Палестина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/palestina/ За подобро да се разбереме Wed, 13 Nov 2024 15:04:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Палестина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/palestina/ 32 32 Живее во Катар и близок е со Иран: Калил ал-Хаја најверојатно ќе стане следниот лидер на Хамас https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zhivee-vo-katar-i-blizok-e-so-iran-kalil-al-haja-najverojatno-ke-stane-sledniot-lider-na-hamas/ Wed, 13 Nov 2024 15:17:00 +0000 https://republika.mk/?p=836079

Според сите навестувања, Калил ал-Хаја ќе стане следниот лидер на Хамас, известува известувачот на „Кан 11“, Рој Кејс.

Од 24 август Ал-Хаја е на позицијата заменик-претседател на политбирото на Хамас. Тој живее во Катар и одржува блиски врски со Иран.

Во април 2024 година, Ал Хаја изјави дека Хамас е подготвен за прекин на огнот и откажување од вооружен конфликт доколку се создаде палестинска држава на границите во 1967 година.

По ликвидацијата на Синвар, пак, Халил ал-Хаја изјави:

Хамас оди напред кон создавање на палестинска држава на целата палестинска земја со главен град Ерусалим.

 

The post Живее во Катар и близок е со Иран: Калил ал-Хаја најверојатно ќе стане следниот лидер на Хамас appeared first on Република.

]]>

Според сите навестувања, Калил ал-Хаја ќе стане следниот лидер на Хамас, известува известувачот на „Кан 11“, Рој Кејс. Од 24 август Ал-Хаја е на позицијата заменик-претседател на политбирото на Хамас. Тој живее во Катар и одржува блиски врски со Иран. Во април 2024 година, Ал Хаја изјави дека Хамас е подготвен за прекин на огнот и откажување од вооружен конфликт доколку се создаде палестинска држава на границите во 1967 година. По ликвидацијата на Синвар, пак, Халил ал-Хаја изјави:
Хамас оди напред кон создавање на палестинска држава на целата палестинска земја со главен град Ерусалим.
 

The post Живее во Катар и близок е со Иран: Калил ал-Хаја најверојатно ќе стане следниот лидер на Хамас appeared first on Република.

]]>
Комесарот на ОН: Забраната на работата на УНРВА ќе ги лиши палестинските деца од образование и ќе ги радикализира https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/komesarot-na-on-zabranata-na-rabotata-na-unrva-ke-gi-lishi-palestinskite-detsa-od-obrazovanie-i-ke-gi-radikalizira/ Sun, 03 Nov 2024 16:48:29 +0000 https://republika.mk/?p=833803

Филип Лазарини, генералниот комесар на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), која им обезбедува засолниште, образование, медицински услуги, храна и вода на луѓето раселени во Палестина, предупреди дека забраната за работата на агенцијата во рамките на Израел и окупираниот Источен Ерусалим ќе ги лиши палестинските деца од образование во догледна иднина.

Во соопштението објавено на платформата Икс, Лазарини наведува дека лишувањето од образование ќе ги зголеми шансите децата да се радикализираат и да се навикнат да се приклучуваат на вооружени групи, а исто така ќе го зголеми нивото на сиромаштија.

Без УНРВА, судбината на милиони луѓе ќе виси на конец. Наместо да се фокусираме на забрана на УНРВА или изнаоѓање алтернативи, фокусот треба да биде на постигнување договор за ставање крај на конфликтот“, напиша Лазарини.

Поради војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, речиси сите жители на палестинската територија живеат во сиромаштија, а показателите за квалитетот на животот, како што се здравството и образованието, покажуваат дека тој се вратил 70 години наназад, соопшти во октомври Агенцијата за развој при ОН.

Од почетокот на војната во октомври минатата година, училиштата беа бомбардирани во израелски напади или претворени во засолништа за раселените луѓе, а околу 625.000 ученици во Газа не можат да присуствуваат на настава.

Лазарини рече дека до крајот на минатиот октомври УНРВА одржала предавања за повеќе од 300.000 деца, но дека тие сега се лишени од образование втора година по ред.

Палестинското Министерство за образование отвори виртуелни и отворени училишта на Западниот Брег за учениците во Газа, велејќи дека одлучило да обезбеди училишни часови секаде каде што е можно, дури и во шатори.

Минатата недела 92 израелски пратеници гласаа за забрана на активностите на УНРВА во Израел, а само десет беа против.

The post Комесарот на ОН: Забраната на работата на УНРВА ќе ги лиши палестинските деца од образование и ќе ги радикализира appeared first on Република.

]]>

Филип Лазарини, генералниот комесар на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), која им обезбедува засолниште, образование, медицински услуги, храна и вода на луѓето раселени во Палестина, предупреди дека забраната за работата на агенцијата во рамките на Израел и окупираниот Источен Ерусалим ќе ги лиши палестинските деца од образование во догледна иднина. Во соопштението објавено на платформата Икс, Лазарини наведува дека лишувањето од образование ќе ги зголеми шансите децата да се радикализираат и да се навикнат да се приклучуваат на вооружени групи, а исто така ќе го зголеми нивото на сиромаштија.
Без УНРВА, судбината на милиони луѓе ќе виси на конец. Наместо да се фокусираме на забрана на УНРВА или изнаоѓање алтернативи, фокусот треба да биде на постигнување договор за ставање крај на конфликтот“, напиша Лазарини.
Поради војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, речиси сите жители на палестинската територија живеат во сиромаштија, а показателите за квалитетот на животот, како што се здравството и образованието, покажуваат дека тој се вратил 70 години наназад, соопшти во октомври Агенцијата за развој при ОН. Од почетокот на војната во октомври минатата година, училиштата беа бомбардирани во израелски напади или претворени во засолништа за раселените луѓе, а околу 625.000 ученици во Газа не можат да присуствуваат на настава. Лазарини рече дека до крајот на минатиот октомври УНРВА одржала предавања за повеќе од 300.000 деца, но дека тие сега се лишени од образование втора година по ред. Палестинското Министерство за образование отвори виртуелни и отворени училишта на Западниот Брег за учениците во Газа, велејќи дека одлучило да обезбеди училишни часови секаде каде што е можно, дури и во шатори. Минатата недела 92 израелски пратеници гласаа за забрана на активностите на УНРВА во Израел, а само десет беа против.

The post Комесарот на ОН: Забраната на работата на УНРВА ќе ги лиши палестинските деца од образование и ќе ги радикализира appeared first on Република.

