Панче Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/panche/ За подобро да се разбереме Mon, 12 Aug 2024 10:41:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Панче Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/panche/ 32 32 Поднесено обвинение против Палчо за грабнување и убиство на Вања и Панче https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/podneseno-obvinenie-protiv-palcho-za-grabnuvane-i-ubistvo-na-vana-i-panche/ Mon, 12 Aug 2024 10:41:30 +0000 https://republika.mk/?p=805790

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против Љупчо Палевски Палчо.

Тој се товари за: – едно кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.1 и т.7 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и едно кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.1 и т.4 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и двете казниви по чл.123 ст.3 од Кривичниот законик, – едно кривично дело – Грабнување од чл.141 ст.2 в.в. со ст.1 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и едно кривично дело – Грабнување од чл.141 ст.1 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик.

Во исто време, надлежниот обвинител поднесе и предлог за спроведување единствена постапка против овој обвинет и уште четири лица кои претходно беа обвинети за истиот настан, со оглед на тоа што во двата обвинителни акти се работи за ист вид кривични дела извршени од повеќе лица како соизвршители, меѓу нивните дејствија постои поврзаност од аспект на време, место и начин на извршување, а постојат и исти докази. Тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното дете Вања Ѓорчевска со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. На 22.11.2023, обвинетиот заедно со уште тројца претходно обвинети заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило “Цитроен” за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Обвинетите отишле до куќата на оштетениот, физички го совладале и го врзале, а потоа го ставиле во багажникот и се упатиле до местото викано “Рудник” во околината на Велес, каде од користољубие и на свиреп начин, со умисла го лишиле од живот со огнено оружје – пиштол со калибар 9 милиметри. На 27.11.2023, обвинетите, помогнати од обвинет родител, извршиле грабнување на девојчето во влезот од зграда на улицата “Наум Наумовски Борче” во Скопје. Ја врзале и ја однеле во близина на местото викано “Дупки”, во атарот на селото Бразда, па таму на свиреп начин, со умисла го лишиле од живот малолетното лице, информираат од Обвинителството.

Обвинителниот акт содржи предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

The post Поднесено обвинение против Палчо за грабнување и убиство на Вања и Панче appeared first on Република.

]]>

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против Љупчо Палевски Палчо. Тој се товари за: – едно кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.1 и т.7 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и едно кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.1 и т.4 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и двете казниви по чл.123 ст.3 од Кривичниот законик, – едно кривично дело – Грабнување од чл.141 ст.2 в.в. со ст.1 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и едно кривично дело – Грабнување од чл.141 ст.1 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик. Во исто време, надлежниот обвинител поднесе и предлог за спроведување единствена постапка против овој обвинет и уште четири лица кои претходно беа обвинети за истиот настан, со оглед на тоа што во двата обвинителни акти се работи за ист вид кривични дела извршени од повеќе лица како соизвршители, меѓу нивните дејствија постои поврзаност од аспект на време, место и начин на извршување, а постојат и исти докази. Тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното дете Вања Ѓорчевска со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. На 22.11.2023, обвинетиот заедно со уште тројца претходно обвинети заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило “Цитроен” за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Обвинетите отишле до куќата на оштетениот, физички го совладале и го врзале, а потоа го ставиле во багажникот и се упатиле до местото викано “Рудник” во околината на Велес, каде од користољубие и на свиреп начин, со умисла го лишиле од живот со огнено оружје – пиштол со калибар 9 милиметри. На 27.11.2023, обвинетите, помогнати од обвинет родител, извршиле грабнување на девојчето во влезот од зграда на улицата “Наум Наумовски Борче” во Скопје. Ја врзале и ја однеле во близина на местото викано “Дупки”, во атарот на селото Бразда, па таму на свиреп начин, со умисла го лишиле од живот малолетното лице, информираат од Обвинителството. Обвинителниот акт содржи предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

The post Поднесено обвинение против Палчо за грабнување и убиство на Вања и Панче appeared first on Република.

]]>
Приговорите на обвинетите за убиството на Вања и Панче се одбиени, на таткото на девојчето ќе му се суди за грабнување https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/prigovorite-na-obvinetite-za-ubistvoto-na-vana-i-panche-se-odbieni-na-tatkoto-na-devojcheto-ke-mu-se-sudi-za-grabnuvane/ Mon, 08 Jul 2024 12:32:50 +0000 https://republika.mk/?p=794606

Советот за оценка на обвинителен акт со КООА 83/24 против обвинетите: В. М., Б. В. и В. К., обвинети за по две кривични дела убиство од чл. 123 ст.2 т.1 и т.7 в.в. со чл. 22 од КЗ и чл. 123 ст. 2 т.1 и т.4 в.в со чл. 22 од КЗ, како и две кривични дела грабнување од чл. 141 ст.2 в.в. со ст.1 и в.в. со чл. 22 и чл. 141 ст. 1 в.в. чл. 22 од КЗ, и обвинетиот А. Ѓ., обвинет за едно кривично дело грабнување чл. 141 ст.2 в.в. ст.1 в.в. чл. 24 од КЗ, а поврзано со двојното убиство на малолетната В. Ѓ. и велешанецот П. Ж. во ноември минатата година.

