има во Белград и покрај забраната appeared first on Република.

]]>
МВР ја забрани Парадата на гордоста в сабота во Белград, организаторот вели „прошетката ќе се одржи“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mvr-ja-zabrani-paradata-na-gordosta-v-sabota-vo-belgrad-organizatorot-veli-proshetkata-kje-se-odrzi/ Tue, 13 Sep 2022 17:39:34 +0000 https://republika.mk/?p=550487

Српското МВР ја забрани Парадата на гордоста, во рамките на Европрајд 2022 што требаше да се одржи во сабота на 17 септември.

Причината, како што е наведено, е безбедноста, бидејќи за тој ден е закажан контра митинг и постои опасност од конфликт меѓу двете групи.

Еден од организаторите, Горан Милетиќ, по оваа одлука за ТВ Нова истакна дека без разлика на одлуката „прошетката ќе се одржи“.

– Во 14:15 часот добивме известување дека не е дозволена прошетка, а во решението е наведено дека причината за забраната е безбедноста. Тоа е се што знаеме во моментов. Нашиот правен тим веќе започна со подготовка на претставка до полицијата. Ова е прва пријава што се поднесува во рок од 24 часа, рече Милетиќ.

Претседателот Александар Вучиќ претходно најави дека ќе биде прекината практиката да се одржува прошетка поради безбедносни причини, но дека конечната одлука ќе биде донесена 96 часа пред почетокот.

Во понеделникот на отворањето на Еуропрајд организаторите порачаа дека во секој случај ќе шетаат и дека е срамота што државата не им дозволува на граѓаните да ги остварат своите права и слободи.

The post МВР ја забрани Парадата на гордоста в сабота во Белград, организаторот вели „прошетката ќе се одржи“ appeared first on Република.

]]>

Српското МВР ја забрани Парадата на гордоста, во рамките на Европрајд 2022 што требаше да се одржи во сабота на 17 септември. Причината, како што е наведено, е безбедноста, бидејќи за тој ден е закажан контра митинг и постои опасност од конфликт меѓу двете групи. Еден од организаторите, Горан Милетиќ, по оваа одлука за ТВ Нова истакна дека без разлика на одлуката „прошетката ќе се одржи“.
– Во 14:15 часот добивме известување дека не е дозволена прошетка, а во решението е наведено дека причината за забраната е безбедноста. Тоа е се што знаеме во моментов. Нашиот правен тим веќе започна со подготовка на претставка до полицијата. Ова е прва пријава што се поднесува во рок од 24 часа, рече Милетиќ.
Претседателот Александар Вучиќ претходно најави дека ќе биде прекината практиката да се одржува прошетка поради безбедносни причини, но дека конечната одлука ќе биде донесена 96 часа пред почетокот. Во понеделникот на отворањето на Еуропрајд организаторите порачаа дека во секој случај ќе шетаат и дека е срамота што државата не им дозволува на граѓаните да ги остварат своите права и слободи.

The post МВР ја забрани Парадата на гордоста в сабота во Белград, организаторот вели „прошетката ќе се одржи“ appeared first on Република.

]]>
Вучиќ: И Бајден да ми се јави парада на гордоста нема да има https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchikj-i-bajden-da-mi-se-javi-parada-na-gordosta-nema-da-ima/ Tue, 30 Aug 2022 10:24:20 +0000 https://republika.mk/?p=545574

Запрашан за одржување на парада на гордоста во Белград, претседателот Вучиќ е јасен дека  Еуропрајд нема да има дури и да му се јави Џо Бајден.

„Денес ние во Србија имаме дополнителен проблем токму поради тој во Украина. Најголем проблем ни е енергијата. Ни требаат два милиони тони јаглен, гледаме како да го решиме. Ако ви кажам како разговараме со прекрасни кинески партнери...Да пратевме делегација во Кина ќе требаше по еден месец поради карантинот.Како да ги префрлиме константите не чекаат барови, Дунав се крева, нема да верувате. Зборувам само за еден мал дел, не за сите проблеми со кои се соочуваме.Кога ги имате сите тие проблеми, притисокот околу воведувањето санкции, а Србија знае дека тие не ни носат ништо добро, а ние самите бевме жртви на санкции кога го имаш сето тоа политичката сцена станува поекстремна.Велат опозицијата сака протести затоа што сакаш да ја забраниш Еуропрајд па некои протестираат што ја забрануваш.Ќутат и гледаат што прават сите други надевајќи се дека државата сама може да се бори со сите.Некои би си дозволиле право да шетаат,а тие другите никогаш не треба да им се дозволи.Имаме безброј проблеми.Некои велат дека е исто толку важно како и Косово. Тажно е ако одењето ви е важно како Косово“.

