Палчо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/palcho/ За подобро да се разбереме Sat, 19 Oct 2024 08:39:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Палчо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/palcho/ 32 32 Имам едно интересно возило, да го проверите, им рекол на полицајците таткото на Вања кој го предочил возилото на Панче, сведочеше началник во СВР Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/imam-edno-interesno-vozilo-da-go-proverite-im-rekol-na-politsajtsite-tatkoto-na-vana-koj-go-predochil-voziloto-na-panche-svedocheshe-nachalnik-vo-svr-skopje/ Fri, 18 Oct 2024 09:57:38 +0000 https://republika.mk/?p=828384

Двете истраги одеа паралелно. Цело време од Александар бевме брифирани, види ова, она. На 1 декември дури ми се јави, ми вика „имам едно возило интересно, да го проверите“. Тоа беа слики од камери кои ние веќе ги имавме, но го посочи како сомнително. Колегите го проверија, немаше ништо посебно, но се јавија во „Сејф сити“ и излезе дека е запалениот „цитроен“. И тогаш се јавив кај колегите што го водеа тој случај, изјави началник на единица за насилен криминал во СВР Скопје, кој сведочеше на денешното рочиште за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, во Основниот кривичен суд Скопје.

Сведокот Дејан Димовски, кој во тоа време работел како началник на единица за насилен криминал во СВР Скопје, за настанот бил известен на 27 ноември 2023 година, што како што вели било невообичаено, иако надлежноста за постапување по исчезнатото девојче било под ПС Центар.

Во однос на запаленото возило на 27 ноември во село Бразда, сведокот рече дека тогаш работеле други колеги, бидејќи немало никакви индиции за поврзаност.

Она што беше интересно, посочи сведокот, дека тоа што Александар во разговор посочил дека може девојчето е во странство, Охрид, Велес... што, како што рече, било нагласено, а тие веќе лоцирале дека запаленото возило е од Велес. Така било најдено и пик-ап возилото, кое било лоцирано паркирано пред Политичка партија „Десна“, на Љупчо Палевски.

- Баравме налог за претрес, но бидејќи се работи за политичка партија, доста доцна влеговме. Внатре беа тројца, меѓу кои Кешишов, кој кога прашавме каде е претседателот на партијата ни рече дека е во Турција поради проблеми со кичмата. Тука беше и адвокатот Васко, кој рече дека тој го возел до Белград, изјави сведокот. Во тој момент, нагласи сведокот уште немавме никаква поврзаност и мислеле дека се на трага за запаленото возило.

За денешното рочиште се повикани уште четворица сведоци, предложени од Обвинителството.

Обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски на првото рочиште се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни.

Според обвинението, тие се сомничат дека испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. На 22 ноември минатата година, обвинетиот заедно со уште тројца претходно обвинети заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.

Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска.

The post Имам едно интересно возило, да го проверите, им рекол на полицајците таткото на Вања кој го предочил возилото на Панче, сведочеше началник во СВР Скопје appeared first on Република.

]]>

Двете истраги одеа паралелно. Цело време од Александар бевме брифирани, види ова, она. На 1 декември дури ми се јави, ми вика „имам едно возило интересно, да го проверите“. Тоа беа слики од камери кои ние веќе ги имавме, но го посочи како сомнително. Колегите го проверија, немаше ништо посебно, но се јавија во „Сејф сити“ и излезе дека е запалениот „цитроен“. И тогаш се јавив кај колегите што го водеа тој случај, изјави началник на единица за насилен криминал во СВР Скопје, кој сведочеше на денешното рочиште за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, во Основниот кривичен суд Скопје. Сведокот Дејан Димовски, кој во тоа време работел како началник на единица за насилен криминал во СВР Скопје, за настанот бил известен на 27 ноември 2023 година, што како што вели било невообичаено, иако надлежноста за постапување по исчезнатото девојче било под ПС Центар. Во однос на запаленото возило на 27 ноември во село Бразда, сведокот рече дека тогаш работеле други колеги, бидејќи немало никакви индиции за поврзаност. Она што беше интересно, посочи сведокот, дека тоа што Александар во разговор посочил дека може девојчето е во странство, Охрид, Велес... што, како што рече, било нагласено, а тие веќе лоцирале дека запаленото возило е од Велес. Така било најдено и пик-ап возилото, кое било лоцирано паркирано пред Политичка партија „Десна“, на Љупчо Палевски.
- Баравме налог за претрес, но бидејќи се работи за политичка партија, доста доцна влеговме. Внатре беа тројца, меѓу кои Кешишов, кој кога прашавме каде е претседателот на партијата ни рече дека е во Турција поради проблеми со кичмата. Тука беше и адвокатот Васко, кој рече дека тој го возел до Белград, изјави сведокот. Во тој момент, нагласи сведокот уште немавме никаква поврзаност и мислеле дека се на трага за запаленото возило.
За денешното рочиште се повикани уште четворица сведоци, предложени од Обвинителството. Обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски на првото рочиште се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни. Според обвинението, тие се сомничат дека испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. На 22 ноември минатата година, обвинетиот заедно со уште тројца претходно обвинети заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година. Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено. Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска.

The post Имам едно интересно возило, да го проверите, им рекол на полицајците таткото на Вања кој го предочил возилото на Панче, сведочеше началник во СВР Скопје appeared first on Република.

]]>
Палчо вечерва ќе биде вратен во Македонија – од аеродром ќе биде пренесен во „Шутка“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/palcho-vecherva-ke-bide-vraten-vo-makedonija-od-aerodrom-ke-bide-prenesen-vo-shutka/ Wed, 15 May 2024 16:59:57 +0000 https://republika.mk/?p=778454

Вечерва од Турција ќе биде донесен првообвинетиот во убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо.

Како што објавува Сител, според досегашните информации, Палчо треба да слета на скопскиот аеродром околу осум часот.

Тој ќе биде спроведен во Истражниот затвор Скопје, по што на сила ќе стапи мерката од 30-дневен притвор.

Палевски првично избега во Србија, па преку Бугарија стигна во Турција, каде тамошната полиција го уапси на 6 декември во Баликесир.

The post Палчо вечерва ќе биде вратен во Македонија – од аеродром ќе биде пренесен во „Шутка“ appeared first on Република.

]]>

Вечерва од Турција ќе биде донесен првообвинетиот во убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо. Како што објавува Сител, според досегашните информации, Палчо треба да слета на скопскиот аеродром околу осум часот. Тој ќе биде спроведен во Истражниот затвор Скопје, по што на сила ќе стапи мерката од 30-дневен притвор. Палевски првично избега во Србија, па преку Бугарија стигна во Турција, каде тамошната полиција го уапси на 6 декември во Баликесир.

