Пакистан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pakistan/ За подобро да се разбереме Sat, 09 Nov 2024 10:47:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Пакистан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pakistan/ 32 32 Најмалку 25 загинати и речиси 50 повредени во експлозија на железничка станица во Пакистан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/najmalku-25-zaginati-i-rechisi-50-povredeni-vo-eksplozija-na-zheleznichka-stanitsa-vo-pakistan/ Sat, 09 Nov 2024 11:00:10 +0000 https://republika.mk/?p=835819

Најмалку 25 лица загинаа, а речиси 50 се повредени во денешната експлозија на бомба на железничка станица во Пакистан, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на локалните власти, локалната полиција и локалните медиуми.

Се очекува бројот на жртвите да се зголеми бидејќи во моментот на експлозијата на станицата имало стотици луѓе.

Нападот се случил на железничката станица во југозападниот град Квета, административен центар на провинцијата Белуџистан, токму во моментот кога експресниот воз тргнувал за Пешавар, главниот град на Хајбер-Пахтунхва.

Според истражителите нападот најверојатно бил самоубиствен напад, јави ДПА.

Генералниот полициски инспектор на Белуџистан, Васим Баиг, изјави дека цел на нападот биле ученици и војници од локалната пешадиска школа кои биле во станицата, пренесуваат британските медкуми. Според досегашните сознанија 14 од жртвите се воени лица.

Одговорноста за нападот ја презеде Ослободителната војска на Белуџистан, група од етнички белуџи која се бори за независност на покраината.

Минатата недела истата група уби двајца кинески инженери во Карачи и 20 рудари во два одвоени напади, јави ДПА.

The post Најмалку 25 загинати и речиси 50 повредени во експлозија на железничка станица во Пакистан appeared first on Република.

]]>

Најмалку 25 лица загинаа, а речиси 50 се повредени во денешната експлозија на бомба на железничка станица во Пакистан, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на локалните власти, локалната полиција и локалните медиуми. Се очекува бројот на жртвите да се зголеми бидејќи во моментот на експлозијата на станицата имало стотици луѓе. Нападот се случил на железничката станица во југозападниот град Квета, административен центар на провинцијата Белуџистан, токму во моментот кога експресниот воз тргнувал за Пешавар, главниот град на Хајбер-Пахтунхва. Според истражителите нападот најверојатно бил самоубиствен напад, јави ДПА. Генералниот полициски инспектор на Белуџистан, Васим Баиг, изјави дека цел на нападот биле ученици и војници од локалната пешадиска школа кои биле во станицата, пренесуваат британските медкуми. Според досегашните сознанија 14 од жртвите се воени лица. Одговорноста за нападот ја презеде Ослободителната војска на Белуџистан, група од етнички белуџи која се бори за независност на покраината. Минатата недела истата група уби двајца кинески инженери во Карачи и 20 рудари во два одвоени напади, јави ДПА.

The post Најмалку 25 загинати и речиси 50 повредени во експлозија на железничка станица во Пакистан appeared first on Република.

]]>
Од затвор во Пакистан избегаа 18 затвореници, дел од нив осудени на смрт https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/od-zatvor-vo-pakistan-izbegaa-18-zatvorenitsi-del-od-niv-osudeni-na-smrt/ Mon, 01 Jul 2024 13:15:37 +0000 https://republika.mk/?p=792451

Осумнаесет затвореници, од кои некои се осудени на смрт, избегаа од затвор на Хималаите во областа Кашмир во Пакистан, соопштија денеска локалните власти.

Според официјални лица, еден од бегалците имал пиштол со кој го совладал чуварот и ги украл клучевите од затворските ќелии.

Началникот на локалната полиција Ријаз Мугал изјави дека еден од затворениците починал ден претходно кога се обидел да побегне од затворот Равалакот.

Мугал рече дека е започната голема потера по сите оние што избегале, шефот на затворот е суспендиран, а неколку службеници се приведени на сослушување.

Шестмина избегани затвореници беа осудени на смрт, а тројца служеа доживотна казна.

 

The post Од затвор во Пакистан избегаа 18 затвореници, дел од нив осудени на смрт appeared first on Република.

]]>

Осумнаесет затвореници, од кои некои се осудени на смрт, избегаа од затвор на Хималаите во областа Кашмир во Пакистан, соопштија денеска локалните власти. Според официјални лица, еден од бегалците имал пиштол со кој го совладал чуварот и ги украл клучевите од затворските ќелии. Началникот на локалната полиција Ријаз Мугал изјави дека еден од затворениците починал ден претходно кога се обидел да побегне од затворот Равалакот. Мугал рече дека е започната голема потера по сите оние што избегале, шефот на затворот е суспендиран, а неколку службеници се приведени на сослушување. Шестмина избегани затвореници беа осудени на смрт, а тројца служеа доживотна казна.  

The post Од затвор во Пакистан избегаа 18 затвореници, дел од нив осудени на смрт appeared first on Република.

]]>
Разгневена толпа во Пакистан запалила куќа и претепала христијанин за наводно сквернавење на Куранот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/razgnevena-tolpa-vo-pakistan-zapalila-kuka-i-pretepala-hristijanin-za-navodno-skvernavene-na-kuranot/ Sat, 25 May 2024 15:45:49 +0000 https://republika.mk/?p=781668

Стотици гневни муслимани нападнале христијанин во Пакистан, го претепале и му ја запалиле куќата и продавницата за чевли поради обвинувања дека наводно го сквернавел Куранот, соопштија денеска локалните власти.

Началникот на окружната полиција во Саргода, град во провинцијата Пенџаб, рече дека полицијата дошла брзо и ги спасила животите на двајцата, ја растерала толпата и побарала помош од вероучители за да се смири ситуацијата.

Владата на Пенџаб го осуди нападот.

Еден од најлошите напади врз христијаните во Пакистан беше во август 2023 година, кога гневните толпи запалија цркви и нападнаа десетици луѓе во Џаранвала, област во провинцијата Пенџаб. Муслиманите тогаш тврдеа дека виделе христијанин и негов пријател како го кинат Куранот и ги фрлаат страниците на земја.

The post Разгневена толпа во Пакистан запалила куќа и претепала христијанин за наводно сквернавење на Куранот appeared first on Република.

