пакет мерки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/paket-merki/ За подобро да се разбереме Sun, 16 Oct 2022 19:17:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пакет мерки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/paket-merki/ 32 32 Николоски: Се случува колапс во државата, Владата да ги прифати мерките кои ги предложи ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-se-sluchuva-kolaps-vo-drzavata-vladata-da-gi-prifati-merkite-koi-gi-predlozi-vmro-dpmne/ Sun, 16 Oct 2022 19:15:11 +0000 https://republika.mk/?p=561797

Александар Николоски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека како партија понудиле пет мерки кои власта не ги прифатила.

Гледаме со какво фијаско и со каков колапс се соочува економијата. Она што ние го кажавме во јавност ништо не е реализирано. Прва мерка предлагаме ноќните вишоци и вишоците на произведена струја од ЕЛЕМ во текот на викендите да се дадат на македонското стопанство, тоа може со одлука на ЕЛЕМ и влада и тука нема потреба од закон, изјави Николоски за „Тема на денот“ во дневникот на Сител.

Николоски во однос на недела неработен и критиките од синдикатите посочи дека ВМРО-ДПМНЕ не бара да нема слободен ден, туку слободен да се избере некој друг за да може во недела компаниите да користат поевтина струја и да не пропадне стопанството.

– Во однос на слободен ден ние рековме, да може било кој ден да не се работи, работодавачот да одбере кој ќе биде, да има неработен ден, но да не е недела за да е поевтина струјата. Од синдикатите треба да се свесни дека ако останат вакви работите, ќе мора да излегуваат на улица затоа што стотици илјади нивни членови ќе останат без работа затоа што компаниите нема да може да плаќаат, ќе затворат компаниите, рече Николоски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ предлага викенд без ДДВ затоа што во продавниците основните производи се зголемени од 50 до 100%, тоа сите го знаеме.

– Исто така предлагаме одложување на скалестиот данок, затоа што тоа директно ќе удри по фирмите и по граѓаните. И ослободување на благајничките записи од Народна банка со цел т.н. евтини пари да влезат во стопанството и тоа да се задвижи. Мора да сфатат сите дека ако не го задржиме стопанството во кое работат околу 680.000 луѓе ќе колабира државата, истакна Николоски

Николоски потенцира дека ако тие не работат тие 680.000 луѓе нема да земаат плата, потоа вработените во јавната администрација нема да земаат плата бидејќи ќе нема кој да плаќа даноци, пензионерите нема да може да земаат пензии и ќе колабира државата, а за жал од власта не преземаат ништо.

– ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи мерките кои што се во корист на граѓаните, кога ќе дојдат во Собрание ние ќе гледаме една по една мерка и ќе се изјасниме за да не се случуваат манипулации. На пример задолжувањата се манипулативни, не кратат од дискреционите овластувања, продаваат евтина пропаганда за намалување на плати во одредени сектори на администрација, ама не сакаат да намалат од скоро 700 милиони евра кои ги има Генералниот секретаријат кои ги има како дискреционо право на трошење оваа година. Двајца поранешни генерални секретари на оваа влада на СДСМ и ДУИ се пред суд заради криминал и продолжуваат да им оставаат по 700 милиони евра годишно. Оттаму да скратат цела криза ќе се реши, изјави Николоски.

The post Николоски: Се случува колапс во државата, Владата да ги прифати мерките кои ги предложи ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Официјално: Јавната администрација ќе работи од дома https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/oficijalno-javnata-administracija-kje-raboti-od-doma/ Thu, 13 Oct 2022 10:42:33 +0000 https://republika.mk/?p=560560

Јавната администрација делумно ќе работи од дома, ова денеска го потврди вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Намалување на прекувремената работа за преку 20 отсто во МВР, во АНБ, како и во Агенцијата за разузнување, работа од дома на вработените со ротации, па дури и суспензија или укинување на колективните договори.

Ова се дел од мерките што биле разгледувани на четиричасовна седница на Економско-социјалниот совет, која беше прекината, откако Владата, синдикатите и работодавачите останаа со спротиставени ставови.

Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски во „Топ тема“ на Телна обелодени дел од мерките и препораките на владата за намалување на расходите на буџетските корисници. Освен мерката за намалување за 10 отсто на платата која што беше единствено соопштена во јавноста, документот содржи уште неколку точки меѓу кои за синдикатот е најспорно укинувањето на колективните договори. Синдикалците и од јавниот и од приватниот сектор предупредија дека сите заеднички ќе се спротивстават на тоа.