The post Палчо вечерва ќе биде вратен во Македонија – од аеродром ќе биде пренесен во „Шутка“ appeared first on Република.

]]>
Колку брзо ќе биде екстрадиран Палевски од Турција зависи од Министерствто за правда https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kolku-brzo-ke-bide-ekstradiran-palevski-od-turtsija-zavisi-od-ministerstvto-za-pravda/ Wed, 06 Dec 2023 07:39:06 +0000 https://republika.mk/?p=720135

Екстрадицијата на Љупчо Палевски Палчо од Турција зависи од Министерството за правда. Палчо, кој е провосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски беше уапсен во Труција, соопшти синоќа на прес-конфренција Оливер Спасовски, министерот за внатрешниработи.

Постапката за екстрадиција треба да ја спорведе Министерството за правда кое треба да го испрати барањето и потребната документација до турските власти за тие да ја спроведат екстрадицијата на Палевски кој беше уапсен по меѓународната потреница која ја распиша македонсото МВР.

Палчо бил приведен во турскиот град Баликесир. Бил уапсен на автопат.

https://republika.mk/vesti/makedonija/palcho-bil-faten-kako-odi-pesh-po-turski-avtopat-ova-e-negovata-traektorija-na-begstvo/

За Палевски веќе има одредено мрека притвор од 30 дена. Истата мерка им е одредена и на другите четоврица осмничени. Поднесени се кривични пријави за две свирепи убиства. 30-дневен притвор му е одреден и на тактото на Вања, Александар Ѓуречевски кој е осмничен дека ги дал клучните информации за движењето на девојчето.

The post Колку брзо ќе биде екстрадиран Палевски од Турција зависи од Министерствто за правда appeared first on Република.

]]>

Екстрадицијата на Љупчо Палевски Палчо од Турција зависи од Министерството за правда. Палчо, кој е провосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски беше уапсен во Труција, соопшти синоќа на прес-конфренција Оливер Спасовски, министерот за внатрешниработи. Постапката за екстрадиција треба да ја спорведе Министерството за правда кое треба да го испрати барањето и потребната документација до турските власти за тие да ја спроведат екстрадицијата на Палевски кој беше уапсен по меѓународната потреница која ја распиша македонсото МВР. Палчо бил приведен во турскиот град Баликесир. Бил уапсен на автопат. https://republika.mk/vesti/makedonija/palcho-bil-faten-kako-odi-pesh-po-turski-avtopat-ova-e-negovata-traektorija-na-begstvo/ За Палевски веќе има одредено мрека притвор од 30 дена. Истата мерка им е одредена и на другите четоврица осмничени. Поднесени се кривични пријави за две свирепи убиства. 30-дневен притвор му е одреден и на тактото на Вања, Александар Ѓуречевски кој е осмничен дека ги дал клучните информации за движењето на девојчето.

The post Колку брзо ќе биде екстрадиран Палевски од Турција зависи од Министерствто за правда appeared first on Република.

]]>
Палчо преку Белград и Истанбул стигнал во Минск? https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/palcho-preku-belgrad-i-istanbul-stignal-vo-minsk/ Tue, 05 Dec 2023 14:19:08 +0000 https://republika.mk/?p=719974

Телевизија Алфа објави дека Љупчо Палевски Палчо, од Македонија пребегал во Белград, од таму во Истанбул, а од таму пак стигнал во Минск – Белорусија.., Според Алфа, потерницата е објавена откако тој стигна во Белорусија.

Палчо имал карта за Минск, па лекувањето во Белград и Истанбул се всушност аеродромите каде тој треба да стигне до Минск. Тој имал работа во Минск поврзана со партијата и го планирал патувањето. Тоа го знаат луѓето блиски до него, велат во прилогот на Алфа телевизија.

Кривичниот суд вчера на предлог на скопското Основно јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истрага против Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничениот, којшто е посочен како организатор и реализатор на убиствата.

За осомничениот кој е во бегство по итна постапка е донесена Наредба за спроведување истрага за кривични дела – Грабнување од член 141 и Убиство од член 123 од КЗ. Јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и донесе решение со кое притворската мерка ќе започне да се спроведува веднаш по неговото пронаоѓање и лишување од слобода, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

https://www.youtube.com/watch?v=gizk55ZaIHI

The post Палчо преку Белград и Истанбул стигнал во Минск? appeared first on Република.

]]>

Телевизија Алфа објави дека Љупчо Палевски Палчо, од Македонија пребегал во Белград, од таму во Истанбул, а од таму пак стигнал во Минск – Белорусија.., Според Алфа, потерницата е објавена откако тој стигна во Белорусија.
Палчо имал карта за Минск, па лекувањето во Белград и Истанбул се всушност аеродромите каде тој треба да стигне до Минск. Тој имал работа во Минск поврзана со партијата и го планирал патувањето. Тоа го знаат луѓето блиски до него, велат во прилогот на Алфа телевизија.
Кривичниот суд вчера на предлог на скопското Основно јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истрага против Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничениот, којшто е посочен како организатор и реализатор на убиствата.
За осомничениот кој е во бегство по итна постапка е донесена Наредба за спроведување истрага за кривични дела – Грабнување од член 141 и Убиство од член 123 од КЗ. Јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и донесе решение со кое притворската мерка ќе започне да се спроведува веднаш по неговото пронаоѓање и лишување од слобода, стои во соопштението од Јавното обвинителство.
https://www.youtube.com/watch?v=gizk55ZaIHI

The post Палчо преку Белград и Истанбул стигнал во Минск? appeared first on Република.

]]>
Распишана меѓународна потерница по Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничен за убиството на Вања и Панче https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/raspishana-megunarodna-poternitsa-po-lupcho-palevski-palcho-prvoosomnichen-za-ubistvoto-na-vana-i-panche/ Tue, 05 Dec 2023 07:52:11 +0000 https://republika.mk/?p=719738

Четириесет и осумчасовен притвор за таткото на Вања Ѓорчевска, откако претходно таква мерка им беше изречена и на тројца осомничени, но и почеток на официјална истрага и покрената меѓународна потерница за првоосомничениот е епилогот од вчерашниот ден во врска со грозоморното убиство на 14-годишното девојче и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, кое ја потресе јавноста во земјава, но и во регионот. Се чекаат наодите од обдукцијата и од преземените биолошки траги, за МВР да излезе со соодветна кривична пријава против осомничените, по што Јавното обвинителство ќе отвори истрага за сите инволвирани.

