пандемија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pandemija/ За подобро да се разбереме Sat, 01 Jun 2024 08:17:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пандемија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pandemija/ 32 32 Шокантна изјава на Џефри Сакс во интервју со Такер Карлсон: Ни следи и друга пандемија, зашто производството на вештачки вируси во био лабораториите не е запрено https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shokantna-izjava-na-dhefri-saks-vo-intervju-so-taker-karlson-ni-sledi-i-druga-pandemija-zashto-proizvodstvoto-na-veshtachki-virusi-vo-bio-laboratoriite-ne-e-zapreno/ Sat, 01 Jun 2024 10:57:15 +0000 https://republika.mk/?p=783771

Од интервјуто на Џефри Сакас за Такер Карлсон, во кое зборуваат за Ковид пандемијата и и за идните пандемии кои според Сакс сигурно следат, зашто противодството на вештачки вируси во био лабораториите не е запрено.

Минатата недела, група од многу славни виролози повикаа на повлекување на ова (мисли на лабораториското „играње“ со вирусите, н.з.). Јас повикав да се повлече бидејќи тоа е директна измама. Добиваме пораки на Slack, email итн. кои велат: „Јас навистина не верувам во ова“. Со други зборови, јасно е дека се работи за измама (за потеклото на САРС КОВ 2 вирусот, н.з.). Сепак, тие сеуште не превземаат ништо околу тоа, рече Сакс.

Такер Карлсон вели оти има многу дебата за договор околу пандемијата. Многу земји и организации разговараат за тоа, како што добро знаете. Како можеме да се подготвиме за нова пандемија без да го утврдиме потеклото на последната?

Веројатно ќе се соочиме со уште една пандемија ако таа излезе од лабораторија. Тие сè уште го спроведуваат ова истражување. Не е како да ја сфатиле својата грешка и престанале со истражувањето. Овој тип на истражување сè уште се случува на многу места. Интересно е тоа што минатата година, Универзитетот во Бостон објави труд заснован на gain-of-function истражување со манипулирање со САРС-КоВ-2. Националниот институт за здравје објави дека тие не побарале одобрение пред да го спроведат експериментот. Универзитетот во Бостон одговори дека тие не треба да бараат одобрение бидејќи тоа не е дел од грант од Националниот институт; истражувањето го спроведувале самостојно. Оваа ситуација укажува на значаен проблем: ако универзитетот мисли дека може да прави што сака и ако Националниот институт има поинакво мислење, немаме јасни правила со кои се регулира работата со опасни патогени. Овој недостаток на надзор може да доведе до друга пандемија. Министерството за одбрана и прашањата за доверливост значат дека не знаеме кој е надзор на ова истражување. Истражниот комитет на Претставничкиот дом се обидува да открие дел од овие информации. Првично, демократите го опколија Фаучи и одбија да го разгледаат тоа, отфрлајќи го како републиканска ујдиурма. Сепак, разбирањето на потеклото на вирусот не треба да биде партиско прашање. Сега, се чини дека некои демократи во Домот почнаа да се освестуваат, но Сенатот беше целосно партизиран некое време. Републиканците можеа да истражуваат во Домот, но Сенатот, контролиран од демократите, рече не. Сенаторот Ренд Пол ме замоли да се сретнам со неговиот колега, сенаторот Питерс, претседател на комисијата. Сега, има раздвижување во Сенатот бидејќи итноста да се дознае што се случи станува е се поочигледна, одговори Сакс.

https://www.youtube.com/watch?v=XsZ5CY-ZzyA&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fdenesen.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Шокантна изјава на Џефри Сакс во интервју со Такер Карлсон: Ни следи и друга пандемија, зашто производството на вештачки вируси во био лабораториите не е запрено appeared first on Република.

]]>

Од интервјуто на Џефри Сакас за Такер Карлсон, во кое зборуваат за Ковид пандемијата и и за идните пандемии кои според Сакс сигурно следат, зашто противодството на вештачки вируси во био лабораториите не е запрено.
Минатата недела, група од многу славни виролози повикаа на повлекување на ова (мисли на лабораториското „играње“ со вирусите, н.з.). Јас повикав да се повлече бидејќи тоа е директна измама. Добиваме пораки на Slack, email итн. кои велат: „Јас навистина не верувам во ова“. Со други зборови, јасно е дека се работи за измама (за потеклото на САРС КОВ 2 вирусот, н.з.). Сепак, тие сеуште не превземаат ништо околу тоа, рече Сакс.
Такер Карлсон вели оти има многу дебата за договор околу пандемијата. Многу земји и организации разговараат за тоа, како што добро знаете. Како можеме да се подготвиме за нова пандемија без да го утврдиме потеклото на последната?
Веројатно ќе се соочиме со уште една пандемија ако таа излезе од лабораторија. Тие сè уште го спроведуваат ова истражување. Не е како да ја сфатиле својата грешка и престанале со истражувањето. Овој тип на истражување сè уште се случува на многу места. Интересно е тоа што минатата година, Универзитетот во Бостон објави труд заснован на gain-of-function истражување со манипулирање со САРС-КоВ-2. Националниот институт за здравје објави дека тие не побарале одобрение пред да го спроведат експериментот. Универзитетот во Бостон одговори дека тие не треба да бараат одобрение бидејќи тоа не е дел од грант од Националниот институт; истражувањето го спроведувале самостојно. Оваа ситуација укажува на значаен проблем: ако универзитетот мисли дека може да прави што сака и ако Националниот институт има поинакво мислење, немаме јасни правила со кои се регулира работата со опасни патогени. Овој недостаток на надзор може да доведе до друга пандемија. Министерството за одбрана и прашањата за доверливост значат дека не знаеме кој е надзор на ова истражување. Истражниот комитет на Претставничкиот дом се обидува да открие дел од овие информации. Првично, демократите го опколија Фаучи и одбија да го разгледаат тоа, отфрлајќи го како републиканска ујдиурма. Сепак, разбирањето на потеклото на вирусот не треба да биде партиско прашање. Сега, се чини дека некои демократи во Домот почнаа да се освестуваат, но Сенатот беше целосно партизиран некое време. Републиканците можеа да истражуваат во Домот, но Сенатот, контролиран од демократите, рече не. Сенаторот Ренд Пол ме замоли да се сретнам со неговиот колега, сенаторот Питерс, претседател на комисијата. Сега, има раздвижување во Сенатот бидејќи итноста да се дознае што се случи станува е се поочигледна, одговори Сакс.
https://www.youtube.com/watch?v=XsZ5CY-ZzyA&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fdenesen.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Шокантна изјава на Џефри Сакс во интервју со Такер Карлсон: Ни следи и друга пандемија, зашто производството на вештачки вируси во био лабораториите не е запрено appeared first on Република.

]]>
Пандемијата на коронавирусот го скрати животниот век за две години https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/pandemijata-na-koronavirusot-go-skrati-zhivotniot-vek-za-dve-godini/ Thu, 11 Apr 2024 09:44:00 +0000 https://republika.mk/?p=764864

Пандемијата на коронавирусот која го зафати светот во 2020 години го скрати животниот век за околу две години, покажаа некои истражувања. Според последните податоци, стапката на смртност е зголемена за 22 отсто кај мажите и за 17 отсто кај жените.

Постковид-период може на многу начини да го уништи нашето тело.

Меѓу најчестите постковид-симптоми се: забрзано чукање на срцето, чувство на прескокнување на ритамот на срцето, отежнато дишење, задушување, премаленост и замор, синдром на хроничен замор, варијации на крвниот притисок, зголемена анксиозност, чести главоболки и вртоглавица, губење на слухот, зголемено потење.

Меѓу најопасните болести што се јавуваат во овој постковид-период, особено кај луѓе што веќе имале слабости на еден од системите во телото, се: оштетување на белите дробови, оштетување на срцето, оштетување на бубрезите, оштетување на мозокот. Исто така, како последица на ковид-19 се појавуваат и продолжена премаленост, болки во зглобовите, болки во градите, отежнато дишење, астма, срцеви заболувања, деменција…

Ковид-19 може да предизвика и астма или да им ја „врати“ на возрасните што ја имале во детството. Кај некои луѓе што имале коронавирус пред повеќе од една година, кашлицата што се појавувала повремено почнувала да станува посилна, а некои од нив добиле и дијагноза на астма.

Аритмиите се меѓу симптомите по инфекција со коронавирус, кои предупредуваат дека е време пациентот да оди на лекар.

Во периодот по долгиот ковид, некои луѓе развиле и невролошки проблеми. Има примери на луѓе што биле во почетна фаза на деменција, кој кои се забрзала болеста, а голем број луѓе се жалеле дека имаат проблеми со меморијата, дека станале заборавени, расеани и деконцентрирани. Дијагнозите што се јавуваат две години по коронавирусот се разликуваат во однос на возраста на луѓето, па деменцијата, мозочните удари и мозочната магла се најчести кај возрасните над 65 години, а мозочната магла кај оние меѓу 18 и 64-годишна возраст, додека епилепсиите и психотичните нарушувања се најчести кај најмладите, односно кај децата.

Експертите забележале дека меѓу долготрајните симптоми на ковид-19 е и опаѓањето на косата.

 

The post Пандемијата на коронавирусот го скрати животниот век за две години appeared first on Република.

