Панче Жежовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/panche-zhezhovski/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Nov 2024 12:43:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Панче Жежовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/panche-zhezhovski/ 32 32 Вработен во „Сејф сити“ ја откри локацијата на „цитроенот“: Oд Партизанска, врти накај „Рузвелтова“, па по „Орце Николов“, кај Машински факултет и врти кај МИДА https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vraboten-vo-sejf-siti-ja-otkri-lokatsijata-na-tsitroenot-od-partizanska-vrti-nakaj-ruzveltova-pa-po-ortse-nikolov-kaj-mashinski-fakultet-i-vrti-kaj-mida/ Mon, 25 Nov 2024 12:43:14 +0000 https://republika.mk/?p=841578

На денешното судење за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски сведочеше Мирче Мирчевски, вработен во Министерството за внатрешни работи во одделот „Безбеден град“ („Safe city“). Тој изјави дека на 27 ноември, денот на исчезнувањето на Вања, вршеле пребарување на подрачје на град Скопје.

- Вршевме пребарување на подрачје на Град Скопје, потоа пребарувавме по дојави, сѐ додека понатамошната истрага не го поврза возилото Цитроен што беше запалено во Бразда, исчезнатото лице од Велес, со девојчето, рече Мирчевски.

Мирчевски објасни дека го следеле движењето на Цитроенот на 24 ноември, од Маџари Триангла до местото каде што живеело девојчето.

- Од Маџари Триангла оди на посоченото место каде што живееше девојчето и потоа си оди, и истиот по пребарување на 27 ноември, го наоѓаме како доаѓа од Бутел и од таму оди на местото на грабнување на девојчето, потоа го наоѓаме на Партизанска, врти накај „Рузвелтова“, потоа „Орце Николов“, и од сервисната улица излегува кај Машински факултет и врти кај МИДА, после Александар Палас ни се губи, појасни тој.

Сведокот истакна дека целата истрага ја водел началникот Дејан Димовски со неговите колеги, додека, како што рече, „ние дававме сугестии и ги проверувавме информациите од терен“. Тој посочи дека во возилото „Рено кангу“ на 27 ноември во 9:40 часот на камера се појавуваат две силуети.

- Се гледа дека возачот е со брадичка, личи на првообвинетиот, додека, на другите камери не може да се забележи силуети на лице, рече сведокот. На вкрстени прашања од одбраната на обвинетите, тој одговори дека не е надлежен да одговори дали треба во возилата да има ДНК на лицата кои ги возеле. Прашан дали учествувал на составување на фото-албумот во врска со сомнителните ПМВ, одговори дека помагаат во сето она што придонесува за расчистување на кривични дела. Прашан дали неговиот денешен исказ соодветствува со исказот даден во Обвинителството, особено во делот со забележаните силуети, одговори дека не е сигурен.

На дополнителни прашања од обвинителството, сведокот одговори дека возилото Цитроен на 27 ноември е следено по барање на началникот на СВР Велес.

- На 27 ноември го следиме возилото Цитроен по барање на началник на СВР Велес бидејќи е на исчезнато лице сопственик на тоа возило. На 27 возилото е најдено запалено и по барање на началникот се доставени снимки на СВР Велес.

Прашан дали е тоа причината што возилото го следеле и пред 27 ноември, одговори да. Одбраната на обвинетиот Љупчо Палевски Палчо по завршувањето на сослушувањето на даде приговор за, според нив, невистинитост на исказот на сведокот Мирчевски. На следното рочиште е предвидено да сведочи сведокот Гоце Трајковски и уште двајца сведоци.

Претходно на денешното судење за двојното убиство сведочеа службени лица кои биле назначени да го спроведат обвинетиот Велибор Манев до местото каде што било закопано телото на Жежовски. Сведокот Игор Јанушев, службено лице ангажирано за настанот изјави дека според кажувањата на Велибор Манев, тие се движеле накај Велес, каде што Велибор изјавил: „Тука е местото, тука има закопано човек.“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ojo-prvpat-objavi-imame-materijalni-dokazi-koi-go-povrzuvaat-palcho-so-ubistvata/

Зоран Абаз, вработен во Министерството за внатрешни работи, сведочеше дека на 3.12.2023 бил ангажиран за преземање службени дејствија за пренос на лице од едно на друго место.

Воедно, обвинетиот Влатко Кешишов денеска изјави дека изјавата во која тој наведува дека Палчо нема врска со убиството не е негова, односно дека бил принуден од Палчо да ја напише.

Пред денешното рочиште, обвинителките Жаклина Крстевска Јосифовска и Ана Стојковиќ Димитровска  изјавија дека има материјални докази кои го поврзуваат првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо со двете убиства.

- Има материјални докази кои го поврзуваат првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо со убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, изјавија тие.

Во однос на тврдењето на обвинетиот Влатко Кешишов, кој го смени првичниот исказ и тврди дека Палевски не бил на местото на убиствата, туку спиел во партијата, обвинителките рекоа дека оваа изјава на Кешишов нема доказна вредност.

На изминатите рочишта сведочеа мајката на Вања, ќерката на Жежовски и нејзиниот сопруг, како и повеќе лица вклучени во истрагата за двете убиства, меѓу кои инспектори и членови на политичката партија „Десна“. Беше сослушано семејството на таткото на Вања, како и повеќе познаници на обвинетиот Палчо. На првото одржано рочиште, обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни. Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година. Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено. Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска. Судењето продолжува на 16 декември

The post Вработен во „Сејф сити“ ја откри локацијата на „цитроенот“: Oд Партизанска, врти накај „Рузвелтова“, па по „Орце Николов“, кај Машински факултет и врти кај МИДА appeared first on Република.