]]>

Стотици гневни муслимани нападнале христијанин во Пакистан, го претепале и му ја запалиле куќата и продавницата за чевли поради обвинувања дека наводно го сквернавел Куранот, соопштија денеска локалните власти. Началникот на окружната полиција во Саргода, град во провинцијата Пенџаб, рече дека полицијата дошла брзо и ги спасила животите на двајцата, ја растерала толпата и побарала помош од вероучители за да се смири ситуацијата. Владата на Пенџаб го осуди нападот. Еден од најлошите напади врз христијаните во Пакистан беше во август 2023 година, кога гневните толпи запалија цркви и нападнаа десетици луѓе во Џаранвала, област во провинцијата Пенџаб. Муслиманите тогаш тврдеа дека виделе христијанин и негов пријател како го кинат Куранот и ги фрлаат страниците на земја.

The post Разгневена толпа во Пакистан запалила куќа и претепала христијанин за наводно сквернавење на Куранот appeared first on Република.

]]>
Пакистан го зафати невиден топлотен бран https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/pakistan-go-zafati-neviden-toploten-bran/ Thu, 23 May 2024 12:43:13 +0000 https://republika.mk/?p=781231

Топлотниот бран што зафати поголем дел од Пакистан принуди стотици луѓе да побараат медицинска помош, училиштата се затворени, а властите ги повикуваат луѓето да останат во затворени простории, да останат хидрирани и да избегнуваат непотребни патувања, соопштија локалните власти.

Некои места забележаа температури до 49 степени Целзиусови, лекарите рекоа дека лекувале стотици пациенти во градот Лахоре, додека голем број луѓе биле донесени во болниците во областите Хајдерабад, Ларкана и Јакобабад во јужната провинција Синд.

Локалните власти на една недела ги затворија сите училишта во провинцијата Пенџаб.

Деновиве дневните температури се за осум степени Целзиусови повисоки од просечната за мај, што предизвикува страв од поплави на северозападот од земјата поради топењето на глечерите од планините Каракорам и Хималаите.

Пакистан вели дека и покрај тоа што придонесува помалку од еден процент од емисиите на јаглерод, земјата го сноси најголемиот товар од глобалните климатски катастрофи.

Експертите велат дека неодамнешните промени во временските шеми се резултат на климатските промени предизвикани од човекот.

 

The post Пакистан го зафати невиден топлотен бран appeared first on Република.

]]>

Топлотниот бран што зафати поголем дел од Пакистан принуди стотици луѓе да побараат медицинска помош, училиштата се затворени, а властите ги повикуваат луѓето да останат во затворени простории, да останат хидрирани и да избегнуваат непотребни патувања, соопштија локалните власти. Некои места забележаа температури до 49 степени Целзиусови, лекарите рекоа дека лекувале стотици пациенти во градот Лахоре, додека голем број луѓе биле донесени во болниците во областите Хајдерабад, Ларкана и Јакобабад во јужната провинција Синд. Локалните власти на една недела ги затворија сите училишта во провинцијата Пенџаб. Деновиве дневните температури се за осум степени Целзиусови повисоки од просечната за мај, што предизвикува страв од поплави на северозападот од земјата поради топењето на глечерите од планините Каракорам и Хималаите. Пакистан вели дека и покрај тоа што придонесува помалку од еден процент од емисиите на јаглерод, земјата го сноси најголемиот товар од глобалните климатски катастрофи. Експертите велат дека неодамнешните промени во временските шеми се резултат на климатските промени предизвикани од човекот.  

The post Пакистан го зафати невиден топлотен бран appeared first on Република.

]]>
Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/avtobus-padna-vo-dlaboka-provalija-vo-pakistan-najmalku-20-zaginati-i-21-povreden/ Fri, 03 May 2024 10:27:26 +0000 https://republika.mk/?p=773737

Најмалку 20 лица загинаа денеска, а 21 е повредено кога автобусот во кој се наоѓале падна во длабока провалија на крајниот север на Пакистан, изјави портпаролот на локалната влада, Фајзулах Фирак.

Несреќата се случила на автономната територија Гилгит-Балтистан. Фирак рече дека повредените се пренесени во болници.

The post Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден appeared first on Република.

]]>

Најмалку 20 лица загинаа денеска, а 21 е повредено кога автобусот во кој се наоѓале падна во длабока провалија на крајниот север на Пакистан, изјави портпаролот на локалната влада, Фајзулах Фирак. Несреќата се случила на автономната територија Гилгит-Балтистан. Фирак рече дека повредените се пренесени во болници.

The post Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден appeared first on Република.

]]>
Иранскиот претседател оди во посета на Пакистан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/iranskiot-pretsedatel-odi-vo-poseta-na-pakistan/ Sun, 21 Apr 2024 12:37:33 +0000 https://republika.mk/?p=768858

Иранскиот претседател, Ибрахим Раиси, од утре до 24 април ќе престојува во официјална посета на Пакистан, соопшти пакистанското Министерство за надворешни работи.

Како што јавуваат агенциите, целта на посетата е зајакнување на односите меѓу Исламабад и Техеран.

Во соопштението на пакистанското министерство се вели дека за време на посетата, Раиси ќе се сретне со највисоките пакистански функционери, вклучително и претседателот Асиф Али Зардари, премиерот Шехбаз Шариф, претседателот на Сенатот и претседателот на Националното собрание.

Тие ќе разговараат и за регионалните и глобалните случувања и билатералната соработка за борба против заедничката закана од тероризам“, велат од пакистанското министерство.

По неодамнешната ескалација на конфликтот меѓу Иран и Израел, Исламабад ги повика сите страни на Блискиот Исток да „покажат воздржаност и да се свртат кон деескалација“.

The post Иранскиот претседател оди во посета на Пакистан appeared first on Република.

]]>

Иранскиот претседател, Ибрахим Раиси, од утре до 24 април ќе престојува во официјална посета на Пакистан, соопшти пакистанското Министерство за надворешни работи. Како што јавуваат агенциите, целта на посетата е зајакнување на односите меѓу Исламабад и Техеран. Во соопштението на пакистанското министерство се вели дека за време на посетата, Раиси ќе се сретне со највисоките пакистански функционери, вклучително и претседателот Асиф Али Зардари, премиерот Шехбаз Шариф, претседателот на Сенатот и претседателот на Националното собрание.
Тие ќе разговараат и за регионалните и глобалните случувања и билатералната соработка за борба против заедничката закана од тероризам“, велат од пакистанското министерство.
По неодамнешната ескалација на конфликтот меѓу Иран и Израел, Исламабад ги повика сите страни на Блискиот Исток да „покажат воздржаност и да се свртат кон деескалација“.

