Панди Јани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pandi-jani/ За подобро да се разбереме Tue, 02 Jul 2024 18:40:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Панди Јани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pandi-jani/ 32 32 Средба на Љутков со македонскиот активист Панди Јани https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/sredba-na-lutkov-so-makedonskiot-aktivist-pandi-jani/ Tue, 02 Jul 2024 18:47:46 +0000 https://republika.mk/?p=792869

Активистот за правата на Македонците во Албанија, Панди Јани и претседател на огранокот на Партијата на слободата, на поранешниот албански претседател Илир Мета за Мала Преспа, остварил средба со македонскиот министер за култура и туризам Зоран Љутков.

-Ми беше чест да остварам средба со министерот за култура и туризам на Република Македонија, Зоран Љутков, на која разговаравме за актуелните проблеми со кои се соочуваат Македонците во Република Албанија. Го посетиле музејот на познатиот албански писател со македонско потекло, Стерјо Спасе, во неговото родно Глобочани, напиша Јани во објавата на Фејсбук.

Заедно со други претставници од Општина Пустец, како и поранешниот градоначалник Едмонд Темелко, присуствувале на промоцијата на книгата „Македонското традиционално пеење во Мала Преспа, Гора и Голобрдо“ од авторот Андријана Јаневска.

-Оваа средба и промоција беа важен чекор во промовирањето и зачувувањето на македонската култура и традиција на Македонците во Република Албанија. Вакви и слични настани се повеќе од потреба за македонското население не само во Мала Преспа туки и низ цела Албанија, наведува Панди Јани.

Министерот Љутков синоќа го означи за отворен традиционалниот фестивал „Македонско културно лето 2024".

The post Средба на Љутков со македонскиот активист Панди Јани appeared first on Република.

]]>

Разговарале за идни заеднички проекти: Градоначалникот на Ресен во посета на Мала Преспа, за поддршка на Панди Јани за градоначалник https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/razgovarale-za-idni-zaednichki-proekti-gradonachalnikot-na-resen-vo-poseta-na-mala-prespa-za-poddrshka-na-pandi-jani-za-gradonachalnik/ Sat, 06 May 2023 18:19:08 +0000 https://republika.mk/?p=637780

Градоначалникот на општина Ресен, Јован Тозиевски, беше во посета на Мала Преспа, каде што се сретнал со кандидатот за градоначалник на Пустец, Панди Јани.

Денеска ја имавме честа, Мала Преспа да ја посети мојот драг пријател и градоначалник на Ресен Јован Тозиевски. Направивме мала прошетка низ неколку села, при што заеднички констатиравме дека Мала Преспа има голем потенцијал, исто како ресенската, но потребен е труд и многу работа, објави на фејсбук, Панди Јани, кандидат за градоначалник на Пустец.

Тој изразува голема благодарност за искажаната поддршка од страна на Тозиевски и ветува дека со заеднички добро изработени проекти, Мала Преспа ќе ја издигне на местото кое го заслужува.

Почитувани браќа и сестри Македонци, меѓу другото сакам да ви го честитам христијанскиот празник Св.Ѓорѓи- Ѓурѓовден, нека дава здравје, среќа и бериќет. Промените доаѓаат, Мала Преспа заслужува подобро. Гласајте за победничкиот број, бројот 1. Да сте живи и здрави, стои во објавата.

Тозиевски заедно со домаќините го посетил и музејот „Стерјо Спасе“ во село Глобочани, пред чие спомен обележје оддал почит, како и црквата „Свети Архангел и Михаил“ во Пустец.

The post Разговарале за идни заеднички проекти: Градоначалникот на Ресен во посета на Мала Преспа, за поддршка на Панди Јани за градоначалник appeared first on Република.