панатинаикос Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/panatinaikos/ За подобро да се разбереме Sun, 26 May 2024 20:28:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png панатинаикос Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/panatinaikos/ 32 32 Панатинаикос по седми пат стана европски шампион, во финалето го декласира Реал https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/panatinaikos-po-sedmi-pat-stana-evropski-shampion-vo-finaleto-go-deklasira-real/ Sun, 26 May 2024 20:28:31 +0000 https://republika.mk/?p=781887

Панатинаикос ја освои титулата на завршниот турнир во Евролигата. Во Берлин Панатинаикос го победи бранителот на титулата Реал Мадрид со 95:80. Ова е седма титула за Панатинаикос, прва од 2011 година. Тренерот на зелените, Ергин Атаман трет пат во кариерата стана европски првак, првите две титули ги освои со Анадолу Ефес, пренесува topsport. mk.

Панатинаикос во финалето го предводеа Костас Слукас со 24 поени, Кендрик Нан со 21 поен, односно Матијас Лесор со 17 пени и шест скока. Кај Реал Џана Муса уфрли 15 поени, Факундо Кампацо 12 со четири асистенции, Чачо Родригез 11. Потфрли Марио Хезоња со само осум поени (шут за три 1/8) и осум скока.

Панатинаикос во големото финале одигра брилијантен натпревар. Во првиот дел имаа негатива од 14 поени, но во вториот дел одиграа нестварно во одбраната и на крајот заслужено дојдоа до трофејот.

МВП на завршниот турнир е Костас Слукас. Плејмејкерот ја освои четвртата титула во Евролигата, две титули има со Олимпијакос, една со Фенербахче.

The post Панатинаикос по седми пат стана европски шампион, во финалето го декласира Реал appeared first on Република.

]]>

Панатинаикос ја освои титулата на завршниот турнир во Евролигата. Во Берлин Панатинаикос го победи бранителот на титулата Реал Мадрид со 95:80. Ова е седма титула за Панатинаикос, прва од 2011 година. Тренерот на зелените, Ергин Атаман трет пат во кариерата стана европски првак, првите две титули ги освои со Анадолу Ефес, пренесува topsport. mk. Панатинаикос во финалето го предводеа Костас Слукас со 24 поени, Кендрик Нан со 21 поен, односно Матијас Лесор со 17 пени и шест скока. Кај Реал Џана Муса уфрли 15 поени, Факундо Кампацо 12 со четири асистенции, Чачо Родригез 11. Потфрли Марио Хезоња со само осум поени (шут за три 1/8) и осум скока. Панатинаикос во големото финале одигра брилијантен натпревар. Во првиот дел имаа негатива од 14 поени, но во вториот дел одиграа нестварно во одбраната и на крајот заслужено дојдоа до трофејот. МВП на завршниот турнир е Костас Слукас. Плејмејкерот ја освои четвртата титула во Евролигата, две титули има со Олимпијакос, една со Фенербахче.

The post Панатинаикос по седми пат стана европски шампион, во финалето го декласира Реал appeared first on Република.

]]>
Навивачите на Олимпијакос тешко повредија играч на Панатенаикос https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/navivachite-na-olimpijakos-teshko-povredija-igrach-na-panatenaikos/ Sun, 22 Oct 2023 18:35:30 +0000 https://republika.mk/?p=693981

Најголемото дерби на грчкиот фудбал меѓу Олимпијакос и Панатинаикос беше прекинато во 53. минута откако играчите на гостинската екипа демонстративно го напуштија теренот.

По тешката повреда на резервистот на Панатинаикос Хуанкара со петарда, гостите заминаа во соблекувалната, по што беше прекинато дербито од 8. коло од грчката Суперлига. Шпанскиот фудбалер се загревал со соиграчите во близина нааут линија кога експлодирала петарда и го повредила. Хуанкара со медицинско возило го напушти стадионот во Атина.

„Зелените“ гледајќи дека шпанскиот дефанзивец долго лежи на земја и заминува на носилки, решија да го напуштат теренот во 53. минута. Во моментот на прекинот резултатот беше 1-1. ПАО поведе со голот на Јоргос Вајанидис во 28. минута, а Меди Камара го израмни резултатот на 1-1 во 48.


Извор: Екипа.мк

The post Навивачите на Олимпијакос тешко повредија играч на Панатенаикос appeared first on Република.

]]>

Најголемото дерби на грчкиот фудбал меѓу Олимпијакос и Панатинаикос беше прекинато во 53. минута откако играчите на гостинската екипа демонстративно го напуштија теренот. По тешката повреда на резервистот на Панатинаикос Хуанкара со петарда, гостите заминаа во соблекувалната, по што беше прекинато дербито од 8. коло од грчката Суперлига. Шпанскиот фудбалер се загревал со соиграчите во близина нааут линија кога експлодирала петарда и го повредила. Хуанкара со медицинско возило го напушти стадионот во Атина. „Зелените“ гледајќи дека шпанскиот дефанзивец долго лежи на земја и заминува на носилки, решија да го напуштат теренот во 53. минута. Во моментот на прекинот резултатот беше 1-1. ПАО поведе со голот на Јоргос Вајанидис во 28. минута, а Меди Камара го израмни резултатот на 1-1 во 48.
Извор: Екипа.мк

The post Навивачите на Олимпијакос тешко повредија играч на Панатенаикос appeared first on Република.