Скопскиот Кривичен суд синоќа го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство и определи краткотраен притвор од 48 часа за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски. Како што наведуваат од Кривичниот суд, притворот е определен заради опасност од бегство и влијанија врв сведоци.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и скопскиот јавен обвинител Гаврил Бубевски вчера на прес-конференција ја образложуваа инволвираноста на таткото на Вања во случајот. Имено тројцата претходно приведени кажале дека тој му ги дал информациите на првоосомничениот во врска со движењето на неговата ќерка, за излегувањето од дома, маршрутата на нејзиното движење и други детали од нејзиното секојдневие.

null

Во 48 часовен притвор за злосторството, додека не се обезбедат дополнителни докази, се и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, кои се дел од партијата Десна на првоосомничениот, Љупчо Палевски - Палчо, кој е во бегство и надвор од државата.

Четворица приведени имаат ваква куса мерка од 48 часа додека МВР да ги поднесе кривичните пријави до Обвинителството за убиствата на Вања и Панче. Доколку се утврди дека станува збор за организирана група која изнудувала пари заедно со главниот осомничен Палевски, тогаш случајот може да го преземе Обвинителството за гонење организиран криминал.

Претходно вчера, Кривичниот суд на предлог на скопското Основно јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истрага против Љупчо Палевски - Палчо, првоосомничениот, којшто е посочен како организатор и реализатор на убиствата.

-За осомничениот кој е во бегство по итна постапка е донесена Наредба за спроведување истрага за кривични дела - Грабнување од член 141 и Убиство од член 123 од КЗ. Јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и донесе решение со кое притворската мерка ќе започне да се спроведува веднаш по неговото пронаоѓање и лишување од слобода, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

The authorities have issued an international arrest warrant for Ljupcho Palevski, charging him with kidnapping and murder. 

Министерството за внатрешни работи вчера распиша и меѓународна потерница по Палевски.

- Љупчо Палевски род.12.12.1964 год. во Скопје се бара со меѓународна потерница за истрага за кривични дела „грабнување" и "убиство“ по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје, објавено е на веб страницата на МВР.

Поради поставени прашања од поголем број медиуми во врска со тоа какви пријави досега се поднесени против Палевски во претходниот период, МВР вчера информира дека во 2019 година е поднесена кривична пријава за неовластено прислушкување и тонско снимање, а во текот на 2019 година поднесени се прекршочни пријави поради омаловажување на полициски службеник.

- Во 2020 година е поднесена кривична пријава за недозволено држење на оружје или распрскувачки материи и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија. Во 2005 година е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и посебни случаи на фалсификување исправа, во 2002 година за лажно пријавување на кривично дело, а во 2000 година за даночно затајување, соопшти МВР.

Министерот Спасовски и главниот јавен обвинител на ОЈО Скопје, Бубевски, откако во неделата вечерта МВР излезе со соопштение дека Вања е пронајдена мртва, вчера на прес-конференцијата соопштија дел од деталите од досегашната предистрага во врска со исчезнувањето на девојчето, кое беше пријавено на 27 ноември.

null

Според нивните сознанија, добиени од исказите од тројцата осомничени кои се во притвор, двете убиства ги поврзува еден извршител. Мотивот за убиствата, како што посочија, е користољубие, кое, според нив, поради паника завршува со ликвидација на малолетната Вања.

Првичните сознанија на полицијата и Обвинителството е дека групата сакала да изнуди пари од мајката на Вања, меѓутоа, до тоа не дошло. Ситуацијата, како што посочи обвинителот Бубевски, излегла од контрола кога мајката го пријавила исчезнувањето на својата ќерка и набрзо потоа целата јавност беше крената на нозе. Спасовски појасни дека на денот кога се случило грабнувањето имало две пријавувања, првото од мајката во 8:30, а во 11:00 часот исчезнувањето во полициската станица Центар го пријавил и таткото. По првата пријава веднаш се преземаат активности, а во Велес полицијата презема активности за случајот со исчезнувањето на 74-годишниот Панче.

null

- Имаме искази за тоа излегување од контрола на лицата кои што го признаваат ова дејствие и во полицијата, но и пред јавен обвинител. Нивните укажувања се во таа насока дека со оглед дека веќе имале некаква паника заради тоа што јавноста веќе била во тој момент целосно ангажирана во барањето на детето и едниот од нив решил во тој момент дека парите ќе ги барат подоцна, откако ќе помине целата ситуација и затоа решава во тој момент тоа дете да го ликвидира, појасни обвинителот.

Според изјавата на министерот Спасовски, Вања била грабната од влезот на зградата во која живее. Со врзани нозе и раце, во вреќа за спиење, таа била ставена во гепек во возило „цитроен“ кое припаѓало на исчезнатиот велешанец, Панче Жежовски, чие тело МВР исто така го пронајде во неделата по признанијата и насоките добиени од тројцата осомничени кои се во притвор, за тоа каде било закопано.

null

Според обвинителот Бубевски, велешанецот е само „прометна жртва“ која била искористена за да се земе неговата кола и да се заврши, како што рече „целокупниот криминален потфат“.

- Мотивот за убиството на Панче имале должничко-доверителски односи со еден од осомничените. Панче должел 500 евра на еден од осомничените и така е избран како жртва за да се земеме колата за да се изврши грабнувањето. Тоа е она што го имаме како некоја линија зошто е прво извршено грабнувањето и убиството на Панче, да тука се заврши целокупниот криминален потфат, рече Бубевски.

Министерот Спасовски информираше дека од предистрагата дознаваат дека „циторенот“ се движел во Скопје на 27 ноември, заедно со возилото „рено кангу“, до местото на злосторството, каде што е извршено убиството на Вања во атарот на село Бразда, општина Чучер Сандево.

Спасовски и Бубевски беа концизни дека организатор и реализатор на убиството, поточно, како што кажа обвинителот „оној што ги испукал куршумите“ е првоосомничениот, кој е во бегство.

Како што информираа лицето е заминато од државата со возило заедно со неговиот адвокат во Белград, а потоа во Бугарија.

Во меѓувреме, Телма излезе со изјава од адвокатот на првоосомничениот, дека го пренел во Белград, меѓутоа со сознание дека го носи на преглед.

-Ме замоли да го однесам во Белград бидејќи немал возило, а не можел да обезбеди нотар да му се преведе возилото. Јас врска немав за оваа работа. Знам дека требаше да оди во Белград, кажуваше дека закажал прегледи. Ако е така, му реков, ќе те однесам. Не знаев за овие работи. Јас се вратив во Скопје, тој остана затоа што требаше да има преглед другиот ден и рече ако ако е сѐ во ред ќе се врати назад. Ако не е во ред рече ќе одел во Истанбул. Кога се вратив полицијата прваше претреси, ме прашаа и тогаш им кажав, изјави адвокатот Васко Стојков за ТВ Телма.

null

Спасовски вети дека ќе стори, како што рече, „сѐ ова лице, или подобро овој монструм, на кое му ја следиме трагата, час поскоро штом стапне на наше тло, да биде изведен пред лицето на правдата“.