[caption id="attachment_535328" align="alignnone" width="640"] Beograd, 31. jula 2022. - Predsednik Srbije Aleksandar Vucic ocenio je danas da je situacija za nas narod na KiM veoma komplikovana i slozena. FOTO TANJUG/ TARA RADOVANOVIC/ bg[/caption]

Тој е јасен дека нема да попушти.

„Наместо да се тргнете од патот ако не ви се допаѓа, ние имаме беспредметни протести против парадата. Одам на корзо, не морам да гледам, никој не ме напаѓа. Овие другите велат „ќе се бориме за нашите права'. Дури и странците што водат кампања некаде ќе сфатат нешто, нашите не разбираат. Да ги оставиме овие другите да ги тепаат за да кажат 'види како бевме во право, државата не не заштити' тој собир ќе биде забранет и нема играње со одлуките на државата“.

The post Вучиќ: И Бајден да ми се јави парада на гордоста нема да има appeared first on Република.

]]>

Запрашан за одржување на парада на гордоста во Белград, претседателот Вучиќ е јасен дека  Еуропрајд нема да има дури и да му се јави Џо Бајден.
„Денес ние во Србија имаме дополнителен проблем токму поради тој во Украина. Најголем проблем ни е енергијата. Ни требаат два милиони тони јаглен, гледаме како да го решиме. Ако ви кажам како разговараме со прекрасни кинески партнери...Да пратевме делегација во Кина ќе требаше по еден месец поради карантинот.Како да ги префрлиме константите не чекаат барови, Дунав се крева, нема да верувате. Зборувам само за еден мал дел, не за сите проблеми со кои се соочуваме.Кога ги имате сите тие проблеми, притисокот околу воведувањето санкции, а Србија знае дека тие не ни носат ништо добро, а ние самите бевме жртви на санкции кога го имаш сето тоа политичката сцена станува поекстремна.Велат опозицијата сака протести затоа што сакаш да ја забраниш Еуропрајд па некои протестираат што ја забрануваш.Ќутат и гледаат што прават сите други надевајќи се дека државата сама може да се бори со сите.Некои би си дозволиле право да шетаат,а тие другите никогаш не треба да им се дозволи.Имаме безброј проблеми.Некои велат дека е исто толку важно како и Косово. Тажно е ако одењето ви е важно како Косово“.
[caption id="attachment_535328" align="alignnone" width="640"] Beograd, 31. jula 2022. - Predsednik Srbije Aleksandar Vucic ocenio je danas da je situacija za nas narod na KiM veoma komplikovana i slozena. FOTO TANJUG/ TARA RADOVANOVIC/ bg[/caption] Тој е јасен дека нема да попушти.
„Наместо да се тргнете од патот ако не ви се допаѓа, ние имаме беспредметни протести против парадата. Одам на корзо, не морам да гледам, никој не ме напаѓа. Овие другите велат „ќе се бориме за нашите права'. Дури и странците што водат кампања некаде ќе сфатат нешто, нашите не разбираат. Да ги оставиме овие другите да ги тепаат за да кажат 'види како бевме во право, државата не не заштити' тој собир ќе биде забранет и нема играње со одлуките на државата“.

The post Вучиќ: И Бајден да ми се јави парада на гордоста нема да има appeared first on Република.

]]>
Брнабиќ децидна: Ако не го зачуваме мирот, „Прајд“ нема да има https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/brnabikj-decidna-ako-ne-go-zachuvame-mirot-prajd-nema-da-ima/ Sun, 28 Aug 2022 13:04:14 +0000 https://republika.mk/?p=544945

Ана Брнабиќ, мандаторката за состав на новата Влада на Србија, изјави дека во моментов нема услови за безбедно одржување на Европрајд во Белград, бидејќи од 1 септември „нè чека пекол“ и сите капацитети треба да се насочат кон спречување на какви било насилства на Косово.

