паднал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/padnal/ За подобро да се разбереме Sat, 29 Jun 2024 16:25:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png паднал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/padnal/ 32 32 Загина планинар, паднал во провалија, го извлекле „тигрите“ и со хеликоптер бил пренесен во ГОБ „8 Септември“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zagina-planinar-padnal-vo-provalija-go-izvlekle-tigrite-i-so-helikopter-bil-prenesen-vo-gob-8-septemvri/ Sat, 29 Jun 2024 16:23:30 +0000 https://republika.mk/?p=791911

Центарот за управување со кризи (ЦУК) попладнево информира дека планинар кој паднал во провалија се здобил со тешки повреди на главата, тим „тигри“ го извлекле од местото на несреќата, со хеликоптер бил пренесен до ГОБ “8-ми Септември” каде е констатирана смрт.

Денеска околу 12.30 часот на бројот за итни повици 112 во ЦУК вознемирен планинар пријавил дека едно лице од седумчлената планинарска група паднало во провалија длабока педесетина метри.

При падот се здобило со сериозни повреди на главата, крвари од главата и е во несвесна состојба.

Несреќата се случила на територијата на Општина Маврово-Ростуше, пред изворот на Тресонечка Река во близина на месноста „Раскрсницата“. Теренот е непристапен за возила поради што Итната медицинска помош не била во можност да се упати кон местото на настанот.

Од страна на ЦУК веднаш е упатено барање за ангажман на хеликоптер на МВР, а од нивна страна дополнително е ангажиран тим од Специјалната антитерористичка единица (САЕ) „Тигар“, за извлекување на настраданото лице, качување во хеликоптер како и транспорт до болница.

Повреденото лице кое не давало знаци на живот, во многу тешки услови за лебдење на хеликоптерот, со силен ветер, високи дрвја и стрмни падини на местото на несреќата, со придружба на специјалец од “САЕ Тигар”, е качено во полицискиот хеликоптер и пренесено до ГОБ “8-ми Септември” во Скопје, каде од страна на докторите е констатирана смрт, информираат од ЦУК.

 

The post Загина планинар, паднал во провалија, го извлекле „тигрите“ и со хеликоптер бил пренесен во ГОБ „8 Септември“ appeared first on Република.

]]>

Центарот за управување со кризи (ЦУК) попладнево информира дека планинар кој паднал во провалија се здобил со тешки повреди на главата, тим „тигри“ го извлекле од местото на несреќата, со хеликоптер бил пренесен до ГОБ “8-ми Септември” каде е констатирана смрт. Денеска околу 12.30 часот на бројот за итни повици 112 во ЦУК вознемирен планинар пријавил дека едно лице од седумчлената планинарска група паднало во провалија длабока педесетина метри. При падот се здобило со сериозни повреди на главата, крвари од главата и е во несвесна состојба. Несреќата се случила на територијата на Општина Маврово-Ростуше, пред изворот на Тресонечка Река во близина на месноста „Раскрсницата“. Теренот е непристапен за возила поради што Итната медицинска помош не била во можност да се упати кон местото на настанот. Од страна на ЦУК веднаш е упатено барање за ангажман на хеликоптер на МВР, а од нивна страна дополнително е ангажиран тим од Специјалната антитерористичка единица (САЕ) „Тигар“, за извлекување на настраданото лице, качување во хеликоптер како и транспорт до болница.
Повреденото лице кое не давало знаци на живот, во многу тешки услови за лебдење на хеликоптерот, со силен ветер, високи дрвја и стрмни падини на местото на несреќата, со придружба на специјалец од “САЕ Тигар”, е качено во полицискиот хеликоптер и пренесено до ГОБ “8-ми Септември” во Скопје, каде од страна на докторите е констатирана смрт, информираат од ЦУК.
 

The post Загина планинар, паднал во провалија, го извлекле „тигрите“ и со хеликоптер бил пренесен во ГОБ „8 Септември“ appeared first on Република.

]]>
Пожарникарите од Битола извлекле човек што паднал во Драгор https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pozharnikarite-od-bitola-izvlekle-chovek-shto-padnal-vo-dragor/ Mon, 20 May 2024 09:26:28 +0000 https://republika.mk/?p=780066

Регионалниот Центар за управување со кризи (ЦУК) Битола информира дека пожарникарите од ТППЕ Битола од 18.45 до 19.35 часот, со четири пожарникари и едно ПП возило интервенирале на извлекување паднат човек во река Драгор кај месноста „Сали Мост“.