Бубевски посочи дека заради поврзаноста на едното и другото кривично дело со сторителите кои што се исти и за првото и за второто кривично дело, тоа добива најтешка можна квалификација од Кривичниот законик, и се казнува, како што рече „најтешко што може да се изрече казна во Република Македонија“.

-  Кога ќе излезат наодите од обдукцијата, од сите оние преземени биолошки траги, активности кои се преземени и се докажуваат со соодветни вештачења, во тој момент, можеби денеска, или утре, МВР ќе излезе со соодветна кривична пријава со сите овие факти, со сите овие докази, и тогаш веќе ЈО ќе отвори истрага која е формална постапка за која можеме и според ЗКП да кажеме повеќе детали, рече вчера обвинителот.

Тој појасни дека мотивот е користољубие при грабнувањето, а потоа, како што рече „чисто убиство“ кое се казнува најстрого.

- Вкупните дејствија се квалификуваат како едно кривично дело убиство од последниот став од Кривичниот законик и најтешкото, тука нема веќе дилема што може да се очекува за сторителите на овој грозоморен настан, рече обвинителот

Последниот став за делото убиство од КЗ вели „со затвор од најмалку десет години или со доживотен затвор ќе се казни тој кој со умисла ќе лиши од живот две или повеќе лица, за кои претходно не му било судено, освен ако не се работи за кривични дела од член 9 став (3), член 10 став (3) и членовите 124, 125 и 127“.

Во однос на прашањето дали станува збор за група која дејствувала организирано, тој посочи дека допрва ги утврдуваат нивните врски.

-Оние кои се притворени и оние по кои се трага се некаква група која што сега ги утврдуваме нивните врски, дали можеме да ги наречеме организирана група или сѐ уште ги водиме како соизвршители на двете кривични дела. Ако се докаже дека се некаква група, тогаш ќе имаме соодветна правна квалификација за тоа, рече тој.

The Skopje Criminal Court has ordered 48 hours in detention for Vanja Gjorchevska's father, Aleksandar Gjorchevski, who is one of the suspects in her murder.

За инволвираноста на таткото посочи дека засега само посредни докази укажуваат дека учествувал во некакви насоки кога девојчето ќе излезе само, кога би можеле да го очекуваат за да се изврши тоа кривично дело на грабнување.

- Таткото не може да го осомничиме ниту дека е дел од групата која што после го извршило најтешкото кривично дело, затоа што немаме такви сознанија за тоа. Имаме определени сознанија кои што ни кажуваат дека таткото имал одредена комуникација со лицето, сѐ уште ни е на основи на сомнение. Јас ќе ја задржам и таа структура на пресумпцијата на невиност сѐ уште за да не направам и друг проблем понатаму, со лицето кое што сега не ни е тука, дека двајца од тројцата осомничени, кога го прашале тоа лице, кажал дека овие сознанија ги имал од таткото на девојчето, рече тој.

Бубевски дополни и дека таткото ги негирал овие дејствија, а неговата инволвираност која што се уште ја сметаат за посредна во овој случај ја вадат од контекстот на она што го кажуваат другите инволвирани во случајот.

Она што ја прави приказната веродостојна, според Бубевски, е тоа што исказите одговараат со она што е пронајдено, а во делот на начинот како е извршено, рече дека ќе треба дополнително да се разјасни. Тој, исто така, потенцираше дека оружјето не е пронајдено.

Во истрагата не е вклучена мајката, за која јавниот обвинител кажа дека нема никаква улога во, како што рече „никакви дејствија кои што се од проблематична природа“.

Спасовски вчера одговарајќи на прашањето дали е загрозена јавната безбедност, потенцираше дека ова е изолиран, инцидентен случај кој имал организатори и имал крајна цел – да изнудат пари.

-Ова нема врска со јавната безбедност, генерално. Ова лице според утврдените факти е грабнато внатре во влезот во зградата, по претходно добиена информација кога излегува и дека излегува само. Тоа е сосема различно од тоа што се имплицира или што деновиве и синоќа слушнавме дека заради Самитот на ОБСЕ воопшто не се постапувало по барањето за девојчето и дека заради таа активност околу организацијата на Самитот ние не сме објавиле јавно, рече тој.

null

По повод смртта на 14-годишната Вања вчера во ООУ „Јохан Хајрих Песталоци“ во Скопје се запишаа голем број лица изразувајќи сочувство до семејството, пријателите, соучениците и другарчињата на Вања. Во книгата се запишаа и претседателот Стево Пендаровски со сопругата, премиерот Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи Спасовски. Сочувство до семејството и најблиските на социјалните мрежи изразија претседателот на Собранието Талат Џафери, министри, голем број политичари, јавни личности кои побараа ова ужасно злосторство да биде најстрого казнето.

Убиството на 14-годишната Вања беше вест која ја пренесоа и медиумите од регионот, објавувајќи детали поврзани со злосторството изнесени на вчерашната прес-конференција на министерот Спасовски и обвинителот Бубевски.

The post Распишана меѓународна потерница по Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничен за убиството на Вања и Панче appeared first on Република.

