панел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/panel/ За подобро да се разбереме Fri, 29 Nov 2024 09:46:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png панел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/panel/ 32 32 Панел-дискусија: Важноста од родовата еднаквост за спречување на насилството врз жени и девојчиња https://arhiva3.republika.mk/zivot/panel-diskusija-vazhnosta-od-rodovata-ednakvost-za-sprechuvane-na-nasilstvoto-vrz-zheni-i-devojchina/ Fri, 29 Nov 2024 09:46:11 +0000 https://republika.mk/?p=843041

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство организира панел-дискусија на тема: Важноста од родовата еднаквост за спречување на насилството врз жени и девојчиња. Настанот ќе одржи денес во Јавна соба – Скопје, со почеток во 13:00 часот.

На настанот ќе разговараме за родовата еднаквост како основен предуслов за искоренување на насилството врз жените и девојчињата. За да постигнеме родова еднаквост, потребен ни е еднаков пристап до ресурси, можности и моќ за одлучување, формално образование кое промовира здрави односи засновани на согласност и меѓусебна почит, соочување со предизвиците на руралните жени и сузбивање на женската сиромаштија. Преку различните излагања на панелистките ќе опфатиме неколку аспекти на родовата еднаквост, како и насилството врз жени и девојчиња.

Со задоволство ги покануваме сите заинтересирани членови на Советот на вашата општина, претседатели на совети и советници, како и претставниците од секторот за социјална заштита и од комисиите за еднакви можности да учествуваат на овој настан. Вашето присуство е исклучително важно за продлабочување на дискусијата и разменување искуства.

Агенда
12:30 – 13:00 Пристигнување и кафе за добредојде
13:00 – 14:00
-Родов јаз во платите – Ана Бојчевска Митревска, Реактор – Истражување во акција
-Работнички права на жените – Уранија Пировска, Хелсиншки Комитет
-Пристап до права и услуги на жените земјоделки – Неда Чаловска Димовска, експертка
-Родово базирано насилство и родова еднаквост – Елена Димушевска, Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство
-Социјално ментроство и економско јакнење на жени жртви на РБН и СН – Климентина Илиевска, Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“
14:00 – 14:30
-Дискусија
14:30
Затворање на панел-дискусијата

The post Панел-дискусија: Важноста од родовата еднаквост за спречување на насилството врз жени и девојчиња appeared first on Република.

]]>

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство организира панел-дискусија на тема: Важноста од родовата еднаквост за спречување на насилството врз жени и девојчиња. Настанот ќе одржи денес во Јавна соба – Скопје, со почеток во 13:00 часот. На настанот ќе разговараме за родовата еднаквост како основен предуслов за искоренување на насилството врз жените и девојчињата. За да постигнеме родова еднаквост, потребен ни е еднаков пристап до ресурси, можности и моќ за одлучување, формално образование кое промовира здрави односи засновани на согласност и меѓусебна почит, соочување со предизвиците на руралните жени и сузбивање на женската сиромаштија. Преку различните излагања на панелистките ќе опфатиме неколку аспекти на родовата еднаквост, како и насилството врз жени и девојчиња.   Со задоволство ги покануваме сите заинтересирани членови на Советот на вашата општина, претседатели на совети и советници, како и претставниците од секторот за социјална заштита и од комисиите за еднакви можности да учествуваат на овој настан. Вашето присуство е исклучително важно за продлабочување на дискусијата и разменување искуства. Агенда 12:30 – 13:00 Пристигнување и кафе за добредојде 13:00 – 14:00 -Родов јаз во платите – Ана Бојчевска Митревска, Реактор – Истражување во акција -Работнички права на жените – Уранија Пировска, Хелсиншки Комитет -Пристап до права и услуги на жените земјоделки – Неда Чаловска Димовска, експертка -Родово базирано насилство и родова еднаквост – Елена Димушевска, Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство -Социјално ментроство и економско јакнење на жени жртви на РБН и СН – Климентина Илиевска, Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ 14:00 – 14:30 -Дискусија 14:30 Затворање на панел-дискусијата

The post Панел-дискусија: Важноста од родовата еднаквост за спречување на насилството врз жени и девојчиња appeared first on Република.