]]>
Палестински бегалци избегаа од Либан поради израелските напади https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/palestinski-begaltsi-izbegaa-od-liban-poradi-izraelskite-napadi/ Fri, 11 Oct 2024 16:30:40 +0000 https://republika.mk/?p=825641

Шефот на агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), Филип Лазарини денеска изјави дека мнозинството палестински бегалци кои живеат во кампови во јужен Либан или во близина на Бејрут избегале поради израелските напади.

Тој рече дека УНРВА продолжува да обезбедува услуги за најранливите Палестинци и оти оти тоа „бегство“ за жал е „дел од нивната историја“.

Израел ги засили своите напади врз позициите на Хезболах низ јужен Либан, издавајќи предупредувања за евакуација за повеќе од 100 градови во јужен Либан и населбите во близина на Бејрут.

Околу 1,2 милиони луѓе се раселени во Либан, а повеќе од 2.100 се убиени во изминатата година.

Хезболах почна да лансира ракети кон израелските воени позиции минатиот октомври во знак на солидарност со својот сојузник, палестинската терористичка група Хамас, која изврши терористички напад на Израел минатиот октомври.

The post Палестински бегалци избегаа од Либан поради израелските напади appeared first on Република.

]]>

Шефот на агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), Филип Лазарини денеска изјави дека мнозинството палестински бегалци кои живеат во кампови во јужен Либан или во близина на Бејрут избегале поради израелските напади. Тој рече дека УНРВА продолжува да обезбедува услуги за најранливите Палестинци и оти оти тоа „бегство“ за жал е „дел од нивната историја“. Израел ги засили своите напади врз позициите на Хезболах низ јужен Либан, издавајќи предупредувања за евакуација за повеќе од 100 градови во јужен Либан и населбите во близина на Бејрут. Околу 1,2 милиони луѓе се раселени во Либан, а повеќе од 2.100 се убиени во изминатата година. Хезболах почна да лансира ракети кон израелските воени позиции минатиот октомври во знак на солидарност со својот сојузник, палестинската терористичка група Хамас, која изврши терористички напад на Израел минатиот октомври.

The post Палестински бегалци избегаа од Либан поради израелските напади appeared first on Република.

]]>
Случај „Палестина“: Генералното Собрание при ОН има примарна надлежност кога се работи за членските права https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sluchaj-palestina-generalnoto-sobranie-pri-on-ima-primarna-nadlezhnost-koga-se-raboti-za-chlenskite-prava/ Fri, 13 Sep 2024 07:53:38 +0000 https://republika.mk/?p=815727

Палестина за првпат зазеде официјално место меѓу членките на ОН на отворањето на Генералното собрание, а меѓу мисијата на Шри Ланка и Судан седеа дипломати во име на Државата Палестина.

Палестинците досега седеа како набљудувачи на седниците на Генералното собрание на ОН и беа поставени зад дипломатите на земјите-членки.

Тоа е ново право што и се дава на делегацијата иако не се полноправен член на тоа тело.

Во мај, огромното мнозинство членови на Генералното собрание тврдеа дека Палестинците заслужуваат полноправно членство но беше блокирано од САД.

Генералното собрание потоа изгласа резолуција со која на оваа делегација и се даваат одредени нови права - но не и право да гласа или да биде член на Советот за безбедност. Палестинците сега можат да поднесат предлози и амандмани и да седат меѓу земјите-членки.

Игор Јанев, експерт по меѓународно право, во коментар за „Република“ вели дека ова може да се анализира и во контекст на членството на Македонија во ОН.

Поентата е дека Генералното Собрание на ОН има примарна надлежност кога се работи за членските права, а такви се името и знамето во ОН. Ако реши да бидеме ПЈРМ ќе бидеме но поверојатно е да го продолжиме членството под Република Македонија -анализира Јанев.

The post Случај „Палестина“: Генералното Собрание при ОН има примарна надлежност кога се работи за членските права appeared first on Република.

]]>

Палестина за првпат зазеде официјално место меѓу членките на ОН на отворањето на Генералното собрание, а меѓу мисијата на Шри Ланка и Судан седеа дипломати во име на Државата Палестина. Палестинците досега седеа како набљудувачи на седниците на Генералното собрание на ОН и беа поставени зад дипломатите на земјите-членки. Тоа е ново право што и се дава на делегацијата иако не се полноправен член на тоа тело. Во мај, огромното мнозинство членови на Генералното собрание тврдеа дека Палестинците заслужуваат полноправно членство но беше блокирано од САД. Генералното собрание потоа изгласа резолуција со која на оваа делегација и се даваат одредени нови права - но не и право да гласа или да биде член на Советот за безбедност. Палестинците сега можат да поднесат предлози и амандмани и да седат меѓу земјите-членки. Игор Јанев, експерт по меѓународно право, во коментар за „Република“ вели дека ова може да се анализира и во контекст на членството на Македонија во ОН.
Поентата е дека Генералното Собрание на ОН има примарна надлежност кога се работи за членските права, а такви се името и знамето во ОН. Ако реши да бидеме ПЈРМ ќе бидеме но поверојатно е да го продолжиме членството под Република Македонија -анализира Јанев.

The post Случај „Палестина“: Генералното Собрание при ОН има примарна надлежност кога се работи за членските права appeared first on Република.

]]>
Над 100 Палестинци убиени во израелски напад врз училиште во Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nad-100-palestintsi-ubieni-vo-izraelski-napad-vrz-uchilishte-vo-gaza/ Sat, 10 Aug 2024 09:14:06 +0000 https://republika.mk/?p=805127

Над 100 луѓе загинале во израелски напад врз училиште во градот Газа, објавија палестинските медиуми.

Бројот на загинатите сега е 100, има уште десетици ранети. Три израелски ракети го погодија училиштето во кое беа сместени раселени Палестинци“, изјави портпаролот на палестинската Агенција за цивилна одбрана, Махмуд Басал.

Израелската војска соопшти дека нападнала „командно-контролен центар“ на Хамас што бил во училиштето Ал-Табиин во населбата Дарај.

Палестинската воена група Исламски џихад соопшти дека нападот се случил „за време на утринска молитва“.

Исмаил Ал-Тавабта, генерален директор на владината канцеларија за медиуми во Газа, изјави дека „голем дел од повредените се во тешка и критична состојба“.

Во училиштето имало околу 250 жени и деца.

The post Над 100 Палестинци убиени во израелски напад врз училиште во Газа appeared first on Република.