]]>

На денешното судење за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски сведочеше Мирче Мирчевски, вработен во Министерството за внатрешни работи во одделот „Безбеден град“ („Safe city“). Тој изјави дека на 27 ноември, денот на исчезнувањето на Вања, вршеле пребарување на подрачје на град Скопје. - Вршевме пребарување на подрачје на Град Скопје, потоа пребарувавме по дојави, сѐ додека понатамошната истрага не го поврза возилото Цитроен што беше запалено во Бразда, исчезнатото лице од Велес, со девојчето, рече Мирчевски. Мирчевски објасни дека го следеле движењето на Цитроенот на 24 ноември, од Маџари Триангла до местото каде што живеело девојчето. - Од Маџари Триангла оди на посоченото место каде што живееше девојчето и потоа си оди, и истиот по пребарување на 27 ноември, го наоѓаме како доаѓа од Бутел и од таму оди на местото на грабнување на девојчето, потоа го наоѓаме на Партизанска, врти накај „Рузвелтова“, потоа „Орце Николов“, и од сервисната улица излегува кај Машински факултет и врти кај МИДА, после Александар Палас ни се губи, појасни тој.   Сведокот истакна дека целата истрага ја водел началникот Дејан Димовски со неговите колеги, додека, како што рече, „ние дававме сугестии и ги проверувавме информациите од терен“. Тој посочи дека во возилото „Рено кангу“ на 27 ноември во 9:40 часот на камера се појавуваат две силуети. - Се гледа дека возачот е со брадичка, личи на првообвинетиот, додека, на другите камери не може да се забележи силуети на лице, рече сведокот. На вкрстени прашања од одбраната на обвинетите, тој одговори дека не е надлежен да одговори дали треба во возилата да има ДНК на лицата кои ги возеле. Прашан дали учествувал на составување на фото-албумот во врска со сомнителните ПМВ, одговори дека помагаат во сето она што придонесува за расчистување на кривични дела. Прашан дали неговиот денешен исказ соодветствува со исказот даден во Обвинителството, особено во делот со забележаните силуети, одговори дека не е сигурен. На дополнителни прашања од обвинителството, сведокот одговори дека возилото Цитроен на 27 ноември е следено по барање на началникот на СВР Велес. - На 27 ноември го следиме возилото Цитроен по барање на началник на СВР Велес бидејќи е на исчезнато лице сопственик на тоа возило. На 27 возилото е најдено запалено и по барање на началникот се доставени снимки на СВР Велес. Прашан дали е тоа причината што возилото го следеле и пред 27 ноември, одговори да. Одбраната на обвинетиот Љупчо Палевски Палчо по завршувањето на сослушувањето на даде приговор за, според нив, невистинитост на исказот на сведокот Мирчевски. На следното рочиште е предвидено да сведочи сведокот Гоце Трајковски и уште двајца сведоци. Претходно на денешното судење за двојното убиство сведочеа службени лица кои биле назначени да го спроведат обвинетиот Велибор Манев до местото каде што било закопано телото на Жежовски. Сведокот Игор Јанушев, службено лице ангажирано за настанот изјави дека според кажувањата на Велибор Манев, тие се движеле накај Велес, каде што Велибор изјавил: „Тука е местото, тука има закопано човек.“. https://republika.mk/vesti/makedonija/ojo-prvpat-objavi-imame-materijalni-dokazi-koi-go-povrzuvaat-palcho-so-ubistvata/ Зоран Абаз, вработен во Министерството за внатрешни работи, сведочеше дека на 3.12.2023 бил ангажиран за преземање службени дејствија за пренос на лице од едно на друго место.
Воедно, обвинетиот Влатко Кешишов денеска изјави дека изјавата во која тој наведува дека Палчо нема врска со убиството не е негова, односно дека бил принуден од Палчо да ја напише.
Пред денешното рочиште, обвинителките Жаклина Крстевска Јосифовска и Ана Стојковиќ Димитровска  изјавија дека има материјални докази кои го поврзуваат првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо со двете убиства. - Има материјални докази кои го поврзуваат првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо со убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, изјавија тие. Во однос на тврдењето на обвинетиот Влатко Кешишов, кој го смени првичниот исказ и тврди дека Палевски не бил на местото на убиствата, туку спиел во партијата, обвинителките рекоа дека оваа изјава на Кешишов нема доказна вредност. На изминатите рочишта сведочеа мајката на Вања, ќерката на Жежовски и нејзиниот сопруг, како и повеќе лица вклучени во истрагата за двете убиства, меѓу кои инспектори и членови на политичката партија „Десна“. Беше сослушано семејството на таткото на Вања, како и повеќе познаници на обвинетиот Палчо. На првото одржано рочиште, обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни. Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година. Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено. Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска. Судењето продолжува на 16 декември

The post Вработен во „Сејф сити“ ја откри локацијата на „цитроенот“: Oд Партизанска, врти накај „Рузвелтова“, па по „Орце Николов“, кај Машински факултет и врти кај МИДА appeared first on Република.

]]>
Kaква беше атмосферата на судењето за убиствата на Вања и Панче https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kakva-beshe-atmosferata-na-sudeneto-za-ubistvata-na-vana-i-panche/ Thu, 21 Nov 2024 13:44:21 +0000 https://republika.mk/?p=840331

Напната беше атмосферата на судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.Изнанадувањето се случи на крајот кога еден од обвинетите, Влатко Кешишов даде писмена изјава дека Палевски не е убиецот на девојчето и велешанецот.

https://www.youtube.com/watch?v=8kFU1EN1nKM

The post Kaква беше атмосферата на судењето за убиствата на Вања и Панче appeared first on Република.

]]>

Напната беше атмосферата на судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.Изнанадувањето се случи на крајот кога еден од обвинетите, Влатко Кешишов даде писмена изјава дека Палевски не е убиецот на девојчето и велешанецот.   https://www.youtube.com/watch?v=8kFU1EN1nKM

The post Kaква беше атмосферата на судењето за убиствата на Вања и Панче appeared first on Република.

]]>
Кешишев се предомисли, Палчо не бил со нив кога се случиле убиствата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/keshishev-se-predomisli-palcho-ne-bil-so-niv-koga-se-sluchile-ubistvata/ Wed, 20 Nov 2024 14:49:00 +0000 https://republika.mk/?p=840006

Пресвртница на денешното рочиште за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски. Обвинетиот Влатко Кешишев доставил изјава преку затворот до судот, во која тврди дека првообвинетиот Љупчо Палвески Палчо не бил со другите обвинети кога се случиле киднапирањата и убиствата, туку спиел во штабот на партијата Десна.

Кешишев тврди дека едниот од обвинетите, Велибор Манев, им се заканувал и вршел притисок првично да каже дека Палевски е организатор и дека тој пукал. Според неговата нова изјава, само тој, Боре Видевски и Манев биле заедно на местата на настаните во Велес и Скопје.

На крајот од денешното рочиште на кое сведочеа тројца сведоци, судијата ја подели писмената изјава на Кешишев на адвокатите на сите обвинети. За оваа изјава не беше запознаен ниту адвокатот на Кешишев.

Адвокатите не ја коментираа изјавата, само рекоа дека сите обвинети ќе се соочат еден со друг во текот на судењето и дека тогаш ќе се расчисти работата.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-znam-shto-mi-smislil-oliver-spasovski-mozhebi-ke-treba-da-baram-politichki-azil-vo-belorusija-mu-rekol-palcho-na-prijatelot/

Денеска сведочеше и Стефан Димковски, основач на партијата Десна и човек кој од Србија преку Бугарија, со кола го однел Палевски до Турција.

Палевски му се јавил на први декември лани, откако според обвинението, на 27 ноември ја киднапирал, убил и веќе ја закопал и Вања.

„Ми рече да го земам од Србија, да го вратам назад во Скопје“, сведочеше Димковски кој потоа, откако Палевски сменил план, го одвезол во Беликесир, Турција.

Јас стигнав околу 16 часот во Белград. Го зедов од хотел во центарот. Веднаш тргнавме назад кон Скопје. И некаде по пат застанавме на ручек, бидејќи јас бев гладен. Додека се возевме, ми кажа дека бил во Белград да договори нешто за 12-ти декември, кога требаше да биде годишнина од партијата“, одговараше сведокот.

Но, Палевски го сменил планот. Му кажал, да не чекаат лет за Истанбул за утре, туку ако е одморен, да го префрли со кола до Истанбул“.

Палевски во Турција купил нова сим-картичка и изнајмил куќа за 3 месеци.

Пред да замине од Турција, Димовски забележал дека Палевски е вознемирен. Го прашал што му е, му кажал дека имало апсење, полицијата го истражува пикапот и дека го мешаат и него. Му наброил кои од партијата Десна ги уапсиле, па ги пуштиле. Палевски му кажал дека „го местат“.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vozachot-na-palcho-ako-mene-nekoj-mi-lepi-takva-rabota-i-jas-bi-bil-bled/

Судењето продолжува в понеделник.

The post Кешишев се предомисли, Палчо не бил со нив кога се случиле убиствата appeared first on Република.