]]>
Четврт Меѓународен форум на креативни индустрии во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/chetvrt-megunaroden-forum-na-kreativni-industrii-vo-skopje/ Fri, 22 Nov 2024 12:35:00 +0000 https://republika.mk/?p=840818

Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии УМПАКИ Скопје во вторник (26 ноември) од 10 часот во едукативниот културен центар „Лабораториум“ го организира Четвртиот Меѓународен форум за креативни индустрии: Иновативноста и креативноста како капитал во креативната економија.
Форумот има за цел да ја истакне улогата на културата и креативноста како поттикнувачи на креативната економија, како и да ги анализира можностите што ги нудат иновациите и дигиталната трансформација.
Настанот ќе собере повеќе од 30 гости, различни засегнати страни, вклучувајќи претприемачи, иноватори, лидери во креативните индустрии, професори, граѓански организации, како и претставници од владини институции и меѓународни партнери.
Настанот ќе опфати повеќе теми и активности поврзани со креативните индустрии и нивниот придонес кон економскиот развој. Форумот ќе биде отворен со поздравни обраќања од претставници од донатори, владини официјални лица, меѓународни партнери и експерти од креативните индустрии. Оваа воведна сесија ќе ги постави насоките за понатамошни дискусии нагласувајќи ја улогата на креативноста и иновациите во глобалната економија.
Панел-дискусиите ќе се фокусираат на клучните аспекти на креативната економија. Во првиот панел, учесниците ќе дискутираат за главните бариери со кои се соочуваат малите и средните претпријатија при пристапот до глобалните пазари, а ќе се разгледаат и интервенциите што се потребни за градење капацитети и поттикнување инвестиции во креативните индустрии. На панелот ќе говорат извршната директорка на непрофитната организација Македонија 2025, Никица Мојсоска – Блажевски, Олимпија Христова Заевска, основачка на Елсон Солушнс и експерт за меѓународен бизнис и зелени финансии, Сања Лазаревска, основачка и директорка на брендот „Април22“ и Хејли Пеплер, креативен и културен стратег за Вест Мидлендс, Велика Британија.
Следниот панел ќе истражи како иновациите, дигиталните алатки, вештачката интелигенција и технолошките напредоци ги преобразуваат бизнис моделите во културните и креативните индустрии. На овој панел учесници се Артур Ле Гал, директор на „KEA European Affairs“ - интернационален политички истражувачки центар специјализиран за култура и креативни индустрии и за спорт, Анета Антова Пешева, претседателка на МАСИТ и основач на групацијата Ултра-Унет, Никола Додов, директор на ФИТР, Анис Сефиданис, проф. на Факултетот за машинска интелигенција и роботика во Охрид и Сузан Финеган, директорка на Culture Liverpool, Велика Британија.
Еден од клучните моменти ќе биде дискусијата за улогата на универзитетите и другите образовни институции во поддршката на креативната економија. Под модераторство на професорот на Економски факултет, Димитар Јовевски, ќе дискутираат Карлос Ваз де Карваљо (Универзитет Политехнико од Порто, Португалија), Ирис Цанај (Универзитет за арт Тирана и основач на НГО Доарт), Гордана Вренцоска (ФАД,Европски Универзитет), Димитар Трајанов (ФИНКИ) и Лејла Конвеј (London Legacy Development Corporation).
За правична компензација, права и финансиски можности во дигиталното доба ќе зборуваат Никола Секуловиќ (Коприва, Словенија), Ребека Буве (Auvibel, Белгија) и Криштоф ван Веренберх (Playright, Белгија).
Презентациите на иновативни модели од регионот и Европа ќе понудат практични примери на успешни иницијативи, како што се хабови, културни центри и пренаменети простори кои работат во интерес на креативната економија. Ана Илиќ, советничка за креативни индустрии на претседателката на Собранието и директор на националната платформа „Србија создава“, ќе го презентира проектот „Ложионица“, Беноа Гарет ќе го презентира креативниот хаб „Базар.Кооп“ од Лил, Франција, Бранимир Бане Жугиќ ќе го презентира креативниот центар во Котор, Црна Гора и Стефан Момиќ ќе зборува за пренамената на старата печатница на „Нова Македонија“ во денешен Лабораториум.
Во рамките на форумот, свои излагања и презентации ќе имаат и амбасадорката на Кралството Шведска во земјава, Ами Ларсон Џаин, претседателот на Македонската асоцијација за видео игри МГА, Гораст Цветковски, продуцентот Илија Тирицовски, креаторот на македонската видеоигра „Необичната приказна на Брајан Фишер“, Ристе Тутурески и Давид Ристовски од стрип заедницата „Парагонс“.
Форумот ќе заврши со сумирање на заклучоците од дискусиите, при што ќе бидат дадени конкретни препораки за политики и стратегии.

