Палевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/palevski/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Dec 2023 11:16:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Палевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/palevski/ 32 32 Лога: Процесот на екстрадиција на Палевски е во тек и сѐ е како што треба https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/loga-protsesot-na-ekstraditsija-na-palevski-e-vo-tek-i-s-e-kako-shto-treba/ Tue, 19 Dec 2023 11:12:54 +0000 https://republika.mk/?p=724516

По сите барања постапуваме веднаш и е одговорено. Процесот на екстрадиција е во тек и сѐ е како што треба, изјави министерот за правда Кренар Лога, во врска со екстрадицијата на првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски, кој е во притвор во Турција.

Во изјава за медиуми по завршувањето на денешниот настан по повод доделување изводи на лица кои не биле досега евидентирани во матичната книга на родените, министерот Лога информираше дека за екстрадицијата нема дополнителни нови информации од она што е досега објавено.

- Досега, освен тоа што е објавено од наша страна, нема дополнително нешто друго. Кога и да имаме благовремено ќе бидете известени, рече министерот.

Од Секторот за меѓународна правна помош во Министерството за правда, претходно на брифинг со медиумите, појаснија дека барањето за екстрадиција било изготвено истиот ден откако е добиено официјалното известување од МВР за апсењето на Палевски и дека вчера стигнало известување од Турција дека е примено. Појаснија дека постапката за екстрадиција во ваквите предмети трае неколку месеци, а исклучок се само случаите на скратена постапка кога лицето прифаќа да биде екстрадирано. Брифираа дека е мала можноста за Палевски да побара азил, бидејќи, како што велат од Секторот, барање за азил се поднесува веднаш откако ќе влезете во државата.

По две недели од истрагата за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, во случајот остануваат шестмина осомничени. Првоосомничениот за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ , Љупчо Палевски - Палчо, во моментов е во притвор во Турција и се чека на неговата екстрадиција.

За истите дела се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје. Во притвор се и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека помагал во грабнувањето со тоа што, како што соопштија своевремено надлежните, споделувал информации со останатите осомничени за движењето на неговата ќерка, и Стефан Димковски, возачот кој го возел од Србија до Турција првоосомничениот Палевски.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември

The post Лога: Процесот на екстрадиција на Палевски е во тек и сѐ е како што треба appeared first on Република.

]]>

По сите барања постапуваме веднаш и е одговорено. Процесот на екстрадиција е во тек и сѐ е како што треба, изјави министерот за правда Кренар Лога, во врска со екстрадицијата на првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски, кој е во притвор во Турција. Во изјава за медиуми по завршувањето на денешниот настан по повод доделување изводи на лица кои не биле досега евидентирани во матичната книга на родените, министерот Лога информираше дека за екстрадицијата нема дополнителни нови информации од она што е досега објавено.
- Досега, освен тоа што е објавено од наша страна, нема дополнително нешто друго. Кога и да имаме благовремено ќе бидете известени, рече министерот.
Од Секторот за меѓународна правна помош во Министерството за правда, претходно на брифинг со медиумите, појаснија дека барањето за екстрадиција било изготвено истиот ден откако е добиено официјалното известување од МВР за апсењето на Палевски и дека вчера стигнало известување од Турција дека е примено. Појаснија дека постапката за екстрадиција во ваквите предмети трае неколку месеци, а исклучок се само случаите на скратена постапка кога лицето прифаќа да биде екстрадирано. Брифираа дека е мала можноста за Палевски да побара азил, бидејќи, како што велат од Секторот, барање за азил се поднесува веднаш откако ќе влезете во државата. По две недели од истрагата за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, во случајот остануваат шестмина осомничени. Првоосомничениот за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ , Љупчо Палевски - Палчо, во моментов е во притвор во Турција и се чека на неговата екстрадиција. За истите дела се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје. Во притвор се и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека помагал во грабнувањето со тоа што, како што соопштија своевремено надлежните, споделувал информации со останатите осомничени за движењето на неговата ќерка, и Стефан Димковски, возачот кој го возел од Србија до Турција првоосомничениот Палевски. Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември

The post Лога: Процесот на екстрадиција на Палевски е во тек и сѐ е како што треба appeared first on Република.