По разгледување и ценење на актот, како и доставените приговори изјавени против обвинението од страна на одбраната на обвинетите, донесе решение со кое приговорите на одбраната се одбиваат како неосновани, а обвинителниот акт се одобрува во целост. Врз основа на одобрениот обвинителен акт се формира кривично-правен предмет, кој во согласност со АКМИС-системот ќе биде распределен на понатамошно постапување, соопшти Кривичниот суд.

Постапката против првоосомничениот за двојното убиство, Љ. П., е сè уште во фаза на обвинителска истрага, додаваат од Кривичниот суд.

The post Приговорите на обвинетите за убиството на Вања и Панче се одбиени, на таткото на девојчето ќе му се суди за грабнување appeared first on Република.

]]>

Советот за оценка на обвинителен акт со КООА 83/24 против обвинетите: В. М., Б. В. и В. К., обвинети за по две кривични дела убиство од чл. 123 ст.2 т.1 и т.7 в.в. со чл. 22 од КЗ и чл. 123 ст. 2 т.1 и т.4 в.в со чл. 22 од КЗ, како и две кривични дела грабнување од чл. 141 ст.2 в.в. со ст.1 и в.в. со чл. 22 и чл. 141 ст. 1 в.в. чл. 22 од КЗ, и обвинетиот А. Ѓ., обвинет за едно кривично дело грабнување чл. 141 ст.2 в.в. ст.1 в.в. чл. 24 од КЗ, а поврзано со двојното убиство на малолетната В. Ѓ. и велешанецот П. Ж. во ноември минатата година. По разгледување и ценење на актот, како и доставените приговори изјавени против обвинението од страна на одбраната на обвинетите, донесе решение со кое приговорите на одбраната се одбиваат како неосновани, а обвинителниот акт се одобрува во целост. Врз основа на одобрениот обвинителен акт се формира кривично-правен предмет, кој во согласност со АКМИС-системот ќе биде распределен на понатамошно постапување, соопшти Кривичниот суд. Постапката против првоосомничениот за двојното убиство, Љ. П., е сè уште во фаза на обвинителска истрага, додаваат од Кривичниот суд.

The post Приговорите на обвинетите за убиството на Вања и Панче се одбиени, на таткото на девојчето ќе му се суди за грабнување appeared first on Република.

]]>
Во случајот со убиството на Вања и Панче нема нови осомничени лица, вели Бубевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-sluchajot-so-ubistvoto-na-vana-i-panche-nema-novi-osomnicheni-litsa-veli-bubevski/ Wed, 31 Jan 2024 14:39:55 +0000 https://republika.mk/?p=739093

Шефот на скопското обвинителство, Гаврил Бубевски, на денешниот брифинг со новинарите рече дека во случајот со убиството на Вања и Панче нема нови осомничени лица и не гледа пречка постапката за екстрадиција од Турција на првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо да заврши брзо.

На денешниот брифинг со новинарите тој сподели дека предметот е во сериозна фаза.

Нема нови осомничени лица. Предметот е во фаза на истрага. Правниот дел во делот за екстрадиција е завршен. Останува делот од Турција, за кој што немам последни сознанија. Предметот е веќе во средна, сериозна фаза, можеби за брзо ќе има нешто кога ќе заврши екстрадицијата и не гледам никаква пречка тоа да се заврши брзо.

Во врска со партијата Десна, која продолжи со работа, а дел од осомничените се членови, Бубевски додаде дека нема докази дека партиски влијанија имале некаква врска со дејствијата во случајот.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

За нивното убиство се товарат Љупчо Палевски Палчо, кој е во привремен затвор во Турција, Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски, како и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, и Стефан Димковски кој се сомничи дека му помогнал на Палчо да избега во Турција.

The post Во случајот со убиството на Вања и Панче нема нови осомничени лица, вели Бубевски appeared first on Република.

]]>

Шефот на скопското обвинителство, Гаврил Бубевски, на денешниот брифинг со новинарите рече дека во случајот со убиството на Вања и Панче нема нови осомничени лица и не гледа пречка постапката за екстрадиција од Турција на првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо да заврши брзо. На денешниот брифинг со новинарите тој сподели дека предметот е во сериозна фаза.
Нема нови осомничени лица. Предметот е во фаза на истрага. Правниот дел во делот за екстрадиција е завршен. Останува делот од Турција, за кој што немам последни сознанија. Предметот е веќе во средна, сериозна фаза, можеби за брзо ќе има нешто кога ќе заврши екстрадицијата и не гледам никаква пречка тоа да се заврши брзо.
Во врска со партијата Десна, која продолжи со работа, а дел од осомничените се членови, Бубевски додаде дека нема докази дека партиски влијанија имале некаква врска со дејствијата во случајот. Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември. За нивното убиство се товарат Љупчо Палевски Палчо, кој е во привремен затвор во Турција, Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски, како и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, и Стефан Димковски кој се сомничи дека му помогнал на Палчо да избега во Турција.

The post Во случајот со убиството на Вања и Панче нема нови осомничени лица, вели Бубевски appeared first on Република.