Брнабиќ гостувајќи на ТВ Прва потсети дека Српската напредна странка и претседателот Александар Вучиќ веќе осум години се грижат за организирање на„Прајд“ во Србија, што, како што рече, за разлика од сите други кои претходно биле на власт, покажало до кој степен се почитуваат човековите права.

„Оваа година е навистина тешка и овој септември е особено тежок и специфичен. На 1 септември за нас започнува пеколен период во однос на тоа што ќе се случува на територијата на Косово и Метохија, како ќе реагираат Албанците во Приштина и какви понатамошни еднострани потези ќе преземат. Како и да го свртите, од кој агол и да го погледнете, првото неспорно е да се обезбеди мир и стабилност“, рече Брнабиќ.

Мандаторката рече и дека и покрај тоа што е постигнат компромис со Приштина во однос на личните документи, „сè уште немаме ништо“ за регистарските таблички.

Затоа, како што нагласи таа, сите наши капацитети треба да бидат насочени кон спречување на какво било насилство на Косово и колку и да одат тие капацитети за „Еуропрајд“, додаде Брнабиќ, Србија ќе биде поранлива, а мирот ќе биде позагрозен.

„Во моментов има толкав товар на грбот на Србија што едноставно е невозможно сето тоа да се поднесе“, рече Брнабиќ и ги обвини левите и зелените партии во опозицијата што денеска го критикуваат откажувањето на „Прајдот“, додека до вчера сакаа да влезат во коалиција со Двери и Заветник „само заради малку власт“.

Таа најави и дека во наредните денови „отворено и искрено“ ќе разговара со организаторите на „Европрајд“ и дека смета на тоа дека „некој ќе има доволно одговорност да го зачуваме мирот заедно“.

„Ајде некогаш да прославиме некои големи и важни работи. Секој што го слушаше Александар Вучиќ вчера на прес-конференцијата може да биде навистина горд на она што претседателот со таков авторитет му го кажа на целиот свој народ. Мислам дека тоа е револуционерно, огромен чекор напред“, рече Брнабиќ, осврнувајќи се на неговата изјава дека учесниците на Прајд „се наши браќа, наши сестри, наши родители, а вие само се правите дека не го гледате тоа“.

„И дека некој од организацијата не вели „благодарам, ова е важна работа за нашата земја“, туку секогаш да најдеме друг конфликт“, рече Брнабиќ, уште еднаш рече дека „ако не го зачуваме мирот, Прајд нема да има“.

The post Брнабиќ децидна: Ако не го зачуваме мирот, „Прајд“ нема да има appeared first on Република.

