панче тошковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/panche-toshkovski/ За подобро да се разбереме Sat, 30 Nov 2024 16:58:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png панче тошковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/panche-toshkovski/ 32 32 ДУИ бара оставка од Тошковски и неговиот заменик Исени, најавуваат и интерпелација за нив https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dui-bara-ostavka-od-toshkovski-i-negoviot-zamenik-iseni-najavuvaat-i-interpelatsija-za-niv/ Sat, 30 Nov 2024 16:58:51 +0000 https://republika.mk/?p=843485

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска побара итна и неотповиклива оставка на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и на неговиот заменик Астрит Исени за, како што велат, главно одговорни за инцидентите на Денот на албанското знаме.

ДУИ бара итна и неотповиклива оставка на министерот за внатрешни работи и на заменик-министерот за внатрешни работи како главно одговорни за настанот. Ако оставката не се случува, ние деновиве во Собранието ќе покренеме интерпелација за министерот за внатрешни работи и за заменик-министерот. Најверојатно интерпелацијата ќе биде поднесена на почетокот на наредната недела. Кога нашите служби и пратеничката група ќе биде спремна, веднаш ќе биде поднесена, истакна на денешната прес-конференција потпретседателот на ДУИ, Бајрам Реџепи.

Последните случувања, како што рече Реџепи, не се само јасен показател за неуспехот на институциите, туку и вистинско огледало за правецот што оваа држава го има земено со оваа Влада.

Кога се пали албанското национално знаме и провокациите спрема Албанците поминуваат без никаква казна, додека полициското насилство спрема една традиционална манифестација завршува со казнување само на Албанците, станува јасно дека таквиот пристап е намерен за да се навредува и омаловажува една цела нација. Огорчени и загрижени од насилството и омаловажувањето на знамињата од страна на сомнителните групации кои не и посакуваат добро на оваа држава и посебно од неодговорниот, непрофесионалниот и поттикнувачкиот однос на државната полиција, ДУИ апелира до сите граѓани да бидат мирни и да избегнуваат било какви провокации во наредниот период од страна на одредени структури кои работат против мирот и стабилноста на нашата земја и на целиот регион, рече Реџепи.

Бара од институциите неселективно да ги донесат пред лицето на правдата сите одговорни на овие, како што вели, срамни и монструозни случувања.

The post ДУИ бара оставка од Тошковски и неговиот заменик Исени, најавуваат и интерпелација за нив appeared first on Република.

]]>

Тошковски: Барањето за оставка на ДУИ е легитимно, но манипулативно https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-baraneto-za-ostavka-na-dui-e-legitimno-no-manipulativno/ Sat, 30 Nov 2024 16:08:43 +0000 https://republika.mk/?p=843474

По барањето на ДУИ за итна оставка и интерпелација на министерот за внатрешни работи поради полициската интервенција за време на прославите на Денот на албанското знаме, обвинувајќи го министерството за селективен и пристрасен пристап кон граѓаните, министерот Тошковски изјави дека нивното барање е легитимно, но ги обвини за манипулации и лаги. Премиерот Христијан Мицкоски, пак, го оцени барањето како нелогично и збунувачко.

Одговарајќи на новинарско прашање, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на денешната прес-конференција изјави дека е легитимно Демократската унија за интеграција (ДУИ) да бара оставка од член на владата, но ги обвини за манипулации и лаги.

Добро е да се одговори на јавноста со одговори кои што се вистинити и ќе бидат во насока на реалноста и вистината. Се срамам од тоа што во Македонија имаме опозиција на ниво на сегашното ДУИ и СДСМ. Легитимно е тие да бараат оставка од одреден член на владата, но, срамно е со манипулации и лаги да се обидуваат да свртат вистината, знае народот што се случува, рече Тошковски.

Премиерот Христијан Мицкоски во врска со ова прашање рече дека е работа на опозицијата да поднесува интерпелација, но оти не гледа логика во тоа нивно барање.

Јас апсолутно не гледам логика во тоа нивно барање бидејќи еден дел од опозицијата вели не постапувале, друг дел вика премногу жестоко постапувале. Навистина пораките од коалициската опозиција ДУИ- Левица- СДСМ се малце збунувачки. Понекогаш и се чудам кој ги пишува тие пораки. Да не некој им сместува ваков тип на пораки, рече Мицкоски.

Демократската унија за интеграција (ДУИ) побара итна оставка од Министерот за внатрешни работи поради полициската интервенција за време на прославите на Денот на албанското знаме. Според ДУИ, интервенцијата предизвикала тензии и инциденти кои ја нарушиле меѓуетничката хармонија. Дополнително, ДУИ го обвини Министерството за селективен и пристрасен пристап кон граѓаните, што ја поткопува довербата во институциите и ги продлабочува поделбите во општеството.

The post Тошковски: Барањето за оставка на ДУИ е легитимно, но манипулативно appeared first on Република.

]]>

По барањето на ДУИ за итна оставка и интерпелација на министерот за внатрешни работи поради полициската интервенција за време на прославите на Денот на албанското знаме, обвинувајќи го министерството за селективен и пристрасен пристап кон граѓаните, министерот Тошковски изјави дека нивното барање е легитимно, но ги обвини за манипулации и лаги. Премиерот Христијан Мицкоски, пак, го оцени барањето како нелогично и збунувачко. Одговарајќи на новинарско прашање, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на денешната прес-конференција изјави дека е легитимно Демократската унија за интеграција (ДУИ) да бара оставка од член на владата, но ги обвини за манипулации и лаги.
Добро е да се одговори на јавноста со одговори кои што се вистинити и ќе бидат во насока на реалноста и вистината. Се срамам од тоа што во Македонија имаме опозиција на ниво на сегашното ДУИ и СДСМ. Легитимно е тие да бараат оставка од одреден член на владата, но, срамно е со манипулации и лаги да се обидуваат да свртат вистината, знае народот што се случува, рече Тошковски.
Премиерот Христијан Мицкоски во врска со ова прашање рече дека е работа на опозицијата да поднесува интерпелација, но оти не гледа логика во тоа нивно барање.
Јас апсолутно не гледам логика во тоа нивно барање бидејќи еден дел од опозицијата вели не постапувале, друг дел вика премногу жестоко постапувале. Навистина пораките од коалициската опозиција ДУИ- Левица- СДСМ се малце збунувачки. Понекогаш и се чудам кој ги пишува тие пораки. Да не некој им сместува ваков тип на пораки, рече Мицкоски.
Демократската унија за интеграција (ДУИ) побара итна оставка од Министерот за внатрешни работи поради полициската интервенција за време на прославите на Денот на албанското знаме. Според ДУИ, интервенцијата предизвикала тензии и инциденти кои ја нарушиле меѓуетничката хармонија. Дополнително, ДУИ го обвини Министерството за селективен и пристрасен пристап кон граѓаните, што ја поткопува довербата во институциите и ги продлабочува поделбите во општеството.

The post Тошковски: Барањето за оставка на ДУИ е легитимно, но манипулативно appeared first on Република.

]]>
Тошковски: Уапсени 17 лица поврзани со сквернавење на национални симболи, апелирам да го почитуваме законот и едни со други https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-uapseni-17-litsa-povrzani-so-skvernavene-na-natsionalni-simboli-apeliram-da-go-pochituvame-zakonot-i-edni-so-drugi/ Sat, 30 Nov 2024 15:56:50 +0000 https://republika.mk/?p=843468

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на денешната прес-конференција информираше за серија инциденти поврзани со сквернавење на национални симболи во кои вкупно 17 лица, меѓу кои и малолетници, се лишени од слобода во различни градови низ Македонија. Тој истакна дека според информациите од безбедносните служби, немало индиции за можни инциденти, а во однос на барањето за оставка и интерпелација од ДУИ, Тошковски одговори дека е легитимно тие да бараат оставка од одреден член на владата.

Според информациите што ги сподели на денешната прес-конференција по посетата на Единицата за интерветна полиција, заклучно со денеска, вкупно лишени од слобода во врска со кривично-правните настани со сквернавење на нзационални симболи се 17 луѓе, дел од нив малолетници.

Четворица малолетници во Скопје се лишени од слобода вчера. Двајца поврзани со кривично правен настан каде што се кине македонско знаме, истите помагаат на сторителот. За нив ќе следува соодветна постапка. И двајца малолетни лица, поврзани со настан во кој што се симнува знамето од јарбол и се пали, рече министерот.

Дополни дека три лица во текот на вчерашниот ден се лишени од слобода во Прилеп, кои што го сквернават албанското национално знаме. Еден од нив, како што посочи министерот, е малолетник, двајца се полнолетни лица. Според информациите што ги сподели министерот, уапсено е и лице во Куманово кое корнело национален симбол на Република Србија од почесниот конзулат на Србија. Станува збор за малолетник против кого, исто така, ќе бидат преземени дејствија. Во текот на вчерашниот ден, како што дополни, е затворен еден настан во рамки на СВР Охрид, односно ОВР Кичево, каде што едно лице симнува и македонско и албанско знаме од јарбол.

Министерот упати апел дека да не се дозволи понатаму да се случуваат вакви работи.

