панчо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pancho/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Jun 2023 11:02:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png панчо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pancho/ 32 32 Елиф Елмас, титулата и Наполи во новиот спот на Панчо од ДНК за „Мами“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/elif-elmas-titulata-i-napoli-vo-noviot-spot-na-pancho-od-dnk-za-mami/ Thu, 15 Jun 2023 11:02:20 +0000 https://republika.mk/?p=651694

Панчо од ДНК вчера ја изненади публиката со неговата најнова песна со наслов „Мами“, кој за првпат откако постои нивното дуо реши да ја изведе без неговата добро позната половина - Андреј. Сепак, Панчо оваа песна ја сними со одобрение и благослов на Андреј, кој од оправдани причини во моментов на снимањето не беше во Македонија.

Станува збор за нешто поразлично, нешто што е многу популарно во светот и се нарекува афро звук. Се разбира, како останатите песни на ДНК, така и оваа ја создадоа вредните раце на Панчо и продуцентот Лазар Цветкоски.

Како што рековме, нешто поразлично од она што досега сме биле можеби навикнати да го слушаме од оваа музичка екипа, но ако ги земеме в предвид реакциите на социјалните мрежи, очигледно на публиката и се допаѓа „Мами“.

А Панчо не би бил Панчо ако и овојпат не се потрудеше да сними интересен видеоспот. Имено, спотот за новата песна е снимен градот Наполи и тоа токму во времето кога клубот на нашиот дијамант Елиф Елмас ја славеа освоената шампионска титула во Калчо лигата каде што Панчо и екипата која беше со него беа токму гости на Елмас.

Покрај одличната атмосфера од градот која е доловена во видеото, Панчо снимаше и во затрупаниот град Помпеја и Салерно, градот од каде започнува да се простира Амалфскиот брег.

Морам тука да му се заблагодарам многу на Елиф за тоа што не пречека, ни обезбеди и влезници за натпреварот и не покани на забавата каде заедно со фудбалерите на клубот ја славеа шампионската титула, изјави Панчо без да открива многу детали за дружбата со нашиот фудбалски дијамант со кој се многу блиски пријатели.

Инаку ова лето дуото ДНК ќе одржи многу настапи ширум нашата земја, а во блиска иднина ќе слушнеме и нешто ново од музичкото трио Панчо, Андреј и Лазар Цветкоски..

Но да не должиме многу, погледнете го спотот за „Мами“ и сподлете ако ви се допаѓа на вашите социјални мрежи:

https://youtu.be/_KPECSa4qg0

The post Елиф Елмас, титулата и Наполи во новиот спот на Панчо од ДНК за „Мами“ appeared first on Република.

]]>

Панчо од ДНК вчера ја изненади публиката со неговата најнова песна со наслов „Мами“, кој за првпат откако постои нивното дуо реши да ја изведе без неговата добро позната половина - Андреј. Сепак, Панчо оваа песна ја сними со одобрение и благослов на Андреј, кој од оправдани причини во моментов на снимањето не беше во Македонија. Станува збор за нешто поразлично, нешто што е многу популарно во светот и се нарекува афро звук. Се разбира, како останатите песни на ДНК, така и оваа ја создадоа вредните раце на Панчо и продуцентот Лазар Цветкоски. Како што рековме, нешто поразлично од она што досега сме биле можеби навикнати да го слушаме од оваа музичка екипа, но ако ги земеме в предвид реакциите на социјалните мрежи, очигледно на публиката и се допаѓа „Мами“. А Панчо не би бил Панчо ако и овојпат не се потрудеше да сними интересен видеоспот. Имено, спотот за новата песна е снимен градот Наполи и тоа токму во времето кога клубот на нашиот дијамант Елиф Елмас ја славеа освоената шампионска титула во Калчо лигата каде што Панчо и екипата која беше со него беа токму гости на Елмас. Покрај одличната атмосфера од градот која е доловена во видеото, Панчо снимаше и во затрупаниот град Помпеја и Салерно, градот од каде започнува да се простира Амалфскиот брег.
Морам тука да му се заблагодарам многу на Елиф за тоа што не пречека, ни обезбеди и влезници за натпреварот и не покани на забавата каде заедно со фудбалерите на клубот ја славеа шампионската титула, изјави Панчо без да открива многу детали за дружбата со нашиот фудбалски дијамант со кој се многу блиски пријатели.
Инаку ова лето дуото ДНК ќе одржи многу настапи ширум нашата земја, а во блиска иднина ќе слушнеме и нешто ново од музичкото трио Панчо, Андреј и Лазар Цветкоски.. Но да не должиме многу, погледнете го спотот за „Мами“ и сподлете ако ви се допаѓа на вашите социјални мрежи: https://youtu.be/_KPECSa4qg0

The post Елиф Елмас, титулата и Наполи во новиот спот на Панчо од ДНК за „Мами“ appeared first on Република.