На седницата требаше да се донесе и пакетот на мерки за помош на стопанството. Но, владата одлучи тоа да се случи кон крајот на месецот. Државата донесе одлука финансиски да им се помогне само на одредена категорија граѓани. Експертите сметаат дека тоа е во ред, но мора да има и мерки со кои би се забавила инфлацијата.

Шест месеци, посочи Деаноски, немаше седница на Економско-социјалниот совет, во време на најголема финансиска криза во државата, во време на најголема инфлација.

Нема методологија на плати која беше помпезно најавувана и сè уште се најавува, нема за фискални импликации, нема за потпишување на нови колективни договори. Меѓу точките на дневниот ред немаше ниту едно од нашите барања од изминатиот период, изјави Деаноски.

Од Министерството за труд и социјална политика претходно преку соопштение информираа дека во фокусот на седницата биле антикризните мерки на Владата.

На седницата на ЕСС, освен членовите на ЕСС учествуваа и претставници на нерепрезентативните синдикати и бизнис конфедерацијата на Македонија. Покрај редовните точки од дневниот ред, во фокусот на седницата беа антикризните мерки на Владата, како и предлог мерките од страна на социјалните партнери, кои понатаму по нивно допрецизирање, по заклучок на ЕСС ќе бидат доставени на разгледување од страна на Владата, наведе МТСП во соопштение.

Со оглед на актуелните состојби во државата, претседателката на ЕСС и министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на членовите на Советот им изразила уверување дека седниците на ЕСС во периодот кој доаѓа ќе се реализираат зачестено

The post Официјално: Јавната администрација ќе работи од дома appeared first on Република.

]]>

Јавната администрација делумно ќе работи од дома, ова денеска го потврди вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
Намалување на прекувремената работа за преку 20 отсто во МВР, во АНБ, како и во Агенцијата за разузнување, работа од дома на вработените со ротации, па дури и суспензија или укинување на колективните договори. Ова се дел од мерките што биле разгледувани на четиричасовна седница на Економско-социјалниот совет, која беше прекината, откако Владата, синдикатите и работодавачите останаа со спротиставени ставови. Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски во „Топ тема“ на Телна обелодени дел од мерките и препораките на владата за намалување на расходите на буџетските корисници. Освен мерката за намалување за 10 отсто на платата која што беше единствено соопштена во јавноста, документот содржи уште неколку точки меѓу кои за синдикатот е најспорно укинувањето на колективните договори. Синдикалците и од јавниот и од приватниот сектор предупредија дека сите заеднички ќе се спротивстават на тоа. На седницата требаше да се донесе и пакетот на мерки за помош на стопанството. Но, владата одлучи тоа да се случи кон крајот на месецот. Државата донесе одлука финансиски да им се помогне само на одредена категорија граѓани. Експертите сметаат дека тоа е во ред, но мора да има и мерки со кои би се забавила инфлацијата. Шест месеци, посочи Деаноски, немаше седница на Економско-социјалниот совет, во време на најголема финансиска криза во државата, во време на најголема инфлација.
Нема методологија на плати која беше помпезно најавувана и сè уште се најавува, нема за фискални импликации, нема за потпишување на нови колективни договори. Меѓу точките на дневниот ред немаше ниту едно од нашите барања од изминатиот период, изјави Деаноски.
Од Министерството за труд и социјална политика претходно преку соопштение информираа дека во фокусот на седницата биле антикризните мерки на Владата.
На седницата на ЕСС, освен членовите на ЕСС учествуваа и претставници на нерепрезентативните синдикати и бизнис конфедерацијата на Македонија. Покрај редовните точки од дневниот ред, во фокусот на седницата беа антикризните мерки на Владата, како и предлог мерките од страна на социјалните партнери, кои понатаму по нивно допрецизирање, по заклучок на ЕСС ќе бидат доставени на разгледување од страна на Владата, наведе МТСП во соопштение.
Со оглед на актуелните состојби во државата, претседателката на ЕСС и министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на членовите на Советот им изразила уверување дека седниците на ЕСС во периодот кој доаѓа ќе се реализираат зачестено

The post Официјално: Јавната администрација ќе работи од дома appeared first on Република.