]]>

Пандемијата на коронавирусот која го зафати светот во 2020 години го скрати животниот век за околу две години, покажаа некои истражувања. Според последните податоци, стапката на смртност е зголемена за 22 отсто кај мажите и за 17 отсто кај жените. Постковид-период може на многу начини да го уништи нашето тело. Меѓу најчестите постковид-симптоми се: забрзано чукање на срцето, чувство на прескокнување на ритамот на срцето, отежнато дишење, задушување, премаленост и замор, синдром на хроничен замор, варијации на крвниот притисок, зголемена анксиозност, чести главоболки и вртоглавица, губење на слухот, зголемено потење. Меѓу најопасните болести што се јавуваат во овој постковид-период, особено кај луѓе што веќе имале слабости на еден од системите во телото, се: оштетување на белите дробови, оштетување на срцето, оштетување на бубрезите, оштетување на мозокот. Исто така, како последица на ковид-19 се појавуваат и продолжена премаленост, болки во зглобовите, болки во градите, отежнато дишење, астма, срцеви заболувања, деменција… Ковид-19 може да предизвика и астма или да им ја „врати“ на возрасните што ја имале во детството. Кај некои луѓе што имале коронавирус пред повеќе од една година, кашлицата што се појавувала повремено почнувала да станува посилна, а некои од нив добиле и дијагноза на астма. Аритмиите се меѓу симптомите по инфекција со коронавирус, кои предупредуваат дека е време пациентот да оди на лекар. Во периодот по долгиот ковид, некои луѓе развиле и невролошки проблеми. Има примери на луѓе што биле во почетна фаза на деменција, кој кои се забрзала болеста, а голем број луѓе се жалеле дека имаат проблеми со меморијата, дека станале заборавени, расеани и деконцентрирани. Дијагнозите што се јавуваат две години по коронавирусот се разликуваат во однос на возраста на луѓето, па деменцијата, мозочните удари и мозочната магла се најчести кај возрасните над 65 години, а мозочната магла кај оние меѓу 18 и 64-годишна возраст, додека епилепсиите и психотичните нарушувања се најчести кај најмладите, односно кај децата. Експертите забележале дека меѓу долготрајните симптоми на ковид-19 е и опаѓањето на косата.  

The post Пандемијата на коронавирусот го скрати животниот век за две години appeared first on Република.

]]>
СЗО: Неизбежно ќе се појави нова пандемија, не е прашање дали ќе се случи, туку кога https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/szo-neizbezhno-ke-se-pojavi-nova-pandemija-ne-e-prashane-dali-ke-se-sluchi-tuku-koga/ Tue, 07 Nov 2023 11:20:21 +0000 https://republika.mk/?p=699141

Според генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус, неизбежно е да се појави следната голема пандемија.

Неизбежно ќе се појави нова пандемија во иднина и меѓународната заедница треба да се подготви да одговори на таа закана. Не е прашање дали ќе се случи, туку кога, и не можеме да си дозволиме да ги повториме грешките од минатото. е причината зошто земјите-членки на СЗО преговараат за нов договор за пандемија и измени на Меѓународните здравствени регулативи за зајакнување на правната рамка за глобален одговор на пандемии, рече генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус на крајот на октомври.

 

The post СЗО: Неизбежно ќе се појави нова пандемија, не е прашање дали ќе се случи, туку кога appeared first on Република.

]]>

Според генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус, неизбежно е да се појави следната голема пандемија.
Неизбежно ќе се појави нова пандемија во иднина и меѓународната заедница треба да се подготви да одговори на таа закана. Не е прашање дали ќе се случи, туку кога, и не можеме да си дозволиме да ги повториме грешките од минатото. е причината зошто земјите-членки на СЗО преговараат за нов договор за пандемија и измени на Меѓународните здравствени регулативи за зајакнување на правната рамка за глобален одговор на пандемии, рече генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус на крајот на октомври.
 

The post СЗО: Неизбежно ќе се појави нова пандемија, не е прашање дали ќе се случи, туку кога appeared first on Република.

]]>
Руската војска обвинува дека САД се подготвуваат за нова пандемија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruskata-vojska-obvinuva-deka-sad-se-podgotvuvaat-za-nova-pandemija/ Wed, 16 Aug 2023 11:06:12 +0000 https://republika.mk/?p=672690

Соединетите Американски Држави ги започнаа подготовките за нова пандемија барајќи мутации на вируси, изјавил шефот на силите за радијациона, хемиска и биолошка заштита на руските вооружени сили, генерал-полковник Игор Кирилов.

Тој посочил дека тоа може да се заклучи од фактот што САД формираа Управа за подготвеност за пандемија и политика на одговор, со кој раководат специјалниот помошник на претседателот и виш директор за глобална здравствена безбедност и биосигурност во Националниот совет за безбедност, генерал-мајор во пензија Пол Фридрихс.

Меѓу приоритетните насоки на оваа управа е работата на создавање вакцини и препарати за прегрупирање на вируси и нивни генетски модифицирани варијанти, како и имплементација на напредни технологии во биопроизводството. Со тоа, САД, како и во 2019 година, почнаа да се подготвуваат за нова пандемија барајќи мутации на вируси, објаснил Кирилов, пренесува Спутник.

The post Руската војска обвинува дека САД се подготвуваат за нова пандемија appeared first on Република.

]]>

Соединетите Американски Држави ги започнаа подготовките за нова пандемија барајќи мутации на вируси, изјавил шефот на силите за радијациона, хемиска и биолошка заштита на руските вооружени сили, генерал-полковник Игор Кирилов. Тој посочил дека тоа може да се заклучи од фактот што САД формираа Управа за подготвеност за пандемија и политика на одговор, со кој раководат специјалниот помошник на претседателот и виш директор за глобална здравствена безбедност и биосигурност во Националниот совет за безбедност, генерал-мајор во пензија Пол Фридрихс.
Меѓу приоритетните насоки на оваа управа е работата на создавање вакцини и препарати за прегрупирање на вируси и нивни генетски модифицирани варијанти, како и имплементација на напредни технологии во биопроизводството. Со тоа, САД, како и во 2019 година, почнаа да се подготвуваат за нова пандемија барајќи мутации на вируси, објаснил Кирилов, пренесува Спутник.

The post Руската војска обвинува дека САД се подготвуваат за нова пандемија appeared first on Република.

]]>
Во САД украдени над 200 милијарди долари наменети за помош за време на пандемијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-sad-ukradeni-nad-200-milijardi-dolari-nameneti-za-pomosh-za-vreme-na-pandemijata/ Wed, 28 Jun 2023 15:08:49 +0000 https://republika.mk/?p=656125

Повеќе од 200 милијарди долари можеби се украдени од две големи иницијативи за помош на малите бизниси за време на пандемијата на корона вирус, покажува нова проценка на американско набљудување.

Бројките објавени од генералниот инспектор на американската администрација за мали бизниси се многу повисоки од претходните проекции на канцеларијата.

Администрацијата нагласува колку биле ранливи програмите за заштита на платите и заемите во случај на економски повреди предизвикани од корона вирусот за измамниците, особено во раните фази на пандемијата.

Во извештајот на генералниот инспектор се наведува дека „најмалку 17 проценти од сите средства за КОВИД-ЕИДЛ и ЈПП биле исплатени на потенцијални измамници“.

Проценката за измама за програмата за заем за економски повреди во случај на Ковид-19 е повеќе од 136 милијарди американски долари, што претставува 33 отсто од вкупните пари потрошени за таа програма, се наведува во извештајот.

Во коментарите што го придружуваат извештајот, висок функционер на СБА ги оспори новите бројки.

Вршителот на должноста вонреден администратор на СБА за пристап до капитал Бејли Деврис изјави дека пристапот на генералниот инспектор содржи сериозни недостатоци.

„Асошиејтед прес“ на 13 јуни објави дека измамниците потенцијално украле околу 280 милијарди долари итна помош, додека други 123 милијарди долари биле потрошени погрешно.

Генералниот инспектор на СБА, Ханибал Вер, објави дека извештајот користи истражни случаи, претходно известување на генералниот инспектор и најсовремена анализа на податоци за да идентификува повеќе шеми за измама.

Портпаролот на СБА изјави дека од витално значење е да се разјасни дека 86 отсто од веројатните измами во програмите ЈПП и КОВИД-ЕИДЛ се случиле во првите девет месеци од тие програми.

The post Во САД украдени над 200 милијарди долари наменети за помош за време на пандемијата appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 200 милијарди долари можеби се украдени од две големи иницијативи за помош на малите бизниси за време на пандемијата на корона вирус, покажува нова проценка на американско набљудување. Бројките објавени од генералниот инспектор на американската администрација за мали бизниси се многу повисоки од претходните проекции на канцеларијата. Администрацијата нагласува колку биле ранливи програмите за заштита на платите и заемите во случај на економски повреди предизвикани од корона вирусот за измамниците, особено во раните фази на пандемијата. Во извештајот на генералниот инспектор се наведува дека „најмалку 17 проценти од сите средства за КОВИД-ЕИДЛ и ЈПП биле исплатени на потенцијални измамници“. Проценката за измама за програмата за заем за економски повреди во случај на Ковид-19 е повеќе од 136 милијарди американски долари, што претставува 33 отсто од вкупните пари потрошени за таа програма, се наведува во извештајот. Во коментарите што го придружуваат извештајот, висок функционер на СБА ги оспори новите бројки. Вршителот на должноста вонреден администратор на СБА за пристап до капитал Бејли Деврис изјави дека пристапот на генералниот инспектор содржи сериозни недостатоци. „Асошиејтед прес“ на 13 јуни објави дека измамниците потенцијално украле околу 280 милијарди долари итна помош, додека други 123 милијарди долари биле потрошени погрешно. Генералниот инспектор на СБА, Ханибал Вер, објави дека извештајот користи истражни случаи, претходно известување на генералниот инспектор и најсовремена анализа на податоци за да идентификува повеќе шеми за измама. Портпаролот на СБА изјави дека од витално значење е да се разјасни дека 86 отсто од веројатните измами во програмите ЈПП и КОВИД-ЕИДЛ се случиле во првите девет месеци од тие програми.

The post Во САД украдени над 200 милијарди долари наменети за помош за време на пандемијата appeared first on Република.