]]>
За 30 дена им се продолжува притворот на лицата поврзани со убиствата на Вања и Панче https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/za-30-dena-im-se-prodolzhuva-pritvorot-na-litsata-povrzani-so-ubistvata-na-vana-i-panche/ Thu, 04 Jan 2024 12:38:17 +0000 https://republika.mk/?p=729594

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје за продолжување мерка притвор против 5 лица, донесе решенија со кои:Предлогот за продолжување на мерката притвор се прифаќа и на : В.М., В.К., Б.В. за кои постои основано сомнение за две кривични дела Убиство од чл. 123 ст.2 т.1 и т.4 и чл. 123 ст.2 т.1 и т.7 од КЗ, и две кривични дела Грабнување од чл. 141 ст.1 и чл. 141 ст.2 вв ст. 1 од КЗ, како и А.Ѓ. осомничен за кривично дело Грабнување од чл. 141 ст.2 вв ст.1 од КЗ, сите поврзани со убиството на малолетната девојка од Скопје – В.Ѓ и велешанецот П.Ж., им се продолжува притворот за 30 дена.

Воедно прифатен е предлогот и за продолжување на мерката притвор за нови 30 дена и за С.Д. осомничен за Помагање на сторител во извршување на кривичното дело од чл. 365 ст.5 вв со ст.1 од КЗ, а поврзан со бегството на прво осомничениот кој се наоѓа во екстрадиционен, краткотраен затвор во Р.Турција.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје, се наведува во соопштението.

The post За 30 дена им се продолжува притворот на лицата поврзани со убиствата на Вања и Панче appeared first on Република.

]]>

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје за продолжување мерка притвор против 5 лица, донесе решенија со кои:Предлогот за продолжување на мерката притвор се прифаќа и на : В.М., В.К., Б.В. за кои постои основано сомнение за две кривични дела Убиство од чл. 123 ст.2 т.1 и т.4 и чл. 123 ст.2 т.1 и т.7 од КЗ, и две кривични дела Грабнување од чл. 141 ст.1 и чл. 141 ст.2 вв ст. 1 од КЗ, како и А.Ѓ. осомничен за кривично дело Грабнување од чл. 141 ст.2 вв ст.1 од КЗ, сите поврзани со убиството на малолетната девојка од Скопје – В.Ѓ и велешанецот П.Ж., им се продолжува притворот за 30 дена. Воедно прифатен е предлогот и за продолжување на мерката притвор за нови 30 дена и за С.Д. осомничен за Помагање на сторител во извршување на кривичното дело од чл. 365 ст.5 вв со ст.1 од КЗ, а поврзан со бегството на прво осомничениот кој се наоѓа во екстрадиционен, краткотраен затвор во Р.Турција. Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје, се наведува во соопштението.  

The post За 30 дена им се продолжува притворот на лицата поврзани со убиствата на Вања и Панче appeared first on Република.

]]>
Институтoт за судска медицина се оградува од сите неофицијални информации за обдукцијата на 14-годишната Вања https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/institutot-za-sudska-meditsina-se-ograduva-od-site-neofitsijalni-informatsii-za-obduktsijata-na-14-godishnata-vana/ Mon, 25 Dec 2023 10:42:34 +0000 https://republika.mk/?p=726439

Институтот за судска медицина се оградува од сите написи во кои ќе бидат објавени неофицијални информации, а каде како извор ќе биде наведен Институтот, посочуваат од оваа институција по објавата на електронскиот медиумот „Скопје1. мк“, кој вчера објави информација за начинот на кој била убиена 14-годишната Вања Ѓорчевска.

Категорично тврдиме дека овој медиум не добил никаква изјава, ниту информација во усна или писмена форма од Институтот. Само изјава дадена од одговорното лице на Институтот, која е во вид на аудио или видеоснимка или во писмена форма, може да се смета за релевантна и точна и тогаш медиумите може да цитираат дека изворот на информацијата е од Институтот. Додека трае истрагата Институтот за судска медицина се оградува од сите написи во кои ќе бидат објавени неофицијални информации, а каде како извор на информацијата стои Институтот за судска медицина, истакнуваат од Институтот.

Оттаму, известуваат дека по пронаоѓање на телата од покојните Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Институтот бил активно вклучен во истрагата, како при увидот на местото на пронаоѓање на телата така и во вршење на обдукциите.

- По завршување на обдукциите телата на починатите беа предадени на семејствата, а Институтот продолжи со понатамошните анализи кои се спроведуваат после секоја обдукција. Извештаите од обдукциите за починатите беа доставени во Основното јавно обвинителство Скопје на ден 22 декември 2023 година. Од доставување на обдукциските наоди, веќе во наредните денови почнаа да се појавуваат информации кои се дел од истрагата и кои треба да бидат тајни додека трае истата, велат од Институтот за судска медицина.