The post Иранскиот претседател оди во посета на Пакистан appeared first on Република.

]]>
Наспроти американскиот притисок: Пакистан почна да гради гасовод кон Иран https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nasproti-amerikanskiot-pritisok-pakistan-pochna-da-gradi-gasovod-kon-iran/ Wed, 10 Apr 2024 10:22:34 +0000 https://republika.mk/?p=764533

Пакистан почнува изградба на гасовод што ќе ја поврзе земјата со Иран.

Како што објавуваат медиумите, пакистанските власти почнале со градежните работи за изградба на 80-километарски дел од гасоводот Пакистан-Иран од Гвадар до точка каде што ќе може да се поврзе со иранскиот гасовод.

Изградбата почнува во очи на очекуваната посета на иранскиот претседател Ебрахим Раиси на Пакистан закажана за 22 април.

Почетокот на изградбата на овој гасоводо доаѓа во услови на силно американско неодобрување на билатералниот потфат на Пакистан со Иран. Претходно, портпарол на Стејт департментот изјави дека „водењето бизнис со Иран е ризик да се дојде во контакт со американските санкции“.

The post Наспроти американскиот притисок: Пакистан почна да гради гасовод кон Иран appeared first on Република.

]]>

Пакистан почнува изградба на гасовод што ќе ја поврзе земјата со Иран. Како што објавуваат медиумите, пакистанските власти почнале со градежните работи за изградба на 80-километарски дел од гасоводот Пакистан-Иран од Гвадар до точка каде што ќе може да се поврзе со иранскиот гасовод. Изградбата почнува во очи на очекуваната посета на иранскиот претседател Ебрахим Раиси на Пакистан закажана за 22 април. Почетокот на изградбата на овој гасоводо доаѓа во услови на силно американско неодобрување на билатералниот потфат на Пакистан со Иран. Претходно, портпарол на Стејт департментот изјави дека „водењето бизнис со Иран е ризик да се дојде во контакт со американските санкции“.

The post Наспроти американскиот притисок: Пакистан почна да гради гасовод кон Иран appeared first on Република.

]]>
Зардари почна втор претседателски мандат во Пакистан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zardari-pochna-vtor-pretsedatelski-mandat-vo-pakistan/ Sun, 10 Mar 2024 17:55:36 +0000 https://republika.mk/?p=753406

Асиф Али Зардари, вдовецот на поранешната пакистанска премиерка Беназир Буто, денеска положи заклетва како 14-ти претседател на Пакистан.

На церемонијата во претседателската палата во Исламабад присуствуваа цивилни и воени лидери.

Зардари, потпретседателот на Пакистанската народна партија (ППП), е првиот цивил кој е реизбран за претседател за втор петгодишен мандат.

Зардари (68) ја предводеше ППП откако неговата сопруга беше убиена во бомбашки и вооружен напад во 2007 година, а тој стана претседател во 2008 година.

Новиот мандат на Зардари почнува во време на протести поради наводното местење на националните избори, што се одржаа минатиот месец, на кои ниту една партија не освои мнозинство.

Некогаш моќна функција, претседателот на Пакистан со уставните измени во 2010 година, има церемонијална улога. ми/

 

The post Зардари почна втор претседателски мандат во Пакистан appeared first on Република.

]]>

Асиф Али Зардари, вдовецот на поранешната пакистанска премиерка Беназир Буто, денеска положи заклетва како 14-ти претседател на Пакистан. На церемонијата во претседателската палата во Исламабад присуствуваа цивилни и воени лидери. Зардари, потпретседателот на Пакистанската народна партија (ППП), е првиот цивил кој е реизбран за претседател за втор петгодишен мандат. Зардари (68) ја предводеше ППП откако неговата сопруга беше убиена во бомбашки и вооружен напад во 2007 година, а тој стана претседател во 2008 година. Новиот мандат на Зардари почнува во време на протести поради наводното местење на националните избори, што се одржаа минатиот месец, на кои ниту една партија не освои мнозинство. Некогаш моќна функција, претседателот на Пакистан со уставните измени во 2010 година, има церемонијална улога. ми/  

The post Зардари почна втор претседателски мандат во Пакистан appeared first on Република.

]]>
Поранешниот премиер на Пакистан прогласи победа на парламентарните избори во земјата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poraneshniot-premier-na-pakistan-proglasi-pobeda-na-parlamentarnite-izbori-vo-zemjata/ Fri, 09 Feb 2024 16:49:30 +0000 https://republika.mk/?p=742285

Поранешниот премиер на Пакистан, Наваз Шариф, прогласи победа на парламентарните избори во земјата, велејќи дека неговата партија освоила најмногу гласови и дека ќе разговара за формирање коалициска влада.

Шариф не соопшти колку пратенички места освоила неговата партија, а пребројувањето на гласовите во последните неколку изборни единици се уште трае.

Последните официјални податоци објавени од Изборната комисија на Пакистан покажуваат дека неговата Пакистанска муслиманска лига освоила 42 места, што е многу помалку од потребните 133 места за формирање влада.

Шариф изјави дека неговите пратеници подоцна ќе се сретнат со другите политички партии за да разговараат за формирање коалициска влада.

The post Поранешниот премиер на Пакистан прогласи победа на парламентарните избори во земјата appeared first on Република.

]]>

Поранешниот премиер на Пакистан, Наваз Шариф, прогласи победа на парламентарните избори во земјата, велејќи дека неговата партија освоила најмногу гласови и дека ќе разговара за формирање коалициска влада. Шариф не соопшти колку пратенички места освоила неговата партија, а пребројувањето на гласовите во последните неколку изборни единици се уште трае. Последните официјални податоци објавени од Изборната комисија на Пакистан покажуваат дека неговата Пакистанска муслиманска лига освоила 42 места, што е многу помалку од потребните 133 места за формирање влада. Шариф изјави дека неговите пратеници подоцна ќе се сретнат со другите политички партии за да разговараат за формирање коалициска влада.

The post Поранешниот премиер на Пакистан прогласи победа на парламентарните избори во земјата appeared first on Република.

