Панама Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/panama/ За подобро да се разбереме Mon, 06 May 2024 07:14:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Панама Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/panama/ 32 32 Прелиминарни резултати: Гласачите во Панама го избраа Мулино за нов претседател https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/preliminarni-rezultati-glasachite-vo-panama-go-izbraa-mulino-za-nov-pretsedatel/ Mon, 06 May 2024 07:14:09 +0000 https://republika.mk/?p=774628

Гласачите во Панама го избраа Хозе Раул Мулино за претседател, според прелиминарните резултати објавени доцна синоќа.

Мулино, кој е близок човек од доверба на поранешниот шеф на државата Рикардо Мартинели, сака да ја запре нерегуларната миграција низ џунглата Дариен на југот на централноамериканската земја кон САД.

Мулино освои околу 35 отсто од гласовите, соопшти изборната власт на земјата откако беа преброени повеќе од 90 отсто од гласовите.

Околу 3 милиони луѓе имаа право да гласаат на изборите, при што беа одржани гласања за вкупно 71 парламентарно место и речиси 800 локални канцеларии.

Уставот на Панама забранува директен реизбор на актуелниот претседател, пренесува ДПА.

Меѓу осумте претседателски кандидати беа Хозе Габриел Каризо од владејачката партија ПРД, поранешниот претседател Мартин Торијос, поранешниот конзул во Вашингтон, Рикардо Ломбана и поранешниот министер за Панамскиот канал, Ромуло Ру.

Мулино (64) ќе ја преземе функцијата шеф на државата и премиер на 1 јули.

The post Прелиминарни резултати: Гласачите во Панама го избраа Мулино за нов претседател appeared first on Република.

]]>

Гласачите во Панама го избраа Хозе Раул Мулино за претседател, според прелиминарните резултати објавени доцна синоќа. Мулино, кој е близок човек од доверба на поранешниот шеф на државата Рикардо Мартинели, сака да ја запре нерегуларната миграција низ џунглата Дариен на југот на централноамериканската земја кон САД. Мулино освои околу 35 отсто од гласовите, соопшти изборната власт на земјата откако беа преброени повеќе од 90 отсто од гласовите. Околу 3 милиони луѓе имаа право да гласаат на изборите, при што беа одржани гласања за вкупно 71 парламентарно место и речиси 800 локални канцеларии. Уставот на Панама забранува директен реизбор на актуелниот претседател, пренесува ДПА. Меѓу осумте претседателски кандидати беа Хозе Габриел Каризо од владејачката партија ПРД, поранешниот претседател Мартин Торијос, поранешниот конзул во Вашингтон, Рикардо Ломбана и поранешниот министер за Панамскиот канал, Ромуло Ру. Мулино (64) ќе ја преземе функцијата шеф на државата и премиер на 1 јули.

The post Прелиминарни резултати: Гласачите во Панама го избраа Мулино за нов претседател appeared first on Република.

]]>
Еден од напаѓачите на Звицер во Панама стигнал од Македонија, требало да добијат 4 милиони евра!? https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/eden-od-napagjachite-na-zvicer-vo-panama-stignal-od-makedonija-trebalo-da-dobijat-4-milioni-evra/ Fri, 04 Nov 2022 08:10:54 +0000 https://republika.mk/?p=569411

Радоје Звицер, пребегнатиот водач на „кавачкиот клан“ имал луда среќа на крајот на септември кога избегна ликвидација во Панама.

Изнајмените убијци по грешка убиле двајца телохранители на Звицер пукајќи во автомобилот Лексус, кој бил пред мерцедесот, во кој бил водачот Кавачкиот клан.

Напаѓачите пристигнале во Панама од Босна и Херцеговина, Хрватска и Македонија, а за главата на Звицер им биле ветени дури четири милиони евра!

Меѓутоа, кога било утврдено дека убиле погрешни луѓе, им се губи секаква трага, дознава „Информер“.

Извор на весникот објаснува што точно се случило.

Радоје тој ден бил во „мерцедес“ со неговиот близок соработник М.Б., додека со „лексус“ пред нив двајца панамски телохранители. Тие оделе во вилата на Звицер во предградието на Панама Сити, каде во заседа ги чекале четворица напаѓачи .Двајца со пушки чекале пред вилата, додека другите двајца биле на мотор во близина. Додека Звицер со обезбедувањето се приближувал до вилата, сите четворица напаѓачи испукале рафали кон „лексусот“, при што загинаа двајца телохранители

The post Еден од напаѓачите на Звицер во Панама стигнал од Македонија, требало да добијат 4 милиони евра!? appeared first on Република.

]]>

Радоје Звицер, пребегнатиот водач на „кавачкиот клан“ имал луда среќа на крајот на септември кога избегна ликвидација во Панама. Изнајмените убијци по грешка убиле двајца телохранители на Звицер пукајќи во автомобилот Лексус, кој бил пред мерцедесот, во кој бил водачот Кавачкиот клан. Напаѓачите пристигнале во Панама од Босна и Херцеговина, Хрватска и Македонија, а за главата на Звицер им биле ветени дури четири милиони евра! Меѓутоа, кога било утврдено дека убиле погрешни луѓе, им се губи секаква трага, дознава „Информер“. Извор на весникот објаснува што точно се случило.
Радоје тој ден бил во „мерцедес“ со неговиот близок соработник М.Б., додека со „лексус“ пред нив двајца панамски телохранители. Тие оделе во вилата на Звицер во предградието на Панама Сити, каде во заседа ги чекале четворица напаѓачи .Двајца со пушки чекале пред вилата, додека другите двајца биле на мотор во близина. Додека Звицер со обезбедувањето се приближувал до вилата, сите четворица напаѓачи испукале рафали кон „лексусот“, при што загинаа двајца телохранители

The post Еден од напаѓачите на Звицер во Панама стигнал од Македонија, требало да добијат 4 милиони евра!? appeared first on Република.

]]>
Земјотрес со јачина 6,7 степени по Рихтер ја погоди Панама https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zemjotres-so-jachina-6-7-stepeni-po-rihter-ja-pogodi-panama/ Thu, 20 Oct 2022 14:21:41 +0000 https://republika.mk/?p=563637

Силен земјотрес со јачина од 6,7 степени по Рихтеровата скала изутринава го потресе западниот дел на Панама.

Раздвижувањето на земјата е почувствувано во Херера, Бокас дел Торо, Верагуас и западна Панама, објави преку Твитер панамската Национална агенција за цивилна заштита.

Американскиот геолошки институт соопшти дека епицдентарот на земјотресот бил на длабочина од десет километри, на оддалеченост 62 километри од брегот на Тихиот Океан.

Засега нема информации за предизвикани штети.

The post Земјотрес со јачина 6,7 степени по Рихтер ја погоди Панама appeared first on Република.

]]>

Силен земјотрес со јачина од 6,7 степени по Рихтеровата скала изутринава го потресе западниот дел на Панама. Раздвижувањето на земјата е почувствувано во Херера, Бокас дел Торо, Верагуас и западна Панама, објави преку Твитер панамската Национална агенција за цивилна заштита. Американскиот геолошки институт соопшти дека епицдентарот на земјотресот бил на длабочина од десет километри, на оддалеченост 62 километри од брегот на Тихиот Океан. Засега нема информации за предизвикани штети.

The post Земјотрес со јачина 6,7 степени по Рихтер ја погоди Панама appeared first on Република.

]]>