]]>
„Добивме, ку*ац“ вели Панчо на прашањето дали добиле помош од државата за големиот јубилеј https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/dobivme-ku-ac-veli-pancho-na-prashanjeto-dali-dobile-pomosh-od-drzavata-za-golemiot-jubilej/ Wed, 23 Nov 2022 18:10:51 +0000 https://republika.mk/?p=577457

На прес-конференција, Панчо, Андреј и нивниот тим објавија детали за големиот концерт на 3 декември во „Борис Трајковски“, со кој музичкото дуо ДНК ќе прослави 20 години успешна музичка кариера. Најавија одличен коцнерт со неколку музички гости, меѓу кои: Тамара Тодевска, младиот Јанг Дади, Ена Цветковска и уште неколку други.

Значајно е да се каже дека дел од продадените карти и сите средства од продажбата на албумот ќе бидат доделени во фондацијата „Марко Божиновски“ како поддршка за младите спортски таленти од Македонија.

На прашањето дали добиле некаква помош од државата и Министерството за култура по повод нивниот голем љубилеј, Панчо видно се вознемири и кратко одговори „Добивме, ку*ац“, по што микрофонот му го даде на Андреј, кој кажа дека на министерството ќе им испратат гратис влезници за нивниот концерт.

The post „Добивме, ку*ац“ вели Панчо на прашањето дали добиле помош од државата за големиот јубилеј appeared first on Република.

]]>

На прес-конференција, Панчо, Андреј и нивниот тим објавија детали за големиот концерт на 3 декември во „Борис Трајковски“, со кој музичкото дуо ДНК ќе прослави 20 години успешна музичка кариера. Најавија одличен коцнерт со неколку музички гости, меѓу кои: Тамара Тодевска, младиот Јанг Дади, Ена Цветковска и уште неколку други. Значајно е да се каже дека дел од продадените карти и сите средства од продажбата на албумот ќе бидат доделени во фондацијата „Марко Божиновски“ како поддршка за младите спортски таленти од Македонија. На прашањето дали добиле некаква помош од државата и Министерството за култура по повод нивниот голем љубилеј, Панчо видно се вознемири и кратко одговори „Добивме, ку*ац“, по што микрофонот му го даде на Андреј, кој кажа дека на министерството ќе им испратат гратис влезници за нивниот концерт.

The post „Добивме, ку*ац“ вели Панчо на прашањето дали добиле помош од државата за големиот јубилеј appeared first on Република.

]]>
Џенан го препеа Панчо: „Ако утре ме нема“ доби српска верзија https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/dzenan-go-prepea-pancho-ako-utre-me-nema-dobi-srpska-verzija/ Mon, 08 Aug 2022 13:53:46 +0000 https://republika.mk/?p=538042

„Ако утре ме нема“ на ДНК и Џамбо Агушев оркестарот доби своја српска верзија со наслов „Ако сутра ме нема“ и тоа во изведба на неверојатниот Џенан Лончаревиќ. Можеби звучи неверојатно, затоа што ретко се случува изведувачи од соседството да препеат наша тема, но кога станува збор за „стварите“ на ДНК тогаш ништо не е невозможно.

До соработката дојде случајно, благорадение на нивниот заеднички колега и големо музичко име, неверојатниот Сергеј Ќетковиќ.

„Сергеј беше воодушевен од песната, ми ја пушти да ја слушнам и веќе немаше простор за дискусија зашто знаев дека морам да ја снимам. Веднаш стапив во контакт со Панчо и за кратко бев кај Лазар Цветкоски во студио. Добивме одличен финален производ за кој добивам само позитивни реакции. Им благодарам и на Панчо и на Андреј што  несебично ме поддржаа во желбата да снимам своја верзија на „Ако утре ме нема“, вели Лончаревиќ.

Музиката за „Ако сутра ме нема“ е на Панчо и Лазар, препевот на верзијата на Џенан е на Сергеј Ќетковиќ, а аранжманот е со потписот на Лазе во чие студио и е продуцирана и снимена. Делот со трубачите, секако, му припаѓа на Џамбо Агушев оркестарот.

The post Џенан го препеа Панчо: „Ако утре ме нема“ доби српска верзија appeared first on Република.