Од Институтот напомнуваат дека како судски медицинари, кои се активно вклучени во истрагата за овој сензитивен предмет, се обврзани да го почитуваат Законот за кривична постапка, односно член 289 кој се однесува на тајност на предистражната постапка и кој вели дека „сите дејствија преземени во предистражната постапка од страна на јавниот обвинител или полицијата се сметаат за тајна“, како и член 299 од истиот Закон, кој се однесува на тајност на истражната постапка и каде ставот 1 вели дека „доколку тоа го бараат интересите на кривичната постапка, потребата да се зачува тајна или да се заштити личниот и семејниот живот на оштетениот или осомничениот, јавниот обвинител ќе му нареди на лицето кое го сослушува, кое присуствува на истражното дејствие или кое ги разгледува списите, да ги чува како тајна определени податоци и ќе го предупреди за последиците од оддавањето на тајната“ и ставот 2 кој вели дека „наредбата од ставот (1) на овој член посебно се внесува во записникот, односно се забележува во списите што се разгледуваат, со своерачен потпис на лицето кое е предупредено за должноста на чување тајна“.

Ги потсетуваме новинарите дека според Кодексот на новинари тие се должни и мора да ја почитуваат личната болка на семејството, а сите извештаи за судски постапки мора да им бидат ослободени од сензационализам. Воедно новинарите имаат одговорност да известуваат урамнотежено, со сигурни докази потврдени од релевантни извори и секогаш почитувајќи ги личната болка и жалост на најблиските, потенцираат од Институтот.

Оттаму, напомнуваат дека Институтот за судска медицина продолжува со сите законски предвидени дејствија за овој предмет кој се и ќе бидат дел од доказниот материјал, а кој со јавноста ќе бидат споделени во оној дел во кој тоа го дозволува Законот за кривична постапка.

The post Институтoт за судска медицина се оградува од сите неофицијални информации за обдукцијата на 14-годишната Вања appeared first on Република.

Стигнале обдукциските наоди за Вања и Панче https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stignale-obduktsiskite-naodi-za-vana-i-panche/ Fri, 22 Dec 2023 13:13:41 +0000 https://republika.mk/?p=725691

По 17 дена, стигнаа обдукциските наоди од обдукциите на убиените Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, дознава „Скопје1“.

Тие ќе треба да бидат проучени, а да ги дадат одговорите, како биле убиени двете жртви, кои претходно беа киднапирани. Веќе беше обзнането дека не станува збор за обична обдукција. Обдукциите беа работени од Институтот за судска медицина и криминалистика.

Истовремено, се прават низа вештачења, проверки, во рамки на истрагата.

The post Стигнале обдукциските наоди за Вања и Панче appeared first on Република.

]]>

По 17 дена, стигнаа обдукциските наоди од обдукциите на убиените Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, дознава „Скопје1“. Тие ќе треба да бидат проучени, а да ги дадат одговорите, како биле убиени двете жртви, кои претходно беа киднапирани. Веќе беше обзнането дека не станува збор за обична обдукција. Обдукциите беа работени од Институтот за судска медицина и криминалистика. Истовремено, се прават низа вештачења, проверки, во рамки на истрагата.

The post Стигнале обдукциските наоди за Вања и Панче appeared first on Република.

]]>
ЈО: Извештајот од судска медицина за Вања Ѓорчевска не е официјално доставен до обвинителството https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jo-izveshtajot-od-sudska-meditsina-za-vana-gorchevska-ne-e-ofitsijalno-dostaven-do-obvinitelstvoto/ Mon, 18 Dec 2023 12:51:24 +0000 https://republika.mk/?p=724285

Јавното обвинителство денеска соопшти дека извештајот од Институтот за судска медицина за Вања Ѓорчевска не е официјално доставен до обвинителството.

Од обвинителството посочуваат дека е во фаза на прибирање на сите докази околу истрагата за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.

Осомничениот за убиствата на Ѓорчевска и на Жежовски, Љупчо Палевски – Палчо е во екстрадиционен затвор во Турција.

Обдукцијата на телата на убиените Вања и Панче заврши на 5 декември, но се чека Институтот за судска медицина и криминалистика да ги изготви и официјално да ги достави наодите до Обвинителството.

Телата на Вања и Панче беа пронајдени во околината на Скопје и Велес на 3 декември.

Според МВР и Обвинителството, тие двајца не биле поврзани, но за нивното грабнување и убиство се осомничени истите лица.

The post ЈО: Извештајот од судска медицина за Вања Ѓорчевска не е официјално доставен до обвинителството appeared first on Република.

]]>

Јавното обвинителство денеска соопшти дека извештајот од Институтот за судска медицина за Вања Ѓорчевска не е официјално доставен до обвинителството. Од обвинителството посочуваат дека е во фаза на прибирање на сите докази околу истрагата за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. Осомничениот за убиствата на Ѓорчевска и на Жежовски, Љупчо Палевски – Палчо е во екстрадиционен затвор во Турција. Обдукцијата на телата на убиените Вања и Панче заврши на 5 декември, но се чека Институтот за судска медицина и криминалистика да ги изготви и официјално да ги достави наодите до Обвинителството. Телата на Вања и Панче беа пронајдени во околината на Скопје и Велес на 3 декември. Според МВР и Обвинителството, тие двајца не биле поврзани, но за нивното грабнување и убиство се осомничени истите лица.

