пакети храна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/paketi-hrana/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Dec 2023 20:33:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пакети храна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/paketi-hrana/ 32 32 Пакети од фондација „Заев“ предизборно се делат од министерката Тренчевска https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/paketi-od-fondatsija-zaev-predizborno-se-delat-od-ministerkata-trenchevska/ Wed, 20 Dec 2023 20:54:31 +0000 https://republika.mk/?p=725042

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска во посета на Крива Паланка и Куманово доделуваше пакети прехранбени продукти и пакетчиња за деца. Како што се вели во соопштението, овие активности се во рамки на активностите кои Министерството за труд и социјална политика ги спроведува за време на последните две седмици пред новата година.

Во Крива Паланка министерката Тренчевска на почетокот од денот се сретна со деца од подрачните основни училишта од руралните средини и додели нас 120 пакетчиња заедно со градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски. Тренчевска во рамки на посетата во Крива Паланка додели и пакети со храна на повеќе од 10 семејства од социјално ранливи категории на граѓани. Министерката со активности продолжи и во Куманово каде исто така додели пакети со храна на социјално ранливи категории на семејства.


Министерката од СДСМ за време на посетите информирала граѓаните и за финансиската помош која ја доделува Владата, а како што велат од МТСП, особено ги поттикнувала за користење за мерките наменети за средношколците и основците. Исто така, ги поттикнувала семејствата приматели на Гарантирана минимална помош да се пријават за користење на мерките, истакнувајќи им дека истите се креирани за да се олесни животот на граѓаните.

Целта на активностите под името „Среќата се споделува“ е да се негува култура на споделување точно во времето пред новогодишните и Божиќните празници, велат од МТСП.

Од таму велат дека споделувањето на пакети со храна и новогодишни пакетчиња за деца е поддржано од Фондација „ЗАЕВ“ и Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп.

Соопштението дојде со наслов „Тренчевска: Во периодот на празници мора да има повеќе за сите“, инаку слоган на новите партиски трибини од СДСМ.

The post Пакети од фондација „Заев“ предизборно се делат од министерката Тренчевска appeared first on Република.

]]>

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска во посета на Крива Паланка и Куманово доделуваше пакети прехранбени продукти и пакетчиња за деца. Како што се вели во соопштението, овие активности се во рамки на активностите кои Министерството за труд и социјална политика ги спроведува за време на последните две седмици пред новата година. Во Крива Паланка министерката Тренчевска на почетокот од денот се сретна со деца од подрачните основни училишта од руралните средини и додели нас 120 пакетчиња заедно со градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски. Тренчевска во рамки на посетата во Крива Паланка додели и пакети со храна на повеќе од 10 семејства од социјално ранливи категории на граѓани. Министерката со активности продолжи и во Куманово каде исто така додели пакети со храна на социјално ранливи категории на семејства. Министерката од СДСМ за време на посетите информирала граѓаните и за финансиската помош која ја доделува Владата, а како што велат од МТСП, особено ги поттикнувала за користење за мерките наменети за средношколците и основците. Исто така, ги поттикнувала семејствата приматели на Гарантирана минимална помош да се пријават за користење на мерките, истакнувајќи им дека истите се креирани за да се олесни животот на граѓаните.
Целта на активностите под името „Среќата се споделува“ е да се негува култура на споделување точно во времето пред новогодишните и Божиќните празници, велат од МТСП.
Од таму велат дека споделувањето на пакети со храна и новогодишни пакетчиња за деца е поддржано од Фондација „ЗАЕВ“ и Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп. Соопштението дојде со наслов „Тренчевска: Во периодот на празници мора да има повеќе за сите“, инаку слоган на новите партиски трибини од СДСМ.

The post Пакети од фондација „Заев“ предизборно се делат од министерката Тренчевска appeared first on Република.

]]>