парацетамол Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/paracetamol/ За подобро да се разбереме Sun, 10 Mar 2024 16:28:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png парацетамол Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/paracetamol/ 32 32 Вистината за парацетамолот https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vistinata-za-paratsetamolot/ Sun, 10 Mar 2024 16:28:39 +0000 https://republika.mk/?p=753384

Покрај тоа што ја ублажува болката, парацетамолот нè спречува и да сочувствуваме со туѓата болка, покажуваат најновите истражувања. Имено, научниците сметаат дека замајувањето на делот од мозокот задолжен за чувствување на болка го отежнува сочувствувањето со болката на другите.

Со оглед на претходните студии за овој лек, кои покажуваат дека парацетамолот го отапува чувството на радост, има уште многу што да се научи за него, велат експертите од Државниот универзитет во Охајо.

„Ацетаминофенот“ (американското име за „парацетамол“) може да ја намали способноста за емпатија, што е загрижувачки. Емпатијата е важна. Ако се искарате со брачниот партнер, а непосредно пред тоа сте испиле „ацетаминофен“, вашата способност да сфатите зош то сте го повредиле можеби ќе биде намалена“, додаваат тие, пишува Daily Mail.

Ова не е единствениот изненадувачки ефект на парацетамолот. Претходните истражувања наведуваат на заклучок дека аналгетикот го олеснува донесувањето на тешки одлуки.

„Луѓето имаат уникатна способност да донесуваат сложени одлуки“, велат научниците од Универзитетот во Кентаки. Кога го прават тоа, понекогаш користат зборови кои се доведуваат во врска со физичка болка, на пример, велат дека „ги боли срцето“ што мораат да ја продадат куќата во која живееле со години.

„Ние сметаме дека болното донесување на одлуки нема само метафорично значење, а ако е така, замајувањето поради ублажување на физичка болка исто така би имало ефект и врз ублажувањето на психолошката болка при донесувањето на такви одлуки“, велат научниците.

„Донесувањето одлука може да биде болно, но аналгетикот против физичка болка може да го ублажи тој ефект“, заклучуваат тие.

Конечно, парацетамолот може да ја ублажи и болката поради големите суми на потрошена готовина, покажуваат истражувањата. „Супресантот на физичката болка може да ја намали т.н. „болка поради плаќање“, за која зборуваме во случаи кога луѓето трпат поголема психолошка болка кога ќе потрошат готовина отколку кога ќе ја повлечат кредитната картичка низ апаратот.“

 

The post Вистината за парацетамолот appeared first on Република.

]]>

Покрај тоа што ја ублажува болката, парацетамолот нè спречува и да сочувствуваме со туѓата болка, покажуваат најновите истражувања. Имено, научниците сметаат дека замајувањето на делот од мозокот задолжен за чувствување на болка го отежнува сочувствувањето со болката на другите. Со оглед на претходните студии за овој лек, кои покажуваат дека парацетамолот го отапува чувството на радост, има уште многу што да се научи за него, велат експертите од Државниот универзитет во Охајо. „Ацетаминофенот“ (американското име за „парацетамол“) може да ја намали способноста за емпатија, што е загрижувачки. Емпатијата е важна. Ако се искарате со брачниот партнер, а непосредно пред тоа сте испиле „ацетаминофен“, вашата способност да сфатите зош то сте го повредиле можеби ќе биде намалена“, додаваат тие, пишува Daily Mail. Ова не е единствениот изненадувачки ефект на парацетамолот. Претходните истражувања наведуваат на заклучок дека аналгетикот го олеснува донесувањето на тешки одлуки. „Луѓето имаат уникатна способност да донесуваат сложени одлуки“, велат научниците од Универзитетот во Кентаки. Кога го прават тоа, понекогаш користат зборови кои се доведуваат во врска со физичка болка, на пример, велат дека „ги боли срцето“ што мораат да ја продадат куќата во која живееле со години. „Ние сметаме дека болното донесување на одлуки нема само метафорично значење, а ако е така, замајувањето поради ублажување на физичка болка исто така би имало ефект и врз ублажувањето на психолошката болка при донесувањето на такви одлуки“, велат научниците. „Донесувањето одлука може да биде болно, но аналгетикот против физичка болка може да го ублажи тој ефект“, заклучуваат тие. Конечно, парацетамолот може да ја ублажи и болката поради големите суми на потрошена готовина, покажуваат истражувањата. „Супресантот на физичката болка може да ја намали т.н. „болка поради плаќање“, за која зборуваме во случаи кога луѓето трпат поголема психолошка болка кога ќе потрошат готовина отколку кога ќе ја повлечат кредитната картичка низ апаратот.“  

The post Вистината за парацетамолот appeared first on Република.

]]>
Мамурлак не се лечи со парацетамол https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/mamurlak-ne-se-lechi-so-paratsetamol/ Sat, 02 Dec 2023 16:58:53 +0000 https://republika.mk/?p=718744

По бурната ноќ многумина може да посакаат брз лек за немилосрдната главоболка од мамурлак следниот ден. Но, парацетамолот, колку и да е моќен против главоболки, не се препорачува за ова. Фармацевтите предупредуваат дека парацетамолот се разградува во црниот дроб со истиот ензим како и алкохолот.