The post ЈО: Извештајот од судска медицина за Вања Ѓорчевска не е официјално доставен до обвинителството appeared first on Република.

]]>
Аврамовска-Мадиќ: Мошне скоро очекуваме одговор кога најбрзо би бил екстрадиран Палевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/avramovska-madik-moshne-skoro-ochekuvame-odgovor-koga-najbrzo-bi-bil-ekstradiran-palevski/ Wed, 13 Dec 2023 13:34:05 +0000 https://republika.mk/?p=722583

Министерството за правда ја отпочна постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски првоосмничениот за двојното убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски. Министерот го потпиша барањето и документите се доставени до Интерпол и надлежните органи во Турција, информираше денеска заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ, која присуствуваше на пленарната конференција на тема „Национална конвенција на Европската Унија: Темелни општествени вредности за европската иднина“. Посочи дека соработката со министерството за правда на Република Турција е одлична.

-Во релативно насјкоро време очекуваме да добиеме повратен одговор кога би било во најбзро време екстрадицијата. Затоа што напоменав дека Министерството за правда ќе направи напори, тоа да не биде на крајниот рок од 40 дена, туку што може во најскоро време, рече Аврамовска Мадиќ.

Прашана дали до нив има пристигнато информации за користење на жалби од страна на Палевски, со што би се пролонгирала екстрадицијата Аврамовска Мадиќ со одговор дека правото на одбрана на жалба го има секој осомничен и обвинет, но од страна на министерството за правда и македонските органи на прогон ќе се направи се, за, како што вели, Палевски да биде донесен во Република Македонија.

-Екстрадициониот притвор кој му е утврден и определен од страна на државата во којашто се наоѓа да биде донесен кај нас, а нашите органи, институции, обвинителството и судството во најбрз можен рок да постапат по предметите, бидејќи веќе видовме и од страна на Министерството за внатрешни работи и Обвинителството дека постојат доволен број на докази, да може овој предмет да биде завршен во најбрз можен рок, вели Аврамовска Мадиќ.

Што се однесува за тоа дали од страна на турските власти е побарана и дополнителна документација од македонското Министерството за правда, Аврамовска Мадиќ истакна дека двете министерства комуницираат постојано, секојдневно.

- Се она што се бара од Министерството за правда во најбрз можен рок се обезбедува од обвинителството, се преведува и се доставува преку системот со којшто се работи, вели Аврамовска Мадиќ.

Посочи дека има барања за документи, а како што вели можеби ќе има или нема да има. Но, забележа дека таа постапка е малку подолга.

-И не може да знаеме дали ќе биде доволна или ќе има потреба од уште. Меѓутоа нашето постапување од страна на Министерството за правда е во најбрз можен рок. Значи не чекаме постојано, службениците во Министерството за правда кои го работат тоа, постојано се во комуникација со Министерството за правда во Република Турција, рече Аврамовска Мадиќ.

The post Аврамовска-Мадиќ: Мошне скоро очекуваме одговор кога најбрзо би бил екстрадиран Палевски appeared first on Република.

Бубевски: Материјалните докази соодветствуваат со исказите на осомничените за убиството на Вања и Панче https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bubevski-materijalnite-dokazi-soodvetstvuvaat-so-iskazite-na-osomnichenite-za-ubistvoto-na-vana-i-panche/ Tue, 12 Dec 2023 13:33:46 +0000 https://republika.mk/?p=722227

Главниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски, денеска изјави дека се испитуваат материјалните докази во врска со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, и, како што рече „материјалните докази зборуваат со истиот јазик со кој што зборуваа и осомничените“.

- Во однос на фактите што произлегуваат од целокупниот доказен материјал конечно ќе се произнесеме со обвинение. Истрагата во однос на дејствијата е на тоа ниво на кое што ви кажав и минатиот пат. Се испитуваат материјалните докази и тие зборуваат со истиот јазик со којшто зборуваа и осомничените, изјави обвинителот.

Тој информираше дека се анализираат материјалните докази и се прави целосна ретроспектива на сето тоа што се случувало.

- Тоа ќе биде предмет на описот на обвинителен акт, рече Бубевски.

Во однос на постапката за екстрадиција на првоосомничениот Љупчо Палевски, кој беше упасен во Турција, Бубевски рече дека ОЈО Скопје ги има доставено сите потребни работи за екстрадицијата.

По една недела од истрагата за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, во случајот остануваат шестмина осомничени. Првоосомничениот за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ , Љупчо Палевски - Палчо, во моментов е во притвор во Турција и се чека на неговата екстрадиција. За истите дела се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје, а во притвор се и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи помагал во грабнувањето со тоа што, како што соопштија своевремено надлежните, споделувал информации со останатите осомничени за движењето на неговата ќерка, и Стефан Димковски, возачот кој го возел од Србија до Турција првоосомничениот Палчо.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

The post Бубевски: Материјалните докази соодветствуваат со исказите на осомничените за убиството на Вања и Панче appeared first on Република.