]]>

Четириесет и осумчасовен притвор за таткото на Вања Ѓорчевска, откако претходно таква мерка им беше изречена и на тројца осомничени, но и почеток на официјална истрага и покрената меѓународна потерница за првоосомничениот е епилогот од вчерашниот ден во врска со грозоморното убиство на 14-годишното девојче и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, кое ја потресе јавноста во земјава, но и во регионот. Се чекаат наодите од обдукцијата и од преземените биолошки траги, за МВР да излезе со соодветна кривична пријава против осомничените, по што Јавното обвинителство ќе отвори истрага за сите инволвирани. Скопскиот Кривичен суд синоќа го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство и определи краткотраен притвор од 48 часа за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски. Како што наведуваат од Кривичниот суд, притворот е определен заради опасност од бегство и влијанија врв сведоци. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и скопскиот јавен обвинител Гаврил Бубевски вчера на прес-конференција ја образложуваа инволвираноста на таткото на Вања во случајот. Имено тројцата претходно приведени кажале дека тој му ги дал информациите на првоосомничениот во врска со движењето на неговата ќерка, за излегувањето од дома, маршрутата на нејзиното движење и други детали од нејзиното секојдневие. null Во 48 часовен притвор за злосторството, додека не се обезбедат дополнителни докази, се и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, кои се дел од партијата Десна на првоосомничениот, Љупчо Палевски - Палчо, кој е во бегство и надвор од државата. Четворица приведени имаат ваква куса мерка од 48 часа додека МВР да ги поднесе кривичните пријави до Обвинителството за убиствата на Вања и Панче. Доколку се утврди дека станува збор за организирана група која изнудувала пари заедно со главниот осомничен Палевски, тогаш случајот може да го преземе Обвинителството за гонење организиран криминал. Претходно вчера, Кривичниот суд на предлог на скопското Основно јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истрага против Љупчо Палевски - Палчо, првоосомничениот, којшто е посочен како организатор и реализатор на убиствата. -За осомничениот кој е во бегство по итна постапка е донесена Наредба за спроведување истрага за кривични дела - Грабнување од член 141 и Убиство од член 123 од КЗ. Јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и донесе решение со кое притворската мерка ќе започне да се спроведува веднаш по неговото пронаоѓање и лишување од слобода, стои во соопштението од Јавното обвинителство. The authorities have issued an international arrest warrant for Ljupcho Palevski, charging him with kidnapping and murder.  Министерството за внатрешни работи вчера распиша и меѓународна потерница по Палевски. - Љупчо Палевски род.12.12.1964 год. во Скопје се бара со меѓународна потерница за истрага за кривични дела „грабнување" и "убиство“ по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје, објавено е на веб страницата на МВР. Поради поставени прашања од поголем број медиуми во врска со тоа какви пријави досега се поднесени против Палевски во претходниот период, МВР вчера информира дека во 2019 година е поднесена кривична пријава за неовластено прислушкување и тонско снимање, а во текот на 2019 година поднесени се прекршочни пријави поради омаловажување на полициски службеник. - Во 2020 година е поднесена кривична пријава за недозволено држење на оружје или распрскувачки материи и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија. Во 2005 година е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и посебни случаи на фалсификување исправа, во 2002 година за лажно пријавување на кривично дело, а во 2000 година за даночно затајување, соопшти МВР. Министерот Спасовски и главниот јавен обвинител на ОЈО Скопје, Бубевски, откако во неделата вечерта МВР излезе со соопштение дека Вања е пронајдена мртва, вчера на прес-конференцијата соопштија дел од деталите од досегашната предистрага во врска со исчезнувањето на девојчето, кое беше пријавено на 27 ноември. null Според нивните сознанија, добиени од исказите од тројцата осомничени кои се во притвор, двете убиства ги поврзува еден извршител. Мотивот за убиствата, како што посочија, е користољубие, кое, според нив, поради паника завршува со ликвидација на малолетната Вања. Првичните сознанија на полицијата и Обвинителството е дека групата сакала да изнуди пари од мајката на Вања, меѓутоа, до тоа не дошло. Ситуацијата, како што посочи обвинителот Бубевски, излегла од контрола кога мајката го пријавила исчезнувањето на својата ќерка и набрзо потоа целата јавност беше крената на нозе. Спасовски појасни дека на денот кога се случило грабнувањето имало две пријавувања, првото од мајката во 8:30, а во 11:00 часот исчезнувањето во полициската станица Центар го пријавил и таткото. По првата пријава веднаш се преземаат активности, а во Велес полицијата презема активности за случајот со исчезнувањето на 74-годишниот Панче. null - Имаме искази за тоа излегување од контрола на лицата кои што го признаваат ова дејствие и во полицијата, но и пред јавен обвинител. Нивните укажувања се во таа насока дека со оглед дека веќе имале некаква паника заради тоа што јавноста веќе била во тој момент целосно ангажирана во барањето на детето и едниот од нив решил во тој момент дека парите ќе ги барат подоцна, откако ќе помине целата ситуација и затоа решава во тој момент тоа дете да го ликвидира, појасни обвинителот. Според изјавата на министерот Спасовски, Вања била грабната од влезот на зградата во која живее. Со врзани нозе и раце, во вреќа за спиење, таа била ставена во гепек во возило „цитроен“ кое припаѓало на исчезнатиот велешанец, Панче Жежовски, чие тело МВР исто така го пронајде во неделата по признанијата и насоките добиени од тројцата осомничени кои се во притвор, за тоа каде било закопано. null Според обвинителот Бубевски, велешанецот е само „прометна жртва“ која била искористена за да се земе неговата кола и да се заврши, како што рече „целокупниот криминален потфат“. - Мотивот за убиството на Панче имале должничко-доверителски односи со еден од осомничените. Панче должел 500 евра на еден од осомничените и така е избран како жртва за да се земеме колата за да се изврши грабнувањето. Тоа е она што го имаме како некоја линија зошто е прво извршено грабнувањето и убиството на Панче, да тука се заврши целокупниот криминален потфат, рече Бубевски. Министерот Спасовски информираше дека од предистрагата дознаваат дека „циторенот“ се движел во Скопје на 27 ноември, заедно со возилото „рено кангу“, до местото на злосторството, каде што е извршено убиството на Вања во атарот на село Бразда, општина Чучер Сандево. Спасовски и Бубевски беа концизни дека организатор и реализатор на убиството, поточно, како што кажа обвинителот „оној што ги испукал куршумите“ е првоосомничениот, кој е во бегство. Како што информираа лицето е заминато од државата со возило заедно со неговиот адвокат во Белград, а потоа во Бугарија. Во меѓувреме, Телма излезе со изјава од адвокатот на првоосомничениот, дека го пренел во Белград, меѓутоа со сознание дека го носи на преглед. -Ме замоли да го однесам во Белград бидејќи немал возило, а не можел да обезбеди нотар да му се преведе возилото. Јас врска немав за оваа работа. Знам дека требаше да оди во Белград, кажуваше дека закажал прегледи. Ако е така, му реков, ќе те однесам. Не знаев за овие работи. Јас се вратив во Скопје, тој остана затоа што требаше да има преглед другиот ден и рече ако ако е сѐ во ред ќе се врати назад. Ако не е во ред рече ќе одел во Истанбул. Кога се вратив полицијата прваше претреси, ме прашаа и тогаш им кажав, изјави адвокатот Васко Стојков за ТВ Телма. null Спасовски вети дека ќе стори, како што рече, „сѐ ова лице, или подобро овој монструм, на кое му ја следиме трагата, час поскоро штом стапне на наше тло, да биде изведен пред лицето на правдата“. Бубевски посочи дека заради поврзаноста на едното и другото кривично дело со сторителите кои што се исти и за првото и за второто кривично дело, тоа добива најтешка можна квалификација од Кривичниот законик, и се казнува, како што рече „најтешко што може да се изрече казна во Република Македонија“. -  Кога ќе излезат наодите од обдукцијата, од сите оние преземени биолошки траги, активности кои се преземени и се докажуваат со соодветни вештачења, во тој момент, можеби денеска, или утре, МВР ќе излезе со соодветна кривична пријава со сите овие факти, со сите овие докази, и тогаш веќе ЈО ќе отвори истрага која е формална постапка за која можеме и според ЗКП да кажеме повеќе детали, рече вчера обвинителот. Тој појасни дека мотивот е користољубие при грабнувањето, а потоа, како што рече „чисто убиство“ кое се казнува најстрого. - Вкупните дејствија се квалификуваат како едно кривично дело убиство од последниот став од Кривичниот законик и најтешкото, тука нема веќе дилема што може да се очекува за сторителите на овој грозоморен настан, рече обвинителот Последниот став за делото убиство од КЗ вели „со затвор од најмалку десет години или со доживотен затвор ќе се казни тој кој со умисла ќе лиши од живот две или повеќе лица, за кои претходно не му било судено, освен ако не се работи за кривични дела од член 9 став (3), член 10 став (3) и членовите 124, 125 и 127“. Во однос на прашањето дали станува збор за група која дејствувала организирано, тој посочи дека допрва ги утврдуваат нивните врски. -Оние кои се притворени и оние по кои се трага се некаква група која што сега ги утврдуваме нивните врски, дали можеме да ги наречеме организирана група или сѐ уште ги водиме како соизвршители на двете кривични дела. Ако се докаже дека се некаква група, тогаш ќе имаме соодветна правна квалификација за тоа, рече тој. The Skopje Criminal Court has ordered 48 hours in detention for Vanja Gjorchevska's father, Aleksandar Gjorchevski, who is one of the suspects in her murder. За инволвираноста на таткото посочи дека засега само посредни докази укажуваат дека учествувал во некакви насоки кога девојчето ќе излезе само, кога би можеле да го очекуваат за да се изврши тоа кривично дело на грабнување. - Таткото не може да го осомничиме ниту дека е дел од групата која што после го извршило најтешкото кривично дело, затоа што немаме такви сознанија за тоа. Имаме определени сознанија кои што ни кажуваат дека таткото имал одредена комуникација со лицето, сѐ уште ни е на основи на сомнение. Јас ќе ја задржам и таа структура на пресумпцијата на невиност сѐ уште за да не направам и друг проблем понатаму, со лицето кое што сега не ни е тука, дека двајца од тројцата осомничени, кога го прашале тоа лице, кажал дека овие сознанија ги имал од таткото на девојчето, рече тој. Бубевски дополни и дека таткото ги негирал овие дејствија, а неговата инволвираност која што се уште ја сметаат за посредна во овој случај ја вадат од контекстот на она што го кажуваат другите инволвирани во случајот. Она што ја прави приказната веродостојна, според Бубевски, е тоа што исказите одговараат со она што е пронајдено, а во делот на начинот како е извршено, рече дека ќе треба дополнително да се разјасни. Тој, исто така, потенцираше дека оружјето не е пронајдено. Во истрагата не е вклучена мајката, за која јавниот обвинител кажа дека нема никаква улога во, како што рече „никакви дејствија кои што се од проблематична природа“. Спасовски вчера одговарајќи на прашањето дали е загрозена јавната безбедност, потенцираше дека ова е изолиран, инцидентен случај кој имал организатори и имал крајна цел – да изнудат пари. -Ова нема врска со јавната безбедност, генерално. Ова лице според утврдените факти е грабнато внатре во влезот во зградата, по претходно добиена информација кога излегува и дека излегува само. Тоа е сосема различно од тоа што се имплицира или што деновиве и синоќа слушнавме дека заради Самитот на ОБСЕ воопшто не се постапувало по барањето за девојчето и дека заради таа активност околу организацијата на Самитот ние не сме објавиле јавно, рече тој. null По повод смртта на 14-годишната Вања вчера во ООУ „Јохан Хајрих Песталоци“ во Скопје се запишаа голем број лица изразувајќи сочувство до семејството, пријателите, соучениците и другарчињата на Вања. Во книгата се запишаа и претседателот Стево Пендаровски со сопругата, премиерот Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи Спасовски. Сочувство до семејството и најблиските на социјалните мрежи изразија претседателот на Собранието Талат Џафери, министри, голем број политичари, јавни личности кои побараа ова ужасно злосторство да биде најстрого казнето. Убиството на 14-годишната Вања беше вест која ја пренесоа и медиумите од регионот, објавувајќи детали поврзани со злосторството изнесени на вчерашната прес-конференција на министерот Спасовски и обвинителот Бубевски.