Сакам да испратам порака и апел до сите. Ние живееме во оваа наша заедничка татковина долги години, убаво, со почит едни кон други. Не смееме да дозволиме вакви немили инциденти и настани да не однесат во погрешна насока. Упатувам апел до сите општествени чинители и релевантни фактори во државата да го почитуваме законот, Уставот, едни со други, рече министерот, дополнувајќи дека МВР одлучно и жестоко ќе одговори.

Во врска со прашањето дали полицаец во текот на случувањата е забележан како фрла знаме, тој одговори дека МВР ќе ги преземе сите потребни дејствија во рамки на своите надлежности и во врска со предметното лице затоа што е полициски службеник.

Прашан дали од безбедносните служби добил информации за можни инциденти во врска со претстојните прослави на Деновите на Албанската азбука и знаме, одговори дека немало индиции.

Информациите што ги имам се дека од страна на Агенцијата за национална безбедност, по поднесено барање од страна на МВР, е добиен одговор дека нема индиции за немили настани при вчерашниот ден и прославата што се однесуваше на Денот на албанското знаме и Денот на албанската азбука. Полицијата многу добро изреагира, разумно и одлучно, посочи Тошковски.

Во однос на прашањето како ја оценува моменталната безбедносна состојба имајќи ги предвид последните случувања, министерот одговори дека сме, како што рече, „апсолутно безбедни“.

Факт е дека МВР ги има сите потребни капацитети да одговори, тоа го покажавме и завчера, во Скопје, Куманово, Кичево, Охрид, вчера повторно во Скопје, Прилеп. Имаме институционални капацитети. Генералната оценка е дека сме безбедни, апсолутно да, рече министерот.

Во однос на барањето на оставка и интерпелација од ДУИ, министерот рече дека е легитимно тие да бараат оставка од одреден член на владата.

Добро е да се одговори на јавноста со одговори кои што се вистинити и ќе бидат во насока на реалноста и вистината. Се срамам од тоа што во Македонија имаме опозиција на ниво на сегашното ДУИ и СДСМ. Легитимно е тие да бараат оставка од одреден член на владата, но, срамно е со манипулации и лаги да се обидуваат да ја свртат вистината, знае народот што се случува, рече Тошковски.

Министерот денеска информираше и за вчерашното разбојништво што се случи во деловен простор во центарот на Скопје, при што посочи дека случајот е расчистен.

„Ин флагранти“ случај каде што на лице место се лишени од слобода лица кои во текот на вчерашниот ден со огнено оружје и фиктивна бомба сториле кривично разбојништво во објект во центарот на градот при што одзеле 10 илјади евра парична сума и се обиделе да ја изнесат од деловниот објект. Веднаш е интервенирано од страна на Единицата за интервентна полиција, лицата се лишени од слобода, случајот е расветлен и расчистен, ќе следуваат кривични пријави, рече министерот.

Тој посочи дека отстрелите што се слушнале при настанот биле од страна на полицијата, предупредувачки во воздух. А во однос на идентитетот на двајцата сторители, посочи дека претпоставките се дека станува збор за лица сторители и на други кривични дела.

Во врска со приведени во случајот со пронајдена дрога во Велес, односно дали тие се поврзани со меѓународна група, министерот одговори дека постојат одредени индиции, но, како што рече „во овој момент најдобро е да оставам на овие информации што се изнесени во јавноста“.

The post Тошковски: Уапсени 17 лица поврзани со сквернавење на национални симболи, апелирам да го почитуваме законот и едни со други appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на денешната прес-конференција информираше за серија инциденти поврзани со сквернавење на национални симболи во кои вкупно 17 лица, меѓу кои и малолетници, се лишени од слобода во различни градови низ Македонија. Тој истакна дека според информациите од безбедносните служби, немало индиции за можни инциденти, а во однос на барањето за оставка и интерпелација од ДУИ, Тошковски одговори дека е легитимно тие да бараат оставка од одреден член на владата. Според информациите што ги сподели на денешната прес-конференција по посетата на Единицата за интерветна полиција, заклучно со денеска, вкупно лишени од слобода во врска со кривично-правните настани со сквернавење на нзационални симболи се 17 луѓе, дел од нив малолетници.
Четворица малолетници во Скопје се лишени од слобода вчера. Двајца поврзани со кривично правен настан каде што се кине македонско знаме, истите помагаат на сторителот. За нив ќе следува соодветна постапка. И двајца малолетни лица, поврзани со настан во кој што се симнува знамето од јарбол и се пали, рече министерот.
Дополни дека три лица во текот на вчерашниот ден се лишени од слобода во Прилеп, кои што го сквернават албанското национално знаме. Еден од нив, како што посочи министерот, е малолетник, двајца се полнолетни лица. Според информациите што ги сподели министерот, уапсено е и лице во Куманово кое корнело национален симбол на Република Србија од почесниот конзулат на Србија. Станува збор за малолетник против кого, исто така, ќе бидат преземени дејствија. Во текот на вчерашниот ден, како што дополни, е затворен еден настан во рамки на СВР Охрид, односно ОВР Кичево, каде што едно лице симнува и македонско и албанско знаме од јарбол. Министерот упати апел дека да не се дозволи понатаму да се случуваат вакви работи.
Сакам да испратам порака и апел до сите. Ние живееме во оваа наша заедничка татковина долги години, убаво, со почит едни кон други. Не смееме да дозволиме вакви немили инциденти и настани да не однесат во погрешна насока. Упатувам апел до сите општествени чинители и релевантни фактори во државата да го почитуваме законот, Уставот, едни со други, рече министерот, дополнувајќи дека МВР одлучно и жестоко ќе одговори.
Во врска со прашањето дали полицаец во текот на случувањата е забележан како фрла знаме, тој одговори дека МВР ќе ги преземе сите потребни дејствија во рамки на своите надлежности и во врска со предметното лице затоа што е полициски службеник. Прашан дали од безбедносните служби добил информации за можни инциденти во врска со претстојните прослави на Деновите на Албанската азбука и знаме, одговори дека немало индиции.
Информациите што ги имам се дека од страна на Агенцијата за национална безбедност, по поднесено барање од страна на МВР, е добиен одговор дека нема индиции за немили настани при вчерашниот ден и прославата што се однесуваше на Денот на албанското знаме и Денот на албанската азбука. Полицијата многу добро изреагира, разумно и одлучно, посочи Тошковски.
Во однос на прашањето како ја оценува моменталната безбедносна состојба имајќи ги предвид последните случувања, министерот одговори дека сме, како што рече, „апсолутно безбедни“.
Факт е дека МВР ги има сите потребни капацитети да одговори, тоа го покажавме и завчера, во Скопје, Куманово, Кичево, Охрид, вчера повторно во Скопје, Прилеп. Имаме институционални капацитети. Генералната оценка е дека сме безбедни, апсолутно да, рече министерот.
Во однос на барањето на оставка и интерпелација од ДУИ, министерот рече дека е легитимно тие да бараат оставка од одреден член на владата.
Добро е да се одговори на јавноста со одговори кои што се вистинити и ќе бидат во насока на реалноста и вистината. Се срамам од тоа што во Македонија имаме опозиција на ниво на сегашното ДУИ и СДСМ. Легитимно е тие да бараат оставка од одреден член на владата, но, срамно е со манипулации и лаги да се обидуваат да ја свртат вистината, знае народот што се случува, рече Тошковски.
Министерот денеска информираше и за вчерашното разбојништво што се случи во деловен простор во центарот на Скопје, при што посочи дека случајот е расчистен.
„Ин флагранти“ случај каде што на лице место се лишени од слобода лица кои во текот на вчерашниот ден со огнено оружје и фиктивна бомба сториле кривично разбојништво во објект во центарот на градот при што одзеле 10 илјади евра парична сума и се обиделе да ја изнесат од деловниот објект. Веднаш е интервенирано од страна на Единицата за интервентна полиција, лицата се лишени од слобода, случајот е расветлен и расчистен, ќе следуваат кривични пријави, рече министерот.
Тој посочи дека отстрелите што се слушнале при настанот биле од страна на полицијата, предупредувачки во воздух. А во однос на идентитетот на двајцата сторители, посочи дека претпоставките се дека станува збор за лица сторители и на други кривични дела. Во врска со приведени во случајот со пронајдена дрога во Велес, односно дали тие се поврзани со меѓународна група, министерот одговори дека постојат одредени индиции, но, како што рече „во овој момент најдобро е да оставам на овие информации што се изнесени во јавноста“.

The post Тошковски: Уапсени 17 лица поврзани со сквернавење на национални симболи, апелирам да го почитуваме законот и едни со други appeared first on Република.

]]>
ДУИ бара итна оставка на Министерот за внатрешни работи зашто полицијата реагирала за сквернавењето македонски знамиња https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dui-bara-itna-ostavka-na-ministerot-za-vnatreshni-raboti-zashto-politsijata-reagirala-za-skvernaveneto-makedonski-znamina/ Fri, 29 Nov 2024 18:39:21 +0000 https://republika.mk/?p=843218

Демократската унија за интеграција бара итна оставка на Министерот за внатрешни работи поради неоправданата и безпреседан полициска интервенција за време на синоќешните прослави на Денот на албанското знаме.

