паметни граници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pametni-granitsi/ За подобро да се разбереме Fri, 12 May 2023 09:32:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png паметни граници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pametni-granitsi/ 32 32 Царинска управа: Се подобрува сообраќајниот пристап на граничниот премин Табановце – Прешево со цел забрзување на протокот на возила – иницијатива на Отворен Балкан https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tsarinska-uprava-se-podobruva-soobrakajniot-pristap-na-granichniot-premin-tabanovtse-preshevo-so-tsel-zabrzuvane-na-protokot-na-vozila-initsijativa-na-otvoren-balkan/ Fri, 12 May 2023 09:32:05 +0000 https://republika.mk/?p=640045

Започнуваат градежните инфраструктурни зафати на граничниот премин Табановце за проширување на пристапните сообраќајници од македонска страна што има за цел забрзување на протокот на возила и олеснување на трговијата. Активностите се во целосна координација со институциите од српска страна каде наскоро ќе започне сличен инфраструктурен зафат.

Планираните активности се во рамки на иницијативата Отворен Балкан и согласно потпишаниот Меморандум помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија, во кој се содржани мерките за забрзување на движењето на возила, луѓе и стоки преку заедничката државна граница.

Градежните зафати се очекува да завршат во првата половина од следниот месец, пред почетокот на туристичката сезона.

Исто така, во периодот што следи ќе започне да се применува и мерката за признавање на потврдите за вагање на товарните возила помеѓу Царинските управи на двете земји, со што ќе се намали времето за спроведување на царинските формалности.

Дополнително, Царинската управа работи и на воведување на концептот на т.н. паметни граници, што подразбира поставување нова опрема, односно нов систем за видео надзор и препознавање на регистарските таблички на возилата интегриран со читачи на кодови на документи, како и поставување на нови автоматизирани рампи и ваги.

Овие мерки ќе придонесат за забрзан проток на граничниот премин Табановце и намалување на трошоците на патниците и економските оператори, што ќе влијае позитивно на меѓународната трговска размена во регионот.

The post Царинска управа: Се подобрува сообраќајниот пристап на граничниот премин Табановце – Прешево со цел забрзување на протокот на возила – иницијатива на Отворен Балкан appeared first on Република.

]]>