]]>

Ана Брнабиќ, мандаторката за состав на новата Влада на Србија, изјави дека во моментов нема услови за безбедно одржување на Европрајд во Белград, бидејќи од 1 септември „нè чека пекол“ и сите капацитети треба да се насочат кон спречување на какви било насилства на Косово. Брнабиќ гостувајќи на ТВ Прва потсети дека Српската напредна странка и претседателот Александар Вучиќ веќе осум години се грижат за организирање на„Прајд“ во Србија, што, како што рече, за разлика од сите други кои претходно биле на власт, покажало до кој степен се почитуваат човековите права. „Оваа година е навистина тешка и овој септември е особено тежок и специфичен. На 1 септември за нас започнува пеколен период во однос на тоа што ќе се случува на територијата на Косово и Метохија, како ќе реагираат Албанците во Приштина и какви понатамошни еднострани потези ќе преземат. Како и да го свртите, од кој агол и да го погледнете, првото неспорно е да се обезбеди мир и стабилност“, рече Брнабиќ. Мандаторката рече и дека и покрај тоа што е постигнат компромис со Приштина во однос на личните документи, „сè уште немаме ништо“ за регистарските таблички. Затоа, како што нагласи таа, сите наши капацитети треба да бидат насочени кон спречување на какво било насилство на Косово и колку и да одат тие капацитети за „Еуропрајд“, додаде Брнабиќ, Србија ќе биде поранлива, а мирот ќе биде позагрозен. „Во моментов има толкав товар на грбот на Србија што едноставно е невозможно сето тоа да се поднесе“, рече Брнабиќ и ги обвини левите и зелените партии во опозицијата што денеска го критикуваат откажувањето на „Прајдот“, додека до вчера сакаа да влезат во коалиција со Двери и Заветник „само заради малку власт“. Таа најави и дека во наредните денови „отворено и искрено“ ќе разговара со организаторите на „Европрајд“ и дека смета на тоа дека „некој ќе има доволно одговорност да го зачуваме мирот заедно“. „Ајде некогаш да прославиме некои големи и важни работи. Секој што го слушаше Александар Вучиќ вчера на прес-конференцијата може да биде навистина горд на она што претседателот со таков авторитет му го кажа на целиот свој народ. Мислам дека тоа е револуционерно, огромен чекор напред“, рече Брнабиќ, осврнувајќи се на неговата изјава дека учесниците на Прајд „се наши браќа, наши сестри, наши родители, а вие само се правите дека не го гледате тоа“. „И дека некој од организацијата не вели „благодарам, ова е важна работа за нашата земја“, туку секогаш да најдеме друг конфликт“, рече Брнабиќ, уште еднаш рече дека „ако не го зачуваме мирот, Прајд нема да има“.

The post Брнабиќ децидна: Ако не го зачуваме мирот, „Прајд“ нема да има appeared first on Република.

]]>
Полицијата го растури „Прајдот“ во Истанбул, уапси над 150 учесници https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/policijata-go-rasturi-prajdot-vo-istanbul-uapsi-nad-150-uchesnici/ Sun, 26 Jun 2022 21:13:35 +0000 https://republika.mk/?p=520047

Турската полиција денеска насилно интервенираше на „Парадата на гордоста“ во Истанбул и уапси над 150 луѓе, вклучително и фоторепортерот на агенцијата Франс прес, јавија светските медиуми.

Како и години наназад, Парадата на гордоста беше официјално забранета од гувернерот на градот, но стотици учесници со знамиња во боите на виножитото сепак се собраа на улиците околу плоштадот Таксим, кој е целосно затворен за јавноста.

По спектакуларната поворка во 2014 година во Истанбул, на која присуствуваа повеќе од 100.000 учесници, турските власти од година во година ја забрануваат Парадата на гордоста, официјално од безбедносни причини. ЛГБТ-здруженијата ги обвинуваат властите дека свесно и намерно водат кампања против оваа малцинска заедница.

https://youtu.be/a9zRtHwFlA4

The post Полицијата го растури „Прајдот“ во Истанбул, уапси над 150 учесници appeared first on Република.

]]>

Турската полиција денеска насилно интервенираше на „Парадата на гордоста“ во Истанбул и уапси над 150 луѓе, вклучително и фоторепортерот на агенцијата Франс прес, јавија светските медиуми. Како и години наназад, Парадата на гордоста беше официјално забранета од гувернерот на градот, но стотици учесници со знамиња во боите на виножитото сепак се собраа на улиците околу плоштадот Таксим, кој е целосно затворен за јавноста. По спектакуларната поворка во 2014 година во Истанбул, на која присуствуваа повеќе од 100.000 учесници, турските власти од година во година ја забрануваат Парадата на гордоста, официјално од безбедносни причини. ЛГБТ-здруженијата ги обвинуваат властите дека свесно и намерно водат кампања против оваа малцинска заедница. https://youtu.be/a9zRtHwFlA4

The post Полицијата го растури „Прајдот“ во Истанбул, уапси над 150 учесници appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Имаме заедничка одговорност да овозможиме уживање на основните права на секого без страв од отфрленост https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-imame-zaednichka-odgovornost-da-ovozmozime-uzivanje-na-osnovnite-prava-na-sekogo-bez-strav-od-otfrlenost/ Sat, 25 Jun 2022 08:20:13 +0000 https://republika.mk/?p=519522

Претседателот Стево Пендаровски посети волонтери и организатори на парадата на гордоста „Скопје прајд 2022“, со кои имаше можност директно да поразговара за начинот на организирањето на парадата, од логистика и прием на гости, до дадената институционална поддршка, безбедносните и промотивните прашања.

