пали колефски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pali-kolefski/ За подобро да се разбереме Tue, 23 May 2023 18:21:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пали колефски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pali-kolefski/ 32 32 Дали утре Бугарија ќе отвори бугарски клуб во Пустец https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dali-utre-bugarija-ke-otvori-bugarski-klub-vo-pustets/ Tue, 23 May 2023 18:21:56 +0000 https://republika.mk/?p=644078

По веста објавена на социјалните мрежи дека утре 24 мај – Денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј ќе се отвори бугарски културен центар во Пустец, од локалната власт на оваа општина, за МИА изјавија дека за такво нешто нема издадено дозвола.

-Нема дозвола од надлежните албански институции за отворање бугарски културен центар. Ова го прават со цел да им се даде публицитет. Повеќе од очигледно е дека е провокација кон Македонија, вели за МИА градоначалникот Пали Колефски.

Додава дека пред околу осум месеци момче од Пустец студент во Бугарија изнајмил под кирија простор во приватен објект.

Но, канцеларијата како што некој ја нарекува е под клуч. Барам да не им се дава внимание на овие провокации. Ние знаеме што сме, Македонци и тоа не може да го смени никој, а најмалку неколкумина кои за личен интерес си го продаваат најсветото-македонскиот идентитет, додава Колефски.

За оваа најава, за која разбравме од социјалните мрежи, посочува тој, запознаени се надлежните служби во округот Корча, каде територијално припаѓа општина Пустец.

Истиот став го дели и лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ Васил Стерјовски, како и претседателот на македонското друштво „Илинден” Никола Ѓурѓај, кои потсетуваат дека веќе подолг период „искажуваат загриженост од напорите на Бугарија за асимилација на Македонците не само во Мала Преспа туку и во Гора и Голо Брдо”.

Најава за отворање на бугарскиот културен центар во Пустец преку својот профил на Фејсбук објави бугарската Фондација Македонија, која најави присуство и на официјални лица, но и Колефски и Стерјовски не веруваат во тоа.

Деновиве албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши при престојот во Пустец јасно кажа дека без разлика на одредени странски влијанија, во Преспа живеат Македонци.

-Во Преспа живеат Македонци, со македонски јазик, идентитет, култура, традиции. Без разлика на некои странски влијанија за нас тука живеат Македонци. Тие се една заедница што е додадена вредност во мозаикот на културните, историските, етнографските и јазичните вредности на нашите простори, рече Пелеши.

The post Дали утре Бугарија ќе отвори бугарски клуб во Пустец appeared first on Република.

]]>

По веста објавена на социјалните мрежи дека утре 24 мај – Денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј ќе се отвори бугарски културен центар во Пустец, од локалната власт на оваа општина, за МИА изјавија дека за такво нешто нема издадено дозвола. -Нема дозвола од надлежните албански институции за отворање бугарски културен центар. Ова го прават со цел да им се даде публицитет. Повеќе од очигледно е дека е провокација кон Македонија, вели за МИА градоначалникот Пали Колефски.
Додава дека пред околу осум месеци момче од Пустец студент во Бугарија изнајмил под кирија простор во приватен објект.
Но, канцеларијата како што некој ја нарекува е под клуч. Барам да не им се дава внимание на овие провокации. Ние знаеме што сме, Македонци и тоа не може да го смени никој, а најмалку неколкумина кои за личен интерес си го продаваат најсветото-македонскиот идентитет, додава Колефски.
За оваа најава, за која разбравме од социјалните мрежи, посочува тој, запознаени се надлежните служби во округот Корча, каде територијално припаѓа општина Пустец. Истиот став го дели и лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ Васил Стерјовски, како и претседателот на македонското друштво „Илинден” Никола Ѓурѓај, кои потсетуваат дека веќе подолг период „искажуваат загриженост од напорите на Бугарија за асимилација на Македонците не само во Мала Преспа туку и во Гора и Голо Брдо”. Најава за отворање на бугарскиот културен центар во Пустец преку својот профил на Фејсбук објави бугарската Фондација Македонија, која најави присуство и на официјални лица, но и Колефски и Стерјовски не веруваат во тоа. Деновиве албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши при престојот во Пустец јасно кажа дека без разлика на одредени странски влијанија, во Преспа живеат Македонци. -Во Преспа живеат Македонци, со македонски јазик, идентитет, култура, традиции. Без разлика на некои странски влијанија за нас тука живеат Македонци. Тие се една заедница што е додадена вредност во мозаикот на културните, историските, етнографските и јазичните вредности на нашите простори, рече Пелеши.

The post Дали утре Бугарија ќе отвори бугарски клуб во Пустец appeared first on Република.