]]>

Над 100 луѓе загинале во израелски напад врз училиште во градот Газа, објавија палестинските медиуми.
Бројот на загинатите сега е 100, има уште десетици ранети. Три израелски ракети го погодија училиштето во кое беа сместени раселени Палестинци“, изјави портпаролот на палестинската Агенција за цивилна одбрана, Махмуд Басал.
Израелската војска соопшти дека нападнала „командно-контролен центар“ на Хамас што бил во училиштето Ал-Табиин во населбата Дарај. Палестинската воена група Исламски џихад соопшти дека нападот се случил „за време на утринска молитва“. Исмаил Ал-Тавабта, генерален директор на владината канцеларија за медиуми во Газа, изјави дека „голем дел од повредените се во тешка и критична состојба“. Во училиштето имало околу 250 жени и деца.

The post Над 100 Палестинци убиени во израелски напад врз училиште во Газа appeared first on Република.

]]>
Ханије: Подготвени сме за сеопфатен договор, во согласност со планот на САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/hanije-podgotveni-sme-za-seopfaten-dogovor-vo-soglasnost-so-planot-na-sad/ Sun, 16 Jun 2024 11:27:46 +0000 https://republika.mk/?p=788116

Главниот лидер на палестинскиот Хамас, Исмаил Ханијe, денеска изјави дека одговорот на организацијата на последниот предлог за договор за прекин на огнот во Појасот Газа е во согласност со принципите наведени во планот на американскиот претседател Џозеф Бајден.

Хамас и палестинските групи се подготвени за сеопфатен договор кој бара прекин на огнот, повлекување од Појасот, обнова на уништеното и сеопфатен договор за размена, рече Ханије во говорот по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам, алудирајќи на размена на израелски заложници за палестински затвореници, пренесе Бета.

На 31 мај, Бајден го претстави, како што рече, израелскиот предлог во три фази, кој ќе вклучува преговори за траен прекин на огнот во Газа во замена за израелски заложници за палестински затвореници во израелските затвори во фази.

Египет и Катар, кои заедно со САД преговараат меѓу Хамас и Израел, на 11 јуни соопштија дека добиле одговор од палестинските организации за американскиот план, но не открија детали.

И иако Израел објави дека Хамас ги отфрлил клучните елементи на американскиот план, лидерот на Хамас изјави дека промените што организацијата ги бара не се значајни.

Бајден минатата недела рече дека не очекува во блиска иднина да се постигне договор за прекин на огнот и ослободување заложници, додавајќи дека Хамас мора да ја промени својата позиција за да биде поблиску до израелскиот предлог поддржан од САД.

Посредниците со месеци се обидуваат да посредуваат за прекин на огнот во конфликтот и ослободување на заложниците киднапирани во нападот на палестинските екстремисти предводени од Хамас на 7 октомври, што ја предизвика војната во Газа.

 

The post Ханије: Подготвени сме за сеопфатен договор, во согласност со планот на САД appeared first on Република.

]]>

Главниот лидер на палестинскиот Хамас, Исмаил Ханијe, денеска изјави дека одговорот на организацијата на последниот предлог за договор за прекин на огнот во Појасот Газа е во согласност со принципите наведени во планот на американскиот претседател Џозеф Бајден.
Хамас и палестинските групи се подготвени за сеопфатен договор кој бара прекин на огнот, повлекување од Појасот, обнова на уништеното и сеопфатен договор за размена, рече Ханије во говорот по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам, алудирајќи на размена на израелски заложници за палестински затвореници, пренесе Бета.
На 31 мај, Бајден го претстави, како што рече, израелскиот предлог во три фази, кој ќе вклучува преговори за траен прекин на огнот во Газа во замена за израелски заложници за палестински затвореници во израелските затвори во фази. Египет и Катар, кои заедно со САД преговараат меѓу Хамас и Израел, на 11 јуни соопштија дека добиле одговор од палестинските организации за американскиот план, но не открија детали. И иако Израел објави дека Хамас ги отфрлил клучните елементи на американскиот план, лидерот на Хамас изјави дека промените што организацијата ги бара не се значајни. Бајден минатата недела рече дека не очекува во блиска иднина да се постигне договор за прекин на огнот и ослободување заложници, додавајќи дека Хамас мора да ја промени својата позиција за да биде поблиску до израелскиот предлог поддржан од САД. Посредниците со месеци се обидуваат да посредуваат за прекин на огнот во конфликтот и ослободување на заложниците киднапирани во нападот на палестинските екстремисти предводени од Хамас на 7 октомври, што ја предизвика војната во Газа.  

The post Ханије: Подготвени сме за сеопфатен договор, во согласност со планот на САД appeared first on Република.

]]>
Словенија и Палестина воспоставија дипломатски односи https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/slovenija-i-palestina-vospostavija-diplomatski-odnosi/ Wed, 05 Jun 2024 19:49:24 +0000 https://republika.mk/?p=785083

Словенија и Палестина воспоставија дипломатски односи денеска, еден ден откако Словенија стана 147-та членка на ОН што ја призна Палестина, јави СТА.

На палестинскиот амбасадор Салах Абдел-Шафи му беше врачена нота за признавање.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас телефонски му се заблагодари на словенечкиот премиер Роберт Голоб. Двајцата се договорија следната недела да се сретнат во Јордан.

The post Словенија и Палестина воспоставија дипломатски односи appeared first on Република.

]]>

Словенија и Палестина воспоставија дипломатски односи денеска, еден ден откако Словенија стана 147-та членка на ОН што ја призна Палестина, јави СТА. На палестинскиот амбасадор Салах Абдел-Шафи му беше врачена нота за признавање. Палестинскиот претседател Махмуд Абас телефонски му се заблагодари на словенечкиот премиер Роберт Голоб. Двајцата се договорија следната недела да се сретнат во Јордан.

The post Словенија и Палестина воспоставија дипломатски односи appeared first on Република.

]]>
ОН ги повикуваат сите земји да ја признаат палестинската држава https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/on-gi-povikuvaat-site-zemji-da-ja-priznaat-palestinskata-drzhava/ Mon, 03 Jun 2024 11:52:09 +0000 https://republika.mk/?p=784379

Група експерти на Обединетите нации денеска ги повикаа сите земји да ја признаат палестинската држава за да се постигне мир на Блискиот Исток.

Повикот доаѓа една недела откако Шпанија, Ирска и Норвешка формално ја признаа палестинската држава, што го налути Израел.

Експертите, вклучително и специјалниот известувач на ОН за човекови права на палестинските територии, рекоа дека признавањето на палестинската државност е важно за правата на палестинскиот народ и неговите напори за слобода и независност.