]]>
Се заострува состојбата: Пакистански авиони нападнале засолништа на милитанти во Иран https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-zaostruva-sostojbata-pakistanski-avioni-napadnale-zasolnishta-na-militanti-vo-iran/ Thu, 18 Jan 2024 07:02:34 +0000 https://republika.mk/?p=734201

Пакистански борбени авиони нападнале наводни засолништа на националистички сепаратисти во соседен Иран, еден ден откако ирански дронови погодија исламистички борци во прекугранични напади, пренесе ДПА.

Пакистанското Министерство за надворешни работи соопшти дека воздушните сили ги гаѓале засолништата на сепаратистите во иранската провинција Систан во операција под кодно име Марг Барг Сарамчар.

Марг значи смрт на фарси и Сарамчар е терминот кој сепаратистичките милитантни организации го користат за да ги опишат нивните борци.

Иранската нова агенција Мехр соопшти дека најмалку седум лица загинале во нападите.

Пакистанските напади доаѓаат еден ден откако иранските власти соопштија дека гаѓале комплекс во пакистанската провинција Белучистан, кој го користат борците на групата Џаиш ал Адл.

Се верува дека Џаиш, сунитска милитантна група поврзана со Исламската држава во провинцијата Курасан (ISKP), извршила неколку смртоносни напади против иранската Револуционерна гарда и граничните сили во Систан во последниве години.

Портпаролот на пакистанското Министерство за надворешни работи, Мумтаз Балоч, рече дека Исламабад извршил одмазднички напади за да го одбрани својот суверенитет откако Иран ја наруши одбраната на земјата.

Пакистан, кој поседува нуклеарно оружје, и Иран за кој се верува дека се обидува да развие нуклеарно оружје, имаат проблематични односи.

Нападите од страна на Пакистан, каде живее сунитско мнозинство, и Иран каде доминираат шиити, ги ескалираа тензиите, по што регионалните сили Кина и Русија ги повикаа двете страни да покажат воздржаност и да не дозволат конфликтот дополнително да ескалира.

The post Се заострува состојбата: Пакистански авиони нападнале засолништа на милитанти во Иран appeared first on Република.

]]>

Пакистански борбени авиони нападнале наводни засолништа на националистички сепаратисти во соседен Иран, еден ден откако ирански дронови погодија исламистички борци во прекугранични напади, пренесе ДПА. Пакистанското Министерство за надворешни работи соопшти дека воздушните сили ги гаѓале засолништата на сепаратистите во иранската провинција Систан во операција под кодно име Марг Барг Сарамчар. Марг значи смрт на фарси и Сарамчар е терминот кој сепаратистичките милитантни организации го користат за да ги опишат нивните борци. Иранската нова агенција Мехр соопшти дека најмалку седум лица загинале во нападите. Пакистанските напади доаѓаат еден ден откако иранските власти соопштија дека гаѓале комплекс во пакистанската провинција Белучистан, кој го користат борците на групата Џаиш ал Адл. Се верува дека Џаиш, сунитска милитантна група поврзана со Исламската држава во провинцијата Курасан (ISKP), извршила неколку смртоносни напади против иранската Револуционерна гарда и граничните сили во Систан во последниве години. Портпаролот на пакистанското Министерство за надворешни работи, Мумтаз Балоч, рече дека Исламабад извршил одмазднички напади за да го одбрани својот суверенитет откако Иран ја наруши одбраната на земјата. Пакистан, кој поседува нуклеарно оружје, и Иран за кој се верува дека се обидува да развие нуклеарно оружје, имаат проблематични односи. Нападите од страна на Пакистан, каде живее сунитско мнозинство, и Иран каде доминираат шиити, ги ескалираа тензиите, по што регионалните сили Кина и Русија ги повикаа двете страни да покажат воздржаност и да не дозволат конфликтот дополнително да ескалира.

The post Се заострува состојбата: Пакистански авиони нападнале засолништа на милитанти во Иран appeared first on Република.

]]>
Иран го нападна Пакистан со проектили – загинаа две деца https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/iran-go-napadna-pakistan-so-proektili-zaginaa-dve-detsa/ Wed, 17 Jan 2024 08:26:56 +0000 https://republika.mk/?p=733869

Иран изврши ракетен напад врз Пакистан, чија цел била сунитска милитантна група на југот на земјата, што е најнов показател за бранот на насилство кој се шири на Блискиот Исток.

Пакистан соопшти дека Иран го нарушил воздушниот простор на земјата и убил две деца, неколку часа откако иранските државни медиуми објавија дека две бази на милитантната група Џаиш ал Адл во Пакистан биле цел на ракетен напад.

Портпаролот на пакистанското министерство за надворешни работи во соопштение наведе дека инцидентот може да има „сериозни последици“ и дека е „целосно неприфатлив“, пренесува „Ројтерс“.

Иран тврди дека членовите на групата Џаиш ал Адл претходно извршиле напади врз иранските безбедносни сили во пограничната област со Пакистан.

„Овие бази беа погодени и уништени со проектили и дронови“, соопштија иранските државни медиуми, без да наведат детали.

Иранскиот Nurnews, поврзан со безбедносните структури, објави дека биле нападнати базите во пакистанската провинција Балучистан, додека Исламабад не ја спомена локацијата.

 

The post Иран го нападна Пакистан со проектили – загинаа две деца appeared first on Република.

]]>

Иран изврши ракетен напад врз Пакистан, чија цел била сунитска милитантна група на југот на земјата, што е најнов показател за бранот на насилство кој се шири на Блискиот Исток. Пакистан соопшти дека Иран го нарушил воздушниот простор на земјата и убил две деца, неколку часа откако иранските државни медиуми објавија дека две бази на милитантната група Џаиш ал Адл во Пакистан биле цел на ракетен напад. Портпаролот на пакистанското министерство за надворешни работи во соопштение наведе дека инцидентот може да има „сериозни последици“ и дека е „целосно неприфатлив“, пренесува „Ројтерс“. Иран тврди дека членовите на групата Џаиш ал Адл претходно извршиле напади врз иранските безбедносни сили во пограничната област со Пакистан. „Овие бази беа погодени и уништени со проектили и дронови“, соопштија иранските државни медиуми, без да наведат детали. Иранскиот Nurnews, поврзан со безбедносните структури, објави дека биле нападнати базите во пакистанската провинција Балучистан, додека Исламабад не ја спомена локацијата.  