]]>
Стотици полицајци, хеликоптер и дронови се ангажирани за денешниот меч во Атина меѓу Панатинаикос и Марсеј https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/stotitsi-politsajtsi-helikopter-i-dronovi-se-angazhirani-za-deneshniot-mech-vo-atina-megu-panatinaikos-i-marsej/ Wed, 09 Aug 2023 10:53:21 +0000 https://republika.mk/?p=670338

Под драконски безбедносни мерки, со стотици полицајци, хеликоптер, дронови и темелни контроли ќе се одржи денешниот фудбалски натпревар во Атина меѓу Панатинаикос и Марсеј, со цел да се избегнат нови инциденти и нови судири меѓу навивачите, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, рано утрово во полицијата бил одржан вонреден состанок за оперативниот план и мерките во пресрет на натпреварот во третото квалификациско коло за пласман во Лигата на шампиони.

Иако постои одлуката на УЕФА за забрана на гостинските навивачи да пристигнат во Атина, сепак по завчерашните инциденти и убиството на навивачот на АЕК, безбедносните мерки во грчката престолнина вечерва се очекува да бидат драконски.

Дополнителна загриженост претставува и фактот што навивачите на Марсеј се збратимени со оние на АЕК, исто како што се збратимени навивачите на Панатинаикос со оние на Динамо Загреб.

Медиумите во Грција пишуваат дека веќе се мобилизирани дополнителни полициски сили од останатите грчки градови, во делот околу стадионот ќе бидат создадени безбедносни зони за контрола, ќе се вршат проверки на пешаци, автомобили и метро станици, а ситуацијата ќе се следи и од воздух со помош на дронови и хеликоптер.

Денешниот натпревар, како и оној меѓу АЕК и Динамо Загреб што требаше да се одигра вчера, УЕФА ги карактеризираше како натпревари од висок ризик, поради што и беше донесена одлуката за забрана на гостинските навивачи да патуваат во Атина.

Забраната не спречи група од 150-200 навивачи на Динамо Загреб да поминат над 1.400 километри и поради пропустите на грчката полиција да стигнат и во Атина и пред стадионот на АЕК, каде што и беше убиен 29-годишниот навивач.

Токму затоа, во пресрет на вечерашниот натпревар, според медиумите во Грција, зголемена е контролата и на автопатите во земјата за да се спречи пристигнување на француски навивачи во Атина.

The post Стотици полицајци, хеликоптер и дронови се ангажирани за денешниот меч во Атина меѓу Панатинаикос и Марсеј appeared first on Република.

]]>

Под драконски безбедносни мерки, со стотици полицајци, хеликоптер, дронови и темелни контроли ќе се одржи денешниот фудбалски натпревар во Атина меѓу Панатинаикос и Марсеј, со цел да се избегнат нови инциденти и нови судири меѓу навивачите, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, рано утрово во полицијата бил одржан вонреден состанок за оперативниот план и мерките во пресрет на натпреварот во третото квалификациско коло за пласман во Лигата на шампиони. Иако постои одлуката на УЕФА за забрана на гостинските навивачи да пристигнат во Атина, сепак по завчерашните инциденти и убиството на навивачот на АЕК, безбедносните мерки во грчката престолнина вечерва се очекува да бидат драконски. Дополнителна загриженост претставува и фактот што навивачите на Марсеј се збратимени со оние на АЕК, исто како што се збратимени навивачите на Панатинаикос со оние на Динамо Загреб. Медиумите во Грција пишуваат дека веќе се мобилизирани дополнителни полициски сили од останатите грчки градови, во делот околу стадионот ќе бидат создадени безбедносни зони за контрола, ќе се вршат проверки на пешаци, автомобили и метро станици, а ситуацијата ќе се следи и од воздух со помош на дронови и хеликоптер. Денешниот натпревар, како и оној меѓу АЕК и Динамо Загреб што требаше да се одигра вчера, УЕФА ги карактеризираше како натпревари од висок ризик, поради што и беше донесена одлуката за забрана на гостинските навивачи да патуваат во Атина. Забраната не спречи група од 150-200 навивачи на Динамо Загреб да поминат над 1.400 километри и поради пропустите на грчката полиција да стигнат и во Атина и пред стадионот на АЕК, каде што и беше убиен 29-годишниот навивач. Токму затоа, во пресрет на вечерашниот натпревар, според медиумите во Грција, зголемена е контролата и на автопатите во земјата за да се спречи пристигнување на француски навивачи во Атина.

The post Стотици полицајци, хеликоптер и дронови се ангажирани за денешниот меч во Атина меѓу Панатинаикос и Марсеј appeared first on Република.

]]>