]]>
Пандемијата со ковид-19 ги забави систематските прегледи во основните училишта https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pandemijata-so-kovid-19-gi-zabavi-sistematskite-pregledi-vo-osnovnite-uchilishta/ Fri, 23 Jun 2023 10:47:49 +0000 https://republika.mk/?p=654391

Пандемијата со ковид-19 ја забави динамиката на повикување на учениците од основните училишта на задолжителните систематски прегледи кои обично се прават кон крајот на учебната година. Еден дел од третооделенците во Скопје воопшто не биле на систематски преглед. Иако од училиштата редовно добиваат покани и потестувања за вакцинација и посета на стоматолог, сепак, на задолжителен систематски досега не биле.

Д-р Виктор Исијановски, директор на Здравствен дом Скопје во изјава за „Република“ вели дека управниците на Здравствените поликлиники се задолжени за повикување на училиштата на систематски прегледи.

Поради пандемијата со ковид-19 имаше застој со систамтските прегледи, но генерално, се враќа во нормала. Учениците се повикуваат на прегледи, така е на пример, во скопската општина Каропш, вели д-р Исијановски.

Токму третооделенците се генерацијата која почна на училиште кога епидемијата беше во полн ек, а наставата се одвиваше онлајн.

Во скопската населба Кисела Вода, во училиштето „Кирил Пејчиновиќ“ на пример учениците кои сега завршија трето одделение не биле на систематски, но затоа пак редовно се повикуваат и испраќаат на задолжителна вакцинација и преглед на стоматолог. Исто е и во скопската населба Центар, во училиштето „Гоце Делчев“.

Д-р Бектеши од поликлиниката Бит Пазар вели дека е запознаена со фактот дека некои училишта уште не биле на систематски, но дека ќе бидат повикани од септември.

Приоритет ни беа вакцините, бидејќи се задолжителни и за нив постојано испраќаме покани до родителите да ги донесат децата на вакцинација. Поради пандемијата со ковид-19 малку заостануваме, но водиме евиденција кои училишта биле, а кои не на систематски и ги земаме по ред. Оние што досега не биле повикани, ќе бидат од септември, вели д-р Бектеши за „Република“.

Таа објаснува дека во овој период поликлиниката останала со еден лекар за вршење на прегледите кај учениците, другите заминале на специјализација, но верува дека набрзо бројот ќе се пополни.

Систематскиот преглед е класичен метод за скрининг на здравјето на училиште деца и младината кој се врши организирано во јавните здравствени установи од страна на службите за превентивна здравствена заштита и превентивна стоматолошка заштита на училишни деца.
При систематскиот преглед се врши и редовна имунизација против заразни заболувања според Календарот за имунизација.

Целта на систематскиот преглед е: следење на физичкиот и психосоцијалниот развој, рана детекција на здравствени проблеми и навремен третман и рано препознавање на ризични видови на однесување.

Во програмата за систематски прегледи на учениците и студентите на Македонија од 2021 година се вели дека задолжителни систематски прегледи се вршат во 1-во, 3-то, 5-то, 7-мо и 9-то одделение. Средношколците се опфатени со систематски прегледи во први и трети клас, а студентите во 1-ва година. Содржината на систематскиот преглед зависи од возраста на ученикот.

На систематски се врши општ лекарски преглед кој вклучува мерење на телесната тежина и висина и одредување на ИТМ, преглед на кожата, согледување на постоење на деформитети на локомоторниот систем, општ лекарски преглед, испитување на вид, слух и говорот.

Наодите од систематскиот преглед се евидентираат во Картонот за систематски прегледи на училишни деца, изготвен од Заводот за здравствена заштита на мајки и деца, а отстапувањата се запишуваат во картонот со преземање на соодветни мерки за санирање и следење.

The post Пандемијата со ковид-19 ги забави систематските прегледи во основните училишта appeared first on Република.

]]>

Пандемијата со ковид-19 ја забави динамиката на повикување на учениците од основните училишта на задолжителните систематски прегледи кои обично се прават кон крајот на учебната година. Еден дел од третооделенците во Скопје воопшто не биле на систематски преглед. Иако од училиштата редовно добиваат покани и потестувања за вакцинација и посета на стоматолог, сепак, на задолжителен систематски досега не биле. Д-р Виктор Исијановски, директор на Здравствен дом Скопје во изјава за „Република“ вели дека управниците на Здравствените поликлиники се задолжени за повикување на училиштата на систематски прегледи.
Поради пандемијата со ковид-19 имаше застој со систамтските прегледи, но генерално, се враќа во нормала. Учениците се повикуваат на прегледи, така е на пример, во скопската општина Каропш, вели д-р Исијановски.
Токму третооделенците се генерацијата која почна на училиште кога епидемијата беше во полн ек, а наставата се одвиваше онлајн. Во скопската населба Кисела Вода, во училиштето „Кирил Пејчиновиќ“ на пример учениците кои сега завршија трето одделение не биле на систематски, но затоа пак редовно се повикуваат и испраќаат на задолжителна вакцинација и преглед на стоматолог. Исто е и во скопската населба Центар, во училиштето „Гоце Делчев“. Д-р Бектеши од поликлиниката Бит Пазар вели дека е запознаена со фактот дека некои училишта уште не биле на систематски, но дека ќе бидат повикани од септември.
Приоритет ни беа вакцините, бидејќи се задолжителни и за нив постојано испраќаме покани до родителите да ги донесат децата на вакцинација. Поради пандемијата со ковид-19 малку заостануваме, но водиме евиденција кои училишта биле, а кои не на систематски и ги земаме по ред. Оние што досега не биле повикани, ќе бидат од септември, вели д-р Бектеши за „Република“.
Таа објаснува дека во овој период поликлиниката останала со еден лекар за вршење на прегледите кај учениците, другите заминале на специјализација, но верува дека набрзо бројот ќе се пополни. Систематскиот преглед е класичен метод за скрининг на здравјето на училиште деца и младината кој се врши организирано во јавните здравствени установи од страна на службите за превентивна здравствена заштита и превентивна стоматолошка заштита на училишни деца. При систематскиот преглед се врши и редовна имунизација против заразни заболувања според Календарот за имунизација. Целта на систематскиот преглед е: следење на физичкиот и психосоцијалниот развој, рана детекција на здравствени проблеми и навремен третман и рано препознавање на ризични видови на однесување. Во програмата за систематски прегледи на учениците и студентите на Македонија од 2021 година се вели дека задолжителни систематски прегледи се вршат во 1-во, 3-то, 5-то, 7-мо и 9-то одделение. Средношколците се опфатени со систематски прегледи во први и трети клас, а студентите во 1-ва година. Содржината на систематскиот преглед зависи од возраста на ученикот. На систематски се врши општ лекарски преглед кој вклучува мерење на телесната тежина и висина и одредување на ИТМ, преглед на кожата, согледување на постоење на деформитети на локомоторниот систем, општ лекарски преглед, испитување на вид, слух и говорот. Наодите од систематскиот преглед се евидентираат во Картонот за систематски прегледи на училишни деца, изготвен од Заводот за здравствена заштита на мајки и деца, а отстапувањата се запишуваат во картонот со преземање на соодветни мерки за санирање и следење.

The post Пандемијата со ковид-19 ги забави систематските прегледи во основните училишта appeared first on Република.

]]>
По пандемијата, никогаш полоши резултатите по математика и читање на 13-годишните ученици во САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/po-pandemijata-nikogash-poloshi-rezultatite-po-matematika-i-chitane-na-13-godishnite-uchenitsi-vo-sad/ Thu, 22 Jun 2023 06:45:26 +0000 https://republika.mk/?p=653867

Американските 13-годишници имаат најлоши резултати по математика и читање споредено со низа децении. Во областа на математиката нивните резултати никогаш не биле полоши, покажува американскиот федерален тест „Извештај на нацијата“ („Nation's report card“).

Резултатите, објавени вчера, се уште еден показател за тоа колку опадна нивото на знаење во текот на пандемијата Ковид-19.

Додека претходните тестирања го покажаа степенот во кој опаѓало знаењето, најновиот тест фрла светлина на постојаноста на тие неуспеси, намалувајќи ги надежите за брзо опоравување.

„Повеќе од две години откако повеќето ученици се вратија на настава во училниците, сè уште има „вознемирувачки знаци во врска со постигнувањата на учениците“, рече Пеги Кар, комесар на Националниот центар за образовна статистика на Министерството за образование на САД.

„Резултатите“ од академското закрепнување на кои се надевавме не се реализираа“, рече таа.

Во национален примерок од 13-годишници, просечните резултати по математика на овогодинешните ученици паднаа за девет поени помеѓу 2020 и 2023 година, а резултатите од читањето за четири поени.

Тестот, официјално наречен Национално оценување на образовниот напредок, се спроведуваше од октомври до декември минатата година, а на него учествуваа 8.700 ученици од двата предмети.

Слични неуспеси беа пријавени минатата година кога истото тело објави поопширни резултати кои го покажуваат влијанието на пандемијата врз американските ученици во четврто и осмо одделение.

Резултатите по математика и читање паѓаа уште пред пандемијата, но најновите резултати покажуваат пресврт.

Резултатите од тестовите по математика, кои се мерат од 1973 година, сега се на најниско ниво од 1990 година. Резултатите за читање се најслаби од 2004 година.

Посебна загриженост за официјалните лица е огромното намалување на знаењето меѓу учениците со најлош успех во училиштето..

Пад е забележан кај сите ученици, но додека подобрите ученици имале пад од шест до осум поени, учениците со полоши резултати забележале пад од 12 до 14 поени, покажуваат резултатите.

Разлики има и по раса. Учениците од речиси сите расни и етнички групи имаат полоши резултати по математика, но најголем пад има меѓу учениците од редовите на американските Индијанци (20 бодови) и црнците (13 бодови). Кај другите студенти падот е шест бодови, додека кај азиските студенти не е променет.

The post По пандемијата, никогаш полоши резултатите по математика и читање на 13-годишните ученици во САД appeared first on Република.

