паг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pag/ За подобро да се разбереме Mon, 29 Aug 2022 12:54:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png паг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pag/ 32 32 Шкаљарецот убиен на Паг бил намамен во замка: Пријателите на Влаовиќ се под лупа на хрватските истражители https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/shkaljarecot-ubien-na-pag-bil-namamen-vo-zamka-prijatelite-na-vlaovikj-se-pod-lupa-na-hrvatskite-istraziteli/ Mon, 29 Aug 2022 12:54:22 +0000 https://republika.mk/?p=545016

Хрватската полиција не ја исклучува можноста дека при убиството на членот на Шкаљарскиот криминален клан, Горан Влаовиќ (38) на островот Паг, убиецот Душко Танасковиќ (28) имал сочусник, кој бил близок до жртвата и кој помогнал да биде извршено делото.

Влаовиќ беше ликвидиран кога во шест часот наутро го напуштил клубот на плажата Зрче на хрватскит остров Паг. Според првичните сознанија, Влаовиќ наводно излегол од локалот со својата девојка Драгана Баниќ од Србија кога напаѓачот му пришол одзади и му пукал во глава.

Сомневањата се дека џелатот чекал пред клубот и тргнал по Влаовиќ кога видел погоден момент да пука. Сепак, според анализите на познавачите, речиси е неверојатно дека тој сам би можел да организира и изврши вакво убиство.

https://republika.mk/vesti/balkan/go-cheka-pred-klubot-mu-priogja-i-mu-puka-vo-glava-od-zad-grb-objaveno-video-od-ubistvoto-na-shkaljarecot-vlaovikj-na-pag/

Според хрватските медиуми, полицијата се уште не знае дека Танасковиќ имал помагачи, но изворот на српскиот весник „Ало“, близок до безбедносните кругови, објаснува дека тоа не значи дека убиецот немал помош од некој од редовите на „Шкаљарците“.

Некој морало да го извести Танасковиќ дека целта го напушта клубот, каде оди, како е облечен... Ако не е соработник на Танасковиќ, тогаш е на Влаовиќ - објаснува соговорникот на „Ало“.

Божидар Спасиќ, добар познавач на српското и црногорското подземје и поранешен разузнавач на Државната Безбедност, смета дека убиството е нарачано од Кавачкиот криминален клан“ и дека Влаовиќ бил намамен „во ќош“.

Голема е веројатноста или да се работи за нарачано убиство поврзано со нарко-бизнисот или, повеќе би рекол, убиство поради борба за нарко пазарот. Сепак, еден важен детаљ остана нејасен. Кој беше локаторот? Кој ја поставил целта во точната смисла каде убиецот ќе може да го изврши убиството. Очекувам да има уште вакви конфронтации во рамките на балканското подземје, овие „Шкаљарци“ и „Кавчани“ - посочува Спасиќ.

Хрватските медиуми објавија дека во истрагата ќе бидат сослушани 11 до 12 сведоци, а меѓу нив е и Драгана Баниќ, поранешна манекенка и учесничка на „Парови“, која кобната вечер била со Влаовиќ.

https://republika.mk/scena/estrada/ova-e-manekenkata-dragana-devojka-na-ubieniot-mafijash-vo-hrvatska/

Извор на „Ало“ објаснува дека никој од нив не е осомничен, туку дека се работи за истражно дејствие кое треба да помогне во расветлување на ова кривично дело. Истрагата ќе покаже дали некој од нив бил поврзан со „Кавчаните“.

The post Шкаљарецот убиен на Паг бил намамен во замка: Пријателите на Влаовиќ се под лупа на хрватските истражители appeared first on Република.