The post Распишана меѓународна потерница по Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничен за убиството на Вања и Панче appeared first on Република.

]]>
Сомнежите на Ленин Јовановски фрлаат малку поинаква сенка на двократното убиство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/somnezhite-na-lenin-jovanovski-frlaat-malku-poinakva-senka-na-dvokratnoto-ubistvo/ Mon, 04 Dec 2023 19:52:38 +0000 https://republika.mk/?p=719673

Сопственикот на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски, кој по професија е криминолог, фрла поинаква сенка на сличајот кој деновиве ја потресува јавноста, двократното убиство, во кое првоосомничен е Љупчо Палевски Палчо.

Ќе си дозволам како магистер по криминологија да кажам мое мислење врз основа на ова што го слушнав од нашите официјални лица:

1. Ова убиството нема форми на „користољубие“

2. Не постои конкретно дејство на уцена и изнуда.

3. Девојчето е киднапирано за да биде егзекутирано.

4. Причината за тоа може да биде, дека таа нешто знаела, била сведок на нешто што можело да упропасти нечија кариера бизнис или живот, можеби сакала да обзнани нешто, можеби била злоупотребена од некоја битна (моќна) фаца или сл.

5. Телото мора да биде на детална и професионална обдукција под независен и сигурен надзор од повеќе лица за да не се остави простор дека ќе се прикрие нешто што може да даде вистински показатели за причините за убиството.

6. Признанијата на учесниците не смеат веднаш да се земат здраво за готово без разлика колку и да соодветсвуваат со некакви материјални докази зошто истите можеби да се и така наместени да изгледаат баш така. Нивните искази во побитниот дел се сведуваат дека така им кажал егзекуторот (планерот) , а тоа никако не мора да значи дека тој им ја кажувал вистината.

7. Не е ништо толку едноставно, ниту лесно и наивно, да се убиваат луѓе , а извршителот првото убиство многу повеќе денови, а второво (малолетно девојче) три дена откога е егзекутирана, убиецот да функционира нормално и мува да не го лази. Тој се чувствувал многу сигурен и доволно безбеден и си функционира како и секој друг ден, а таков може да биде само и само ако нарачателот или оној за кого работи е многу моќен за да му ја обезбеди таа комоција.

8. Да имате храброст да егзекутирате втора жртва со возило кое е сопственост на веќе убиено лице по кое полицијата трага мора да произлегува од висока моќ.

9. Да вмешаш толку сведоци (непрофесионалци) кои брзо ќе "пропеат" и да оставиш толку видливи траги (пред камери и сл.) мора да си сигурен дека тоа никој нема да го гледа.

10. Треба да се бара нарачателот, тој е најбитниот во овој случај, актерите се повеќе или помалку ете сите тука.

Има уште многу прашања , има уште многу за докажување и ова не смее да заврши само на исказите на двајца учесници кој очигледно се најмени и не биле и сеуште не се ни свесни самите во што се сплеткани и за што точно ќе бидат употребени.