]]>

Американските 13-годишници имаат најлоши резултати по математика и читање споредено со низа децении. Во областа на математиката нивните резултати никогаш не биле полоши, покажува американскиот федерален тест „Извештај на нацијата“ („Nation's report card“). Резултатите, објавени вчера, се уште еден показател за тоа колку опадна нивото на знаење во текот на пандемијата Ковид-19. Додека претходните тестирања го покажаа степенот во кој опаѓало знаењето, најновиот тест фрла светлина на постојаноста на тие неуспеси, намалувајќи ги надежите за брзо опоравување.
„Повеќе од две години откако повеќето ученици се вратија на настава во училниците, сè уште има „вознемирувачки знаци во врска со постигнувањата на учениците“, рече Пеги Кар, комесар на Националниот центар за образовна статистика на Министерството за образование на САД. „Резултатите“ од академското закрепнување на кои се надевавме не се реализираа“, рече таа.
Во национален примерок од 13-годишници, просечните резултати по математика на овогодинешните ученици паднаа за девет поени помеѓу 2020 и 2023 година, а резултатите од читањето за четири поени. Тестот, официјално наречен Национално оценување на образовниот напредок, се спроведуваше од октомври до декември минатата година, а на него учествуваа 8.700 ученици од двата предмети. Слични неуспеси беа пријавени минатата година кога истото тело објави поопширни резултати кои го покажуваат влијанието на пандемијата врз американските ученици во четврто и осмо одделение. Резултатите по математика и читање паѓаа уште пред пандемијата, но најновите резултати покажуваат пресврт. Резултатите од тестовите по математика, кои се мерат од 1973 година, сега се на најниско ниво од 1990 година. Резултатите за читање се најслаби од 2004 година. Посебна загриженост за официјалните лица е огромното намалување на знаењето меѓу учениците со најлош успех во училиштето.. Пад е забележан кај сите ученици, но додека подобрите ученици имале пад од шест до осум поени, учениците со полоши резултати забележале пад од 12 до 14 поени, покажуваат резултатите. Разлики има и по раса. Учениците од речиси сите расни и етнички групи имаат полоши резултати по математика, но најголем пад има меѓу учениците од редовите на американските Индијанци (20 бодови) и црнците (13 бодови). Кај другите студенти падот е шест бодови, додека кај азиските студенти не е променет.

The post По пандемијата, никогаш полоши резултатите по математика и читање на 13-годишните ученици во САД appeared first on Република.

]]>
СЗО состави листа на „приоритетни болести“ кои би можеле да предизвикаат следна пандемија: Последната болест на тој список има застрашувачко име „Болест Х“! https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/szo-sostavi-lista-na-prioritetni-bolesti-koi-bi-mozhele-da-predizvikaat-sledna-pandemija-poslednata-bolest-na-toj-spisok-ima-zastrashuvachko-ime-bolest-h/ Sun, 04 Jun 2023 18:52:59 +0000 https://republika.mk/?p=647484

Светската здравствена организација (СЗО)состави листа на „приоритетни болести“ кои во иднина би можеле да предизвикаат следна пандемија, пишува „Њујорк пост“.

Повеќето од болестите на таа листа ни се веќе познати – ебола, САРС, Зика и слично – но последната болест на тој список има застрашувачко име „Болест Х“!

Терминот „Болест Х“ го користи СЗО за да резервира место на листата за болест засега непозната за медицинската наука која ќе предизвика инфекции кај луѓето.

Со оглед на тоа што причината за болеста – некој вирус, бактерии, габичка или нешто друго – сè уште ќе биде непозната, веројатно нема да има достапни вакцини или лекови.

„Ова не е научна фантастика. Ова е сценарио за кое мора да се подготвиме. Тоа е ‘Болест Х’“, вели д-р Ричард Хачет од Коалицијата за иновации во подготовките за епидемија (ЦЕПИ).

ЦЕПИ е основана на почетокот на 2017 година од владите на Норвешка и Индија, Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, Wellcome Trust и Светскиот економски форум и претставува партнерство помеѓу јавни, приватни, филантропски и граѓански организации. Мисијата на ЦЕПИ е да го финансира и координира развојот на вакцини за да го заштити светот од идни епидемии.

Еден од начините на кои ЦЕПИ има намера да го направи тоа е со поддршка на развојот на „платформски технологии“ кои ќе го забрзаат производството на вакцини против нови и непознати патогени како што е предвидената „Болест Х“.

Што се однесува до самиот термин „Болест Х“, тој беше измислен од Светската здравствена организација во 2018 година. Со вклучувањето на „Болеста Х“ во листата на приоритетни болести, СЗО предупредува на ризикот од некои нови, сè уште непознати патогени.

Истата година, во британски „Телеграф“ се појави напис на д-р Хачет во кој тој го опишува повторното појавување на вирусот ебола во Африка, кој сега е многу полесно да се држи под контрола, бидејќи го знаеме и постојат вакцини и лекови.

„Но, замислете да се појави вирус што досега никогаш не сме го виделе и за кој не постои лек и кој би можел да загрози илјадници, можеби дури и милиони луѓе ширум светот. Освен животот на заболените, замислете каков ефект би имало тоа врз светската економија?“, праша д-р Хачет во статијата.

Но, не требаше долго да се замисли.

Една година подоцна, кога ковид-19 почна да се шири низ Кина, светот беше сведок на смртоносна пандемија предизвикана од новиот вирус. Во тој момент тоа беше „Болеста Х“.

„Не е претерување да се каже дека постои можност многу брзо да се појави „Болеста Х““, рекол д-р Пранаб Чатерџи, истражувач во Одделот за меѓународно здравје на Факултетот за јавно здравје Џон Хопкинс Блумберг во Балтимор. „Неодамнешниот бран на птичји грип Х5Н1 во Камбоџа е само пример“, додал Чатерџи.

Некои експерти за јавно здравје веруваат дека следната „Болест Х“ ќе биде зоонотска, што значи дека ќе потекнува од диви или домашни животни, а потоа ќе се премине на луѓето.

Еболата, ХИВ/сида и ковид-19 беа зоонотски болести.

Меѓутоа, постојат и други извори на болеста, а еден од нив во иднина може да биде и биотероризмот.

„Не ја игнорираме можноста за произведен патоген“, велат авторите на написот објавен во 2021 година.

„Ширењето на таквите патогени, било со случајни несреќи во лабораториите или нивно намерно пуштање, може да предизвика „Болест Х“ и да има катастрофални последици“, додаваат тие.

Постои уште една можност да се работи за т. н. „зомби вируси“ кои со векови беа замрзнати во вечниот мраз, но сега се ослободуваат поради климатските промени и топењето на мразот.

Некои од приоритетните болести на списокот на СЗО се Марбург вирусот, Кримско-конгоанската хеморагична треска, Нипах и други хенипавируси, треската од долината Рифт и МЕРС.

Со цел да ја превенираат или да се борат против замислената „Болест Х“, медицинските експерти многу гласно повикуваат на зголемени инвестиции во надзор и истражување на вируси со пандемски потенцијал.

„Ковид-19 не беше првата епидемија што предизвика многу проблеми во светот, а нема да биде ниту последна“, напишаа авторите на написот во списанието „Infection Control & Hospital Epidemiology“. „Затоа мора да се подготвиме за избивање на следната пандемија што е можно поскоро.“

The post СЗО состави листа на „приоритетни болести“ кои би можеле да предизвикаат следна пандемија: Последната болест на тој список има застрашувачко име „Болест Х“! appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација (СЗО)состави листа на „приоритетни болести“ кои во иднина би можеле да предизвикаат следна пандемија, пишува „Њујорк пост“. Повеќето од болестите на таа листа ни се веќе познати – ебола, САРС, Зика и слично – но последната болест на тој список има застрашувачко име „Болест Х“! Терминот „Болест Х“ го користи СЗО за да резервира место на листата за болест засега непозната за медицинската наука која ќе предизвика инфекции кај луѓето. Со оглед на тоа што причината за болеста – некој вирус, бактерии, габичка или нешто друго – сè уште ќе биде непозната, веројатно нема да има достапни вакцини или лекови.
„Ова не е научна фантастика. Ова е сценарио за кое мора да се подготвиме. Тоа е ‘Болест Х’“, вели д-р Ричард Хачет од Коалицијата за иновации во подготовките за епидемија (ЦЕПИ).
ЦЕПИ е основана на почетокот на 2017 година од владите на Норвешка и Индија, Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, Wellcome Trust и Светскиот економски форум и претставува партнерство помеѓу јавни, приватни, филантропски и граѓански организации. Мисијата на ЦЕПИ е да го финансира и координира развојот на вакцини за да го заштити светот од идни епидемии. Еден од начините на кои ЦЕПИ има намера да го направи тоа е со поддршка на развојот на „платформски технологии“ кои ќе го забрзаат производството на вакцини против нови и непознати патогени како што е предвидената „Болест Х“. Што се однесува до самиот термин „Болест Х“, тој беше измислен од Светската здравствена организација во 2018 година. Со вклучувањето на „Болеста Х“ во листата на приоритетни болести, СЗО предупредува на ризикот од некои нови, сè уште непознати патогени. Истата година, во британски „Телеграф“ се појави напис на д-р Хачет во кој тој го опишува повторното појавување на вирусот ебола во Африка, кој сега е многу полесно да се држи под контрола, бидејќи го знаеме и постојат вакцини и лекови.
„Но, замислете да се појави вирус што досега никогаш не сме го виделе и за кој не постои лек и кој би можел да загрози илјадници, можеби дури и милиони луѓе ширум светот. Освен животот на заболените, замислете каков ефект би имало тоа врз светската економија?“, праша д-р Хачет во статијата.
Но, не требаше долго да се замисли. Една година подоцна, кога ковид-19 почна да се шири низ Кина, светот беше сведок на смртоносна пандемија предизвикана од новиот вирус. Во тој момент тоа беше „Болеста Х“.
„Не е претерување да се каже дека постои можност многу брзо да се појави „Болеста Х““, рекол д-р Пранаб Чатерџи, истражувач во Одделот за меѓународно здравје на Факултетот за јавно здравје Џон Хопкинс Блумберг во Балтимор. „Неодамнешниот бран на птичји грип Х5Н1 во Камбоџа е само пример“, додал Чатерџи.
Некои експерти за јавно здравје веруваат дека следната „Болест Х“ ќе биде зоонотска, што значи дека ќе потекнува од диви или домашни животни, а потоа ќе се премине на луѓето. Еболата, ХИВ/сида и ковид-19 беа зоонотски болести. Меѓутоа, постојат и други извори на болеста, а еден од нив во иднина може да биде и биотероризмот.
„Не ја игнорираме можноста за произведен патоген“, велат авторите на написот објавен во 2021 година. „Ширењето на таквите патогени, било со случајни несреќи во лабораториите или нивно намерно пуштање, може да предизвика „Болест Х“ и да има катастрофални последици“, додаваат тие.
Постои уште една можност да се работи за т. н. „зомби вируси“ кои со векови беа замрзнати во вечниот мраз, но сега се ослободуваат поради климатските промени и топењето на мразот. Некои од приоритетните болести на списокот на СЗО се Марбург вирусот, Кримско-конгоанската хеморагична треска, Нипах и други хенипавируси, треската од долината Рифт и МЕРС. Со цел да ја превенираат или да се борат против замислената „Болест Х“, медицинските експерти многу гласно повикуваат на зголемени инвестиции во надзор и истражување на вируси со пандемски потенцијал.
„Ковид-19 не беше првата епидемија што предизвика многу проблеми во светот, а нема да биде ниту последна“, напишаа авторите на написот во списанието „Infection Control & Hospital Epidemiology“. „Затоа мора да се подготвиме за избивање на следната пандемија што е можно поскоро.“

