палестинска држава Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/palestinska-drzhava/ За подобро да се разбереме Fri, 10 May 2024 16:45:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png палестинска држава Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/palestinska-drzhava/ 32 32 Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shpanija-irska-i-slovenija-ke-ja-priznaat-palestina-na-21-maj/ Fri, 10 May 2024 17:06:42 +0000 https://republika.mk/?p=776881

Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави денеска шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.

Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.

Колку што знам да, бидејќи така ми кажа министерот (Хозе Мануел) Албарес, рече тој мислејќи на министерот за надворешни работи на Шпанија.

Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.

Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.

The post Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај appeared first on Република.

]]>

Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави денеска шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел. Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Колку што знам да, бидејќи така ми кажа министерот (Хозе Мануел) Албарес, рече тој мислејќи на министерот за надворешни работи на Шпанија.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.

The post Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај appeared first on Република.

]]>
Путин со порака до Абас: Палестинска држава во границите од 1967. е решение на палестинско-израерлскиот судир https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-so-poraka-do-abas-palestinska-drzhava-vo-granitsite-od-1967-e-reshenie-na-palestinsko-izraerlskiot-sudir/ Tue, 28 Nov 2023 13:47:09 +0000 https://republika.mk/?p=717234

Создавањето палестинска држава во границите од 1967 година е клучен услов за решавање на палестинско-израелскиот конфликт, изјави рускиот претседател Владимир Путин во пораката до палестинскиот лидер Махмуд Абас по повод Меѓународниот ден на солидарноста со палестинскиот народ, пренесоа руските медиуми.

„Сега, кога крвавиот конфликт им носи многу страдања на цивилите во Палестина, мислам дека е од особена важност да се потврди конзистентниот став на Русија во корист на остварувањето на легитимните права на вашиот народ да создаде своја, суверена држава во границите од 1967 година со главниот град во Источен Ерусалим. Токму тоа е клучниот услов за постигнување на сеопфатно, долгорочно и праведно палестинско-израелско решение на ситуацијата“, се наведува во пораката на Путин, која ја прочита заменик шефот на руската дипломатија Михаил Богданов на настан во палестинската амбасада во Русија.

Рускиот лидер истакна дека е сигурен оти заедничките напори можат да обезбедат понатамошен развој на „традиционално пријателските руско-палестински односи и заемно корисна соработка во различни сфери“.

Путин во пораката додава дека работата во оваа насока одговара на интересите на двете земји и е доследна на зајакнувањето на регионалната безбедност.

The post Путин со порака до Абас: Палестинска држава во границите од 1967. е решение на палестинско-израерлскиот судир appeared first on Република.

]]>

Создавањето палестинска држава во границите од 1967 година е клучен услов за решавање на палестинско-израелскиот конфликт, изјави рускиот претседател Владимир Путин во пораката до палестинскиот лидер Махмуд Абас по повод Меѓународниот ден на солидарноста со палестинскиот народ, пренесоа руските медиуми.
„Сега, кога крвавиот конфликт им носи многу страдања на цивилите во Палестина, мислам дека е од особена важност да се потврди конзистентниот став на Русија во корист на остварувањето на легитимните права на вашиот народ да создаде своја, суверена држава во границите од 1967 година со главниот град во Источен Ерусалим. Токму тоа е клучниот услов за постигнување на сеопфатно, долгорочно и праведно палестинско-израелско решение на ситуацијата“, се наведува во пораката на Путин, која ја прочита заменик шефот на руската дипломатија Михаил Богданов на настан во палестинската амбасада во Русија.
Рускиот лидер истакна дека е сигурен оти заедничките напори можат да обезбедат понатамошен развој на „традиционално пријателските руско-палестински односи и заемно корисна соработка во различни сфери“. Путин во пораката додава дека работата во оваа насока одговара на интересите на двете земји и е доследна на зајакнувањето на регионалната безбедност.

The post Путин со порака до Абас: Палестинска држава во границите од 1967. е решение на палестинско-израерлскиот судир appeared first on Република.

]]>
Лавров повика на создавање палестинска држава https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lavrov-povika-na-sozdavane-palestinska-drzhava/ Thu, 12 Oct 2023 07:56:24 +0000 https://republika.mk/?p=690373

Русија се надева дека по завршувањето на најтешката фаза на конфликтот, сите сериозно ќе ја сфатат обврската да ја исполнат одлуката на ОН за создавање палестинска држава.

Ова го изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на состанокот на министрите за надворешни работи на Заедницата на независни држави во Бишкек.

Многу се надеваме дека штом конфликтот ќе заврши, а се залагаме тоа да се случи веднаш, сите сериозно ќе ја сфатат обврската да ја спроведат одлуката на Советот за безбедност на Обединетите нации за формирање палестинска држава врз принципите одобрени од ОН, изјави Лавров.

Тој нагласи дека Израел и Палестинците треба да го почитуваат хуманитарното право и да се воздржат од неселективна употреба на сила.

Според него, министрите за надворешни работи на ЗНД разговарале за конфликтот меѓу Израел и Палестинците и сите едногласно се за прекин на огнот и преговори меѓу завојуваните страни.

Лавров додаде дека министрите за надворешни работи на членките на ЗНД би можеле да ја разгледаат можноста за договор за заедничка позиција за ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно на седницата на Руската енергетска недела оцени дека без решавање на фундаменталните политички прашања околу формирањето на палестинската држава не може да се регулира ситуацијата што доведе до ескалација на насилството

The post Лавров повика на создавање палестинска држава appeared first on Република.

]]>

Русија се надева дека по завршувањето на најтешката фаза на конфликтот, сите сериозно ќе ја сфатат обврската да ја исполнат одлуката на ОН за создавање палестинска држава. Ова го изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на состанокот на министрите за надворешни работи на Заедницата на независни држави во Бишкек.
Многу се надеваме дека штом конфликтот ќе заврши, а се залагаме тоа да се случи веднаш, сите сериозно ќе ја сфатат обврската да ја спроведат одлуката на Советот за безбедност на Обединетите нации за формирање палестинска држава врз принципите одобрени од ОН, изјави Лавров.
Тој нагласи дека Израел и Палестинците треба да го почитуваат хуманитарното право и да се воздржат од неселективна употреба на сила. Според него, министрите за надворешни работи на ЗНД разговарале за конфликтот меѓу Израел и Палестинците и сите едногласно се за прекин на огнот и преговори меѓу завојуваните страни. Лавров додаде дека министрите за надворешни работи на членките на ЗНД би можеле да ја разгледаат можноста за договор за заедничка позиција за ескалација на конфликтот на Блискиот Исток. Рускиот претседател Владимир Путин претходно на седницата на Руската енергетска недела оцени дека без решавање на фундаменталните политички прашања околу формирањето на палестинската држава не може да се регулира ситуацијата што доведе до ескалација на насилството

The post Лавров повика на создавање палестинска држава appeared first on Република.

]]>