]]>
Колефски на изборен митинг во Корча вети трансформација на Пустец во важен туристички центар https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kolefski-na-izboren-miting-vo-korcha-veti-transformatsija-na-pustets-vo-vazhen-turistichki-tsentar/ Wed, 03 May 2023 06:40:40 +0000 https://republika.mk/?p=636234

На големиот изборен митинг на Социјалистичката партија,  што се одржа во Корча, актуелниот градоначалник на општина Пустец Пали Колефски, барајќи ја довербата за втор мандат вети трансформација на општината  во важен туристички центар.

- Со поддршка на заедницата, ја овозможуваме трансформацијата на општина Пустец и ќе ја претвориме во туристичка точка на округот Корча. Пустец е мала општина, но во овие четири години покажавме дека можеме да реализираме големи и неопходни проекти за нашата заедница. Благодарение на поддршката на Владата ја завршивме изградбата на водоводот и сега имаме непречено  24-часовно снабдување со вода за пиење. Извршивме реконструкција на гимназијата Пустец и изградивме  спортски терени на училиштето. Направивме реконструкција на музејската куќа на Стерјо Спасе. Го подобривме уличното осветлување во секое село, го асфалтиравме патот во село Пустец,  рече меѓу другото Колефски.

Исто така, нагласил дека „Општина Пустец е вклучена во стратешки проект од Фондот за развој за интервенција во инфраструктурата и туризмот“.

- Благодарение на ИПА-проектот што го спроведува Владата, ќе ја реализираме трансформацијата на општината  во важна туристичка точка. Ќе ја подобриме инфраструктурата и осветлувањето, како и санација на потокот во Горна Горица, додал  Колефски.

Заедно со Колефски биле претставени  и кандидатите за градоначалници на шесте општини од округот Корча.

На митингот се обратил и лидерот и актуелен премиер Еди Рама, кој повикал на масовна поддршка за кандидатите на партијата, меѓу нив и Колефски, кој е поддржан од македонската партија МАЕИ, за подобра иднина на целиот округ и неговите жители, ветувајќи продолжување на владината поддршка и за Пустец.

Рама меѓу другото додал дека опозициската двојка Бериша - Мета сака да ја земе Албанија како заложник, бидејќи „тие се борат за своите лични проблеми".

- ЕУ не ја отвора вратата за оние што САД ги прогласија за „нон грата (Сали Бериша) затоа тие не ја заслужуваат вашата поддршка. Со Социјалистичката партија само напред, никогаш назад, порачал Рама.

Силна поддршка за Колефски побарале во обраќањето и министерот за одбрана Нико Пелеши и министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка.

The post Колефски на изборен митинг во Корча вети трансформација на Пустец во важен туристички центар appeared first on Република.

]]>

На големиот изборен митинг на Социјалистичката партија,  што се одржа во Корча, актуелниот градоначалник на општина Пустец Пали Колефски, барајќи ја довербата за втор мандат вети трансформација на општината  во важен туристички центар. - Со поддршка на заедницата, ја овозможуваме трансформацијата на општина Пустец и ќе ја претвориме во туристичка точка на округот Корча. Пустец е мала општина, но во овие четири години покажавме дека можеме да реализираме големи и неопходни проекти за нашата заедница. Благодарение на поддршката на Владата ја завршивме изградбата на водоводот и сега имаме непречено  24-часовно снабдување со вода за пиење. Извршивме реконструкција на гимназијата Пустец и изградивме  спортски терени на училиштето. Направивме реконструкција на музејската куќа на Стерјо Спасе. Го подобривме уличното осветлување во секое село, го асфалтиравме патот во село Пустец,  рече меѓу другото Колефски. Исто така, нагласил дека „Општина Пустец е вклучена во стратешки проект од Фондот за развој за интервенција во инфраструктурата и туризмот“. - Благодарение на ИПА-проектот што го спроведува Владата, ќе ја реализираме трансформацијата на општината  во важна туристичка точка. Ќе ја подобриме инфраструктурата и осветлувањето, како и санација на потокот во Горна Горица, додал  Колефски. Заедно со Колефски биле претставени  и кандидатите за градоначалници на шесте општини од округот Корча. На митингот се обратил и лидерот и актуелен премиер Еди Рама, кој повикал на масовна поддршка за кандидатите на партијата, меѓу нив и Колефски, кој е поддржан од македонската партија МАЕИ, за подобра иднина на целиот округ и неговите жители, ветувајќи продолжување на владината поддршка и за Пустец. Рама меѓу другото додал дека опозициската двојка Бериша - Мета сака да ја земе Албанија како заложник, бидејќи „тие се борат за своите лични проблеми". - ЕУ не ја отвора вратата за оние што САД ги прогласија за „нон грата (Сали Бериша) затоа тие не ја заслужуваат вашата поддршка. Со Социјалистичката партија само напред, никогаш назад, порачал Рама. Силна поддршка за Колефски побарале во обраќањето и министерот за одбрана Нико Пелеши и министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка.

The post Колефски на изборен митинг во Корча вети трансформација на Пустец во важен туристички центар appeared first on Република.

]]>