The post СЗО состави листа на „приоритетни болести“ кои би можеле да предизвикаат следна пандемија: Последната болест на тој список има застрашувачко име „Болест Х“! appeared first on Република.

]]>
СЗО ја прогласи пандемијата на корона вирусот за завршена https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/szo-ja-proglasi-pandemijata-na-korona-virusot-za-zavrshena/ Fri, 05 May 2023 16:59:13 +0000 https://republika.mk/?p=637409

Светската здравствена организација (СЗО) прогласи крај на пандемијата на корона вирусот, откако соопшти дека заразата веќе не е глобална здравствена вонредна ситуација.

Пред три години, на 30 јануари 2020 година, Комитетот за итни случаи на СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради корона вирусот, потсетуваат британските медиуми.

Ваквиот статус помогна меѓународното внимание да се фокусира на здравствената закана, како и да се зајакне соработката за вакцини и третмани.

Укинувањето на вонредната состојба е знак за напредокот што светот го постигна во оваа област, но коронавирусот сè уште е присутен, соопшти СЗО, иако тоа повеќе не претставува вонредна состојба.

Во меѓувреме, над 6,9 милиони лица починаа од последиците на корона вирусот.

The post СЗО ја прогласи пандемијата на корона вирусот за завршена appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација (СЗО) прогласи крај на пандемијата на корона вирусот, откако соопшти дека заразата веќе не е глобална здравствена вонредна ситуација. Пред три години, на 30 јануари 2020 година, Комитетот за итни случаи на СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради корона вирусот, потсетуваат британските медиуми. Ваквиот статус помогна меѓународното внимание да се фокусира на здравствената закана, како и да се зајакне соработката за вакцини и третмани. Укинувањето на вонредната состојба е знак за напредокот што светот го постигна во оваа област, но коронавирусот сè уште е присутен, соопшти СЗО, иако тоа повеќе не претставува вонредна состојба. Во меѓувреме, над 6,9 милиони лица починаа од последиците на корона вирусот.

The post СЗО ја прогласи пандемијата на корона вирусот за завршена appeared first on Република.

]]>
СЗО порача дека откривањето на потеклото на Ковид-19 е морален и научен императив https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/szo-poracha-deka-otkrivaneto-na-potekloto-na-kovid-19-e-moralen-i-nauchen-imperativ/ Sun, 12 Mar 2023 10:42:51 +0000 https://republika.mk/?p=618711

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, порача дека откривањето на потеклото на Ковид-19 е морален и научен императив и сите хипотези мора да бидат истражени.

Гебрејесус на Твитер напиша дека разбирањето на потеклото на Ковид-19 е научен императив, бидејќи ќе помогне да се спречат нови избувнувања, но и морален императив поради милионите луѓе кои ги загубија животите.

Тедрос ја објави оваа објава по повод одбележувањето на три години откако СЗО првпат го употреби зборот пандемија за глобалната епидемија на Ковид-19.

Во 2021 година, тим предводен од СЗО помина со недели во и околу Вухан, Кина, каде беа пријавени првите случаи на човечка инфекција со корона вирусот. Во заедничкиот извештај се вели дека вирусот најверојатно бил пренесен од лилјаци на луѓе преку друго животно, но дека е потребно дополнително истражување.

Кина, сепак, соопшти дека не се потребни дополнителни посети.

СЗО оттогаш формираше научна советодавна група за опасни патогени, но се уште не се донесени заклучоци за тоа како почна пандемијата, затоа што се вели дека недостасуваат клучни податоци.

The post СЗО порача дека откривањето на потеклото на Ковид-19 е морален и научен императив appeared first on Република.

]]>

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, порача дека откривањето на потеклото на Ковид-19 е морален и научен императив и сите хипотези мора да бидат истражени. Гебрејесус на Твитер напиша дека разбирањето на потеклото на Ковид-19 е научен императив, бидејќи ќе помогне да се спречат нови избувнувања, но и морален императив поради милионите луѓе кои ги загубија животите. Тедрос ја објави оваа објава по повод одбележувањето на три години откако СЗО првпат го употреби зборот пандемија за глобалната епидемија на Ковид-19. Во 2021 година, тим предводен од СЗО помина со недели во и околу Вухан, Кина, каде беа пријавени првите случаи на човечка инфекција со корона вирусот. Во заедничкиот извештај се вели дека вирусот најверојатно бил пренесен од лилјаци на луѓе преку друго животно, но дека е потребно дополнително истражување. Кина, сепак, соопшти дека не се потребни дополнителни посети. СЗО оттогаш формираше научна советодавна група за опасни патогени, но се уште не се донесени заклучоци за тоа како почна пандемијата, затоа што се вели дека недостасуваат клучни податоци.

The post СЗО порача дека откривањето на потеклото на Ковид-19 е морален и научен императив appeared first on Република.

]]>
Пандемијата би можелa да заврши следната година, вели СЗО https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/pandemijata-bi-mozela-da-zavrshi-slednata-godina-veli-szo/ Wed, 14 Dec 2022 19:30:32 +0000 https://republika.mk/?p=585730

Светската здравствена организација (СЗО) е оптимист дека глобалната здравствена вонредна состојба предизвикана од пандемијата на коронавирус може да заврши во 2023 година.

Се надеваме дека следната година ќе можеме да кажеме: Ова повеќе не е пандемија, рече шефот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејезус во Женева.

Иако додаде дека „вирусот е тука да остане“, тој нагласи дека светот сега има алатки - вакцини, лекови и кодекс на однесување - да се справи со него.

Бројот на случаи на Мпокс, како што се преименувани мајмунските сипаници, исто така е намален за повеќе од 90 отсто и веќе некое време нема случаи на ебола во Уганда, рече Тедрос.

 

The post Пандемијата би можелa да заврши следната година, вели СЗО appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација (СЗО) е оптимист дека глобалната здравствена вонредна состојба предизвикана од пандемијата на коронавирус може да заврши во 2023 година.
Се надеваме дека следната година ќе можеме да кажеме: Ова повеќе не е пандемија, рече шефот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејезус во Женева.
Иако додаде дека „вирусот е тука да остане“, тој нагласи дека светот сега има алатки - вакцини, лекови и кодекс на однесување - да се справи со него.
Бројот на случаи на Мпокс, како што се преименувани мајмунските сипаници, исто така е намален за повеќе од 90 отсто и веќе некое време нема случаи на ебола во Уганда, рече Тедрос.
 

The post Пандемијата би можелa да заврши следната година, вели СЗО appeared first on Република.

]]>
Ни се заканува нова пандемија, eве од каде ќе дојде https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ni-se-zakanuva-nova-pandemija-eve-od-kade-kje-dojde/ Sun, 23 Oct 2022 14:51:19 +0000 https://republika.mk/?p=564678

Следната пандемија  нема да ја донесат лилјаците или птиците, туку она што се крие во мразот што се топи на Арктикот, пишува „Гардијан“. Научниците ја анализираа почвата и седиментните наслаги на поларното Арктичко Езеро Хазен, кое прима вода од многу глечери

Научниците открија ДНК и РНК на веќе познати вируси во примероците, изградија алгоритам и заклучија дека поради топењето на глечерите се зголемува веројатноста вирусите да добијат пристап до нови носители.

Поради глобалното затоплување, вирусите и бактериите кои претходно биле заробени во вечниот мраз можат повторно да се разбудат и да ги заразат локалните животни.
Авторот на текстот потсетува дека во 2016 година, на северот на Сибир избувна епидемија на антракс, веројатно затоа што се стопи скелетот на заразен елен.

Други истражувања покажуваат дека во мразот може да се кријат вируси за кои луѓето сè уште не знаат. Пред една година, научниците од САД открија 33 вируси во примероци од Тибет, од кои 28 беа непознати за луѓето. Нивната возраст се проценува на 15.000 години.

Во 2014 година, француските научници успеаја да оживеат вирус од сибирскиот вечен мраз и тој повторно стана заразен по 30.000 години. Според авторите на таа студија, топењето на мразот е „рецепт за катастрофа“.