]]>

Пресвртница на денешното рочиште за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски. Обвинетиот Влатко Кешишев доставил изјава преку затворот до судот, во која тврди дека првообвинетиот Љупчо Палвески Палчо не бил со другите обвинети кога се случиле киднапирањата и убиствата, туку спиел во штабот на партијата Десна. Кешишев тврди дека едниот од обвинетите, Велибор Манев, им се заканувал и вршел притисок првично да каже дека Палевски е организатор и дека тој пукал. Според неговата нова изјава, само тој, Боре Видевски и Манев биле заедно на местата на настаните во Велес и Скопје. На крајот од денешното рочиште на кое сведочеа тројца сведоци, судијата ја подели писмената изјава на Кешишев на адвокатите на сите обвинети. За оваа изјава не беше запознаен ниту адвокатот на Кешишев. Адвокатите не ја коментираа изјавата, само рекоа дека сите обвинети ќе се соочат еден со друг во текот на судењето и дека тогаш ќе се расчисти работата. https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-znam-shto-mi-smislil-oliver-spasovski-mozhebi-ke-treba-da-baram-politichki-azil-vo-belorusija-mu-rekol-palcho-na-prijatelot/ Денеска сведочеше и Стефан Димковски, основач на партијата Десна и човек кој од Србија преку Бугарија, со кола го однел Палевски до Турција. Палевски му се јавил на први декември лани, откако според обвинението, на 27 ноември ја киднапирал, убил и веќе ја закопал и Вања. „Ми рече да го земам од Србија, да го вратам назад во Скопје“, сведочеше Димковски кој потоа, откако Палевски сменил план, го одвезол во Беликесир, Турција.
Јас стигнав околу 16 часот во Белград. Го зедов од хотел во центарот. Веднаш тргнавме назад кон Скопје. И некаде по пат застанавме на ручек, бидејќи јас бев гладен. Додека се возевме, ми кажа дека бил во Белград да договори нешто за 12-ти декември, кога требаше да биде годишнина од партијата“, одговараше сведокот.
Но, Палевски го сменил планот. Му кажал, да не чекаат лет за Истанбул за утре, туку ако е одморен, да го префрли со кола до Истанбул“. Палевски во Турција купил нова сим-картичка и изнајмил куќа за 3 месеци. Пред да замине од Турција, Димовски забележал дека Палевски е вознемирен. Го прашал што му е, му кажал дека имало апсење, полицијата го истражува пикапот и дека го мешаат и него. Му наброил кои од партијата Десна ги уапсиле, па ги пуштиле. Палевски му кажал дека „го местат“. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vozachot-na-palcho-ako-mene-nekoj-mi-lepi-takva-rabota-i-jas-bi-bil-bled/ Судењето продолжува в понеделник.

The post Кешишев се предомисли, Палчо не бил со нив кога се случиле убиствата appeared first on Република.

]]>
Не знам што ми смислил Оливер Спасовски, можеби ќе треба да барам политички азил во Белорусија, му рекол Палчо на пријателот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ne-znam-shto-mi-smislil-oliver-spasovski-mozhebi-ke-treba-da-baram-politichki-azil-vo-belorusija-mu-rekol-palcho-na-prijatelot/ Wed, 20 Nov 2024 12:39:37 +0000 https://republika.mk/?p=839923

Јас сум еден од основачите на партијата Десна изјави денеска сведокот Стефан Димковски. Со Палевски се познаваме од 2017 година, а комунициравме преку Фејсбук, Телеграм и на телефон, рече сведокот на рочиштето.

-Палевски ми се јави на први декември на Телеграм и побара да го земам од Белград каде ми рече дека е на прегледи. Се согласив. Рече дека треба да го вратам во Скопје. Медицинска документација не видов дали носеше. него имаше два, телефони, од кои еден странски број, српски.

Пред Ниш му рекол дека мора да влезат таму.

Зборуваа со адвокатот Влатко. Тогаш ми кажа дека се променил планот и дека ќе мора да оди во Турција на операција. Ми понуди да го "џитнам" за Турција. Ми рече да го однесам до некој Турчин кој знаел македонски и тој ќе го носел по клиники. Во која болница не ми кажа-објасни сведокот.

На граничните премини немале никакви проблеми, единствено Палевски на бугарската граница го повикале да даде адреса каде ќе престојува. Во Турција се сместиле во некоја куќа.

Ми рече дека куќата ја земал под наем за 150 евра за три месеци. Тоа беше една стара куќа. Со себе имаше три торби. Ми рече дека една торба е со опрема и оти планирал и оттаму да прави поткаст-објасни сведокот кој на трети декември си заминал од Турција.

-Пред заминување ми кажа дека имало некави "дешавки" за девојчето во Скопје што е исчезнато и оти му го лепат него- откри сведокот.

Вечерта сведокот открил што се случило од линкови што му ги праќале пријатели.

-Кога, видов се, онесвестив во хотелот да ви кажам право. Му се јавив на Палчо да го прашам што се случило и тој ми рече дека е "сачекуша" голема, откри сведокот.

Додека биле во Турција му рекол нешто невообичаено.

-Не знам, што ми смислиле овие, можеби ќе треба да размислувам за политички азил во Белорусија. Не знам што ми смислил Оливер Спасовски-му рекол Палчо на Димковски.

The post Не знам што ми смислил Оливер Спасовски, можеби ќе треба да барам политички азил во Белорусија, му рекол Палчо на пријателот appeared first on Република.

Поранешен полицаец тврди: На полициски функционери им кажав оти знам каде е Палчо, никој не ми се јави туку само ме следеа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/poraneshen-politsaets-tvrdi-na-politsiski-funktsioneri-im-kazhav-oti-znam-kade-e-palcho-nikoj-ne-mi-se-javi-tuku-samo-me-sledea/ Wed, 20 Nov 2024 11:12:21 +0000 https://republika.mk/?p=839875

Љупчо Палевски бараше од мене да го прашам мојот другар кој е имотен да инвестира да се заврши зградата "Тифани", изјави денеска Ламбе Вучков, сведок на обвинителството, кој е поранешен полицаец.

Вучков се присети дека во тој период Палевски бил слаб со пари. Затоа, Палчо на другарот на Вучков му ги понудил локациите за згради во Центар за кој тврдел дека имал добиено одобрение за градба, но подоцна се покажало дека не постојат како локации.

-15.000 евра кои познаник требало да ги однесе кај Палчо, 3.000 си ги ставил во џеб. Парите до ден денеска не се вратени. Му кажав подоцна дека парите што се дадени треба да бидат вратени бидејќи од локациите нема ништо - објасни сведокот.

Секогаш кога ќе се виделе Палчо го убедувал дека и тој чека некои пари и оти сигурно ќе му ги врати.

Му се јавил потоа и од Белград и му рекол оти Влатко Кешишев го информирал оти во партијата го барала полиција и дека дошле да земат некое возило пикап.

На почетокот на декември Палевски му се јавил и од Турција.

-Ми кажа дека заминал во Турција по работа-се присети Вучков.

Вучков потврди дека Палевски сѐ уште должи пари бидејќи тој морал да земе кредит да му ги даде на другарот бидејќи тој бил еден вид гарант.

Вучков на полициски функционери им кажал дека има контакт со Палевски и да му се обратат за да им каже каде е.

Но, никој не ми се јави мислејќи дека ќе направат којзнае каков случај. Јас му следен шест месеци по базни станици-откри сведокот.

The post Поранешен полицаец тврди: На полициски функционери им кажав оти знам каде е Палчо, никој не ми се јави туку само ме следеа appeared first on Република.

]]>

Љупчо Палевски бараше од мене да го прашам мојот другар кој е имотен да инвестира да се заврши зградата "Тифани", изјави денеска Ламбе Вучков, сведок на обвинителството, кој е поранешен полицаец.
Вучков се присети дека во тој период Палевски бил слаб со пари. Затоа, Палчо на другарот на Вучков му ги понудил локациите за згради во Центар за кој тврдел дека имал добиено одобрение за градба, но подоцна се покажало дека не постојат како локации.
-15.000 евра кои познаник требало да ги однесе кај Палчо, 3.000 си ги ставил во џеб. Парите до ден денеска не се вратени. Му кажав подоцна дека парите што се дадени треба да бидат вратени бидејќи од локациите нема ништо - објасни сведокот.
Секогаш кога ќе се виделе Палчо го убедувал дека и тој чека некои пари и оти сигурно ќе му ги врати. Му се јавил потоа и од Белград и му рекол оти Влатко Кешишев го информирал оти во партијата го барала полиција и дека дошле да земат некое возило пикап. На почетокот на декември Палевски му се јавил и од Турција.
-Ми кажа дека заминал во Турција по работа-се присети Вучков.
Вучков потврди дека Палевски сѐ уште должи пари бидејќи тој морал да земе кредит да му ги даде на другарот бидејќи тој бил еден вид гарант. Вучков на полициски функционери им кажал дека има контакт со Палевски и да му се обратат за да им каже каде е.
Но, никој не ми се јави мислејќи дека ќе направат којзнае каков случај. Јас му следен шест месеци по базни станици-откри сведокот.