Како што соопшти Кабинетот на шефот на државата, по повод одржувањето на „Скопје прајд 2022“, Пендаровски порача дека „прифаќањето на различностите и ослободеност од предрасуди се показател на зрело, демократско и отворено општество, кое е подготвено да направи простор за секој од неговите членови.

Имаме заедничка одговорност да овозможиме уживање на основните права и себереализација на секој, без страв од отфрленост, особено кога станува збор за ранливите заедници. „Скопје прајд 2022“ е парада на различност, прифаќање и дружба на ЛГБТИК+ заедницата, но и можност за сите кои ја разбираат и прифаќаат различноста по основ на сексуална ориентација и родов идентитет да ја искажат својата поддршка - вели Пендаровски.

Тој изразува очекување третата парада на гордоста во Скопје да се одржи во мирна атмосфера, без инциденти, во атмосфера на толеранција и прифаќање.

Да покажеме солидарност со нашите сограѓани затоа што достоинството, еднаквоста и правдата се за сите граѓани - порача Пендаровски.

The post Пендаровски: Имаме заедничка одговорност да овозможиме уживање на основните права на секого без страв од отфрленост appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски посети волонтери и организатори на парадата на гордоста „Скопје прајд 2022“, со кои имаше можност директно да поразговара за начинот на организирањето на парадата, од логистика и прием на гости, до дадената институционална поддршка, безбедносните и промотивните прашања. Како што соопшти Кабинетот на шефот на државата, по повод одржувањето на „Скопје прајд 2022“, Пендаровски порача дека „прифаќањето на различностите и ослободеност од предрасуди се показател на зрело, демократско и отворено општество, кое е подготвено да направи простор за секој од неговите членови.
Имаме заедничка одговорност да овозможиме уживање на основните права и себереализација на секој, без страв од отфрленост, особено кога станува збор за ранливите заедници. „Скопје прајд 2022“ е парада на различност, прифаќање и дружба на ЛГБТИК+ заедницата, но и можност за сите кои ја разбираат и прифаќаат различноста по основ на сексуална ориентација и родов идентитет да ја искажат својата поддршка - вели Пендаровски.
Тој изразува очекување третата парада на гордоста во Скопје да се одржи во мирна атмосфера, без инциденти, во атмосфера на толеранција и прифаќање.
Да покажеме солидарност со нашите сограѓани затоа што достоинството, еднаквоста и правдата се за сите граѓани - порача Пендаровски.

The post Пендаровски: Имаме заедничка одговорност да овозможиме уживање на основните права на секого без страв од отфрленост appeared first on Република.

]]>
10. по ред Викенд на гордоста во Скопје од 2 јуни https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/10-po-red-vikend-na-gordosta-vo-skopje-od-2-juni/ Mon, 30 May 2022 13:11:31 +0000 https://republika.mk/?p=508796

Јубилејниот десетти по ред Викенд на гордоста Скопје оваа година ќе се одржува во два месеци, од 2-11 јуни, и 15-17 септември, во Музејот на современа уметност, Мала Станица, МКЦ, Театар комедија, КСП ЈАДРО и Станица 26.

Викендот на гордоста Скопје е фестивал за квир култура, уметност и теорија чијашто цел е да создаде простор за презентирање и промовирање на ненормативните форми на светообразување или, со други зборови, на односите, афектите, идентитетските позиции, телесните стилови и сензибилитети обележани од хетеронормативниот, националистички и неолиберален капиталистички контекст, како квир, ексцентрични и неуспешни, велат од тимот на Викендот на гордоста Скопје 2022.