Оние кои консумирале голема количина алкохол претходната вечер нема да му направат услуга на црниот дроб со земање парацетамол.

Според германските фармаколози, со поттикнување на црниот дроб да работи прекувремено, парацетамолот ја попречува природната способност на телото да го филтрира алкохолот од системот.

И додека експертите од американската клиника „Мајо“ велат дека „времето е единствениот сигурен лек за мамурлакот“, сепак има неколку работи што можете да ги направите за да се чувствувате подобро. Можете, на пример, да земате лекови против болки со друга активна состојка, како што е ибупрофен.

Обидете се да ги надоместите изгубените минерали со банани, минерална вода или овошни сокови. Солената храна или онаа богата со јаглехидрати, како ѓевреци, тост или крекери, ќе ви помогнат да надоместите дел од енергијата. Некои луѓе се колнат во ефикасноста на земање електролити, а понекогаш тоа го прават превентивно, пред да се напијат.

Електролитните раствори, кои обично се препишуваат за да ги заменат изгубените минерали кога некој страда од повраќање или дијареа, може да помогнат во ребалансот на телото по мамурлакот, но нема да го спречат тоа, велат фармаколозите. Наместо тоа, подобро е да пиете повеќе вода бидејќи алкохолот предизвикува дехидратеција. Чаша минерална вода со секоја чаша вино помага да се намали ризикот од мамурлак.

 

The post Мамурлак не се лечи со парацетамол appeared first on Република.

]]>

По бурната ноќ многумина може да посакаат брз лек за немилосрдната главоболка од мамурлак следниот ден. Но, парацетамолот, колку и да е моќен против главоболки, не се препорачува за ова. Фармацевтите предупредуваат дека парацетамолот се разградува во црниот дроб со истиот ензим како и алкохолот. Оние кои консумирале голема количина алкохол претходната вечер нема да му направат услуга на црниот дроб со земање парацетамол. Според германските фармаколози, со поттикнување на црниот дроб да работи прекувремено, парацетамолот ја попречува природната способност на телото да го филтрира алкохолот од системот. И додека експертите од американската клиника „Мајо“ велат дека „времето е единствениот сигурен лек за мамурлакот“, сепак има неколку работи што можете да ги направите за да се чувствувате подобро. Можете, на пример, да земате лекови против болки со друга активна состојка, како што е ибупрофен. Обидете се да ги надоместите изгубените минерали со банани, минерална вода или овошни сокови. Солената храна или онаа богата со јаглехидрати, како ѓевреци, тост или крекери, ќе ви помогнат да надоместите дел од енергијата. Некои луѓе се колнат во ефикасноста на земање електролити, а понекогаш тоа го прават превентивно, пред да се напијат. Електролитните раствори, кои обично се препишуваат за да ги заменат изгубените минерали кога некој страда од повраќање или дијареа, може да помогнат во ребалансот на телото по мамурлакот, но нема да го спречат тоа, велат фармаколозите. Наместо тоа, подобро е да пиете повеќе вода бидејќи алкохолот предизвикува дехидратеција. Чаша минерална вода со секоја чаша вино помага да се намали ризикот од мамурлак.  

The post Мамурлак не се лечи со парацетамол appeared first on Република.

]]>
Франција забрани онлајн продажба на парацетамол https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/frantsija-zabrani-onlajn-prodazhba-na-paratsetamol/ Wed, 04 Jan 2023 12:42:52 +0000 https://republika.mk/?p=593563

Француската Влада забрани онлајн продажба на производи на база на парацетамол од денеска до крајот на јануари, поради потешкотии со набавката на тој лек против болки.

Владата во Службен весник објави дека до 31 јануари е прекината онлајн продажбата на лекови составени исклучиво од парацетамол.

Одлуката е донесена поради континуираниот недостиг на лекови на база на парацетамол, особено на тие што се за деца, во изминатите шест месеци, се вели во соопштението.

Се наведува и дека мерките што ги презеле здравствените власти, иако биле ефективни, досега не успеале целосно да стават крај на овие тешкотии во набавките.

Од пред неколку месеци, Националната агенција за безбедност на лекови бара од француските аптеки да ја ограничат продажбата на парацетамол на поединци.

Во декември, француското Министерство за здравство предупреди дека и покрај мерките, ситуацијата останува „комплексна” и ќе бидат потребни уште неколку недели за да се реши.

Во одлуката, француската Влада укажа на влошувањето на здравствената состојба во Кина, каде што се зголеми бројот на случаи на коронавирус по ненадејното укинување на драстичните здравствени мерки во првата половина на декември.

Кинеската Влада го забрани извозот на парацетамол, а земјата произведува голем дел од главната состојка што ја користат лабораториите ширум светот. Тешкотиите во снабдувањето доаѓаат поради широкиот недостиг на неколку лекови во Франција и други земји, почнувајќи од антибиотици, како што е амоксицилин.