Претходниот ден, пак, на 25 ноември, во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“, ќе се одржи консултативна средба со претставници од секторот во соработка со Британскиот совет.
Настанот е поддржан од УНЕСКО преку проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ (Culture and Creativity for the Western Balkans), проект поддржан од Европската Унија кој има за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание, Министерството за култура и туризам, Британскиот совет, а во соработка со иницијативата „Србија создава“ и КЕА Брисел.

The post Четврт Меѓународен форум на креативни индустрии во Скопје appeared first on Република.

]]>

Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии УМПАКИ Скопје во вторник (26 ноември) од 10 часот во едукативниот културен центар „Лабораториум“ го организира Четвртиот Меѓународен форум за креативни индустрии: Иновативноста и креативноста како капитал во креативната економија. Форумот има за цел да ја истакне улогата на културата и креативноста како поттикнувачи на креативната економија, како и да ги анализира можностите што ги нудат иновациите и дигиталната трансформација. Настанот ќе собере повеќе од 30 гости, различни засегнати страни, вклучувајќи претприемачи, иноватори, лидери во креативните индустрии, професори, граѓански организации, како и претставници од владини институции и меѓународни партнери. Настанот ќе опфати повеќе теми и активности поврзани со креативните индустрии и нивниот придонес кон економскиот развој. Форумот ќе биде отворен со поздравни обраќања од претставници од донатори, владини официјални лица, меѓународни партнери и експерти од креативните индустрии. Оваа воведна сесија ќе ги постави насоките за понатамошни дискусии нагласувајќи ја улогата на креативноста и иновациите во глобалната економија. Панел-дискусиите ќе се фокусираат на клучните аспекти на креативната економија. Во првиот панел, учесниците ќе дискутираат за главните бариери со кои се соочуваат малите и средните претпријатија при пристапот до глобалните пазари, а ќе се разгледаат и интервенциите што се потребни за градење капацитети и поттикнување инвестиции во креативните индустрии. На панелот ќе говорат извршната директорка на непрофитната организација Македонија 2025, Никица Мојсоска – Блажевски, Олимпија Христова Заевска, основачка на Елсон Солушнс и експерт за меѓународен бизнис и зелени финансии, Сања Лазаревска, основачка и директорка на брендот „Април22“ и Хејли Пеплер, креативен и културен стратег за Вест Мидлендс, Велика Британија. Следниот панел ќе истражи како иновациите, дигиталните алатки, вештачката интелигенција и технолошките напредоци ги преобразуваат бизнис моделите во културните и креативните индустрии. На овој панел учесници се Артур Ле Гал, директор на „KEA European Affairs“ - интернационален политички истражувачки центар специјализиран за култура и креативни индустрии и за спорт, Анета Антова Пешева, претседателка на МАСИТ и основач на групацијата Ултра-Унет, Никола Додов, директор на ФИТР, Анис Сефиданис, проф. на Факултетот за машинска интелигенција и роботика во Охрид и Сузан Финеган, директорка на Culture Liverpool, Велика Британија. Еден од клучните моменти ќе биде дискусијата за улогата на универзитетите и другите образовни институции во поддршката на креативната економија. Под модераторство на професорот на Економски факултет, Димитар Јовевски, ќе дискутираат Карлос Ваз де Карваљо (Универзитет Политехнико од Порто, Португалија), Ирис Цанај (Универзитет за арт Тирана и основач на НГО Доарт), Гордана Вренцоска (ФАД,Европски Универзитет), Димитар Трајанов (ФИНКИ) и Лејла Конвеј (London Legacy Development Corporation). За правична компензација, права и финансиски можности во дигиталното доба ќе зборуваат Никола Секуловиќ (Коприва, Словенија), Ребека Буве (Auvibel, Белгија) и Криштоф ван Веренберх (Playright, Белгија). Презентациите на иновативни модели од регионот и Европа ќе понудат практични примери на успешни иницијативи, како што се хабови, културни центри и пренаменети простори кои работат во интерес на креативната економија. Ана Илиќ, советничка за креативни индустрии на претседателката на Собранието и директор на националната платформа „Србија создава“, ќе го презентира проектот „Ложионица“, Беноа Гарет ќе го презентира креативниот хаб „Базар.Кооп“ од Лил, Франција, Бранимир Бане Жугиќ ќе го презентира креативниот центар во Котор, Црна Гора и Стефан Момиќ ќе зборува за пренамената на старата печатница на „Нова Македонија“ во денешен Лабораториум. Во рамките на форумот, свои излагања и презентации ќе имаат и амбасадорката на Кралството Шведска во земјава, Ами Ларсон Џаин, претседателот на Македонската асоцијација за видео игри МГА, Гораст Цветковски, продуцентот Илија Тирицовски, креаторот на македонската видеоигра „Необичната приказна на Брајан Фишер“, Ристе Тутурески и Давид Ристовски од стрип заедницата „Парагонс“. Форумот ќе заврши со сумирање на заклучоците од дискусиите, при што ќе бидат дадени конкретни препораки за политики и стратегии. Претходниот ден, пак, на 25 ноември, во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“, ќе се одржи консултативна средба со претставници од секторот во соработка со Британскиот совет. Настанот е поддржан од УНЕСКО преку проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ (Culture and Creativity for the Western Balkans), проект поддржан од Европската Унија кој има за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание, Министерството за култура и туризам, Британскиот совет, а во соработка со иницијативата „Србија создава“ и КЕА Брисел.  