Ова е предуслов за траен мир во Палестина и на целиот Блиски Исток и почнува со итно објавување на прекин на огнот во Газа и запирање на понатамошните воени упади во Рафа, нагласија тие.

Решението со две држави останува единствениот меѓународно усогласен пат кон мир и безбедност и за Палестина и за Израел и е излез од генерациските циклуси на насилство и гнев, додаваат експертите.

Шпанија, Ирска и Норвешка со своето признавање на палестинската држава сакаат да го забрзаат постигнувањето мир во Газа. Трите земји изразија надеж дека тоа ќе го забрза признавањето и од страна на другите западни земји. Данскиот парламент подоцна одби да го стори тоа, а Словенија ќе го разгледа утре. Израел се противи на признавањето на палестинска држава, тврдејќи дека тоа го зајакнува Хамас.

The post ОН ги повикуваат сите земји да ја признаат палестинската држава appeared first on Република.

]]>

Група експерти на Обединетите нации денеска ги повикаа сите земји да ја признаат палестинската држава за да се постигне мир на Блискиот Исток. Повикот доаѓа една недела откако Шпанија, Ирска и Норвешка формално ја признаа палестинската држава, што го налути Израел. Експертите, вклучително и специјалниот известувач на ОН за човекови права на палестинските територии, рекоа дека признавањето на палестинската државност е важно за правата на палестинскиот народ и неговите напори за слобода и независност. Ова е предуслов за траен мир во Палестина и на целиот Блиски Исток и почнува со итно објавување на прекин на огнот во Газа и запирање на понатамошните воени упади во Рафа, нагласија тие. Решението со две држави останува единствениот меѓународно усогласен пат кон мир и безбедност и за Палестина и за Израел и е излез од генерациските циклуси на насилство и гнев, додаваат експертите. Шпанија, Ирска и Норвешка со своето признавање на палестинската држава сакаат да го забрзаат постигнувањето мир во Газа. Трите земји изразија надеж дека тоа ќе го забрза признавањето и од страна на другите западни земји. Данскиот парламент подоцна одби да го стори тоа, а Словенија ќе го разгледа утре. Израел се противи на признавањето на палестинска држава, тврдејќи дека тоа го зајакнува Хамас.

The post ОН ги повикуваат сите земји да ја признаат палестинската држава appeared first on Република.

]]>
Словенија ќе ја признае палестинската држава https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/slovenija-ke-ja-priznae-palestinskata-drzhava/ Thu, 30 May 2024 10:36:49 +0000 https://republika.mk/?p=783129

Словенечкиот премиер, Роберт Голоб најави дека неговата земја денеска ќе ја признае палестинската држава.

Шпанија, Ирска и Норвешка го направија тоа во вторникот – се приклучија на групата од 140 земји кои ја признаа палестинската држава.

Словенечката влада денеска ќе го испрати предлогот за признавање до парламентот на одлука.

Поради грозоморните настани и масакрот во Рафа, словенечката влада одлучи да не чека до јули. В четврток ќе ја признаеме бидејќи сме згрозени од настаните во Рафа. Сакаме ова да биде јасна порака до целиот свет. Мора да направиме се што можеме за да најдеме трајно решение и мир на Блискиот Исток, рече Голоб.

The post Словенија ќе ја признае палестинската држава appeared first on Република.

]]>

Словенечкиот премиер, Роберт Голоб најави дека неговата земја денеска ќе ја признае палестинската држава. Шпанија, Ирска и Норвешка го направија тоа во вторникот – се приклучија на групата од 140 земји кои ја признаа палестинската држава. Словенечката влада денеска ќе го испрати предлогот за признавање до парламентот на одлука. Поради грозоморните настани и масакрот во Рафа, словенечката влада одлучи да не чека до јули. В четврток ќе ја признаеме бидејќи сме згрозени од настаните во Рафа. Сакаме ова да биде јасна порака до целиот свет. Мора да направиме се што можеме за да најдеме трајно решение и мир на Блискиот Исток, рече Голоб.

The post Словенија ќе ја признае палестинската држава appeared first on Република.

]]>
Данскиот парламент го отфрли предлогот за признавање на палестинска држава https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/danskiot-parlament-go-otfrli-predlogot-za-priznavane-na-palestinska-drzhava/ Tue, 28 May 2024 20:11:55 +0000 https://republika.mk/?p=782528

Данскиот парламент денеска го отфрли предлог-законот за признавање на палестинска држава, јавија британските медиуми.

Ирска, Шпанија и Норвешка денеска официјално ја признаа палестинската држава, откако минатата недела објавија дека ќе го сторат тоа, а Израел нивниот потег го нарече „награда за тероризмот“ и ги повлече своите амбасадори.

Данскиот предлог-закон беше поднесен во февруари од четири левичарски партии.

-Не можеме да признаеме независна палестинска држава и единствената причина е што предусловите за тоа навистина не постојат, рече данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен за време на првата дебата за предлогот во парламентот во април.

„Не можеме да ја поддржиме оваа резолуција, но посакуваме еден ден да можеме“, додаде тогаш Расмусен, кој не беше присутен на денешното гласање.

По нападот на Хамас на 7 октомври што ја предизвика израелската воена кампања во Газа, Данска соопшти дека Израел има право да се брани, но неодамна ја повика израелската страна да покаже воздржаност и рече дека мора да се придржува до меѓународното право.

Даблин, Мадрид и Осло ја претставија одлуката за признавање како чекор насочен кон забрзување на напорите за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во Газа и ги повикаа другите земји да го следат примерот.

Девет од вкупно 27 земји-членки на Европската унија ја признаваат државата Палестина. Осум од нив го сторија тоа пред да се приклучат на Унијата, дури и откако палестинскиот лидер Јасер Арафат ја прогласи Палестина за независна држава на 15 ноември 1988 година – Малта, Кипар, Чешка и Словачка (до 1993 година Чехословачка), Унгарија, Романија, Бугарија и Полска. По нив во 2014 година следеше Шведска, која стана првата земја што ја призна Палестина по пристапувањето во ЕУ.

The post Данскиот парламент го отфрли предлогот за признавање на палестинска држава appeared first on Република.