Јас кажав!

The post Сомнежите на Ленин Јовановски фрлаат малку поинаква сенка на двократното убиство appeared first on Република.

]]>

Сопственикот на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски, кој по професија е криминолог, фрла поинаква сенка на сличајот кој деновиве ја потресува јавноста, двократното убиство, во кое првоосомничен е Љупчо Палевски Палчо. Ќе си дозволам како магистер по криминологија да кажам мое мислење врз основа на ова што го слушнав од нашите официјални лица: 1. Ова убиството нема форми на „користољубие“ 2. Не постои конкретно дејство на уцена и изнуда. 3. Девојчето е киднапирано за да биде егзекутирано. 4. Причината за тоа може да биде, дека таа нешто знаела, била сведок на нешто што можело да упропасти нечија кариера бизнис или живот, можеби сакала да обзнани нешто, можеби била злоупотребена од некоја битна (моќна) фаца или сл. 5. Телото мора да биде на детална и професионална обдукција под независен и сигурен надзор од повеќе лица за да не се остави простор дека ќе се прикрие нешто што може да даде вистински показатели за причините за убиството. 6. Признанијата на учесниците не смеат веднаш да се земат здраво за готово без разлика колку и да соодветсвуваат со некакви материјални докази зошто истите можеби да се и така наместени да изгледаат баш така. Нивните искази во побитниот дел се сведуваат дека така им кажал егзекуторот (планерот) , а тоа никако не мора да значи дека тој им ја кажувал вистината. 7. Не е ништо толку едноставно, ниту лесно и наивно, да се убиваат луѓе , а извршителот првото убиство многу повеќе денови, а второво (малолетно девојче) три дена откога е егзекутирана, убиецот да функционира нормално и мува да не го лази. Тој се чувствувал многу сигурен и доволно безбеден и си функционира како и секој друг ден, а таков може да биде само и само ако нарачателот или оној за кого работи е многу моќен за да му ја обезбеди таа комоција. 8. Да имате храброст да егзекутирате втора жртва со возило кое е сопственост на веќе убиено лице по кое полицијата трага мора да произлегува од висока моќ. 9. Да вмешаш толку сведоци (непрофесионалци) кои брзо ќе "пропеат" и да оставиш толку видливи траги (пред камери и сл.) мора да си сигурен дека тоа никој нема да го гледа. 10. Треба да се бара нарачателот, тој е најбитниот во овој случај, актерите се повеќе или помалку ете сите тука. Има уште многу прашања , има уште многу за докажување и ова не смее да заврши само на исказите на двајца учесници кој очигледно се најмени и не биле и сеуште не се ни свесни самите во што се сплеткани и за што точно ќе бидат употребени. Јас кажав!

The post Сомнежите на Ленин Јовановски фрлаат малку поинаква сенка на двократното убиство appeared first on Република.

]]>
Васко Стојков е адвокатот на Палевски, тој го однел на преглед во Белград и тврди дека не знае ништо за убиствата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vasko-stojkov-e-advokatot-na-palevski-toj-go-odnel-na-pregled-vo-belgrad-i-tvrdi-deka-ne-znae-nishto-za-ubistvata/ Mon, 04 Dec 2023 11:13:14 +0000 https://republika.mk/?p=719344

Авдокатот Васко Стојков го однел Љупчо Палевески во Белград на преглед затоа што немал возило и не знаел дека е одговорен за убиства на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, објави „Телма“.

Ме замоли да го однесам во Беград бидејќи немал возило, а не можел да обезбеди нотар да му се преведе воозилото. Јас врска немав за оваа работа. Знам дека требаше да оди во Белград кажуваше дека закажал прегледи. Ако е така, му реков, ќе те однесам. Не знаев за овие работи. Јас се вратив во Скопје, тој остана затоа што требаше да им преглед другиот ден и рече ако ако е се во ред ќе се врати назад. Ако не е во ред рече ќе одел во Истанбул. Кога се вратив полицијата прваше претреси ме прашаа и тогаш им кажав, изјави адвокатот Стојков.

Целиот текст тука

The post Васко Стојков е адвокатот на Палевски, тој го однел на преглед во Белград и тврди дека не знае ништо за убиствата appeared first on Република.

]]>

Авдокатот Васко Стојков го однел Љупчо Палевески во Белград на преглед затоа што немал возило и не знаел дека е одговорен за убиства на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, објави „Телма“.
Ме замоли да го однесам во Беград бидејќи немал возило, а не можел да обезбеди нотар да му се преведе воозилото. Јас врска немав за оваа работа. Знам дека требаше да оди во Белград кажуваше дека закажал прегледи. Ако е така, му реков, ќе те однесам. Не знаев за овие работи. Јас се вратив во Скопје, тој остана затоа што требаше да им преглед другиот ден и рече ако ако е се во ред ќе се врати назад. Ако не е во ред рече ќе одел во Истанбул. Кога се вратив полицијата прваше претреси ме прашаа и тогаш им кажав, изјави адвокатот Стојков.
Целиот текст тука

The post Васко Стојков е адвокатот на Палевски, тој го однел на преглед во Белград и тврди дека не знае ништо за убиствата appeared first on Република.

]]>
Kој е првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска – пребеганиот Љупчо Палевски – Палчо https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/koj-e-prvoosomnicheniot-za-ubistvoto-na-vana-gorchevska-prebeganiot-lupcho-palevski-palcho/ Mon, 04 Dec 2023 09:28:26 +0000 https://republika.mk/?p=719246

За јавноста да се потсети - КОЈ Е првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска - пребеганиот #Љупчо #Палевски - #Палчо, напиша на својот фејсбук профил новинарката Јорданка Ивановска-Јоци.

Љ.П.Палчо и друг прекар УПА по градежната фирма ,,Упа Ентерпрајз", одамна требаше да биде во затвор и таму да биде заборавен. Само последниве години, имаше зад себе кривично дело ,,оддавање службена тајна" и ,,носење оружје без дозвола", дела за кои не е осуден.

Зошто ова суштество не беше во затвор во мандат на СДСМ?