Сепак, експертите предупредуваат: да се предвиди ризикот од пандемија не е исто како да се предвидува пандемија. Сè додека вирусот и неговиот претходен носител не постојат на едно место во исто време, опасноста од драматични настани не е толку голема.

Глобалното затоплување ќе го промени животот на постоечките животински видови, па не е познато дали вирусот може да го промени домаќинот што му е потребен.

- Сега се очигледни две работи. Прво, Арктикот брзо се загрева и главниот ризик за човештвото доаѓа од неговото влијание врз нашата клима. Второ, болестите од други места навлегуваат во чувствителните заедници и екосистеми на Арктикот - велат научниците.

The post Ни се заканува нова пандемија, eве од каде ќе дојде appeared first on Република.

]]>

Следната пандемија  нема да ја донесат лилјаците или птиците, туку она што се крие во мразот што се топи на Арктикот, пишува „Гардијан“. Научниците ја анализираа почвата и седиментните наслаги на поларното Арктичко Езеро Хазен, кое прима вода од многу глечери Научниците открија ДНК и РНК на веќе познати вируси во примероците, изградија алгоритам и заклучија дека поради топењето на глечерите се зголемува веројатноста вирусите да добијат пристап до нови носители. Поради глобалното затоплување, вирусите и бактериите кои претходно биле заробени во вечниот мраз можат повторно да се разбудат и да ги заразат локалните животни. Авторот на текстот потсетува дека во 2016 година, на северот на Сибир избувна епидемија на антракс, веројатно затоа што се стопи скелетот на заразен елен. Други истражувања покажуваат дека во мразот може да се кријат вируси за кои луѓето сè уште не знаат. Пред една година, научниците од САД открија 33 вируси во примероци од Тибет, од кои 28 беа непознати за луѓето. Нивната возраст се проценува на 15.000 години. Во 2014 година, француските научници успеаја да оживеат вирус од сибирскиот вечен мраз и тој повторно стана заразен по 30.000 години. Според авторите на таа студија, топењето на мразот е „рецепт за катастрофа“. Сепак, експертите предупредуваат: да се предвиди ризикот од пандемија не е исто како да се предвидува пандемија. Сè додека вирусот и неговиот претходен носител не постојат на едно место во исто време, опасноста од драматични настани не е толку голема. Глобалното затоплување ќе го промени животот на постоечките животински видови, па не е познато дали вирусот може да го промени домаќинот што му е потребен.

- Сега се очигледни две работи. Прво, Арктикот брзо се загрева и главниот ризик за човештвото доаѓа од неговото влијание врз нашата клима. Второ, болестите од други места навлегуваат во чувствителните заедници и екосистеми на Арктикот - велат научниците.

The post Ни се заканува нова пандемија, eве од каде ќе дојде appeared first on Република.

]]>
Ни се заканува пандемиија на физичка неактивност https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ni-se-zakanuva-pandemiija-na-fizichka-neaktivnost/ Fri, 07 Oct 2022 09:53:27 +0000 https://republika.mk/?p=558313

По ковид-падемијата, ни се заканува нова – пандемија на физичка неактивност, која е резултат на развојот на технологијата. Општ е впечатокот дека ковид пандемијата ја испровоцира потребата и ја промени перцепцијата кон физичката активност. Меѓутоа, статистичките податоци, оние малку достапни, велат дека сме далеку од физички активна нација, вели во интервју за „Република“ проф. д-р Лиза Пантековска, која предава на Факултетот за спортски менаџмент при АУЕ ФОН.

Според проф. д-р Пантековска, физичката активност има многу позитивни страни, а тоа посебно е поврзано со училишниот успех.

Или поедноставено кажано физичката активност го подобрува училишниот успех. Секако, зад ваквата релација стои силната биолошко здравствена функција на физичката активност која крајно резултира со повисока дисциплина и самодисциплина, поголема концентрација за време на наставата и изразена креативност, смета проф. д-р Пантековска.

Според едно од истражувањата спроведено кај адолесцентите во Македонија 1 од 5 од адолесцентите имаат физичка активност според препораките на Светската здравствена организација за таа возраст, а тоа е секојдневна 60 – минутна активност со умерен или висок интензитет. Она што во случајов е сигнификантно е дека поголемиот дел од нив се информирани за благопријатното влијание на физичката активност.

[caption id="attachment_558321" align="alignnone" width="1530"] Проф. д-р Лиза Пантековска[/caption]

Зошто и колку е важна физичката активност на човекот? Што обезбедува и како влијае на квалитетот на животот?

ПЕНТЕКОВСКА: Физичката активност не е само предмет на широк истражувачки интерес во научните кругови, но е посебен фокус на одговорните национални влади. Оправданоста на инвестициите кои ја поттикнуваат физичката активност ја темелат на сознанијата за пораст на работоспособноста, редукција на општествените девијациии и дезинтеграцијата, и најапострофираната оправданост која всушност ги вклучува и претходните, а тоа е здравствената превенција која се обезбедува преку неа. Притоа, овие инвестиции ги опфаќаат сите возрасни категории. И, кога говорам за инвестиција не мислам само на материјалната база потребна за различните форми на активности, туку инвестиција во она што ќе доведе до комплетна искористеност на таа материјалната база. Тоа е квалитетот на услугите, информацијата, контролата и едукацијата.

Дали сме на прагот на нова пандемија? Која е најголемата причина за физичка неактивност? Каква е состојбата кај нас?

ПАНТЕКОВСКА: Она што загрижува на глобално ниво е всушност пандемија на физичка неактивност која е резултат на бројните технолошки иновации. Статистиките се загрижувачки со речиси три-четвртини неактивно население. Но, географската дистрибуција е исклучително нерамномерна. Па, така има држави каде мнзоинството од жителите се активни како што се скандинавските земји и такви каде најголемиот дел од жителите се неактивни. Тука влегуваат нашите соседи, на пример. А, каде сме ние е прашање до чиј одговор потешко се доаѓа. Општ е впечатокот дека ковид пандемијата ја испровоцира потребата и ја промени перцепцијата кон физичката активност. Меѓутоа, статистичките податоци, оние малку достапни, велат дека сме далеку од физички активна нација.

Навиките се создаваат од најмала возраст, но како тие да продолжат да се негуваат кај адолесцентите кога знаеме дека малкумина од нив ги следат препораките на Светската здравствена организација која вели дека секој ден е потребна активност во траење од 60 минути?

ПАНТЕКОВСКА: Семејната средина е место каде се градат најголемиот дел од животните навики. Исто е и со навиката за редовна физичка активност. Првите моторички задачи секое дете ги решава во присуство на родителот и до тригодишна возраст тоа е и единствената средина која ја препознава за нивно решавање. Тоа резултат на потребата за сигурност. Потоа почнува интеракцијата со врсниците, но се уште моторичките задачи се игра базирана на имитација на непосредното опкружување, вклучително на родителите. Структурирани правила на игра не се потребни, напротив треба да и се остави простор на љубопитноста и истражувачкиот порив кај детето. По петтата година, училишната средина прераснува во моќен фактор за негување на навиките кон физичката активност. Но, она што треба да се знае е дека образецот формиран во семјството останува релативно стабилен низ понатамошниот развоен период.

Кога говориме за училишната возраст, стереотипот на однесување на учениците во Македонија не се разликува во многу од стеротипот на нивните врсници во поширокото опкружувањето, кога физичката активност е во прашање. Едно од истражувањата во оваа насока кај адолесцентите покажува дека помалку од 1 од 5 адолесцентите имаат физичка активност според препораките на Светската здравствена организација за таа возраст, а тоа е секојдневна 60 – минутна активност со умерен или висок интензитет. Она што во случајов е сигнификантно е дека поголемиот дел од нив се информирани за благопријатното влијание на физичката активност. За надминување на јазот помеѓу знам и не сакам или не можам, а во насока на задржување на улогата на училиштетото во овој процес, дидактичкиот триаголник родител – наставник – ученик, треба силно да функционира.

Дали тоа значи дека физичката активност носи петки? Односно како физичката активност влијае на учењето, дисциплината и концентрацијата?

ПЕНТЕКОВСКА: Сè почесто се отвора дискусија за беспрекорен училиштен успех или дискусија за можноста на учениците да се соочат со интелектуалниот ангажман кој им се наметнува. И во таа трка да се биде „совршен“, често „страда“ физичката активност. А, всушност токму таа е и најпотребна. Многукрактно е потврдена нејзината позитивна поврзаност со училишниот успех или поедноставено кажано го подобрува училишниот успех. Секако, зад ваквата релација стои силната биолошко здравствена функција на физичката активност која крајно резултура со повисока дисциплина и самодисциплина, поголема концентрација за време на наставата и изразена кративност.

Што Вие би препорачале? Тренирање некој спорт, прошетки, возење велосипед?

ПАНТЕКОВСКА: Јасна е мојата лична препорака за секојдневна физичка активност. Тоа може да бидат природни форми на движење како пешачење, трчање, планинарење. Вклучете го велосипедот како средство за транспорт. Потсетете ги децата или потсетете се со децата на традиционалните игри како плочка, криенка, ластик, народна топка. Заиграјте маалски фудбал или кошарка. И за крај, доколку не можете самостојно да се органиизрате, постојат бројни спортско – рекреативни центри каде ќе пронајдете различни спортски услуги со афинитет и стандард на Вашиот.

Разговараше: Александра М. Бундалевска

The post Ни се заканува пандемиија на физичка неактивност appeared first on Република.