]]>

Данскиот парламент денеска го отфрли предлог-законот за признавање на палестинска држава, јавија британските медиуми. Ирска, Шпанија и Норвешка денеска официјално ја признаа палестинската држава, откако минатата недела објавија дека ќе го сторат тоа, а Израел нивниот потег го нарече „награда за тероризмот“ и ги повлече своите амбасадори. Данскиот предлог-закон беше поднесен во февруари од четири левичарски партии. -Не можеме да признаеме независна палестинска држава и единствената причина е што предусловите за тоа навистина не постојат, рече данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен за време на првата дебата за предлогот во парламентот во април. „Не можеме да ја поддржиме оваа резолуција, но посакуваме еден ден да можеме“, додаде тогаш Расмусен, кој не беше присутен на денешното гласање. По нападот на Хамас на 7 октомври што ја предизвика израелската воена кампања во Газа, Данска соопшти дека Израел има право да се брани, но неодамна ја повика израелската страна да покаже воздржаност и рече дека мора да се придржува до меѓународното право. Даблин, Мадрид и Осло ја претставија одлуката за признавање како чекор насочен кон забрзување на напорите за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во Газа и ги повикаа другите земји да го следат примерот. Девет од вкупно 27 земји-членки на Европската унија ја признаваат државата Палестина. Осум од нив го сторија тоа пред да се приклучат на Унијата, дури и откако палестинскиот лидер Јасер Арафат ја прогласи Палестина за независна држава на 15 ноември 1988 година – Малта, Кипар, Чешка и Словачка (до 1993 година Чехословачка), Унгарија, Романија, Бугарија и Полска. По нив во 2014 година следеше Шведска, која стана првата земја што ја призна Палестина по пристапувањето во ЕУ.

The post Данскиот парламент го отфрли предлогот за признавање на палестинска држава appeared first on Република.

]]>
Шпанија: Палестина и Косово не се исто https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shpanija-palestina-i-kosovo-ne-se-isto/ Tue, 28 May 2024 18:34:59 +0000 https://republika.mk/?p=782572

Министерството за надворешни работи на Шпанија денеска соопшти дека Косово и Палестина се различни случаи и затоа Шпанија не го менува ставот по прашањето за непризнавање на независноста на Косово, иако претходно денеска ја призна државата Палестина, јави дописникот на МИА од Белград.

- Ситуацијата во Палестина е поинаква. Признавањето на државата Палестина не влијае на територијалниот интегритет на Израел, бидејќи таа територија никогаш не била правен дел од државата Израел, истакна Елена Алјарила Кортезон, советник за медиуми во шпанското Министерство за надворешни работи.

Таа нагласи дека одлуката на Шпанија да ја признае државата Палестина е донесена во согласност со меѓународното право, принципите на Повелбата на Обединети нации и резолуциите на Советот за безбедност на ОН.

Шпанија е една од петте земји на ЕУ, заедно со Грција, Кипар, Словачка и Романија, која не ја признава независност на Косово.

Претходно денеска Шпанија, Ирска и Норвешка ја призна државата Палестина, која ги опфаќа Појасот Газа и Западниот Брег, обединети под палестинската национална управа, со источен Ерусалим како главен град.

The post Шпанија: Палестина и Косово не се исто appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи на Шпанија денеска соопшти дека Косово и Палестина се различни случаи и затоа Шпанија не го менува ставот по прашањето за непризнавање на независноста на Косово, иако претходно денеска ја призна државата Палестина, јави дописникот на МИА од Белград. - Ситуацијата во Палестина е поинаква. Признавањето на државата Палестина не влијае на територијалниот интегритет на Израел, бидејќи таа територија никогаш не била правен дел од државата Израел, истакна Елена Алјарила Кортезон, советник за медиуми во шпанското Министерство за надворешни работи. Таа нагласи дека одлуката на Шпанија да ја признае државата Палестина е донесена во согласност со меѓународното право, принципите на Повелбата на Обединети нации и резолуциите на Советот за безбедност на ОН. Шпанија е една од петте земји на ЕУ, заедно со Грција, Кипар, Словачка и Романија, која не ја признава независност на Косово. Претходно денеска Шпанија, Ирска и Норвешка ја призна државата Палестина, која ги опфаќа Појасот Газа и Западниот Брег, обединети под палестинската национална управа, со источен Ерусалим како главен град.

The post Шпанија: Палестина и Косово не се исто appeared first on Република.

]]>
И Ирска денеска ја призна Палестина, по Шпанија и Норвешка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/i-irska-deneska-ja-prizna-palestina-po-shpanija-i-norveshka/ Tue, 28 May 2024 12:35:40 +0000 https://republika.mk/?p=782441

Ирска денеска официјално ја призна државата Палестина, откако одлуката беше усвоена од парламентот на оваа островска земја.

Владата ја признава Палестина како суверена и независна држава и се согласи да воспостави целосни дипломатски односи меѓу Даблин и Рамала. Ирскиот амбасадор во државата Палестина ќе биде назначен заедно со останатите вработени во ирската амбасада во Рамала, соопшти ирската Влада, пренесе Ал Џезира.

Шпанскиот премиер Педро Санчез претходно денеска објави дека Шпанија ја признала палестинската држава која ги вклучува Појасот Газа и Западниот Брег, обединети под палестинската национална управа, со главен град источен Ерусалим.

Санчез во телевизиско обраќање рече дека Шпанија нема да признае никакви промени на палестинските граници по 1967 година, освен ако сите страни не постигнат договор за тоа.

Заедно со Ирска и Шпанија, Палестина денеска ја призна и Норвешка.

Норвешка е еден од најверните бранители на палестинската држава повеќе од 30 години, рече норвешкиот министер за надворешни работи Еспен Барт Еиде по стапувањето на сила на признавањето на државата

The post И Ирска денеска ја призна Палестина, по Шпанија и Норвешка appeared first on Република.

]]>

Ирска денеска официјално ја призна државата Палестина, откако одлуката беше усвоена од парламентот на оваа островска земја. Владата ја признава Палестина како суверена и независна држава и се согласи да воспостави целосни дипломатски односи меѓу Даблин и Рамала. Ирскиот амбасадор во државата Палестина ќе биде назначен заедно со останатите вработени во ирската амбасада во Рамала, соопшти ирската Влада, пренесе Ал Џезира. Шпанскиот премиер Педро Санчез претходно денеска објави дека Шпанија ја признала палестинската држава која ги вклучува Појасот Газа и Западниот Брег, обединети под палестинската национална управа, со главен град источен Ерусалим. Санчез во телевизиско обраќање рече дека Шпанија нема да признае никакви промени на палестинските граници по 1967 година, освен ако сите страни не постигнат договор за тоа. Заедно со Ирска и Шпанија, Палестина денеска ја призна и Норвешка. Норвешка е еден од најверните бранители на палестинската држава повеќе од 30 години, рече норвешкиот министер за надворешни работи Еспен Барт Еиде по стапувањето на сила на признавањето на државата

The post И Ирска денеска ја призна Палестина, по Шпанија и Норвешка appeared first on Република.