Како што велат од ДУИ, таа интервенција не само што ги попречила мирните и традиционални манифестации на Албанците, туку предизвикала непотребни тензии и инциденти кои ја нарушиле меѓуетничката хармонија во земјата.

Дополнително, денес сме сведоци на селективен и пристрасен пристап од страна на органите на редот. Додека граѓаните албанци кои го запалија државното знаме се приведени и казнети, оние кои го запалија албанското знаме остануваат неказнети. Овој дискриминаторски и неправеден пристап е неприфатлив и ја поткопува довербата на граѓаните во државните институции, дополнително продлабочувајќи ги поделбите и тензите во општеството.

Министерот за внатрешни работи не успеа да обезбеди праведен и професионален пристап кон овие инциденти, покажувајќи неспособност и недостаток на одговорност за справување со меѓуетничките ситуации со потребната внимателност. Поради ова, бараме неговата итна оставка.

Демократската унија за интеграција останува посветена на заштитата на правата и достоинството на Албанците, како и на зачувувањето на соживотот и стабилноста во Република Македонија. Нема да толерираме институциите на државата да се користат за дискриминаторски политики кои ги нарушуваат правата на граѓаните и меѓуетничкиот соживот“, се вели во соопштението на ДУИ.

The post ДУИ бара итна оставка на Министерот за внатрешни работи зашто полицијата реагирала за сквернавењето македонски знамиња appeared first on Република.

]]>

Демократската унија за интеграција бара итна оставка на Министерот за внатрешни работи поради неоправданата и безпреседан полициска интервенција за време на синоќешните прослави на Денот на албанското знаме. Како што велат од ДУИ, таа интервенција не само што ги попречила мирните и традиционални манифестации на Албанците, туку предизвикала непотребни тензии и инциденти кои ја нарушиле меѓуетничката хармонија во земјата.
Дополнително, денес сме сведоци на селективен и пристрасен пристап од страна на органите на редот. Додека граѓаните албанци кои го запалија државното знаме се приведени и казнети, оние кои го запалија албанското знаме остануваат неказнети. Овој дискриминаторски и неправеден пристап е неприфатлив и ја поткопува довербата на граѓаните во државните институции, дополнително продлабочувајќи ги поделбите и тензите во општеството. Министерот за внатрешни работи не успеа да обезбеди праведен и професионален пристап кон овие инциденти, покажувајќи неспособност и недостаток на одговорност за справување со меѓуетничките ситуации со потребната внимателност. Поради ова, бараме неговата итна оставка. Демократската унија за интеграција останува посветена на заштитата на правата и достоинството на Албанците, како и на зачувувањето на соживотот и стабилноста во Република Македонија. Нема да толерираме институциите на државата да се користат за дискриминаторски политики кои ги нарушуваат правата на граѓаните и меѓуетничкиот соживот“, се вели во соопштението на ДУИ.

The post ДУИ бара итна оставка на Министерот за внатрешни работи зашто полицијата реагирала за сквернавењето македонски знамиња appeared first on Република.

]]>
Палењето и газењето на државното знаме, добро смислено сценарио за дестабилизација на познати режисери https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/paleneto-i-gazeneto-na-drzhavnoto-zname-dobro-smisleno-stsenario-za-destabilizatsija-na-poznati-rezhiseri/ Fri, 29 Nov 2024 12:38:48 +0000 https://republika.mk/?p=843065

Синоќешните настани кога се славеше денот на знамето на соседна Албанија лесно можеше да прерасне во меѓуетнички конфликт во „продукција“ на опозицијата.

Она што ДУИ го најавуваше, дека ќе се „кренат“ на протести и се оствари, овој пат го искористија настанот наречен прослава на Денот на албанското знаме.

Наместо мирен настан, собирот се претвори во понижување на државното знаме, како и нарушување на јавниот ред иако настанот бил пријавен во МВР.

Толпата го газеше и палеше македонското знаме а имаше обид да се „обои“ возилото на полицијата со црвените знамиња со двоглав орел.

Aдвокатот Јанаки Митровски за „Република“ ги коментира синоќешните настани по повод прославата за Денот на албанското знаме.

-Сторени се неколку неколку кривични дела, од полесното предизвикување на општа опасност со истрели од огнено оружје до потешки дела. За газењето и палењето на македонското знаме може да се одговара по два члена. Од повреда на угледот на Република Македонија, па може да се оди кон предизвикување на национална, расна и верска омраза која носи и до пет години затвор, коментира адвокатот за „Република“.

Дека ова е е обид за дестабилизација на земјата пред неколку месеци предупреди премиерот Мицкоски. Денешната негова изјава тоа го потврдува.

Тоа сепак претставува чин на агресија, нешто за кое ние предупредувавме дека ќе се случува, дека ваков тип на обиди за ескалација и креирање на етнички тензии дека ќе има и во иднина. Ако мислите дека ова ќе биде изолиран случај, нема да биде, очекувајте дека ќе ги има, бидејќи како правдата пополека, но сигурно се доближува до криминалците и како ќе затропа на нивните врати, така тие ќе стануваат понервозни, понетрпеливи и единствениот начин да го одбранат криминално стекнатиот капитал е токму вака со манипулирање и предизвикување ваков тип на инциденти“ изјави Мицкоски.

Во таа наскока е и денешната изјава на министерот Панче Тошковски. Тој упати  порака до сите оние кои сакаат да предизвикаат дестабилизација на државата, нагласувајќи дека на таквите обиди ќе се одговори жестоко.

„Сакам да упатам порака до сите кои имаат намера да предизвикаат дестабилизација на Македонија: ќе одговориме жестоко и сурово на било какви обиди и ќе се соочиме со сите предизвици. Полицијата реагира соодветно на сите предизвици. Времето на пајакот заврши, сите имаат име и презиме, и сите ќе одговараат“, додаде Тошковски.

Дека ДУИ си ја ишка мувата од главата потврдува и нивната т.н реакција за вчерашните настани. Од партијата во Мала Речица ги посочија полицајите дека биле виновни за инцидентите.

Наместо да го зачува јавниот ред, предизвика непотребни тензии и создаде клима на конфронтација, нарушувајќи го правото на граѓаните слободно да ја одбележат оваа значајна празнична традиција“, велат од ДУИ.

The post Палењето и газењето на државното знаме, добро смислено сценарио за дестабилизација на познати режисери appeared first on Република.

]]>

Синоќешните настани кога се славеше денот на знамето на соседна Албанија лесно можеше да прерасне во меѓуетнички конфликт во „продукција“ на опозицијата. Она што ДУИ го најавуваше, дека ќе се „кренат“ на протести и се оствари, овој пат го искористија настанот наречен прослава на Денот на албанското знаме. Наместо мирен настан, собирот се претвори во понижување на државното знаме, како и нарушување на јавниот ред иако настанот бил пријавен во МВР. Толпата го газеше и палеше македонското знаме а имаше обид да се „обои“ возилото на полицијата со црвените знамиња со двоглав орел. Aдвокатот Јанаки Митровски за „Република“ ги коментира синоќешните настани по повод прославата за Денот на албанското знаме.
-Сторени се неколку неколку кривични дела, од полесното предизвикување на општа опасност со истрели од огнено оружје до потешки дела. За газењето и палењето на македонското знаме може да се одговара по два члена. Од повреда на угледот на Република Македонија, па може да се оди кон предизвикување на национална, расна и верска омраза која носи и до пет години затвор, коментира адвокатот за „Република“.
Дека ова е е обид за дестабилизација на земјата пред неколку месеци предупреди премиерот Мицкоски. Денешната негова изјава тоа го потврдува.
Тоа сепак претставува чин на агресија, нешто за кое ние предупредувавме дека ќе се случува, дека ваков тип на обиди за ескалација и креирање на етнички тензии дека ќе има и во иднина. Ако мислите дека ова ќе биде изолиран случај, нема да биде, очекувајте дека ќе ги има, бидејќи како правдата пополека, но сигурно се доближува до криминалците и како ќе затропа на нивните врати, така тие ќе стануваат понервозни, понетрпеливи и единствениот начин да го одбранат криминално стекнатиот капитал е токму вака со манипулирање и предизвикување ваков тип на инциденти“ изјави Мицкоски.
Во таа наскока е и денешната изјава на министерот Панче Тошковски. Тој упати  порака до сите оние кои сакаат да предизвикаат дестабилизација на државата, нагласувајќи дека на таквите обиди ќе се одговори жестоко.
„Сакам да упатам порака до сите кои имаат намера да предизвикаат дестабилизација на Македонија: ќе одговориме жестоко и сурово на било какви обиди и ќе се соочиме со сите предизвици. Полицијата реагира соодветно на сите предизвици. Времето на пајакот заврши, сите имаат име и презиме, и сите ќе одговараат“, додаде Тошковски.
Дека ДУИ си ја ишка мувата од главата потврдува и нивната т.н реакција за вчерашните настани. Од партијата во Мала Речица ги посочија полицајите дека биле виновни за инцидентите.
Наместо да го зачува јавниот ред, предизвика непотребни тензии и создаде клима на конфронтација, нарушувајќи го правото на граѓаните слободно да ја одбележат оваа значајна празнична традиција“, велат од ДУИ.
   