]]>

Главниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски, денеска изјави дека се испитуваат материјалните докази во врска со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, и, како што рече „материјалните докази зборуваат со истиот јазик со кој што зборуваа и осомничените“.
- Во однос на фактите што произлегуваат од целокупниот доказен материјал конечно ќе се произнесеме со обвинение. Истрагата во однос на дејствијата е на тоа ниво на кое што ви кажав и минатиот пат. Се испитуваат материјалните докази и тие зборуваат со истиот јазик со којшто зборуваа и осомничените, изјави обвинителот.
Тој информираше дека се анализираат материјалните докази и се прави целосна ретроспектива на сето тоа што се случувало.
- Тоа ќе биде предмет на описот на обвинителен акт, рече Бубевски.
Во однос на постапката за екстрадиција на првоосомничениот Љупчо Палевски, кој беше упасен во Турција, Бубевски рече дека ОЈО Скопје ги има доставено сите потребни работи за екстрадицијата. По една недела од истрагата за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, во случајот остануваат шестмина осомничени. Првоосомничениот за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ , Љупчо Палевски - Палчо, во моментов е во притвор во Турција и се чека на неговата екстрадиција. За истите дела се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје, а во притвор се и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи помагал во грабнувањето со тоа што, како што соопштија своевремено надлежните, споделувал информации со останатите осомничени за движењето на неговата ќерка, и Стефан Димковски, возачот кој го возел од Србија до Турција првоосомничениот Палчо. Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

The post Бубевски: Материјалните докази соодветствуваат со исказите на осомничените за убиството на Вања и Панче appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Возилото на убиениот Панче во Скопје било 3 дена возено, без да биде сопрено и легитимирано https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-voziloto-na-ubieniot-panche-vo-skopje-bilo-3-dena-vozeno-bez-da-bide-sopreno-i-legitimirano/ Sun, 10 Dec 2023 08:54:46 +0000 https://republika.mk/?p=721414

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека секој ден излегуваат се повеќе информации дека поради пропусти на МВР на Спасовски не бил спречен трагичниот настан со грабнувањето и двојното убиство за кое се осомничени Палевски и неговата група.

Последните информации, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ за кои додаваат дека надлежните институции не ги демантираат, говорат дека возилото на Панче Жежовски кое било уредно пријавено после неговото исчезнување 5 дена пред убиството на малата Вања, се движело без проблем во Скопје.

-Доколку МВР распишало централна објава по возилото, тоа ќе било најдено веднаш штом ќе се регистрира од страна на системот Сејф Сити, а убијците на Панче ќе биле фатени, односно убиството на Вања можеби и немало да се случи. Возилото со кое е киднапирана Вања и со кое е пренесена до местото на ликвидација, од Велес во Скопје влегува на 24 ноември, што значи дека во тие три дена морало да биде откриено, сопрено и легитимирано од страна на полицијата. Единствена шанса ова возило да не биде забележано во најголемиот безбедносен степен кој владееше во Скопје, е доколку истото не било внесено во системот за централна објава.

Индициите говорат дека постоеле низа на пропусти во истрагата пред и после настаните. Фактите говорат дека Палевски и неговата група пред 7 месеци биле откриени како диво копаат артефакти и поседувале нелегано оружје и за истото не биле санкционирани. Доколку власта и Спасовски не замижуваа пред поведението на Палевски и ако ја работеа работата до оваа трагедија немаше да дојде, се вели во соопштението на партијата

Спасовски нека не се крие, нека излезе и нека ги даде одговорите за вистинските прашања. Тоа им го должи и на жртвите и на македонската јавност.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Возилото на убиениот Панче во Скопје било 3 дена возено, без да биде сопрено и легитимирано appeared first on Република.

]]>

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека секој ден излегуваат се повеќе информации дека поради пропусти на МВР на Спасовски не бил спречен трагичниот настан со грабнувањето и двојното убиство за кое се осомничени Палевски и неговата група. Последните информации, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ за кои додаваат дека надлежните институции не ги демантираат, говорат дека возилото на Панче Жежовски кое било уредно пријавено после неговото исчезнување 5 дена пред убиството на малата Вања, се движело без проблем во Скопје. -Доколку МВР распишало централна објава по возилото, тоа ќе било најдено веднаш штом ќе се регистрира од страна на системот Сејф Сити, а убијците на Панче ќе биле фатени, односно убиството на Вања можеби и немало да се случи. Возилото со кое е киднапирана Вања и со кое е пренесена до местото на ликвидација, од Велес во Скопје влегува на 24 ноември, што значи дека во тие три дена морало да биде откриено, сопрено и легитимирано од страна на полицијата. Единствена шанса ова возило да не биде забележано во најголемиот безбедносен степен кој владееше во Скопје, е доколку истото не било внесено во системот за централна објава. Индициите говорат дека постоеле низа на пропусти во истрагата пред и после настаните. Фактите говорат дека Палевски и неговата група пред 7 месеци биле откриени како диво копаат артефакти и поседувале нелегано оружје и за истото не биле санкционирани. Доколку власта и Спасовски не замижуваа пред поведението на Палевски и ако ја работеа работата до оваа трагедија немаше да дојде, се вели во соопштението на партијата Спасовски нека не се крие, нека излезе и нека ги даде одговорите за вистинските прашања. Тоа им го должи и на жртвите и на македонската јавност.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Возилото на убиениот Панче во Скопје било 3 дена возено, без да биде сопрено и легитимирано appeared first on Република.