]]>
И таму ли ќе бара преспански договор? Лидерот на СИРИЗА во посета на Палестина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/i-tamu-li-ke-bara-prespanski-dogovor-liderot-na-siriza-vo-poseta-na-palestina/ Sun, 26 May 2024 10:21:41 +0000 https://republika.mk/?p=781788

Лидерот на грчката опозициска СИРИЗА Стефанос Каселакис денеска и утре ќе биде во Палестина, а како што соопштија од партијата, ќе ги посети Ерусалим, Витлеем и Рамала, каде, меѓу другото, ќе оствари средби со членовите на Владата на палестинската управа, со претставници на Палестинска ослободителна организација, како и со патријархот Теофил Трети, јави дописничката на МИА од Атина.

Каселакис ќе биде придружуван од секретарката на СИРИЗА, надлежниот за одбрана и надворешни работи, како и дипломатскиот советник.

Секретарката на СИРИЗА Рања Свигу утрово на Фејсбук напиша дека „наскоро започнува историско патување“ и истакна дека во Палестина ќе ја пренесат пораката „за солидарност и поддршка до палестинскиот народ во име на СИРИЗА и грчкиот народ, за да запре хуманитарната трагедија, да се ослободат заложниците, да има прекин на огнот, за да победат мирот и правдата

The post И таму ли ќе бара преспански договор? Лидерот на СИРИЗА во посета на Палестина appeared first on Република.

]]>

Лидерот на грчката опозициска СИРИЗА Стефанос Каселакис денеска и утре ќе биде во Палестина, а како што соопштија од партијата, ќе ги посети Ерусалим, Витлеем и Рамала, каде, меѓу другото, ќе оствари средби со членовите на Владата на палестинската управа, со претставници на Палестинска ослободителна организација, како и со патријархот Теофил Трети, јави дописничката на МИА од Атина. Каселакис ќе биде придружуван од секретарката на СИРИЗА, надлежниот за одбрана и надворешни работи, како и дипломатскиот советник. Секретарката на СИРИЗА Рања Свигу утрово на Фејсбук напиша дека „наскоро започнува историско патување“ и истакна дека во Палестина ќе ја пренесат пораката „за солидарност и поддршка до палестинскиот народ во име на СИРИЗА и грчкиот народ, за да запре хуманитарната трагедија, да се ослободат заложниците, да има прекин на огнот, за да победат мирот и правдата

The post И таму ли ќе бара преспански договор? Лидерот на СИРИЗА во посета на Палестина appeared first on Република.

]]>
Косово и се лути на Шпанија што ја прзизнава Палестина а не и косовската независност https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kosovo-i-se-luti-na-shpanija-shto-ja-prziznava-palestina-a-ne-i-kosovskata-nezavisnost/ Sat, 25 May 2024 19:14:55 +0000 https://republika.mk/?p=781712

Поранешниот министер за надворешни работи на Косово, Енвер Хоџај го нарече „демократско лицемерие“ признавањето на Палестинската држава од страна на Шпанија надвор од Договорот од Осло, додека воедно одбива да ја признае независноста на Косово, наведувајќи го како причина процесот на косовско-српскиот дијалог со посредство на Брисел, јави дописникот на МИА Приштина.

Заменик-претседателот на Собранието од редовите на опозициската Демократска партија на Косово, Хоџај, преку напис на социјалната мрежа „Х“, поранешен Твитер, порача дека на Шпанија и на другите европски земји не им им служи на чест „да бидат во ист брод со Русија кога е во прашање Косово“.

„Шпанија сè уште одбива да ја признае најмладата европска држава, Косово, повикувајќи се на процесот на дијалог во Брисел, но сепак ја признава Палестина, надвор од Договорот од Осло. Не им служи воопшто на чест на Шпанија и на другите европски земји да бидат во ист брод со Русија кога е во прашање Косово. Дипломатско лицемерие?“, напиша Хоџај.

The post Косово и се лути на Шпанија што ја прзизнава Палестина а не и косовската независност appeared first on Република.

]]>

Поранешниот министер за надворешни работи на Косово, Енвер Хоџај го нарече „демократско лицемерие“ признавањето на Палестинската држава од страна на Шпанија надвор од Договорот од Осло, додека воедно одбива да ја признае независноста на Косово, наведувајќи го како причина процесот на косовско-српскиот дијалог со посредство на Брисел, јави дописникот на МИА Приштина. Заменик-претседателот на Собранието од редовите на опозициската Демократска партија на Косово, Хоџај, преку напис на социјалната мрежа „Х“, поранешен Твитер, порача дека на Шпанија и на другите европски земји не им им служи на чест „да бидат во ист брод со Русија кога е во прашање Косово“.
„Шпанија сè уште одбива да ја признае најмладата европска држава, Косово, повикувајќи се на процесот на дијалог во Брисел, но сепак ја признава Палестина, надвор од Договорот од Осло. Не им служи воопшто на чест на Шпанија и на другите европски земји да бидат во ист брод со Русија кога е во прашање Косово. Дипломатско лицемерие?“, напиша Хоџај.

The post Косово и се лути на Шпанија што ја прзизнава Палестина а не и косовската независност appeared first on Република.

]]>
Норвешка ја призна Палестина, следат Шпанија и Ирска https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/norveshka-ja-prizna-palestina-sledat-shpanija-i-irska/ Wed, 22 May 2024 17:01:57 +0000 https://republika.mk/?p=780727

Норвешка ќе го признае постоењето на палестинска држава од 28 мај, соопшти денеска норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе и покрај предупредувањата од израелската влада.

Ние веруваме дека решението со две држави е во најдобар интерес на Израел, рече норвешкиот премиер на специјално свикана прес-конференција.

Тој додаде дека целта е „да се оствари палестинска држава која е политички кохезивна и која произлегува од палестинската самоуправа“.

Се очекува и други европски земји денеска да преземат слична иницијатива.

Ирска и Шпанија денеска и се придружија на Норвешка и соопштија дека „ќе ја признаат државата Палестина“.

Денеска Ирска, Норвешка и Шпанија соопштуваат дека ја признаваат државата Палестина, рече ирскиот премиер Сајмон Харис, поздравувајќи го „историски важен ден за Ирска и Палестина“.