The post Палењето и газењето на државното знаме, добро смислено сценарио за дестабилизација на познати режисери appeared first on Република.

]]>
Тошковски: Ќе одговориме жестоко и сурово на било какви обиди за дестабилизација на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-ke-odgovorime-zhestoko-i-surovo-na-bilo-kakvi-obidi-za-destabilizatsija-na-makedonija/ Fri, 29 Nov 2024 11:22:03 +0000 https://republika.mk/?p=843090

На денешната прес-конференција, министерот за внатрешни работи Панче Тошовски истакна дека во текот на вчерашниот ден се случиле настани кои биле директно насочени против македонскиот граѓанин. Според министерот, ваквите дејства од поединечни групи во Скопје се недозволени и претставуваат директен напад врз македонската држава.

„МВР одговори брзо и одлучно на сите кривично-правни настани кои се случија вчера. Сакам да го пофалам одговорот на МВР на предизвиците што беа насочени кон македонските граѓани. Во текот на вечерта се целосно расветлени повеќе случаи. Полицијата ќе продолжи со постапки и во текот на денешниот и утрешниот ден, се додека не се констатираат одредени кривични дела“, рече Тошковски.

Во текот на вчерашната вечер, беа уапсени 8 лица. Четири лица се уапсени поради учество во тепачка, додека други 4 лица се уапсени поради основано сомнение дека сториле кривично дело кое се однесува на предизвикување национална и верска омраза, со предвидена казна затвор од 1 година. Едно од лицата е малолетник, а останатите се полнолетни. Станува збор за млади лица кои извршиле кривични дела во текот на вчерашниот ден. Тие се приведени и се наоѓаат во полициска станица и ќе бидат изнесени пред суд.

Тошковски упати и порака до сите оние кои сакаат да предизвикаат дестабилизација на државата, нагласувајќи дека на таквите обиди ќе се одговори жестоко.

„Сакам да упатам порака до сите кои имаат намера да предизвикаат дестабилизација на Македонија: ќе одговориме жестоко и сурово на било какви обиди и ќе се соочиме со сите предизвици. Полицијата реагира соодветно на сите предизвици. Времето на пајакот заврши, сите имаат име и презиме, и сите ќе одговараат“, додаде Тошковски.

Министерот исто така апелираше до јавноста, повикувајќи ги оние кои имаат информации или докази во врска со настаните од вчерашниот ден да ги достават до МВР. Дополнително, тој испрати апел на разум и зрелост до сите граѓани, со порака да не се дозволи подгревање на меѓуетнички тензии од ниту една националност во Македонија.

The post Тошковски: Ќе одговориме жестоко и сурово на било какви обиди за дестабилизација на Македонија appeared first on Република.

]]>

На денешната прес-конференција, министерот за внатрешни работи Панче Тошовски истакна дека во текот на вчерашниот ден се случиле настани кои биле директно насочени против македонскиот граѓанин. Според министерот, ваквите дејства од поединечни групи во Скопје се недозволени и претставуваат директен напад врз македонската држава.
„МВР одговори брзо и одлучно на сите кривично-правни настани кои се случија вчера. Сакам да го пофалам одговорот на МВР на предизвиците што беа насочени кон македонските граѓани. Во текот на вечерта се целосно расветлени повеќе случаи. Полицијата ќе продолжи со постапки и во текот на денешниот и утрешниот ден, се додека не се констатираат одредени кривични дела“, рече Тошковски.
Во текот на вчерашната вечер, беа уапсени 8 лица. Четири лица се уапсени поради учество во тепачка, додека други 4 лица се уапсени поради основано сомнение дека сториле кривично дело кое се однесува на предизвикување национална и верска омраза, со предвидена казна затвор од 1 година. Едно од лицата е малолетник, а останатите се полнолетни. Станува збор за млади лица кои извршиле кривични дела во текот на вчерашниот ден. Тие се приведени и се наоѓаат во полициска станица и ќе бидат изнесени пред суд. Тошковски упати и порака до сите оние кои сакаат да предизвикаат дестабилизација на државата, нагласувајќи дека на таквите обиди ќе се одговори жестоко.
„Сакам да упатам порака до сите кои имаат намера да предизвикаат дестабилизација на Македонија: ќе одговориме жестоко и сурово на било какви обиди и ќе се соочиме со сите предизвици. Полицијата реагира соодветно на сите предизвици. Времето на пајакот заврши, сите имаат име и презиме, и сите ќе одговараат“, додаде Тошковски.
Министерот исто така апелираше до јавноста, повикувајќи ги оние кои имаат информации или докази во врска со настаните од вчерашниот ден да ги достават до МВР. Дополнително, тој испрати апел на разум и зрелост до сите граѓани, со порака да не се дозволи подгревање на меѓуетнички тензии од ниту една националност во Македонија.

The post Тошковски: Ќе одговориме жестоко и сурово на било какви обиди за дестабилизација на Македонија appeared first on Република.

]]>
Тошковски: За вчерашните инциденти со македонското знаме уапсени се 8 лица, меѓу кои и малолетник https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/toshkovski-za-vcherashnite-intsidenti-so-makedonskoto-zname-uapseni-se-8-litsa-megu-koi-i-maloletnik/ Fri, 29 Nov 2024 11:02:33 +0000 https://republika.mk/?p=843078

Уапсени се засега осум лица кои учествувале во вчерашните инциденти кога по повод прославата на Денот на албанското знаме беше осквернавено македонското знаме. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во изјава за медиумите рече дека четворица од нив се сомничат согласно член 319 од Кривичниот законик за кое кривично дело е предвидена казна затвор од минимум една година.

Тошковски рече дека сите се млади лица, а еден од нив е и малолетник. Еден од нив е фатен како го пали македонското знаме, а еден како го симнува знамето. Останатите четири лица кои се приведени се уапсени затоа што учествувале во тепачка.

Уште еднаш сакам да упатам порака до сите оние кои се на ум да предизвикаат било какво сценарио за дестабилизација на државата. Жестоко и сурово ќе одговориме на ваквите обиди. Полицијата е спремна, зрела и професионална да одговори на сите предизвици - рече Тошковски.

Во текот на вечерта, како што посочи, целосно се расветлени повеќе случаи, дел се решени делумно, а во голем дел од случаи полицијата ќе постапува и следните денови.

Тошковски ги повика сите оние кои имаат информации за вчерашните инциденти да ги достават до Министерството за внатрешни работи.

The post Тошковски: За вчерашните инциденти со македонското знаме уапсени се 8 лица, меѓу кои и малолетник appeared first on Република.

]]>

Уапсени се засега осум лица кои учествувале во вчерашните инциденти кога по повод прославата на Денот на албанското знаме беше осквернавено македонското знаме. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во изјава за медиумите рече дека четворица од нив се сомничат согласно член 319 од Кривичниот законик за кое кривично дело е предвидена казна затвор од минимум една година. Тошковски рече дека сите се млади лица, а еден од нив е и малолетник. Еден од нив е фатен како го пали македонското знаме, а еден како го симнува знамето. Останатите четири лица кои се приведени се уапсени затоа што учествувале во тепачка.
Уште еднаш сакам да упатам порака до сите оние кои се на ум да предизвикаат било какво сценарио за дестабилизација на државата. Жестоко и сурово ќе одговориме на ваквите обиди. Полицијата е спремна, зрела и професионална да одговори на сите предизвици - рече Тошковски.
Во текот на вечерта, како што посочи, целосно се расветлени повеќе случаи, дел се решени делумно, а во голем дел од случаи полицијата ќе постапува и следните денови. Тошковски ги повика сите оние кои имаат информации за вчерашните инциденти да ги достават до Министерството за внатрешни работи.

The post Тошковски: За вчерашните инциденти со македонското знаме уапсени се 8 лица, меѓу кои и малолетник appeared first on Република.

]]>
Следете во живо: Прес конференција на министерот Панче Тошковски, за инцидентот со македонското знаме приведени неколку лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sledete-vo-zhivo-pres-konferentsija-na-ministerot-panche-toshkovski-za-intsidentot-so-makedonskoto-zname-privedeni-nekolku-litsa/ Fri, 29 Nov 2024 10:45:42 +0000 https://republika.mk/?p=843079

Прес конференција на министерот Панче Тошковски, за инцидентот со македонското знаме приведени неколку лица

The post Следете во живо: Прес конференција на министерот Панче Тошковски, за инцидентот со македонското знаме приведени неколку лица appeared first on Република.

Тошковски: За пофункционален систем „Сејф сити“ отворена можност да ги искористиме искуствата од ОАЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-za-pofunktsionalen-sistem-sejf-siti-otvorena-mozhnost-da-gi-iskoristime-iskustvata-od-oae/ Wed, 27 Nov 2024 13:12:34 +0000 https://republika.mk/?p=842319

Во рамки на посетата на Министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати, министерот Панче Тошковски остварил работни посети и на Одделот за менаџирање на сообраќајот, системот „Safe City” и Академијата за цивилна одбрана.