The post Поранешен полицаец тврди: На полициски функционери им кажав оти знам каде е Палчо, никој не ми се јави туку само ме следеа appeared first on Република.

]]>
Oд каде им се снимките од „цитроенот“ на Панче на Кираца и синот? https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/od-kade-im-se-snimkite-od-tsitroenot-na-panche-na-kiratsa-i-sinot/ Fri, 15 Nov 2024 13:10:12 +0000 https://republika.mk/?p=838113

Кираца Трајковска,поранешен заменик директор во „Фершпед“ денеска се појави во својство на сведок во случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Таа ги повторно ги споила нејзниот син Гоце и Александар, таткото на Вања, инаку стари кумови кои се немале видено повеќе од десет години.

Гоце по наговор на мајката се вклучил во потрагата по Вања бидејќи како што рече Александар бил мирен и повлечен.

Гоце, а потоа и Кираца обезбедиле снимките од околните објекти кај зградата каде беше грабната Вања.

Го забележале и Цитроенот, но отпрвин не знаеле дека е на Панче ниту дека е поврзан со грабнувањето на девојчата. Кој е сопственикот на возилото Кираца разбрала подоцна откако се распрашала кај некои луѓе во Велес.

[caption id="attachment_729763" align="alignnone" width="514"] foto Srgan Nogo[/caption]

Од каде им се снимките Кираца денеска не кажа. Можеби ќе каже нејзниот син на следните рочишта откако денеска не дојде бидејќи имал панични напади.

Кираца проговори и за нејзниот однос со Палевски. Тој бил сопруг на втора братучетка на Трајковска и им одел муабетот.

Во тој контекст Палевски денеска ја праша дали верува дека тој може да ја убие Вања.

Таа одговори не, особено не ако во прашање се пари.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kiratsa-trajkovska-ne-veruvam-deka-palcho-ja-ubil-vana-osobeno-ne-ako-prichina-bile-pari/

The post Oд каде им се снимките од „цитроенот“ на Панче на Кираца и синот? appeared first on Република.

]]>

Кираца Трајковска,поранешен заменик директор во „Фершпед“ денеска се појави во својство на сведок во случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Таа ги повторно ги споила нејзниот син Гоце и Александар, таткото на Вања, инаку стари кумови кои се немале видено повеќе од десет години. Гоце по наговор на мајката се вклучил во потрагата по Вања бидејќи како што рече Александар бил мирен и повлечен. Гоце, а потоа и Кираца обезбедиле снимките од околните објекти кај зградата каде беше грабната Вања. Го забележале и Цитроенот, но отпрвин не знаеле дека е на Панче ниту дека е поврзан со грабнувањето на девојчата. Кој е сопственикот на возилото Кираца разбрала подоцна откако се распрашала кај некои луѓе во Велес. [caption id="attachment_729763" align="alignnone" width="514"] foto Srgan Nogo[/caption] Од каде им се снимките Кираца денеска не кажа. Можеби ќе каже нејзниот син на следните рочишта откако денеска не дојде бидејќи имал панични напади. Кираца проговори и за нејзниот однос со Палевски. Тој бил сопруг на втора братучетка на Трајковска и им одел муабетот. Во тој контекст Палевски денеска ја праша дали верува дека тој може да ја убие Вања. Таа одговори не, особено не ако во прашање се пари. https://republika.mk/vesti/makedonija/kiratsa-trajkovska-ne-veruvam-deka-palcho-ja-ubil-vana-osobeno-ne-ako-prichina-bile-pari/

The post Oд каде им се снимките од „цитроенот“ на Панче на Кираца и синот? appeared first on Република.

]]>
Ќе одговори ли „кумашинот“ Гоце зошто им ја дал на полицијата снимката од „цитроенот“ на бензиска? https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ke-odgovori-li-kumashinot-gotse-zoshto-im-ja-dal-na-politsijata-snimkata-od-tsitroenot-na-benziska/ Wed, 16 Oct 2024 13:12:27 +0000 https://republika.mk/?p=827669

Од денешното рочиште за убиството на Вања произлегоа многу прашања за кои засега нема одговор. Нив ги загатна началникот на полицијата Музафер Каишиќ кој рече дека му било многу чудно како извесен Гоце Трајковски му дал снимка од „цитроенот“ на Панче Жежовски од бензиска станица кај Велес.

Каишиќ напомена дека во моментот кога ја добил снимката полицијата немала никаква поврзаност помеѓу Панче Жежовски и киднапирањето на Вања Ѓорчевска.

Гоце и Александар биле старо кумство и се понудил да помогне во пронаоѓање на девојчето. Тој обезбедил и неколку снимки од камери низ Скопје.Гоце му предочил и за снимка од објект во непосредна близина каде што е грабната Вања и која би можела да го покаже моментот на кидинапирањето.

Но, кога полицијата отишла кај сопствениците на објектот да им ја дадат снимката од кобниот ден кабелот од камерата бил пресечен.

Во деновите по грабнувањето Каишиќ имал средби со Гоце и Александар и на една од нив се гледа „цитроенот“ на Панче на безниска кај Велес во кој бил и Боре Видоевски.

Кога го прашал зошто му ја дава, кој се лицата што се гледаат и каква врска има со Вања Гоце рекол.

Не знам, не знам, видете таму.

Посочи дека Александар го запознал со неговиот пријател Гоце Трајковски, кој исто така им испраќал снимки, меѓу кои и снимката од бензиската пумпа во Велес на која во возилото Цитроен на Панче Жежовски, покрај Панче се гледа и Боре Видоевски.

- Од страна на Гоце ми беа испратени многу снимки и пораки, би издвоил само една снимка која што беше специфична од возило на бензиска пумпа во Велес каде што ние немавме поим за какво возило се работи. Гоце ни ја пушти таа снимка, не ни беше јасно, вели имаше лице кое што седеше со него, не знаеме кое, рече тој, дополнувајќи дека им кажал дека снимката ја прибавил од братучед кој работел на бензинската пумпа, рече Каишиќ.

The post Ќе одговори ли „кумашинот“ Гоце зошто им ја дал на полицијата снимката од „цитроенот“ на бензиска? appeared first on Република.

]]>

Од денешното рочиште за убиството на Вања произлегоа многу прашања за кои засега нема одговор. Нив ги загатна началникот на полицијата Музафер Каишиќ кој рече дека му било многу чудно како извесен Гоце Трајковски му дал снимка од „цитроенот“ на Панче Жежовски од бензиска станица кај Велес. Каишиќ напомена дека во моментот кога ја добил снимката полицијата немала никаква поврзаност помеѓу Панче Жежовски и киднапирањето на Вања Ѓорчевска. Гоце и Александар биле старо кумство и се понудил да помогне во пронаоѓање на девојчето. Тој обезбедил и неколку снимки од камери низ Скопје.Гоце му предочил и за снимка од објект во непосредна близина каде што е грабната Вања и која би можела да го покаже моментот на кидинапирањето. Но, кога полицијата отишла кај сопствениците на објектот да им ја дадат снимката од кобниот ден кабелот од камерата бил пресечен. Во деновите по грабнувањето Каишиќ имал средби со Гоце и Александар и на една од нив се гледа „цитроенот“ на Панче на безниска кај Велес во кој бил и Боре Видоевски. Кога го прашал зошто му ја дава, кој се лицата што се гледаат и каква врска има со Вања Гоце рекол.
Не знам, не знам, видете таму.
Посочи дека Александар го запознал со неговиот пријател Гоце Трајковски, кој исто така им испраќал снимки, меѓу кои и снимката од бензиската пумпа во Велес на која во возилото Цитроен на Панче Жежовски, покрај Панче се гледа и Боре Видоевски.
- Од страна на Гоце ми беа испратени многу снимки и пораки, би издвоил само една снимка која што беше специфична од возило на бензиска пумпа во Велес каде што ние немавме поим за какво возило се работи. Гоце ни ја пушти таа снимка, не ни беше јасно, вели имаше лице кое што седеше со него, не знаеме кое, рече тој, дополнувајќи дека им кажал дека снимката ја прибавил од братучед кој работел на бензинската пумпа, рече Каишиќ.
 
