Пајонија и Пајонците Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pajonija-i-pajoncite/ За подобро да се разбереме Wed, 08 Jun 2022 07:31:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Пајонија и Пајонците Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pajonija-i-pajoncite/ 32 32 Промоција на монографијата „Пајонија и Пајонците“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promocija-na-monografijata-pajonija-i-pajoncite/ Wed, 08 Jun 2022 07:30:11 +0000 https://republika.mk/?p=512447

Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Скопје денеска во Народниот музеј Свети Николе ќе ја промовира монографијата „Пајонија и Пајонците – извори историја и археологија“.

Таа содржи интердисциплинарни трудови во кои се толкуваат литературни и наративни сведоштва, се анализираат најважните археолошки наоди и се прикажуваат најновите достигнувања во пајонската нумизматика и епиграфија.

Деканатот на Филозофски факултет соопшти дека најважната цел на монографијата е во намерата собраните податоци да поттикнат и охрабрат нови истражувања, со кои уште подлабоко ќе се проникне во историјата и културата не само на Пајонците, туку и на ним соседните балкански племиња и народи.

Секој труд опфаќа различна тема и има сопствен методолошки пристап, сепак, сите трудови еднакво ги исцртуваат определниците за секое идно истражување на пајонската проблематика: потребата податоците да се разгледуваат во соодветен историски и историографски контекст; пишаните сведоштва и материјалните наоди најпрвин да се протолкуваат и, ако е можно, целосно да се расчистат, па дури потоа да се користат како основа за претпоставки. И најпосле, археологот, историчарот и филологот еднакво да внимаваат на материјалните наоди во обидот да ги реконструираат главните интеракции и процеси во самостојната историја на Пајонците, наведува Филозофскиот факултет, кој е издавач на монографијата.

The post Промоција на монографијата „Пајонија и Пајонците“ appeared first on Република.

]]>

Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Скопје денеска во Народниот музеј Свети Николе ќе ја промовира монографијата „Пајонија и Пајонците – извори историја и археологија“. Таа содржи интердисциплинарни трудови во кои се толкуваат литературни и наративни сведоштва, се анализираат најважните археолошки наоди и се прикажуваат најновите достигнувања во пајонската нумизматика и епиграфија. Деканатот на Филозофски факултет соопшти дека најважната цел на монографијата е во намерата собраните податоци да поттикнат и охрабрат нови истражувања, со кои уште подлабоко ќе се проникне во историјата и културата не само на Пајонците, туку и на ним соседните балкански племиња и народи.