Имав одлична можност одблиску да видам како функционира еден современ систем за побезбеден град во кој се имплементирани највисоките технолошки достигнувања како што е вештачката интелигенција, а во функција на поголема безбедност, помалку криминал, како и помалку жртви од сообраќајни незгоди. Имајќи предвид дека сме во фаза на имплементација на ваков сличен систем и во нашата држава, од особена корист ќе биде поголема соработка со МВР на ОАЕ сѐ со цел користење на искуствата кои ги имаат стекнато во овој дел, потенцираше министерот Тошковски.

Како што соопштуваат од МВР, во Академијата за цивилна одбрана министерот Тошковски се запознал со капацитетите за обука кои ги имаат во делот на справувањето со пожари, особено во делот на специјализирани тренинзи во симулирани ситуации на пожар во различни објекти.

The post Тошковски: За пофункционален систем „Сејф сити“ отворена можност да ги искористиме искуствата од ОАЕ appeared first on Република.

Тошковски: Договорено взаемно признавање на возачките дозволи со Обединетите Арапски Емирати https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-dogovoreno-vzaemno-priznavane-na-vozachkite-dozvoli-so-obedinetite-arapski-emirati/ Tue, 26 Nov 2024 08:09:28 +0000 https://republika.mk/?p=841740

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски од 24 до 27 ноември со делегација на министерството е во работна посета на Министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати во Абу Даби. Ова е прва официјална посета на ниво на министри за внатрешни работи од осамостојувањето, а како што велат од МВР, е со цел унапредување на билатералната соработка на полето на борбата против тероризмот и брза размена на информации во делот на борба против корупцијата и организираниот криминал и трговијата со луѓе и мигранти.

Во текот на вчерашниот ден на официјалната средба помеѓу министерот Тошковски и министерот за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати шеикот Саиф бин Зајед ал Нахјан биле потпишани два меморандуми за разбирање за безбедносна соработка и борба против тероризмот и за меѓусебно признавање и замена на возачките дозволи помеѓу двете држави.

Со желба за олеснување на движењето на граѓани кои поседуваат возачки дозволи издадени од соодветните надлежни органи на двете земји за време на посета или престој на територија на едната или другата држава веќе нема да имаат потреба од замена на возачките дозволи. Тоа значи дека и двете страни ги ослободуваат подносителите на барање за замена на возачката дозвола од теоретски и практични тестови и потреба од полагање во другата држава во категориите А, Б и БЕ. За повеќе од илјада македонски граѓани кои живеат во ОАЕ ова ќе значи значително намалување на трошоците. Меморандумот за разбирање за безбедносна соработка и борба против тероризмот отвара голем простор за соработка за брза размена на информации и спречување на кривични дела во спектарот од тероризмот преку организираниот криминал и корупција до спречување на трговијата со луѓе и мигранти, потенцираше министерот Тошковски на средбата.

На средбата министерот Тошковски побарал да се разгледа можноста за укинување на визите за македонските граѓани за ОАЕ, со цел развивање на поинтензивна туристичка, економска и културна соработка помеѓу нашите две земји.

Исто така, делегацијата на МВР ги посети Одделот за среќа, Одделот за иновации и Директоратот за операции на МВР на Обединетите Арапски Емирати, каде што непосредно се запознале со нивната работа и иновативните решенија кои ги имаат имплементирано водејќи се пред сѐ од потребите на граѓаните и нивното задоволство од услугите што ги нуди Министерството.

https://youtu.be/_sBc8pN0q88?si=gURw0tFnBYjmbuaR

The post Тошковски: Договорено взаемно признавање на возачките дозволи со Обединетите Арапски Емирати appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски од 24 до 27 ноември со делегација на министерството е во работна посета на Министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати во Абу Даби. Ова е прва официјална посета на ниво на министри за внатрешни работи од осамостојувањето, а како што велат од МВР, е со цел унапредување на билатералната соработка на полето на борбата против тероризмот и брза размена на информации во делот на борба против корупцијата и организираниот криминал и трговијата со луѓе и мигранти. Во текот на вчерашниот ден на официјалната средба помеѓу министерот Тошковски и министерот за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати шеикот Саиф бин Зајед ал Нахјан биле потпишани два меморандуми за разбирање за безбедносна соработка и борба против тероризмот и за меѓусебно признавање и замена на возачките дозволи помеѓу двете држави.
Со желба за олеснување на движењето на граѓани кои поседуваат возачки дозволи издадени од соодветните надлежни органи на двете земји за време на посета или престој на територија на едната или другата држава веќе нема да имаат потреба од замена на возачките дозволи. Тоа значи дека и двете страни ги ослободуваат подносителите на барање за замена на возачката дозвола од теоретски и практични тестови и потреба од полагање во другата држава во категориите А, Б и БЕ. За повеќе од илјада македонски граѓани кои живеат во ОАЕ ова ќе значи значително намалување на трошоците. Меморандумот за разбирање за безбедносна соработка и борба против тероризмот отвара голем простор за соработка за брза размена на информации и спречување на кривични дела во спектарот од тероризмот преку организираниот криминал и корупција до спречување на трговијата со луѓе и мигранти, потенцираше министерот Тошковски на средбата.
На средбата министерот Тошковски побарал да се разгледа можноста за укинување на визите за македонските граѓани за ОАЕ, со цел развивање на поинтензивна туристичка, економска и културна соработка помеѓу нашите две земји. Исто така, делегацијата на МВР ги посети Одделот за среќа, Одделот за иновации и Директоратот за операции на МВР на Обединетите Арапски Емирати, каде што непосредно се запознале со нивната работа и иновативните решенија кои ги имаат имплементирано водејќи се пред сѐ од потребите на граѓаните и нивното задоволство од услугите што ги нуди Министерството. https://youtu.be/_sBc8pN0q88?si=gURw0tFnBYjmbuaR

The post Тошковски: Договорено взаемно признавање на возачките дозволи со Обединетите Арапски Емирати appeared first on Република.

]]>
Вредна германска донација за зголемување на капацитетите на интервентната полиција, објави Тошковски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vredna-germanska-donatsija-za-zgolemuvane-na-kapatsitetite-na-interventnata-politsija-objavi-toshkovski/ Wed, 20 Nov 2024 14:35:02 +0000 https://republika.mk/?p=839991

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес во полицискиот центар во Ѓорче Петров оствари работен состанок со германскиот амбасадор, Петра Дрекслер и претставник на германската интервентна полиција каде беше предадена донација за потребите на македонската интервентната полиција.

Министерот Тошковски истакнал дека вкупната донација која се состои од 120 сетови „анти траума“ за одржување на јавен ред и мир во прва фаза и поддршка за специјализирани возила за ЈРМ, дополнителна опрема и обуки во втора фаза значително ќе го зајакнат капацитетот на оперативното функционирање на оваа единица и ќе придонесе кон зголемување на безбедноста на жителите на главниот град.

На средбата бил разгледан и планот за обуки за следната година кои оваа единица ги изведува со поддршка на германската амбасада со цел зголемување на својот оперативен капацитет.

Министерот Тошковски на крај уште еднаш изразил голема благодарност и силна подготвеност за понатамошна соработка, поддршка и продлабочување на заедничките односи со цел надградување на капацитетите на Министерството за внатрешни работи.

The post Вредна германска донација за зголемување на капацитетите на интервентната полиција, објави Тошковски appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес во полицискиот центар во Ѓорче Петров оствари работен состанок со германскиот амбасадор, Петра Дрекслер и претставник на германската интервентна полиција каде беше предадена донација за потребите на македонската интервентната полиција. Министерот Тошковски истакнал дека вкупната донација која се состои од 120 сетови „анти траума“ за одржување на јавен ред и мир во прва фаза и поддршка за специјализирани возила за ЈРМ, дополнителна опрема и обуки во втора фаза значително ќе го зајакнат капацитетот на оперативното функционирање на оваа единица и ќе придонесе кон зголемување на безбедноста на жителите на главниот град. На средбата бил разгледан и планот за обуки за следната година кои оваа единица ги изведува со поддршка на германската амбасада со цел зголемување на својот оперативен капацитет. Министерот Тошковски на крај уште еднаш изразил голема благодарност и силна подготвеност за понатамошна соработка, поддршка и продлабочување на заедничките односи со цел надградување на капацитетите на Министерството за внатрешни работи.

The post Вредна германска донација за зголемување на капацитетите на интервентната полиција, објави Тошковски appeared first on Република.

]]>
За да се исклучи човечки фактор и избегнување на плаќање на казна, „Сејф сити“ ќе е целосно дигитализиран процес https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-da-se-iskluchi-chovechki-faktor-i-izbegnuvane-na-plakane-na-kazna-sejf-siti-ke-e-tselosno-digitaliziran-protses/ Mon, 18 Nov 2024 08:05:44 +0000 https://republika.mk/?p=839010

Mеѓуресорска работна група, составена од членови на Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда и професори од Правниот факултет во Скопје работи на измените на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата и Законот за прекршоците.