 

The post Франција забрани онлајн продажба на парацетамол appeared first on Република.

]]>

Француската Влада забрани онлајн продажба на производи на база на парацетамол од денеска до крајот на јануари, поради потешкотии со набавката на тој лек против болки. Владата во Службен весник објави дека до 31 јануари е прекината онлајн продажбата на лекови составени исклучиво од парацетамол. Одлуката е донесена поради континуираниот недостиг на лекови на база на парацетамол, особено на тие што се за деца, во изминатите шест месеци, се вели во соопштението. Се наведува и дека мерките што ги презеле здравствените власти, иако биле ефективни, досега не успеале целосно да стават крај на овие тешкотии во набавките. Од пред неколку месеци, Националната агенција за безбедност на лекови бара од француските аптеки да ја ограничат продажбата на парацетамол на поединци. Во декември, француското Министерство за здравство предупреди дека и покрај мерките, ситуацијата останува „комплексна” и ќе бидат потребни уште неколку недели за да се реши. Во одлуката, француската Влада укажа на влошувањето на здравствената состојба во Кина, каде што се зголеми бројот на случаи на коронавирус по ненадејното укинување на драстичните здравствени мерки во првата половина на декември. Кинеската Влада го забрани извозот на парацетамол, а земјата произведува голем дел од главната состојка што ја користат лабораториите ширум светот. Тешкотиите во снабдувањето доаѓаат поради широкиот недостиг на неколку лекови во Франција и други земји, почнувајќи од антибиотици, како што е амоксицилин.  

The post Франција забрани онлајн продажба на парацетамол appeared first on Република.

]]>
Починаа 99 деца во Индонезија, биле лекувани со сируп на база на парацетамол https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pochinaa-99-deca-vo-indonezija-bile-lekuvani-so-sirup-na-baza-na-paracetamol/ Wed, 19 Oct 2022 07:07:20 +0000 https://republika.mk/?p=562772

Речиси 100 деца починаа од акутна бубрежна инсуфициенција од почетокот на годинава во Индонезија, информираше денеска претставник на Министерството за здравство.

Здравствени претставници во Гамбија неодамна соопштија дека деца починале од акутна бубрежна инсуфициенција, откако биле лекувани со сируп на база на парацетамол, што се користи за намалување на треската, јавија дел од британските медиуми.

Откриено е прекумерно ниво на диетилен гликол и етилен гликол во четири сирупи произведени од Мајден фармацеутикалс од Њу Делхи, што се продаваат во Гамбија.

Тие лекарства, според претставници на индонезиската Агенција за храна и лекови, не се достапни во Индонезија. Но, оттогаш забранета е употребата на овие состојки во сите медицински сирупи наменети за деца.

Претставничката на Министерството за здравје, Сити Надја Тармизи изјави дека идентификувани се 189 случаи на акутна бубрежна инсуфициенција меѓу индонезиските деца, мнозинството под пет години. Од почетокот на годината регистрирани се 99 смртни случаи.

Здравствените власти минатата недела појаснија дека формиран е стручен тим за истражување на порастот на случаи на акутна бубрежна инсуфициенција кај децата. Во него има претставници на Министерството за здравство, Индонезиската педијатриска асоцијација и на Светската здравствена организација.

Министерството за здравство тврди дека разговара со експерти на СЗО, кои ги истражуваат случаите во Гамбија.

 

The post Починаа 99 деца во Индонезија, биле лекувани со сируп на база на парацетамол appeared first on Република.

]]>

Речиси 100 деца починаа од акутна бубрежна инсуфициенција од почетокот на годинава во Индонезија, информираше денеска претставник на Министерството за здравство. Здравствени претставници во Гамбија неодамна соопштија дека деца починале од акутна бубрежна инсуфициенција, откако биле лекувани со сируп на база на парацетамол, што се користи за намалување на треската, јавија дел од британските медиуми. Откриено е прекумерно ниво на диетилен гликол и етилен гликол во четири сирупи произведени од Мајден фармацеутикалс од Њу Делхи, што се продаваат во Гамбија. Тие лекарства, според претставници на индонезиската Агенција за храна и лекови, не се достапни во Индонезија. Но, оттогаш забранета е употребата на овие состојки во сите медицински сирупи наменети за деца. Претставничката на Министерството за здравје, Сити Надја Тармизи изјави дека идентификувани се 189 случаи на акутна бубрежна инсуфициенција меѓу индонезиските деца, мнозинството под пет години. Од почетокот на годината регистрирани се 99 смртни случаи. Здравствените власти минатата недела појаснија дека формиран е стручен тим за истражување на порастот на случаи на акутна бубрежна инсуфициенција кај децата. Во него има претставници на Министерството за здравство, Индонезиската педијатриска асоцијација и на Светската здравствена организација. Министерството за здравство тврди дека разговара со експерти на СЗО, кои ги истражуваат случаите во Гамбија.  

The post Починаа 99 деца во Индонезија, биле лекувани со сируп на база на парацетамол appeared first on Република.

]]>