Пандев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pandev/ За подобро да се разбереме Sun, 08 Sep 2024 17:55:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Пандев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pandev/ 32 32 Пандев побара неотповикливи оставки од Сејдини и Милевски: Чашата е прелеана https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/pandev-pobara-neotpoviklivi-ostavki-od-sejdini-i-milevski-chashata-e-preleana/ Sun, 08 Sep 2024 12:29:45 +0000 https://republika.mk/?p=814380

Најдобриот стрелец во историјата на македонскиот репрезентативен фудбал и поранешен долгогодишен капитен Горан Пандев оцени дека вчерашниот резултат на македонската репрезентација против Фарски острови (1-1) е „понижувачки, кој ја прелеа чашата“ и ги повика претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини и селекторот Благоја Милевски, да поднесат неотповикливи оставки.

„Имам порака до Мухамед Сејдини. Пред точно шес години во Гибралтар му дадов поддршка затоа што имаше визија, сакаше да соработува. Но, тој Мети и овој сега, не се исти личности. Неколку месеци пред Европското првенство тој фати друг курс, почна да се дружи и да слуша совети од погрешни личности. Го изгуби компасот и затоа сега ни се случува колапс. Да си оди како човек, а не како кукавица и тоа што поскоро без разлика на тоа што мандатот му истекува во март. Одењето ќе биде добро за фудбалот, но и за него лично, затоа што луѓето кои сега му се соработници и советници го водат и него и фудбалот во пропаст, изјави Пандев во интервју за порталот Спортспорт.

Македонската репрезентација е во серија од седум натпревари без победа, за што, според Пандев, селекторот Милевски мора да преземе лична одговорност.

„Односот на теренот и изборот на Милевски за некои фудбалери е понижувачки за сите кои работиме во фудбалот и кои инвестираме во фудбалот во Македонија. Замислете Фарските острови во поголемиот дел од средбата ни покажа како треба да се игра, како да се контролира играта и да се создаваат шанси. Да, имавме зицер преку Чурлинов и Ќамили, но и тие имаа прилики за 2:1. За нив играше фудбалер во нападот, кој е резерва кај нас во Шкупи. Се е кажано! Не знам што е добро, каде е напредокот и како ќе играме во иднина кога работите се испуштени од контрола, чашата е прелиена и мора да се стави крај на сето ова“, посочи Пандев.

Легендата на македонскиот фудбал обелодени дела е вклучен во тимот за промени во македонскиот фудбал.

„Да, ја сакам и поддржувам промени. Пред неколку недели имав средба со Масар Омерагиќ и му кажав дека му стојам на располагање. Знам дека тој ќе оди во трката за претседател на ФФМ, место за кое се избори уште пред 12 години и место кое насилно му беше одземено. Покрај мене знам дека со него се и Агим Ибраими, Ѓорѓи Христов и уште десетина други докажани фудбалски имиња од земјава. Промени ќе има, што поскоро тоа е подобро за сите“, изјави Пандев.

The post Пандев побара неотповикливи оставки од Сејдини и Милевски: Чашата е прелеана appeared first on Република.

]]>

Пандев: Што да разговарам со Сејдини, кога не разбира ништо за фудбал! https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/pandev-shto-da-razgovaram-so-sejdini-koga-ne-razbira-nishto-za-fudbal/ Tue, 21 Mar 2023 11:57:02 +0000 https://republika.mk/?p=622017

Како и што да разговарам човекот (Муамед Сејдини – претседателот на ФФМ н.з.), кога не разбира фудбал, му одговори македонската легенда Горан Пандев на легендарниот хрватски фудбалер Марио Станиќ, сега во улога на новинар, во емисијата „(Не)успех првака“ на регионалната „Арена Спорт“ на прашањето какви се сега односите на рекордерот на Македонија со раководството на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Пандев уште пред историскиот настап на Еуро 2020 е во „војна“ со ФФМ, постојано критикувајќи го раководството за фудбалското неработење и исклучиво личните интереси, па калчо-иконата која лани во септември замина во фудбалска пензија, посочи дека веќе подолг период ја кажува реалноста за состојбите во македонскиот фудбал.

„Односите се катастрофално лоши. Јас и пред Европското првенство кажував што мислам за ФФМ, дека организацијата е катастрофа… Ние отидовме на Европско со стари дресови десет години, мене од Италија ми бараа дресови, не знаев што да им кажам. Маркетингот ужас. Мислев со пласманот ќе се сменат многу работи, дека ќе се инвестира во развој, ама ништо… Сѐ за лични интереси, нас во Прва лига ни се откажува клуб пред почеток на сезона. Како да зборувам со човек кој не разбира фудбал? Едноставно не разбира. Никако не ми е сфатливо, никој од легендите како Митко Стојковски, Дарко Панчев, Милко и Бошко Ѓуровски, Чеде Јаневскии…, ама баш никој да не е во ФФМ“, рече Пандев.