Паднатото лице не било повредено.

The post Пожарникарите од Битола извлекле човек што паднал во Драгор appeared first on Република.

]]>

Регионалниот Центар за управување со кризи (ЦУК) Битола информира дека пожарникарите од ТППЕ Битола од 18.45 до 19.35 часот, со четири пожарникари и едно ПП возило интервенирале на извлекување паднат човек во река Драгор кај месноста „Сали Мост“. Паднатото лице не било повредено.

The post Пожарникарите од Битола извлекле човек што паднал во Драгор appeared first on Република.

]]>
Белгискиот премиер паднал од велосипедот и изгубил свест https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/belgiskiot-premier-padnal-od-velosipedot-i-izgubil-svest/ Sun, 04 Jun 2023 16:18:19 +0000 https://republika.mk/?p=647711

Белгискиот премиер Александар Де Кро додека се возел со својот син паднал од велосипедот и накратко изгубил свест. Тој бил пренесен во болница, но тестовите покажале дека падот немал значителни последици. Падот се случил вчера додека 47-годишниот премиер се возел во близина на својот дом во регионот на Фландрија, јавува новинската агенција Белга.

Денеска Де Кро на социјалните мрежи објави видео од својот дом во кое му се заблагодарува на медицинскиот персонал кој се грижел за него. “За среќа, носев кацига и син ми повика брза помош. Спортот е добар за здравјето. Но понекогаш треба да се биде малку внимателен”, рекол тој.

Дополнително, тој им се заблагодари на сите што му испратија пораки со кои му посакуваат брзо закрепнување. Не се очекува несреќата да влијае на работниот распоред на премиерот за следната недела.

The post Белгискиот премиер паднал од велосипедот и изгубил свест appeared first on Република.

]]>

Белгискиот премиер Александар Де Кро додека се возел со својот син паднал од велосипедот и накратко изгубил свест. Тој бил пренесен во болница, но тестовите покажале дека падот немал значителни последици. Падот се случил вчера додека 47-годишниот премиер се возел во близина на својот дом во регионот на Фландрија, јавува новинската агенција Белга. Денеска Де Кро на социјалните мрежи објави видео од својот дом во кое му се заблагодарува на медицинскиот персонал кој се грижел за него. “За среќа, носев кацига и син ми повика брза помош. Спортот е добар за здравјето. Но понекогаш треба да се биде малку внимателен”, рекол тој. Дополнително, тој им се заблагодари на сите што му испратија пораки со кои му посакуваат брзо закрепнување. Не се очекува несреќата да влијае на работниот распоред на премиерот за следната недела.

The post Белгискиот премиер паднал од велосипедот и изгубил свест appeared first on Република.

]]>
Полицаец со „бмв“ на МВР, паднал на коловозот – тешко е повреден https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/politsaets-so-bmv-na-mvr-padnal-na-kolovozot-teshko-e-povreden/ Sun, 04 Jun 2023 10:21:21 +0000 https://republika.mk/?p=647609

На 03.06.2023 во 11.50 часот било пријавено дека регионалниот пат Македонски Брод - с.Самоков мотоцикл „бмв“ сопственост на МВР, управуван од полициски службеник, паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил полицискиот службеник, констатирани во Градската болница Прилеп.

Извршен бил увид од Полициската станица Македонски Брод, а известен е и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

 

The post Полицаец со „бмв“ на МВР, паднал на коловозот – тешко е повреден appeared first on Република.

]]>

На 03.06.2023 во 11.50 часот било пријавено дека регионалниот пат Македонски Брод - с.Самоков мотоцикл „бмв“ сопственост на МВР, управуван од полициски службеник, паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил полицискиот службеник, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид од Полициската станица Македонски Брод, а известен е и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.  

The post Полицаец со „бмв“ на МВР, паднал на коловозот – тешко е повреден appeared first on Република.

]]>
Трагедија во Скопје: Паднал по скали и починал на лице место https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tragedija-vo-skopje-padnal-po-skali-i-pochinal-na-litse-mesto/ Fri, 13 Jan 2023 15:14:58 +0000 https://republika.mk/?p=596524

Во текот на вчерашниот ден починал 64-годишниот скопјанец Д.Н.