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека Шпанија ќе ја признае палестинската држава на 28 мај.

Следниот вторник, на 28 мај, Шпанија ќе го усвои признавањето на палестинската држава во Советот на министри, рече Санчез пред шпанските парламентарци.

Тој го обвини израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека го загрозува решението за две држави со неговата политика на „болка и уништување“ во Појасот Газа.

The post Норвешка ја призна Палестина, следат Шпанија и Ирска appeared first on Република.

]]>

Норвешка ќе го признае постоењето на палестинска држава од 28 мај, соопшти денеска норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе и покрај предупредувањата од израелската влада.
Ние веруваме дека решението со две држави е во најдобар интерес на Израел, рече норвешкиот премиер на специјално свикана прес-конференција.
Тој додаде дека целта е „да се оствари палестинска држава која е политички кохезивна и која произлегува од палестинската самоуправа“. Се очекува и други европски земји денеска да преземат слична иницијатива. Ирска и Шпанија денеска и се придружија на Норвешка и соопштија дека „ќе ја признаат државата Палестина“.
Денеска Ирска, Норвешка и Шпанија соопштуваат дека ја признаваат државата Палестина, рече ирскиот премиер Сајмон Харис, поздравувајќи го „историски важен ден за Ирска и Палестина“.
Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека Шпанија ќе ја признае палестинската држава на 28 мај.
Следниот вторник, на 28 мај, Шпанија ќе го усвои признавањето на палестинската држава во Советот на министри, рече Санчез пред шпанските парламентарци.
Тој го обвини израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека го загрозува решението за две држави со неговата политика на „болка и уништување“ во Појасот Газа.

The post Норвешка ја призна Палестина, следат Шпанија и Ирска appeared first on Република.

]]>
За палестинските власти гласањето во ОН покажува дека заслужуваат полноправно членство https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/za-palestinskite-vlasti-glasaneto-vo-on-pokazhuva-deka-zasluzhuvaat-polnopravno-chlenstvo/ Fri, 10 May 2024 18:58:12 +0000 https://republika.mk/?p=776903

Палестинското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека гласањето на Генералното собрание на ОН за давање дополнителни права на Палестинците во светската организација покажало дека тие заслужуваат „полноправно членство“.

Гласањето „потврдува дека Палестина ги исполнува сите барања пропишани во Повелбата на Обединетите нации... Така таа заслужува, и е квалификувана да добие полноправно членство во Обединетите нации“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Палестинската управа

The post За палестинските власти гласањето во ОН покажува дека заслужуваат полноправно членство appeared first on Република.

]]>

Палестинското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека гласањето на Генералното собрание на ОН за давање дополнителни права на Палестинците во светската организација покажало дека тие заслужуваат „полноправно членство“. Гласањето „потврдува дека Палестина ги исполнува сите барања пропишани во Повелбата на Обединетите нации... Така таа заслужува, и е квалификувана да добие полноправно членство во Обединетите нации“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Палестинската управа

The post За палестинските власти гласањето во ОН покажува дека заслужуваат полноправно членство appeared first on Република.

]]>
Усвоена Резолуција за членството на Палестина во ОН: Македонија меѓу воздржаните на гласањето https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/usvoena-rezolutsija-za-chlenstvoto-na-palestina-vo-on-makedonija-megu-vozdrzhanite-na-glasaneto/ Fri, 10 May 2024 17:55:30 +0000 https://republika.mk/?p=776892

Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои резолуцијата со која се повикува Советот за безбедност на ОН да го разгледа членството на Палестина во ОН. Резолуцијата беше усвоена денеска со 143 гласа „за“, 9 гласа „против“ и 25 воздржани. Од земјиоте од регионот, Босна и Херцеговина, Словенија, Србија и Црна Гора гласаа за резолуцијата, додека Албанија, Хрватска и Македонија беа воздржани.

Инаку, 15 земји од ЕУ гласаа за резолуцијата за членство на Палестина во ОН, ротив тоа беа две земји од ЕУ – Унгарија и Чешка.

Резолуцијата го повикува Советот за безбедност „ повторно поволно да ја преиспита работата“ и се нагласува на палестинската управа да и се додели членство во ОН, со оценка дека „палестинската управа е квалификувана за членство во Обединетите нации“.

Пред почетокот на сесијата на Генералното собрание на ОН, мисијата на САД во ОН посочи дека САД повторно ќе стават вето ако резолуцијата биде усвоена и барањето за членство испратено до Советот за безбедност.

Американската мисија соопшти дека палестинската управа не ги исполнува критериумите за членство во ОН и дека резолуцијата не ја решава загриженоста што претходно беше покрената за членството на Палестина во ОН.

Во април, палестинските власти повторно ја започнаа својата кандидатура за членство, а подоцна истиот месец САД ставија вето на обидот на Палестинците да постигнат статус на членство. На гласањето во Советот за безбедност 12 членови беа „за“и еден „против“, со американско вето. Израел го пофали американското вето, нарекувајќи ја палестинската понуда „срамен предлог“, додека претседателството на палестинската управа го нарече ветото „нечесно, неморално и неоправдано“.

Во септември 2011 година, палестинската управа не успеа да добие признание од ОН како независна земја-членка. Една година подоцна, ОН одлучија дека статусот на палестинската управа од „набљудувач нечлен“ ќе се промени во „држава набљудувач нечленка“, слично како Ватикан.

The post Усвоена Резолуција за членството на Палестина во ОН: Македонија меѓу воздржаните на гласањето appeared first on Република.

]]>

Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои резолуцијата со која се повикува Советот за безбедност на ОН да го разгледа членството на Палестина во ОН. Резолуцијата беше усвоена денеска со 143 гласа „за“, 9 гласа „против“ и 25 воздржани. Од земјиоте од регионот, Босна и Херцеговина, Словенија, Србија и Црна Гора гласаа за резолуцијата, додека Албанија, Хрватска и Македонија беа воздржани. Инаку, 15 земји од ЕУ гласаа за резолуцијата за членство на Палестина во ОН, ротив тоа беа две земји од ЕУ – Унгарија и Чешка. Резолуцијата го повикува Советот за безбедност „ повторно поволно да ја преиспита работата“ и се нагласува на палестинската управа да и се додели членство во ОН, со оценка дека „палестинската управа е квалификувана за членство во Обединетите нации“. Пред почетокот на сесијата на Генералното собрание на ОН, мисијата на САД во ОН посочи дека САД повторно ќе стават вето ако резолуцијата биде усвоена и барањето за членство испратено до Советот за безбедност. Американската мисија соопшти дека палестинската управа не ги исполнува критериумите за членство во ОН и дека резолуцијата не ја решава загриженоста што претходно беше покрената за членството на Палестина во ОН. Во април, палестинските власти повторно ја започнаа својата кандидатура за членство, а подоцна истиот месец САД ставија вето на обидот на Палестинците да постигнат статус на членство. На гласањето во Советот за безбедност 12 членови беа „за“и еден „против“, со американско вето. Израел го пофали американското вето, нарекувајќи ја палестинската понуда „срамен предлог“, додека претседателството на палестинската управа го нарече ветото „нечесно, неморално и неоправдано“. Во септември 2011 година, палестинската управа не успеа да добие признание од ОН како независна земја-членка. Една година подоцна, ОН одлучија дека статусот на палестинската управа од „набљудувач нечлен“ ќе се промени во „држава набљудувач нечленка“, слично како Ватикан.