The post Ќе одговори ли „кумашинот“ Гоце зошто им ја дал на полицијата снимката од „цитроенот“ на бензиска? appeared first on Република.

]]>
Палчо пукал и во Панче Жежовски, Маневски им го покажал гробот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/palcho-pukal-i-vo-panche-zhezhovski-manevski-im-go-pokazhal-grobot/ Wed, 16 Oct 2024 11:04:23 +0000 https://republika.mk/?p=827597

Ристе Самарџиев, началник во СВР Велес, на денешното рочиште сведочеше  за грабнувањето и за убиството на Панче Жежовски.

Потрагата по фризерот траела десетина дена, а биле прегледани и камерите од бензиските станици. На една од нив бил забележан Жежовски со уште едно лице.

Случајот почнал да се разјаснува кога во околината на Скопје бил пронајден опожарениот „цитроен“ на Жежовски.

Клучната информација за Жежовски ја открил обвинетиот Велибор Маневски откако бил уапсен, за што велешката полиција добиле наредба од колегите од Скопје.

Токму Маневски ги однел до местото каде што е закопан Жежовски.

Нè однесе во месноста викана Кула по пат од макадам. Точно знаеше каде нè води. Нема шанси да се пронајде ако некој не ви каже, се работи за дупка обрасната со дрва. Велибор кажа дека сите биле присутни, а пукал Палевски, објасни началникот.

The post Палчо пукал и во Панче Жежовски, Маневски им го покажал гробот appeared first on Република.

]]>

Ристе Самарџиев, началник во СВР Велес, на денешното рочиште сведочеше  за грабнувањето и за убиството на Панче Жежовски. Потрагата по фризерот траела десетина дена, а биле прегледани и камерите од бензиските станици. На една од нив бил забележан Жежовски со уште едно лице. Случајот почнал да се разјаснува кога во околината на Скопје бил пронајден опожарениот „цитроен“ на Жежовски. Клучната информација за Жежовски ја открил обвинетиот Велибор Маневски откако бил уапсен, за што велешката полиција добиле наредба од колегите од Скопје.   Токму Маневски ги однел до местото каде што е закопан Жежовски.
Нè однесе во месноста викана Кула по пат од макадам. Точно знаеше каде нè води. Нема шанси да се пронајде ако некој не ви каже, се работи за дупка обрасната со дрва. Велибор кажа дека сите биле присутни, а пукал Палевски, објасни началникот.

The post Палчо пукал и во Панче Жежовски, Маневски им го покажал гробот appeared first on Република.

]]>
Полицаец сведок: Пријател на таткото на Вања ја имаше снимката од возилото на Панче https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/politsaets-svedok-prijatel-na-tatkoto-na-vana-ja-imashe-snimkata-od-voziloto-na-panche/ Wed, 16 Oct 2024 09:35:53 +0000 https://republika.mk/?p=827507

Полицаецот Музафер Карашиќ, на предлог на Обвинителството денеска сведочеше на рочиштето за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски.

Тој учествувал во потрагата на Вања, и кажа дека таткото на девојчето Александар и негов пријател по име Гоце имале снимки и од автомобилот на Панче, и притоа не кажале од каде им се снимките.

Таткото повеќе се интересираше, што ние имаме, отколку да помогне во истрагата. Од страна на Гоце ми беа испратени многу пораки и снимки. Една би издвоил. Гоце ми испрати слика и снимка од возило на бензиска пупма во Велес, ние тогаш не знаевме за какво возило се работи. Тогаш не нѝ беше јасно бидејќи не беа поврзани случаите. Подоцна сфативме дека на сликата беше Панче со уште едно лице во возилото. Подоцна ние аналзииравме од каде им е таа снимка на Гоце, но не кажаа од каде им е, изјави Карашиќ пред Судот.

Тој и додаде:

Тогаш имавме само информација дека е исчезнат пензионерот, немавме никаква поврзаност, вели Каришиќ.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/obvinetiot-keshishov-go-odnesol-nachalnikot-do-mestoto-kade-shto-e-ubiena-vana-vo-dupkata-imalo-pernitsi-dushetsi-i-alat/

Тој рече дека Гоце не дал појаснување од каде им е снимката, и дека имал роднина кој работел на бензинска пумпа.

Не даде Гоце појасување од каде им е снимката и од каде ги знае тие моменти. Рече дека има братучед кој работи на бензинска пумпа, но ништо повеќе не кажа“.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kabelot-od-kamerata-od-objekt-sproti-zgradata-na-vana-bil-isechen/

The post Полицаец сведок: Пријател на таткото на Вања ја имаше снимката од возилото на Панче appeared first on Република.

]]>

Полицаецот Музафер Карашиќ, на предлог на Обвинителството денеска сведочеше на рочиштето за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски. Тој учествувал во потрагата на Вања, и кажа дека таткото на девојчето Александар и негов пријател по име Гоце имале снимки и од автомобилот на Панче, и притоа не кажале од каде им се снимките.
Таткото повеќе се интересираше, што ние имаме, отколку да помогне во истрагата. Од страна на Гоце ми беа испратени многу пораки и снимки. Една би издвоил. Гоце ми испрати слика и снимка од возило на бензиска пупма во Велес, ние тогаш не знаевме за какво возило се работи. Тогаш не нѝ беше јасно бидејќи не беа поврзани случаите. Подоцна сфативме дека на сликата беше Панче со уште едно лице во возилото. Подоцна ние аналзииравме од каде им е таа снимка на Гоце, но не кажаа од каде им е, изјави Карашиќ пред Судот.
Тој и додаде:
Тогаш имавме само информација дека е исчезнат пензионерот, немавме никаква поврзаност, вели Каришиќ.
https://republika.mk/vesti/crna-hronika/obvinetiot-keshishov-go-odnesol-nachalnikot-do-mestoto-kade-shto-e-ubiena-vana-vo-dupkata-imalo-pernitsi-dushetsi-i-alat/ Тој рече дека Гоце не дал појаснување од каде им е снимката, и дека имал роднина кој работел на бензинска пумпа.
Не даде Гоце појасување од каде им е снимката и од каде ги знае тие моменти. Рече дека има братучед кој работи на бензинска пумпа, но ништо повеќе не кажа“.
https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kabelot-od-kamerata-od-objekt-sproti-zgradata-na-vana-bil-isechen/

The post Полицаец сведок: Пријател на таткото на Вања ја имаше снимката од возилото на Панче appeared first on Република.

]]>
Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/prodolzhuva-sudeneto-za-ubistvoto-na-vana-i-panche/ Wed, 16 Oct 2024 05:51:18 +0000 https://republika.mk/?p=827342

Со изведување на докази од страна на Обвинителството во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот треба да продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

На минатото рочиште сведочеше мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, како и ќерката на Жежовски, Ана Киркова и нејзиниот сопруг, Тодор Кирков.

Мајката на убиената Вања Ѓорчевска изјави дека не ги познава обвинетите за убиството на нејзината ќерка. На расправата таа сведочеше за денот кога нејзината ќерка исчезнала и потрагата по неа.

Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.

Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска.

The post Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче appeared first on Република.

]]>

Со изведување на докази од страна на Обвинителството во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот треба да продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. На минатото рочиште сведочеше мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, како и ќерката на Жежовски, Ана Киркова и нејзиниот сопруг, Тодор Кирков. Мајката на убиената Вања Ѓорчевска изјави дека не ги познава обвинетите за убиството на нејзината ќерка. На расправата таа сведочеше за денот кога нејзината ќерка исчезнала и потрагата по неа. Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено. Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска.