На 12.01.2023 во 13:18 часот во Полициската станица Аеродром било пријавено дека во објект во изградба на ул.„Илија Димовски Гоче“ во Скопје починал Д.Н.(64) од Скопје. Според пријавеното, Д.Н. бил во посета кај сопственикот на објектот, со кого биле во роднински врски и додека се симнувал по скали паднал и од здобиените повреди починал на местото, информира МВР.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

 

The post Трагедија во Скопје: Паднал по скали и починал на лице место appeared first on Република.

]]>

Во текот на вчерашниот ден починал 64-годишниот скопјанец Д.Н.
На 12.01.2023 во 13:18 часот во Полициската станица Аеродром било пријавено дека во објект во изградба на ул.„Илија Димовски Гоче“ во Скопје починал Д.Н.(64) од Скопје. Според пријавеното, Д.Н. бил во посета кај сопственикот на објектот, со кого биле во роднински врски и додека се симнувал по скали паднал и од здобиените повреди починал на местото, информира МВР.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.  

The post Трагедија во Скопје: Паднал по скали и починал на лице место appeared first on Република.

]]>
Почина 72-годишен кавадарчанец, паднал од тераса на скопска клиника https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pochina-72-godishen-kavadarchanec-padnal-od-terasa-na-skopska-klinika/ Thu, 03 Nov 2022 18:42:49 +0000 https://republika.mk/?p=569319

Кавадарчанец на возраст од 72 години починал пред четири дена на КАРИЛ, откако од терасата од третиот кат на Дигестивната хирургија паднал на вториот кат.

Несреќата се случила во неделата вечерта околу три часот по полноќ. Ден претходно бил опериран од жолчка, а во понеделникот требало да си замине дома.

Кога пристигнал неговиот син да го земе, докторот му ја раскажал случката, објави Канал 5.

 

The post Почина 72-годишен кавадарчанец, паднал од тераса на скопска клиника appeared first on Република.

]]>

Кавадарчанец на возраст од 72 години починал пред четири дена на КАРИЛ, откако од терасата од третиот кат на Дигестивната хирургија паднал на вториот кат. Несреќата се случила во неделата вечерта околу три часот по полноќ. Ден претходно бил опериран од жолчка, а во понеделникот требало да си замине дома. Кога пристигнал неговиот син да го земе, докторот му ја раскажал случката, објави Канал 5.  

The post Почина 72-годишен кавадарчанец, паднал од тераса на скопска клиника appeared first on Република.

]]>
Гостиварец паднал од прозорец додека ја поправал ролетната https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/gostivarec-padnal-od-prozorec-dodeka-ja-popraval-roletnata/ Mon, 11 Jul 2022 10:17:10 +0000 https://republika.mk/?p=526924

Вчера (10 јули) околу 16.10 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека Н.Д.(41) од Гостивар паднал од прозорец од зградата во која живеел додека вршел поправка на ролетна во својот стан, информираат од СВР Тетово.

Тој бил пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.

Се работи на расчистување на случајот.

 

The post Гостиварец паднал од прозорец додека ја поправал ролетната appeared first on Република.

]]>

Вчера (10 јули) околу 16.10 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека Н.Д.(41) од Гостивар паднал од прозорец од зградата во која живеел додека вршел поправка на ролетна во својот стан, информираат од СВР Тетово. Тој бил пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди. Се работи на расчистување на случајот.  

The post Гостиварец паднал од прозорец додека ја поправал ролетната appeared first on Република.

]]>
Работник паднал во канал во кочанско, полицијата трага по него https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/rabotnik-padnal-vo-kanal-vo-kochansko-policijata-traga-po-nego/ Tue, 24 May 2022 15:55:06 +0000 https://republika.mk/?p=506433

Вчера во 17,10 часот С.К. (36) од Скопје во Полициска станица Кочани пријавил дека Р.А.(27) од Кавадарци, кој извршувал работни задачи на објект во с.Тркање, најверојатно паднал во канал за наводнување, кој се наоѓал во близина.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и во координација со ТППЕ на Кочани преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. За настанот е запознат јавен обвинител.

 

The post Работник паднал во канал во кочанско, полицијата трага по него appeared first on Република.

]]>

Вчера во 17,10 часот С.К. (36) од Скопје во Полициска станица Кочани пријавил дека Р.А.(27) од Кавадарци, кој извршувал работни задачи на објект во с.Тркање, најверојатно паднал во канал за наводнување, кој се наоѓал во близина. Полициски службеници излегле на местото на настанот и во координација со ТППЕ на Кочани преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. За настанот е запознат јавен обвинител.  

The post Работник паднал во канал во кочанско, полицијата трага по него appeared first on Република.

]]>