]]>
Димитриеска Кочоска: Мерките на Владата не нудат решение за клучните проблеми, затоа ВМРО-ДПМНЕ предлага пет конкретни мерки https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-merkite-na-vladata-ne-nudat-reshenie-za-kluchnite-problemi-zatoa-vmro-dpmne-predlaga-pet-konkretni-merki/ Wed, 12 Oct 2022 12:03:42 +0000 https://republika.mk/?p=560136

Владата несериозно пристапува кон кризата. Тоа се гледа од пакетот на мерки кои ги предлага, кои се обичен маркетиншки трик и не нудат реално и одржливо решение за клучните проблеми кои ги има државата. Овие мерки не нудат излез од енергетската криза која веќе преминува во финансиска и социјална криза. Овој пакет мерки не нуди решенија за инфлацијата, ниту пак за енергетската криза и како да се помогне на фирмите, кои имаат веќе исцрпена ликвидност. Овие мерки се само популистички мерки со кои се купува привиден мир за секој еден месец. Мал е износот на средства за мерките кои се насочени кон најранливите категории на граѓани односно вкупно 20,2 милиони евра. Но, овие мерки во вид на финансиска помош доаѓаат по високиот ценовен удар и силното осиромашување на населението заради неспособната, неподготвена и неозбилна Влада која ни ја води економијата и државата, изјави на денешната прес конференција Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа истака дека е груба манипулација дека новиот пакет на мерки тежи 360 милиони евра.

– Исто како што немаа срам и манипулираа кога велеа дека даваат една милијарда помош за граѓаните и стопанството за време на КОВИД кризата, така и сега. Но, Државниот завод за ревизија за 2020 и за 2021 година направи ревизија на помошта и кажа дека таа била многу пати помала односно само 430 милиони евра, а истата во голем дел не завршила за мерки за КОВИД. Така и овој пат гласно кажуваат дека пакетот мерки чини 360 милиони евра, а вистината е дека е тежок едвај 30 милиони евра. Која е целта што како дел од пакетот мерки беа понудени мерки кои се регуларни, зарем не чувствуваат ни малку срам кога излегоа и кажаа дека повратот на ДДВ е понудена мерка и тоа во износ од 160 милиони евра? Секој знае дека повратот на ДДВ е долг на државата кон приватниот сектор. Наместо да им исплаќаат затезни камати за тоа што им ги држат парите на компаниите со месеци тие им ги бројат во помош. Ова е доволен доказ за безидејноста на владата за справување со кризата. Дополнително, нормално е повратот на ДДВ дека ќе расте, затоа што и цените растат односно имаме галопирачка инфлација. Кредитот кој што го земаат за поддршка на криминалите во ЕСМ во износ од 100 милиони евра го бројат како помош? Значи помош има за покривање на криминал, но нема помош за помош на граѓаните и стопанството. За споредба наспроти нашите едвај 30 милиони евра, Хрватска во есенскиот антикризен пакет предвиде околу 2,8 милијарди евра конкретни и таргетирани мерки со целосни фискални импликации, рече Димитриеска Кочоска.

Таа посочи дека владата ниту делува брзо, ниту делува одлучно во кризи.