The post Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче appeared first on Република.

]]>
Цитроенот на Панче бил стар и со голем гепек https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tsitroenot-na-panche-bil-star-i-so-golem-gepek/ Mon, 14 Oct 2024 12:37:46 +0000 https://republika.mk/?p=826628

Во Основен кривичен суд Скопје во врска со убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски денеска сведочеа и ќерката на Панче, Ана Киркова, и нејзиниот сопруг, Тодор Кирков. На прашања на обвинителката Жаклина Лазаревска, Киркови сведочеа за моментот кога увиделе дека Жежовски го нема, пријавата во полиција и неговото пронаоѓање.

[caption id="attachment_729763" align="alignnone" width="514"] foto Srgan Nogo[/caption]

Ана Киркова е една од трите деца на Жежовски, таа на денешното сведочење изјави дека сосетка на татко ѝ ја информирала дека тој не е достапен веќе подолго време.

- Утрото околу 10 часот ми ѕвонеше на телефон негова комшивка ми кажа ѕвонам, го барам татко ти не се јавува. Велам од кога. Таа кажа од средата веќе може 40 пати ѕвонела. Па добро, си велам можеби не сакал да ѝ се јави, рече таа.

Дополни дека потоа почнала и таа да ѕвони, но тој не се јавувал и го испратила нејзиниот сопруг кој работел во близина да провери.

- Почнав и јас да ѕвонам, не се јавува, си велам низ двор си работи. Потоа повторно јас ѕвонев, не се јавуваше. Уште во 16 кога завршив со работа, се преиспитував што може да се случи, но си велам ајде ќе одиме околу 18 часот и 40 минути почнав да се облекувам. Отидовме во станица, кажавме дека татко ми од средата на неговиот телефонски број не се јавува, рече таа.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/panche-imal-spor-so-obvinetiot-velibor-manevski-otkri-kerka-mu/

Прашана дали ѝ е познато дека Панче имал комуникација со некој од обвинетите, таа одговори дека имал комуникација со Велибор Манев.

- Во 2007 го изнајми Велибор Манев да работи во куќата кај нас. Рече дека му е добар пријател, каменорезец. Мислам дека живее на пет минути со кола од кај нас, рече таа.

За татко ѝ посочи дека живеел скромно од својата пензија.

- Беше вреден човек. Имаше еден спор со Велибор Манев, настана поради тоа што, по укажувањата на татко ми, Велибор дошол, си ги земал коцките, нешто не испаднало како што треба, рече таа.

Прашана за возилото Цитроен, одговори дека било старо и со голем багаж.

Во однос на идентификацијата на нејзиниот татко, одговори дека таа не го идентификувала.

- Татко ми беше фрлен кога го видовме во вреќа, јас и сестра ми бевме во капела, сопругот го идентификуваше, јас не можам да гледам лик, рече таа.

На прашањата на првообвинетиот Љупчо Палевски, таа одговори дека немала сознанија дали нејзиниот татко имал контакти со него.

- Не сте ми познат, јас не ве познавам, рече таа.

Нејзиниот сопруг, Тодор Кирков, изјави дека кога дознал дека се случува нешто, отишол да провери во куќата.

- Кога ми се јави сопругата, бев на работа, отидов кај него дома, бев во дворот да ја побарам колата, во дворот не беше колата, ми го прати клучот синот по такси. Греалката работеше, многу беше топло, рече тој, дополнувајќи дека го побарале на друго место, но, бидејќи го немало никаде решиле да пријават во полиција.

Прашан каков човек беше Панче Жежовски, одговори дека бил, како што рече, „добар, нормален, колку што знам не се караше со никого“.

И Кирков посочи дека имал сознанија дека Панче имал некаков спор со Манев во врска со дворот.

The post Цитроенот на Панче бил стар и со голем гепек appeared first on Република.

]]>

Во Основен кривичен суд Скопје во врска со убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски денеска сведочеа и ќерката на Панче, Ана Киркова, и нејзиниот сопруг, Тодор Кирков. На прашања на обвинителката Жаклина Лазаревска, Киркови сведочеа за моментот кога увиделе дека Жежовски го нема, пријавата во полиција и неговото пронаоѓање. [caption id="attachment_729763" align="alignnone" width="514"] foto Srgan Nogo[/caption] Ана Киркова е една од трите деца на Жежовски, таа на денешното сведочење изјави дека сосетка на татко ѝ ја информирала дека тој не е достапен веќе подолго време.
- Утрото околу 10 часот ми ѕвонеше на телефон негова комшивка ми кажа ѕвонам, го барам татко ти не се јавува. Велам од кога. Таа кажа од средата веќе може 40 пати ѕвонела. Па добро, си велам можеби не сакал да ѝ се јави, рече таа.
Дополни дека потоа почнала и таа да ѕвони, но тој не се јавувал и го испратила нејзиниот сопруг кој работел во близина да провери.
- Почнав и јас да ѕвонам, не се јавува, си велам низ двор си работи. Потоа повторно јас ѕвонев, не се јавуваше. Уште во 16 кога завршив со работа, се преиспитував што може да се случи, но си велам ајде ќе одиме околу 18 часот и 40 минути почнав да се облекувам. Отидовме во станица, кажавме дека татко ми од средата на неговиот телефонски број не се јавува, рече таа.
https://republika.mk/vesti/crna-hronika/panche-imal-spor-so-obvinetiot-velibor-manevski-otkri-kerka-mu/ Прашана дали ѝ е познато дека Панче имал комуникација со некој од обвинетите, таа одговори дека имал комуникација со Велибор Манев.
- Во 2007 го изнајми Велибор Манев да работи во куќата кај нас. Рече дека му е добар пријател, каменорезец. Мислам дека живее на пет минути со кола од кај нас, рече таа.
За татко ѝ посочи дека живеел скромно од својата пензија.
- Беше вреден човек. Имаше еден спор со Велибор Манев, настана поради тоа што, по укажувањата на татко ми, Велибор дошол, си ги земал коцките, нешто не испаднало како што треба, рече таа.
Прашана за возилото Цитроен, одговори дека било старо и со голем багаж. Во однос на идентификацијата на нејзиниот татко, одговори дека таа не го идентификувала.
- Татко ми беше фрлен кога го видовме во вреќа, јас и сестра ми бевме во капела, сопругот го идентификуваше, јас не можам да гледам лик, рече таа.
На прашањата на првообвинетиот Љупчо Палевски, таа одговори дека немала сознанија дали нејзиниот татко имал контакти со него. - Не сте ми познат, јас не ве познавам, рече таа. Нејзиниот сопруг, Тодор Кирков, изјави дека кога дознал дека се случува нешто, отишол да провери во куќата.
- Кога ми се јави сопругата, бев на работа, отидов кај него дома, бев во дворот да ја побарам колата, во дворот не беше колата, ми го прати клучот синот по такси. Греалката работеше, многу беше топло, рече тој, дополнувајќи дека го побарале на друго место, но, бидејќи го немало никаде решиле да пријават во полиција.
Прашан каков човек беше Панче Жежовски, одговори дека бил, како што рече, „добар, нормален, колку што знам не се караше со никого“. И Кирков посочи дека имал сознанија дека Панче имал некаков спор со Манев во врска со дворот.

The post Цитроенот на Панче бил стар и со голем гепек appeared first on Република.

]]>
В понеделник продолжува судскиот процес за убиството на Вања Ѓорчевска, ќе сведочи мајката https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/v-ponedelnik-prodolzhuva-sudskiot-protses-za-ubistvoto-na-vana-gorchevska-ke-svedochi-majkata/ Sat, 12 Oct 2024 16:06:31 +0000 https://republika.mk/?p=825950

Судскиот процес за убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува со сведочењето на мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, в понеделник, пренесува Канал 5.

