Панко Брашнаров Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/panko-brashnarov/ За подобро да се разбереме Tue, 24 Sep 2024 12:34:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Панко Брашнаров Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/panko-brashnarov/ 32 32 Љутков оддаде почит на гробот на Панко Брашнаров во Загреб https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/lutkov-oddade-pochit-na-grobot-na-panko-brashnarov-vo-zagreb/ Tue, 24 Sep 2024 12:34:10 +0000 https://republika.mk/?p=819301

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска на гробиштата „Мирогој“ во Загреб му оддаде почит на народниот трибун и борец за независна македонска држава, Панко Брашнаров.

Во сеќавање на народниот учител и учесник на двата Илиндена, министерот Љутков денеска се поклони и положи цвеќе гробот на еден од најистакнатите македонски национални дејци, посветен на политичкото и националното ослободување на Македонија и македонскиот народ.

Брашнаров е роден во Велес во 1883 година. Тој е учесник во најзначајните историски моменти во борбата на македонскиот народ за независност и слобода. Од Илинден, Балканските војни, Првата светска војна, па сè до историскиот АСНОМ. Избран е за народен пратеник и претседавач на Првото заседание на АСНОМ. Брашнаров е историска личност со особени заслуги во борбата за независна Македонија, што е од посебна важност за неговиот роден Велес. По неколку години работа во штотуку организираната држава, како приврзаник на ставовите во Резолуцијата на Информбирото, Брашнаров е приведен, прогласен за непријател на власта и испратен на островот Голи Оток, Република Хрватска, каде што почина на 13 јули 1951 година.

 

The post Љутков оддаде почит на гробот на Панко Брашнаров во Загреб appeared first on Република.

]]>

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска на гробиштата „Мирогој“ во Загреб му оддаде почит на народниот трибун и борец за независна македонска држава, Панко Брашнаров. Во сеќавање на народниот учител и учесник на двата Илиндена, министерот Љутков денеска се поклони и положи цвеќе гробот на еден од најистакнатите македонски национални дејци, посветен на политичкото и националното ослободување на Македонија и македонскиот народ. Брашнаров е роден во Велес во 1883 година. Тој е учесник во најзначајните историски моменти во борбата на македонскиот народ за независност и слобода. Од Илинден, Балканските војни, Првата светска војна, па сè до историскиот АСНОМ. Избран е за народен пратеник и претседавач на Првото заседание на АСНОМ. Брашнаров е историска личност со особени заслуги во борбата за независна Македонија, што е од посебна важност за неговиот роден Велес. По неколку години работа во штотуку организираната држава, како приврзаник на ставовите во Резолуцијата на Информбирото, Брашнаров е приведен, прогласен за непријател на власта и испратен на островот Голи Оток, Република Хрватска, каде што почина на 13 јули 1951 година.  

The post Љутков оддаде почит на гробот на Панко Брашнаров во Загреб appeared first on Република.

]]>