The post Четврт Меѓународен форум на креативни индустрии во Скопје appeared first on Република.

]]>
Премиерот Христијан Мицкоски ќе има панел и излагање на 20. Европски самит во Салцбург посветен на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/premierot-hristijan-mitskoski-ke-ima-panel-i-izlagane-na-20-evropski-samit-vo-saltsburg-posveten-na-eu/ Sun, 20 Oct 2024 16:06:01 +0000 https://republika.mk/?p=829179

Премиерот Христијан Мицкоски утре ќе има панел и излагање на 20. Европски самит во Салцбург посветен на Европската унија и реформите на овој пат.

Во воз на пат од Виена за Салцбург каде утре имам свој панел и излагање на 20тиот Европски самит во Салцбург посветен на Европската Унија и реформите на овој пат.

Имаме јасен план и визија и подготвеност да бидеме вреднувани според нашите напори и залагања.

Веќе следниот ден на средби во Австрија со австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг и претседателот на Австрија Александер Ван дер Белен.

Ги браниме македонските интереси и работиме за заедничката иднина, објави Мицкоски на социјаните мрежи.

The post Премиерот Христијан Мицкоски ќе има панел и излагање на 20. Европски самит во Салцбург посветен на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски утре ќе има панел и излагање на 20. Европски самит во Салцбург посветен на Европската унија и реформите на овој пат.
Во воз на пат од Виена за Салцбург каде утре имам свој панел и излагање на 20тиот Европски самит во Салцбург посветен на Европската Унија и реформите на овој пат. Имаме јасен план и визија и подготвеност да бидеме вреднувани според нашите напори и залагања. Веќе следниот ден на средби во Австрија со австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг и претседателот на Австрија Александер Ван дер Белен. Ги браниме македонските интереси и работиме за заедничката иднина, објави Мицкоски на социјаните мрежи.