На првото рочиште, четворицата обвинети—Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишов—се изјаснија за невини, а мајката на Вања побара исклучување на јавноста за да се заштити приватноста на семејството, но судот не го прифати нејзиниот предлог.

The post В понеделник продолжува судскиот процес за убиството на Вања Ѓорчевска, ќе сведочи мајката appeared first on Република.

Одложено судењето за убиството на Вања и Панче, еден од обвинетите е со влошена состојба https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/odlozheno-sudeneto-za-ubistvoto-na-vana-i-panche-eden-od-obvinetite-e-so-vloshena-sostojba/ Fri, 04 Oct 2024 11:45:42 +0000 https://republika.mk/?p=822663

Основниот кривичен суд Скопје денеска информира дека притвореникот Б. В., кој е еден од обвинетите во предметот со К. бр. 1339/24, поврзан со двојното убиство на малолетната Вања од Скопје и на велешанецот Панче Жежовски, бил префрлен од затворот на Клиниката за нефрологија поради влошена здравствена состојба.

„Пораи интерес на медиумите и невладините организации, кои ја следат главната расправа за предметот со К. бр. 1339/24, поврзан со двојното убиство на малолетната В. Ѓ. и велешанецот П. Ж. од ноември 2023 година, ја известуваме јавноста дека: ЈЗУ Универзитетската клиника за нефрологија во Скопје, на 2.10.2024 година, го извести Основниот кривичен суд Скопје дека притвореникот Б. В., кој е еден од обвинетите во конкретниот предмет, од КПУ ‘Затвор Скопје’ е префрлен и хоспитализиран во наведената клиника поради влошена здравствена состојба.

Имајќи го предвид известувањето, а поради економичност и ефикасност на постапката, расправите насрочени за 7 и 9 октомври 2024 година ќе бидат отповикани, а судењето ќе продолжи на следниот веќе насрочен термин, 14.10.2024 година, во 10 часот, за што странките во постапката се веќе известени“, информираат од Кривичниот суд.

The post Одложено судењето за убиството на Вања и Панче, еден од обвинетите е со влошена состојба appeared first on Република.

Едниот бубрег му е речиси целосно откажан – Обвинет за двојното убиство на Вања и Панче е во тешка состојба и пренесен во болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/edniot-bubreg-mu-e-rechisi-tselosno-otkazhan-obvinet-za-dvojnoto-ubistvo-na-vana-i-panche-e-vo-teshka-sostojba-i-prenesen-vo-bolnitsa/ Mon, 30 Sep 2024 14:33:01 +0000 https://republika.mk/?p=821114

Во тешка состојба, со речиси откажан бубрег е префрлен на клиниката за нефрологија обвинетиот велешанец Боре Видески во случајот за двојното убиство на 14 годишаната Вања Ѓорчевска од Скопје и пензионерот од Велес, 74 годишниот Панче Жежовски. Ова за Радио Слободна Европа го потврди и неговиот адвокат Бојан Манев, кој вели дека во неконтактибилна состојба неговиот клиент вчера утрото бил транспортиран од притвор на клиниката. Тој во минатото има трансплантиран бубрег, и веќе подолго време се жалел на болки.

„Првично бил однесен во Градската болница „8 Септември“, по што го транспортирале на скопскиот клинички центар „Мајка Тереза“. Веднаш му е извршена дијализа, но според моите информации се уште е во лоша здравствена состојба. Претпоставките се дека ќе треба подолго време да заздрави, што би можело да трае и повеќе од еден месец. Не знам што да ви кажам, бубрегот како да му е пред распаѓање, сепак дијагнозата треба да ја постават лекарите“, вели адвокатот Манев за РСЕ.

Видевски е еден од петтемина обвинети за грабнување и убиство во судскиот процес кој започна пред десет денови. Сите се изјаснија дека не се виновни. Видевски се наоѓа во притвор од почетокот на декември лани кога беше уапсен како осомничен за делата. И претходно во неколку наврати е носен на интервенција на клиника.

The post Едниот бубрег му е речиси целосно откажан – Обвинет за двојното убиство на Вања и Панче е во тешка состојба и пренесен во болница appeared first on Република.

Туфегџиќ во „Претрес“: Убиствата на Вања и Панче се класична егзекуција https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tufegdhik-vo-pretres-ubistvata-na-vana-i-panche-se-klasichna-egzekutsija/ Thu, 26 Sep 2024 07:24:36 +0000 https://republika.mk/?p=819683

Убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се класична егзекуција, тврди адвокатот на таткото на девојчето, Владимир Туфегџиќ.

Нон сенс е да се тврди дека е убиство од интерес. Никој не може во ова да поверува. Меѓу двете убиства има поврзаност, двете ликвидации се на ист начин направени од исти луѓе. Има јасна формација и командна структура, имаат еден планер. Тука очекував јавниот обвинител да го бара одговорот. Изненаден сум што јавниот обвинител не дал наредба за реконструкција на настанот”, рече Туфегџиќ во „Претрес“.

Убијците ова го направиле без око да им трепне, рече адвокатот.

Таткото ниту го знае, ниту го видел Љупчо Палевски некогаш, ниту имале контакт. За ова нема никаков доказ, тврди Туфегџиќ.

The post Туфегџиќ во „Претрес“: Убиствата на Вања и Панче се класична егзекуција appeared first on Република.

Со шрафцигер ја отвориле вратата и со вреќа за спиење во сутеренот ја чекале Вања да излезе од станот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/so-shtraftsiger-ja-otvorile-vratata-i-so-vreka-za-spiene-vo-suterenot-ja-chekale-vana-da-izleze-od-stanot/ Fri, 20 Sep 2024 10:58:39 +0000 https://republika.mk/?p=818145

Обвинителството на денешното рочиште објасни детално како се случиле убиствата на Вања и Панче.Прво бил убиен фризерот за да можат за со неговото возило подоцна да ја грабнат Вања. Панче го убил Палчо со истрел во главата, а потоа го закопале во дупка а мобилниот го фрлиле во некој дол.

Обвинетите ја грабнале Вања откако нејзиниот татко му дал на Палчо информации кога таа оди сама во школо, а целта била да се бара откуп. Како што кажа обвинителката, обвинетите пробале да ја киднапираат Вања на 24 ноември откако таткото му јавил на Палчо дека Вања сама ќе оди во школо, бидејќи сестрата нема прв час. Но, поради гужва во сообраќајот, задоцниле. Грабнувањето било извршено во понеделникот на 27 ноември, откако таткото му јавил на Палчо дека Вања ќе оди сама, а оваа информација ја знаел само тој.Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев со колата на претходно убиениот Панче Жежовски дошле пред зградата на Вања. Влатко Кешишев чекал во колата, а другите двајца со штрафцигер ја отвориле вратата и со вреќа за спиење во сутеренот ја чекале Вања. Кога таа излегла од лифтот, ја грабнале, ѝ ставиле трака на устата, ѝ ги врзале рацете и нозете со пластички стеги и ја ставиле во вреќата. Ѝ се заканувале за да не вика” рече обвинителката Крстевска.

The post Со шрафцигер ја отвориле вратата и со вреќа за спиење во сутеренот ја чекале Вања да излезе од станот appeared first on Република.

Започнува судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zapochnuva-sudeneto-za-ubistvoto-na-vana-gorchevska-i-panche-zhezhovski/ Fri, 20 Sep 2024 05:35:51 +0000 https://republika.mk/?p=817997

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска започнува судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Судечкиот совет при Основниот кривичен суд Скопје месецов донесе одлука за спојување на постапките на обвинетите, откако Основното јавно обвинителство најпрво поднесе обвинение против четири лица, а потоа и за првоосомничениот Љупчо Палевски за кого се чекаше екстрадиција од Турција, за двојното грабнување и свирепо убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп.

На 22.11.2023, обвинетиот заедно со уште тројца претходно обвинети заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.