Овогодишниот фестивал се отвора на 2 јуни, во 20:30ч во МСУ, со изложба „Екстатични тела: Архива на перформативни квир тела во Македонија“, курирана од Славчо Димитров и Биљана Тануровска – Ќулавковски, а во рамки на која ќе бидат претставени архивски материјали и дела од Волфганг Тилманс, Нора Стојановиќ, Милош Коџоман и Драгољуб Бежан, Христина Иваноска, Велимир Жерновски, Јане Чаловски, Кочо Андоновски, Наташа Гелева, Музејот на современа уметност Скопје, STEAM ROOM, Александар Георгиев, Викторија Илиоска, и многу други. За време на отворањето на изложбата ќе биде изведен во живо и најновиот перформанс на Христина Иваноска, како и најновото кореографско дело на Александар Георгиев.

Оваа архива на современи квир/феминистички перформативи во Македонија ќе го опфати периодот од последните 4 декади. Во рамки на истата се истражуваат и се вклучени различни уметнички перформативни практики, кои ние ги забележуваме како феминистички перформанси и пракси во рамки на визуелните и изведбените уметности, како и квир перфоманси, секојдневни квир и клупски кореографии во 90-тите и денес, зачетоците на родовите студии и теорија, политички перформанси, и други фестивали и пракси кои ги истражуваме и читаме во полето на поставениот проблем и тема, велат организаторите.

Публиката ќе може да проследи и перформансите на Џули Толентино и Стош Фила (САД) на 3 јуни во МСУ. Џули Толентино е култна американска уметница со филипинско и салвадорско потекло, која во своите перформанси/инсталации ги истражува меѓупросторите на расата, родот, релационалноста и архивот.

На 4 јуни, исто така во МСУ, легендарниот Дејвид Хојл (ВБ), познат во 1990-тите години како Дивајн Дејвид.

Во рамки на јунската програма најавувено е и: јавно предавање на Јасмина Тумбас (САД), која на 7 јуни во МСУ ќе ја претстави својата последна книга објавена од Manchester University Press - „Јас сум Југословенка!: феминистичка изведувачка политика за време и по југословенскиот социјализам“; Перформативни презентации на Џесмин Херн, заве мартоарџоно, Џеј Бoj и Сара А.О. Роснер (САД) во Мала станица, а во соработка со Локомотива; и, после две години, јунското издание на фестивалот се затвора на 11 јуни, со ПичПрич и СРАМОТА! – Вечер на раскажување квир приказни.

Во септемвриската програма публиката ќе проследи танцова претстава на францускиот кореограф Матје Окемије, перформанс на Јулишка Стенгеле од Австрија, и вечер на воугинг и дрег забава.

Оваа година каталогот за фестивал е проследен со првиот превод на македонски јазик на францускиот филозоф Жан Лик Нанси. Примерок од каталогот ќе можете да си земете на отворањето на Фестивалот.

Основната кураторска тема на овогодишното издание на Фестивалот е ЕКСТАТИЧНИ ТЕЛА.

Кураторскиот избор на фестивалската тема се потпира на феминистичкото и квир наследство и тековниот придонес во теоријата, уметноста и политиката, а кое ги поставува телесноста, субјективитетот и афектите како централни оски на критика, мобилизација, изведба и промислување. Критичката феминистичка и квир практика и мисла во преден план ги става отвореноста и проточните граници на телесноста, односно релационата, еколошката и процесуалната перформативност на телесната материјалност, полот и родот, како и етичките и политички импликации кои произлегуваат од онтолошката претпоставка за телесната ранливост, изложеност, неизвесност и променливост. Тргнувајќи одовде, овогодишниот Викенд на гордоста ја става онтолошката екстатичност и дарежливост на телесниот живот во фокусот на уметничките, културните и теориски пракси кои ќе бидат дел од програмата, како можност да го распоседнеме поседничкиот и господаречки субјект на капиталистичкиот патријархат, и да отвориме хоризонт кон радикално преосмислување вкотвено токму во меѓу-телесната отвореност кон другоста, велат организаротире.

Фестивалот е во организација на Коалиција МАРГИНИ и ЛГБТИ Центарот за поддршка, а се реализира во партнерство со Локомотива, МСУ, ТИИИИТ! Инк., КСП Центар-ЈАДРО и Терапија, со несебичната поддршка на Министерството за култура, Фондацијата Heinrich Böll Stiftung, Амбасадата на САД, Фондацијата Фридрих Еберт, Амбасадата на Франција, Фондацијата отворено општество Македонија, и Сигрид. Раузинг. Изложбата Екстатични тела е делумно поддржана од Министерството за култура преку Програмата Уметност Институција Политика Тело/УПИТ на Локомотива како и од програмата на ЕУ-Креативна Европа/Life Long Burning проект.