The post Усвоена Резолуција за членството на Палестина во ОН: Македонија меѓу воздржаните на гласањето appeared first on Република.

]]>
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shpanija-irska-i-slovenija-ke-ja-priznaat-palestina-na-21-maj/ Fri, 10 May 2024 17:06:42 +0000 https://republika.mk/?p=776881

Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави денеска шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.

Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.

Колку што знам да, бидејќи така ми кажа министерот (Хозе Мануел) Албарес, рече тој мислејќи на министерот за надворешни работи на Шпанија.

Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.

Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.

The post Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај appeared first on Република.

]]>

Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави денеска шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел. Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Колку што знам да, бидејќи така ми кажа министерот (Хозе Мануел) Албарес, рече тој мислејќи на министерот за надворешни работи на Шпанија.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.

The post Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај appeared first on Република.

]]>
Додека Израелката пееше на Евросонг публиката извикуваше „слобода за Палестина“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/dodeka-izraelkata-peeshe-na-evrosong-publikata-izvikuvashe-sloboda-za-palestina/ Fri, 10 May 2024 07:45:38 +0000 https://republika.mk/?p=776601

Претставникот на Израел, Еден Голан (20) настапи под реден број 17 во втората полуфинална вечер на Евровизија со песната „Ураган“.

Додека Еден пееше, публиката во Малме почна гласно да скандира „Слободна Палестина“ и  да свиркаат.

И покрај тоа, полуфиналето помина без инциденти, а пејачкатадоби громогласен аплауз.

The post Додека Израелката пееше на Евросонг публиката извикуваше „слобода за Палестина“ appeared first on Република.

]]>

Претставникот на Израел, Еден Голан (20) настапи под реден број 17 во втората полуфинална вечер на Евровизија со песната „Ураган“. Додека Еден пееше, публиката во Малме почна гласно да скандира „Слободна Палестина“ и  да свиркаат. И покрај тоа, полуфиналето помина без инциденти, а пејачкатадоби громогласен аплауз.

The post Додека Израелката пееше на Евросонг публиката извикуваше „слобода за Палестина“ appeared first on Република.

]]>
Универзитетот Колумбија почна да ги брка од настава студентите кои протестираат за правата на Палестинците во Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/univerzitetot-kolumbija-pochna-da-gi-brka-od-nastava-studentite-koi-protestiraat-za-pravata-na-palestintsite-vo-gaza/ Tue, 30 Apr 2024 20:05:23 +0000 https://republika.mk/?p=772768

Универзитетот Колумбија почна да брка од настава пропалестински активисти кои одбиле да ги соберат шаторите во поставениот камп на територијата на кампусот во Њујорк.

Универзитетот, кој e дел од престижната „Бршленова лига“ (Ivy league), објави неуспех на преговорите за запирање на протестните акции кои траат веќе со недели.

Претседателката на високообразовната институција, Миноуш Шафик, изјави дека неколкудневните преговори меѓу студентските организитори и академското раководство не ги убедило студентите да ги соберат десетиците шатори поставени како протестна акција поради војната на Израел во Газа.

Во писмо вчера, од таму испратија предупредување до демонстрантите со барање до 14 часот по локално време да потпишат формулар со ветување дека ќе ги почитуваат правилата на универзитетот. Во спротивен случај тие ќе бидат избркани од настава и нема да можат да го завршат семестарот.

Кампот создаде неповолна атмосфера за нашите еврејски студенти и предавачи, а вревата смета на предавањата, обуката и подготовката за испити, изјави на брифинг прес секретарот на универзитет Бен Чан.

Овој универзитет, кој стана еден од центрите на протестите што се почесто се случуваат на американските кампуси ширум САД, а поврзано со настаните во Газа, презеде жестоки мерки против активистите.

Во меѓувреме, полицијата на Универзитетот Тексас уапси десетици студенти кои беа на пропалестинки митинг при што против нив употреби и солзавец.

The post Универзитетот Колумбија почна да ги брка од настава студентите кои протестираат за правата на Палестинците во Газа appeared first on Република.

]]>

Универзитетот Колумбија почна да брка од настава пропалестински активисти кои одбиле да ги соберат шаторите во поставениот камп на територијата на кампусот во Њујорк. Универзитетот, кој e дел од престижната „Бршленова лига“ (Ivy league), објави неуспех на преговорите за запирање на протестните акции кои траат веќе со недели. Претседателката на високообразовната институција, Миноуш Шафик, изјави дека неколкудневните преговори меѓу студентските организитори и академското раководство не ги убедило студентите да ги соберат десетиците шатори поставени како протестна акција поради војната на Израел во Газа. Во писмо вчера, од таму испратија предупредување до демонстрантите со барање до 14 часот по локално време да потпишат формулар со ветување дека ќе ги почитуваат правилата на универзитетот. Во спротивен случај тие ќе бидат избркани од настава и нема да можат да го завршат семестарот.
Кампот создаде неповолна атмосфера за нашите еврејски студенти и предавачи, а вревата смета на предавањата, обуката и подготовката за испити, изјави на брифинг прес секретарот на универзитет Бен Чан.
Овој универзитет, кој стана еден од центрите на протестите што се почесто се случуваат на американските кампуси ширум САД, а поврзано со настаните во Газа, презеде жестоки мерки против активистите. Во меѓувреме, полицијата на Универзитетот Тексас уапси десетици студенти кои беа на пропалестинки митинг при што против нив употреби и солзавец.

The post Универзитетот Колумбија почна да ги брка од настава студентите кои протестираат за правата на Палестинците во Газа appeared first on Република.

]]>