Како што потенцираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по работниот состанок со меѓуресорската група, овие измени се неопходни за целосна имплементација и ставање во функција на системот за електронско детектирање на сообраќајни прекршоци, познат како „Безбеден град”.

Нашата визија е следејќи ги европските стандарди, да спроведеме целосна дигитализација на овој процес, така што ќе го исклучиме човечкиот фактор кој би овозможил избегнување на плаќање на казната. Системот автоматски ќе ги детектира, евидентира и процесира прекршоците, обезбедувајќи поголема ефикасност и ефективност, потенцираше министерот Тошковски.

Министерот Тошковски истакна дека ставањето во функција на овој систем е еден од приоритетите на новата Влада, со единствена цел да се подобри безбедноста на патиштата и да се намали бројот на жртви.

The post За да се исклучи човечки фактор и избегнување на плаќање на казна, „Сејф сити“ ќе е целосно дигитализиран процес appeared first on Република.

]]>

Mеѓуресорска работна група, составена од членови на Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда и професори од Правниот факултет во Скопје работи на измените на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата и Законот за прекршоците. Како што потенцираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по работниот состанок со меѓуресорската група, овие измени се неопходни за целосна имплементација и ставање во функција на системот за електронско детектирање на сообраќајни прекршоци, познат како „Безбеден град”.
Нашата визија е следејќи ги европските стандарди, да спроведеме целосна дигитализација на овој процес, така што ќе го исклучиме човечкиот фактор кој би овозможил избегнување на плаќање на казната. Системот автоматски ќе ги детектира, евидентира и процесира прекршоците, обезбедувајќи поголема ефикасност и ефективност, потенцираше министерот Тошковски.
Министерот Тошковски истакна дека ставањето во функција на овој систем е еден од приоритетите на новата Влада, со единствена цел да се подобри безбедноста на патиштата и да се намали бројот на жртви.

The post За да се исклучи човечки фактор и избегнување на плаќање на казна, „Сејф сити“ ќе е целосно дигитализиран процес appeared first on Република.

]]>
Тошковски: Ставањето во функција на проектот „Безбеден град“ е приоритет на Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-stavaneto-vo-funktsija-na-proektot-bezbeden-grad-e-prioritet-na-vladata/ Sat, 16 Nov 2024 17:34:08 +0000 https://republika.mk/?p=838614

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес одржа работен состанок со меѓуресорската работна група, составена од членови на Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда и професори од Правниот факултет во Скопје, која работеше на измените на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата и Законот за прекршоците.

Овие измени се неопходни за целосна имплементација и ставање во функција на системот за електронско детектирање на сообраќајни прекршоци, познат како “Безбеден град”. Нашата визија е следејќи ги европските стандарди, да спроведеме целосна дигитализација на овој процес, така што ќе го исклучиме човечкиот фактор кој би овозможил избегнување на плаќање на казната. Системот автоматски ќе ги детектира, евидентира и процесира прекршоците, обезбедувајќи поголема ефикасност и ефективност, потенцираше министерот Тошковски.

Министерот Тошковски истакна дека ставањето во функција на овој систем е еден од приоритетите на новата Влада, со единствена цел да се подобри безбедноста на патиштата и да се намали бројот на жртви.

The post Тошковски: Ставањето во функција на проектот „Безбеден град“ е приоритет на Владата appeared first on Република.

Откази за 15 високи полициски функционери, се издавале дозволи за оружје на луѓе кои законски немале право https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/otkazi-za-15-visoki-politsiski-funktsioneri-se-izdavale-dozvoli-za-oruzhje-na-luge-koi-zakonski-nemale-pravo/ Thu, 14 Nov 2024 20:10:41 +0000 https://republika.mk/?p=837865

Комисијата за ревизија на постапките за издавање дозволи за оружје открила дека повеќе од 5.000 предмети не се обработени, а некои се решени спротивно на законот. Поради ова, Одделот за внатрешна контрола предложил дисциплински постапки, вклучувајќи откази за околу 15 високи полициски функционери од претходната власт, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тошковски во интервју за Сител истакна дека во минатото оружје им било давано на лица кои не имале право на поседување, додека други, кои имале право, не успеале да ја завршат постапката. Тој најави и дигитализација на процесот за издавање дозволи.

„По насока на јавен обвинител, ќе бидат поднесени кривични пријави за оние за кои се утврдат елементи на кривично дело. Овие лица добиле отказ, а следуваат и кривични постапки“, рече Тошковски.

Министерот најави и нов закон за поседување оружје, усогласен со законодавството на ЕУ, кој ќе се базира на темелна анализа и системски решенија во интерес на граѓаните.

Во одговор на прашањето за безбедноста на државата, Тошковски увери дека Министерството за внатрешни работи и другите институции се подготвени да се справат со сите потенцијални безбедносни закани.

The post Откази за 15 високи полициски функционери, се издавале дозволи за оружје на луѓе кои законски немале право appeared first on Република.

]]>

Комисијата за ревизија на постапките за издавање дозволи за оружје открила дека повеќе од 5.000 предмети не се обработени, а некои се решени спротивно на законот. Поради ова, Одделот за внатрешна контрола предложил дисциплински постапки, вклучувајќи откази за околу 15 високи полициски функционери од претходната власт, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Тошковски во интервју за Сител истакна дека во минатото оружје им било давано на лица кои не имале право на поседување, додека други, кои имале право, не успеале да ја завршат постапката. Тој најави и дигитализација на процесот за издавање дозволи.
„По насока на јавен обвинител, ќе бидат поднесени кривични пријави за оние за кои се утврдат елементи на кривично дело. Овие лица добиле отказ, а следуваат и кривични постапки“, рече Тошковски.
Министерот најави и нов закон за поседување оружје, усогласен со законодавството на ЕУ, кој ќе се базира на темелна анализа и системски решенија во интерес на граѓаните. Во одговор на прашањето за безбедноста на државата, Тошковски увери дека Министерството за внатрешни работи и другите институции се подготвени да се справат со сите потенцијални безбедносни закани.

The post Откази за 15 високи полициски функционери, се издавале дозволи за оружје на луѓе кои законски немале право appeared first on Република.

]]>
Граѓаните да ги заменат возачките со старо уставно име заклучно со Нова година апелира Тошковски https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/graganite-da-gi-zamenat-vozachkite-so-staro-ustavno-ime-zakluchno-so-nova-godina-apelira-toshkovski/ Thu, 14 Nov 2024 19:26:13 +0000 https://republika.mk/?p=837844

Ставена е во функција нова машина, со што се зголемува капацитетот за издавање на возачки дозволи или лични карти, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и упати уште еден повик до македонските граѓани да ги заменат возачките коишто се со старо уставно име заклучно со Нова година.

Тошковски, во гостувањето во дневникот на Сител, посочи дека има околу 200 илајди возчаки дозволи кои останува да бидат променети, кои со моменталниот капацитет може да биде направено за не повеќе од 20 дена.

-Значи за 20 дена можеме да ги испринтаме, да ги исперсонализираме сите возачки дозволи коишто се потребни, ги имаме обезбедено обрасците од претходно кога немаше обрасци. Повеќе нема чекање за граѓаните да можат да пристапат до просториите за да се фотографираат и да ја завршат таа работа, изјави Тошковски, во интервју за Сител.

Тошковски, исто така, посочи дека доколку им се важечки истото не е на нивни трошок во делот на трошокот којшто се исплаќа спрема државата во делот на производство на возачката дозвола.

The post Граѓаните да ги заменат возачките со старо уставно име заклучно со Нова година апелира Тошковски appeared first on Република.

]]>

Ставена е во функција нова машина, со што се зголемува капацитетот за издавање на возачки дозволи или лични карти, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и упати уште еден повик до македонските граѓани да ги заменат возачките коишто се со старо уставно име заклучно со Нова година. Тошковски, во гостувањето во дневникот на Сител, посочи дека има околу 200 илајди возчаки дозволи кои останува да бидат променети, кои со моменталниот капацитет може да биде направено за не повеќе од 20 дена.
-Значи за 20 дена можеме да ги испринтаме, да ги исперсонализираме сите возачки дозволи коишто се потребни, ги имаме обезбедено обрасците од претходно кога немаше обрасци. Повеќе нема чекање за граѓаните да можат да пристапат до просториите за да се фотографираат и да ја завршат таа работа, изјави Тошковски, во интервју за Сител.
Тошковски, исто така, посочи дека доколку им се важечки истото не е на нивни трошок во делот на трошокот којшто се исплаќа спрема државата во делот на производство на возачката дозвола.

The post Граѓаните да ги заменат возачките со старо уставно име заклучно со Нова година апелира Тошковски appeared first on Република.

]]>
Се очекува „Сејф сити“ да биде целосно функционален во текот на идната година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-ochekuva-sejf-siti-da-bide-tselosno-funktsionalen-vo-tekot-na-idnata-godina/ Thu, 14 Nov 2024 12:57:36 +0000 https://republika.mk/?p=837666

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на платформата „100% посветени за тебе на тема „Фокус на правдата, безбедноста и одбраната“ денеска во Владата, прашан кога ќе биде пуштен во употреба системот за безбеден град „Сејф сити“, рече оти се надева дека во текот на 2025 година овој систем ќе има целосна функционална примена.