The post Иран го нападна Пакистан со проектили – загинаа две деца appeared first on Република.

]]>
Врховниот суд на Пакистан и забрани на партијата на поранешниот премиер Имран Кан да учествува на изборите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vrhovniot-sud-na-pakistan-i-zabrani-na-partijata-na-poraneshniot-premier-imran-kan-da-uchestvuva-na-izborite/ Sun, 14 Jan 2024 13:59:05 +0000 https://republika.mk/?p=732918

Врховниот суд на Пакистан и забрани на партијата на поранешниот премиер, Имран Кан, да учествува на изборите и одлуката е голем удар за партијата која сè уште е популарна меѓу народот.

Во одлуката се наведува дека Врховниот суд и забранува на партијата на Кан да го користи партискиот симбол - палката за крикет, на гласачките ливчиња поради неодржување задолжителни внатрепартиски избори. Одлуката значи дека стотици кандидати од пакистанскиот Техрик-е-Инсааф (ПТИ) ќе се натпреваруваат на изборите како независни и ќе им бидат доделени различни изборни симболи.

Овој потег веројатно ќе им отежне на повеќе од 100 милиони граѓани со право на глас да ги најдат своите фаворити на општите избори закажани за 8 февруари.

Членовите на партијата ја осудија одлуката.

Одлуката на највисокиот суд уште повеќе ги извалка овие лажни избори, изјави Зулфи Бухари, функционер на ПТИ и близок соработник на поранешниот премиер.

Минатиот месец, изборните власти ја отфрлија кандидатурата на Кан за претстојните избори. Кан е во затвор од август, соочен со десетина обвиненија, од корупција до објавување тајна дипломатска кореспонденција.

Од друга страна, одлуката на највисокиот суд во земјата минатата недела му го отвори патот на поранешниот премиер Наваз Шариф да се кандидира за рекорден четврти мандат.

Шариф, кој трипати владееше со Пакистан, но никогаш не можеше да го заврши мандатот поради несогласувањата со војската, повторно е фаворит.

И Кан и Шариф доживеаја политички неуспеси откако паднаа во немилост кај моќните воени фигури.

Од основањето на државата во 1947 година, јужноазиската земја, која се наоѓа меѓу Индија и Авганистан, постојано доживува немири и нестабилност, а можната армија повеќе од половина од тоа време владееше со земјата.

The post Врховниот суд на Пакистан и забрани на партијата на поранешниот премиер Имран Кан да учествува на изборите appeared first on Република.

]]>

Врховниот суд на Пакистан и забрани на партијата на поранешниот премиер, Имран Кан, да учествува на изборите и одлуката е голем удар за партијата која сè уште е популарна меѓу народот. Во одлуката се наведува дека Врховниот суд и забранува на партијата на Кан да го користи партискиот симбол - палката за крикет, на гласачките ливчиња поради неодржување задолжителни внатрепартиски избори. Одлуката значи дека стотици кандидати од пакистанскиот Техрик-е-Инсааф (ПТИ) ќе се натпреваруваат на изборите како независни и ќе им бидат доделени различни изборни симболи. Овој потег веројатно ќе им отежне на повеќе од 100 милиони граѓани со право на глас да ги најдат своите фаворити на општите избори закажани за 8 февруари. Членовите на партијата ја осудија одлуката.
Одлуката на највисокиот суд уште повеќе ги извалка овие лажни избори, изјави Зулфи Бухари, функционер на ПТИ и близок соработник на поранешниот премиер.
Минатиот месец, изборните власти ја отфрлија кандидатурата на Кан за претстојните избори. Кан е во затвор од август, соочен со десетина обвиненија, од корупција до објавување тајна дипломатска кореспонденција. Од друга страна, одлуката на највисокиот суд во земјата минатата недела му го отвори патот на поранешниот премиер Наваз Шариф да се кандидира за рекорден четврти мандат. Шариф, кој трипати владееше со Пакистан, но никогаш не можеше да го заврши мандатот поради несогласувањата со војската, повторно е фаворит. И Кан и Шариф доживеаја политички неуспеси откако паднаа во немилост кај моќните воени фигури. Од основањето на државата во 1947 година, јужноазиската земја, која се наоѓа меѓу Индија и Авганистан, постојано доживува немири и нестабилност, а можната армија повеќе од половина од тоа време владееше со земјата.

The post Врховниот суд на Пакистан и забрани на партијата на поранешниот премиер Имран Кан да учествува на изборите appeared first on Република.

]]>
Поранешниот пакистански премиер се врати во земјата од егзил и сака да учествува на избори за премиер https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poraneshniot-pakistanski-premier-se-vrati-vo-zemjata-od-egzil-i-saka-da-uchestvuva-na-izbori-za-premier/ Sun, 22 Oct 2023 09:25:53 +0000 https://republika.mk/?p=693822

Трикратниот пакистански премиер, Наваз Шариф, се врати во земјата по четири години самонаметнат егзил во Лондон за да ја почне изборната кампања на неговата партија, три месеци пред изборите во земјата.

Според локалните медиуми, 73-годишниот политичар ќе учествува на изборен митинг во неговиот роден град Лахоре по пристигнувањето во Исламабад заедно со 194 членови на неговата партија и медиумски организации.

Шариф не бил во Пакистан откако замина во Лондон на лекување во 2019 година додека отслужуваше 14-годишна затворска казна за корупција. Неговите обвиненија сè уште се во тек, но според судската одлука издадена во четвртокот, на властите им е забрането да го уапсат до вторник, кога треба да се појави на суд.

Иако не може да се кандидира на избори или да извршува јавна функција поради обвиненијата против него, неговиот правен тим вели дека планира да поднесе жалба, а неговата партија посочи дека Шариф ќе бара четврти мандат како премиер.

Негов најголем предизвик ќе биде да ги придобие гласачите на неговиот главен ривал Имран Кан, кој останува популарен и покрај тоа што е во затвор откако беше сменет од премиерската функција во 2022 година. На Кан му е забрането да се кандидира на изборите според неговата пресуда за поткуп, изречена во август, која ја обжалува.

The post Поранешниот пакистански премиер се врати во земјата од егзил и сака да учествува на избори за премиер appeared first on Република.

