паметни патишта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pametni-patishta/ За подобро да се разбереме Sun, 29 Jan 2023 18:33:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png паметни патишта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pametni-patishta/ 32 32 Италија ќе прави паметни автопатишта со дронови за прва помош и предупредување од опасности https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/italija-ke-pravi-pametni-avtopatishta-so-dronovi-za-prva-pomosh-i-predupreduvane-od-opasnosti/ Sun, 29 Jan 2023 20:07:54 +0000 https://republika.mk/?p=602361

Беспилотните автомобили и дронови го трансформираат светот во којшто живееме, а дизајнерите ги користат тие најнови технологии за да го направат транспортот побезбеден, побрз и поефикасен. Компанијата Carlo Ratti Associati ги здружи силите со агенцијата за автопатишта ANAS за да дизајнира нов паметен автопат (Smart Highway), каде што дронови ќе даваат прва помош и ќе предупредуваат на опасни услови на патот. Програмата Smart Highway може да биде имплементирана на повеќе од 2.500 километри патишта и автопатишта во Италија, пишува Inhabitat.

Новиот систем за инфраструктура се состои од низа столбови опремени со сензори и конекција со Wi-Fi. На врвот на секој столб се наоѓа станица за полнење на дроновите, од каде што полетуваат и слетуваат дроновите. Дроновите може да служат за повеќе цели – од одржување на патиштата до давање прва помош, детектирање несреќи, пожари и поплави.

Податоците кои ќе ги собираат столбовите можат да се користат за да се информираат возачите во реално време за условите на патот. Директни пораки може да се испраќаат до телефонот на секој возач посебно или до секој автомобил преку системот за навигација.

„Целта со овој проект ни е да наметнеме една дигитална надградба на постојната инфрастуктура на патна мрежа и да се собираат подобри информации за автопатиштата. Следниот чекор ќе биде да се извлечат тие податоци и заедно со информации од индивидуални автомобили и да се направи Интернет на патиштата. На овој начин подготвени ќе ги дочекаме револуционерните промени кои не очекуваат во наредната декада – беспилотните автомобили“ изјави Карло Рати, основачки партнер во Carlo Ratti Associati и професор на МИТ.

The post Италија ќе прави паметни автопатишта со дронови за прва помош и предупредување од опасности appeared first on Република.

]]>

Беспилотните автомобили и дронови го трансформираат светот во којшто живееме, а дизајнерите ги користат тие најнови технологии за да го направат транспортот побезбеден, побрз и поефикасен. Компанијата Carlo Ratti Associati ги здружи силите со агенцијата за автопатишта ANAS за да дизајнира нов паметен автопат (Smart Highway), каде што дронови ќе даваат прва помош и ќе предупредуваат на опасни услови на патот. Програмата Smart Highway може да биде имплементирана на повеќе од 2.500 километри патишта и автопатишта во Италија, пишува Inhabitat. Новиот систем за инфраструктура се состои од низа столбови опремени со сензори и конекција со Wi-Fi. На врвот на секој столб се наоѓа станица за полнење на дроновите, од каде што полетуваат и слетуваат дроновите. Дроновите може да служат за повеќе цели – од одржување на патиштата до давање прва помош, детектирање несреќи, пожари и поплави. Податоците кои ќе ги собираат столбовите можат да се користат за да се информираат возачите во реално време за условите на патот. Директни пораки може да се испраќаат до телефонот на секој возач посебно или до секој автомобил преку системот за навигација. „Целта со овој проект ни е да наметнеме една дигитална надградба на постојната инфрастуктура на патна мрежа и да се собираат подобри информации за автопатиштата. Следниот чекор ќе биде да се извлечат тие податоци и заедно со информации од индивидуални автомобили и да се направи Интернет на патиштата. На овој начин подготвени ќе ги дочекаме револуционерните промени кои не очекуваат во наредната декада – беспилотните автомобили“ изјави Карло Рати, основачки партнер во Carlo Ratti Associati и професор на МИТ.

The post Италија ќе прави паметни автопатишта со дронови за прва помош и предупредување од опасности appeared first on Република.

]]>