The post Премиерот Христијан Мицкоски ќе има панел и излагање на 20. Европски самит во Салцбург посветен на ЕУ appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ во својата програма предвидува издвојување на 1% од БДП за наука, со што ќе создаде финансиска самодоверба на младите и развиени научници да едуцираат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-vo-svojata-programa-predviduva-izdvojuvane-na-1-od-bdp-za-nauka-so-shto-ke-sozdade-finansiska-samodoverba-na-mladite-i-razvieni-nauchnitsi-da-edutsiraat/ Sun, 10 Mar 2024 13:45:29 +0000 https://republika.mk/?p=753331

„Денеска имаме неадекватни механизми со кои може да ја создадеме оценката за квалитетот на апликативната наука. Во нашата програма по темелни анализи предвидовме Буџет кој ќе опфаќа 1% од БДП само за наука, покрај другите гранки во образованието, со ова ќе создадеме финансиска самодоверба на младите и на развиените научници кои ќе можат послободно да планираат, креираат, предлагаат и врз основа на нивните резултати да едуцираат“, кажа пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска на денешната трибина образовна платформа за иднина на тема „Нов концепт за развој на образованието“ во Куманово.

Таа продолжи и додаде дека во моментов развивањето и поттикнувањето на апликативната наука е еднакво на нула бидејќи се издвојува 0,8% од БДП.

„Она што е клучно е дека ние мораме да имаме во предвид дека преку одговорностите на валоризација на трудот на еден научник во Македонија ќе создадеме во 5 години минимум 10 исто толку кредибилни и квалитетни млади истражувачи кои потоа тој круг ќе го шират и на тој начин ќе успееме да ја постигнеме целта која ја предвидовме и во нашата програма за избори, а тоа е дека во овој мандат да се избориме барем 1 државен Универзитет или генерално Универзитет да биде дел од 1,000 Шангајска листа“, рече Василевска.

Таа истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди адекватни решенија со кои ќе се овозможи навистина луѓето да се ослободат од стегите на стравот и партизација.

„Почитувани колеги, бевте многу пати изманипулирани имавте многу тежок пат, тешко се преживува со лошите финансиски услови со кои сите бевме вреднувани во Република Македонија, особено овие 7 години тоа го осетивме сите. Ние уште во јануари со влегувањето во техничката влада покажавме дека можеме да ги поддржиме колегите, нашите универзитетски професори и научници и ви ветувам дека до крај ќе се бориме за вашето достоинство и просторот за работа кој мора да ви е дозволен и даден бидејќи вие несебично работите и со љубов се вложувате за идните генерации во Република Македонија“, заклучи Василевска.

The post ВМРО-ДПМНЕ во својата програма предвидува издвојување на 1% од БДП за наука, со што ќе создаде финансиска самодоверба на младите и развиени научници да едуцираат appeared first on Република.

ВО ЖИВО: Панел за претседателскиот кандидат пред конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-zhivo-panel-za-pretsedatelskiot-kandidat-pred-konventsijata-na-vmro-dpmne/ Sat, 02 Mar 2024 09:41:59 +0000 https://republika.mk/?p=750262

Во Македонска Филхармонија денеска ќе се одржи Конвенција за избор на кандидат за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ, насловена „Важно е! Лидерство што носи промени".

Настанот ќе започне со две последователни панел дискусии модерирани од членот на ИК и портпарол Марија Митева и портпаролот Наум Стоилковски.