– Голем крах имаа во справување со здравствената и економската криза, голем крах имаа во справувањето со инфлацијата и енергетската криза кои се присутни веќе една година. Токму таквата политика е причина зошто македонската економија тоне. За потсетување поради блескавите успеси на владата прогнозите на Светска Банка се дека Македонија ќе има раст на БДП од само 2,1%, и од нас полоши ќе бидат само Русија и Украина каде што има војна. Уште еден поразителен податок е стапката на инфлација која во септември достигна рекордни 18,7%, а само за храна и безалкохолни пијалаци стапката е 28,7% и е една од највисоките во Европа. За споредба во истиот период Албанија има стапка на инфлација од 8,1%. Над 12 илјади компании ставиле клуч на врата во последната година и половина, а по нивото на странски инвестиции сме на убедливото на дното во целиот регион. Ако на ова се додаде дека македонските граѓани и македонските компании плаќаат најскапа струја во регионот, тогаш сликата за фијаското на полето на енергетиката и економијата е целосна. Владата за жал КАКО И ДОСЕГА, така и во моменталната криза се однесува неодговорно и безглаво. Затоа ВМРО-ДПМНЕ како одговорна и државотворна партија ги става државните пред партиските интереси, не ја користиме кризата како поле за политичка пресметка, туку понудивме многу решенија со цел побезболно да ја поминеме истата. Уште во март, понудивме акцизата на нафтените деривати да се намали, ДДВ-то за основните прехранбени производи да се укине, и укажавме дека треба да се спремат со сите енергенси и ремонти на производните капацитети за зголемено производство на електрична енергија. Укажувавме во континуитет дека е потребно да се обезбедат и финансиски средства за справување со кризата. Обезбедивме и контакти за набавка на поевтини енергенси, го дадовме предлогот за вклучување на образовните, здравствените установи и јавните претпријатија со водостопанска дејност да влезат на регулираниот пазар. Сега предлагаме пет конкретни итни мерки кои треба да им помогнат на фирмите:
1. Предлагаме вишоците на струја кои ги произведува АД ЕСМ, а кои се јавуваат во текот на ноќта и викендот да бидат отстапени на стопанството по цена која што е производна за АД ЕСМ. Притоа под итно да се направат сите законски измени со цел компаниите да можат да ја користат оваа поволност во најкус можен рок. Ова ќе им овозможи на фирмите поевтина електрична енергија, и флексибилност во реорганизација на производниот процес.
2. Секоја компанија која ќе плати цена на струја која е над цената на струјата на регулираниот пазар на електрична енергија, односно која ќе плати над 200 евра за еден MWh електрична енергија, половина да го плати државата. Ова ќе им овозможи на фирмите намалување на трошокот за електрична енергија, со што, како и претходната мерка ќе се намали притисокот врз финалните цени односно на овој начин ќе се спречи понатамошно подгревање на инфлацијата.
3. Викенд без ДДВ за основните прехранбени производи, со цел поевтини производи за граѓаните. Ова ќе им овозможи на граѓаните да можат во текот на месецот да набавуваат поевтини основни прехранбени производи, да направат набавки за нареден период со цел да можат да го преживеат месецот. Оваа мерка треба да има подолг период на примена, се додека не се стабилизира инфлацијата кај основните прехранбени производи.
4. Интервенција во Законот за личен доход, преку предлог на измена во Законот за личен доход со кој и понатаму ќе останеме со низок и рамен данок. Ова ќе овозможи на примателите на личен доход по сите основи, повисок доход во услови кога истиот се намалува и на фирмите помал трошок.
5. Дестерилизирање на благајничките записи во Народната Банка со цел повеќе средства кај стопанството преку банките. Во услови кога растот на паричната маса во економијата значајно забавува, како што не бил од 2009-та година наваму, во услови кога компаниите имаат сериозни проблеми со ликвидноста, не треба централната банка да врши стерилизација на ликвидноста. Прегреаноста на економијата беше заради недисциплинираната фискална политика, несоодветните мерки за КОВИД кризата и ниските камати кои ја подгреваа личната потрошувачка, појасни таа.

Димитриеска Кочоска додаде дека очекува Владата и Ковачевски сериозно да ги земат во предвид овие мерки.

– Нивната досегашна ароганција со која ги одбиваа предлозите на ВМРО-ДПМНЕ видовме до кај ја однесоа Македонија. Ова се сериозни времиња и бараат сериозен пристап. Власта не смее да се однесува неодговорно. Се работи за егизистенција на граѓаните и компаниите. Не смееме да дозволиме да пропаднат десетици илјади компании, затоа што потоа тешко дека ќе успеат сите да се вратат во живот. Да се бориме за секое работно место, за секој денар повеќе во секое семејство. Предлозите на ВМРО-ДПМНЕ токму тоа го нудат. На потег е Владата и Ковачевски, децидна е потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ.

https://youtu.be/H_wTPI28BRA

The post Димитриеска Кочоска: Мерките на Владата не нудат решение за клучните проблеми, затоа ВМРО-ДПМНЕ предлага пет конкретни мерки appeared first on Република.