]]>

По ковид-падемијата, ни се заканува нова – пандемија на физичка неактивност, која е резултат на развојот на технологијата. Општ е впечатокот дека ковид пандемијата ја испровоцира потребата и ја промени перцепцијата кон физичката активност. Меѓутоа, статистичките податоци, оние малку достапни, велат дека сме далеку од физички активна нација, вели во интервју за „Република“ проф. д-р Лиза Пантековска, која предава на Факултетот за спортски менаџмент при АУЕ ФОН. Според проф. д-р Пантековска, физичката активност има многу позитивни страни, а тоа посебно е поврзано со училишниот успех.
Или поедноставено кажано физичката активност го подобрува училишниот успех. Секако, зад ваквата релација стои силната биолошко здравствена функција на физичката активност која крајно резултира со повисока дисциплина и самодисциплина, поголема концентрација за време на наставата и изразена креативност, смета проф. д-р Пантековска.
Според едно од истражувањата спроведено кај адолесцентите во Македонија 1 од 5 од адолесцентите имаат физичка активност според препораките на Светската здравствена организација за таа возраст, а тоа е секојдневна 60 – минутна активност со умерен или висок интензитет. Она што во случајов е сигнификантно е дека поголемиот дел од нив се информирани за благопријатното влијание на физичката активност. [caption id="attachment_558321" align="alignnone" width="1530"] Проф. д-р Лиза Пантековска[/caption] Зошто и колку е важна физичката активност на човекот? Што обезбедува и како влијае на квалитетот на животот? ПЕНТЕКОВСКА: Физичката активност не е само предмет на широк истражувачки интерес во научните кругови, но е посебен фокус на одговорните национални влади. Оправданоста на инвестициите кои ја поттикнуваат физичката активност ја темелат на сознанијата за пораст на работоспособноста, редукција на општествените девијациии и дезинтеграцијата, и најапострофираната оправданост која всушност ги вклучува и претходните, а тоа е здравствената превенција која се обезбедува преку неа. Притоа, овие инвестиции ги опфаќаат сите возрасни категории. И, кога говорам за инвестиција не мислам само на материјалната база потребна за различните форми на активности, туку инвестиција во она што ќе доведе до комплетна искористеност на таа материјалната база. Тоа е квалитетот на услугите, информацијата, контролата и едукацијата. Дали сме на прагот на нова пандемија? Која е најголемата причина за физичка неактивност? Каква е состојбата кај нас? ПАНТЕКОВСКА: Она што загрижува на глобално ниво е всушност пандемија на физичка неактивност која е резултат на бројните технолошки иновации. Статистиките се загрижувачки со речиси три-четвртини неактивно население. Но, географската дистрибуција е исклучително нерамномерна. Па, така има држави каде мнзоинството од жителите се активни како што се скандинавските земји и такви каде најголемиот дел од жителите се неактивни. Тука влегуваат нашите соседи, на пример. А, каде сме ние е прашање до чиј одговор потешко се доаѓа. Општ е впечатокот дека ковид пандемијата ја испровоцира потребата и ја промени перцепцијата кон физичката активност. Меѓутоа, статистичките податоци, оние малку достапни, велат дека сме далеку од физички активна нација. Навиките се создаваат од најмала возраст, но како тие да продолжат да се негуваат кај адолесцентите кога знаеме дека малкумина од нив ги следат препораките на Светската здравствена организација која вели дека секој ден е потребна активност во траење од 60 минути? ПАНТЕКОВСКА: Семејната средина е место каде се градат најголемиот дел од животните навики. Исто е и со навиката за редовна физичка активност. Првите моторички задачи секое дете ги решава во присуство на родителот и до тригодишна возраст тоа е и единствената средина која ја препознава за нивно решавање. Тоа резултат на потребата за сигурност. Потоа почнува интеракцијата со врсниците, но се уште моторичките задачи се игра базирана на имитација на непосредното опкружување, вклучително на родителите. Структурирани правила на игра не се потребни, напротив треба да и се остави простор на љубопитноста и истражувачкиот порив кај детето. По петтата година, училишната средина прераснува во моќен фактор за негување на навиките кон физичката активност. Но, она што треба да се знае е дека образецот формиран во семјството останува релативно стабилен низ понатамошниот развоен период. Кога говориме за училишната возраст, стереотипот на однесување на учениците во Македонија не се разликува во многу од стеротипот на нивните врсници во поширокото опкружувањето, кога физичката активност е во прашање. Едно од истражувањата во оваа насока кај адолесцентите покажува дека помалку од 1 од 5 адолесцентите имаат физичка активност според препораките на Светската здравствена организација за таа возраст, а тоа е секојдневна 60 – минутна активност со умерен или висок интензитет. Она што во случајов е сигнификантно е дека поголемиот дел од нив се информирани за благопријатното влијание на физичката активност. За надминување на јазот помеѓу знам и не сакам или не можам, а во насока на задржување на улогата на училиштетото во овој процес, дидактичкиот триаголник родител – наставник – ученик, треба силно да функционира. Дали тоа значи дека физичката активност носи петки? Односно како физичката активност влијае на учењето, дисциплината и концентрацијата? ПЕНТЕКОВСКА: Сè почесто се отвора дискусија за беспрекорен училиштен успех или дискусија за можноста на учениците да се соочат со интелектуалниот ангажман кој им се наметнува. И во таа трка да се биде „совршен“, често „страда“ физичката активност. А, всушност токму таа е и најпотребна. Многукрактно е потврдена нејзината позитивна поврзаност со училишниот успех или поедноставено кажано го подобрува училишниот успех. Секако, зад ваквата релација стои силната биолошко здравствена функција на физичката активност која крајно резултура со повисока дисциплина и самодисциплина, поголема концентрација за време на наставата и изразена кративност. Што Вие би препорачале? Тренирање некој спорт, прошетки, возење велосипед? ПАНТЕКОВСКА: Јасна е мојата лична препорака за секојдневна физичка активност. Тоа може да бидат природни форми на движење како пешачење, трчање, планинарење. Вклучете го велосипедот како средство за транспорт. Потсетете ги децата или потсетете се со децата на традиционалните игри како плочка, криенка, ластик, народна топка. Заиграјте маалски фудбал или кошарка. И за крај, доколку не можете самостојно да се органиизрате, постојат бројни спортско – рекреативни центри каде ќе пронајдете различни спортски услуги со афинитет и стандард на Вашиот. Разговараше: Александра М. Бундалевска

The post Ни се заканува пандемиија на физичка неактивност appeared first on Република.

]]>
Долго ги чекавме овие вести: СЗО тврди дека на повидок е крај на пандемијата! https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/dolgo-gi-chekavme-ovie-vesti-szo-tvrdi-deka-na-povidok-e-kraj-na-pandemijata/ Wed, 14 Sep 2022 15:46:44 +0000 https://republika.mk/?p=550786

Светот никогаш не бил во подобра позиција да стави крај на пандемијата на Ковид-19, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус и ги повика земјите да истраат во борбата против вирусот од кој починаа повеќе од шест милиони луѓе.

Сè уште не сме таму, но крајот е на повидок - рече Тедрос на виртуелна прес-конференција.

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 минатата недела беше најмал од март 2020 година, објави СЗО.

Претставникот на СЗО, Марија Керхове, рече дека се уште се очекуваат бранови на Ковид-19, но дека светот има свои начини на борба, како што се вакцини и антивирусни лекови за спречување сериозни состојби кај пациентите.

Се намалува и бројот на заболени од мајмунски сипаници, но Тедрос повика на будност и продолжување на борбата против болеста.

Како и со Ковид-19, ова не е момент за опуштање, мора да останеме будни - рече Тедрос.

The post Долго ги чекавме овие вести: СЗО тврди дека на повидок е крај на пандемијата! appeared first on Република.

]]>

Светот никогаш не бил во подобра позиција да стави крај на пандемијата на Ковид-19, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус и ги повика земјите да истраат во борбата против вирусот од кој починаа повеќе од шест милиони луѓе.
Сè уште не сме таму, но крајот е на повидок - рече Тедрос на виртуелна прес-конференција.
Бројот на смртни случаи од Ковид-19 минатата недела беше најмал од март 2020 година, објави СЗО. Претставникот на СЗО, Марија Керхове, рече дека се уште се очекуваат бранови на Ковид-19, но дека светот има свои начини на борба, како што се вакцини и антивирусни лекови за спречување сериозни состојби кај пациентите. Се намалува и бројот на заболени од мајмунски сипаници, но Тедрос повика на будност и продолжување на борбата против болеста.
Како и со Ковид-19, ова не е момент за опуштање, мора да останеме будни - рече Тедрос.

The post Долго ги чекавме овие вести: СЗО тврди дека на повидок е крај на пандемијата! appeared first on Република.

]]>
Околу 17 илјади луѓе останале без работа за време на ковид-пандемијата во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/okolu-17-iljadi-lugje-ostanale-bez-rabota-za-vreme-na-kovid-pandemijata-vo-makedonija/ Thu, 11 Aug 2022 09:05:21 +0000 https://republika.mk/?p=538985

Заклучно со јануари 2021 година, 17 илјади луѓе останале без работа, а врачени се 1.202 откази и 1.770 места се затворени, вели последниот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР).

Над 6.000 работници сами дале отказ, а на 7.000 не им ги продолжиле договорите за определено вработување.

Над 100 работодавачи не исплатиле минимална плата за 435 вработени иако ја добиле државната помош од 6.317 денари за тоа.

 

The post Околу 17 илјади луѓе останале без работа за време на ковид-пандемијата во Македонија appeared first on Република.

]]>

Заклучно со јануари 2021 година, 17 илјади луѓе останале без работа, а врачени се 1.202 откази и 1.770 места се затворени, вели последниот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР). Над 6.000 работници сами дале отказ, а на 7.000 не им ги продолжиле договорите за определено вработување. Над 100 работодавачи не исплатиле минимална плата за 435 вработени иако ја добиле државната помош од 6.317 денари за тоа.  

The post Околу 17 илјади луѓе останале без работа за време на ковид-пандемијата во Македонија appeared first on Република.

]]>
Германија се подготвува за нов пандемиски бран наесен https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-se-podgotvuva-za-nov-pandemiski-bran-naesen/ Sun, 03 Jul 2022 12:33:04 +0000 https://republika.mk/?p=523060

Германија треба што е можно поскоро да донесе концепт за борба против можниот нов бран на пандемијата на коронавирус наесен, изјави денеска сојузниот министер за правда Марко Бушман.