The post 10. по ред Викенд на гордоста во Скопје од 2 јуни appeared first on Република.

]]>

Јубилејниот десетти по ред Викенд на гордоста Скопје оваа година ќе се одржува во два месеци, од 2-11 јуни, и 15-17 септември, во Музејот на современа уметност, Мала Станица, МКЦ, Театар комедија, КСП ЈАДРО и Станица 26.
Викендот на гордоста Скопје е фестивал за квир култура, уметност и теорија чијашто цел е да создаде простор за презентирање и промовирање на ненормативните форми на светообразување или, со други зборови, на односите, афектите, идентитетските позиции, телесните стилови и сензибилитети обележани од хетеронормативниот, националистички и неолиберален капиталистички контекст, како квир, ексцентрични и неуспешни, велат од тимот на Викендот на гордоста Скопје 2022.
Овогодишниот фестивал се отвора на 2 јуни, во 20:30ч во МСУ, со изложба „Екстатични тела: Архива на перформативни квир тела во Македонија“, курирана од Славчо Димитров и Биљана Тануровска – Ќулавковски, а во рамки на која ќе бидат претставени архивски материјали и дела од Волфганг Тилманс, Нора Стојановиќ, Милош Коџоман и Драгољуб Бежан, Христина Иваноска, Велимир Жерновски, Јане Чаловски, Кочо Андоновски, Наташа Гелева, Музејот на современа уметност Скопје, STEAM ROOM, Александар Георгиев, Викторија Илиоска, и многу други. За време на отворањето на изложбата ќе биде изведен во живо и најновиот перформанс на Христина Иваноска, како и најновото кореографско дело на Александар Георгиев.
Оваа архива на современи квир/феминистички перформативи во Македонија ќе го опфати периодот од последните 4 декади. Во рамки на истата се истражуваат и се вклучени различни уметнички перформативни практики, кои ние ги забележуваме како феминистички перформанси и пракси во рамки на визуелните и изведбените уметности, како и квир перфоманси, секојдневни квир и клупски кореографии во 90-тите и денес, зачетоците на родовите студии и теорија, политички перформанси, и други фестивали и пракси кои ги истражуваме и читаме во полето на поставениот проблем и тема, велат организаторите.
Публиката ќе може да проследи и перформансите на Џули Толентино и Стош Фила (САД) на 3 јуни во МСУ. Џули Толентино е култна американска уметница со филипинско и салвадорско потекло, која во своите перформанси/инсталации ги истражува меѓупросторите на расата, родот, релационалноста и архивот. На 4 јуни, исто така во МСУ, легендарниот Дејвид Хојл (ВБ), познат во 1990-тите години како Дивајн Дејвид. Во рамки на јунската програма најавувено е и: јавно предавање на Јасмина Тумбас (САД), која на 7 јуни во МСУ ќе ја претстави својата последна книга објавена од Manchester University Press - „Јас сум Југословенка!: феминистичка изведувачка политика за време и по југословенскиот социјализам“; Перформативни презентации на Џесмин Херн, заве мартоарџоно, Џеј Бoj и Сара А.О. Роснер (САД) во Мала станица, а во соработка со Локомотива; и, после две години, јунското издание на фестивалот се затвора на 11 јуни, со ПичПрич и СРАМОТА! – Вечер на раскажување квир приказни. Во септемвриската програма публиката ќе проследи танцова претстава на францускиот кореограф Матје Окемије, перформанс на Јулишка Стенгеле од Австрија, и вечер на воугинг и дрег забава. Оваа година каталогот за фестивал е проследен со првиот превод на македонски јазик на францускиот филозоф Жан Лик Нанси. Примерок од каталогот ќе можете да си земете на отворањето на Фестивалот. Основната кураторска тема на овогодишното издание на Фестивалот е ЕКСТАТИЧНИ ТЕЛА.