]]>
Дали е точно дека „Цитроенот“ на Панче три дена бил подготвуван за убиството на Вања? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dali-e-tochno-deka-tsitroenot-na-panche-tri-dena-bil-podgotvuvan-za-ubistvoto-na-vana/ Thu, 07 Dec 2023 10:50:01 +0000 https://republika.mk/?p=720657

Возилото со кое била киднапирана и убиена Вања е пријавено за исчезнато уште на 22-ри ноември во МВР, а веќе на 24-ти веќе е во Скопје, во пресот во продолжение ќе ги објасниме пропустите на МВР, за кои очекуваме одговор.

Според досегашните познати информации, првоосомничениот Палевски извршил убиство врз велешанецот Панче Жежовски, му го земал возилото и со денови шетал слободно, по што извршил уште едно убиство и избегал.

Зошто, прашува Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ

https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-vana-mozheshe-da-bide-spasena-dokolku-nemashe-propusti-vo-istragata/

Затоа што МВР направило серија на пропусти со ненавремено и непрофесионално расветлување на случајот со исчезнувањето на велешанецот Панче Жежовски. МВР по пријавувањето на исчезнувањето на Панче од самиот почеток НЕ преземале конкретни и сеопфатни оперативни мерки.

https://www.youtube.com/watch?v=5JbKhCsezKM&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

Легитимно се поставуваат прашања за кои, повторувам,  искажуваме сомнеж дека МВР направило пропусти во постапувањето и бараме МВР да одговори:

1. Дали се преземени мерки за детално пребарување на просторот, односно да се открие КАДЕ имало зрачење и да се открие телефонот, затоа што според свиркач, телефонот е пронајден дури после четири дена?

2. Дали се преземени детални мерки преку операторот на телефонскиот број на исчезнатиот за да се обработат листите на разговори кои ги остварило лицето во изминатите денови наназад?

3. Дали е точно дека од вештачењето на трагите на телефонот на исчезнатото лице се пронајдени траги на лице кое моментално е на издржување на казна затвор ?

4. Дали е точно ВНИМАВАЈТЕ – дека возилото на Панче било пријавено за исчезнато во МВР уште на 22-ри ноември (5 дена пред убиството на Вања), а министерот тврдеше дека потрага по возилото немало затоа што не знаеле дека било исчезнато заедно со Панче?

5. Зошто веднаш не е објавена централна потрага за возилото на исчезнатиот, кога за истото, покрај пријавата во МВР на 22-ри, дури и на веб-портал на 25-ти е посочено дека и возилото е исчезнато, а за кое повторувам – министерот за внатрешни тврдеше дека не знаеле дека е исчезнато заедно со исчезнатиот Панче?

6. И најважно – Дали е точно дека возилото со кое била убиена Вања било уште во петокот, односно три дена пред убиството, на скопските улици, спремно да биде искористено за убиство?

Очигледно е дека се направени кардинални пропусти за кои ако МВР имаше навремен одговор, можеби убиството на  исчезнатото лице Панче немало да биде спречено, но монструмите ќе биле спречени да направат уште погрозоморен чин!

The post Дали е точно дека „Цитроенот“ на Панче три дена бил подготвуван за убиството на Вања? appeared first on Република.

]]>

Возилото со кое била киднапирана и убиена Вања е пријавено за исчезнато уште на 22-ри ноември во МВР, а веќе на 24-ти веќе е во Скопје, во пресот во продолжение ќе ги објасниме пропустите на МВР, за кои очекуваме одговор. Според досегашните познати информации, првоосомничениот Палевски извршил убиство врз велешанецот Панче Жежовски, му го земал возилото и со денови шетал слободно, по што извршил уште едно убиство и избегал. Зошто, прашува Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-vana-mozheshe-da-bide-spasena-dokolku-nemashe-propusti-vo-istragata/
Затоа што МВР направило серија на пропусти со ненавремено и непрофесионално расветлување на случајот со исчезнувањето на велешанецот Панче Жежовски. МВР по пријавувањето на исчезнувањето на Панче од самиот почеток НЕ преземале конкретни и сеопфатни оперативни мерки.
https://www.youtube.com/watch?v=5JbKhCsezKM&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title Легитимно се поставуваат прашања за кои, повторувам,  искажуваме сомнеж дека МВР направило пропусти во постапувањето и бараме МВР да одговори: 1. Дали се преземени мерки за детално пребарување на просторот, односно да се открие КАДЕ имало зрачење и да се открие телефонот, затоа што според свиркач, телефонот е пронајден дури после четири дена? 2. Дали се преземени детални мерки преку операторот на телефонскиот број на исчезнатиот за да се обработат листите на разговори кои ги остварило лицето во изминатите денови наназад? 3. Дали е точно дека од вештачењето на трагите на телефонот на исчезнатото лице се пронајдени траги на лице кое моментално е на издржување на казна затвор ? 4. Дали е точно ВНИМАВАЈТЕ – дека возилото на Панче било пријавено за исчезнато во МВР уште на 22-ри ноември (5 дена пред убиството на Вања), а министерот тврдеше дека потрага по возилото немало затоа што не знаеле дека било исчезнато заедно со Панче? 5. Зошто веднаш не е објавена централна потрага за возилото на исчезнатиот, кога за истото, покрај пријавата во МВР на 22-ри, дури и на веб-портал на 25-ти е посочено дека и возилото е исчезнато, а за кое повторувам – министерот за внатрешни тврдеше дека не знаеле дека е исчезнато заедно со исчезнатиот Панче? 6. И најважно – Дали е точно дека возилото со кое била убиена Вања било уште во петокот, односно три дена пред убиството, на скопските улици, спремно да биде искористено за убиство? Очигледно е дека се направени кардинални пропусти за кои ако МВР имаше навремен одговор, можеби убиството на  исчезнатото лице Панче немало да биде спречено, но монструмите ќе биле спречени да направат уште погрозоморен чин!