]]>
Аврамовска-Мадиќ: Мошне скоро очекуваме одговор кога најбрзо би бил екстрадиран Палевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/avramovska-madik-moshne-skoro-ochekuvame-odgovor-koga-najbrzo-bi-bil-ekstradiran-palevski/ Wed, 13 Dec 2023 13:34:05 +0000 https://republika.mk/?p=722583

Министерството за правда ја отпочна постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски првоосмничениот за двојното убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски. Министерот го потпиша барањето и документите се доставени до Интерпол и надлежните органи во Турција, информираше денеска заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ, која присуствуваше на пленарната конференција на тема „Национална конвенција на Европската Унија: Темелни општествени вредности за европската иднина“. Посочи дека соработката со министерството за правда на Република Турција е одлична.

-Во релативно насјкоро време очекуваме да добиеме повратен одговор кога би било во најбзро време екстрадицијата. Затоа што напоменав дека Министерството за правда ќе направи напори, тоа да не биде на крајниот рок од 40 дена, туку што може во најскоро време, рече Аврамовска Мадиќ.

Прашана дали до нив има пристигнато информации за користење на жалби од страна на Палевски, со што би се пролонгирала екстрадицијата Аврамовска Мадиќ со одговор дека правото на одбрана на жалба го има секој осомничен и обвинет, но од страна на министерството за правда и македонските органи на прогон ќе се направи се, за, како што вели, Палевски да биде донесен во Република Македонија.

-Екстрадициониот притвор кој му е утврден и определен од страна на државата во којашто се наоѓа да биде донесен кај нас, а нашите органи, институции, обвинителството и судството во најбрз можен рок да постапат по предметите, бидејќи веќе видовме и од страна на Министерството за внатрешни работи и Обвинителството дека постојат доволен број на докази, да може овој предмет да биде завршен во најбрз можен рок, вели Аврамовска Мадиќ.

Што се однесува за тоа дали од страна на турските власти е побарана и дополнителна документација од македонското Министерството за правда, Аврамовска Мадиќ истакна дека двете министерства комуницираат постојано, секојдневно.

- Се она што се бара од Министерството за правда во најбрз можен рок се обезбедува од обвинителството, се преведува и се доставува преку системот со којшто се работи, вели Аврамовска Мадиќ.

Посочи дека има барања за документи, а како што вели можеби ќе има или нема да има. Но, забележа дека таа постапка е малку подолга.

-И не може да знаеме дали ќе биде доволна или ќе има потреба од уште. Меѓутоа нашето постапување од страна на Министерството за правда е во најбрз можен рок. Значи не чекаме постојано, службениците во Министерството за правда кои го работат тоа, постојано се во комуникација со Министерството за правда во Република Турција, рече Аврамовска Мадиќ.

The post Аврамовска-Мадиќ: Мошне скоро очекуваме одговор кога најбрзо би бил екстрадиран Палевски appeared first on Република.

Калајџиев: Поради реториката во јавноста, Палевски може да тврди дека не може да добие фер судење https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kalajdhiev-poradi-retorikata-vo-javnosta-palevski-mozhe-da-tvrdi-deka-ne-mozhe-da-dobie-fer-sudene/ Thu, 07 Dec 2023 13:49:16 +0000 https://republika.mk/?p=720777

Професорот по кривично право, Гордан Калајџиев, изјави дека првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски може лесно да тврди дека тука не може да добие фер судење поради реториката што се шири против него во јавноста, пропратена со термини како „монструм“, „психопат“, „свирепо убиство“.