▪︎ Станува збор за поранешен моќен сдсмовски градежен и медиумски магнат од времето на Бранко Црвенковски т.е крајот на 90-те, кога паѓа владата на БЦ.
По падот на владата го формира #неделникот ,,#Старт".
▪︎Потоа, во 2002, кога СДСМ доаѓаат пак на власт, е наименуван за претседател на Градската организација на СДСМ.
▪︎ Сопственик на неделникот "Старт", финансиран од сдсмовски кругови. Со новинарски имиња како #Мирка и #Ефтов
Ја купи и ТВ "Скопје", која никогаш не проработе, а во која беше вработена Оливера Трајковска.
#Градежник, кој своите зданија во Дебар маало, ги изгради поради блискоста со тогашниот градоначалник #Мирослав #Грчев. Градеше високи згради, по план на Грчев, кој Министерството за урбанизам и Душко Кадиевски, го враќаа и по пет пати во годината, за на крај воопшто да не се усвои.
По доаѓањето на Љубчо на власт, прво што направи новата власт беше уривање на дивото поткровјето на негова вселена зграда на улица #Пиринска" во Д.маало. Тогаш бев новинар и сцените со вриштење, полиции и колнење од станарите, уште ги паметам.
Воедно, јас, во тоа време, 500 текста напишав за неговата зграда #Тифани, која Грчев ја нацрта на трасата на подземната сообраќајница.
Се зборуваше и дека Палевски дал 100.000 марки на УЧК во 2001 за да не му ја палат печатницата во М.Речица.
Пред 2-3 години стана актуелен по формирање на некакво движење ,,Трета", а на фотографијата е од пред две години кога непознати моторџии во движење му ја искршија главата пред неговата куќа.

Љупчо Палевски- Палчо во јуни 2020 година бил уапсен поради непочитување на мерката за самоизолација. Палевски тогаш се вратил од странство, но наместо да седи во својот дом, полицијата го пронашла во кафуле во центарот на Скопје, па го привела во ПС Центар.

Бизнисменот Палчо, во септември истата година беше приведен на белградскиот аеродром на пат кон Москва, а по осум месеци, повторно беше пуштен на слобода, по што се вратил во Македонија.

Тој беше уапсен по потерница на Хрватска, за некаков наводен долг на негова фирма во оваа земја.

Палчо беше осомничен и во една од предистрагите на СЈО „Никола Тесла”, поради што во неговиот дом беше направен претрес.

Наводно беа пронајдени “бомби”.

Палевски исто така во мај годинава бил фатен со пиштол без дозвола во близина на тунелите Демир Капија- Јаворица.

Според информациите до кои тогаш дојде Вечер.мк, Палевски бил фатен заедно со уште три други лица како бараат злато, а се обидел да го фрли пиштолот за кој имал само дозвола за поседување, не и за носење.

Случајот е наведен и во билтенот на МВР.

На 05.05.2023 околу 00.30 часот на земјен пат во непосредна близина на тунели Демир Капија-Јаворица, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ од лицето Љ.П.(58) од Скопје одзеле пиштол „Валтер“ калибар 9 мм, кој го носел без дозвола, стои во билтенот на МВР.

Јавноста прашува зошто МВР го пушти Палчо да избега и дали беше презафатена со Самитот на ОБСЕ, наместо да реагира навремено за да биде спречено бегството од Македонија?

The post Kој е првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска – пребеганиот Љупчо Палевски – Палчо appeared first on Република.

]]>

За јавноста да се потсети - КОЈ Е првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска - пребеганиот #Љупчо #Палевски - #Палчо, напиша на својот фејсбук профил новинарката Јорданка Ивановска-Јоци. Љ.П.Палчо и друг прекар УПА по градежната фирма ,,Упа Ентерпрајз", одамна требаше да биде во затвор и таму да биде заборавен. Само последниве години, имаше зад себе кривично дело ,,оддавање службена тајна" и ,,носење оружје без дозвола", дела за кои не е осуден. Зошто ова суштество не беше во затвор во мандат на СДСМ?
▪︎ Станува збор за поранешен моќен сдсмовски градежен и медиумски магнат од времето на Бранко Црвенковски т.е крајот на 90-те, кога паѓа владата на БЦ. По падот на владата го формира #неделникот ,,#Старт". ▪︎Потоа, во 2002, кога СДСМ доаѓаат пак на власт, е наименуван за претседател на Градската организација на СДСМ. ▪︎ Сопственик на неделникот "Старт", финансиран од сдсмовски кругови. Со новинарски имиња како #Мирка и #Ефтов Ја купи и ТВ "Скопје", која никогаш не проработе, а во која беше вработена Оливера Трајковска. #Градежник, кој своите зданија во Дебар маало, ги изгради поради блискоста со тогашниот градоначалник #Мирослав #Грчев. Градеше високи згради, по план на Грчев, кој Министерството за урбанизам и Душко Кадиевски, го враќаа и по пет пати во годината, за на крај воопшто да не се усвои. По доаѓањето на Љубчо на власт, прво што направи новата власт беше уривање на дивото поткровјето на негова вселена зграда на улица #Пиринска" во Д.маало. Тогаш бев новинар и сцените со вриштење, полиции и колнење од станарите, уште ги паметам. Воедно, јас, во тоа време, 500 текста напишав за неговата зграда #Тифани, која Грчев ја нацрта на трасата на подземната сообраќајница. Се зборуваше и дека Палевски дал 100.000 марки на УЧК во 2001 за да не му ја палат печатницата во М.Речица. Пред 2-3 години стана актуелен по формирање на некакво движење ,,Трета", а на фотографијата е од пред две години кога непознати моторџии во движење му ја искршија главата пред неговата куќа.
Љупчо Палевски- Палчо во јуни 2020 година бил уапсен поради непочитување на мерката за самоизолација. Палевски тогаш се вратил од странство, но наместо да седи во својот дом, полицијата го пронашла во кафуле во центарот на Скопје, па го привела во ПС Центар. Бизнисменот Палчо, во септември истата година беше приведен на белградскиот аеродром на пат кон Москва, а по осум месеци, повторно беше пуштен на слобода, по што се вратил во Македонија. Тој беше уапсен по потерница на Хрватска, за некаков наводен долг на негова фирма во оваа земја. Палчо беше осомничен и во една од предистрагите на СЈО „Никола Тесла”, поради што во неговиот дом беше направен претрес. Наводно беа пронајдени “бомби”. Палевски исто така во мај годинава бил фатен со пиштол без дозвола во близина на тунелите Демир Капија- Јаворица. Според информациите до кои тогаш дојде Вечер.мк, Палевски бил фатен заедно со уште три други лица како бараат злато, а се обидел да го фрли пиштолот за кој имал само дозвола за поседување, не и за носење. Случајот е наведен и во билтенот на МВР. На 05.05.2023 околу 00.30 часот на земјен пат во непосредна близина на тунели Демир Капија-Јаворица, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ од лицето Љ.П.(58) од Скопје одзеле пиштол „Валтер“ калибар 9 мм, кој го носел без дозвола, стои во билтенот на МВР. Јавноста прашува зошто МВР го пушти Палчо да избега и дали беше презафатена со Самитот на ОБСЕ, наместо да реагира навремено за да биде спречено бегството од Македонија?

The post Kој е првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска – пребеганиот Љупчо Палевски – Палчо appeared first on Република.

]]>