]]>

Владата несериозно пристапува кон кризата. Тоа се гледа од пакетот на мерки кои ги предлага, кои се обичен маркетиншки трик и не нудат реално и одржливо решение за клучните проблеми кои ги има државата. Овие мерки не нудат излез од енергетската криза која веќе преминува во финансиска и социјална криза. Овој пакет мерки не нуди решенија за инфлацијата, ниту пак за енергетската криза и како да се помогне на фирмите, кои имаат веќе исцрпена ликвидност. Овие мерки се само популистички мерки со кои се купува привиден мир за секој еден месец. Мал е износот на средства за мерките кои се насочени кон најранливите категории на граѓани односно вкупно 20,2 милиони евра. Но, овие мерки во вид на финансиска помош доаѓаат по високиот ценовен удар и силното осиромашување на населението заради неспособната, неподготвена и неозбилна Влада која ни ја води економијата и државата, изјави на денешната прес конференција Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Таа истака дека е груба манипулација дека новиот пакет на мерки тежи 360 милиони евра.
– Исто како што немаа срам и манипулираа кога велеа дека даваат една милијарда помош за граѓаните и стопанството за време на КОВИД кризата, така и сега. Но, Државниот завод за ревизија за 2020 и за 2021 година направи ревизија на помошта и кажа дека таа била многу пати помала односно само 430 милиони евра, а истата во голем дел не завршила за мерки за КОВИД. Така и овој пат гласно кажуваат дека пакетот мерки чини 360 милиони евра, а вистината е дека е тежок едвај 30 милиони евра. Која е целта што како дел од пакетот мерки беа понудени мерки кои се регуларни, зарем не чувствуваат ни малку срам кога излегоа и кажаа дека повратот на ДДВ е понудена мерка и тоа во износ од 160 милиони евра? Секој знае дека повратот на ДДВ е долг на државата кон приватниот сектор. Наместо да им исплаќаат затезни камати за тоа што им ги држат парите на компаниите со месеци тие им ги бројат во помош. Ова е доволен доказ за безидејноста на владата за справување со кризата. Дополнително, нормално е повратот на ДДВ дека ќе расте, затоа што и цените растат односно имаме галопирачка инфлација. Кредитот кој што го земаат за поддршка на криминалите во ЕСМ во износ од 100 милиони евра го бројат како помош? Значи помош има за покривање на криминал, но нема помош за помош на граѓаните и стопанството. За споредба наспроти нашите едвај 30 милиони евра, Хрватска во есенскиот антикризен пакет предвиде околу 2,8 милијарди евра конкретни и таргетирани мерки со целосни фискални импликации, рече Димитриеска Кочоска.
Таа посочи дека владата ниту делува брзо, ниту делува одлучно во кризи.
– Голем крах имаа во справување со здравствената и економската криза, голем крах имаа во справувањето со инфлацијата и енергетската криза кои се присутни веќе една година. Токму таквата политика е причина зошто македонската економија тоне. За потсетување поради блескавите успеси на владата прогнозите на Светска Банка се дека Македонија ќе има раст на БДП од само 2,1%, и од нас полоши ќе бидат само Русија и Украина каде што има војна. Уште еден поразителен податок е стапката на инфлација која во септември достигна рекордни 18,7%, а само за храна и безалкохолни пијалаци стапката е 28,7% и е една од највисоките во Европа. За споредба во истиот период Албанија има стапка на инфлација од 8,1%. Над 12 илјади компании ставиле клуч на врата во последната година и половина, а по нивото на странски инвестиции сме на убедливото на дното во целиот регион. Ако на ова се додаде дека македонските граѓани и македонските компании плаќаат најскапа струја во регионот, тогаш сликата за фијаското на полето на енергетиката и економијата е целосна. Владата за жал КАКО И ДОСЕГА, така и во моменталната криза се однесува неодговорно и безглаво. Затоа ВМРО-ДПМНЕ како одговорна и државотворна партија ги става државните пред партиските интереси, не ја користиме кризата како поле за политичка пресметка, туку понудивме многу решенија со цел побезболно да ја поминеме истата. Уште во март, понудивме акцизата на нафтените деривати да се намали, ДДВ-то за основните прехранбени производи да се укине, и укажавме дека треба да се спремат со сите енергенси и ремонти на производните капацитети за зголемено производство на електрична енергија. Укажувавме во континуитет дека е потребно да се обезбедат и финансиски средства за справување со кризата. Обезбедивме и контакти за набавка на поевтини енергенси, го дадовме предлогот за вклучување на образовните, здравствените установи и јавните претпријатија со водостопанска дејност да влезат на регулираниот пазар. Сега предлагаме пет конкретни итни мерки кои треба да им помогнат на фирмите: 1. Предлагаме вишоците на струја кои ги произведува АД ЕСМ, а кои се јавуваат во текот на ноќта и викендот да бидат отстапени на стопанството по цена која што е производна за АД ЕСМ. Притоа под итно да се направат сите законски измени со цел компаниите да можат да ја користат оваа поволност во најкус можен рок. Ова ќе им овозможи на фирмите поевтина електрична енергија, и флексибилност во реорганизација на производниот процес. 2. Секоја компанија која ќе плати цена на струја која е над цената на струјата на регулираниот пазар на електрична енергија, односно која ќе плати над 200 евра за еден MWh електрична енергија, половина да го плати државата. Ова ќе им овозможи на фирмите намалување на трошокот за електрична енергија, со што, како и претходната мерка ќе се намали притисокот врз финалните цени односно на овој начин ќе се спречи понатамошно подгревање на инфлацијата. 3. Викенд без ДДВ за основните прехранбени производи, со цел поевтини производи за граѓаните. Ова ќе им овозможи на граѓаните да можат во текот на месецот да набавуваат поевтини основни прехранбени производи, да направат набавки за нареден период со цел да можат да го преживеат месецот. Оваа мерка треба да има подолг период на примена, се додека не се стабилизира инфлацијата кај основните прехранбени производи. 4. Интервенција во Законот за личен доход, преку предлог на измена во Законот за личен доход со кој и понатаму ќе останеме со низок и рамен данок. Ова ќе овозможи на примателите на личен доход по сите основи, повисок доход во услови кога истиот се намалува и на фирмите помал трошок. 5. Дестерилизирање на благајничките записи во Народната Банка со цел повеќе средства кај стопанството преку банките. Во услови кога растот на паричната маса во економијата значајно забавува, како што не бил од 2009-та година наваму, во услови кога компаниите имаат сериозни проблеми со ликвидноста, не треба централната банка да врши стерилизација на ликвидноста. Прегреаноста на економијата беше заради недисциплинираната фискална политика, несоодветните мерки за КОВИД кризата и ниските камати кои ја подгреваа личната потрошувачка, појасни таа.
Димитриеска Кочоска додаде дека очекува Владата и Ковачевски сериозно да ги земат во предвид овие мерки.
– Нивната досегашна ароганција со која ги одбиваа предлозите на ВМРО-ДПМНЕ видовме до кај ја однесоа Македонија. Ова се сериозни времиња и бараат сериозен пристап. Власта не смее да се однесува неодговорно. Се работи за егизистенција на граѓаните и компаниите. Не смееме да дозволиме да пропаднат десетици илјади компании, затоа што потоа тешко дека ќе успеат сите да се вратат во живот. Да се бориме за секое работно место, за секој денар повеќе во секое семејство. Предлозите на ВМРО-ДПМНЕ токму тоа го нудат. На потег е Владата и Ковачевски, децидна е потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ.
https://youtu.be/H_wTPI28BRA