Во изјава за медиуми пред панел-дискусија за корупција во високото образование, Калајџиев кажа дека нашата историја во однос на резултати за гаранција на фер судења, како што рече „не е најдобра“, а во однос на прашањето дали Палевски како лидер на политичка партија има право да побара политички азил, професорот одговори дека смета дека тој не е таков политички фактор.

- Во политичкиот дел може се да се употреби или злоупотреби. Имаме искуство со Груевски во Унгарија. На Груевски тогаш многу му помогна таа одлука на Даштевски дека тој не добил кривично судење од Антидискриминаторската комисија.Таа му беше кец на десетка, дека тој тука нема да добие фер судење. Објективно, Љупчо Палевски – Палчо не е таков политички фактор, ниту е постапката против него политички монтирана, барем тоа не се гледа на прво. Меѓутоа, тој тоа може да го тврди бидејќи тука го прогласуваат без да биде сослушан за сторител. И тој може да рече процесот е монтиран. И сега има некакви елементи и за тоа, појасни професорот.

Тој посочи дека е многу значајно професионално да се известува во јавноста, а, како што рече, „особено внимателни да бидат органите на прогон“.

- Они сега не може да флертуваат со јавноста па да плукаат по сторителите – монструми, вакви, такви, најстрого ќе ве казниме. Тие допрва ги чека судење. Ние живееме во 21 век. Секој има право прво да биде сослушан, никој не го сослушал него, вели професорот.

Во однос на постапката за екстрадација, професорот смета дека таа ќе потрае повеќе.

- На почеток мора да ги достави сите документи што се бараат од најважните за наредбата за истрага и соодветни докази, не мора сега тоа да биде којзнае како, таму нема да се докажува, да се процени само сериозноста за кој тип на дела се работи со оглед на тоа дека нема изречување за политички дела и слично, да се прикаже дека е практично обично свирепо кривично дело. Постапката, за жал, наспроти очекување на нашата јавност, најверојатно ќе потрае повеќе, смета професорот.

Барањето за екстрадација кое министерот го потпиша вчера доаѓа по апсењето на првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски кој беше уапсен во Турција. Меѓународната потерница по него беше издадена на 4 декември, а аспењето се случи утредента.

Палевски е осомничен за две кривични дела „грабнување“ и две убиства на свиреп начин. Во истрагата на Јавното обвинителство се опфатени уште четири лица, односно соизвршителите Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, кои ја признаа вината.

Во случајот, според истрагата, е вмешан и таткото но Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека споделувал информации со останатите осомничени за движењето на неговата ќерка, а за кого Обвинителството информираше дека ги негирал дејствијата.

The post Калајџиев: Поради реториката во јавноста, Палевски може да тврди дека не може да добие фер судење appeared first on Република.