Следете ја во живо првата дебата на тема: Претседател на народот, заштитник на сувереноста, Уставот и законите:

Учесници на дебатата се:
проф. д-р Тања Каракамишева
проф. д-р Александар Климовски
Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Иванка Василевска, пратеник

Втората девата ќе започне во 11:45 часот и ќе биде на тема: Претседател кој се грижи за одбраната и стратешките интереси на државата

Учесници на дебатата се:
Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
Игор Јанушев, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Дафина Стојаноска, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Во 13:15 часот ќе започне официјалниот дел на Конвенцијата, а по завршување на работата на работното претседателство согласно предвидениот дневен ред, свое обраќање ќе има кандидатот за Претседател, по што ќе следи двочасовна пауза за гласање.

По утврдување на изборот свое обраќање ќе има веќе избраниот кандидат на Конвенцијата и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

The post ВО ЖИВО: Панел за претседателскиот кандидат пред конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Во Македонска Филхармонија денеска ќе се одржи Конвенција за избор на кандидат за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ, насловена „Важно е! Лидерство што носи промени". Настанот ќе започне со две последователни панел дискусии модерирани од членот на ИК и портпарол Марија Митева и портпаролот Наум Стоилковски. Следете ја во живо првата дебата на тема: Претседател на народот, заштитник на сувереноста, Уставот и законите: Учесници на дебатата се: проф. д-р Тања Каракамишева проф. д-р Александар Климовски Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска, пратеник Втората девата ќе започне во 11:45 часот и ќе биде на тема: Претседател кој се грижи за одбраната и стратешките интереси на државата Учесници на дебатата се: Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Во 13:15 часот ќе започне официјалниот дел на Конвенцијата, а по завршување на работата на работното претседателство согласно предвидениот дневен ред, свое обраќање ќе има кандидатот за Претседател, по што ќе следи двочасовна пауза за гласање. По утврдување на изборот свое обраќање ќе има веќе избраниот кандидат на Конвенцијата и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.  

The post ВО ЖИВО: Панел за претседателскиот кандидат пред конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
Следете во живо: ВМРО-ДПМНЕ организира панел дискусија насловена „Ромите во Македонија во минатото и сега“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sledete-vo-zhivo-vmro-dpmne-organizira-panel-diskusija-naslovena-romite-vo-makedonija-vo-minatoto-i-sega/ Sat, 08 Apr 2023 11:23:33 +0000 https://republika.mk/?p=628672

Денес со почеток во 13 часот опозициската ВМРО-ДПМНЕ по повод Меѓународниот ден на Ромите ВМРО-ДПМНЕ организира панел дискусија насловена „Ромите во Македонија во минатото и сега“ во општинската зграда на Општина Бутел, на која свое обраќање ќе имаат:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,  Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Ерџан Демир, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Шуто Оризари и  Рамуш Муарем – Цирко, актер и водител.

https://www.youtube.com/watch?v=mG3LeZGK3s8

The post Следете во живо: ВМРО-ДПМНЕ организира панел дискусија насловена „Ромите во Македонија во минатото и сега“ appeared first on Република.

]]>

Денес со почеток во 13 часот опозициската ВМРО-ДПМНЕ по повод Меѓународниот ден на Ромите ВМРО-ДПМНЕ организира панел дискусија насловена „Ромите во Македонија во минатото и сега“ во општинската зграда на Општина Бутел, на која свое обраќање ќе имаат: Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,  Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Ерџан Демир, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Шуто Оризари и  Рамуш Муарем – Цирко, актер и водител. https://www.youtube.com/watch?v=mG3LeZGK3s8

The post Следете во живо: ВМРО-ДПМНЕ организира панел дискусија насловена „Ромите во Македонија во минатото и сега“ appeared first on Република.

]]>
Дабиќ: Последните 7-8 години во МНР се делат на два периоди – масовно впумпување на партиски кадри и масовно унапредување на тие кадри преку злоупотреба на дискреционото право https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dabik-poslednite-7-8-godini-vo-mnr-se-delat-na-dva-periodi-masovno-vpumpuvane-na-partiski-kadri-i-masovno-unapreduvane-na-tie-kadri-preku-zloupotreba-na-diskretsionoto-pravo/ Sun, 26 Mar 2023 11:58:52 +0000 https://republika.mk/?p=623808

На денешната панел дискусија на тема „Алармантните состојби во македонската дипломатија“ обраќање имаше и амбасадорот и претседател на Македонски дипломатски синдикат Зоран Дабиќ кој зборуваше за шемата по која во МНР се прават унапредувања на поединци без никаква законска основа и за тоа како тие како синдикат се справуваат со оваа негативна појава.