]]>

Хрватската полиција не ја исклучува можноста дека при убиството на членот на Шкаљарскиот криминален клан, Горан Влаовиќ (38) на островот Паг, убиецот Душко Танасковиќ (28) имал сочусник, кој бил близок до жртвата и кој помогнал да биде извршено делото. Влаовиќ беше ликвидиран кога во шест часот наутро го напуштил клубот на плажата Зрче на хрватскит остров Паг. Според првичните сознанија, Влаовиќ наводно излегол од локалот со својата девојка Драгана Баниќ од Србија кога напаѓачот му пришол одзади и му пукал во глава. Сомневањата се дека џелатот чекал пред клубот и тргнал по Влаовиќ кога видел погоден момент да пука. Сепак, според анализите на познавачите, речиси е неверојатно дека тој сам би можел да организира и изврши вакво убиство. https://republika.mk/vesti/balkan/go-cheka-pred-klubot-mu-priogja-i-mu-puka-vo-glava-od-zad-grb-objaveno-video-od-ubistvoto-na-shkaljarecot-vlaovikj-na-pag/ Според хрватските медиуми, полицијата се уште не знае дека Танасковиќ имал помагачи, но изворот на српскиот весник „Ало“, близок до безбедносните кругови, објаснува дека тоа не значи дека убиецот немал помош од некој од редовите на „Шкаљарците“.
Некој морало да го извести Танасковиќ дека целта го напушта клубот, каде оди, како е облечен... Ако не е соработник на Танасковиќ, тогаш е на Влаовиќ - објаснува соговорникот на „Ало“.
Божидар Спасиќ, добар познавач на српското и црногорското подземје и поранешен разузнавач на Државната Безбедност, смета дека убиството е нарачано од Кавачкиот криминален клан“ и дека Влаовиќ бил намамен „во ќош“.
Голема е веројатноста или да се работи за нарачано убиство поврзано со нарко-бизнисот или, повеќе би рекол, убиство поради борба за нарко пазарот. Сепак, еден важен детаљ остана нејасен. Кој беше локаторот? Кој ја поставил целта во точната смисла каде убиецот ќе може да го изврши убиството. Очекувам да има уште вакви конфронтации во рамките на балканското подземје, овие „Шкаљарци“ и „Кавчани“ - посочува Спасиќ.
Хрватските медиуми објавија дека во истрагата ќе бидат сослушани 11 до 12 сведоци, а меѓу нив е и Драгана Баниќ, поранешна манекенка и учесничка на „Парови“, која кобната вечер била со Влаовиќ. https://republika.mk/scena/estrada/ova-e-manekenkata-dragana-devojka-na-ubieniot-mafijash-vo-hrvatska/ Извор на „Ало“ објаснува дека никој од нив не е осомничен, туку дека се работи за истражно дејствие кое треба да помогне во расветлување на ова кривично дело. Истрагата ќе покаже дали некој од нив бил поврзан со „Кавчаните“.

The post Шкаљарецот убиен на Паг бил намамен во замка: Пријателите на Влаовиќ се под лупа на хрватските истражители appeared first on Република.

]]>
Го чека пред клубот, му приоѓа и му пука во глава од зад грб: Објавено видео од убиството на „Шкаљарецот“ Влаовиќ на Паг https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/go-cheka-pred-klubot-mu-priogja-i-mu-puka-vo-glava-od-zad-grb-objaveno-video-od-ubistvoto-na-shkaljarecot-vlaovikj-na-pag/ Sun, 28 Aug 2022 17:42:00 +0000 https://republika.mk/?p=545017

Балканските медиуми објавија видео од надзорна камера на кое се гледа моментот кога на Паг смртно бил застрелан црногорскиот државјанин, Горан Влаовиќ, кој се поврзува со криминалниот Шкаљарски клан.

Влаовиќ бил ликвидиран кога околу шест часот наутро го напуштил ноќниот клуб на популарната плажа Зрче, на хрватскиот остров.

Влаовиќ излегол од локалот со својата девојка Драгана Баниќ од Србија кога напаѓачот му пришол одзади и му пукал во глава.

