Пахор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pahor/ За подобро да се разбереме Mon, 12 Feb 2024 14:31:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Пахор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pahor/ 32 32 Промоција на расказите „Грамадата на пристаништето“ од словенечкиот писател Борис Пахор https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-raskazite-gramadata-na-pristanishteto-od-slovenechkiot-pisatel-boris-pahor-2/ Mon, 12 Feb 2024 09:13:42 +0000 https://republika.mk/?p=743059

Издавачката куќа „Арс Ламина“ ќе ја промовира збирката раскази „Грамадата на пристаништето“ од словенечкиот писател Борис Пахор, во рамките на фестивалот „Денови на литературата“, што се одржува по четврти пат и ќе трае од 6 до 20 февруари. Настанот ќе се одржи на 13 февруари (вторник) во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“.

Во промоцијата на книгата учество ќе земат промоторката Дарка Звонар Предан, публицистка и новинарка од областа на културата во мариборскиот весник „Вечер“, која ревносно го истражува творештвото на Пахор и која е авторка на поговорот во македонското издание на расказите „Грамадата на пристаништето“, преведувачот од словенечки јазик Дарко Спасов и уредничката Бисера Бендевска, во улога на модератор на разговорот.

Збирката „Грамадата на пристаништето“ првпат е објавена во 1972 година во Љубљана и главно била наменета за средношколци и студенти, со многубројни белешки што би им користеле на помладите читатели.

Во збирката се застапени шест раскази: „Грамадата на пристаништето“, „Пеперуга на закачалката“, „Бродолом“, „Цвеќе за лепрозниот“, „Ориент експрес“ и „Непоимливото прашање“. Секој од шесте раскази обработува вистински настани од животот на приморските Словенци по доаѓањето на власт на италијанските фашисти, а кои ги доживеал и самиот Пахор како дете и тинејџер. Низ очите на ликовите го сведочиме палењето на Народниот дом, симболот на градот Трст, асимилацијата на Словенците од страна на црнокошулците, убиството на славниот композитор Лојзе Братуж и бруталните механизми за принуда од страна на фашистите.

Борис Пахор (1913 – 2022) е еден од најважните и најпреведуваните словенечки писатели. Неговите дела се преведени на македонски, француски, германски, српски, хрватски, унгарски, англиски, шпански, италијански, каталонски, фински и есперанто. Најпознат е по автобиографскиот роман „Некропола“, за животот во концентрациониот логор Нацвајлер-Штрутхоф. Себеси се декларира како антифашист и сведок на фашистичкото насилство против Словенците во Италија и на страдањето во конц-логорите во Германија за време на Втората светска војна. Пахор е жесток поборник за националноста како примарен општествен идентитет.

The post Промоција на расказите „Грамадата на пристаништето“ од словенечкиот писател Борис Пахор appeared first on Република.

]]>

Издавачката куќа „Арс Ламина“ ќе ја промовира збирката раскази „Грамадата на пристаништето“ од словенечкиот писател Борис Пахор, во рамките на фестивалот „Денови на литературата“, што се одржува по четврти пат и ќе трае од 6 до 20 февруари. Настанот ќе се одржи на 13 февруари (вторник) во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Во промоцијата на книгата учество ќе земат промоторката Дарка Звонар Предан, публицистка и новинарка од областа на културата во мариборскиот весник „Вечер“, која ревносно го истражува творештвото на Пахор и која е авторка на поговорот во македонското издание на расказите „Грамадата на пристаништето“, преведувачот од словенечки јазик Дарко Спасов и уредничката Бисера Бендевска, во улога на модератор на разговорот. Збирката „Грамадата на пристаништето“ првпат е објавена во 1972 година во Љубљана и главно била наменета за средношколци и студенти, со многубројни белешки што би им користеле на помладите читатели. Во збирката се застапени шест раскази: „Грамадата на пристаништето“, „Пеперуга на закачалката“, „Бродолом“, „Цвеќе за лепрозниот“, „Ориент експрес“ и „Непоимливото прашање“. Секој од шесте раскази обработува вистински настани од животот на приморските Словенци по доаѓањето на власт на италијанските фашисти, а кои ги доживеал и самиот Пахор како дете и тинејџер. Низ очите на ликовите го сведочиме палењето на Народниот дом, симболот на градот Трст, асимилацијата на Словенците од страна на црнокошулците, убиството на славниот композитор Лојзе Братуж и бруталните механизми за принуда од страна на фашистите. Борис Пахор (1913 – 2022) е еден од најважните и најпреведуваните словенечки писатели. Неговите дела се преведени на македонски, француски, германски, српски, хрватски, унгарски, англиски, шпански, италијански, каталонски, фински и есперанто. Најпознат е по автобиографскиот роман „Некропола“, за животот во концентрациониот логор Нацвајлер-Штрутхоф. Себеси се декларира како антифашист и сведок на фашистичкото насилство против Словенците во Италија и на страдањето во конц-логорите во Германија за време на Втората светска војна. Пахор е жесток поборник за националноста како примарен општествен идентитет.

The post Промоција на расказите „Грамадата на пристаништето“ од словенечкиот писател Борис Пахор appeared first on Република.

]]>
Пахор го продаде својот автомобил „Рено“ 4 за 60.000 евра, парите ги донираше за деца болни од рак https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pahor-go-prodade-svojot-avtomobil-reno-4-za-60-000-evra-parite-gi-donirashe-za-detsa-bolni-od-rak/ Thu, 16 Feb 2023 11:25:48 +0000 https://republika.mk/?p=609704

Поранешниот словенечки претседател Борут Пахор го продаде својот автомобил Renault 4 од 1991 година за 60.000 евра, а парите ќе ги донира на две институции кои се грижат за деца заболени од рак.

