папата Францис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/papata-frantsis/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Mar 2024 17:26:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png папата Францис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/papata-frantsis/ 32 32 Столтенберг ја критикува изјавата па Папата дека Украина треба да се предаде https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stoltenberg-ja-kritikuva-izjavata-pa-papata-deka-ukraina-treba-da-se-predade/ Mon, 11 Mar 2024 17:35:25 +0000 https://republika.mk/?p=753753

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека не се согласува со изјавите на папата Франциск дека на Украина и треба „храброста на белото знаме“ и дека треба да преговара за крај на војната предизвикана од руската инвазија.

- Ако сакаме договорено, долгорочно мировно решение, начинот да го постигнеме е со воена поддршка за Украина, рече Столтенберг, коментирајќи ги изјавите на папата.

Папата ова го кажа во интервју, чиј дел беше објавен викендов. Тој рече дека кога на страните во конфликтот не им оди добро, „треба да се има храброст да преговара“.

Во интервју за Ројтерс во седиштето на НАТО во Брисел, Столтенберг додаде дека „она што се случува на преговарачката маса е нераскинливо поврзано со силата на бојното поле“, пренесува Хина.

Прашан дали неговата реакција значи дека сега не е време да се зборува за бело знаме, Столтенберг рече: „Не е време да се зборува за предавање на Украинците. Тоа ќе биде трагедија за Украинците. Исто така, ќе биде опасно за сите нас“.

Шефот на НАТО потенцираше дека за Украина, предавањето не е мир.

Тој, исто така, истакна дека земјата никогаш не била поблиску до членство во Алијансата.  - Таа ќе биде сојузник. Значи, не е прашање дали тоа ќе се случи, туку кога, истакна Столтенберг.

Инаку, во меѓувреме Ватикан ја појасни изјавата на папата. - Папата Франциск не ја повикува Украина да се предаде, туку повикува на прекин на огнот и храброст во преговорите, појасни директорот на канцеларијата за печат на Ватикан, Матео Бруни. „Папата го користи терминот бело знаме и одговара на впечатокот предложен од новинарот, за да укаже на прекин на непријателствата и примирје постигнато преку храброста во преговорите“, рече Бруни за интервјуто на папата Франциск за швајцарската телевизија РТС, кое ќе биде емитувано месецов, а дел беше објавен завчера.

The post Столтенберг ја критикува изјавата па Папата дека Украина треба да се предаде appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека не се согласува со изјавите на папата Франциск дека на Украина и треба „храброста на белото знаме“ и дека треба да преговара за крај на војната предизвикана од руската инвазија.
- Ако сакаме договорено, долгорочно мировно решение, начинот да го постигнеме е со воена поддршка за Украина, рече Столтенберг, коментирајќи ги изјавите на папата.
Папата ова го кажа во интервју, чиј дел беше објавен викендов. Тој рече дека кога на страните во конфликтот не им оди добро, „треба да се има храброст да преговара“. Во интервју за Ројтерс во седиштето на НАТО во Брисел, Столтенберг додаде дека „она што се случува на преговарачката маса е нераскинливо поврзано со силата на бојното поле“, пренесува Хина. Прашан дали неговата реакција значи дека сега не е време да се зборува за бело знаме, Столтенберг рече: „Не е време да се зборува за предавање на Украинците. Тоа ќе биде трагедија за Украинците. Исто така, ќе биде опасно за сите нас“. Шефот на НАТО потенцираше дека за Украина, предавањето не е мир. Тој, исто така, истакна дека земјата никогаш не била поблиску до членство во Алијансата.  - Таа ќе биде сојузник. Значи, не е прашање дали тоа ќе се случи, туку кога, истакна Столтенберг. Инаку, во меѓувреме Ватикан ја појасни изјавата на папата. - Папата Франциск не ја повикува Украина да се предаде, туку повикува на прекин на огнот и храброст во преговорите, појасни директорот на канцеларијата за печат на Ватикан, Матео Бруни. „Папата го користи терминот бело знаме и одговара на впечатокот предложен од новинарот, за да укаже на прекин на непријателствата и примирје постигнато преку храброста во преговорите“, рече Бруни за интервјуто на папата Франциск за швајцарската телевизија РТС, кое ќе биде емитувано месецов, а дел беше објавен завчера.

The post Столтенберг ја критикува изјавата па Папата дека Украина треба да се предаде appeared first on Република.

]]>
Папата Франциск не можел да ги прочита своите белешки, ниту сам да се качува по скалите на папамобилот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/papata-frantsisk-ne-mozhel-da-gi-prochita-svoite-beleshki-nitu-sam-da-se-kachuva-po-skalite-na-papamobilot/ Wed, 06 Mar 2024 15:29:28 +0000 https://republika.mk/?p=751983

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск поради лошата здравствена состојба денеска не беше во можност да ги прочита своите белешки ниту сам да се качува по скалите на својот папамобил.

Поради долготрајни проблеми со дишењето и подвижноста, 87-годишниот папа побарал од својот помошник на плоштадот „Свети Петар“ да прочита запис од катихизисот.

Папата Франциск беше хоспитализиран минатата недела, а потоа беше подложен на дијагностички тестови, чии резултати не се објавени.

Оваа зима тој наизменично страдаше од (како што соопштија тој и Ватикан) настинки, напади на бронхитис и грип.

На крајот на минатата година, Франциск беше подложен на КАТ скенирање со кое беше отфрлена пневмонија, но Папата сепак беше принуден да го напушти патувањето поради тежок напад на акутен, инфективен бронхитис.

Поглаварот на Римокатоличката црква страда и од последици од скршено колено и воспаление на лигаментите, поради што од 2022 година користи инвалидска количка, но најчесто успевал да се заобиколи со помош на бастун.

Меѓутоа, денеска се чинеше дека папата не можеше да се искачи ниту неколку скали за да се качи во својот папамобил на крајот од аудиенцијата, дури и додека се држел за ограда.

Асистентите набрзо му ја вратија инвалидската количка и тој повторно седна во неа.

 

The post Папата Франциск не можел да ги прочита своите белешки, ниту сам да се качува по скалите на папамобилот appeared first on Република.

]]>

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск поради лошата здравствена состојба денеска не беше во можност да ги прочита своите белешки ниту сам да се качува по скалите на својот папамобил. Поради долготрајни проблеми со дишењето и подвижноста, 87-годишниот папа побарал од својот помошник на плоштадот „Свети Петар“ да прочита запис од катихизисот. Папата Франциск беше хоспитализиран минатата недела, а потоа беше подложен на дијагностички тестови, чии резултати не се објавени. Оваа зима тој наизменично страдаше од (како што соопштија тој и Ватикан) настинки, напади на бронхитис и грип. На крајот на минатата година, Франциск беше подложен на КАТ скенирање со кое беше отфрлена пневмонија, но Папата сепак беше принуден да го напушти патувањето поради тежок напад на акутен, инфективен бронхитис. Поглаварот на Римокатоличката црква страда и од последици од скршено колено и воспаление на лигаментите, поради што од 2022 година користи инвалидска количка, но најчесто успевал да се заобиколи со помош на бастун. Меѓутоа, денеска се чинеше дека папата не можеше да се искачи ниту неколку скали за да се качи во својот папамобил на крајот од аудиенцијата, дури и додека се држел за ограда. Асистентите набрзо му ја вратија инвалидската количка и тој повторно седна во неа.  

The post Папата Франциск не можел да ги прочита своите белешки, ниту сам да се качува по скалите на папамобилот appeared first on Република.

]]>