The post Дали е точно дека „Цитроенот“ на Панче три дена бил подготвуван за убиството на Вања? appeared first on Република.

]]>
Бубевски: Денеска прва кривична пријава за убиствата, на осомничените им се заканува казна од 10 години и доживотен затвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bubevski-deneska-prva-krivichna-prijava-za-ubistvata-na-osomnichenite-im-se-zakanuva-kazna-od-10-godini-i-dozhivoten-zatvor/ Tue, 05 Dec 2023 11:23:43 +0000 https://republika.mk/?p=719885

Обвинителот Гаврил Бубевски во утринската програма на српската ТВ Нова изјави дека осомничените за убиството на тинејџерката В.Г и фризерот Панче Жижовски се соочуваат со казна затвор од десет години, како и доживотна казна.

Според него, денеска се очекува првата кривична пријава против осомничените.

„Последната информација е дека на уапсените им е одреден притвор од 48 часа, меѓукои е и таткото на В.Г. Тројца, кој се изјаснија за виновни, а четвртиот, за кој имаме докази дека е вмешан, не признал ништо. Активна е меѓународната потера по убиецот и чекаме да се реализира. Деталите за улогата на таткото се уште се исти“, изјави обвинителот.

Според него, таткото ги дал сите информации за движењата на девојчето – кога ќе биде сама и слично. Киднапирањето на В.Г е поврзано со личен интерес, така рекоа осомничените, го киднапирале детето за да земат пари од мајката. После тоа се случи убиство, кое ја потресе цела нација“, вели обвинителот Бубевски на ТВ Нова.

Тој изјавил дека „киднаперите се плашеле дека полицијата ќе го открие нивниот план, па го убиле девојчето пред нејзината мајка да биде информирана за откупот“.

„Денеска ја очекуваме првата кривична пријава, очекувам да видиме што ќе се собере за да ја имаме целата приказна. Мислам дека пријавата само ќе се совпадне со приказната на осомничените“, рече обвинителот.

Бубевски посочува дека осомничените се соочуваат со казна затвор од 10 години до доживотен затвор.

Ваков случај досега немало, но тоа му дава тежина на овој случај“, заклучува Бубевски.

The post Бубевски: Денеска прва кривична пријава за убиствата, на осомничените им се заканува казна од 10 години и доживотен затвор appeared first on Република.

]]>

Обвинителот Гаврил Бубевски во утринската програма на српската ТВ Нова изјави дека осомничените за убиството на тинејџерката В.Г и фризерот Панче Жижовски се соочуваат со казна затвор од десет години, како и доживотна казна. Според него, денеска се очекува првата кривична пријава против осомничените.
„Последната информација е дека на уапсените им е одреден притвор од 48 часа, меѓукои е и таткото на В.Г. Тројца, кој се изјаснија за виновни, а четвртиот, за кој имаме докази дека е вмешан, не признал ништо. Активна е меѓународната потера по убиецот и чекаме да се реализира. Деталите за улогата на таткото се уште се исти“, изјави обвинителот.
Според него, таткото ги дал сите информации за движењата на девојчето – кога ќе биде сама и слично. Киднапирањето на В.Г е поврзано со личен интерес, така рекоа осомничените, го киднапирале детето за да земат пари од мајката. После тоа се случи убиство, кое ја потресе цела нација“, вели обвинителот Бубевски на ТВ Нова. Тој изјавил дека „киднаперите се плашеле дека полицијата ќе го открие нивниот план, па го убиле девојчето пред нејзината мајка да биде информирана за откупот“.
„Денеска ја очекуваме првата кривична пријава, очекувам да видиме што ќе се собере за да ја имаме целата приказна. Мислам дека пријавата само ќе се совпадне со приказната на осомничените“, рече обвинителот.
Бубевски посочува дека осомничените се соочуваат со казна затвор од 10 години до доживотен затвор. Ваков случај досега немало, но тоа му дава тежина на овој случај“, заклучува Бубевски.

The post Бубевски: Денеска прва кривична пријава за убиствата, на осомничените им се заканува казна од 10 години и доживотен затвор appeared first on Република.

]]>