]]>

Трикратниот пакистански премиер, Наваз Шариф, се врати во земјата по четири години самонаметнат егзил во Лондон за да ја почне изборната кампања на неговата партија, три месеци пред изборите во земјата. Според локалните медиуми, 73-годишниот политичар ќе учествува на изборен митинг во неговиот роден град Лахоре по пристигнувањето во Исламабад заедно со 194 членови на неговата партија и медиумски организации. Шариф не бил во Пакистан откако замина во Лондон на лекување во 2019 година додека отслужуваше 14-годишна затворска казна за корупција. Неговите обвиненија сè уште се во тек, но според судската одлука издадена во четвртокот, на властите им е забрането да го уапсат до вторник, кога треба да се појави на суд. Иако не може да се кандидира на избори или да извршува јавна функција поради обвиненијата против него, неговиот правен тим вели дека планира да поднесе жалба, а неговата партија посочи дека Шариф ќе бара четврти мандат како премиер. Негов најголем предизвик ќе биде да ги придобие гласачите на неговиот главен ривал Имран Кан, кој останува популарен и покрај тоа што е во затвор откако беше сменет од премиерската функција во 2022 година. На Кан му е забрането да се кандидира на изборите според неговата пресуда за поткуп, изречена во август, која ја обжалува.

The post Поранешниот пакистански премиер се врати во земјата од егзил и сака да учествува на избори за премиер appeared first on Република.

]]>
Уапсени сопственикот и операторот на жичницата која вчера се заглави во Пакистан https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/uapseni-sopstvenikot-i-operatorot-na-zhichnitsata-koja-vchera-se-zaglavi-vo-pakistan/ Wed, 23 Aug 2023 17:01:48 +0000 https://republika.mk/?p=675074

Во Пакистан денеска се уапсени сопственикот и операторот на жичницата која вчера се заглави поради силниот ветер, соопшти локалната полиција.

Двајцата мажи биле приведени откако сите деца биле спасени, но не се наведени детали за обвиненијата против нив.

Пакистанската армија вчера спаси шест деца и двајца возрасни, кои останаа заробени во жичницата, заглавена на висина од околу 370 метри.

Децата со жичницата патувале на училиште во оддалечената планинска област Батаграм, околу 200 километри северно од Исламабад, соопштија властите.

 

The post Уапсени сопственикот и операторот на жичницата која вчера се заглави во Пакистан appeared first on Република.

]]>

Во Пакистан денеска се уапсени сопственикот и операторот на жичницата која вчера се заглави поради силниот ветер, соопшти локалната полиција. Двајцата мажи биле приведени откако сите деца биле спасени, но не се наведени детали за обвиненијата против нив. Пакистанската армија вчера спаси шест деца и двајца возрасни, кои останаа заробени во жичницата, заглавена на висина од околу 370 метри. Децата со жичницата патувале на училиште во оддалечената планинска област Батаграм, околу 200 километри северно од Исламабад, соопштија властите.  

The post Уапсени сопственикот и операторот на жичницата која вчера се заглави во Пакистан appeared first on Република.

]]>
Ова се децата кои 15 часа висеа на жичарницата над провалија во Пакистан https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/ova-se-detsata-koi-15-chasa-visea-na-zhicharnitsata-nad-provalija-vo-pakistan/ Wed, 23 Aug 2023 16:39:22 +0000 https://republika.mk/?p=675068

Сите осум патници се спасени од кабината на жичарата која повеќе од 15 часа висеше на 400 метри над провалијата во Пакистан.

Седум деца на возраст од 11 до 15 години и нивнито наставник останале заробени во гондола откако една од сајлите им се скинал додека патувале на училиште.

Две деца беа спасени со хеликоптери во текот на денот, пред другите да бидат извлечени на безбедно преку зип-лајн за време на ризична ноќна операција.

На застрашувачките снимки што беа објавени, може да се види како патник виси од јажето прикачено на хеликоптерот пред да биде вовлечен во леталото.

На фотографиите се гледаат децата по спасувањето, уморни и исцрпени, додека на некои од нив им била укажана лекарска помош.

Децата оделе на училиште со жичара во северозападен Пакистан, во планинскиот дел на земјата.

Жичницата поврзува две населени места и има две сајли од кои едната пукнала.

 

The post Ова се децата кои 15 часа висеа на жичарницата над провалија во Пакистан appeared first on Република.

]]>

Сите осум патници се спасени од кабината на жичарата која повеќе од 15 часа висеше на 400 метри над провалијата во Пакистан. Седум деца на возраст од 11 до 15 години и нивнито наставник останале заробени во гондола откако една од сајлите им се скинал додека патувале на училиште. Две деца беа спасени со хеликоптери во текот на денот, пред другите да бидат извлечени на безбедно преку зип-лајн за време на ризична ноќна операција. На застрашувачките снимки што беа објавени, може да се види како патник виси од јажето прикачено на хеликоптерот пред да биде вовлечен во леталото. На фотографиите се гледаат децата по спасувањето, уморни и исцрпени, додека на некои од нив им била укажана лекарска помош. Децата оделе на училиште со жичара во северозападен Пакистан, во планинскиот дел на земјата. Жичницата поврзува две населени места и има две сајли од кои едната пукнала.  

The post Ова се децата кои 15 часа висеа на жичарницата над провалија во Пакистан appeared first on Република.

]]>
Драматична акција на спасување во Пакистан: Шест ученици и двајца професори висат од жичница на 274 метри над земјата https://arhiva3.republika.mk/vesti/dramatichna-aktsija-na-spasuvane-vo-pakistan-shest-uchenitsi-i-dvajtsa-profesori-visat-od-zhichnitsa-na-274-metri-nad-zemjata/ Tue, 22 Aug 2023 10:22:29 +0000 https://republika.mk/?p=674537

Шест ученици и двајца професори се возеле со жичница во Пакистан кога се скинала сајла и жичарницата била висната над долината на околу 274 метри над земјата. Спасувањето е во тек.

Децата биле на пат кон училиштето кога еден од каблите се скинал, оставајќи ја жичарницата да виси на 274 метри над земјата, јавува Би-Би-Си.

Локален наставник изјавил дека околу 150 ученици секојдневно го прават опасното патување до училиштето со жичарата поради недостаток на транспортна инфраструктура во областа.