Тошковски рече дека претходните власти извршиле набавка, но не направиле стратешки план како сето тоа ќе го стават во функција и не направиле законски процедури, каде точно тоа треба да се имплементира, како ќе се доставуваат казните, дали судот ќе може да одговори на предизвикот да постапува по десетици ијлади предмети на месечна основа.

По завршување на техничката влада и по формирање на нормална влада, се посветив круцијално особено на овој проект, затоа што сметам дека оние бројки кои ги имаме од типот на 146, 126, 138 – ова се бројки на луѓе кои изгубиле живот како последица на сообраќајна незгода. овие цифри мора да ги намалиме, целта на воведувањето на овој систем на сообраќајна култура е да ги намалиме овие бројки. Еден човечки живот нема цена. Поради тоа, мора да го имплементираме овој систем, но како што треба, мора да го поставиме целокупниот систем на здрава основа. Ако јас се прашувам најдобро е да почне во функција во јануари 2025, но тоа е невозможно, имајќи ги сите овие чекори што треба да се преземат и би бил среќен доколку во текот на 2025 го пуштиме во финална употреба, нагласи Тошковски.

Тој појасни дека граѓаните ќе имаат временски период во којшто ќе бидат предупредувани од страна на ова софтверско решение, коешто ќе треба да ја процесуира целокупната постапка.

Истакна дека тоа значи оти ќе има преоден период, кога граѓаните ќе можат да увидат на лична основа колку пати сториле одреден прекршок во делот на управување моторно возило и сите други сообраќајни правила што се пропишани.

Така што се надевам дека во 2025 ќе имаме целосна функционална примена – да го затвориме целосно системот, не само камерата да изврши фотографија на одредено лице, туку на крајот да стигнеме со наплата на предметната казна и еднаш засекогаш да се знае дека нема повеќе „ало началниче“, „ало министре“, нема веќе завршување работа надвор од системот и тоа треба да им е јасно на сите. Ако сакаме да бидеме нормална држава и да ги уживаме европските вредности кои претходните седум години не лажеа дека ни биле „втемелени во крвтококт“, мораме да се договориме она што ќе го почитуваме, да го почитуаме сите од прв до последен и само така ќе можеме да имаме нормална држава, нагласи Тошковски.

Системот ќе регистрира сообраќајни прекршоци како што се минување на црвено светло, возење со брзина поголема од дозволената и непрописно паркирање со крајна цел зголемување на сообраќајната култура и намалување на сообраќајните несреќи со човечки жртви чии бројки се очекува драстично да се намалат.

https://youtu.be/TPvm69H0GxQ?si=7xTYpZV1dlJe7OQO

The post Се очекува „Сејф сити“ да биде целосно функционален во текот на идната година appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на платформата „100% посветени за тебе на тема „Фокус на правдата, безбедноста и одбраната“ денеска во Владата, прашан кога ќе биде пуштен во употреба системот за безбеден град „Сејф сити“, рече оти се надева дека во текот на 2025 година овој систем ќе има целосна функционална примена. Тошковски рече дека претходните власти извршиле набавка, но не направиле стратешки план како сето тоа ќе го стават во функција и не направиле законски процедури, каде точно тоа треба да се имплементира, како ќе се доставуваат казните, дали судот ќе може да одговори на предизвикот да постапува по десетици ијлади предмети на месечна основа.
По завршување на техничката влада и по формирање на нормална влада, се посветив круцијално особено на овој проект, затоа што сметам дека оние бројки кои ги имаме од типот на 146, 126, 138 – ова се бројки на луѓе кои изгубиле живот како последица на сообраќајна незгода. овие цифри мора да ги намалиме, целта на воведувањето на овој систем на сообраќајна култура е да ги намалиме овие бројки. Еден човечки живот нема цена. Поради тоа, мора да го имплементираме овој систем, но како што треба, мора да го поставиме целокупниот систем на здрава основа. Ако јас се прашувам најдобро е да почне во функција во јануари 2025, но тоа е невозможно, имајќи ги сите овие чекори што треба да се преземат и би бил среќен доколку во текот на 2025 го пуштиме во финална употреба, нагласи Тошковски.
Тој појасни дека граѓаните ќе имаат временски период во којшто ќе бидат предупредувани од страна на ова софтверско решение, коешто ќе треба да ја процесуира целокупната постапка. Истакна дека тоа значи оти ќе има преоден период, кога граѓаните ќе можат да увидат на лична основа колку пати сториле одреден прекршок во делот на управување моторно возило и сите други сообраќајни правила што се пропишани.
Така што се надевам дека во 2025 ќе имаме целосна функционална примена – да го затвориме целосно системот, не само камерата да изврши фотографија на одредено лице, туку на крајот да стигнеме со наплата на предметната казна и еднаш засекогаш да се знае дека нема повеќе „ало началниче“, „ало министре“, нема веќе завршување работа надвор од системот и тоа треба да им е јасно на сите. Ако сакаме да бидеме нормална држава и да ги уживаме европските вредности кои претходните седум години не лажеа дека ни биле „втемелени во крвтококт“, мораме да се договориме она што ќе го почитуваме, да го почитуаме сите од прв до последен и само така ќе можеме да имаме нормална држава, нагласи Тошковски.
Системот ќе регистрира сообраќајни прекршоци како што се минување на црвено светло, возење со брзина поголема од дозволената и непрописно паркирање со крајна цел зголемување на сообраќајната култура и намалување на сообраќајните несреќи со човечки жртви чии бројки се очекува драстично да се намалат. https://youtu.be/TPvm69H0GxQ?si=7xTYpZV1dlJe7OQO

The post Се очекува „Сејф сити“ да биде целосно функционален во текот на идната година appeared first on Република.

]]>
Среќен сум што во МВР сè уште има луѓе кои си ја сакаат Македонија, вели министерот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sreken-sum-shto-vo-mvr-se-ushte-ima-luge-koi-si-ja-sakaat-makedonija-veli-ministerot/ Thu, 14 Nov 2024 11:29:54 +0000 https://republika.mk/?p=837602

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на платформата „100% посветени за тебе на тема: Фокус на правдата, безбедноста и одбраната“ денеска во Владата, рече дека во овој краток временски период додека е министер, докажале дека предмети кои се од висок интерес ќе бидат процесуирани соодветно во рамки на законско утврдена постапка и оти конечно криминалците ќе бидат таму каде што им е местото.

Тошковски говореше за преземените сеопфатни акции од страна на МВР во изминатиот период, под раководство на Обвинителството за борба против организиран криминал и висока корупција.

Една од позитивните работи што морам да ги истакнам во рамки на МВР, е дека се уште има луѓе кои си ја сакаат Македонија и луѓе кои се професионалци и сакаат да работат за интересите на државата. И тоа е она што треба да биде позитивен сигнал и за македонските граѓани, односно со професионална, чесна и посветена работа. Докажавме дека и во овој краток временски период предмети кои се од висок интерес ќе бидат процесуирани соодветно во рамки на законско утврдена постапка, и конечно криминалците ќе бидат таму каде што им е местото, а институциите ќе се ослободат од луѓето кои не и мислат добро на оваа држава и кои ја злоупотребувале оваа држава за свој личен интерес, нагласи Тошковски.

Министерот посочи дека кога дошол на функција, затекнал, како што кажа, катастрофа во работењето на Министерството, пред се од аспект на работењето на Министерството.

Она што го затекнав беше катастрофа од многу аспекти, од функционалноста на работењето на Министерството, состојбите во коишто се наоѓавме како Министерство, и кога ќе начекате таква круцијална институција во таква состојба каква што ја начекав јас, тешко е да дојдете до вистински резултати што треба да резултираат со борба прортив висоиката корупција и организираниот криминал... Но за среќа, мислам дека тоа е и на очиглед на јавноста, покажавме дека дури и за овој краток временски период и со овие ресурси со кои располагаме, покажавме дека можеме да видиме еден одлично сработен предмет каде што еден врховен судија и еден член на Совет на јавни обвинители повеќе не се дел од еден рекетарски систем којшто институционално си го граделе многу години наназад, и со правосилна пресуда, повеќе не се дел од институциите и нема да ги рекетираат македонските граѓани во иднина, посочи Тошковски.