Автомобилот го купил за 500 евра, а го продал за 120  пати поскапо. Повод за продажбата бил меѓународниот ден за деца заболени од малигни болести кој се одбележа на 15 февруари.

Тоа се многу пари за добра цел, рече Пахор и им се заблагодари на сите што учествуваа во проектот.

The post Пахор го продаде својот автомобил „Рено“ 4 за 60.000 евра, парите ги донираше за деца болни од рак appeared first on Република.

]]>

Поранешниот словенечки претседател Борут Пахор го продаде својот автомобил Renault 4 од 1991 година за 60.000 евра, а парите ќе ги донира на две институции кои се грижат за деца заболени од рак. Автомобилот го купил за 500 евра, а го продал за 120  пати поскапо. Повод за продажбата бил меѓународниот ден за деца заболени од малигни болести кој се одбележа на 15 февруари.
Тоа се многу пари за добра цел, рече Пахор и им се заблагодари на сите што учествуваа во проектот.

The post Пахор го продаде својот автомобил „Рено“ 4 за 60.000 евра, парите ги донираше за деца болни од рак appeared first on Република.

]]>
Пахор до Пендаровски: Кога Словенците би биле Бугари, вие не би сте имале проблем https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pahor-do-pendarovski-koga-slovencite-bi-bile-bugari-vie-ne-bi-ste-imale-problem/ Thu, 16 Jun 2022 17:10:19 +0000 https://republika.mk/?p=516103

Претседателот на Словенија Борут Пахор, кој од вечерва ќе учествува на Преспа форумот за дијалог во Охрид, на денешната средба со претседателот Стево Пендаровски разговарал и за ветото на Бугарија за почнувањето на пристапните преговори на Македонија со ЕУ.

Како што објави на Инстаграм Пахор, тој малку на шега, а малку навистина му рекол на Пендаровски “кога Словенците би биле Бугари, вие не би сте имале проблем”.

На тоа Пендаровски му одговорил “кога Македонците би биле Словенци, ќе бевме во ЕУ веќе 20 години”.

Според официјалното соопштение од кабинетот на македонскиот претседател, Пендаровски се заблагодарил за конзистентната словенечка поддршка на билатерален, регионален и мултилатерален план, особено гласна за време на претседавањето на Словенија со Советот на ЕУ, додавајќи дека приоритеризирањето на прашањето за европска интеграција на регионот е постојано високо на агендата на словенечката надворешно-политичка агенда.

Претходно денеска, Пендаровски на прес-конференцијата со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел во Охрид рече дека Македонија очекува и од ЕУ и од Бугарија писмени гаранции дека ова е последно барање на Бугарија за кревање на ветото, за да не се повторат други од оваа или некоја следна бугарска влада.

The post Пахор до Пендаровски: Кога Словенците би биле Бугари, вие не би сте имале проблем appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Словенија Борут Пахор, кој од вечерва ќе учествува на Преспа форумот за дијалог во Охрид, на денешната средба со претседателот Стево Пендаровски разговарал и за ветото на Бугарија за почнувањето на пристапните преговори на Македонија со ЕУ.
Како што објави на Инстаграм Пахор, тој малку на шега, а малку навистина му рекол на Пендаровски “кога Словенците би биле Бугари, вие не би сте имале проблем”.
На тоа Пендаровски му одговорил “кога Македонците би биле Словенци, ќе бевме во ЕУ веќе 20 години”.
Според официјалното соопштение од кабинетот на македонскиот претседател, Пендаровски се заблагодарил за конзистентната словенечка поддршка на билатерален, регионален и мултилатерален план, особено гласна за време на претседавањето на Словенија со Советот на ЕУ, додавајќи дека приоритеризирањето на прашањето за европска интеграција на регионот е постојано високо на агендата на словенечката надворешно-политичка агенда. Претходно денеска, Пендаровски на прес-конференцијата со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел во Охрид рече дека Македонија очекува и од ЕУ и од Бугарија писмени гаранции дека ова е последно барање на Бугарија за кревање на ветото, за да не се повторат други од оваа или некоја следна бугарска влада.

The post Пахор до Пендаровски: Кога Словенците би биле Бугари, вие не би сте имале проблем appeared first on Република.

]]>
Пендаровски-Пахор: Формален старт за пристапни преговори со Македонија мора да е императив за ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-pahor-formalen-start-za-pristapni-pregovori-so-severna-makedonija-mora-da-e-imperativ-za-eu/ Thu, 16 Jun 2022 14:09:29 +0000 https://republika.mk/?p=516033

Претседателот Стево Пендаровски денеска во „Вила Билјана“ во Охрид,  оствари средба со претседателот на Република Словенија, Борут Пахор, во рамки на Преспа форум за дијалог, кој од 16 до 18 јуни 2022 год. се одржува под покровителство на Претседателот на Република Македонија.

На средбата беа реафирмирани одличните билатерални односи без отворени прашања, базирани на традиционално пријателство кое оваа година свечено беше одбележано по повод 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Словенија.

Претседателот Пендаровски го поздрави формирањето на новата словенечка влада, истакнувајќи ја својата убеденост дека ќе продолжи силното стратешко сојузништво, партнерство и долгогодишната конструктивна соработка меѓу двете земји. Тој се заблагодари за конзистентната словенечка поддршка на билатерален, регионален и мултилатерален план, особено гласна за време на претседавањето на Словенија со Советот на ЕУ. Приоретизирањето на прашањето за европска интеграција на регионот е постојано високо на агендата на словенечката надворешно-политичка агенда, посочи претседателот Пендаровски.

The post Пендаровски-Пахор: Формален старт за пристапни преговори со Македонија мора да е императив за ЕУ appeared first on Република.