„Жичарата е заглавена на место каде што е речиси невозможно да се помогне без хеликоптер“, изјави за АФП Зулфикар Кан, официјален претставник на пакистанската спасувачка служба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dawn Today (@dawn.today)

Преодниот премиер на Пакистан, Анваар-ул-Хак Какар, ја изрази својата загриженост во објава на Твитер.

„Им наредив на властите да спроведат безбедносни инспекции на сите такви приватни јажиња и да се осигураат дека тие се безбедни за работа и употреба“, рече тој во соопштението.

„Те молам Боже, помогни ни“, викал еден од заробените во жичарницата за локалната телевизија „Гео њуз“.

Тој исто така, како што јави Би-би-си, рекол дека еден од учениците паднал во несвест и дека на жичарницата имало ученици на возраст од 10 до 15 години.

https://www.youtube.com/watch?v=EFXkE-DBjng

 

 

The post Драматична акција на спасување во Пакистан: Шест ученици и двајца професори висат од жичница на 274 метри над земјата appeared first on Република.

]]>

Шест ученици и двајца професори се возеле со жичница во Пакистан кога се скинала сајла и жичарницата била висната над долината на околу 274 метри над земјата. Спасувањето е во тек. Децата биле на пат кон училиштето кога еден од каблите се скинал, оставајќи ја жичарницата да виси на 274 метри над земјата, јавува Би-Би-Си. Локален наставник изјавил дека околу 150 ученици секојдневно го прават опасното патување до училиштето со жичарата поради недостаток на транспортна инфраструктура во областа. „Жичарата е заглавена на место каде што е речиси невозможно да се помогне без хеликоптер“, изјави за АФП Зулфикар Кан, официјален претставник на пакистанската спасувачка служба.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Dawn Today (@dawn.today)

Преодниот премиер на Пакистан, Анваар-ул-Хак Какар, ја изрази својата загриженост во објава на Твитер. „Им наредив на властите да спроведат безбедносни инспекции на сите такви приватни јажиња и да се осигураат дека тие се безбедни за работа и употреба“, рече тој во соопштението. „Те молам Боже, помогни ни“, викал еден од заробените во жичарницата за локалната телевизија „Гео њуз“. Тој исто така, како што јави Би-би-си, рекол дека еден од учениците паднал во несвест и дека на жичарницата имало ученици на возраст од 10 до 15 години. https://www.youtube.com/watch?v=EFXkE-DBjng    

The post Драматична акција на спасување во Пакистан: Шест ученици и двајца професори висат од жичница на 274 метри над земјата appeared first on Република.

]]>
Осум деца во Пакистан заробени на жичарница на висина од 400 метри, под нив провалија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/osum-detsa-vo-pakistan-zarobeni-na-zhicharnitsa-na-visina-od-400-metri-pod-niv-provalija/ Tue, 22 Aug 2023 08:34:03 +0000 https://republika.mk/?p=674459

Во Пакистан во тек се итни операции за спасување на осум деца и двајца возрасни заробени во жичара која виси на речиси 400 метри над планинскиот регион во северозападниот дел на земјата.

Децата патувале на училиште во провинцијата Хајбер Пахтунхва кога една од жичарниците се скинала во 9 часот наутро по локално време, изјавил претставникот на спасувачките служби Билал Ахмад Фаизи, според Си-Ен-Ен.

Танвер Ур Реман, локален официјален претставник на областа Батаграм, рече дека спасувачките напори се изведуваат од земја поради висината на системот на жичарницата.

Седиштето виси 365 метри над земјата. Спасувачките напори се невозможни без хеликоптери, а потребни се искусни спасувачки службеници за да се осигураме дека спасувањето ќе помине без проблеми, рече тој.

Жичницата поврзува две заедници во регионот и оди преку два кабли, од кои едниот пукнал. Под жичарницата има бездна.

Многу деца кои живеат во оддалечените и планински делови на покраината се потпираат на жичарници за да стигнат до и од училиште.

The post Осум деца во Пакистан заробени на жичарница на висина од 400 метри, под нив провалија appeared first on Република.

]]>

Во Пакистан во тек се итни операции за спасување на осум деца и двајца возрасни заробени во жичара која виси на речиси 400 метри над планинскиот регион во северозападниот дел на земјата. Децата патувале на училиште во провинцијата Хајбер Пахтунхва кога една од жичарниците се скинала во 9 часот наутро по локално време, изјавил претставникот на спасувачките служби Билал Ахмад Фаизи, според Си-Ен-Ен. Танвер Ур Реман, локален официјален претставник на областа Батаграм, рече дека спасувачките напори се изведуваат од земја поради висината на системот на жичарницата.
Седиштето виси 365 метри над земјата. Спасувачките напори се невозможни без хеликоптери, а потребни се искусни спасувачки службеници за да се осигураме дека спасувањето ќе помине без проблеми, рече тој.
Жичницата поврзува две заедници во регионот и оди преку два кабли, од кои едниот пукнал. Под жичарницата има бездна. Многу деца кои живеат во оддалечените и планински делови на покраината се потпираат на жичарници за да стигнат до и од училиште.

The post Осум деца во Пакистан заробени на жичарница на висина од 400 метри, под нив провалија appeared first on Република.

]]>
Пакистан назначи привремен премиер https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pakistan-naznachi-privremen-premier/ Sat, 12 Aug 2023 14:40:44 +0000 https://republika.mk/?p=671429

Пакистан денеска го именуваше Анварул Хак Какар за привремен премиер кој ќе го надгледува спроведувањето на општите избори, јави ДПА.

„Премиерот Шахбаз Шариф и лидерот на опозицијата во Националното собрание Раџа Ријаз Ахмад го финализираа името на привремениот премиер“, се вели во соопштението објавено од кабинетот на Шариф.

Двајцата лидери одржаа неколку состаноци за да изберат неутрална личност која ќе ја води земјата на избори.

Документ потпишан од двајцата лидери е испратен до претседателот на официјално одобрување и објавување.

Какар потекнува од најнестабилната провинција во земјата, Балучистан, и моментално е сенатор.

Во четвртокот, претседателот Ариф Алви го распушти 15-тото Национално собрание, означувајќи го крајот на петгодишниот мандат на законодавниот дом.

Тоа беше трето по ред собрание што го заврши својот мандат, што ниту еден премиер не го постигнал во 75-годишната историја на земјата.

Општите избори треба да се одржат во рок од 90 дена од распуштањето на парламентот.