Најверојатно ќе го претставиме концептот за борба против коронавирусот за есен во текот на јули, рече Бушман во интервју за дневниот весник „Велт ам Зонтаг“.

Тој рече дека во рамки на новиот концепт „заштитната маска ќе игра посилна улога“, што би значело евентуално враќање на обврската за носење маски во затворени простори.

Според Бушман, мерките ќе бидат приспособени на досегашните податоци од теренот, односно зачестеноста на заразите.

Сепак, тој ја отфрли можноста за повторно воведување мерки како што се заклучување или затворање училишта.

Сојузниот министер за здравство Карл Лаутербах во неколку наврати во последните денови ги предупреди граѓаните за новите пандемиски бранови што се очекуваат во Германија на есен и зима.

The post Германија се подготвува за нов пандемиски бран наесен appeared first on Република.

]]>

Германија треба што е можно поскоро да донесе концепт за борба против можниот нов бран на пандемијата на коронавирус наесен, изјави денеска сојузниот министер за правда Марко Бушман.
Најверојатно ќе го претставиме концептот за борба против коронавирусот за есен во текот на јули, рече Бушман во интервју за дневниот весник „Велт ам Зонтаг“.
Тој рече дека во рамки на новиот концепт „заштитната маска ќе игра посилна улога“, што би значело евентуално враќање на обврската за носење маски во затворени простори. Според Бушман, мерките ќе бидат приспособени на досегашните податоци од теренот, односно зачестеноста на заразите. Сепак, тој ја отфрли можноста за повторно воведување мерки како што се заклучување или затворање училишта. Сојузниот министер за здравство Карл Лаутербах во неколку наврати во последните денови ги предупреди граѓаните за новите пандемиски бранови што се очекуваат во Германија на есен и зима.

The post Германија се подготвува за нов пандемиски бран наесен appeared first on Република.

]]>
Гејтс: Следната пандемија може да го уништи човештвото https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/gejts-slednata-pandemija-moze-da-go-unishti-choveshtvoto-2/ Fri, 10 Jun 2022 13:16:49 +0000 https://republika.mk/?p=513540

Бил Гејтс, еден од најбогатите луѓе во светот, рече дека Ковид му дал шанса на светот да се подготви за идните пандемии, особено оние кои би доведоа до голема дестабилизација на општеството.

Официјалната бројка на смртни случаи од последиците на корона вирусот во светот е околу 6,3 милиони, а експертите проценуваат дека има многу повеќе.

Светската здравствена организација проценува дека во 2020 и 2021 година имало околу 14,9 милиони смртни случаи поврзани со Ковид.

Гејтс предупреди дека не треба да се смета на среќа за време на следната пандемија.

Ако се појави друг вирус со слична вирулентност, но со многу поголема стапка на смртност, како пет проценти, тоа би можело да биде крај на човештвото. Шансите за нова пандемија во следните 20 години се повеќе од 50 проценти, рече тој.

Гејтс додаде дека најмалку околу милијарда долари ширум светот треба да се издвојат само како дел од превентивните мерки и подготовките за следната пандемија.

Основачот на Мајкрософт ги повика светските лидери да формираат глобален тим од околу 3.000 експерти за заразни болести.

Гејтс верува дека следната пандемија може да има многу поголема стапка на смртност од ковид-19, пренесуваат светските агенции.

The post Гејтс: Следната пандемија може да го уништи човештвото appeared first on Република.

]]>

Бил Гејтс, еден од најбогатите луѓе во светот, рече дека Ковид му дал шанса на светот да се подготви за идните пандемии, особено оние кои би доведоа до голема дестабилизација на општеството. Официјалната бројка на смртни случаи од последиците на корона вирусот во светот е околу 6,3 милиони, а експертите проценуваат дека има многу повеќе. Светската здравствена организација проценува дека во 2020 и 2021 година имало околу 14,9 милиони смртни случаи поврзани со Ковид. Гејтс предупреди дека не треба да се смета на среќа за време на следната пандемија. Ако се појави друг вирус со слична вирулентност, но со многу поголема стапка на смртност, како пет проценти, тоа би можело да биде крај на човештвото. Шансите за нова пандемија во следните 20 години се повеќе од 50 проценти, рече тој. Гејтс додаде дека најмалку околу милијарда долари ширум светот треба да се издвојат само како дел од превентивните мерки и подготовките за следната пандемија. Основачот на Мајкрософт ги повика светските лидери да формираат глобален тим од околу 3.000 експерти за заразни болести. Гејтс верува дека следната пандемија може да има многу поголема стапка на смртност од ковид-19, пренесуваат светските агенции.

The post Гејтс: Следната пандемија може да го уништи човештвото appeared first on Република.

]]>
Гејтс: Следната пандемија може да го уништи човештвото https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/gejts-slednata-pandemija-moze-da-go-unishti-choveshtvoto/ Fri, 10 Jun 2022 08:38:53 +0000 https://republika.mk/?p=513454

Бил Гејтс, еден од најбогатите луѓе во светот, рече дека Ковид му дал шанса на светот да се подготви за идните пандемии, особено оние кои би доведоа до голема дестабилизација на општеството.

Официјалната бројка на смртни случаи од последиците на корона вирусот во светот е околу 6,3 милиони, а експертите проценуваат дека има многу повеќе.

Светската здравствена организација проценува дека во 2020 и 2021 година имало околу 14,9 милиони смртни случаи поврзани со Ковид.

Гејтс предупреди дека не треба да се смета на среќа за време на следната пандемија.

Ако се појави друг вирус со слична вирулентност, но со многу поголема стапка на смртност, како пет проценти, тоа би можело да биде крај на човештвото. Шансите за нова пандемија во следните 20 години се повеќе од 50 проценти, рече тој.

Гејтс додаде дека најмалку околу милијарда долари ширум светот треба да се издвојат само како дел од превентивните мерки и подготовките за следната пандемија.

Основачот на Мајкрософт ги повика светските лидери да формираат глобален тим од околу 3.000 експерти за заразни болести.

Гејтс верува дека следната пандемија може да има многу поголема стапка на смртност од ковид-19, пренесуваат светските агенции.

The post Гејтс: Следната пандемија може да го уништи човештвото appeared first on Република.

]]>

Бил Гејтс, еден од најбогатите луѓе во светот, рече дека Ковид му дал шанса на светот да се подготви за идните пандемии, особено оние кои би доведоа до голема дестабилизација на општеството. Официјалната бројка на смртни случаи од последиците на корона вирусот во светот е околу 6,3 милиони, а експертите проценуваат дека има многу повеќе. Светската здравствена организација проценува дека во 2020 и 2021 година имало околу 14,9 милиони смртни случаи поврзани со Ковид. Гејтс предупреди дека не треба да се смета на среќа за време на следната пандемија.
Ако се појави друг вирус со слична вирулентност, но со многу поголема стапка на смртност, како пет проценти, тоа би можело да биде крај на човештвото. Шансите за нова пандемија во следните 20 години се повеќе од 50 проценти, рече тој.
Гејтс додаде дека најмалку околу милијарда долари ширум светот треба да се издвојат само како дел од превентивните мерки и подготовките за следната пандемија. Основачот на Мајкрософт ги повика светските лидери да формираат глобален тим од околу 3.000 експерти за заразни болести. Гејтс верува дека следната пандемија може да има многу поголема стапка на смртност од ковид-19, пренесуваат светските агенции.

The post Гејтс: Следната пандемија може да го уништи човештвото appeared first on Република.

]]>
СЗО: Епидемијата на мајмунски сипаници веројатно нема да се претвори во пандемија https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/szo-epidemijata-na-majmunski-sipanici-verojatno-nema-da-se-pretvori-vo-pandemija/ Mon, 30 May 2022 18:12:34 +0000 https://republika.mk/?p=508882

Светската здравствена организација (СЗО) не верува дека епидемијата на мајмунски сипаници надвор од Африка ќе прераснево пандемија, изјави денеска официјален претставник, додавајќи дека сè уште не е јасно дали асимптоматските заразени луѓе можат да ја шират болеста.

 

Во мај се откриени повеќе од 300 потврдени или сомнителни случаи на мајмунски сипаници. Тоа е обично поблага болест која се шири со близок контакт и предизвикува симптоми слични на треска и карактеристичен осип.

 

Повеќето случаи се пријавени во Европа, наместо во Централна и Западна Африка каде што вирусот е ендемичен.

 

Засега нема потврдени смртни случаи.

The post СЗО: Епидемијата на мајмунски сипаници веројатно нема да се претвори во пандемија appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација (СЗО) не верува дека епидемијата на мајмунски сипаници надвор од Африка ќе прераснево пандемија, изјави денеска официјален претставник, додавајќи дека сè уште не е јасно дали асимптоматските заразени луѓе можат да ја шират болеста.   Во мај се откриени повеќе од 300 потврдени или сомнителни случаи на мајмунски сипаници. Тоа е обично поблага болест која се шири со близок контакт и предизвикува симптоми слични на треска и карактеристичен осип.   Повеќето случаи се пријавени во Европа, наместо во Централна и Западна Африка каде што вирусот е ендемичен.   Засега нема потврдени смртни случаи.

The post СЗО: Епидемијата на мајмунски сипаници веројатно нема да се претвори во пандемија appeared first on Република.

]]>
СЗО: Пандемијата од Ковид-19 не е завршена! https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/szo-pandemijata-od-kovid-19-ne-e-zavrshena/ Mon, 23 May 2022 13:06:48 +0000 https://republika.mk/?p=506002

The post СЗО: Пандемијата од Ковид-19 не е завршена! appeared first on Република.

]]>

The post СЗО: Пандемијата од Ковид-19 не е завршена! appeared first on Република.

]]>