The post Димитриеска Кочоска: Мерките на Владата не нудат решение за клучните проблеми, затоа ВМРО-ДПМНЕ предлага пет конкретни мерки appeared first on Република.

]]>
Проф. Бауш: Мерките кои ги презема централната власт изгледаат панично https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prof-baush-merkite-koi-gi-prezema-centralnata-vlast-izgledaat-panichno/ Tue, 11 Oct 2022 19:42:30 +0000 https://republika.mk/?p=559811

Универзитетскиот професор Абил Бауш во интервју за Телевизија 24 истакна дека треба добро да се менаџира со буџетските пари и дека мерките кои ги презема централната власт изгледаат панично.

-Сериозно треба да се занимаваме со добро менаџирње на прите од Буџеот. Во оваа ситуација сме навистина како да гасиме пожари, социјални пожари, а од друга страна некако панично ми изгледаат мене овие мерки, овие политики кои ги презема централната власт, истакна професорот Бауш.

Во продолжение можете да го проследите целото интервју на универзитетскиот професор:

https://youtu.be/nRN_1GMgA9A

The post Проф. Бауш: Мерките кои ги презема централната власт изгледаат панично appeared first on Република.

]]>

Универзитетскиот професор Абил Бауш во интервју за Телевизија 24 истакна дека треба добро да се менаџира со буџетските пари и дека мерките кои ги презема централната власт изгледаат панично.
-Сериозно треба да се занимаваме со добро менаџирње на прите од Буџеот. Во оваа ситуација сме навистина како да гасиме пожари, социјални пожари, а од друга страна некако панично ми изгледаат мене овие мерки, овие политики кои ги презема централната власт, истакна професорот Бауш.
Во продолжение можете да го проследите целото интервју на универзитетскиот професор: https://youtu.be/nRN_1GMgA9A

The post Проф. Бауш: Мерките кои ги презема централната власт изгледаат панично appeared first on Република.

]]>
Димовски: Државата треба да ги субвенционира работниците за да преживеат, тие пак се заборавени од власта https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dimovski-drzavata-treba-da-gi-subvencionira-rabotnicite-za-da-preziveat-tie-pak-se-zaboraveni-od-vlasta/ Sun, 09 Oct 2022 19:02:18 +0000 https://republika.mk/?p=559168

„Работниците никаде не ги слушнавме во предложените мерки на Владата, а знаеме дека согласно порастот на минималната синдикална потрошувачка кошничка само за исхрана и пијалоци ни се потребни 18.890 денари. Знаејќи дека е минималната плата 18.000 денари, треба да знае Владата дека треба да им помогне и на оние работници кои земаат пониски или најниски плати“, истакна Дарко Димовски, претседател на ССМ во гостување во централниот дневник на телевизија Сител.

Димовски додаде дека ова што денеска Владата го презентираше на прес конференцијата, ССМ првин ќе го изанализира и во среда на економискиот социјален совет ќе даде свои препораки, но и барања.

Бидејќи првото барање на ССМ беше платите на сите работници да го следат порастот на инфлацијата како и порастот на оваа синдикална минимална потрошувачка кошница.