Како што јави ДПА, изборите во Пакистан, нуклеарна сила со население од повеќе од 240 милиони луѓе и кревка демократија, секогаш се со контроверзи и обвинувања за манипулација со гласовите. паг/

 

The post Пакистан назначи привремен премиер appeared first on Република.

]]>

Пакистан денеска го именуваше Анварул Хак Какар за привремен премиер кој ќе го надгледува спроведувањето на општите избори, јави ДПА. „Премиерот Шахбаз Шариф и лидерот на опозицијата во Националното собрание Раџа Ријаз Ахмад го финализираа името на привремениот премиер“, се вели во соопштението објавено од кабинетот на Шариф. Двајцата лидери одржаа неколку состаноци за да изберат неутрална личност која ќе ја води земјата на избори. Документ потпишан од двајцата лидери е испратен до претседателот на официјално одобрување и објавување. Какар потекнува од најнестабилната провинција во земјата, Балучистан, и моментално е сенатор. Во четвртокот, претседателот Ариф Алви го распушти 15-тото Национално собрание, означувајќи го крајот на петгодишниот мандат на законодавниот дом. Тоа беше трето по ред собрание што го заврши својот мандат, што ниту еден премиер не го постигнал во 75-годишната историја на земјата. Општите избори треба да се одржат во рок од 90 дена од распуштањето на парламентот. Како што јави ДПА, изборите во Пакистан, нуклеарна сила со население од повеќе од 240 милиони луѓе и кревка демократија, секогаш се со контроверзи и обвинувања за манипулација со гласовите. паг/  

The post Пакистан назначи привремен премиер appeared first on Република.

]]>
Бројот на жртвите од самоубиствениот напад во Пакистан се искачи на 54 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/brojot-na-zhrtvite-od-samoubistveniot-napad-vo-pakistan-se-iskachi-na-54/ Mon, 31 Jul 2023 12:41:30 +0000 https://republika.mk/?p=667284

Бројот на загинатите во вчерашниот самоубиствен напад во северозападен Пакистан се искачи на 54. Додека 200 луѓе се повредени, од кои 14 се во тешка здравствена состојба.

Бомбаш самоубиец вчера се разнесе на митинг на исламската политичка партија во Бајаур, планинска област во близина на границата со Авганистан, која некогаш била под контрола на пакистанските талибанци.

Најмалку тројца осомничени беа уапсени во текот на ноќта поради можна поврзаност со бомбашкиот напад и беа испрашувани од страна на разузнавачките и органите за спроведување на законот.

Пакистанските власти за нападот ја обвинија Исламска држава.

Исламска држава во Курасан (ИСИК), локален огранок на екстремистичката група, е активна и во Авганистан и во Пакистан од 2015 година и стои зад неколку смртоносни напади.

The post Бројот на жртвите од самоубиствениот напад во Пакистан се искачи на 54 appeared first on Република.

]]>

Бројот на загинатите во вчерашниот самоубиствен напад во северозападен Пакистан се искачи на 54. Додека 200 луѓе се повредени, од кои 14 се во тешка здравствена состојба. Бомбаш самоубиец вчера се разнесе на митинг на исламската политичка партија во Бајаур, планинска област во близина на границата со Авганистан, која некогаш била под контрола на пакистанските талибанци. Најмалку тројца осомничени беа уапсени во текот на ноќта поради можна поврзаност со бомбашкиот напад и беа испрашувани од страна на разузнавачките и органите за спроведување на законот. Пакистанските власти за нападот ја обвинија Исламска држава. Исламска држава во Курасан (ИСИК), локален огранок на екстремистичката група, е активна и во Авганистан и во Пакистан од 2015 година и стои зад неколку смртоносни напади.

The post Бројот на жртвите од самоубиствениот напад во Пакистан се искачи на 54 appeared first on Република.

]]>
Над 40 лица во Пакистан се загинати во експлозија сред подготовки за политички митинг https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nad-40-litsa-vo-pakistan-se-zaginati-vo-eksplozija-sred-podgotovki-za-politichki-miting/ Sun, 30 Jul 2023 18:36:08 +0000 https://republika.mk/?p=667065

Најмалку 40 лица загинаа, а десетици се повредени денеска во експлозија за време на подготовките за јавен политички митинг во северозападен Пакистан, објавија полицијата и локалните медиуми.

„Експлозијата се случила околу 17:00 часот по локално време, еден час пред почетокот на настанот во племенскиот кварт Бајаур, кој се наоѓа во близина на границата со Авганистан“, соопшти полицијата.

Медиумите информираат дека причина за експлозијата најверојатно е бомба.

Собирот го организираше Џамијат Улема Ислам (ЈУИ), коалициски партнер во Федералната влада.

Здравствените власти стравуваат дека бројот на жртвите може да се зголеми, бидејќи неколку лица меѓу повредените се во критична состојба.

Локалната телевизија Samaa News објави видео од членовите на ЈУИ и спасувачите како ги носат телата и повредените во возилата на брзата помош додека чад се шири низ областа.

Не се познати детали за причината за експлозијата, четврта за помалку од три недели во северозападната пакистанска провинција Хајбер Пахтунхва

The post Над 40 лица во Пакистан се загинати во експлозија сред подготовки за политички митинг appeared first on Република.

]]>

Најмалку 40 лица загинаа, а десетици се повредени денеска во експлозија за време на подготовките за јавен политички митинг во северозападен Пакистан, објавија полицијата и локалните медиуми.
„Експлозијата се случила околу 17:00 часот по локално време, еден час пред почетокот на настанот во племенскиот кварт Бајаур, кој се наоѓа во близина на границата со Авганистан“, соопшти полицијата.
Медиумите информираат дека причина за експлозијата најверојатно е бомба. Собирот го организираше Џамијат Улема Ислам (ЈУИ), коалициски партнер во Федералната влада. Здравствените власти стравуваат дека бројот на жртвите може да се зголеми, бидејќи неколку лица меѓу повредените се во критична состојба. Локалната телевизија Samaa News објави видео од членовите на ЈУИ и спасувачите како ги носат телата и повредените во возилата на брзата помош додека чад се шири низ областа. Не се познати детали за причината за експлозијата, четврта за помалку од три недели во северозападната пакистанска провинција Хајбер Пахтунхва

The post Над 40 лица во Пакистан се загинати во експлозија сред подготовки за политички митинг appeared first on Република.

]]>