The post Го чека пред клубот, му приоѓа и му пука во глава од зад грб: Објавено видео од убиството на „Шкаљарецот“ Влаовиќ на Паг appeared first on Република.

]]>

Балканските медиуми објавија видео од надзорна камера на кое се гледа моментот кога на Паг смртно бил застрелан црногорскиот државјанин, Горан Влаовиќ, кој се поврзува со криминалниот Шкаљарски клан. Влаовиќ бил ликвидиран кога околу шест часот наутро го напуштил ноќниот клуб на популарната плажа Зрче, на хрватскиот остров. Влаовиќ излегол од локалот со својата девојка Драгана Баниќ од Србија кога напаѓачот му пришол одзади и му пукал во глава.

The post Го чека пред клубот, му приоѓа и му пука во глава од зад грб: Објавено видео од убиството на „Шкаљарецот“ Влаовиќ на Паг appeared first on Република.

]]>
Србин уби Црногорец на популарна плажа во Хрватска https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srbin-ubi-crnogorec-na-popularna-plaza-vo-hrvatska/ Thu, 25 Aug 2022 10:36:21 +0000 https://republika.mk/?p=543919

Хрватската полиција добила пријава дека едно лице е рането при пукање со огнено оружје во Колањски Гајец на островот Паг, во близина на популарната плажа Зрче.

На местото на инцидентот се испратени полициски службеници, а набрзо во просториите на полицијата е приведено лице поврзано со наведениот настан. Ранетиот починал во возилото на брзата помош на пат кон болница.

На местото на инцидентот се врши увид, а во тек е и кривична истрага за утврдување на сите факти и околности на настанот, информираат од Полициската управа Задар.

Како што дознава „Задарски.хр“ од луѓе на терен, настанот се случил пред ноќниот клуб Ноа во Катарелац, каде што дошло до судир на странски државјани. Причината за конфликтот се уште не е позната, а во пресметката учествувале државјанин на Црна Гора и државјанин на Србија.

Притоа, Србинот пукал и го ранил Црногорец, кој потоа починал на пат кон болница.

Градоначалникот на општина Колан, Шиме Глигора, изјави дека слушнал што се случило, но дека првично нема повеќе информации од она што го дава полицијата.

Лорета Бачиќ, менаџер за односи со јавноста на плажата Зрче, изјави дека инцидентот не се случил на „нивната страна на плажата“.

Не сме свесни што се случи. За настанот знаеме само од медиумите - изјави Бачиќ.

The post Србин уби Црногорец на популарна плажа во Хрватска appeared first on Република.

]]>

Хрватската полиција добила пријава дека едно лице е рането при пукање со огнено оружје во Колањски Гајец на островот Паг, во близина на популарната плажа Зрче. На местото на инцидентот се испратени полициски службеници, а набрзо во просториите на полицијата е приведено лице поврзано со наведениот настан. Ранетиот починал во возилото на брзата помош на пат кон болница. На местото на инцидентот се врши увид, а во тек е и кривична истрага за утврдување на сите факти и околности на настанот, информираат од Полициската управа Задар. Како што дознава „Задарски.хр“ од луѓе на терен, настанот се случил пред ноќниот клуб Ноа во Катарелац, каде што дошло до судир на странски државјани. Причината за конфликтот се уште не е позната, а во пресметката учествувале државјанин на Црна Гора и државјанин на Србија. Притоа, Србинот пукал и го ранил Црногорец, кој потоа починал на пат кон болница. Градоначалникот на општина Колан, Шиме Глигора, изјави дека слушнал што се случило, но дека првично нема повеќе информации од она што го дава полицијата. Лорета Бачиќ, менаџер за односи со јавноста на плажата Зрче, изјави дека инцидентот не се случил на „нивната страна на плажата“.
Не сме свесни што се случи. За настанот знаеме само од медиумите - изјави Бачиќ.

The post Србин уби Црногорец на популарна плажа во Хрватска appeared first on Република.

]]>