„Во овие барања премиеро кажува никој нема да оставиме сам да се справи со ова што ни се случува, енергетска криза. Еве ние работниците сме оставени. Во пакетот на мерки се обидувам да се прочитам како работник, но не можам да се видам. Во кој дел сме ние тука помогнати? Јас не знам, ќе прашам на економскиот социјален совет“, рече претседателот на ССМ.

Тој посочи дека преку 110.000 работници се на минимална плата согласно податоците на УЈП.

„Знаејќи дека една минимална плата од 18.000 денари и една просечна плата од 31.800 денари не ја покриваат оваа минимална синдикална потрошувачка кошничка која му треба на едно четиричлено семејство да го преживее месецот, дали ова е доволен показател дека требаше баш во овие мерки од 350 милиони, како што велат од Владата да бидат вкалкулирани овие работници“, укажа Димовски.

Претседателот на ССМ рече дека државата треба да ги субвенционира работниците за да преживеат.

The post Димовски: Државата треба да ги субвенционира работниците за да преживеат, тие пак се заборавени од власта appeared first on Република.

]]>

„Работниците никаде не ги слушнавме во предложените мерки на Владата, а знаеме дека согласно порастот на минималната синдикална потрошувачка кошничка само за исхрана и пијалоци ни се потребни 18.890 денари. Знаејќи дека е минималната плата 18.000 денари, треба да знае Владата дека треба да им помогне и на оние работници кои земаат пониски или најниски плати“, истакна Дарко Димовски, претседател на ССМ во гостување во централниот дневник на телевизија Сител.
Димовски додаде дека ова што денеска Владата го презентираше на прес конференцијата, ССМ првин ќе го изанализира и во среда на економискиот социјален совет ќе даде свои препораки, но и барања. Бидејќи првото барање на ССМ беше платите на сите работници да го следат порастот на инфлацијата како и порастот на оваа синдикална минимална потрошувачка кошница.
„Во овие барања премиеро кажува никој нема да оставиме сам да се справи со ова што ни се случува, енергетска криза. Еве ние работниците сме оставени. Во пакетот на мерки се обидувам да се прочитам како работник, но не можам да се видам. Во кој дел сме ние тука помогнати? Јас не знам, ќе прашам на економскиот социјален совет“, рече претседателот на ССМ.
Тој посочи дека преку 110.000 работници се на минимална плата согласно податоците на УЈП.
„Знаејќи дека една минимална плата од 18.000 денари и една просечна плата од 31.800 денари не ја покриваат оваа минимална синдикална потрошувачка кошничка која му треба на едно четиричлено семејство да го преживее месецот, дали ова е доволен показател дека требаше баш во овие мерки од 350 милиони, како што велат од Владата да бидат вкалкулирани овие работници“, укажа Димовски.
Претседателот на ССМ рече дека државата треба да ги субвенционира работниците за да преживеат.

The post Димовски: Државата треба да ги субвенционира работниците за да преживеат, тие пак се заборавени од власта appeared first on Република.

]]>
Во понеделник мерки за најранливите категории граѓани https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vo-ponedelnik-merki-za-najranlivite-kategorii-gragjani/ Sat, 08 Oct 2022 19:09:03 +0000 https://republika.mk/?p=558900

Мислам дека до вечер ќе бидат финализирани мерките за најранливите категории граѓани и дека до понеделник ќе се најават, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Одговорајќи на новинарски прашања по настанот за потпишување договор за спонзорство меѓу М -ТЕЛ и КК Работнички, Ковачевски најави дека во понеделник ќе биде пуштен во употреба уште еден енергетски капацитет.

-Во понеделник ќе има пуштање во употреба на уште едне производствен енергетски капацитет. Верувам дека во мојот досегашен мандат од девет – десет месеци ќе имаме скоро еднакво инсталирана моќност на нови производствени капацитети на електрична енергија колку што биле инсталирани во последните 30 години, истакна Ковачевски.

Тој повтори и дека ова е време на солидарност, кога мора сите да помогнат за полесно пребродување на кризата.

The post Во понеделник мерки за најранливите категории граѓани appeared first on Република.

]]>

Мислам дека до вечер ќе бидат финализирани мерките за најранливите категории граѓани и дека до понеделник ќе се најават, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски. Одговорајќи на новинарски прашања по настанот за потпишување договор за спонзорство меѓу М -ТЕЛ и КК Работнички, Ковачевски најави дека во понеделник ќе биде пуштен во употреба уште еден енергетски капацитет.
-Во понеделник ќе има пуштање во употреба на уште едне производствен енергетски капацитет. Верувам дека во мојот досегашен мандат од девет – десет месеци ќе имаме скоро еднакво инсталирана моќност на нови производствени капацитети на електрична енергија колку што биле инсталирани во последните 30 години, истакна Ковачевски.
Тој повтори и дека ова е време на солидарност, кога мора сите да помогнат за полесно пребродување на кризата.