https://youtu.be/TPvm69H0GxQ?si=pPZJoVRZCZp9ryFe

The post Среќен сум што во МВР сè уште има луѓе кои си ја сакаат Македонија, вели министерот appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на платформата „100% посветени за тебе на тема: Фокус на правдата, безбедноста и одбраната“ денеска во Владата, рече дека во овој краток временски период додека е министер, докажале дека предмети кои се од висок интерес ќе бидат процесуирани соодветно во рамки на законско утврдена постапка и оти конечно криминалците ќе бидат таму каде што им е местото. Тошковски говореше за преземените сеопфатни акции од страна на МВР во изминатиот период, под раководство на Обвинителството за борба против организиран криминал и висока корупција.
Една од позитивните работи што морам да ги истакнам во рамки на МВР, е дека се уште има луѓе кои си ја сакаат Македонија и луѓе кои се професионалци и сакаат да работат за интересите на државата. И тоа е она што треба да биде позитивен сигнал и за македонските граѓани, односно со професионална, чесна и посветена работа. Докажавме дека и во овој краток временски период предмети кои се од висок интерес ќе бидат процесуирани соодветно во рамки на законско утврдена постапка, и конечно криминалците ќе бидат таму каде што им е местото, а институциите ќе се ослободат од луѓето кои не и мислат добро на оваа држава и кои ја злоупотребувале оваа држава за свој личен интерес, нагласи Тошковски.
Министерот посочи дека кога дошол на функција, затекнал, како што кажа, катастрофа во работењето на Министерството, пред се од аспект на работењето на Министерството.
Она што го затекнав беше катастрофа од многу аспекти, од функционалноста на работењето на Министерството, состојбите во коишто се наоѓавме како Министерство, и кога ќе начекате таква круцијална институција во таква состојба каква што ја начекав јас, тешко е да дојдете до вистински резултати што треба да резултираат со борба прортив висоиката корупција и организираниот криминал... Но за среќа, мислам дека тоа е и на очиглед на јавноста, покажавме дека дури и за овој краток временски период и со овие ресурси со кои располагаме, покажавме дека можеме да видиме еден одлично сработен предмет каде што еден врховен судија и еден член на Совет на јавни обвинители повеќе не се дел од еден рекетарски систем којшто институционално си го граделе многу години наназад, и со правосилна пресуда, повеќе не се дел од институциите и нема да ги рекетираат македонските граѓани во иднина, посочи Тошковски.
https://youtu.be/TPvm69H0GxQ?si=pPZJoVRZCZp9ryFe

The post Среќен сум што во МВР сè уште има луѓе кои си ја сакаат Македонија, вели министерот appeared first on Република.

]]>
Тошковски порачува: Јасно и одлучно ќе се бориме против криминалот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/toshkovski-porachuva-jasno-i-odluchno-ke-se-borime-protiv-kriminalot/ Thu, 14 Nov 2024 11:08:45 +0000 https://republika.mk/?p=837597

Добро е што немаме животозагрозувачка состојба на никого во овој момент, лошо е што криминалните банди си „хараат“ и денеска, но, соодветно, одлучно и сурово како институции ќе одговориме на сите оние кои што го „реметат“ мирот на македонските граѓани, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во врска со денешниот настан во кој експлозивната направа била фрлена во двор во скопска Керамидница.

Одговарајќи на новинарско прашање на дебатата „Платформа: 100% посветени за тебе на тема „Фокус на правдата, безбедноста и одбраната“, Тошковски посочи дека јасно и одлучно ќе се борат против криминалот и против организираниот криминал.

Убиства имало и ќе има, бомби фрлање имало и ќе има, прашањето е како државата и институциите соодветно ќе одговорат на тоа - рече министерот.

Во однос на прашањето дали можело да им се влезе во траг на напаѓачите, имајќи предвид дека нападот бил најавен на социјалната мрежа ТикТок, министерот одговори дека ќе постапат во рамките на капацитетите што ги имаат.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/bombata-nameneta-za-rade-shtekli-bila-najavena-na-tik-tok/

МВР не може да направи чуда, но може да работи чесно, посветено и професионално и во рамки на сето она што е надлежност на министерството, согласно капацитетите што ги имаме, ќе постапиме. Нема да се мижи како што се мижело претходно - рече тој.

Утрово од Министерството за внатрешни работи информираа дека едно лице е повредено денеска од експлозивна направа која била фрлена во двор во скопска Керамидница, соопшти МВР.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/koj-e-rade-shtekli-prezhivea-atentat-vo-ist-gejt-chlen-e-na-baron-klanot/

Денеска (14.11.2024) во 09.20 ч. во СВР Скопје било пријавено дека во дворно место во населба Керамидница во Скопје била фрлена експлозивна направа. Од експлозијата со повреди се здобил Р.Т., кој е пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош, соопштија од МВР.

The post Тошковски порачува: Јасно и одлучно ќе се бориме против криминалот appeared first on Република.

]]>

Добро е што немаме животозагрозувачка состојба на никого во овој момент, лошо е што криминалните банди си „хараат“ и денеска, но, соодветно, одлучно и сурово како институции ќе одговориме на сите оние кои што го „реметат“ мирот на македонските граѓани, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во врска со денешниот настан во кој експлозивната направа била фрлена во двор во скопска Керамидница. Одговарајќи на новинарско прашање на дебатата „Платформа: 100% посветени за тебе на тема „Фокус на правдата, безбедноста и одбраната“, Тошковски посочи дека јасно и одлучно ќе се борат против криминалот и против организираниот криминал.
Убиства имало и ќе има, бомби фрлање имало и ќе има, прашањето е како државата и институциите соодветно ќе одговорат на тоа - рече министерот.
Во однос на прашањето дали можело да им се влезе во траг на напаѓачите, имајќи предвид дека нападот бил најавен на социјалната мрежа ТикТок, министерот одговори дека ќе постапат во рамките на капацитетите што ги имаат. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/bombata-nameneta-za-rade-shtekli-bila-najavena-na-tik-tok/
МВР не може да направи чуда, но може да работи чесно, посветено и професионално и во рамки на сето она што е надлежност на министерството, согласно капацитетите што ги имаме, ќе постапиме. Нема да се мижи како што се мижело претходно - рече тој.
Утрово од Министерството за внатрешни работи информираа дека едно лице е повредено денеска од експлозивна направа која била фрлена во двор во скопска Керамидница, соопшти МВР. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/koj-e-rade-shtekli-prezhivea-atentat-vo-ist-gejt-chlen-e-na-baron-klanot/ Денеска (14.11.2024) во 09.20 ч. во СВР Скопје било пријавено дека во дворно место во населба Керамидница во Скопје била фрлена експлозивна направа. Од експлозијата со повреди се здобил Р.Т., кој е пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош, соопштија од МВР.

The post Тошковски порачува: Јасно и одлучно ќе се бориме против криминалот appeared first on Република.

]]>
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-vo-poseta-na-tsentarot-za-borba-protiv-terorizam-na-ungarija/ Wed, 13 Nov 2024 16:46:50 +0000 https://republika.mk/?p=837291

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во рамките на посетата на Будимпешта каде предводеше делегација на МВР на 7 Министерска конференција од Будимпештанскиот процес ги посети специјализираните оддели TEK (Центар за борба против тероризмот) и „Keszenleti Rendőrség“ (Оддел за брз одговор и специјални полициски служби) на унгарската полиција.

Во рамките на двете посети реализирав средби со директорите на кои ми беше презентирана организациската структура и капацитетите на овие оддели, како и нивниот пристап во справување со современите безбедносни предизвици. Разговаравме за можности за соработка во делот на обуките за нашите полициски сили, со цел јакнење на капацитетите и унапредување на знаењата и вештините кои се од витално значење за справување со најразлични безбедносни ситуации. Оваа размена на искуства ме увери дека постои силна поддршка и подготвеност за заедничко делување и партнерство, кое ќе придонесе за подобра безбедност во нашиот регион“, истакна министерот Тошковски.

Министерот Тошковски ја потенцираше уште еднаш посветеноста на градење меѓународни односи и партнерства кои ќе ја зајакнат нашата полиција и ќе обезбедат поголема безбедност за сите наши граѓани.

The post Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија appeared first on Република.

Тошковски: Миграцијата е европски предизвик кој бара европски одговор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-migratsijata-e-evropski-predizvik-koj-bara-evropski-odgovor/ Tue, 12 Nov 2024 15:52:50 +0000 https://republika.mk/?p=836898

Министерот за внатрешни работи, Тошковски, денеска учествува на 7-та Министерска конференција во Будимпешта, каде што беше усвоен Планот за акција на Будимпештанскиот процес 2025-2030. Планот вклучува шест приоритетни цели, меѓу кои спречување на нерегуларна миграција и борба против криумчарење мигранти и трговија со луѓе.

Како што соопштуваат од МВР, во своето обраќање, министерот Тошковски истакнал дека земјите треба да бидат јасни во својата миграциска политика и дека миграцијата е европски предизвик кој бара европски одговор.

Пактот за азил и миграција е патот напред и за земјите членки на Унијата, но и за нас, аспирантите кои – кога тогаш – ќе мораме да го спроведуваме или да го осигуриме неговото спроведување, потенцирал министерот Тошковски.

Тошковски изразил надеж дека Будимпештанскиот процес ќе продолжи да расте со почитување на човековите права и заштита на ранливите лица.

Тој остварил билатерални средби со државниот секретар на Швајцарија, Кристин Шранер Бургенер, и министерот за внатрешни работи на Пакистан, Сајед Мохсин Раза Накви, каде што биле разгледани идните чекори за соработка во борбата против нелегалната миграција.

На маргините на конференцијата, министерот имал разговор и со турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја, за зајакнување на соработката. 

The post Тошковски: Миграцијата е европски предизвик кој бара европски одговор appeared first on Република.