The post Започнува судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски appeared first on Република.

]]>

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска започнува судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Судечкиот совет при Основниот кривичен суд Скопје месецов донесе одлука за спојување на постапките на обвинетите, откако Основното јавно обвинителство најпрво поднесе обвинение против четири лица, а потоа и за првоосомничениот Љупчо Палевски за кого се чекаше екстрадиција од Турција, за двојното грабнување и свирепо убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. На 22.11.2023, обвинетиот заедно со уште тројца претходно обвинети заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година. Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.

The post Започнува судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски appeared first on Република.

]]>
Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски одложено за 20 септември https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/sudeneto-za-ubistvoto-na-vana-gorchevska-i-panche-zhezhovski-odlozheno-za-20-septemvri/ Wed, 04 Sep 2024 08:21:32 +0000 https://republika.mk/?p=812960

Судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски наместо денеска ќе започне на 20 септември, одлучи судечкиот судија на предметот Ивица Стефановски.

Судијата Стефановски го профати предлогот на обвинителката Жаклина Крстевска - Јосифовска да се спојат двата предмети.

Основното јавно обвинителство Скопје најпрво поднесе обвинение против четири лица, а потоа и за првоосомничениот Љупчо Палевски за кого се чекаше екстрадиција од Турција, за двојното грабнување и свирепо убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.

Основниот кривичен суд ги одобри во целост обвиненијата и на барање на Обвинителството ги спои во една постапка во која покрај Палевски, обвинети се и Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.

Сите пет обвинети во овој случај, кој многу ја потресе јавноста, ќе дадат воведни обраќања на првото рочиште на 20 септември.

Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

The post Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски одложено за 20 септември appeared first on Република.

]]>

Судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски наместо денеска ќе започне на 20 септември, одлучи судечкиот судија на предметот Ивица Стефановски. Судијата Стефановски го профати предлогот на обвинителката Жаклина Крстевска - Јосифовска да се спојат двата предмети. Основното јавно обвинителство Скопје најпрво поднесе обвинение против четири лица, а потоа и за првоосомничениот Љупчо Палевски за кого се чекаше екстрадиција од Турција, за двојното грабнување и свирепо убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Основниот кривичен суд ги одобри во целост обвиненијата и на барање на Обвинителството ги спои во една постапка во која покрај Палевски, обвинети се и Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски. Сите пет обвинети во овој случај, кој многу ја потресе јавноста, ќе дадат воведни обраќања на првото рочиште на 20 септември. Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено. Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

The post Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски одложено за 20 септември appeared first on Република.

]]>
Денеска почнува судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/deneska-pochnuva-sudeneto-za-ubistvoto-na-vana-gorchevska-i-panche-zhezhovski/ Wed, 04 Sep 2024 06:28:15 +0000 https://republika.mk/?p=812923

Судењето поврзано со убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски треба да започне денеска во Основен кривичен суд Скопје.

Основното јавно обвинителство Скопје најпрво поднесе обвинение против четири лица, а потоа и за првоосомничениот Љупчо Палевски за кого се чекаше екстрадиција од Турција, за двојното грабнување и свирепо убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.

Основниот кривичен суд ги одобри во целост обвиненијата и на барање на Обвинителството ги спои во една постапка во која покрај Палевски, обвинети се и Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.

Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

The post Денеска почнува судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски appeared first on Република.

]]>

Судењето поврзано со убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски треба да започне денеска во Основен кривичен суд Скопје. Основното јавно обвинителство Скопје најпрво поднесе обвинение против четири лица, а потоа и за првоосомничениот Љупчо Палевски за кого се чекаше екстрадиција од Турција, за двојното грабнување и свирепо убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Основниот кривичен суд ги одобри во целост обвиненијата и на барање на Обвинителството ги спои во една постапка во која покрај Палевски, обвинети се и Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски. Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено. Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

The post Денеска почнува судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски appeared first on Република.

]]>
Испланирале грабнување на Вања за да присилат член на нејзиното семејство да им даде парични средства за откуп – поднесено обвинение за Палчо https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/isplanirale-grabnuvane-na-vana-za-da-prisilat-chlen-na-nejzinoto-semejstvo-da-im-dade-parichni-sredstva-za-otkup-podneseno-obvinenie-za-palcho/ Mon, 12 Aug 2024 20:43:57 +0000 https://republika.mk/?p=805791

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице, кое се товари за:

– едно кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.1 и т.7 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и едно кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.1 и т.4 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и двете казниви по чл.123 ст.3 од Кривичниот законик,

– едно кривично дело – Грабнување од чл.141 ст.2 в.в. со ст.1 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и едно кривично дело – Грабнување од чл.141 ст.1 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик.

Во исто време, надлежниот обвинител поднесе и предлог за спроведување единствена постапка против овој обвинет и уште четири лица кои претходно беа обвинети за истиот настан, со оглед на тоа што во двата обвинителни акти се работи за ист вид кривични дела извршени од повеќе лица како соизвршители, меѓу нивните дејствија постои поврзаност од аспект на време, место и начин на извршување, а постојат и исти докази.

Тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното дете Вања Ѓорчевска со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп.

На 22.11.2023, обвинетиот заедно со уште тројца претходно обвинети заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило “Цитроен” за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Обвинетите отишле до куќата на оштетениот, физички го совладале и го врзале, а потоа го ставиле во багажникот и се упатиле до местото викано “Рудник” во околината на Велес, каде од користољубие и на свиреп начин, со умисла го лишиле од живот со огнено оружје – пиштол со калибар 9 милиметри.

На 27.11.2023, обвинетите, помогнати од обвинет родител, извршиле грабнување на девојчето во влезот од зграда на улицата “Наум Наумовски Борче” во Скопје. Ја врзале и ја однеле во близина на местото викано “Дупки”, во атарот на селото Бразда, па таму на свиреп начин, со умисла го лишиле од живот малолетното лице.

Обвинителниот акт содржи предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

The post Испланирале грабнување на Вања за да присилат член на нејзиното семејство да им даде парични средства за откуп – поднесено обвинение за Палчо appeared first on Република.

]]>

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице, кое се товари за: – едно кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.1 и т.7 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и едно кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.1 и т.4 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и двете казниви по чл.123 ст.3 од Кривичниот законик, – едно кривично дело – Грабнување од чл.141 ст.2 в.в. со ст.1 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и едно кривично дело – Грабнување од чл.141 ст.1 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик. Во исто време, надлежниот обвинител поднесе и предлог за спроведување единствена постапка против овој обвинет и уште четири лица кои претходно беа обвинети за истиот настан, со оглед на тоа што во двата обвинителни акти се работи за ист вид кривични дела извршени од повеќе лица како соизвршители, меѓу нивните дејствија постои поврзаност од аспект на време, место и начин на извршување, а постојат и исти докази. Тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното дете Вања Ѓорчевска со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. На 22.11.2023, обвинетиот заедно со уште тројца претходно обвинети заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило “Цитроен” за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Обвинетите отишле до куќата на оштетениот, физички го совладале и го врзале, а потоа го ставиле во багажникот и се упатиле до местото викано “Рудник” во околината на Велес, каде од користољубие и на свиреп начин, со умисла го лишиле од живот со огнено оружје – пиштол со калибар 9 милиметри. На 27.11.2023, обвинетите, помогнати од обвинет родител, извршиле грабнување на девојчето во влезот од зграда на улицата “Наум Наумовски Борче” во Скопје. Ја врзале и ја однеле во близина на местото викано “Дупки”, во атарот на селото Бразда, па таму на свиреп начин, со умисла го лишиле од живот малолетното лице. Обвинителниот акт содржи предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

The post Испланирале грабнување на Вања за да присилат член на нејзиното семејство да им даде парични средства за откуп – поднесено обвинение за Палчо appeared first on Република.

]]>