Легендата на македонскиот фудбал со 122 настапи и 38 гола посочи и дека најтешка одлука во кариерата му била откажувањето од националниот дрес во еден период од 2014 до 2016 година, после што се врати, повторувајќи дека „менаџерските шеми“ го натерале да се повлече од националниот дрес.

„Јас плачев за Македонија, а гледав што се сѐ случува. Гледаш менаџери работат, нешто што никогаш не можев да прифатам, дека мора некој да игра за да биде продаден. Како може тоа да го гарантираш. Десет пати зборував со претседателот, да играат најдобрите, ама сѐ беше хаос. Тотална катастрофа, ништо не функционираше, секој циклус нов селектор, а во еден циклус играа 50 фудбалери. Ние Италија ли сме? Mи велеа – ти само одработи го своето. Но, не можев и тоа откажување ми беше најтешката одлука во животот. После се сменија некои работи, прв Љубинко Друловиќ ме бараше да се вратам, но не бев подготвен, а потоа по разговорот со Игор Ангеловски се вратив. Се вратив зашто почнаа да ги почитуваат А-репрезентативците, зашто претходно менувавме по четири авиони. Едноставно мора да се почитуваат играчите, па почнавме да одиме со чартери. Јас претходно не можев по четири дена да се соземам, додека играв во Лацио, Делио Роси ми велеше: ‘Ти после настап за Македонија, цел месец не може да дојдеш при себе’“, додаде Пандев.

The post Пандев: Што да разговарам со Сејдини, кога не разбира ништо за фудбал! appeared first on Република.

]]>

Како и што да разговарам човекот (Муамед Сејдини – претседателот на ФФМ н.з.), кога не разбира фудбал, му одговори македонската легенда Горан Пандев на легендарниот хрватски фудбалер Марио Станиќ, сега во улога на новинар, во емисијата „(Не)успех првака“ на регионалната „Арена Спорт“ на прашањето какви се сега односите на рекордерот на Македонија со раководството на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Пандев уште пред историскиот настап на Еуро 2020 е во „војна“ со ФФМ, постојано критикувајќи го раководството за фудбалското неработење и исклучиво личните интереси, па калчо-иконата која лани во септември замина во фудбалска пензија, посочи дека веќе подолг период ја кажува реалноста за состојбите во македонскиот фудбал. „Односите се катастрофално лоши. Јас и пред Европското првенство кажував што мислам за ФФМ, дека организацијата е катастрофа… Ние отидовме на Европско со стари дресови десет години, мене од Италија ми бараа дресови, не знаев што да им кажам. Маркетингот ужас. Мислев со пласманот ќе се сменат многу работи, дека ќе се инвестира во развој, ама ништо… Сѐ за лични интереси, нас во Прва лига ни се откажува клуб пред почеток на сезона. Како да зборувам со човек кој не разбира фудбал? Едноставно не разбира. Никако не ми е сфатливо, никој од легендите како Митко Стојковски, Дарко Панчев, Милко и Бошко Ѓуровски, Чеде Јаневскии…, ама баш никој да не е во ФФМ“, рече Пандев. Легендата на македонскиот фудбал со 122 настапи и 38 гола посочи и дека најтешка одлука во кариерата му била откажувањето од националниот дрес во еден период од 2014 до 2016 година, после што се врати, повторувајќи дека „менаџерските шеми“ го натерале да се повлече од националниот дрес. „Јас плачев за Македонија, а гледав што се сѐ случува. Гледаш менаџери работат, нешто што никогаш не можев да прифатам, дека мора некој да игра за да биде продаден. Како може тоа да го гарантираш. Десет пати зборував со претседателот, да играат најдобрите, ама сѐ беше хаос. Тотална катастрофа, ништо не функционираше, секој циклус нов селектор, а во еден циклус играа 50 фудбалери. Ние Италија ли сме? Mи велеа – ти само одработи го своето. Но, не можев и тоа откажување ми беше најтешката одлука во животот. После се сменија некои работи, прв Љубинко Друловиќ ме бараше да се вратам, но не бев подготвен, а потоа по разговорот со Игор Ангеловски се вратив. Се вратив зашто почнаа да ги почитуваат А-репрезентативците, зашто претходно менувавме по четири авиони. Едноставно мора да се почитуваат играчите, па почнавме да одиме со чартери. Јас претходно не можев по четири дена да се соземам, додека играв во Лацио, Делио Роси ми велеше: ‘Ти после настап за Македонија, цел месец не може да дојдеш при себе’“, додаде Пандев.

The post Пандев: Што да разговарам со Сејдини, кога не разбира ништо за фудбал! appeared first on Република.

]]>