Тој потенцираше дека последните 7-8 години би можеле да се поделат во два периоди, односно дека во првиот период се вршеше масовно вработување на партиски кадри, а во вториот се врши унапредување на истите тие кадри.

„Справувањето оди многу тешко бидејќи директна комуникација практично и немаме со раководството, тоа е нивен став. Можеби еднаш неделно во овие четири години ние укажуваме секојпат на нешто, бараме да бидеме партнери, бараме да соработуваме, но комуникација од нивна страна нема. Она што во врска со вашето прашање би можел да го констатирам е дека последните 7-8 години би ги поделил на два периода. Првиот период е на масовно впумпување на партиски кадри во МНР, а вториот период, последните неколку години, масовно унапредување на истите тие кадри. Дури кко синдикат утврдивме одредени параметри и начини како тоа се прави и е многу едноставно. Во минатото имавме неколку национални координатори за одредени области, но сега има неколку десетици позиции на национални координатори кои веројатно се користат пред се за унапредување“, истакна Дабиќ.

Тој исто така ја објасни и шемата која се злоупотребува за брзо унапредување на одредени лица во МНР, иако во дипломатијата исто како во војската треба да има периоди од кариерата во која се стекнува одреден чин.

„Системот е едноставен. На одреденото лице кое сакате да го унапредите му давате функција национален координатор за некоја област и автоматски поради титулата добива едно звање, унапредување и после три месеци таа титула му се одзема и се дава на друг за да иде истиот систем, а него по дискреционо право му се дава второто звање. Дискреционото право е нешто што по исклучок треба да се прави, меѓутоа се користи во овој врзан систем за двојни унапредувања. И така имате ситуации во кои буквално за една година од низок ранг дипломати добивате среден ранг дипломати, или пак други дипломати од среден ранг во највисок ранг дипломати, иако во дипломатијата исто како во војската има периоди за секој во војска чин или за секое звање, три четири години мора да бидете поручник, па мајор, па капетан. Овој е само еден од начините како тоа правило се заобиколува“, појасни Дабиќ.

Дабиќ исто така збореше и за претседавањето со ОБСЕ кое според него треба да се искористи за меѓу приоритетите да има и теми за национална промоција, но за жал тоа не се прави и се губи голема шанса која нема да се повтори.

„Претседавањето со ОБСЕ е значајна работа, но не и до тие димензии кои се проектираа во јавноста од нашето раководство. Тоа е можност за некоја земја да даде, на два фронта би рекол, придонес на глобалните светски трендови и тука секако би биле по влијателн поголемите земји, но и да се искористи претседавањето за промоција на некои свои национални приоритети, но тоа еве третиот месец изминува и гледаме дека не се случува. Ние како синдикат и како дипломати поединци во разни прилики укажувавме дека при формулирање на приоритетите, а секое претседавање има обично 5-6 приоритети, би било добро да се опфати и тема, не директно како наш проблем, туку како поширок проблем еве на пример нашето закочување од страна на Бугарија. Да се отвори тема и да се даде придонес за подлабоко разгледување на состојбите со малцинствата што е впрочем и една од функциите на ОБСЕ. Третата димензија, човековата димензија е директно врзана со тоа. Јас колегијално имам сознанија дека тоа нема да се случи, што ми е многу жал бидејќи пропуштаме една голема шанса, особено имајќи предвид дека оваа шанса нема да се повтори“, додаде Дабиќ.

The post Дабиќ: Последните 7-8 години во МНР се делат на два периоди – масовно впумпување на партиски кадри и масовно унапредување на тие кадри преку злоупотреба на дискреционото право appeared first on Република.