The post Во понеделник мерки за најранливите категории граѓани appeared first on Република.

]]>
Австрија со пакет мерки од шест милијарди евра ќе го гаси „пожарот“ од зголемените животни трошоци https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/avstrija-so-paket-merki-od-shest-milijardi-evra-kje-go-gasi-pozarot-od-zgolemenite-zivotni-troshoci/ Tue, 14 Jun 2022 10:18:52 +0000 https://republika.mk/?p=514944

Австриската Влада предводена од конзервативците денеска објави пакет мерки вреден шест милијарди евра за ублажување на последиците што ги трпат домаќинствата поради зголемените животни трошоци.

Мерките што се предвидени за тековната година вклучуваат зголемување или дополнување различни бенефиции, вклучително и исплата на 300 евра за ранливите групи како невработените или оние со минимална државна пензија. Предвидени се и директни исплати на средства за компаниите што имаат значајни енергетски трошоци, соопшти Владата.

Како и многу земји Австрија се бори со инфлацијата што се искачи на највисоко ниво во последните децении, делумно поради покачените цени на енергенсите предизвикани со војната во Украина. Речиси 80 отсто од потрошувачката на природен гас во Австрија се покрива со увоз од Русија.

Владини претставници пред медиумите појаснија дека со мерките е вклучена особено скапата ставка: отстранување на таканаречената „ладна прогресија“ за оданочување на физичките и правните субјекти согласно примањата, според кога се случува даночните обврзници да се префрлаат во категориите за кои важат поголеми оданочувања на доход, а во услови на раст на платите и на инфлацијата.

Австрискиот министер за финансии Магнус Брунер рече дека со мерките нема да се покриваат највисоките даночни групи.

Мерките планирани за оваа година предвидуваат зголемување на таканаречениот „климатски бонус“, за да се ублажи влијанието од новиот данок на емисија на јагледорни гасови, што ќе ги покачи цените на артиклите, вклучително и на бензинот.

Бонусот ќе се зголеми на 200 до 250 евра по лице, во зависност од локацијата. Тоа ќе реализира преку посебна исплата која не е означена како климатски бонус, исто така од 250 евра годишно, соопшти Владата.

Истовремено, воведувањето данок на емисија на стакленични гасови од јули се одложува за октомври.

The post Австрија со пакет мерки од шест милијарди евра ќе го гаси „пожарот“ од зголемените животни трошоци appeared first on Република.

]]>

Австриската Влада предводена од конзервативците денеска објави пакет мерки вреден шест милијарди евра за ублажување на последиците што ги трпат домаќинствата поради зголемените животни трошоци. Мерките што се предвидени за тековната година вклучуваат зголемување или дополнување различни бенефиции, вклучително и исплата на 300 евра за ранливите групи како невработените или оние со минимална државна пензија. Предвидени се и директни исплати на средства за компаниите што имаат значајни енергетски трошоци, соопшти Владата. Како и многу земји Австрија се бори со инфлацијата што се искачи на највисоко ниво во последните децении, делумно поради покачените цени на енергенсите предизвикани со војната во Украина. Речиси 80 отсто од потрошувачката на природен гас во Австрија се покрива со увоз од Русија. Владини претставници пред медиумите појаснија дека со мерките е вклучена особено скапата ставка: отстранување на таканаречената „ладна прогресија“ за оданочување на физичките и правните субјекти согласно примањата, според кога се случува даночните обврзници да се префрлаат во категориите за кои важат поголеми оданочувања на доход, а во услови на раст на платите и на инфлацијата. Австрискиот министер за финансии Магнус Брунер рече дека со мерките нема да се покриваат највисоките даночни групи. Мерките планирани за оваа година предвидуваат зголемување на таканаречениот „климатски бонус“, за да се ублажи влијанието од новиот данок на емисија на јагледорни гасови, што ќе ги покачи цените на артиклите, вклучително и на бензинот. Бонусот ќе се зголеми на 200 до 250 евра по лице, во зависност од локацијата. Тоа ќе реализира преку посебна исплата која не е означена како климатски бонус, исто така од 250 евра годишно, соопшти Владата. Истовремено, воведувањето данок на емисија на стакленични гасови од јули се одложува за октомври.

The post Австрија со пакет мерки од шест милијарди евра ќе го гаси „пожарот“ од зголемените животни трошоци appeared first on Република.

]]>