]]>

Професорот по кривично право, Гордан Калајџиев, изјави дека првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски може лесно да тврди дека тука не може да добие фер судење поради реториката што се шири против него во јавноста, пропратена со термини како „монструм“, „психопат“, „свирепо убиство“. Во изјава за медиуми пред панел-дискусија за корупција во високото образование, Калајџиев кажа дека нашата историја во однос на резултати за гаранција на фер судења, како што рече „не е најдобра“, а во однос на прашањето дали Палевски како лидер на политичка партија има право да побара политички азил, професорот одговори дека смета дека тој не е таков политички фактор.
- Во политичкиот дел може се да се употреби или злоупотреби. Имаме искуство со Груевски во Унгарија. На Груевски тогаш многу му помогна таа одлука на Даштевски дека тој не добил кривично судење од Антидискриминаторската комисија.Таа му беше кец на десетка, дека тој тука нема да добие фер судење. Објективно, Љупчо Палевски – Палчо не е таков политички фактор, ниту е постапката против него политички монтирана, барем тоа не се гледа на прво. Меѓутоа, тој тоа може да го тврди бидејќи тука го прогласуваат без да биде сослушан за сторител. И тој може да рече процесот е монтиран. И сега има некакви елементи и за тоа, појасни професорот.
Тој посочи дека е многу значајно професионално да се известува во јавноста, а, како што рече, „особено внимателни да бидат органите на прогон“.
- Они сега не може да флертуваат со јавноста па да плукаат по сторителите – монструми, вакви, такви, најстрого ќе ве казниме. Тие допрва ги чека судење. Ние живееме во 21 век. Секој има право прво да биде сослушан, никој не го сослушал него, вели професорот.
Во однос на постапката за екстрадација, професорот смета дека таа ќе потрае повеќе.
- На почеток мора да ги достави сите документи што се бараат од најважните за наредбата за истрага и соодветни докази, не мора сега тоа да биде којзнае како, таму нема да се докажува, да се процени само сериозноста за кој тип на дела се работи со оглед на тоа дека нема изречување за политички дела и слично, да се прикаже дека е практично обично свирепо кривично дело. Постапката, за жал, наспроти очекување на нашата јавност, најверојатно ќе потрае повеќе, смета професорот.
Барањето за екстрадација кое министерот го потпиша вчера доаѓа по апсењето на првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски кој беше уапсен во Турција. Меѓународната потерница по него беше издадена на 4 декември, а аспењето се случи утредента. Палевски е осомничен за две кривични дела „грабнување“ и две убиства на свиреп начин. Во истрагата на Јавното обвинителство се опфатени уште четири лица, односно соизвршителите Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, кои ја признаа вината. Во случајот, според истрагата, е вмешан и таткото но Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека споделувал информации со останатите осомничени за движењето на неговата ќерка, а за кого Обвинителството информираше дека ги негирал дејствијата.

The post Калајџиев: Поради реториката во јавноста, Палевски може да тврди дека не може да добие фер судење appeared first on Република.

]]>
Митева: Извршителот на убиствата беседел на портали, целата јавност е запознаена со неговите криминално-рекетарски активности, а полицијата не знае ништо https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/miteva-izvrshitelot-na-ubistvata-besedel-na-portali-tselata-javnost-e-zapoznaena-so-negovite-kriminalno-reketarski-aktivnosti-a-politsijata-ne-znae-nishto/ Mon, 04 Dec 2023 11:39:47 +0000 https://republika.mk/?p=719384

Во време кога се случува ваква ситуации, кога во овој случај е вклучено лице кое што добро и е познато на јавноста дека било вклучено во рекетарски здруженија, криминални банди. И на истото ова лице му е овозможено преку портали и преку медиуми да има и да дава било какво мислење, а воедно полицијата и безбедносниот систем да нема никакви информации дека станува збор за ваков случај се додека не се случи двократно грозоморно убиство, за мене не е политиканство за мене е основно чувство за барање одговорност“, вели Марија Митева, портпарол и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во денешното гостување на Телевизија 24 во однос на убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот велешанец, Панче Жежовски.

Таа додаде дека е правник и дека добро знае што е предистрага, истрага и покренување на обвинение, но кога се работи за случај кој што е од огромен интерес на јавноста, како што е случајот со младата Вања, не можат службите со бледо соопштение во 21 часот во недела навечер да вознемирувате два милиони народ и да ве нема десет саати со никаква дополнителна информација.

„Ништо не се смени во тие 10 саати за истрагата која што тие ја направија за да кажат некои информации, се она што денеска го презентираа на јавноста и беше познато на јавноста преку шпекулации и кои што вие како новинари успеавте да ги добиете се со цел да придонесете за да се смири општеството и да дојдеме до некоја информација“, рече Митева во однос на денешната прес конференција за деталите околу трагичниот настан кој ја потреси целата македонска јавност.

The post Митева: Извршителот на убиствата беседел на портали, целата јавност е запознаена со неговите криминално-рекетарски активности, а полицијата не знае ништо appeared first on Република.