Османи: Времето ќе покаже дека е правилна и стратешка одлуката за старт на преговорите со ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-vremeto-kje-pokaze-deka-e-pravilna-i-strateshka-odlukata-za-start-na-pregovorite-so-eu/ Wed, 31 Aug 2022 07:21:02 +0000 https://republika.mk/?p=545930

Привилегиран и среќен сум што претставувам земја, која конечно преговара со ЕУ и морам да кажам дека кредибилитетот на ЕУ во регионот е зачуван во последен момент, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи во обраќањето на панелот „ЕУ и Западниот Балкан: кој е подготвен?“ одржан во рамки на Бледскиот стратешки форум.

Секако, не се согласуваат сите во Македонија или пошироко надвор од Македонија, велат дека моравме да платиме висока цена за почеток на пристапните преговори, но како што реков неодамна, времето ќе покаже дека оваа одлука била правилна, стратешка и уште еднаш покажа дека Македонија покажува континуирана будност кон дијалогот, кон културата на компромис, кон стратегиското одлучување и регионалната одговорност, нагласи Османи.

Тој потсети дека земјата 17 години беше заглавена во „зоната на самракот“ во статус на кандидат за членство, иако јасно покажа дека може да е пример за другите земји, за уникатна мултиетнича демократија и за компромисно решавање на проблемите.

На панелот обраќања имаа и заменик помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар, министрите за надворешни работи на Косово Доника Гервала Шварц, на Црна Гора Ранко Кривокапиќ и на БиХ Бисера Турковиќ, специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина Мирослав Лајчак, високиот претставник за БиХ Кристијан Шмид и Зоран Нечев од Институтот за демократија Социетас цивилис – Скопје.

Панелистите дебатираа за иднината на Западниот Балкан, која инхерентно е поврзана со европските и евро-атлантските структури, особено во светло на новата геополитичка реалност, актуелните безбедносни ризици кои произлегуваат од руската агресија врз Украина и нужноста од ефектуирање на проектираната амбиција на ЕУ како глобален актер, соопшти МНР.

The post Османи: Времето ќе покаже дека е правилна и стратешка одлуката за старт на преговорите со ЕУ appeared first on Република.

]]>

Привилегиран и среќен сум што претставувам земја, која конечно преговара со ЕУ и морам да кажам дека кредибилитетот на ЕУ во регионот е зачуван во последен момент, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи во обраќањето на панелот „ЕУ и Западниот Балкан: кој е подготвен?“ одржан во рамки на Бледскиот стратешки форум.
Секако, не се согласуваат сите во Македонија или пошироко надвор од Македонија, велат дека моравме да платиме висока цена за почеток на пристапните преговори, но како што реков неодамна, времето ќе покаже дека оваа одлука била правилна, стратешка и уште еднаш покажа дека Македонија покажува континуирана будност кон дијалогот, кон културата на компромис, кон стратегиското одлучување и регионалната одговорност, нагласи Османи.
Тој потсети дека земјата 17 години беше заглавена во „зоната на самракот“ во статус на кандидат за членство, иако јасно покажа дека може да е пример за другите земји, за уникатна мултиетнича демократија и за компромисно решавање на проблемите. На панелот обраќања имаа и заменик помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар, министрите за надворешни работи на Косово Доника Гервала Шварц, на Црна Гора Ранко Кривокапиќ и на БиХ Бисера Турковиќ, специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина Мирослав Лајчак, високиот претставник за БиХ Кристијан Шмид и Зоран Нечев од Институтот за демократија Социетас цивилис – Скопје. Панелистите дебатираа за иднината на Западниот Балкан, која инхерентно е поврзана со европските и евро-атлантските структури, особено во светло на новата геополитичка реалност, актуелните безбедносни ризици кои произлегуваат од руската агресија врз Украина и нужноста од ефектуирање на проектираната амбиција на ЕУ како глобален актер, соопшти МНР.

The post Османи: Времето ќе покаже дека е правилна и стратешка одлуката за старт на преговорите со ЕУ appeared first on Република.

]]>